Реконструкција на А1 / Е75 |
Post Reply | Page <1 45678 29> |
Author | |
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #101 Posted: 05-May-2012 at 11:43 |
Велес - Скопје преку нови мостови
За време на санацијата на мостовите ќе се работи на нивните столбови, целосната конструкција, како и на спојките на мостовите со трупот на автопатот, а ќе се менува и заштитната ограда Основниот проект што предвидува реконструкција на 13 моста на потег од Велес кон Катланово е завршна фаза, а се работи на Градежниот факултет во Скопје. Ова е трета фаза на реконструкција на мостовите во државава финансирана од НАТО. - Иако не беше планирана санација на овие мостови, сепак успеавме да издејствуваме од Алијансата да финансира 8,6 милиони евра за 13 моста што се на овој потег, а за кои докажавме дека им треба поправка. Планот ни е во текот на август или септември годинава да биде распишан јавен повик на кој треба да се пријават фирми што би го изведувале работите на терен, тендер што би завршил во декември, по што веднаш наредната градежна сезона, значи пролетта 2013 година, да почнеме со градежните активности - велат од Министерството за транспорт и врски. Удвоена носивост и плус 50 години Од Градежниот факултет во Скопје, односно од катедрата за бетонски конструкции, која го прави проектот, велат дека државава ќе има голема бенефиција од поправката на мостовите. Од една страна ќе се зголеми носивоста на мостовите, а од друга ќе се продолжи нивната трајност. - Со поправките што ќе се направат мостовите ќе ја дуплираат својата носивост и барем за 50 години ќе се продолжи нивната трајност. Ќе се работи на нивните столбови, целосната конструкција, како и на спојките на мостовите со трупот на автопатот - ни изјави Горан Марковски, професор на Градежниот факултет во Скопје и раководител на проектот за реконструкција. Тој вели дека ќе се менува и заштитната ограда околу мостовите, која ќе треба да биде со повисок стандард и побезбедна за возачите. Градежниот факултет ќе ја изработи целата документација, што значи дека и парите за тој дел ќе се слеат кај нас, додека изведувачот мора да биде од земја-членка на НАТО. - Иако претходните две фази од реконструкцијата ги спроведе турска компанија, сепак голем дел од градежните активности како подизведувачи ги изведоа две македонски градежни компании. Тоа се очекува и за следнава фаза - вели професорот Марковски. Две успешни фази Мостовите ќе се реконструираат речиси две години и, ако сѐ оди по планот, би требало кон крајот на 2014 година да заврши целата работа. Работите ќе се извршуваат под сообраќај, што значи дека цело време автопатот и мостовите ќе бидат во функција. Досега се спроведоа две фази, првата траеше од 2006 до 2007 година, а втората од 2007 до 2008 година. За првата фаза НАТО додели 16,7 милиони американски долари и ги опфати мостовите на делниците: Скопје - Блаце и Катланово - Велес. Втората фаза чинеше речиси 16 милиони американски долари, пари со кои се зајакнаа 51 мостовска конструкција со вкупна должина од 4.090 метри. И во двата случаи како најповолен изведувач на работите беше турската компанија „Џесаш“. Како подизведувачи се јавија македонските градежни фирми „Гранит“ и „Синтек“. Од Градежниот факултет велат дека НАМСА, агенцијата што ги изведува инвестициите на НАТО, е задоволна од досегашната соработка со факултетот, поради што му даде ексклузивно право на факултетот да може без тендер да ги прави проектите што се однесуваат на територијата на државава. Автор: Жарко Василевски http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=54122331527&id=9&prilog=0&setIzdanie=22572 |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #102 Posted: 05-May-2012 at 17:58 |
од кога тоа санирани мостови се нови мостови? ме сецна насловот...
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #103 Posted: 05-May-2012 at 19:41 |
како што можев да видам на автопатот за демир Капија,дефакто се работи за нови мостови.ако столбот на мостот бил да речиме пречник 1 метар,сега е 1.5 метри а вкупната количина на армиран бетон е повеќе од дуплирана,страниците се исто зајакнати,и од далеку изгледаат стварно како нови мостови
|
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #104 Posted: 19-Jun-2012 at 23:41 |
Реконструкцијата на делот Катланово-Велес, според "вожњата" е поприлично фино изведена со многу помалку нерамнини чак и од обиколницата. Од друга страна прилично позитивно сум изненаден од патната сигнализација. Стварно не се разбирам во поглед на нумеризацијата на патиштата, нивните ознаки и слично, ама чисто како обичен патник или возач оние најсуштински табли се на сосема нормално растојание како би информарале навремено. Добро е што и мотелите, рестораните, бензинските имаат поставено добри табли, па и оние за туристичките локалитети се на сосема видни места поставени. Видов дека и кај патарините се променети сигнализацијата и знаците и се на далеку повисоко ниво од претходното.
Не дека е ова богзнае каков чекор, но споредено со минатата година, ова е солиден напредок. Вака да реконструираа и поставуваа знаци уште пред 5 години, патната инфраструктура ќе заличеше на нешто. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #105 Posted: 17-Aug-2012 at 13:37 |
1.
2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #106 Posted: 18-Aug-2012 at 14:10 |
Ги задржа ли позитивните впечатоци од пред два месеци? |
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #107 Posted: 18-Aug-2012 at 14:56 |
Па да, иако иритира начинот на кој се врши реконструкцијава, особено што има многу места каде асфалтот е целосно изгребан за одеднаш да дојде асфалтиран дел надвиснат неколку сантиметри над обичниот, како и недоволната сигнализација и премногу машинерија распослана долж целиот пат, што создава големи гужви. (претпоставувам дека можеа некако целиов зафат да го одминеше шпицот на туристичката сезона) Сега за сега не се осеќаат нерамнините, но поради неможноста да се вози со поголема брзина. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #108 Posted: 30-Aug-2012 at 16:45 |
A sto e so najkatastrofalnata delnica na E-75, Veles-Katlanovo?
|
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #109 Posted: 30-Aug-2012 at 19:10 |
Министерот Јанакиески најави дека до септември годинава ќе биде распишан јавен повик на кој треба да се пријават потенцијалните изведувачи, а компанијата што ќе ги реконструира мостовите ќе се знае во декември годинава. Според министерот, градежните активности би започнале следната пролет и би завршиле до крајот на 2014 година. http://www.build.mk/?p=14343 |
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #110 Posted: 03-Sep-2012 at 17:58 |
Katlanovo-Veles, delnica od 28km, investicija 7.23 milioni evra. Se prasuvam (ako e tocna sumata) zosto tolku cekaa so rekonstrukcijata a i seuste cekaat na sprotivniot pravec (Veles-Katlanovo) koga zafatot cini kolku eden od pogolemite spomenici vo centarot na Skopje???
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/pod-polna-parea-se-raboti-na-delnicata-skopje-%E2%80%93-veles |
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #111 Posted: 03-Sep-2012 at 18:03 |
Затоа што се нема политичка воља, особено што веќе беше споменато какви се државните приоритети кога станува збор за патиштата. Еве и да ја земеме за точна констатацијата дека регионалните и локалните патишта се поважни за граѓаните, тогаш која е алтернативата за Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Кавадарци и сите останати градови за кои делницата Велес-Скопје е речиси единствен пат по кој можат да стигнат до Скопје? Се додека државата се занимава со селски патишта, наместо тие да се врв на приоритети за локалните самоуправи, нема да има асална автопатска инфраструктура. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
gorco
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
Quote Reply #112 Posted: 03-Sep-2012 at 18:54 |
Немам позитивен коментар за делницава. Јасно е дека ова треба да биде локален пат Катланово - Велес, а автопатот треба да се догради на спротивната страна во обратниот правец.
Понатака, делницава се реконструира од месец АПРИЛ а можеби и од МАРТ, а е дојден септември, значи ја реконструираа во летните месеци кога до Велес се патуваше и по 50 мин. Немам коментар, додека се бавиме со селски патишта ништо не прајме... али и јас ништо ново не кажувам. |
|
ant11
Groupie Joined: 29-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 38 |
Quote Reply #113 Posted: 04-Sep-2012 at 09:17 |
По којзнае кој пат: ако не се прави - зошто не се прави, ако се прави - зошто не се направило порано и сл.
Борбата е на бескрајно многу фронтови - инфраструктура, администрација, регулативи, економија, политика, па ако сакате и разубавување на градовите, селата и просторот помеѓу. |
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #114 Posted: 04-Sep-2012 at 12:12 |
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #115 Posted: 04-Sep-2012 at 15:00 |
Денко,јас лично имам слишнато неколку кичевчани што го пцујат градоначалникот кичевски(све по список) зошто се копа на една од најглавните улици во Кичево-Маршал Тито,а заборавајќи дека до пред 1 месец тука сите ги кинеа ауспусите и амортизерите од старата гранитна коцка.значи или пцујат зошто ништо не се превзема или после истите пцујат зошто е раскопано.епа да се има магично стапче па да се заврши за една секунда најдобро би било, И ТОА НА СИТЕ ЛОКАЦИИ КОЈА КАДЕ САКА.СВЕ ОДЕДНАШ
|
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #116 Posted: 04-Sep-2012 at 15:49 |
|
|
MGS
Senior Member Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
Quote Reply #117 Posted: 04-Sep-2012 at 17:23 |
Добро бе која е логиката да се прави само едниот правец,а обратниот не???
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #118 Posted: 04-Sep-2012 at 18:33 |
јас лично сум против да се прават двата правци истовремено.барем едната страна да има побрз проток.најдобра опција е одма после завршувањето на едниот правец да се започне со вториот правец.можеби не сум во право,но мене ми изгледа пологично ако се ставам во кожата на некој што секојдневно патува на релација Велес-Скопје
|
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #119 Posted: 07-Sep-2012 at 16:09 |
За најважниот дел од Велес кон Скопје веќе е изработена проектна документација, неговата санација ќе чини 8 милиони евра, а пари повторно се очекуваат од ИПА фондовите. „Се надевам дека до крајот на годинава ќе добиеме потврда од Европската комисија дека проектот е одобрен за во рок од девет месеци да се изврши избор на изведувач и да се почне со градба“ истакна директорот Георгиевски. Слично на актуелната реконструкција, на автопатот во спротивен правец ќе се санира оштетениот коловоз и ќе се постави нова сигнализација. Во соработка со северноатлантската алијанса НАТО, наредната година ќе започне договорената реконструкција на 13 оштетени мостови од Коридорот 10, инвестиција вредна 8,6 милиони евра.
Za 8 milioni evra, koi vladata dosega sto pati gi potrosi na gluposti, nie si gi krsime kolite... zgora na toa i plakame patarina |
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #120 Posted: 23-Oct-2012 at 12:12 |
И јас да ги споделам добрите впечатоци од досега сработеното,вчера ја поминав делницава,не се осеќаат никакви нерамнини на голем дел веќе има хоризонтална сигнализација,по моја проценка рокот ќе биди испочитуван.
Една забелешка некој и погоре спомна,немало да биди лошо да поставеле знаци за предупредување на местата каде што од изгребан се преминува на асфалтиран и обратно Edited by ovaj_stariov - 23-Oct-2012 at 12:13 |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
Post Reply | Page <1 45678 29> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |