build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 06-Dec-2011 at 23:27
Неможе никакво оправдување да биде големата побарувачка за простор повеќе за ваквиот хаос што владее во општината. Баш нарпотив треба да биде причина за да се што се гради ново иде според план.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 25-Dec-2011 at 16:41
Znae nekoj kade tocno se naogja?

Поставен камен темелник на новиот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје

За 8 месеци во Стив Наумов ќе никне нова студентска населба. На површина од 15 000 метри квадратни ќе бидат изградени 8 објекти со вкупен капацитет од 205 легла.

Собите ќе бидат трикреветни со тоалет, а ќе има и шест еднокреветни соби за лица со посебни потреби.

Со овој проект Стив Наумов ќе биде целосно обновен. Во минатите 2 години беа реконструирани и двете машки зградисо капацитет од 100 легла. Реконструкцијата ќе чини 50 милиони денари.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/postaven-kamen-temelnik-na-noviot-studentski-dom-%E2%80%9Estiv-naumov%E2%80%9C-vo-skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 25-Dec-2011 at 17:46
Previous
се наоѓа во автокоманда, се работи за комплекс од бараки и станбени објекти
 42° 0'6.09"N  21°27'22.08"E
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 25-Dec-2011 at 18:31
кој не бил во `Стив` џабе е да му се кажува .една илустрација:другарите мои кои живееја таму(ако може така да се речи) имаа соба до купатило.кога се зафркаваа едниот од нив одеше во купатилото и ги прскаше другите на креветите преку процепот меѓу ѕидот и таванот што ги дели собата и купатилото-како во слики од земјотреси
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 05-Jan-2012 at 00:48

Општина Петровец продала 17 парцели земјиште во близина на скопскиот аеродром


Општина Петровец продала 17 парцели или 54 хектари градежно земјиште сопшственост на Република Македонија во близина на скопскиот аеродром Александар Велики.

Земјиштето, како што соопшти денеска општина Петровец, е за повеќе намени и тоа големи трговски единици, лесна и незагадувачка индустрија, образование и здравство. На огласот учествувале околу 20 странски инвеститори и осум македонски фирми.

- Парцели на огласот купија фирмите „Тинекс“, „Југоекспорт“, „Жикол“, „Унион“, а исто така парцели беа купени и од странски инвеститори од Грција и Хрватска, кои се нови инвеститори во општината, како и Италија-Еуроиталија, кои веќе имаат купено парцели во општина Петровец и почнаа со изградба на нов трговски центар, информира општина Петровец.

Општина Петровец во мултифункционалната зона Ќојлија има за продавање уште 100 хектари, кои ќе се продаваат до крајот на месец февруари.

Извор: МРТВ

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 05-Jan-2012 at 14:24
а еве и поопширно,да знаеме кој што ке гради

„Александар Велики“ магнет за бизниси


Во мултифункционалната зона Ѓојлија, која се наоѓа околу аеродромот „Александар Велики“, досега општината по пат на јавно наддавање продала 17 парцели, или 54 хектари градежно земјиште во државна сопственост, а уште 150 хектари ќе се продаваат наредниве месеци

 
 
%20  

Хотели, универзитет и триесетина фабрики ќе никнат околу аеродромот

Три хотели, две бензински пумпи, универзитет, триесетина погони за лесна незагадувачка индустрија и десетина магацини и дистрибутивни центри ќе се градат наредниве неколку години на парцелите што се продадоа и кои ќе се продаваат во општината Петровец. Во мултифункционалната зона Ѓојлија, која се наоѓа околу аеродромот „Александар Велики“, досега општината по пат на јавно наддавање продала 17 парцели, или 54 хектари градежно земјиште, а уште 150 хектари ќе се продаваат наредниве месеци, со што ќе се реализира планот на општината да продаде вкупно 200 хектари што влегуваат во урбанистичкиот план за овој дел.

На последниот оглас за 17-те парцели учествувале околу 20 странски инвеститори и осум македонски фирми.

- Парцели на огласот купија фирмите „Тинекс“, „Југоекспорт“, „Жикол“, „Унион“, но и странски инвеститори од Грција, Хрватска и од Италија - ни изјави градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.

Тој информира дека во наддавањата при продажбата постигната е просечна цена од околу шест евра за квадратен метар при почетна од едно евро за квадрат.

- Поголемите парцели се продадоа за 2-4 евра за квадрат, додека помалите достигнуваа цена и до 10 евра за квадрат. Осумдесет отсто од парите ќе легнат на општинска сметка и најголемиот дел од нив веднаш ќе ги инвестираме во инфраструктура околу самите парцели и во целата општина - вели градоначалникот Митевски.

Дознаваме дека на само 200 метри од аеродромот ќе никнат три хотели за кои парцелите ќе се продаваат наредниве неколку месеци додека италијанската „Еуроиталија“ на купената парцела од 50.000 квадратни метри има план да гради универзитет. Оваа фирма има купено и парцела од 6.000 квадрати во Катланово, за каде што планира изградба на четири шесткатни згради, кои ќе имаат функција на хотел, болница, казино и одморалиште. Домашната „Тинекс“ на парцелата околу аеродромот ќе гради дистрибутивен центар, а „Југоекспорт“ огромна хала за производство. Општината ќе наплати 35 евроценти за секој продаден квадрат на име комуналии од лесна незагадувачка индустрија и хотели, додека за градба на универзитет и училишта по 550 денари за квадратен метар.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1512849238&id=9&prilog=0&setIzdanie=22473
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 12-Jan-2012 at 13:20

Се рушат привремените објекти во Карпош


Неколку 18-метарски згради ќе никнат во зеленилото на раскрсницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Никола Тесла. Работници ангажирани од општината Карпош вчера во придружба на полиција почнаа да ги рушат привремените објекти на оваа локација. Сопствениците на петте објекти се жалат дека не им се дала можност да го откупат земјиштето и од општината не добиле одговор на испратените жалби.

 
 
%20  


- Точно е дека нашите бараки се изградени на државно земјиште како привремени објекти, но сметам дека кога веќе земјиштето се продава, требаше нам да ни дадат можност да го купиме. Зеленилото што се наоѓа веднаш зад привремените објекти со денационализација им е вратено на поранешните сопственици, тие имале поголема парцела од нас, па затоа ним им била дадена можноста први да го откупат местото каде што се наоѓаат нашите објекти.

Мислам дека кога веќе е одлучено да ни ги срушат објектите, во замена да ни дадат локација во другиот објект што планираат да го изградат тука - велат сопствениците на привремените објекти. Од општината, пак, објаснуваат дека со деталниот урбанистички план е предвидено на оваа локација да се прават комерцијални објекти, па затоа морало да се срушат привремените објекти. Рушењето ќе продолжи и во текот на наредните денови. А.М.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11212105338&id=14&prilog=0&setIzdanie=22478
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 12-Jan-2012 at 17:28

ВЛАДАТА ОГЛАСИ ИЗГРАДБА НА ПОДЗЕМНА СООБРАЌАЈНИЦА ВО СКОПЈЕ

Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавни објави за две градежни парцели во центарот на Скопје на кои е предвидена изградба на подземна сообраќајница со комерцијални, деловни, угостителски и хотелски комплекси и на културен објект, предвидени со Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“.

Првата парцела што се наоѓа зад трговскиот центар „Рамстор“ кај Јужниот булевар е со површина од 31.929 метри квадратни и за неа почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 6.000 денари. За оваа парцела како посебен услов што треба да го исполнат заинтересираните компании е да имаат годишен обврт на капитал не помал од 100 милиони евра во последните три години. 

-  Најповолниот понудувач за оваа локација ќе има обврска, на свој трошок, во целост да ја изгради подземната сообраќајница, предвидена со Деталниот урбанистички план „Стара Железничка Станица“ и по изградбата на истата, без надомест, да ја предаде во владение на Град Скопје, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Министерството Драган Симоновски.

Втората градежна парцела на која треба да се изгради културен објект во близина на Музејот на Град Скопје е со површина од 9.895 метри квадратни, а почетната цена ќе биде 2.800 денари од метар квадратен. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од завршувањето на тендерот да достави банкарска гаранција од 200 илјади евра. 

Крајниот рок за доставување на понудите за двете објави е 15 февруари.

Покрај овие објави, распишани се и тендери за оттуѓување на три градежни парцели за изградба на откупно-дистрибутивни центри во општините Ресен, Валандово и Чешиново-Облешево.

Градежното земјиште во Ресен е со површина од 61.433 метри квадратни и за него почетната цена е 61 денар, во Валандово вкупната површина на земјиштето е 77.981 метар квардатен кое се продава со почетна цена од 110 денари, додека во Чешиново - Облешево се нуди земјиште од 5.312 метри квадратни со почетна цена од 61 денар.

Во следниот период предвидено е распишување и на јавни објави за изградба на станбени згради во општина Аеродром.

Во однос на преземањето на надлежностите за управување со неизградено градежно земјиште што како законска обврска ја имаат општините од јули минатата година, досега 14 општини ја имаат преземено оваа обврска, а за 12 во тек е постапка за одлучување по нивните барања.

http://daily.mk/cluster3/bac8e58d45a02361172410df7ce581d7/1091103/juzhen-bulevar-odi-pod-zemja
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 13-Jan-2012 at 13:55

Амбициозни градоначалници - пирамида во Прилеп, пазар во Кавадарци

imitrov@kapital.com.mk">Петре Димитров
Амбициозни%20градоначалници%20-%20пирамида%20во%20Прилеп,%20пазар%20во%20Кавадарци%20

Стаклена пирамида, прочестителна станица, плоштади, водоводни и канализациони мрежи, локални патишта, гасификација, цркви, спомениции... се главните проекти на најразвиените македонски општини за годинава

Најголемите македонски општини од кои поголемиот дел годинава ќе работат со зголемен буџет ќе влезат во вистинска градежна офанзива, најавуваат првите луѓе на општините. Некои од нив ќе се задоволат со ситни инфраструктурни проекти, а некои ќе градат атрактивни објекти кои треба да го збогатат културниот и социјалниот живот во градовите.

Ќе гледаат ѕвезди од прилепски Лувр

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, годинава ќе го менаџира најскапиот проект во Македонија, прочестителна станица за отпадни води, кој вреди повеќе од 20 милиони евра. Парите ги обезбедил од ЕУ (14,5 милиони евра) и од Владата која ќе ја помогне општината со шест милиони евра. Со овој проект, како што објаснува Ристески, ќе се реши загадувањето на прилепска река, во која сега одат отпадните води, а придобивки ќе има и за земјоделството. Амбициозната програма на Ристески за годинава предвидува и изградба на водоводна и канализициона мрежа за поврзување со новоизградените бунари, проект вреден 1,7 милиони евра, пари добиени од Светска банка. Со помош од Европската банка за обнова и развој ќе се градат пет локални патишта, а општината предвидува средства и за двете индустриски зони, Металец и онаа лоцирана на патот кај обиколницата кај Жито Прилеп. Градот во втората половина на годината планира да почне да гради стаклена пирамида со планетариум и 3Д кино, која ќе се користи за културни настани. Проектот вреди 1,5 милиони евра. Дел од парите за овој проект ќе ги обезбеди општината, а остатокот ќе се обезбеди преку јавно-приватно партнерство. Манијата на нови плоштади ја зафати и Прилеп, каде што ќе се реконструира плоштадот за што е предвиден милион евра. Прилеп годинава ќе добие и нов трговско-деловен центар во вредност од седум милиони евра.

Струмица ќе се гасифицира, Охрид ќе се задолжува

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, за приоритет годинава ја има гасификацијата. Најважна за него е секундарната гасификација, наменета за граѓаните, која според него ќе биде готова до јануари следната година. Овој проект тежи околу 1,6 милиони евра. Од нив 40% ќе бидат обезбедени од градскиот буџет, а 60% со општински обврзници.

„Примарната гасификација, која е наменета за фирмите и јавните претпријатија е готова. Гасификацијата ни е главен проект за годинава“, вели Заев. Со 150. 000 евра Струмица ќе гради и одводен канал. Струмичките бизнисмени, пак, со четири милиони евра ќе градат Соборен храм.

Општината Охрид од почетокот на годината по повеќе од дест години работи со одблокирана сметка.

„Министерството за финансии конечно ни дозволи да се задолжуваме, така што ќе биде полесно да ги реализираме проектите“, вели началникот на секторот за урбанизам во општина Охрид, Бранко Арнаудов. Со јавно-приватно партнерство општината планира изградба на старечки дом, градски пазар и две катни гаражи, а според Арнаудов турска компанија ќе гради болница, а Французи хотел.

Штипјани ќе паркираат над река, Битолчани ќе добијат нови мостови и кино

Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, за оваа година како главни проекти ги издвојува новиот градски плошад, инвестиција од 2 милиони евра, (пари од Светска банка) и 4 платформи над реката Отиња, кои ќе служаат и за паркирање. Предвидена е и изградба на кружен тек и две крстосници.Битолчани ќе добијат нови обновени мостови и нов мост, кој ќе го замени Црниот мост, објаснува градоначалникот Владимир Талевски. Фокусот на општината е индустриската зона Жабени, каде што ќе вложат средства во инфраструктура за што се предвидени 1,5 милиони евра, дел обезбедени од Владата (250 милиони денари), а остатокот од општината. Талевски ќе работи и на доизградба на влезната и излезна инфраструктура на градот. Градот ќе бара пари и за реизградба на познатото битолско кино Манаки.

Тетово ќе бара пари за водовод, Кавадарчани ќе добијат пазар

Изградбата на градски пазар и целосно решавање на проблемот со водоснабдувањето се приоритетните капитални проекти на општина Кавадарци за 2012 година и дел од програмата за локален економски развој. Градоначалникот, Александар Панов, објаснува дека проектот „Градски зелен пазар“ опфаќа изградба на зелен пазар, подземен паркинг и деловен трговски центар. Пари ќе бара од Светска банка и преку јавно-приватно партнерство. Проектот чини повеќе од 7 милиони евра.

Сади Беџети, градоначалник на Тетово, за приоритет го планира решавањето на проблемот со водоснабдување на градот, но не знае од каде ќе добие пари за овој проект. „Владата не ни дава пари, иако со години бараме. Најверојатно ќе обезбедиме од тие што имаат. Ќе ги собереме преку самопридонес“.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/78756/ambiciozni_gradonachalnici_-_piramida_vo_prilep,_pazar_vo_kavadarci.aspx?iId=2546

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 02-Feb-2012 at 15:09
celiot tekst ovde

Наместо мегаобјекти зјаат дупки во Скопје. Каде се инвеститорите?

Соња Јованова
Наместо%20мегаобјекти%20зјаат%20дупки%20во%20Скопје.%20Каде%20се%20инвеститорите?
Почнаа многу одамна, но сè уште не се завршени мегаобјектите на неколку градежни парцели во главниот град, на кои сè уште зјаат огромни дупки. Дефинитивно боде очи просторот кај поранешна Алумина, каде што Израелците од Газит глоуб треба да градат луксузен трговски центар вреден 100 милиони евра. Ги нема ни 40-катниците на турската компанија Џеваир холдинг во Аеродром. Што ќе преземе Министерството за транспорт?

Градежни парцели во Скопје кои пред неколку години државата им ги продаде на приватни инвеститори сè уште зјаат празни. Никој таму ништо не гради, а беа ветени мегапроекти, како град во град на Скопски саем, 40-катници за домување во Аеродром, аквапарк во Аеродром... Почнати, но недовршени градежни парцели има речиси на секој чекор, но од поголемите дефинитивно боди очи просторот кај поранешна Алумина, каде што Израелците од Газит глоуб ветија изградба на луксузен трговски центар. Сè уште не е реализирана и инвестицијата на турската компанија Џеваир холдинг, која на локацијата во близина на спортската сала Јане Сандански планираше изградба на 40-катници за станбено домување. Зјае празен и просторот кај Скопски саем, каде што Словенците требаше да го градат Ера сити, но и просторот во близина на спортската сала Јане Сандански, каде што Пеце Наумовски најавуваше изградба на аквапарк и повеќенаменска спортска сала. Не треба да се заборави и Сончев град во Сопиште, кој остана само пуста желба на поранешниот и сегашниот градоначланик на општината.

Пак ќе се бара инвеститор за Сончев град

Градоначалникот на општина Сопиште, Јован Ѓоргиовски, за „Капитал“ најави дека наскоро повторно ќе распише тендер за изградба на Сончев град. Станува збор за проект од кој веќе се откажаа Израелци, а беше проследен со низа скандали и судски процеси.

„Израелците спогодбено излегоа, ја повлекоа жалбата. Во февруари и во март треба да дојдат инвеститори од Турција, Кина и Русија, кои се заинтересирани, и ќе ги разгледуваат и плановите и локацијата. Ние како општина разгледуваме две вријанти, може да го понудиме цел ДУП со сите маркици и втора варијанта е да понудиме една парцела и инвеститорите да ја уредат, а притоа да кажат колкава ќе биде изграденоста. Се врзуваме на стариот урбанистички план, локацијата е идеална, може да има некои отстапувања, ама од пролетва очекуваме да се распише новиот тендер. Ние како општина правиме сè за да ги олесниме условите за новиот инвеститор, како на пример да изградиме пат од Водно до Сопиште, водовод со Патишка река, имаме пари од Владата за да почнеме со работа“, вели Ѓоргиовски.

„Капитал“ се обиде да добие одговори што се случува со проектите и дали е можна нивна реализација во скоро време. Речиси сите тврдат дека нема застој, иако на терен нема видливи градежни активности. Во Министерството за транспорт велат дека на сите компании кои ги пробиле роковите за изградба на државно земјиште ќе им се наплаќаат пенали, но не кажаа колкава е вредноста.

Јакимовски: Пректот на Израелците е измама?

Луксузниот трговски центар и станбен комплекс што требаше да никне кај поранешна Алумина, според претставништвото на израелските инвеститори Газит глоуб во Скопје, ќе се изгради и немало никакви финансиски или какви било проблеми за тоа. Но, градоначалникот на општина Карпош за „Капитал“ вели дека се работи за измама и дека објектот никогаш нема да се изгради, а земјиштето ќе се препродаде.

„Тоа е голема измама, имам информации дека се вмешани луѓе од власта и дека во моментот се бара чаре или да се препродаде земјиштето или некако да се изгради трговскиот, но поверојатна е првата варијанта. Две години откако е донесен урбанистичкиот план нема никаква трага од Израелците, единстевно донесоа идеен проект“, вели Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Од претставништвото на Газит глоуб во Скопје, од каде што најавуваа инвестиција поголема од 100 милиони евра, убедуваат дека не се откажуваат од реализација на проектот.

„Во тек е финализација на основниот проект потребен за добивање градежна дозвола, а самата порцедура е веќе почната со општина Карпош. Немаме никакви финансиски проблеми ниту, пак, одолжуваме, порцедурите се во тек и течат согласно со нашите интерни планови“, велат од Газит глоуб.

Според информации на „Капитал“, проектот е закочен поради нерешен судски спор со фирмата К-15, која имаше објект на локацијата купена од Израелците. Извори за „Капитал“ велат дека при купување на локацијата на Газит глоуб им било кажано дека обејктот е дивоградба и без проблем ќе се руши, но до денеска сè уште трае спорот меѓу двете страни.

40-катниците во Аеродром никако да се изградат

И за турската компанија Џеваир холдинг, која во Македонија веќе го регистрираше претставништвото Туркмак, нема одложување на проектот за изградба на неколку згради 40-катници, иако компанијата сè уште нема добиено градежна дозвола, а го купи земјиштето од државата во мај 2010 година. Во Туркмак велат дека имале технички проблеми, но убедуваат дека изградбата ќе почне месецов.

Во општина Аеродром, исто така, убедуваат дека реализација ќе има, иако потенцираат дека вакви згради за првпат ќе се градат во земјава, па институциите не се многу информирани како да постапуваат во одредени случаи.

„Проектите се готови само мора да поминат кај консултантски куќи, па потоа да се изработат. Инаку компанијата пред извесно време доби урбанистичка согласност да гради, сега треба да изработат главен проект. Ова е прва изградба од ваков вид, луѓето во странство си го прават проектот, па нашите проектантски куќи треба да го одобрат и да го прегледаат. Знаете, нашиве немаат многу искуство со ова и затоа се одолжи процесот“, вели Ивица Конески, градоначалник на општина Аеродром.

Слична судбна доживеаја и проектите на кошаркарот Пеце Наумовски, кој во последните години прилично амбициозно купуваше државни парцели за изградба на аквапарк и спортска сала. Иако уште пред две години стана сопственик на парцелата во близина на спортската сала Јане Сандански, според информациите од општина Аеродром, дури пред еден месец фирмата на Наумовски, Манд интернационал, добила одобрение за градење. Рокот за изградба на објектите е две години.

„За изградба на аквапаркот платија 600.000 евра комуналии, што значи решени се да градат. Дали ќе плаќаат пенали за тоа што доцнат со изградбата не знам“, се огради градоначалникот Конески.

Но, пеналите нема да важат за сите инвеститори кои доцнат со изградба на објектите. Според Министерството за транспорт, Пеце Наумовски нема да плаќа казна затоа што го одложил градењето не по негова вина, туку затоа што се вршеле измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план.


http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79570/namesto_megaobjekti_zjaat_dupki_vo_skopje__kade_se_investitorite_.aspx?iId=2573
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 09-Mar-2012 at 01:22
Голем спа центар ќе се гради во Кратово

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на шест градежни парцели со вкупна површина од 78.107 метри квадратни за изградба на спортско рекреативен и бањски комплекс Спа Центар – Кратово. Три од понудените локации се предвидени за подигање на бањи со сместувачки капацитети, на една парцела ќе се гради хотел, додека на останото земјиште е планирана изградба на затворен олимписки базен и останати спортски содржини. Зацртаната површина за градба на спа центарот изнесува 49.002 метри квадратни, а предвидената висина на објектите изнесува од 6 до 21 метар.

Почетната цена на градежните парцели што ќе се продаваат преку електронско јавно наддавање се движи од 73 до 175 денари од метар квадратен. Крајниот рок за доставување на пријавите од заинтересираните субјекти е 17 април, а наддавањето ќе се одржи на 24 април. Најповолниот понудувач е должен во рок од 12 месеци по купувањето на парцелите да обезбеди одобрение за градба на комплексот и е обврзан да го изгради планираниот спа центар во период не подолг од 6 години од денот на добивање на градежната дозвола.



#
Објавено на 08.03.2012 во категорија Вести.

Тагови: Бањи, Базени и аква паркови, Кратово, Спортски, Спортско-рекреативни центри, Тендери и лицитации, Хотели


http://www.build.mk/?p=13130
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 12-Apr-2012 at 20:25
В касарна ќе никнат повеќекатници

Плацеви за згради и куќи

Се предвидува проширување на Прилеп со изградба на станбени објекти?

- Градот ќе се шири кон Вештачкото езеро. Се предвидува градба на станови, колективна градба во Касарната на ул. “Борис Кидрич” и на ул. “11 Октомври”, спроти Бонита. Првата фаза на индивидуална градба е во продолжение на Типската населба, каде ќе бидат застапени сите видови на домување: повеќе куќи залепени за поскромниот буџет на граѓаните, а ќе има има парцели за двокатни ќуќи, парцели за слободна изградба, парцели со повисок третман на живеење, односно поголеми парцели од 800 до 1000 квадрати, за граѓаните кои можат да си дозволат таков тип на живеење. Тоа се 42 хектари со огромни трошоци за инфраструктура, пат, струја, канализација... Покрај овие видови на домување има зона со услужни објекти, трговски центри, училишта со детска градинка, големи парковски површини, адекватнен број на паркинзи. Ни претстојат наредните 10 години интензивна изградба, а тој предуслов е урбанизацијата. Урбанизацијата е плански документ кој е од голема важност за било кој град, бидејќи градежништво продуцира уште 20 - 30 објекти од  компатибилни гранки со трговска дејност.

Прилеп е растегнат

Изработен е ДУП за Варош на 48 хектари, наменска зона кој продолжува до Институтот, кој оди нагоре до мостот. Прилеп е растегнат град за разлика од кружниот распоред на урбанизираните градови.


http://www.zenitprilep.com.mk


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 24-Apr-2012 at 15:39

Генералниот урбанистички план на град Штип ќе трпи три значајни промени.

99677926-5000

По добиеното позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски за изградба на високактница, каде што ќе се лоцира и новиот Градски пазар во населбата „Автокоманда“, измените на урбанистичкиот план влегоа во процедура на комисиите во Советот на општина Штип.

Градоначалникот на Штип Зоран Алексов вели дека станува збор за земјиште од околу 11.000 метри квадратни, кое наскоро ќе се даде на продажба за изградба на висококатници и покриен Градски пазар.

- На продажба општината ќе понуди и земјиште за изградба на голем Трговски центар во населбата „Сењак“, а исто така во процедура е и планот за Градскиот стадион, каде што можат да се изградат околу 10-тина згради и угостителски објекти, вели Алексов.

Тој додава дека дислокацијата на Градскиот стадион е предвидена во месноста Сутилак, а новиот стадион ќе се изгради со пари од продажбата на земјиштетот, каде што сега е лоциран Градскиот стадион. Новиот стадион ќе чини околу 1,5 милиони евра, со капацитет од 9.000 седишта.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/68806-Visokokatnica-i-trgovski-centar-ke-se-gradat-vo-Stip

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
FakPeri View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 14-Aug-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote FakPeri Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 14-Aug-2012 at 10:00

Мултимилијардерот Субрата Рој ќе гради „Лас Вегас“ во Македонија.

subrata-roy

Во изјава за индискиот весник „Фајненшл хроникал“, првиот човек на компанијата “Сахара Индија Паривар“ изјавува дека планира во Македонија да изгради компелс од казина, хотели и центри за забава.

-Концептот на дизајнот, што го направивме за „Лас Вегас““, ќе го предложиме на македонската влада во септември и структурниот дизајн на почетокот на следната година. Откако ќе биде одобрен, се надеваме дека ќе почнеме со работа за година ипол, вели Рој.

Мултимилијардерот, кој по престојот во средината на јуни во земјава најави голема инвестиција во Македонија, одбил за весникот да каже колку точно ќе чини планираниот проект.

Импресиониран од луѓето во Македонија, но и од самата земја, Рој истакна дека планира да инвестира во нешто огромно.

-Планирам да започнам и направам бизнис што би овозможил големо производство кое и ќе се извезува. Сакам мојот бизнис овде да привлече и многу туристи, а ќе помогнам и со вработувањето, изјави тогаш индискиот бизнисмен.

Покрај најавениот „Лас Вегас“ проект, Индијците покажаат интерес за инвестирање во туризмот, земјоделството и рударството.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 22-Aug-2012 at 17:13
На здравје! Се готви нов Кинески Ѕид во градскиот парк во Скопје. Ohno
Се прашувам и овој пат пак ли Цацко ќе ни биде крив?



21.08.2012

Трајановски се мисли што да изгради на местото на градските бараки

Градот ги кани потенцијалните инвеститори да кажат во каков објект би инвестирале, оти немало интерес за планираната катна гаража

Деспина Трајковски



Градските власти ќе консултираат заинтересирани инвеститори што да предвидат да се гради на местото на бараките во Градски парк каде што со години е сместена администрацијата на Град Скопје. Со оглед на тоа дека за потребите на Град Скопје веќе се гради нова зграда и администрацијата за неколку години ќе се сели, од Градот уште од сега планираат каков објект да ги замени градските бараки. 

Важечкиот урбанистички план за тој дел на тоа место предвидува изградба на катна гаража, но, според сознанијата на Градот, немало заинтересирани за инвестирање во таков објект. Од тие причини, велат, ја известуваат јавноста дека заинтересирани субјекти можат да дадат свои предлози за идната урбанистичка рамка за предметната парцела. Во известувањето е напоменато дека Градот планира да продаде градежно земјиште кое се наоѓа во Градски парк со површина за градење од 6.375 квадратни метри со намена за изградба на објекти. Градот, се вели во објавата, ги поканува сите потенцијални кандидати да искажат интерес во однос на намерата за купување и заедничко утврдување на видот на објектите предвидени за изградба на градежното земјиште. 

„Во случајов целта ни е да видиме дали и какво расположение постои кај евентуалните инвеститори во каков објект би инвестирале на овој простор. Со оглед на прибраните информации и предлози, а во консултација со надлежните стручни лица ќе утврдиме каква ќе биде намената на објектот што ќе може да се гради таму. Не поставивме рок до кога да завршиме со постапката, но, бидејќи изработката на ГУП-от е во завршна фаза, предлозите ќе бидат разгледани за најмногу еден месец. Значи, ние ќе ја утврдиме намената, а сите останати детали, максимална висина на објектот и слично ќе биде утврдено со деталниот план што ќе го донесе Општина Центар“, објаснија задолжените за информирање во Град Скопје. 

Од таму не знаеја да кажат како ќе се одвива понатамошната постапка, конкретно кој ќе го продава земјиштето, дали градот, или Министерството за транспорт, ниту, пак, имаа информации во чија сопственост е, државна или на Град Скопје, или можеби има и други сопственици на парцелата. 

Од Градот напоменаа дека Општина Центар ќе има обврска да го усогласи важечкиот урбанистички план со ГУП-от, во чија најнова верзија ќе биде утврдена намената на објектот врз основа на интересот на потенцијалните инвеститори. 

Инаку, постојниот план предвидува на местото на старите бараки во Градскиот парк да се гради катна гаража висока до 7 метри, во чии рамки е дозволен и простор за хотелско сместување. Претходниот план, пак, предвидуваше на истото место да се гради паркинг-простор и зелена парковска површина.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=601B701A7755FA4CBF01C59D52C96304




Еве за која маркичка станува збор:




Маркичката е тотална катастрофа дури и да се изгради како катна гаража (мада уште од старт беше јасно дека нема да се запре на тоа):
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=107101#107101

Сега кога градската администрација ќе се сели во новиот објект под Кале, наместо да ги расчисти бараките во паркот и на нивно место да го прошири зеленилото, тие на тоа место измислија зграда чија должина ќе биде 220 метри! И можете да ме држите за збор, сигурно од петни жили ќе се трудат да си поиграат и со првично вцртаниот габарит на објектот, пред се со висината.

Баш би сакал да го чујам градоначалникот, да објасни која е потребата и според кои урбанистички норми е вцртана оваа маркичка. Чив е интересот да никне вакво здание во паркот, бидејќи сигурно не е јавен интерес. Навистина би сакал да слушнам како може да се оправда оваа катастрофа.

И сето ова како капак откако се легализираше првиот кинески ѕид кај стадионот, а и Кермез доби дозвола да биде изграден со 20 пати поголем габарит од оригиналниот Кермез. Зарем ни главниот градски парк не е поштеден од општото лудило кое не има зафатено? Урбана мафија е преблаг збор за ова!


Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 22-Aug-2012 at 18:14
Previous
 
Е па ете му еден контрааргумент повеќе на кандидатот за градоначалник на Скопје кој ќе му се спротивстави на актуелниот градоначалник Коце Трајановски на наредните редовни локални избори кои треба да се одржат во 2013 година.
 
Лично се надевам дека противкандидат на Трајановски ќе биде актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски.
 
Јакимовски веќе ужива некаква почит кај мене бидејќи досега не го вовел идиотизмот наречен зонско паркирање во општина Карпош, со парите од продажбата на општинската зграда на општина Карпош обновува училишта, иако сосема друга приказна е тоа во чии џебови на крај завршуваат истите тие пари дадени за обновата на истите тие училишта, а ако вети дека на местото на сегашните градски бараки до зоолошката градина и до градскиот парк нема да гради ништо, туку ќе го прошири зеленилото од градскиот парк, е тогаш ќе ужива уште поголема почит кај мене.
 
Како поранешен министер за труд и социјална политика, а и како поранешен министер за економија, Стевче Јакимовски не ужива ама баш никаква доверба кај мене лично, но барем ужива некаква почит кај мене лично поради неговите дела кои ги има направено како градоначалник на општина Карпош, па затоа се надевам дека тој ќе биде против-кандидат на Трајановски на наредните редовни локални избори кои треба да се одржат во 2013 година.


Edited by Dexter26 - 22-Aug-2012 at 18:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 22-Aug-2012 at 18:21
Декстер те молам без непотребни дигресии, особено не вакви апла политизирани.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 22-Aug-2012 at 18:42
Originally posted by Cloverstack


[quote]Во случајов целта ни е да видиме дали и какво расположение постои кај евентуалните инвеститори во каков објект би инвестирале на овој простор. Со оглед на прибраните информации и предлози, а во консултација со надлежните стручни лица ќе утврдиме каква ќе биде намената на објектот што ќе може да се гради таму. Не поставивме рок до кога да завршиме со постапката, но, бидејќи изработката на ГУП-от е во завршна фаза, предлозите ќе бидат разгледани за најмногу еден месец. Значи, ние ќе ја утврдиме намената, а сите останати детали, максимална висина на објектот и слично ќе биде утврдено со деталниот план што ќе го донесе Општина Центар“, објаснија задолжените за информирање во Град Скопје.


Па добро овие за што не сметаат нас, за малоумни ? Еве ја ќе му кажам на Коцe во што би сакале ЕВЕНТУАЛНИТЕ инвеститори да инвестираат. Станбена зграда со 7 ката и поткровје. Мислам дека ова е рецептот што се применува за секоја неурбанизирана парцела низ Скопје. И најверојатно е и ветена парцелата на некого само сега глумат лудило дека ете сигурно никој нема да ја сака ако се стави за гаража.А и да се стави за гаража на кого би му била потребна кога нели ќе нема таму веќе градска администрација. Се на се како што кажа Кловер веќе ќе мора да бараме и нов термин, зашто ''урбана мафија'' е едноставно преблаг збор.

За ова второво ќе кажам само дека ДУП-овите ги менуваат како ќе им текне, а конкретно тој ДУП за Дебар Маало веќе долго време е во постапка за донесување и изменување.

Само ќе кажам ако некоја општина и населба немала среќа со градоначалници во последниве  10тина години тоа се сигурно општина центар и град Скопје а резултатот и се гледа на терен Roll%20eyes

I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 22-Aug-2012 at 18:59
Mislam deka izrazot "urbanistichki totalitarizam" e toj shto go barate bidejki tuka stanuva zbor za diktat od visokite vladini krugovi koj e samo zavitkan vo sharena hartija so pandelka za naradoto da go progolta podobro. Urbana mafija e koga drugi koi ne se vo vlast gi krshat urbanisitchkite pravila i logiki i sepak uspevaat da izgradat toa shto sakaat.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 10-Oct-2012 at 12:40
Од утрово нема повеќе парк спроти Музејот на Град Скопје

Повеќе на http://greenbox.com.mk/blog/?p=4911






Edited by HugoGoulding - 10-Oct-2012 at 12:40
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.254 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.