Енергетска ефикасност |
Post Reply | Page <123> |
Author | |||||||||||||||||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #21 Posted: 10-Apr-2010 at 14:03 | ||||||||||||||||
РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА
Струјата оди во ветер Македонија е на дното по енергетска ефикасност во регионот и троши дури четири пати повеќе енергија за исти потреби од европскиот просек. Ова беше истакнато на Регионалната конференција за одржлива енергија на југоисточна Европа, што вчера се одржа во Скопје. - Во Македонија не се прави многу за обновливите извори на енергија, а последнава недела беа намалени и субвенциите за производство на енергија од сончеви колектори, што е лош сигнал за сите потенцијални инвеститори. Владата дури одлучи да ги намали и субвенциите за граѓаните што инвестираа во соларни панели за топла вода - рече Искра Стојковска од невладината организација „Фронт 21/42“. Како причина за тоа зошто нема поголеми вложувања во енергетскиот сектор се наведува несигурноста на инвеститорите поради честите промени на тарифите и на правилниците, како и административните процедури и пречки со кои се соочуваат тие. - Цената на електричната енергија од обновливи извори на енергија во принцип е поскапа, но постојат модели како и кој ќе ја плати разликата во цена. За разлика од обновливите извори, фосилните предизвикуваат последици за здравјето на луѓето и за тоа се одлеваат пари за лекување кои ние директно не ги плаќаме во електричната енергија поради што таа изгледа поевтина - вели Стојковска. Формирањето неформална мрежа на невладини организации од регионот на југоисточна Европа, кои работат на темата одржлива енергија и споредувањето на состојбите во енергетиката во регионот, е основната цел на регионалната конференција за одржлива енергија. - Државите од регионот наидуваат на слични проблеми, а невладините организации имаат слични ставови во однос на проблемите со одржливата енергија. Затоа сметаме дека е неопходен регионален пристап особено ако се има предвид дека потенцијалите за обновлива енергија на регионот главно се недоволно искористени - изјави Стојковска. Бернард Ивчиќ од невладината организација „Зелена акција“ од Хрватска истакна дека во неговата земја има добри услови и потенцијали за производство на електрична енергија од обновлива енергија, но тие не се доволно искористени. - Причина за тоа е недоволната информираност и свест на надлежните за донесување одлуки за производство на електрична енергија од обновливи извори, како и големото влијание на големите енергетски компании кои ги користат постојните извори на енергија - рече Ивчиќ, нагласувајќи дека состојбата на тоа поле е слична во сите земји од регионот. Тој не препорачува изградба на големи хидроцентрали, иако даваат чиста енергија поради големата еколошка штета што ја предизвикуваат заради неопходноста од изградба на акумулации. |
|||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #22 Posted: 10-Apr-2010 at 16:36 | ||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #23 Posted: 08-Jun-2010 at 14:28 | ||||||||||||||||
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=68101028188&id=10&setIzdanie=22002 |
|||||||||||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #24 Posted: 10-Jun-2010 at 16:17 | ||||||||||||||||
Инвестиции во енергетиката Со инвестиции од 522 милиона евра за подобрување на енергетската ефикасност во сите сектори Македонија до 2020 година ќе заштеди 1,2 милијарди евра за енергија и ќе ја намали емисијата на јаглероден двооксид за 66 килотони, предвидува „Стратегијата за енергетска ефикасност на Македонија до 2020 година“. „Тоа би значело заштеди од 14,5 отсто, односно 24 отсто за резиденцијалниот сектор, 12 проценти во комерцијалниот, 38 во индустријата и заштеди од 25 отсто во транспортот. За тоа е неопходна инвестиција од 522 милиона евра до 2020 година во сите сектори вклучително и во приватниот“, изјави вчера министерот Фатмир Бесими. Тој истакна дека во моментов во Македонија соодносот на енергетска интензивност е четири пати поголем од европскиот, односно енергетската ефикасност мерена според БДП е четири пати помала од енергетската ефикасност на ЕУ. „Во моментов, во ЕУ на 1.000 долари БДП се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, а во Македонија 0,75. Со имплементација на мерките од оваа стратегија тоа би требало да се сведе од 0,45 до 0,49 во 2020 година“, изјави министерот Бесими. (Ек.Р.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CAE6C1ECB5E95241924F36C5B4BEA300 |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #25 Posted: 24-Jun-2010 at 15:04 | ||||||||||||||||
Гостивар-Заштеда на енергија со сончеви колектори
Во гостиварската општа болница наскоро ќе
започне со реализација на проектот за заштеда на електрична енергија,
со воведување на алтернативна енергија. Проектот предвидува
поставување на сончеви колектори, замена на дотраените прозорци со ПВЦ, а
расипаните радијатори ќе се заменат со нови.
Сето ова ќе придонесе за намалување на трошоците за затополување на
просториите.
За реализацијата на зафатот ќе бидат потрошени околу 80.000 евра, што
се обезбедени од Светската банка.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2259&Itemid=125 |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #26 Posted: 18-Sep-2010 at 08:56 | ||||||||||||||||
Заем од 1,3 милиони евра за инвестиција во енергетска ефикасност на МИК Свети Николе
Свети Николе, 16 септември 2010 (МИА) - Месната индустрија „Свети Николе“ доби заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 1,3 милиони евра за модернизација на енергетскиот систем на фабриката. Средствата, како што информираат од ЕБОР, ќе се искористат за имплементација на голем број мерки за индустриска енергетска ефикасност во производствените капацитети на компанијата, како што е замена и модернизација на постојната опрема, имплементација на систем за управување со енергија и реновирање на пречистителната станица за отпадна вода на фабриката. Проектот ќе и овозможи на компанијата да ја намали својата потрошувачка на гориво и електрична енергија со што ќе се намалат емисиите на јаглерод диоксид. Со ова ќе и се овозможи на компанијата значително да ги намали трошоците за одржување и работење, да го минимизира загадувањето на животната средина и да ја зголеми својата севкупна конкурентност. - Намалувањето на енергетската интензивност на економиите е клучен приоритет за ЕБОР и ние сме среќни што го поддржуваме МИК Свети Николе во подобрувањето на неговата енергетската ефикасност. Проектот ќе и помогне на компанијата да работи согласно еколошките стандарди на ЕУ и да биде позитивен пример за другите македонски компании, истакна Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија. Финансирањето се обезбедува во рамките на Линијата за директно финансирање на проекти за одржлива енергија за земјите на Западен Балкан која беше воведена во 2009 година со цел да им се обезбеди поддршка на локалните мали и средни претпријатија за инвестиции во проекти за обновлива енергија и индустриска енергетска ефикасност. Основан во 1960 година, МИК Свети Николе е еден од водечките брендирани македонски производители на месо, со разновидна база на потрошувачи и широк асортиман на месни производи кој вклучува трајни и полутрајни месни преработки, свежо месо и конзервирани месни производи. Во агрибизнис секторот, Банката има директно вложено над 6 милијарди евра во повеќе од 400 проекти во Централна и Источна Европа и во Комонвелтот на независни држави од 1991 година. Од почетокот на своето работење во Македонија, ЕБОР има обезбедено над 540 милиони евра во повеќе од 40 проекти во клучните сектори на економијата, мобилизирајќи дополнителни инвестиции во вредност од над 663 милиони евра. скс/дма/14:40 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76970319&lId=1&pmId= |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #27 Posted: 03-Mar-2011 at 18:23 | ||||||||||||||||
Претставувањето на потенцијалите на искористувањето на сончевата енергија за добивање топла вода, беше основната цел на меѓународната конференција на тема „Кон поволни услови за зголемена употреба на термални сончеви уреди во домаќинставата и индустријата“ што денеска се одржува во Скопје.На конференцијата организирана од Македонскиот центар за енергетска ефикасност - МАЦЕФ, а финансиски поддржана од ЕУ, успешните примери за воведување на ваквите системи во хотелиерството во Грција и Романија ги претставија Атанасиос Калоџерас од ИСИ Парта - Грција и Даниел Амариеј од КАРДТ Решица - Романија, додека македонските искуства ги претстави Ѓорѓи Пеев од претпријатието Тиверија. - Сонцето е голем извор за користење на енергија, но за тоа се потребни знаење и финансии. Токму пренесувањата на искуствата и знаењата од Грција и Романија, земји кои се многу понапред од Македонија на ова поле, и информирањето за кредитните линии кои се нудат за подобра енергетска ефикасност е целта на денешниот регионален собир во Скопје, рече професорот Константин Димитров, претседателот на МАЦЕФ. Советникот за економија на Делегацијата на Европската унија Даниел Шрот истакна дека ЕУ финансиски ја поддржува иницијативата за подбрување на енергетската ефикасност и користење на обновливите извори на енергија како што е сонцето. - Македонија има многу добри услови за употреба на технологии на соларната енергија кои сега за сега не се употребуваат доволно. Во ЕУ и во регионот има успешни модели и користа од размената на информации со нив и пренесувањето на најдобрите практики е значајна, рече Шрот. Тој посочи дека ЕУ ги става енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, во како што рече, срцето на својата економска стратегија. Македонија, нагласи, треба да се фокусира на практичната примена на Законот за енергетика што беше усвоен годинава и на веќе усвоените стратегии меѓу кои и Стратегијата за користење на обновливите извори на енергија. Телефонското истражување спроведено лани од 18 до 20 ноември врз 1.000 испитаници во Струмица и Куманово покажува дека само 4 отсто од граѓаните користат сончеви колектори за загревање на санитарна топла вода во домаќинствата, а над 81 отсто се заинтересирани да ги постават доколку имаат финансиска можност. http://daily.mk/cluster3/3b3cba47cccd84c40c736361287019f5/623345 |
|||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #28 Posted: 23-Mar-2011 at 00:29 | ||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
toasumjas
Senior Member Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
Quote Reply #29 Posted: 07-Apr-2011 at 13:09 | ||||||||||||||||
www.vecer.com.mk |
|||||||||||||||||
accipiter82
Newbiе Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #30 Posted: 27-Jun-2011 at 11:47 | ||||||||||||||||
ЕДНОСМЕНСКИ УЧИЛИШТА – РЕАЛНОСТ ИЛИ ФИКЦИЈА
Овој текст е извадок од дел од презентацијата на проект изработен од м-р. Илија Василевски. Проектот се вика “Правилен развој на учениците со воведување на концептот на едносменско претпладневно работење”. Целта на овој проект е да се покаже што се би се постигнало доколку учениците учат во една смена и кои би биле бенефитите од тоа. Имплементација на проектот едносменски училишта мошне позитивно би се рефлектирало не само врз развојот на учениците како и подобрување на квалитетот на наставата и на целиот образовен процес туку и врз животната средина. Едносменските училишта се реалност насекаде низ светот додека кај нас тоа не е случај и е мошне ретка појава. Во истражувањето кое е направено во “ОУ Елпида Караманди” м-р. Илија Василевски на оригинален начин покажал како тоа може да се постигни. Како би се постигнало тоа? Потрошувачка на нафта за една грејна сезона: 18 литри на 1м2 кога се работи во две смени, а 12 литри кога сe работи во една смена или 33,3% заштеда. За една грејна сезона во ОУ,,Елпида Караманади“- Битола се трошат 60000 литри нафта. Kога би се работело во една смена би се заштедиле 20000 литри или околу 11000 евра. Во грејна сезона во ОУ,,Елпида Караманди“- Битола се трошат околу 60000 денари за струја месечно. Kога би се работело во една смена би се заштедиле околу 20000 денари месечно или за една грејна сезона околу 2000 евра http://energetskaefikasnost.info/?p=1008 |
|||||||||||||||||
http://energetskaefikasnost.info
|
|||||||||||||||||
accipiter82
Newbiе Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #31 Posted: 29-Jun-2011 at 10:14 | ||||||||||||||||
Што е тоа хибридна куќа - интервју со Робин Бојчевски директор на АРЕСЕ Солушнс
Минатата недела, во вестите се појави информација во врска со изградба на прва „хибридна куќа„ во Македонија. Голем број на наши читатели и голем број на луѓе воопшто се прашуваа што е тоа „хибридна куќа“, како функционира итн. Во врска со тоа разговараме со Робин Бојчевски, директор на АРЕСЕ Солушнс Скопје, компанијата што ја изгради првата „хибридна куќа“ во Македонија. Минатата недела, низ Македонија помина веста за појава на прва „хибридна куќа“. Голем број луѓе се запрашаа што е тоа „хибридна куќа“? РБ: Поимот „хибридна куќа” во конкретниов случај се однесува на хибридниот систем за производство не електрична енергија: ветерен генератор и систем од фотонапонски (фотоволтаични) панели, надополнет со термален сончев колектор за загревање на вода. Вообичаено системите кои вклучуваат повеќе од еден извор на енергија се нарекуваат „хибридни”. Бидејќи објектот не поседува приклучок кон јавната дистрибутивна напонска мрежа, некако природно се наметна поимот „хибридна куќа”. Повеќе на http://energetskaefikasnost.info/ |
|||||||||||||||||
http://energetskaefikasnost.info
|
|||||||||||||||||
accipiter82
Newbiе Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #32 Posted: 12-Sep-2011 at 14:21 | ||||||||||||||||
Енергетска ефикасност во минатите 20 години во Македонија
Минатата недела Македонија ја прослави својата одлука за независност. Тоа ме поттикна на размислување, што е направено на полето на енергетска ефикасност во Р. Македонија за овие 20 години. Оние што се упатени во оваа област или делумно упатени, знаат што не е направено и што можеше да се направи, но да видиме што е направено во оваа област. Уште додека Македонија беше во состав на СФРЈ почнаа први обиди на развојот на самиот концепт на енергетска ефикасност. Во 1988 год. се донесе програма за заштеда и ефикасно користење на енергијата до 2000, кои беа во согласност со тогашниот Закон за енергетика. Програмата беше финансирана од страна на буџетот на Република Македонија во период од 1989, 1990 и 1991. Резултат на оваа програма беше заштеда од 5% од вкупната потрошувачка на енергијата во индустрискиот сектор. Но,од 1991 па се до 1997 немаше големи поместувања во енергетската ефикасност. Во 1997 се донесе Националната развојна стратегија која во себе вклучуваше и принципи на достигнување на економскиот развој со рационално користење на енергија. Значи од 1997 се почнува со поголемо размислување за енергетска ефикасност и тогаш се почнува со имплементација на концептот на енергетска ефикасност во стратегии на развој и енергетски стратегии. Покрај оваа програма во 1997 година се донесе и новиот Закон за енергетика. Како резултат на тие активност Владата на Република Македонија донесе нова програма за енергетска ефикасност до 2020 година. ..... Повеќе на http://energetskaefikasnost.info/?p=1618 |
|||||||||||||||||
http://energetskaefikasnost.info
|
|||||||||||||||||
accipiter82
Newbiе Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #33 Posted: 21-Nov-2011 at 08:44 | ||||||||||||||||
International GreenBuild Conference 2011
Првата Интернационална конференција на зелената градба (International GreenBuild Conference 2011), која се одржува во организација на „Ecoist“ и од страна на „Национална алијанса за локален економски развој„ („NALED“), ќе се одржи на 24 ноември 2011 година во Белград, Србија. Создавање на здрави, оддржливи простори во урбани средини претставува во исто време економски здрава инвестиција, друштвено одговорно управување и во склад е со принципите на оддржлив развој на градовите. Првата Интернационална конференција на зелената градба 2011, е настан кои во исто време ќе собери деловни лидери и иноватори, еколошко свесни стручњаци, како и носителите на одлуки во државниот сектор, а се со цел да се покрени синергија неопходна за побрз развој на зелениот урбанизам во Србија. Повеќе... Edited by accipiter82 - 21-Nov-2011 at 08:45 |
|||||||||||||||||
http://energetskaefikasnost.info
|
|||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #34 Posted: 04-Jan-2012 at 19:47 | ||||||||||||||||
Министерот Сараќини одржа прес конферeнција за енергетската ефикасност
Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска одржа прес конференција за поттикнување на јавноста и зголемување на свеста за придобивките од енергетската ефиксност, во услови на зголемена цена на електричната енергија. Министерот Сараќини посочи дека ако се земат во предвид трендовите во енергетскиот сектор, зголемената побарувачката, а помали се резерви на фосилни горива кои се главен извор на електрична енергија, во иднина не треба да се очекува намалување на цените на електрична енергија, токму затоа граѓаните треба да се ориентираат кон примена на мерки за поголема енергетска ефикасност. - “Замена на старите светилки со компактни флуоресцентни енергетски поефиксни светилки , поставување на ПВЦ прозори, топлинска изолација на надворешните ѕидови, купување на апарати со највисока А класа кои трошат најмалку енергија, исклучување на апаратите по завршување на нивното користење, “ се само дел од мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги истакна министерот на денешната прес конференција. Тој додаде дека домаќинствата треба да се ориентират кон инсталирање на сончеви колекторски системи кои и годинава ќе ги субвенционира Министерството за економија, а за кои е предвидено околу шест милиони денари . Во таа насока тој почи дека со практикување на мерките за енергетска ефикасност може да се заштедат од 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу седум проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во 2011 година. Според професорот Констатнтин Димитров, гараѓаните мораат да ги менуваат своите навики во однос на трошењето на електричната енергија за да го заштедат домашниот буџет. Тој смета дека се што ќе се вложи денес во однос на практикување на мерките за енергетска ефикасност во иднина дури трикратно позитивно ќе се исплати. Министерот Сараќини, за енергетскиот биланс за 2012 година рече дека се очекува да изнесува 82 000 ТЈ(тераџули) од кој што уделот на потрошувачка на енергија во домаќинствата е околу 29%, на индустријата околу 34% секторот сообраќај 20,5%, земјоделие 2% и потрошувачка за не-енергетска употреба околу 1,5%. Според Сараќини државата им помага на граѓаните, меѓутоа и самите граѓани и индустриски капацитети треба да си помогнат, пред се преку практикување на енергетската ефикасност за заштеда на електричната енергија. Во таа насока министертот ја посочи и Програмата на Владата на Република Македонија за субвенционирање на потрошувачката на енергија, со која е предвидено да се субвенционираат домаќинства со право на социјална парична помош и семејства корисници на правото на постојана парична помош. Субвенцијата се дава за дел од потрошената енергија (електрична енергија, огревно дрво, јаглен, екстра лесно масло за домаќинствата/нафта за домаќинствато и централно греење). Месечниот надоместок за субвенција изнесува 600 денари. http://www.economy.gov.mk/Home?article=de41cdbf-aa42-4c64-a640-1c2fdb9ac361&lang=3 |
|||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #35 Posted: 10-Jan-2012 at 13:18 | ||||||||||||||||
„Калинка“- првата енергетско ефикасна градинка во Македонија
Општина Аеродром и УНДП од денес почнаа со реализација на проектот за комплетна реконструкција на градинката „Калинка“, како пилот-проект за создавање целосно енергетски ефикасна градинка, прва во Република Македонија. За таа цел занималните во градинката „Калинка“, која всушност претставува стара барака, ќе се расчистуваат од инвентарот и од другите материјали и средства, по што ќе се почне со реконструкција на просториите. Реконструкцијата на објектот опфаќа промена на покривот и ѕидовите, поточно ќе се заменат дрвените со нови бетонски ѕидови, ќе се менуваат вратите како и прозорците со нови модерни ПВЦ прозорци со висококвалитетна изолација, ќе се промени комплетно и електричната инсталација, а ќе се стави и нова фасада со термичка изолација. Исто така, ќе се постават сончеви соларни колектори преку кои ќе се обезбедува топла вода, така што ќе се редуцираат трошоците, односно ќе се штеди енергијата. Ова практично значи дека градинката „Калинка“ ќе биде реконструирана согласно сите мерки за енергетска ефикасност што важат во ЕУ и ќе биде првиот целосно енергетски ефикасен објект во Република Македонија. Реконструкцијата на градинката се изведува според елаборатот за енергетска ефикасност направен од експерти од Словачка по претходно направена целокупна анализа на објектот. Во реконструкцијата на градинката „Калинка“, општина Аеродром учествува со околу 4 милиони денари. Се предвидува поголемите градежни зафати и активности да се одвиваат за викендите, така што децата ќе бидат максимално заштитени од какви било негативни влијанија при реновирањето. Инаку, во проектот кој е дел од програма за енергетска ефикасност на УНДП конкурираа околу 15 најдобри општини, меѓу кои апликацијата на Општина Аеродром беше оценета како најподготвена и најуспешна. Реализацијата на овој проект е доказ дека општина Аеродром посветува големо внимание на енергетска ефикасност, на ефектите и потребата од заштеда на енергија, со цел подобрување на условите за претстој и учење на децата во градинката, но и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Речиси, сите предвидени проекти во основните училишта и градинките ќе се изведуваат согласно нормите за енергетска ефикасност за заштеда на енергијата. Инаку, со овој проект почнува кампањата на општина Аеродром за подигнување на свеста за енергетската ефикасност, при што на граѓаните ќе им бидат поделени флaери, брошури и друг информативен материјал. Izvor: Kurir, http://www.kurir.mk/republika/skopje/56482-Kalinka--prvata-energetsko-efikasna-gradinka-vo-Makedonija |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #36 Posted: 25-Jan-2012 at 16:05 | ||||||||||||||||
Прва ниско енергетска зграда во КарпошПрвата комерцијална ниско енергетска зграда во Карпош денеска ја
промовираше градоначалникот Стевчо Јакимовски. Станува збор за приватна
инвестиција на фирмата „ВЕНС Инженеринг“, која вградува високи стандарди
во веќе изградена зграда во општината, но и во два нови објекта кои
сега се градат. http://www.plusinfo.mk/vest/31019/Prva-nisko-energetska-zgrada-vo-Karposh |
|||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #37 Posted: 13-Feb-2012 at 12:57 | ||||||||||||||||
„Енергетски ефикасна општина - успешна општина“, проект во Крива Паланка
Намалување на трошоците на општината Крива Паланка за осветлување на јавните површини, промовирање и употреба на енергетски ефикасни светилки и нивна употреба во институциите и примена на мерки и техники за енергетска ефикасност се секундарни цели, како и намалување на фосилните горива, а со тоа и намалување на загадувањето на животната средина во кривопаланечката општина како главна цел е спроведувањето на проектот под мотото „Крива Паланка енергетски ефикасна општина - успешна општина“. - Како проектни активности се предвидуваат подоговка на Cost - Benefit анализа за енергетска ефикасност, поставување и замена на 100 енергетско-ефикасни сијалици за улично осветлување и 60 светлечки тела за внатрешно осветлување“, истакнаа проект-координаторите Јорданка Шапкалиска и Борјанчо Мицевски од НВО - Регионален центар за одржлив развој од Кратово. Во таа насока ќе се организираат повеќе работилници за енергетска ефикасност и нејзиното значење, потоа објавување на конкурс за ликовна и поетска творба на тема „Енергетска ефикасност“ каде ќе бидат вклучени учениците од основните училишта од регионот, како и подготовка и дистрибуирање на промотивен материјал, организирање на кампања за енерфгетска ефикасност и креирање на јавната свест кај младата популација од потребите за штедење на енергетските ресурси. Проектната активност ќе започне од овој месец и ќе трае до март 2013 година. Организатор на проектот е Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово, а копартнер е општина Крива Паланка. Проектот „Крива Паланка енергетски ефикасна општина - успешна општина“ финансиски е поддржана од Канцеларијата на Глобалниот еколошки фонд од Скопје, преку Програмата за мали грантови на УНДП, а вредноста на проектот изнесува 36.362 американски долари. Izvor: Kurir, http://kurir.mk/republika/proekti/60631-Energetski-efikasna-opstina---uspesna-opstina-proekt-vo-Kriva-Palanka |
|||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #38 Posted: 14-Mar-2012 at 18:49 | ||||||||||||||||
Промоција на „Правилник за мерките за енергетска ефикасност“
Утре, четврток (15.3.2012) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи промоција на „Правилник за мерките за енергетска ефикасност кои треба да ги исполнат проектите за изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти како услов за добивање одобрение за градење од Општина Карпош“. На видеобим ќе се презентира методологијата на пресметките кои треба да бидат доставувани во фазата архитектура на основните проекти за кои се бара дозвола за градба во општина Карпош. Презентацијата е на д-р Петар Николовски, стручен консултант на проектот. Промоцијата ќе се одржи во големата сала на Општина Карпош (бул. Партизански одреди бр. 68, барака бр. 5). На овој линк можете да го симнете или да го разгледате првиот македонски правилник за енергетска ефикасност, кој допрва треба да го напише и усвои и државата: http://issuu.com/opstinakarpos/docs/pravilnik_za_energetska_efikasnost_02_za_web_2 Edited by BOJAN - 14-Mar-2012 at 18:50 |
|||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #39 Posted: 16-Mar-2012 at 00:55 | ||||||||||||||||
http://www.build.mk/?p=13356 |
|||||||||||||||||
accipiter82
Newbiе Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #40 Posted: 17-Apr-2012 at 16:11 | ||||||||||||||||
http://energetskaefikasnost.info
|
|||||||||||||||||
Post Reply | Page <123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |