build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 29-Dec-2011 at 15:26
Originally posted by kultuzin

Земјоделецот Ванчо Котевски од Куклиш е уште поголем скептик. Во Агрокор гледа нов Сведмилк.

“И Агрокор ќе биде нешто како Сведмилк. Слушај ме. Ќе видиш. Следната година ќе протестираме пред Влада како млекарите. Влезот на Агрокор требаше да ни го олесни живот, а не да ќарат само Тодориќ и дестина струмичани. Не може веќе вака. Скапи семиња, скапо ѓубриво. Не останува ништо за нас. Субвенциите кои ги дава државата не помагаат. Тие се само за да го одржиш производството. Не можеш да инвестираш во зголемување на стандардите, ниту пак да го зголемиш производството“, вели Котевски.

Ако се сеќават Администраторите уште пред да почне да се гради Агрокор зборував дека се работи за потенцијален Сведмилк, тогаш постот ми беше избришан од неразбирливи причини, но сега почна и отворено да се зборува за можен криминал.



Stom e kazano od "ekspert" kako zamjodelecot Vanco Kotevski na vistina treba da se zamislime
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 29-Dec-2011 at 19:12
Луѓе Агрокор е сериозна компанија со долгорочни цели и стратегии. Нема потреба да бидеме загрижени и да се сомневаме во нов Сведмилк. Сведмилк беа инкогнито инвестиција од некои си Швеѓани кои земаа кредити од наши банки поради кредибилитетот кој ги има Шведска и шведската амбасада која мислам дек аги подржуваше. Ако сакаше Агрокор да направи такво нешто во најмала рака немаше да го експонираат името и немаше да дојде сопственикот. Сепак тие имаат многу производи за широка потрошувачка, а и огромен ланец на супермаркети што значи дека мора да се грижат за својот имиџ и публицитет, па не би си дозволиле таков "луксуз" со просечна инвестиција во Македонија.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 29-Dec-2011 at 19:38
Агрокор сака и се обидува да го купи Меркатор,па за еден откупен центар во Струмица мислам нема шанса да прават некои гимнастики.Премногу е мала инвестицијата за да има матни работи
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 30-Dec-2011 at 14:06

7.760 милиони евра е проектираниот номинален БДП за 2012 година

7.760%20милиони%20евра%20е%20проектираниот%20номинален%20БДП%20за%202012%20година7.760 милиони евра е проектираниот номинален БДП за 2012 година. Сценариото за следната година предвидува раст од 3% на БДП, кој се очекува да биде условен од домашната побарувачка, особено од инвестициите. Инфлацијата се очекува да се намали до 2% во 2012 година, со оглед дека исчезнаа ефектите од повисоките цени на храната и на потрошувачките стоки, и како одговор на забавената домашна побарувачка.

http://www.time.mk/read/NONE/a4689dbea4/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 05-Jan-2012 at 14:09
Обем на стоковната размена со странство

четврток, 05 јануари 2012


 
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот
на стоки од Република Македонија во периодот јануари-ноември 2011 година изнесува 4 073 620
илјади САД долари, а на увозот 6 390 062 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е
63.7%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2011 година, изнесува 2 316 442 илјади
САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите
на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо
и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени
платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за
превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-ноември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-
членки на ЕУ 27 (60.7%) и земјите од Западен Балкан (27.8%), а во увозот на стоки најголемо
учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.5%) и земјите во развој(26.6%). Според вкупниот обем
на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија,
Грција, Бугарија и Италија (44.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет
земји).


http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 23-Jan-2012 at 11:36

Катарска компанија најавува дека ќе купува месо од Македонија

Катарската државна компанија за производство и трговија со месо и жива стока „Маваши“ (Qatar Meat and Livestock Company) објави дека планира увоз на месо од Македонија, Турција, Киргизистан и Казахстан за да ги задоволи потребите на домашниот пазар, изјави Рами Ал Каври, директор за продажба и маркетинг на компанијата за локалниот весник „Завија“ кој излегува во главниот град Доха.

Цената на месото на Арапскиот полуосторв расте заради зголемената потрошувачка, вели весникот, иако се смета дека цените на светско ниво се стабилни. „Завија“ го цитира Ал Каври, кој вели и дека некои земји го имаат забрането извозот на месо за да ги задоволат домашните потреби.

Околу 74 отсто од испитаниците во акнетата што ја спроведе компанијата „Ал Шарк“ во Доха сметаат дека цените на месото во земјата се високи, а 22 отсто сметаат и дека тие се далеку повисоки од оние на светскиот пазар.

Килограм свежо пилешко во Доха се продава од 17-20 катарски риали (3,6-4,3 евра), а цените на другите свежи меса се пораснати за 10-15 катарски риали (2,1-3,2 евра), додека кај смрзнатите меса растот на цените изнесува од 3-5 катарски риали (0,65-1,1 евра).

http://www.plusinfo.mk/vest/30708/Katarska-kompanija-najavuva-deka-kje-kupuva-meso-od-Makedonija

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 23-Jan-2012 at 11:45

Од април Југохром ќе работи под полна пареа

Во април печките на Југохром повторно ќе стартуваат со производство. Поради ниските температури, скапата струја и слабата побарувачка периодов наместо да се прават загуби  како што велат од менаџментот ќе се искористи за ремонт на дел од печките.

Комплетно ќе биде заменета електрично-водоводната мрежа а ќе бидат сервисирани и трансформаторите за комбинатот напролет да стартува под полна пареа.

- Нашиот најголем бренд го извезуваме во 15 земји. Европа, Русија, Турција и други. Ги продадовме сите залихи и во една таква состојба го стопиравме производството изјави за Сител директорот на Југохром Фероалој, Костас Јанкоглу. Притиснати од светската криза но и скапата струја, чија цена се зголеми двојно во првиот квартал од годината, моравме да го сопреме производството, вели тој.

Капацитетот во моментов го оддржуваат 80 работници и уште толку работат на сервисирање на иститот. За од април Костас најави враќање на работа на сите принудно отпуштени.

Ако производот добие повисока цена на берзите ќе има дополнителни вработувања. Но смета дека во моментов во Македонија нема соодветен кадар за работа во металната индустрија.

- Од април ќе вратиме 80 проценти од вработените а подоцна и сите 800 вработени. Ако попушти кризата се надеваме и за зголемување на производството а со тоа ќе се зголеми и потребата од нови вработени, додава Јанкоглу. 

Развојниот буџет на комбинатот од Јегуновце предвидува во наредниот период инвестициите да достигнат до 60 милиони евра, со што Југохром ќе стане дел од елитата во металната индустрија.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/od-april-jugohrom-ke-raboti-pod-polna-parea

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 31-Jan-2012 at 21:24

Нова инвестиција, 200 нови вработувања

Нова инвестиција во земјава која ќе отвори до 200 нови високоплатени работни места, најави министерот за странски инвестиции Бил Павлески.

pavlevski.jpg500

По пристигнувањето на британските бизнисмени во земјава се водат интензивни преговори со преставници на македонската влада.

Станува збор за отварање на Call-центар во високата технологија откако од британските бизнисмени беше воочено дека во Македонија има голема интелектуална сила и дека Македонија е отидена чекор понапред во информатичките технологии.

Претставници на македонската влада со британските бизнисмени водат интензивни преговори за вложување во повеќе гранки како рударството и агробизнисот, но станало збор и за отварање на луксузен хотел во Македонија.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/59187-Nova-investicija-200-novi-vrabotuvanja

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 01-Feb-2012 at 09:05
Британска хај-тек компанија ќе инвестира во Македонија

Скопје, 31 јануари 2012 (МИА) - Британска хај-тек компанија ќе инвестира во Македонија, со што ќе се отворат од 50 до 200 нови работни места, најави министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески.

- Претходниве два дена имавме интезивни и успешни преговори со бизнисмените кои дојдоа заедно со принцот Мајкл од Кент. Многу сме блиску до договарање за отворање на нов кол-центар во Македонија во високата технологија, изјави Павлески на хуманитарната гала вечер организирана во чест на официјалната посета на Македонија од принцот Мајкл од Кент.

На инвестоторите, како што рече, претежно им се допаѓа тоа што Македонија има доста високо образована интелектуална работна сила.  

- Овој Call-центар е она на што работевме поинтезивно во последниве неколку месеци за развивање на информатичката технологија во Република Македонија. Овие работни места ќе дојдат од земји како Англија, Јужна Африка, Индија, Русија и други места, посочи Павлески.

Спиоред него, ова е многу значаен проект и покажува дека Македонија има доста висококвалитетна работна сила, посебно во информатичката технологија.

Тој изрази надеж дека со овој проект Македонија ќе привлече уште позначајни и поголеми инвестиции во оваа сфера.

Павлески информира дека со бизнисмените од Англија дискутрирале и за инвестиции во други сфери, во агрокултура, за градење на луксузни хотели во близина на некои од скијачките центри, а има заинтересираност и за концесии во рударството.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=90891089&lId=1&pmId=501

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 06-Feb-2012 at 12:38
Обем на стоковната размена со странство

понеделник, 06 февруари 2012


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-декември 2011 година изнесува 4 455 375 илјади САД долари, а на увозот 7 007 251 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 63.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2011 година, изнесува 2 551 876 илјади САД долари.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот, најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.


Во периодот јануари-декември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.6%) и земјите од Западен Балкан (27.6%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.3%) и земјите во развој (26.8%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Грција, Бугарија и Русија (44.2% од вкупната надворешно- трговска размена се врши со овие пет земји).


http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 07-Feb-2012 at 12:36

Џонсон Мети го спаси извозот во 2011

Александар Јанев
Џонсон%20Мети%20го%20спаси%20извозот%20во%202011
Иако металската, рударската и текстилната индустрија во последниот квартал од 2011 година го намалија производството, статистиката за трговската размена прикажа раст на извозот во декември од 23%, што се должи главно на зголемувањето на производството на катализатори од Џонсон Мети

Катализаторите што ги произведува британската компанија Џонсон Мети, која работи на Бунарџик, го спасија македонскиот извоз во 2011 година. Иако металската, рударската и текстилната индустрија во последниот квартал од 2011 го намалија производството, статистиката за трговската размена прикажа раст на извозот во декември од 23%, главно поради зголемувањето на производството на катализатори.

485милиони долари изнесува извозот на катализатори од јануари до ноември лани кои ги произведува Џонсон Мети, што е повеќе од 10% од вкупниот извоз

23%пораст оствари извозот во декември лани, главно поради зголемувањето на продажбата на катализатори

2,55милијарди евра изнесува трговскиот дефицит на земјава за цела 2011 година

Иако британската компанија ја отвори фабриката на Бунарџик во 2010 година, производството на катализатори се наметна како главен столб на македонскиот извоз лани, од кога значително се зголеми производството. Со продажба на катализатори во вредност од половина милијарда долари на германскиот и на британскиот пазар лани, Џонсон Мети стана најголем извозник од Македонија.

Според годишните податоци за цела 2011 година, освен катализаторите, најголем раст во извозот има кај производството на машини и транспортни уреди од дури 130,8% и минералните горива што ги извезува Окта на косовскиот пазар.

Сепак, статистичките податоци за пораст на извозот во декември лани се во колизија со претходните индикатори за пад на индустриското производство, кои ги објави Државниот завод за статистика - огромен пад од 22,7% во металската индустрија, намалување на производството кај тутунската и нафтената индустрија, производството на мебел и опрема за транспорт. Кризата што ги зафати клучните сектори на кои се потпира домашната економија донесе пад на индустриското производство на крајот од 2011 година од 4,8%.

Негативниот тренд од реалниот сектор ги промени и очекувањата на сите меѓународни финансиски институции и на Народната банка за движењето на економијата во последниот квартал од 2011 година.

Гувернерот на НБМ, Димитар Богов, објави дека бруто-домашниот производ (БДП) во тој период оствари минимален раст од 0,7%, токму поради намалената странска побарувачка и извозот.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79744/dzhonson_meti_go_spasi_izvozot_vo_2011.aspx?iId=2576

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 18-Feb-2012 at 17:27

„Македонски шуми“ за првпат извезува дрва за грчките државјани


За првпат македонски дрва за огрев почнаа да се извезуваат во Грција за потребите на грчките државјани, изјави директорот на подружницата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во Демир Капија, Слободан Чапов.

Првите количества македонско огревно дрво се извезоа денес, а до понеделник само од оваа подружница во Грција ќе се испорачаат околу 400 кубика.

- Дрво за огрев, главно даб и бука, кон Грција ќе се извезува и од подружниците на претпријатието од Кавадарци, Демир Хисар и Битола, вели Чапов, додавајќи дека цените на дрвата се исти како и за македонските граѓани.

http://www.plusinfo.mk/vest/33877/Makedonski-shumi-za-prvpat-izvezuva-drva-za-grchkite-drzhavjani


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 29-Feb-2012 at 00:42

Рекордни инвестиции во 2011 година

Компанијата „Џеваир“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници, а се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп

 
 
%20  

Над 51 милион евра турски инвестиции влегле во земјава во периодот јануари-септември 2011 година, што е повеќе отколку сите досегашни инвестиции од Турција кај нас. Според податоците на Народна банка, од 1997 до 2010 година во Македонија имало 48 милиони евра турски инвестиции, што е 1,43 отсто од вкупните странски инвестиции во земјава во овој период. Најголем турски инвеститор во Македонија е компанијата ТАВ, која е концесионер на аеродромскиот систем и се очекува да инвестира над 150 милиони евра. Турската компанија веќе ги осовремени скопскиот аеродром „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а според концесискиот договор во иднина ТАВ треба да изгради и нов карго-аеродром во Штип.

Инвеститори од Турција се присутни во трговијата, градежништвото, здравството и други дејности. Поголеми инвестиции од оваа земја се првиот затворен трговски центар во државава „Рамстор“, очната болница „Европа“ во Скопје и фабриката за производство на лепила „Белене“ во Берово што беше во рамките на „Охис“. Компанијата „Џеваир“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници во општината Аеродром, се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп, како и изградба на цементарница и на фабрика за производство на храна и прехранбени продукти. Најнова турска инвестиција во земјава е онаа на компанијата „Лимак“, која во минатата недела купи две парцели кај старата железничка станица во Скопје. „Лимак“ за двете парцели плати безмалку 4 милиони евра, а освен објекти за привремено сместување, мали комерцијални и деловни единици, големи трговски единици, деловни простории на оваа локација треба да изгради и подземна сообраќајница.

Битен елемент во економската соработка меѓу двете земји е трговската размена. Турција е една од земјите со кои Македонија има најголем обем трговија. Во минатата година вкупната трговска размена меѓу двете земји била околу 417 милиони долари. Македонија лани во Турција извезла стоки во вредност од околу 73 милиони долари, а вредноста на увозот изнесувала околу 343 милиони долари, што укажува дека имаме дефицит во размената со оваа земја.

  • 48 милиони евра вкупно влегле во земјава од 1997 до 2010 година, што е
  • 1,43% од вкупните странски инвестиции во земјава
  • 287 милиони евра странски инвестиции влегле лани во Македонија
  • 51 милион евра вложила Турција во првите девет месеци
  • 17,7% од вкупните инвестиции во 2011 година во Македонија доаѓаат од Турција
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22812837413&id=9&prilog=0&setIzdanie=22517
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 29-Feb-2012 at 00:43
итаме кон рецесија
Индекси на индустриското производство


вторник, 28 февруари 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари
2012 година, во однос на јануари 2011 година, изнесува 92.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2012
година, во однос на јануари 2011 година, бележи опаѓање од 12.1%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 4.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
опаѓање од 20.4%.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија
за 22.6 %, Капитални производи за 9.1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 34.4 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 4.8%.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 05-Mar-2012 at 00:28
Британска компанија го купи „Голдмак“ од Радовиш(ПС:требаше во `економски вести ама не знам каде се)

Зделката е резултат на посетата на принцот Мајкл од Кент, кој предводеше британска бизнис-делегација во Македонија, во чии рамки беа и претставници од британската компанија.

Во „Бордерлес Јуроп“ најавуваат проширување на капацитетот на „Голдмак“ за да се зголеми услужната дејност на компанијата, која ќе соодветствува со барањата на странските клиенти за преработка и за трговија. Новиот бизнис-модел ќе има потреба од производство на рачно изработен накит за европските продавачи и ќе го стимулира локалното население, воедно подобрувајќи го имиџот на Македонија како земја со стручна и квалификувана работна сила за бизниси од сите индустрии.

- „Голдмак“ е класичен пример на компанија каква што се бара од страна на потенцијален инвеститор. Компанијата може да се процени на транспарентен начин и да се инвестира во сите нејзини погони, технологија и стручност, за да се зголемат нејзината конкурентност и извозниот потенцијал на европските пазари - изјави Рај Пауер, претседател на Британската бизнис-групација.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида, посочи дека Радовиш има долгогодишна традиција на изработка на накит.




http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32122355258&id=10&setIzdanie=22521
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 05-Mar-2012 at 14:28
Обем на стоковната размена со странство

понеделник, 05 март 2012


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на
стоки од Република Македонија, во јануари 2012 година, изнесува 247 177 илјади САД долари, а
на увозот 417 605 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 59.2 %. Трговскиот
дефицит, во јануари 2012 година, изнесува 170 428 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите
на носачи со благородни метали или нивните соединенија, фероникелот, производите од железо и
челик (валани производи), облеката, како и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени
платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за
превоз на лица и електричната енергија.
Во јануари 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.9%)
и земјите од Западен Балкан (21.0%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки
на ЕУ 27 (56.2%) и земјите во развој (25.1%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската
размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и
Кина (45.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).


http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 13-Mar-2012 at 18:40

По две години реконструкција пуштени во погон новите капацитети на Пивара Битола

По двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Пивара Битола повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе месеци поминуваше низ процес на производство.

Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство согласно европските стандарди.

Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Пивара Битола поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа. Исто така беше извршена замена на постоечката стара амонијачна и алкохолна цевоводна инсталација, а заради високо ниво на хигиената, заменети се и водоводната и пивоводната инсталација, односно цевоводите се комплетно заменети со 10.000 метри нови иноксни цевки и 3.000 метри хигиенски вар.

Моментално во Пивара Битола се вработени 80 луѓе, меѓу кои и двајца врвни технолози со 35 годишно работно искуство, а планирани се уште 20 нови вработувања. Предвидено е годишно да се произведуваат околу 30.000 тони пиво кои ќе бидат дистрибуирани во Македонија, како и во соседните земји. Изградбата на Пивара Битола почна во 1970 година, а за прв пат беше пуштена во употреба во 1972 година кога беше во сопственост на ЗИК Пелагонија, која потоа се подели на шеќерана, квасара и пивара. Во период од две години пиварата беше во сопственост на Силекс. Во март 2000 година овој индустриски капацитет беше превземен од компанијата Кенри од Швајцарија, кога беше откупен државниот капитал од пиварницата. Од 2010 година таа е во сопственост на компанијата Марди од Радовиш, која ја купи фабриката на лицитација за два милиона евра.

http://www.plusinfo.mk/vest/36622/Po-dve-godini-rekonstrukcija-pushteni-vo-pogon-novite-kapaciteti-na-Pivara-Bitola

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 27-Mar-2012 at 13:48
Ima eden kup najavi za investicii od Katar od koi sigurno poveketo ke bidat brzo zaboraveni,no tuka pisuva deka veke ima obezbedeno lokacii.

Znam deka kaj nas ima nekakva regulatorna komisija koja gi odreduva cenite na benzinot,vleguvanjeto na vakva kompanija bi mozelo li da smeni nesto ili ne?

Катар Петролеум ќе отвора бензински во Македонија

Владината делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, денеска во Доха имаше средба со катарска владина компанија за нафта и природен гас Катар Петролеум, предводена од претседавачот Абдула Хамад Ал Атијах.


Главен фокус, како што информира владината прес служба, беше ставен на заедничката иницијатива за можност за инвестиции на компанијата во трговијата со нафта и нафтени деривати.Стана збор за проект за отворање на 20 бензински пумпи на територијата на Република Македонија, за кои се обезбедени дел од локациите, а останатиот дел ќе биде обезбеден во идниот период во соработка со општините. Катарската компанија изрази сериозен интерес за реализација на проектот за која цел најавија дека во идниот период ќе испратат претставници кои заедно со членовите на македонската Влада ќе работат на заокружување на процесот и процедуралните, технички и комерцијални моменти.

Беше разговарано и за можноста за испитување на наоѓалишта на нафта и природен гас во Македонија, како и за учество во изградбата на секундарниот и терцијарниот систем за гасификација, преку разни модалитети на инвестиција, партнерство или докапитализација на гасоводните или пак електро-енергетските објекти. Соговорниците се осврнаа и на проектот на докапитализација на ЕЛЕМ, за кој проект постои сериозен интерес од катарска страна, а претставници на Катар Енергија и Води планираат посета на Македонија за да учествуваат во анализата на економските и техничките перформанси за унапредување на процесните дејства.

Владината делегација оствари средба и со катарската компанија Катар Ервејс на која стана збор за опциите за отворање на директна линија Доха-Скопје, или пак можноста за Скопје да биде пропратна дестинација кон крајната цел на летовите на катарскиот авиопревозник. Во идниот период ќе продолжат контактите за дополнителни анализи на понудените опции.

Со овие средби, владината делегација ја завршува политичко-економската посета на Катар, на која од страна на катарските власти и компании беше изразен сериозен интерес за инвестиции во енергетиката и рударството, недвижностите, земјоделството и туризмот, и тоа во областа на конкретно понудени проекти за изградба на енергетски системи и објекти, испитувања на наоѓалишта на нафта, природен гас и метали, развој на туристичките зони и центри, извоз на македонски земјоделски производи во Катар, и изградба на објекти за домување и комерцијална употреба. Посетата е оценета како успешна, а процесите ќе бидат унапредени преку посетата на специјална катарска делегација на Република Македонија која има за цел да оствари дополнителни теренски анализи и напредок во реализацијата на проектите.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/65714-Katar-Petroleum-ke-otvora-benzinski-vo-Makedonija
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 27-Mar-2012 at 15:30


Читав баш пред некој ден, веројатно во Капитал, и се зачудив дека регулаторната комисија оставала простор на бензинските компании да си изберат маржа од 0,5 - 3,5 денари, или некој друг сличен ценовен интервал. Тоа значи дека теоретски може да постојат разлики во цените, но според напишаното во весникот, намалувањето на цената би значела за некои компании дури и дека би влегле во загуби поради тоа што реално во моментов само 2-3 компании во државата имаат доволно голем продажен ланец за промена во цената да им донесе реално зголемен број на потрошувачи за да се анулира загубата поради намалувањето на цената, но истовремено тие 2-3 компании држат најголем дел од пазарот, така што не им се исплати воопшто да работат со помала маржа, кога и онака имаат неверојатен профит.

Во секој случај, теоретски, флуктуација на цените е дозволена од комисијата.

Edited by гитардемон - 27-Mar-2012 at 15:32
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 27-Mar-2012 at 15:58
Originally posted by гитардемон



Читав баш пред некој ден, веројатно во Капитал, и се зачудив дека регулаторната комисија оставала простор на бензинските компании да си изберат маржа од 0,5 - 3,5 денари, или некој друг сличен ценовен интервал. Тоа значи дека теоретски може да постојат разлики во цените, но според напишаното во весникот, намалувањето на цената би значела за некои компании дури и дека би влегле во загуби поради тоа што реално во моментов само 2-3 компании во државата имаат доволно голем продажен ланец за промена во цената да им донесе реално зголемен број на потрошувачи за да се анулира загубата поради намалувањето на цената, но истовремено тие 2-3 компании држат најголем дел од пазарот, така што не им се исплати воопшто да работат со помала маржа, кога и онака имаат неверојатен профит.

Во секој случај, теоретски, флуктуација на цените е дозволена од комисијата.


Bas toa me interesirase,znaci ako investicijava se ostvari bi trebalo da imame polza,sepak se raboti za golem igrac.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.262 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.