![]() |
![]() |
![]() |
Вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 46> |
Author | |
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
naskoro nema da ima ni pred majka tereza...
|
|
![]() |
|
kenzo_fan ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Инаку, позади човекот најдесно се наоѓаат просториите на организацијата “Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Цитат од нивната веб страна: “... ПОДДРШКА
Горди
сме дека сите акции се безрезервно поддржани од Владата на Република
Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната
самоуправа (ЗЕЛС) со општините, и ЈП Македонски шуми.
... “
Личниот сетилен допир со иднината – со коренчињата на иднината како индивидуална радост, но и колективна добродетел, на себе ја почувствуваа сите – од Претседателот на Владата и министрите, па до целото граѓанство на земјата. |
|
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
|
|
![]() |
|
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
Градежната оператива се сели под Кале
Домашните градежни компании се задоволни од ваквиот тек на настаните и велат дека си обезбедиле работа за наредните неколку години. Од друга страна, инвестициите во луксузни хотели позитивно ги оценија и туристичките работници ![]() Просторот под Кале се претвора во вистинско градилиште Луксузни хотели ќе се градат во Скопје Скопје уште долго време ќе биде едно големо градилиште. Ова го потврдува планот за градба на општините, градот и државата за наредните неколку години. Она што сега е актуелно во централното градско подрачје е постепеното преселување на градежните активности од т.н. Мал ринг, односно плоштадот „Македонија“ и неговата поблиска околина, кон делот околу Скопското кале, поточно во неговото подножје до брегот на реката Вардар. Неколку огромни градилишта се отворија последниве неколку недели, на кои ќе никнат огромни луксузни објекти во стилот на барокот, како што е и трендот во строгиот центар. Хотели, градска куќа, јавни објекти, управна зграда на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“, се содржините што треба да го исполнат овој досега запуштен дел од главниот град. Домашните градежни компании се задоволни од ваквиот тек на настаните и велат дека си обезбедиле работа за наредните неколку години. Од друга страна, инвестициите во луксузни хотели позитивно ги оценија и туристичките работници, кои со години критикуваа дека на Скопје му фалат хотели со поголем капацитет и висока категоризација. Барокни хотели ќе мамат богати туристи Изминативе две години под скопската тврдина се откупени неколку градежни парцели од државата на кои беше предвидено да се изградат луксузни хотели во барокен стил. Инвеститорите се обврзаа на условите и временскиот рок за изведба, а деновиве го гледаме почетокот на дел од тие инвестиции. ДУП „Централно зеленило покрај Вардар - парк 2“ предвидува изградба на пет хотели, спортски центар и катна гаража. Две од петте парцели за хотели беа претходно продадени. И двете ги купи ексдиректорот на Дирекцијата на државните нафтени резерви, Марјан Јованов. Првата како физичко лице, а втората ја доби на повтореното наддавање преку неговата фирма „3Д тим груп“, откако претходниот победник, сопственикот на ресторанот „Воденица“, не ги уплати парите. За преостанатите две парцели државата води судски спорови. На јавно наддавање Јованов преку „3Д тим груп“ ја купи и понудената локација за катна гаража, по цена од 71 денар за квадрат, односно вкупно околу 15 илјади евра за 13.050 квадратни метри, колку што изнесува површината на целата парцела. Според урбанистичкиот план, предвидено е објектот да има катност П+7 и висина од 27 метри од нивото на новопланираната улица спрема Вардар и само приземје со висина од 3 метри од нивото на улицата Лазар Личеноски. Површината за градење изнесува 7.352 квадратни метри, додека коефициентот на искористеност на парцелата изнесува 4,51. Исто како и за хотелите, инвеститорот е обврзан фасадното обликување да го изведе во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Оваа катна гаража е предвидена и за потребите на националната арена „Филип Втори“. „Бетон“ ја гради луксузната Градска куќа На тогашното јавно наддавање, за една од парцелите, најповолен понудувач беше фирмата „Амадеус груп“-Скопје, која понуди 5.000 денари за квадратен метар, при почетни 61 денар за квадрат, или вкупно 20.450.000 денари за 4.090 квадратни метри. Неофицијално се тврдеше дека зад името на „Амадеус груп“ стои албанска компанија. Парцелата има површина за градба од 1.487 квадратни метри и коефициент на искористеност еднаков на 1,1. Инвеститорот е обврзан фасадното обликување да го изведе во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Инвеститорот, исто така, има обврска да го изгради хотелот за не повеќе од шест години откако ќе ја добие градежната дозвола, која, пак, треба да ја обезбеди во рок од една година од солемнизирање на договорот за отуѓување на земјиштето. На локација кај поранешните бараки на ЈП „Водовод и канализација“, на улицата Лазар Личеновски, под Скопското кале, веќе е во изградба новата градска куќа, која ќе се простира на површина од 1.274 квадратни метри. Ќе биде висока 21 метар и ќе располага со приземје и пет ката. Таа ќе претставува административно-деловен објект наменет за потребите на градската администрација. Главниот влез во објектот ќе биде од новопроектираната улица, која ќе води по кејот на реката Вардар, а влез ќе има и од страната на улицата Лазар Личеновски. Објектот предвидува работен простор за 650 вработени. На приземјето од објектот е обезбеден простор за Архивата на градот Скопје, како и други простории наменети за корисниците на услуги. Од првиот до четвртиот кат се обезбедени канцеларии за вработените во градската администрација. На петтиот кат се планирани простории за кабинетот на градоначалникот, за секретарот на градот Скопје, сала за советот и просторија за претседателот на советот. За новиот објект е обезбедено подземно паркирање на три нивоа, за 170 возила. Планирани се лифтови и скалила, централна климатизација, а новата фасада ќе биде во неокласичен стил и ќе се запазат сите стандарди за заштеда на енергија. На изградбата на објектот работат екипите на градежната компанија „Бетон“ од Скопје. Рокот на изградба е четири години, а за изведба на овој проект градот Скопје ќе потроши околу 900 милиони денари. Автори на проектот за Градската куќа се Иван Кокалановски и Борче Стојковски од „Кад биро“. izvor |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Од целата такозвна градежна експанзија во тој дел, најголем мерак ми прави што ваљда конечно ќе го тргнат Циган пазар од тој дел на градот.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Има некаков урбанистички план, ситуација, рендер, основа, или што и да е, од тој огромен зафат што планираат и веќе го прават точно спроти Градскиот Парк од другата страна на Вардар?
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Јас имам наидено на овие Кај 5-те хотели: ![]() Кај СРЦ Кале: ![]() Кај градската куќа и објектот на водовод: ![]() |
|
![]() |
|
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
За неполните 4 години работа во својот мандат вчера градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, даде отчет за сработеното. Тој се осврна на големиот број сработени инфраструктурни проекти, реконструирани улици, изградените катни гаражи како и реконструкции на училишта и градинки. Градоначалникот, исто така, нагласи дека општинската администрација во неговиот мандат била дополнително оптоварена со реализацијата на проектот Скопје 2014 и дека голем дел од неговата изведба паднал на грбот на Центар. Општината во изминатите четири години вложила повеќе од 10 милиони евра, не вклучувајќи го проектот Скопје 2014, кој не е дел од печатената форма на отчетот.
- Проектот Скопје 2014 не е ставен во отчетот, за граѓаните да имаат јасна претстава дека општината работи многу повеќе и на инфраструктурните проблеми кои се клучни за директното подобрување на условите на нашите жители. Општина Центар е срцето на Скопје и срцето на Македонија. Од една страна имаме привилегирана положба сите важни институции да бидат стационирани во нашата општина, меѓутоа од друга страна имаме огромна одговорност да овозможиме максимална пристапност и функционалност на центарот на Скопје, изјави градоначалникот Тодоровиќ. Како еден од последните остварени и највисоко оценет проект од страна на граѓаните, Тодоровиќ ја потенцираше изградбата на Скверот Јадран во центарот на градот, што многумина го нарекоа скопскиот Волстрит, а вкупно на територијата на Центар реконструирани се повеќе од 70 улици. Запрашан за интересот на продажбата на деловниот простор во новата катна гаража кај Судска палата, градоначалникот призна дека е слаб. Таму најверојатно привремено ќе се пресели администрацијата на Центар, затоа што на тендерот за изградба на нова општинска зграда имаат интерес неколку големи градежни компании. Првиот човек на Центар додаде дека со реконструкциите на училиштата и градинките сега ниедна од нив нема азбестен покрив, а пред нова година, во дворот на постоечката градинка на улица Козараа, ќе се гради уште една нова. Центар исто така ќе нарача и проект за изградба на основно училиште и уште една нова градинка на улицата Васил Ѓорговв пред Заводот за вработување. Мостот Око чека нов изведувач На вчерашната прес-конференција градоначалникот на Центар соопшти дека договорот со избраниот изведувачот на мостот Око, хрватскиот Конструкторр, е раскинат поради неажурност и неисполнување на обврските од договорот. Општината веќе има распишано нов тендер за избор на изведувач и очекуваат за околу 15 дена веќе да се потпише новиот договор. Сплитската фирма "Конструкторр почна да го гради мостот Око уште во 2009 година, а според договорот требаше да го предаде во употреба кон почетокот на 2011 година. Оттогаш минаа речиси две години, а на терен ништо не се работи. За неговата изградба Центар од својот буџет ќе одвои 1,5 милиони евра. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E314BA02BA13A74DA965D88080ABB985 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
се гребит за нов мандат,ништо друго
|
|
![]() |
|
blejdsk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 320 |
![]() ![]() |
Рајски парк во општина Аеродром
![]() Во општина Аеродром, во главниот град Скопје ќе се гради нова атракција, односно уникатен парк кој ќе биде предизвик за посета. Паркот со кој Скопје ќе понуди нова туристичка атракција ќе биде на површина од 15 хектари. Курир дознава дека рајската градина ќе биде меѓу петте најубави во светот , ќе има премногу содржини за посетителите од сите генерации. На отворената владина седница, претседателот на македонската влада, Никола Груевски, ја најави изградбата на овој парк. http://denesen.mk/web/2012/11/18/rajski-park-vo-opstina-aerodrom/ Курир ексклузивно дознава дека во градината слободно ќе шетаат животни од најубавите видови како срни, елени, мајмуни, фазани и пауни. ![]() Edited by blejdsk - 18-Nov-2012 at 22:12 |
|
![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
можат и скалеста да ја направат па да наликува на Вавилонската
интересна идеа |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Абе каква интересна идеа, каква туристичка атракција? Па за Бога ова ли ни се приоритетите? Кога цел град тоне во ѓубришта, мизерија, смрад, загадување од тешки метали ние ќе градиме парк за фазани и срни? Да не зборувам за другите жешки проблеми на Скопје или другите градови! И зошто не се направат напори да се потсреди Зоолошката градина, со цел да стане побогата? Мааалку барем да имаа допир со реалноста!
Многу ме нервира оваа подвојување на сите капацитети и институции кои ги имаме. Се градиме на ново, а го оставаме старото да пропадне! |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
blejdsk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 320 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Тоа што не се одржуваат постоечки работи и што не се решаат важни проблеми во градот, не значи дека оваа градина не треба да биде реализирана, односно дека не е оправдана... Секој метар квадратен уреден парковска површина во случајов градина придонесува на екологијата на градот и на квалитетот на живот.... А притоа, најверојатно оваа градина ќе се гради на локација која е денес најверојатно дива депонија и неуредена површина. Што уште повеќе ја оправдува реализацијата на ваква идеја... Инаку најлогична локација според мене а и воопшто е просторот кај терминалот на последна 5 и 15, односно кај тренинг центарот и административната зграда на ФФМ... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
oTeget ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 09-Nov-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Какво е бре ова ретардирано новинарство да ви се плукнам и во „курир“ и во новинарите! Edited by oTeget - 19-Nov-2012 at 00:43 |
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Се е ова убаво, подржувам да има било какви паркови уште повеќе и ако до сега немало вакви паркови во државава ама мислам дека премногу ја исфорсираа општина Аеродром со паркови, а другите општини како да не постојат, не е добро тоа...
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Па досегашните паркови не беа градени од државата, беа градени од општината... Секоја општина за себе нека си гради ако мисли дека и се потребни...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ете ти ги паркот на езерата и паркот Јане Сандански, два месеци после реализација, беа пусти, освен што користеа како излежувалиште за пензионери... а веќе постоечките огромни паркови во Јане Сандански не се ни наводнуваат редовно... и не знам дали да збориме за тоа што пола општина е во мракови со фрикови, што не се осеќаш безбедно во свое маало, што ни 0.00001% од инфраструктурата не е средена и довршена, и треба да ја знаеш на памет поради лошата сигнализација и многуте кризни точки... а и она што некогаш било уредено, сега не е којзнае што и треба да се реновира не е дека не треба парк да има, туку треба да се има реални приоритети... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Мхмм... Ама јас не реков дека проблеми нема... и дека не треба да се решаваат... Јас само реков дека оваа идеја е повеќе од оправдана... зимајќи во предвид дека нејзината локација е местото каде летно време се палеа огнови и за тоа време пола Аеродром смрдеше на запалени гуми и што и уште друго не.... Да во право си дека повеќето од уредените паркови се на непогодни локации... но подобро да бидат паркови отколку да бидат израснати ливади и депонии... А јас навистина би сакал така да се средат и подобро да се одржуваат средишните паркови што се наоѓаат меѓу зградите во Јане Сандански, Ново Лисиче, Аеродром, 13 Ноември... итн итн... Не дека и во нив се нема инвестирано... се има... само кај мене во паркче има поставено 10тина канделабри, има нови пешачки патеки, корпи и клупи, ново детско игралиште и 4 стари обновени... рефлектори за кошаркарското и сл... Истото е пример и во другите блокови... некаде, како во Ново Лисиче има изградено и потполно нови спортски игралишта... Е сега... може нема фонтани, водопади или незнам развиена хортикултура... но се посредени од тоа што беа претходно... порано беа пустини... Не велам дека и ова што е направено е доволно... Секако дека треба повеќе и подобро... Но мислам дека е неблагодарно да се рече дека ништо не е направено... Јас ја разбирам состојбата кога ќе се навикнеме на околината и кога мислиме дека треба уште да се направи од тоа што е направено... и таа состојба е сосем оправдана, и јас ја искусувам... но... не е се така толку црно... А околу сигнализацијата... Не разбрав... Те молам дај ми примери... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
околу сигнализацијата: имаш семафори меѓу гранки, недостаток од сообраќајни знаци, а оние што постојат се половина демолирани, непрегледни раскрсници на кои има сообраќајки, и т.н.
и сеуште не се решени некои критични точки, како пешачките премини на булеварите на пример... и почна неверојатно да ме иритира, тоа што постојано се фалат како некаде имало десет канделабри, детски игралишта, десет корпи за отпадоци и т.н. како да е којзнае што... доста веќе ни претставуваа рутинска и ефтина работа на општината како грандиозни, детални и комплицирани проекти... факт е како било порано, и како е сега, ама не мора тоа да ни се сервира како да е преродба од неверојатни размери понекогаш и весникот општински кога го читам се прашувам дали они сериозно тоа... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 46> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |