build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 26-Oct-2012 at 22:05
Мислам дека за делницата Битола-Прилеп се многу 120 милиони имајки во предвид дека постоечкиот пат може да се користи во едната насока. Наполно задоволува целата делница денес е 100-120км/ч. Исто така би напоменал дека задолжително е патно решение помеѓу Ресен-Охрид со обиколница на Ресен во поблиска иднина. Тој пат го користат Ресен, Битола, Прилеп, Велес, голем дел од источна Македонија. Сите овие се и почести посетители на Охрид од скопјани, Така што овој пат треба да е поголем приоритет. Експресен пат или дури и пат со три ленти но по нова траса би ја завршила работата.

Edited by stratus - 26-Oct-2012 at 22:06
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 26-Oct-2012 at 23:15
Andrej, se ubavo si prezentiral, samo ne kazuvas od kade pari za ovie avtopatista
Mislam deka Makedonija ja nema taa ekonomska sila za tolku kilometri avtopatista.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 27-Oct-2012 at 03:12
опцијата преку Осломеј е невозмжна, зошто ќе нашишам набргу
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 27-Oct-2012 at 08:47
Originally posted by Andrej_LJ


Според податоците до кои дојдов јас, буџетот на РМ (расходната страна) изнесувал 3,4 милјарди евра во 2011 година. Мислам дека секоја година има тенденција на зголемување, така што следната година мислам дека ќе биде околу 3,5 - 3,7 милјарди. Ако ја земеме средната бројка за сигурно (3 милјарди евра годишно), излегува дека тие 150 милиони евра се 5% од буџетските средства, под услов да се одлучиме да финансираме сами. Со одот на годините, веројатно БДП ќе расте, а со тоа и издатоците за изградба на автопати, со што оваа бројка од 5% од сегашниот буџет ќе остане иста или ќе паѓа. Но, се разбира никој не е луд да финансира се од свој буџетски средства и според мене добра формула е 20% од буџетот и 80% од заеми или ЕУ фондови (кои и сега ни се достапни, но не ги користиме!).

2,6 милијарди евра за 2011 според CIA. Тенденцијата на зголемување прекина некаде кон средината на економскава криза и само со ребаланси се држиме на дефицит од 2,5%. За да се размрда економијава во 2013 дефицитот е проектиран на 3,5%, што значи зголемување на долгот. Во време кога оптимизам е да се очекува максимум 2-3% раст годишно во следниве 2-3 години, твојот план иако е одличен, може да има повеќе негативни ефекти отколку придобивки. Не се само патиштата, веќе се задолживме за железницата и Демир Капија - Смоквица, отплаќаме големи набавки од типот на автобусите и опрема за здравството, така што треба доста внимателно во тој поглед.

Originally posted by Andrej_LJ


Што се однесува до Демир Капија - Смоквица, таа делница намерно не ја имам земено во предвид, бидејќи веќе се гради, односно можеме да ја отпишеме од листата на делници за финансирање и изградба. Јас незнам кој кажал дека во 2012 година ќе се изгради автопат до Блаце, како што гледаш има само уште два месеци.


Грешка, 2013-та. Имаше пред некој ден најава дека на пролет ќе имало тендер за Скопје - Блаце. А пред месец дена Груевски најави дека во 2013 ќе почнат со изградба Скопје - Блаце и Гостивар - Кичево. Тешко веројатно, но сепак, очигледно овие два ќе бидат најскоро почнати. Инаку да, Демир Капија се гради, но плаќањето допрва почнува.
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 27-Oct-2012 at 10:41
Мора да се размислува во оваа насока со самофинансирање, Буџетот да речеме е стациониран на 2,5Милијарди, 300 Милиони да се за инфраструктура и точка тука мислам на главните делници автопатски и експресни патишта и железница, другите локални патишта од друго нека ги финансират кредити од светска бака европа и слично

и најдокрај ние сме тука да дискутираме и да даваме предлози за пред нас факти и цифри треба да се изнаесат за да држе муабетов

еднаш кажав и некој друг рече за Струмица и Кавадарци неможеш да ги исклучиш од тековите еконосми се силни може и најсилни после Скопјето

приоритетите за секого се различни......идеите секој си ги презентира како мисле и тоа е добро јас погоре напишав некои замисли и тука пак ке ги преточам

-За да се намали трошокот тешките рути можат да се изведуват со Експресни патишта вклучително мислам и за делот Гостивар-Другово
-Секаде каде е рамница на коридорот 8 треба со Автопат да се поврземе
-Некој спомна и важна работа обиколница Ресен, товарните камиони низ него губат 30Минути, а може да се одмини за 6минути
-Источна Македонија приоритети знаеме кои се Миладиновци-Штип со тоа делот Велес-Штип не би морал да се осовремени со автопат туку со Експресен пат, Продолжуваме со Штип-Струмица Експресен Пат, Штип-Кочани па и до Виница Експресен Пат и да не се заборави Струмица-Валандово _удово Експресен 

Велес Прилеп е тежок пат до Богомила може да е Автопат од таму продолжува Експесен, Прилеп Битола Ресен Охрид Експресен, Битола- Меџитлија Експресен

Прилеп-Дреново-Кавадарци_неготино Експресен, делот кон градско нека остане само за реконструкција...

Куманово-Паланка Автопат од паланка до граница Експресен

накарај ке останат Виница-делчево граница Експресен
и Неготино-лакавица Експресен, или само трета лента но со тоа малку само ке се убрза возењето...со Експресен и со нагорнини максиму 7% е друга прикаска...тоа се главните а Приоритите за секого се посебни.......
километар Експресен версус Километар автопат, километар автопат во рамно и во ридски терен не е исто...и така натаму
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 27-Oct-2012 at 10:49
Според меѓународните и регионалните искуства километар експресен пат е поефтин за околу 20% од километар автопат во рамнински предели и околу 25% во планински. Ова мислам дека е жртва што не треба да ја направиме, освен за делници каде навистина нема доволно сообраќај. Иначе не сметам дека треба секој регионален пат да се претвори во автопат, дури и овие 842 километри се оптимистичка варијанта за Македонија. Толку автопати има во моментов Словенија (иста површина и популација со далеку пораспрснато население низ државата), а ако тоа ниво го достигнеме до 2025 треба да бидеме многу задоволни.
Втор проблем е што кај нас законски не е дефиниран терминот експресен пат и со него може да се манипулира, нешто што гледаме ни се случува со патот Градско-Прилеп.
Инаку баш според ЦИА, расходната страна на буџетот е 3,36 милјарди евра.
revenues: $3.103 billion
expenditures: $3.361 billion (2011 est.)

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 27-Oct-2012 at 11:28
Андреј секоја чест за трудот. Но не сум сигурен дека е приоритет толкава енергија и средства да се вложи во изградба на патна инфраструктура. Секако убаво е да се има убави , брзи и безбедни патишта но Македонија има и други според мене многу поприоритетни прашања за решавање. Како приоритет број едене во Македонија  според мене е водоводната и канализациската инфраструктура, како и менаџирањето со отпадот. Ова се приоритети кои директно влијаат врз здравјето на луѓето, а во иднина ситуацијата ќе биде уште полоша. Незнам колку ви е познато но  огромни општини сеуште немат канализациски системи а да не зборувам за колектори и пречистителни станици. Целиот отпад се фрла во реки и на диви депонии или директно во почвата. Сето ова допринесува за контаминација на почвата што со тек на времето се одразува и на здравјето на луѓето. Денес е веќе лошо а во иднина ќе биде уште полошо. Друг приоритет на Македонија е инвестирање во енергетиката и овозможување на енергетска независнот, како и и нвестирање во обновливите извори на енергија и подобра енергетска ефикасност како на општествените така и на приватните објекти. Дури на трето место како приоритет би ја ставил железничката и патната инфраструктура најмногу затоа што реално гледано во Македонија нема толку интензивен сообраќај кој со себе би донел потреба од толку развиена пред се автопатска мрежа. Според мене сосема доволни се експресните патишта, а во планиските предели патиштата со 3 ленти. Она на кое можеби најмногу треба да се работи е концепирање на нови траси со што би се избегнало важни меѓународни патишта да поминуват низ населени места. Ова конкретно можам да го кажам за патот Струмица, Новосело , Граничен премин кој е меѓународен пат   а поминува низ населените места Дабиле, Босилово, Турново, Секирник, Новосело,Ново Коњарини, Граничен премин. Е тука има реална потреба од обиколница и проширување на овој пат зошто е преоптеретен со товарни возила , патнички возила, трактори, запрежни коли, велосипеди и што ли уште не. Згора на сето ова поминува низ села каде што има огромен број на пешаци, кучиња,мачиња, и што ли уште не , и најлошо од се овие селе немат по цела своја должина тротоари со што безбедноста на пешаците е сведена на 0. А верувам дека ваква ситуација не е само на делницата Струмица , Ново Село. Од друга страна фактот дека 8 патни правци беа понудени за концесија и не се јави ниту еден заинтересиран многу убаво говори дека сега за сега исплатливоста на автопатиштата во Македонија е рамна на 0. Да не зборувам дека не е само да ги изградиш треба и да ги одржуваш. Затоа треба многу добро да се размили и да се дефинират приоритетите пред да почнат да се проектират и реализират ваквите капитални инвестиции. За да не ни се случи она што се случи во Источна Германија автопатишта од А1 категорија а празни. 
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 27-Oct-2012 at 11:56
3 361 000 000 US dollars = 2 599 178 935 euros
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 27-Oct-2012 at 12:18

Па било најдобро кога законски би се оделувале 5% од државниот буџет годишно, за изградба на нова, реконструкција на стара и одржување на постојната патна инфраструктура...

Па така без разлика кој е на власт би морал да инвестира во патната инфраструктура бидејќи тоа е законска обрвска...

Истото би важеле и за железницата... 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 28-Oct-2012 at 16:46
Ете отприлика добивме некоа средна цена за КМ експресен пат дека е 25% поефтина варијанта и точно е тоа дека не треба секаде да се откажем од автопат освен ако бројот на возилата е помал
фактот дека немаме законски дефинирано што е експресен пат, пример би го земал тетово гостивар, со по две ленти од 3,5метри би го зел како основа

така експресен пат со две ленти за возење во еден правец и на секои 2км паркиралиште би бил експресен пат од втора категорија (во рамници)

додека истотака експресен пат но со паркиралишта на секој километар во ридски терени и максимален наклон од 8% прва категорија експресен

Сепак јас сум за Експресен на делот Гостивар Другово иако би бил многу користен ама во догледно време, ке си ја врши функцијата, а бе заштедиле сепак доволно

исто така сум за Експресен пат на делот Богомила до прилеп, тука заштедата би била поголема, да ке има сообракај но возилата што доаѓаат од струмица, кавадарци гевгелија не би го користеле кога би се движеле кон прилеп битола и охрид оти тие би оделе преку Плетвар......затоа е таква мојата замислам

исто ако се направи Миладиновци штип, од Велес до штип би бил сосема доволен Експресен Пат.......

експресниот не би го занемарил и на Прилеп Кавадарци Неготино Лакавица
и според мене многу важен е Струмица кон делот Валандово удово или преку Богданци да се врзе Експресен со Е-75

струмица штип Експресен

останувам на мислата дека од Паланка до деве баир доволен е Експресен пат....... а до Куманово автопат.....

Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 29-Oct-2012 at 04:18
Нема потрба државата да се заборчува за патна инфракструтура.
Под итно да се стават електроски патарини на Коридор 10 и на изградениот дел од Кор 8.
Да се добие прецизна бројка на проток на возила.
Да се даде на концисионер постечките автопати за возврат концисионер да го доизгради во целост на ниво на автопат Кор 8 Буг до АЛБ и А10 Велес до Грција и да воведи патарини.
А сите други патни правци спомнати погоре влада да ги самофинасира од будџет на ниво од ехспресен пат соема доволно.
Ако би ставил прериотет на државно задолжувајне на сектор Енергетика и Железница.
По мое ова е приоритет пред автопати сепак без енергија неможиш ништо а најевти начин на превоз е железница а во исто време си отварме две опции за пристаништа за де не бидеме зависни само од Грците.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 29-Oct-2012 at 23:22

Goran, koncesioner ne mozea da najdat, imalo malku avtomobili pomakedonskite avtopatista, pa na koncesionerot ne mu se isplatelo da vlozuva tolku mnogu milioni.

Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 30-Oct-2012 at 00:09

Знам за тоа дека пропаднаа тендерите за концесии затоа што ги даваа два посебни правци Кор 8 и Кор 10 и плус немаат веродостојна анализа за број на возила.

Затоа треба да се воведат електронски патарини за да се добие точна престава на собраќај по коридорите  а исто условите за концинерство да се подобрат тогаш ке биди поинаква слика .
Еден оператор да ги добие двата правци под концесија Кор 10 е во целост изграден а Коридор 8 е делумично ке има задача само да догради коридорт 8 во целост.
Под ваков услов и спрема и со точна статистика на проток на возила може да се продолжи векот на концесирајне ке се подобрат условите и ке стане атрактивен за инвестирајне.
А останите патишта спомнати во постовите државата да си ги гради со средства од буѓет и поволни кредити.
А под итнно да се вложува во сектор енергетика и железница ако за нешто треба државата да се забочи е во овие гранки да имаме капацитет да не увезваме ел енергија а исто да отвориме алтернатива за стопаството излези на две нови пристаништа до му воведеме конкуренција на Грците да не можат да не условуваат а железница е наекомичен и најеколошки вид на транспорт.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 18-Nov-2012 at 22:32
Недела, 18 Ноември 2012 18:13

Владата планира да гради три нови автопати во следнте пет до шест години. Како што дознава ekonomski.mk, инвестицијата e вредна од 600 до 800 милиони евра.

Изградбата на автопатиштата планирано е да се реализира преку јавно приватно партнерство со кинески компании.

Еден од автопатиштата треба да се гради на потегот Миладиновци-Свети Николе- Штип. За него според првичните анализи потребни се околу 250 милиони евра и се разгледува опцијата автопатот да биде со две или четири ленти.

Вториот автопат се планира да се гради од Гостивар до Кичево и да биде во две насоки. За третиот се уште се размислува но веројатно ќе биде во источниот дел на Македонија за да се поврзе со Коридорот 8.

Средства за најавените инфраструктурни проекти ако се реализраат ќе се обезбедат преку ЕКСИМ кинеската банка за поддршка.



Извор: ekonomski.mk
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 18-Nov-2012 at 22:47
Ништо не ми е јасно од статијава! Едно нешто е јасно од друга страна, а тоа е целосното отсуство на политичка волја, знаење и далекувидност кога станува збор за изградбата на автопатската мрежа во Македонија. Видоа дека Србија склучува матни зделки со кинески компании за изградба на автопати и тие одма се наместија. Наместо да се оди со задолжување кај меѓународните финансиски институции и потоа на меѓународен тендер за изведувач, се форсира зделка во 4 очи и гарантирана работа за кинеските компании. Се разбира во двата случаја ќе се работи за кредит кој ќе треба да го враќаме. Сега за секој сегмент посебно:

1) Миладиновци-Штип: дали ова значи дека се размислува за изградба на еден коловоз кон Штип наместо автопат со полн профил?
2) Гостивар - Кичево: дали ова значи дека само еден коловоз би се градел по новата траса со автопатски карактеристики, а еден коловоз ќе се задржи постоечкиот пат преку Стража? Ова би значело слична ситуација како на делницата Катланово-Велес, но тука стариот коловоз ниту од даелку не ги задоволува автопатските стандарди (остри кривини, големи наклони, голем дел од патот има одрони во зима и две ленти...).
3) Која би можела да е оваа делница која би се надоврзувала на К8?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 18-Nov-2012 at 23:29
3. Блаце де... 
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 20-Nov-2012 at 11:49
Тројката може да е од Куманово накај Крива Паланка --> Бугарија
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 20-Jan-2013 at 15:22

Од крстосница на Балканот, станавме дупка на патот!

ejan.azeski@kapital.mk">Дејан Азески
Од%20крстосница%20на%20Балканот,%20станавме%20дупка%20на%20патот!%20

Додека Македонија две децении инфраструктурно стагнира, соседите вложуваат милијарди евра во автопатишта. Сега земјата е заобиколена од алтернативните коридори на соседите, што драстично ја менуваат и нашата геостратешка позиција. Од земја со централна и стратешки важна позиција, станува дупка на мапата кој секој возач се обидува да ја заобиколи!

.......................................................

Иако Македонија ја има природно дадената привилегија да биде на локација во која се сечат два меѓународни патни и железнички коридори, нејзе денес сe почесто ја заобиколуваат и патниците и транспортерите. Повеќедецениското неинвестирање и незавршување на Коридорите 8 (Бургас-Драч) и 10 (Будимпешта–Пиреја) во комбинација со силните инфраструктурни инвестиции на соседите на алтернативни коридори кои ја заобиколуваат земјата, ја направи Македонија, 20 години по независноста, инфраструктурно слепо црево.

Нашата патна инфраструктура, споредено со сите соседни земји, е најлоша! Македонија во моментов располага со 259 километри автопатишта, од кои само 38 километри се изградени во последниве пет години. Од вкупно 911 километри магистрални патишта, дури 85 километри сe уште се земјени, што е незамисливо за 21 век. Состојбата со регионалните патишта е уште полоша. Од вкупно 3.772 километри, земјени или покриени само со макадам се 928 километри.Во меѓувреме, сите соседи на Македонија засилено, со десетици милијарди евра, вложуваат во инфраструктурата....

Реалната опасност Вардарско-моравската Долина
да го изгуби стратешкото значење!?

Неодамна започна со изградба последната делница од македонскиот дел на Коридорот 10 меѓу Демир Капија и Смоквица. Овој дел од 28 километри кој ќе чини 270 милиони евра треба да заврши до 2016 година. Со тоа од меѓународниот коридор 10 незавршен ќе остане само делот пеѓу Владичин Хан и Врање или т.н. Грделичка Клисура во соседна Србија. Сепак, експертите предупредуваат дека традиционално најкраткиот пат од Солун за Белград поради повеќедецениската негрижа и поради јасното оцртување на новите алтернативни коридори ќе го изгуби своето значење.

Според Зоран Арнаутов, оперативен директор на Фершпед, кој во бизнисот со шпедиција е повеќе децении, апсолутно е реална варијанта да бидеме инфраструктурно заобиколени и како балканско слепо црево нашите коридори да го изгубат своето значење. Коридорот 10 од низа причини е сe повеќе заобиколуван од транспортерите.

„Веќе гледаме што ни се случува со новиот автопат Истанбул-Игуменица кој го користат сите транспортери од Турција и Блискиот Исток кои порано поминувале преку Вардарско-моравската Долина. Коридорот 8 кој 20 години го немаме завршено ќе стане небитен кога ќе се завршат веќе започнатите алтернативни коридори преку Албанија и Бугарија. Ако транспортерите се навикнат на тие рути многу е тешко да се вратат назад. Никој не може да каже колкави се загубите за домашната економија од едноставна причина што се непресметливо големи“, вели Арнаутов.

И транспортерите ја потврдуваат оваа состојба. Според нив, состојбата со Коридорот 8 не вреди ни да се коментира, а и кај Коридорот 10, кој е во релативно добра состојба, постојат причини надвор од инфраструктурата кои ги бркаат нивните колеги од Македонија.

Биљана Муратовска, претседател на Макамтранс, смета дека иако поради кризата и општиот пад на бројките во транспортот не може точно да се одреди колкав е бројот на транспортерите и транзитните минувачи кои бараат алтернатива за Коридорот 10, но реално според сите факти е да се очекува дека нивниот број ќе се зголемува.

„Во моментов е многу реално да нe заобиколат соседите со нивните коридори и автопатишта. Конретно на Коридорот 10 немаме толку лоши патишта, но граничните премини се проблем. Не може да убедиш возач кој поминал 30 европски земји без граница да застане и да биде проверуван на четири царински контроли низ Македонија и на секоја да чека во просек минимум неколку часа. Точно е дека три до четири часа е пократко низ Македонија, но тоа не мора да значи ништо ако истото време се губи по граници“, вели Муратовска.

На прашањето колку воопшто е потребно и значајно Македонија да е главна транзитна земја и за тоа да вложи неколку милијарди евра кои реално се потребни за завршување на коридорите, Муратовска е децидна во одговорот.

„Генерално во кружниот тек на капиталот транспортот е главната алка. Тој е крвотокот. Многу е поважно парите кои ги даваме за субвенции да одат за инфраструктура за тој производ да може да стигне до крајната дестинација. Дури ни малите даноци не се толку важни, бидејќи има и земји во Африка со пониски даноци од нас каде што никој не инвестира, бидејќи нивната отсеченост оневозможува производите евтино да стигнат на пазарите“, тврди Муратовска.

Поранешниот амбасадор во соседна Албанија, Ристо Никовски, е единствениот оптимист околу незаменливото значење на Вардарско-моравската Долина. Тој смета дека во јавноста се пласираат лажни и непостоечки тези за да се прави сензација.

„Од аспект дека нашите коридори можат да го изгубат значењето мислам дека не е точно. Вардарско-моравската Долина е клучна артерија со децении и реално е најкраткиот пат од север за југ, а нашиот дел од Коридорот 10 речиси е завршен“, вели тој.

Според него, не треба постојано медиумски да се пропагира и да се избрза со вложувањето во коридорите кои сами по себе ако нема доволна фрекфенција на возила не прават никава разлика.

„Јас лично сум да се гради, но со план. Автопат кој не може самиот себеси да се одржува од патарини и плус да го враќа вложеното, е автопат-загубар. Точно е дека треба да го следиме хрватскиот пример, но кога автопатот Загреб-Сплит во должина од околу 400 км ќе ни изгледа фреквентно како улица Партизанска“, заклучува Никовски.

Автопатот Тирана –Приштина, критичен за Западна Македонија

Албанија денес е земја на Балканот која најактивно вложува во инфраструктурата. Веќе е изграден „Автопатот на нацијата“ како што најчесто се нарекува патното поврзување меѓу Тирана и Приштина. Изградени се исто така автопатиштата Тирана, Драч, Елбасан Валона, а во план е поврзување на градот Флора со Џирокастро со можност за продолжување до најјужиот албански град и туристички центар Саранда. Амбициозниот проект најавен пред десетина година за инфраструктурно препородување на земјата, кое наголемо се остварува, според првичните проценки требаше да чини околу 800 милиони евра, но неговата цена веројатно одамна надминала една милијарда со оглед на тоа што само двата тунели од по пет километри под планината Проклетија чинат по неколку стотици милиони евра поединечно.

Поранешниот македонски амбасадор во Тирана, Ристо Никовски, со неверување се сеќава каде била Албанија за време на неговиот престој таму непосредно по падот на комунизмот, а каде е сега.

„На почетокот на 90-тите години во Албанија се возеше буквално по козји патишта. Не беше ништо изградено од воената инфраструктура на Италијанците во Втората светска војна. Едноставно од ништо за 15 години направија модерна инфраструктура во која сe уште вложуваат. Само за автопатот од Тирана за Милет на косовската граница кој понатаму продолжува за Приштина направија два тунели подолги од по пет километри и вложија над петстотини милиони евра. Сепак, сметам дека одлуката е повеќе политичка, ако се знае дека автопатот сe уште има слаб проток на возила“, вели Никовски.

Изградбата на овој автопат наголемо се чувствува во Западна Македонија. Навиките на граѓаните на Косово, за Тирана, Драч и Валона да патуваат преку Струга и Ќафасан сега се сменети. Планината Проклетија како некогаш непремостлива пречка меѓу Албанија и Косово е победена и со тоа уште еднаш на штета на Македонија е смената конфигурацијата на теренот. Последиците се чувствуваат и во практика. Стојан Брчески, долгогодишен угостител од Струга, вели дека инфраструктурата е најтесно поврзано со туризмот и дека последиците најмногу се чувствуваат на терен.

„Конкретно во нашиот хотел бројот на косовски туристи е намален за 40% по изградбата на автопатот Приштина–Тирана. Од контактите со другите угостители дознавам дека и кај нив состојбата не е многу поразлична. Мое мислење, а и на повеќето од мојата фела е дека изградбата на Коридорот 8 е единствен начин да се повратат овие туристи и евентуално да се донесат нови“, вели Брчески.

Егнатиа одос ни ги однесе транспортерите за Игуменица

Грција е една од најзадолжените земји на светот, ако се смета според процентот на надворешниот долг како процент од БДП. Сепак, на граѓаните од овој луд период на енормно задолжување ќе им остане една бесценета работа како наследство, а тоа е автопатот Егнатиа Одос или Виа Игнација. Ова светско чудо на современото градежништво кое во должина 670 километри ја спојува најисточната точка на грчко-турската граница со јонското пристаниште Игуменица ја чинеше владата во Атина неверојатни шест милијарди евра. Дека сумата потрошена за периодот на градбата од 2003 до 2009 година е реална, сведок се 76 тунели со комбинирана должина од 99 километри и 1.650 вијадукти изградени по целата должина на трасата.

За многумина наши интелектуалци опседнати со конспирации енормните вложувања во овој автопат се токму за да се заобиколи Македонија и за да се направи Вардарската Долина неважна, но ние се задржавме на реални економски факти кои повторно одат против македонските интереси.Зоран Арнаутов од Фершпед ни потврдува дека овој автопат ја смени конфигурацијата на теренот на Балканот.

„Во минатото сите патници или транспортери кои доаѓаа од Ориентот преку Мала Азија имаа два избора. Или да возат по Вардарско-моравската Долина или да се качат на брод во Истанбул и да патуваат до Копер. По изградбата на автопатот Егнатиа одос секоја година поголем дел од камионџиите и патниците возат од Истанбул до Игуменица за 7-8 часа (во минатото се патувало и по 16 часа) и се качуваат на брод од Игуменица за Бриднизи, Бари или пак, за Венеција ако одат во Централна Европа. На овој начин Македонија е целосно заобиколена“, констатира Арнаутов.

Долината на Струма ја заменува Вардарската Долина

Бугарската власт уште на средината на минатата година најави дека до 2020 година земјата ќе има седум автопатишта и седум брзи патишта како дел од трансевропската патна мрежа. Изградбата на овие патишта од кои поголемиот дел веќе се започнати чини околу три милијарди евра, од кои Европската унија ќе обезбеди 80% или 2,5 милијарди евра. Во претходните 20 години во Бугарија се изградија 177 километри автопатишта, а во изминатите две години се изградени 52 километри, а во изградба се уште 132 километри. До крајот на 2012 ќе започне изградбата на уште 117 километри патишта. Најзначаен од овие патни правци кој најмногу ја тангира Македонија е оној кој од Софија, преку Благоевград, Кресна, Сандански се спојува со граничниот премин Кулата и оди кон Солун. Со оглед дека Бугарија работи и на автопат кој ќе ги спојува Софија и Ниш преку Босилевград (пат кој и така е многу користен од патниците на Балканот многу е веројатно дека Македонија и Вардарската Долина ќе бидат елегантно заобиколени.

Овие факти ги потврдува и Стевица Чарапиќ директор на бродската транспортна компанија МСЦ, според кого, има низа причини кои би ги натерале патниците и транспортерите кои одат за Солунското или за Истанбулското пристаниште да ја изберат Бугарија пред Македонија.

„Грција и Бугарија се во ЕУ, што значи ако транспортер кој вози од Западна Европа, од Ниш оди преку Бугарија за Грција ќе избегне две гранични, царински контроли и пет патарини во Македонија. Според нашите контакти, странците најмногу се жалат службите за опслужување на Македонските патишта не работат 24 часа“, вели Чарапиќ.

Kако влијае недовршената инфраструктура на македонското стопанство

Недоволниот пристап до железнички транспорт, автопатски пристап единствено до Солунското пристаниште го отежнуваат и го поскапуваат транспортот на македонските компании кои извезуваат македонски производи и на оние кои увезуваат суровини. Повеќето компании со коишто разговаравме, без разлика дали се мали или големи, се едногласни дека скапиот транспорт драстично ја поскапува цената на производите и ја намалува нивната конкурентност.

„Сметам дека инфраструктурата е клучен проблем, кој нe прави неконкурентни и со кој нема да издржиме на долг рок во битката со странските конкурентски компании. За илустрација, камионски превоз од Струмица до Бургас н$ чини 28 евра по тон, а доколку го има, железничкиот би нe чинел 12 евра по тон. За да бидам конкурентен во однос на некоја компанија од Пловдив или од Солун, кои имаат железница, мора да ги рационализирам трошоците до минимум, да барам работниците да работат повеќе и да смалувам трошоци каде што реално не може да се смалат“, вели Митко Шапковски, директор на Металопромет Струмица, производител и извозник на метални цевки.

Со сличен проблем се соочува и Славчо Буџаковски од компанијата Ариазоне Охрид, која произведува системи за електронско сервисирање на клима-уреди и ги извезува во околу 70 земји ширум светот. Тој пресметува дека еден резервен дел кој чини пет евра додека да стигне во некоја земја од ЕУ достигнува цена од 150 евра поради транспортните трошоци, шпедиторските услуги и царинските формалности.

„Тоа не е случај со резервните делови на италијанските машини, на пример, па затоа и тие имаат голема стартна предност пред нас“, вели Буџаковски.

Со проблеми од овој тип се соочуваат и малите и големите компании во земјава. Во зависност од тоа чија фабрика каде е лоцирана, проблемот доаѓа до израз во оние градови каде што нема пруга. За разлика од Фени, кој како голема компанија која увезува големи количини руда и се жали на недоволниот капацитет на железницата да одговори на нејзините потреби, струмички Металопромет, кој во голема мера извезува за Бугарија, тврди дека нема да издржи на долг рок во битката со странските конкурентски компании, затоа што камионскиот превоз од Струмица до Бургас ја чини компанијата 28 евра по тон, а со железнички транспорт, кој го нема кон Бугарија, би чинел 12 евра по тон. Отсуството на железница долж Коридорот 8 драстично ја намалува конкурентноста на оваа компанија, но и на целата македонска економија. Фактот дека железнички пристап имаме единствено до Солунското пристаниште, а штрајковите на грчката железница и на пристаништето во просек 120 дена во годината го прават овој транспортен коридор недостапен за македонските компании доволно зборува за слабите транспортни можности кои им стојат на располагање на македонските компании. Слична мака има Љупчо Иловски од компанијата Сигурносни појаси од Охрид. Отсуството на железница до Охрид и комплицираниот и поскап претовар на производите наменети за рускиот и за египетскиот пазар од камиони во воз во Скопје, Белград или во Ниш го прават поскап во однос на конкуренцијата, што исто така, на долг рок може сериозно да го загрози неговиот бизнис.

Големите компании не се во ништо подобра ситуација. Генералниот извршен директор на Фени, Константинос Даскалакис, објаснува дека железничките услуги за нив се тесно грло. „Иако нашата фабрика е директно поврзана со железничката мрежа, многу малку ја користиме железницата поради слабата инфраструктура, недостигот од локомотиви и специјализирани вагони. Од 9.000 тони материјал, колку што превезуваме секој ден, само 2.000 тони се превезуваат со железница, бидејќи тие немаат капацитет за повеќе“, објаснува Даскалакис.

.......................................................

Патниците ја претрчуваат Македонија

Покрај лошата патна структура и спорите гранични премини, македонските коридори се многу поразлични од оние во Западна Европа. Кај нас има многу малку брендирани бензински станици со сета дополнителна угостителска опрема, а со останати содржини кои би можеле да ги задржат случајните минувачи не се ни разговара.

Биљана Муратовска од Макамтранс смета дека и оние патници кои се верни на македонските патишта само протрчуваат низ земјава и беспотребно ни поминуваат потенцијално големи финансиски средства кои не знаеме да ги искористиме.

„Проблем е тоа што и тие патници кои идат кај нас само протрчуваат низ Македонија и не знаеме да ги задржиме. Покрај за бензин и за кафе, тие можат да бидат основа за бизнис од илјада различни категории од мотели и кампови покрај патот до големи логистички центри кои можат да значат навистина сериозен профит“, вели Муратовска.


http://www.kapital.mk/mk/magazin.aspx/91555/od_krstosnica_na_balkanot,_stanavme_dupka_na_patot!.aspx?iId=3004



Edited by Andrej_LJ - 20-Jan-2013 at 15:23
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Feb-2013 at 22:08
После вечерашнава средба помеѓу Борисов и Груевски, ми изгледа како Бугарија да пробува да постигне изградба на автопатот Скопје - Софија побрзо, како знак за подобрување на односите и интензивирање на комуникацијата. Во сите соопштенија се наведува автопатската врска (и жел.) дека се голем приоритет, но од друга страна вакви изјави служаме децении по ред.

Навистина се надевам дека оваа автопатска делница ќе се задвижи поскоро и ќе се искачи на листата на приоритетите на двете држави.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Feb-2013 at 11:32
за балкански прилики според мене експресен пат е оваа делница што се гради во јужна Албанија.Овојпат треба да се спои најјужно со автопатот во Грција Егнација Одос

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.441 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.