„Треска“ |
Post Reply | Page 12> |
Author | |
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply
#1 Topic: „Треска“ Posted: 15-Jul-2012 at 13:20 |
Во врска со муабетот од вчера за ‘‘Треска‘‘, си реков зошто да не... За тие што не се запознаени. Треска е, односно беше фабрика за мебел (по поправка од pbanks) . Се наоѓа спроти Капиштец, во општина Центар. Координати: +41° 59' 49.40", +21° 24' 47.95" Edited by FoSsiL - 15-Jul-2012 at 14:06 |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #2 Posted: 15-Jul-2012 at 13:22 |
за мебел |
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #3 Posted: 15-Jul-2012 at 13:44 |
Е сега... Еве некоја моја замисла... Мултифункционален комплекс (станбено-деловен простор, со можност за евентуално вселување на некоја образовна, научна или културна институција или здружение. А може и да има и хотел.) - 4 објекти (згради) со: П+7 нивоа и висина од 31 метар. Дожина 83 метри, ширина 31 метар, плоштина, површина на основа 2225 метри кврадратни. - средишен парк со езера и тоа: 12318 метри квадратни поплочена површина, зеленило вкупно 10497 метри квадратни, и водена површина вкупно 8772 метри квадратни. - централен објект во облик на полусфера со: дијаметар од 31 метар и висина од 13 метри. Плоштина, површина на основа 745 метри квадратни. кој може да има повеќе намени, почнувајќи од градина, па дури до кафич или нешто такво. Јас би сакал сепак да биде нешто како мини културен центар. Take a look:
Edited by FoSsiL - 15-Jul-2012 at 13:48 |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #4 Posted: 15-Jul-2012 at 13:56 |
како што се сеќавам на една изјава на Хари Костов,фабриката е на Комерцијална Банка, и тие немаале интерес за ништо друго освен за наплата на невратениот хипотекарен кредит.
значи врати пари и гради што сакаш |
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #5 Posted: 15-Jul-2012 at 18:37 |
Ок тоа.... финансиски гледано... Но, ова нешто како замисла... што би требало да се направи ако некој го земе тој простор да го оформува... секако, ова е моја замисла и не значи дека ќе биде така... Но гледано урбанистички и архитектонски... кое е вашето мислење за овој модел? |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #6 Posted: 15-Jul-2012 at 18:52 |
убаво Фосил да е вака,но во денешни времиња нема шанса да се остава толкав простор помеѓу згради.ако можат ќе ги стават и една врз друга.
за жал постојано се менуваат законите во прилог на финансиерите и градителите.до пред повеќе од 10 години коефициентот на изграденост на парцелата беше многу помал него сега,така да останува само да прелагаме убави работи,а некој да си гради како да се наоѓа во Нујорк |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #7 Posted: 15-Jul-2012 at 19:29 |
И јас со години наназад размислувам на оваа тема. Тоа е многу големо место во центарот на градот. На тоа место има десетина трошни куќи и по некоја фирма.
Стално сум го замислувал местото како совршено за некој навистина модерен станбен комплекс и ништо повеќе од тоа, со убаво паркче и доволен паркинг се разбира. Местото е многу големо па логично е да се очекува да бидат минимум 4 објекти. Има доволно простор за се. Едно е сигурно, тука лежат големи пари. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #8 Posted: 15-Jul-2012 at 20:04 |
Ако сите ката во сите згради бидат станбен простор. Тогаш: Еден кат би имал 1758,53 метри квадратни корисен станбен простор или со тоа што би се состоел од 19 стана од кои најмалиот е 53 а најголемиот е 193 метри квадратни. 7 ката = 12309,71 метри квадратни, или вкупно една зграда би имала 133 стана. 4 згради = 49238,84 метри квадратни или вкупно 532 стана. 49238,84 по да речеме 1200 евра/квадрат = 59 086 608 евра... Па и не е малку... Еве еден евентуален план на кат... што јас го изработив... мислам дека нема да биде тешко да се разбере што е што... Edited by FoSsiL - 15-Jul-2012 at 20:05 |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #9 Posted: 15-Jul-2012 at 20:05 |
убава е замислата на фосил, единствено нешто што можам да најдам замерка е што има преголема водена површина, која освен ако комплексот не е нешто во стил на Вегас и Дубаи, е непотребна
а малата купола во средината би била интересна ако се користи како амфитеатарче, за одржување на презентации и концерти инаку конкретно за просторот, можам да се согласам со било што од горенаведеното, се додека е убаво шаблонски испланиран просторот, со поголем простор меѓу објектите, а намената не ме загрижува толку, со оглед на тоа каде се наоѓа |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #10 Posted: 15-Jul-2012 at 20:14 |
Би се согласил за водената површина. Но јас имам две размислувања... Ако би имало таму езера... тогаш да си останат како што се, големи, а не некои мини-езера-фонтани или што и да се... и кога мислам на езера мислам на езера од типот на оние во Градски парк... ‘‘природни‘‘... а не како паркот на езерата во Аеродром... Другата работа е... ако не се со оваа површина тогаш подобро да ги нема... и да бидат заменети со зелена површина и нешто патеки... бидејќи би се отворил простор за повеќе шетање... па да не биде по трева... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 571 |
Quote Reply #11 Posted: 15-Jul-2012 at 20:21 |
И јас цртам нешто набринка.1/4 зафаќаат 5 станбени згради а останатото е парк со гооолемо шеталиште и неколку фонтани.
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #12 Posted: 15-Jul-2012 at 20:28 |
И сакам да додадам дека во ДУП оваа површина би си стоела како парковски површини. А маркичките за зградите да си бидат одвоени. Е сега кој и како ќе го гради паркот... дали општината или пак евентуалниот инвеститор во договор со општината... тоа го оставам на нив... Но мислам дека е многу важно да биде регистрирана како парковска површина одвоена од маркичките за зградите... со што... не му се дава слобода на инвеститорот да забегува... за тоа е ДУП-от всушност... Е сега... имам едно друго размислување... Нели Треска како што разбрав од Ѓоко била хипотека под властение на Комерцијална банка... си викам... добро би било да би можело општина Центар да го откупи... па потоа да го продаде земјиштето за зградите на заинтересиран инвеститор, со што би го обрзала да го уреди и просторот измеѓу зградите... кој ќе биде јавна површина и во сопственост на општината... Друга можност е... наместо општината, Министерството за транспорт и врски да го реализира ова... а општината би била само одговорна за ДУП, комуналии, дозволи за градба и сл... Е сега ова е олеснителна околност за општината... ама од друга страна е глупо да се интервенира со државни пари на локално ниво... Е сега има една многу важна работа, што не ја знаеме... колкава е вредноста на хипотеката... и дали е исплатливо да направи ваква интервенција, а цената на земјиштето да остане реална, а со тоа и потоа на становите... Искомплицирав малку... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4090 |
Quote Reply #13 Posted: 15-Jul-2012 at 20:42 |
Ne e loso ama jas mislam tuka treba da ima 1x 40 kata, 1x 30 kata 1x 20 i 1x 10 kata taka nesto visoko
|
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #14 Posted: 16-Jul-2012 at 11:40 |
Ќе си изгради Хари нешто приватни
Се надевам во вашите планови има и паркинг. А и може е интересно една од зградите да биде за нијанска поголема од другите, може како додаток од 3 ката кој ќе биде 2/3 од површината на спратот, а таа 1/3 да биде убава тераса со многу зеленило. Ме сваќате така |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #15 Posted: 16-Jul-2012 at 11:56 |
Паркингот е секако подземен... а со оглед на големината на површината што ја зафаќа комплексот, би имало и повеќе простор за доволно паркинг. А градини... па.. освен паркот... опција е на кровот на сите четир објекти да се оформат градини или нешто слично... исто така можно е последните катови, некои од становите да бидат дуплекси, со базени или градини... како кај панорама... Има повеќе опции... Моделите на зградите се дадени само за да се види формата, висината, габаритот... не одев премногу во детали... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
nouseforname
Senior Member Joined: 16-Dec-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 156 |
Quote Reply #16 Posted: 16-Jul-2012 at 14:16 |
spored mee bi bilo po interesno taa sverata vo sredinata ustvari da bide nadole svrtena i da bide nekaakva fontana isto od sktaklo i podzemnite spratovi ustvari da dobivaat od tamu svetlo,i isto ako se svrtelo taka moze da se stavi galeria od stainless steel sto uste poveke ke ja reflektira prirodnata svetlina
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #17 Posted: 16-Jul-2012 at 14:17 |
Инаку неможам да се согласам со мислењата за висококатници. И јас порано си викав што повеќе толку подобро... Ама не... Скопје не е толку голем град, Македонија не е толку голема држава... нема кој да се всели во тие станови... А друга работа е што инфраструктурата околу не е соодветна за висококатници... барем не додека не се изгради Јужен Булевар... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #18 Posted: 16-Jul-2012 at 14:52 |
Како што кажав и на средбата, јас би се согласил со мешан простор од згради (макс. 5-6 спрата) и зеленило, со минимално ама впечатливо присуство на езерца/фонтани.
Мислам дека нема да се нафати некој да гради огромен трговски поради близината на Сити Мол и (евентуално) Г-Мол, а и како што рече pbanks не е во ред и да биде чисто само парк/зеленило, поради близината на Градскиот Парк. Во однос на твојот модел, FoSsiL, мислам дека е добра појдовна точка, но сеуште изгледа премногу празно за толкав простор и би сакал да ја доработиш твојата идеја. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #19 Posted: 16-Jul-2012 at 15:34 |
Немам графичка за доработка... Ти го пратив, ако сакаш дообработи го, модифицирај го, направи промени... па да можеме да склопиме и нешто така со повеќе умови... и со твоето искуство во 3д моделирање... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #20 Posted: 16-Jul-2012 at 18:57 |
на волкави простори мене најприфатливо ми е да има систем од фонтани, ама да не биде досадно класично корито, туку да се посвети малце внимание на дизајн со креативност |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Post Reply | Page 12> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |