![]() |
![]() |
![]() |
✔ Grand Prestige,Domino,Trim Lum - Карпош |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 14> |
Author | |
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
јас дури сега приметив колку лошо зградиве ќе излегуваат директно на улица... да, ќе има простор за пешаци, ама сепк премногу блиску е
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
nikla802 ![]() Newbie ![]() Joined: 18-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
...eeex bre lugje..samo videte koj se investitori i se ke vi stane jasno. Cisto informativno.....i na volkava katnost babackoto(go cesalo, toa e ) povtorno ukral nekoe metarce nad venec vo GRAND PRESTIGE.
|
|
![]() |
|
Bobi ![]() Newbiе ![]() Joined: 31-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Има ли некој нови слики од комплексов!!!! Од внатре или од надвор,до каде се работите!!!!
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Заглавија на фасадата. Сигурно 2 месеци.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Пред малку ги забележав овие светла и ги документирав, па видете:
![]() Се работи за една од двете згради од истоимениот станбен комплекс Edited by alexsend - 18-Oct-2012 at 20:51 |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
се работи ама многу споро. деновиве ќе сликнам. На едната веќе и се работи на фасадата, а другата сеуште си е цигла mode
![]() |
|
![]() |
|
Bulldozer ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Jul-2010 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
Агенциите веќе не нудат станови од „Гранд престиж“
И Стопанска банка-Скопје за сите свои партнери и натаму одобрува кредитирање на населението со оставање на станот во изградба како хипотека, а за овој комплекс бара како залог друг имот Агенцијата за продажба на недвижности „Асторија“, која во својата понуда ги имаше и становите од „Гранд престиж“, веќе не ги нуди на продажба. Ако минатата недела се јавевте да прашате за стан од овој комплекс, вработени во агенцијата беа подготвени веднаш да излезат со вас на терен, а вчера информираа дека веќе не ги продаваат овие станови. Стопанска банка-Скопје, пак, која ги кредитираше граѓаните што купуваа станови во овој комплекс, според информациите од Секторот за кредитирање, за сите свои партнери одобрува кредити со ставање под залог на станот што е во изградба, освен за „Гранд престиж“. За овде, се бара како хипотека да се остави друг имот, велат во овој сектор. Засега нема информација колку станови се продадени од двете згради, од кои едната, според најавите, требаше да биде готова до крајот на годинава, а втората во март в година. Тие инаку требаше да бидат првите од вкупно шест објекти колку што се планираа да се изградат во комплексот лоциран веднаш до фабриката „Алумина“. Нивни инвеститори се фирмите „Еуро актива“ и „Импексел 2“ во соработка со Стопанска банка од Скопје, која со овие фирми има потпишано Меморандум за долгорочно партнерство и, како што се дознава, веќе им има одобрено кредит од 12 милиони евра, а вршеше и кредитирање на граѓаните што решиле да купат стан во „Гранд престиж“. Завршувањето на изградбата на започнатите објекти, а особено продолжување на четирите останати згради и комплетирање на целиот комплекс, стана неизвесно со оглед на кривичната пријава поднесена од Финансиската полиција за „Еуро актива“ за злосторничко здружување, при што за нејзиниот сопственик и управител од страна на Судот е изречена и мерка притвор во траење од 30 дена. Kако што веќе пишувавме, оваа компанија, заедно со уште 13 физички лица, е осомничена дека е дел од криминална група која во текот на 2010 и 2011 година со затајување данок ја оштетила државата за 2,3 милиона евра. Само „Еуроактива“ се товари за оштетување на буџетот во висина од околу 900.000 евра. Финансиската полиција, како што информираат оттаму, има поднесено кривични пријави за 13 физички лица и едно правно, при што едно лице, кое е наш државјанин, не им е достапно на органите на прогонот. Од извори од градежниот сектор се дознава дека тој веднаш по апсењето на другите од криминалната група, избегал од земјава. Истиот, велат овие извори, имал пункт за откуп на старо железо. Според истите извори, компанијата „Еуро актива“ досега се занимавала со продажба на градежни материјали, пред с` на челични мрежи за градежништвото, при што во Македонија и во Kосово вршеше откуп на старо железо, кое потоа ~ го продаваше на грчката фирма „Синедор“ од Грција од каде што ги земала мрежите. Kомплексот „Гранд престиж“ ~ е прв излез во станбената изградба. Нејзиниот партнер и соинвеститор, фирмата „Импексел 2“, претходно има градено во Тетово, а во Скопје за неа се „слушна“ кога беше ставена на „црната“ листа со градежни компании. Имено, по избивањето на градежната афера „Фиком“, во која огромен број луѓе останаа без станови и за која с` уште се водат судски постапки, од Општина Kисела Вода излегоа со листа на градежни фирми кои имаат изградено нелегални објекти. Таква беше и станбената зграда на „Импексел 2“ на улица Огнен Прица (на раскрсницата со Јужен булевар) на која последниот кат беше дивоградба. И покрај ваквата репутација, Стопанска банка-Скопје одлучи да ја кредитира изградбата на „Гранд престиж“ на истиот инвеститор. Од банката с` уште немаат одговорено дали постои ризик таа и граѓаните што зеле кредити за станови во овој комплекс, да бидат сериозно оштетени. За можниот ризик, од Народна банка велат дека согласно регулативата која е заснована на меѓународните стандарди, секоја банка е должна да воспостави и да примени политики и процедури за управување со ризиците, вклучително и со кредитниот ризик, а во тие рамки, секоја банка е должна да дефинира критериуми и процедури за одобрување кредити. Извори од банкарскиот сектор претходно за „Дневник“ посочија на непотизам во односот меѓу централната банка и Стопанска банка. Имено, директорката на супервизија при НБРМ, Милица Стојановска, е сопруга на главниот директор за управување со ризици на Стопанска банка, Тони Стојановски, што фрла сомнение врз регуларноста на супервизијата во однос на оваа банка. Од Народна банка во врска со ваквата позиција соопштија дека нивната директорка била изземена од супервизијата на Стопанска банка - Скопје и дека, иако е прв човек на оваа институција, не учествува во процесот на одлучување секогаш кога станува збор за оваа банка. - Ако НБРМ утврди дека има прекршување на законската регулатива, презема соодветни мерки спрема прекршителот - соопштија од централната банка. (Р.Д.) http://dnevnik.com.mk/?itemID=90C5FCBBB1ADA24BA21FE6920925DE1C&arc=1 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Редно е да ја ставиме и другата страна, наспроти онаа на Дневник. Морам да признаам дека не очекував од ваков цивилизиран весник да започне кампања која што наликува на една телевизија и весник што сите ги знаеме.
Еве го и прилогот од ТВ Телма: Продажбата на становите од комплексот „Гранд Престиж“ се одвива без никаков проблем, а со несмалено темпо продолжува и доградбата на зградите, тврди инвеститорот Неим Хусеини отфрлајки ги како неточни шпекулациите кои се појавија во јавноста дека е неизвесна судбината на овој елитен станбен комплекс. За граѓаните кои купиле или планираат да купат стан, вели тој, не постои никаков ризик. Неим Хусеини сопственик на „Импексел два“ вели дека целиот објект не е сопрен ниту еден ден и дека, напортив се засилува работата за да се исполни ветеното на купците. Објектот има имотен лист,купувачите се запишани во катастар, тие немаат преддоговор туку нотарски акт дека станот е нивни, немаат никаков ризик, вели Хусеин.
Хусеини уверува дека проектот „Гранд Престиж“ ќе биде во целост реализиран.Едната зграда ке биде пуштена во употреба до Нова година, другата во март, а брзо потоа ке почне изградбата и на останатите четири згради од комплексот. Според него, на процесот нема да влијае кривичната пријава и судскиот процес кој се води против фирмата партнер „Еуроактива“ чиј сопственик е осомничен за затајување данок. Зад обидот да се оцрни репутација на „Импексел два“, Хусеини ја препознава конкуренцијата.
-Најверојатно некој има лични интереси,немаат продажба,па го користат ова што се случува со мојот партнер, ни наметнуваат етикети. Го користат вакуумот, ние да прекинеме со продажба, а тие да ги земат клиентите. Но, ние и во вакви денови продаваме станови, лугето имаат доверба и си платија, нагласува Хусеини.
Според Хусеини од 320 станови колку што ќе има во двете згради, досега се продадени 40 отсто. Становите ке продолжат да ги продаваат сами без посредство на агенции за недвижности по цена од 1100 евра за метар квадратен. Изградбата на компелксот вреден 70 милиони евра започна во мај кога „Импексел два“ и „Еуро актива“ потпишаа меморандум за долгорочно партнерство со „Стопанска банка“. |
|
![]() |
|
ivopfc ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
„Свежи“ слики од денес....
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Bulldozer ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Jul-2010 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
Стопанска се повлече од градилиштето на „Гранд престиж“ Празна куќарка
на експозитурата на Стопанска банка - Скопје стои на градилиштето на
комплексот „Гранд престиж“ во скопската населба Тафталиџе. Овде,
до пред извесно време граѓаните заинтересирани за купување стан во
најавуваниот елитен комплекс можеа на самото место да се информираат за
условите за кредитирање, но и да поднесат документи за аплицирање. Оваа
банка во мај потпиша Меморандум за долгорочно партнерство со фирмите
„Еуро актива“ и „Импексл 2“, кои се инвеститори на изградбата. При
објавувањето на соработката меѓу банката и двете компании беше најавено
дека изградбата на целиот комплекс ќе чини околу 60 милиони евра, при
што 50-60 отсто од потребните средства како кредит ќе ги обезбеди
Стопанска банка. Згора на тоа, и дека секој што сака да купи стан, може
да се обрати за кредит до банката, па ако ги исполнува условите, ќе може
лесно да дојде до покрив над главата. Притоа се најави дека за да бидат
поблиску до граѓаните, на самото градилиште ќе се отворат простории на
банката. Edited by Bulldozer - 27-Nov-2012 at 17:06 |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() А можеби сите станови се продадени, или Стопанска Банка одлучила да конфискува некои веќе изградени станови бидејќи инвеститорите не си ги плаќале навремено своите долгови кон Стопанска Банка, па исто како што Комерцијална Банка ја купи Сан Марко и ја доизгради, така и Стопанска Банка можеби го купила или ќе го купи Гранд Престиж и ќе го доизгради, а во такви околности, самата банка ќе нуди станбен простор на продажба или под кирија, а за тоа слободно ќе можат потенцијалните купувачи или кираџии да се информираат во секоја филијала на Стопанска Банка, поради што тој сега веќе непостоечки информативен пункт на Стопанска Банка во Гранд Престиж станал непотребен. Поради снемувањето на еден информативен пункт се крева галама дека инвестиција тешка 60 милиони евра едноставно пропаднала, типично шпекулативно, а можеби дури и дезинформативно. Edited by Dexter26 - 27-Nov-2012 at 17:55 |
|
![]() |
|
Bulldozer ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Jul-2010 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
![]() Edited by Bulldozer - 27-Nov-2012 at 18:37 |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Добро, можно е и такво сценарио, но јас како иден економист, можам само да кажам дека твоето сценарио е најлошо можно за банката. На една банка не и требаат станови, коли и други објекти и ствари, туку пари, готовина. Случајот со Комерцијална е малку поинаков, затоа што тука банката, зградата ќе ја искористи како свое идно седиште, додека тука станува збор за станбени згради. Твојов пример е небаре Стопанска ќе стане градежна компанија.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
на банкиве наши ништо не им треба,заштите се како бели мечки.се додека граѓаните(а тоа се 3.9 милијарди евра) штедат во банки а не во акции,инвестиции,злато или друг вид на хартии од вредност,банкиве вака ќе се однесуваат.
и да изгубат многу пари во вакви проекти,тоа што ќе се случи е да ги качат каматите на кредитите и така ќе си ги компензираат загубите.мува не ги лази |
|
![]() |
|
maci ![]() Newbiе ![]() Joined: 09-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 14 |
![]() ![]() |
дали е шпекулација или не,во секој случај е лош знак за идните купувачи.
што би правеле банките не е интерес на купувачот кој ризикува да врзе дел од парите во објект кој е прашање дали ќе се изгради или не. и ако се изгради еден два објекта и ако се завлечат другите објекти ќе биде лоша глетка која ќе мора да се гледа се додека се изградат другите. мое мислење е дека климата за продажба на толку голем и комплекси не е дојдена,мислам дека тешко ќе се продат становите не само кај нив туку и кај другите такви комплекси. еве земете пример со комплексот македонијана б.стојменов.неможеше да ги продаде па ги преадаптира во хотел. се додека не ги испровоцираат со намалување од 200 евра граѓаните ништо од бизнисот.граѓаните чекаат намалување на цените.затоа е слаба-бавна продажбата. |
|
![]() |
|
maci ![]() Newbiе ![]() Joined: 09-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 14 |
![]() ![]() |
што бидна со гранд престиж? има ли некој нови=свежи информации?
гледам едната ја осветлуваат навечер со неонки наместени по линија на фасадата. секогаш поминувам или рано насабајле или доцна навечер,никако неможам да видам дали се работи на објектот. |
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
ne e losa fasadava.. osven toa plavoto staklo
![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
нови слики
1 2 3 Edited by Cloverstack - 03-Jan-2013 at 18:37 |
|
![]() |
|
FiLis ![]() Newbiе ![]() Joined: 06-Feb-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Добро бе луѓе, што се случува со делот, да не кажам кршот од Алумина што се наоѓа од Гранд престиж до Интермед?
Тој не е на Гранд престиж, односно нивниот изведувач. Се наоѓа исто на Прашка, во заграден простор помеѓу градилиштето на Гранд Престиж и амбулантата Интермед (поранешно К-15). |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |