build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 27-Nov-2012 at 20:27

МЕПСО објави тендер за набавка на 202,6 илјади мегавати струја за 2013

Државниот оператор на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО објави тендер за набавка на струја во износ од 202.621 мегават часови за цела 2013 година. Целта на оваа набавка е да се покријат загубите од електрична енергија во рамките на системот на пренос во периодот од целата идна година.

Тендерот е поделен во 12 дела по месеци за кои може да се конкурира посебно. Најголеми потреби за покривање на загубите на струја МЕПСО очекува во јануари кога бара да купи 21.328 мегават часови, а најмалку во јуни кога се потребни 14.160 мегават часови електрична енергија.

Главен критериум за добивање на тендерот ќе биде најниската цена. Од заинтересираните компании се бараат гаранции за учество на тендерот, како и гаранција за испораката. Покрај тоа, од компаниите се бара и исполнување на редица други услуги наведени во тендерската документација.

Краен рок за доставување на понудите е 11 декември 2012 година до 10 часот во просториите на МЕПСО.

http://www.plusinfo.mk/vest/68388/MEPSO-objavi-tender-za-nabavka-na-2026-iljadi-megavati-struja-za-2013

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 27-Nov-2012 at 21:27
тоа е 1/3 од вкупното производство на РЕК Осломеј.Се гледа колку значи вложување во свои капацитети.А од ланско искуство тендерот ќе го добие топлификација од ТЕ-ТО во Скопје,а струјата ќе ни ја наплати како увозна
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 28-Nov-2012 at 00:14
Да не е ова поврзано со вчерашниот договор со посредство на владата помеѓу Топлификација и Макпетрол? Бидејќи државата неможе директно да ја субвенционира Топлификација, па истата е неконкурентна но реална со цените за греењето, гарантира откуп на струја од Те-То, а за возврат цената на киловат/час топлинска енергија останува иста заради совијален мир. То би значело и сигурни приходи и рентабилност за Топлификација, па и можност за отплата на долгот кон Макпетрол, иста цена за парно, но од друга страна повеќе потрошени пари од ЕЛЕМ за купена струја. Ми личи дека се оплеткува клопчето, и искрено немам ништо против оваа зделка доколку е во разумни граници, не поединци да прават огромни богатства на сметка на даночните обврзници.

Edited by UrbanFreak - 28-Nov-2012 at 00:16
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Brusen View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2012
Location: Skopje/Italy
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Brusen Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 28-Nov-2012 at 16:02
Здраво на сите од форумов! Фасцинантно е како граѓаните самите си помагаат помеѓу себе и разменуваат информации.
Имам едно прашање: Дали некој на форумов има искуство со МХЕЦ-и, изградба на истите и бркање на потребната документација до добивање дозвола/одобрение за градење..? Или можеби имате да препорачате некој кој ја знае оваа работа и врши консултантски услуги... некој што добро го познава законот и измените. Благодарам.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 28-Nov-2012 at 16:54
проф.Кочо Анѓушев од машински
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 28-Nov-2012 at 18:07

ЕВН Македонија е најголем увозник и прв муштерија на трговците со струја 

За првите 10 месеци целиот обем на истргувана електрична енергија на нашиот пазар вреди околу 120 милиони евра.

ЕВН Македонија е најголем увозник на електрична енергија во земјава во првите десет месеци годинава, покажуваат официјалните податоци на Операторот на пазар на електрична енергија. За првите десет месеци ЕВН Македонија увезла над 557.000 мегаватчасови електрична енергија и годинава го презеде приматот од рударско-преработувачкиот комбинат ФЕНИ Индустри кој долги години наназад важеше за најголем потрошувач на електрична енергија во земјава. Од споредбата на официјалните податоци се гледа дека ЕВН Македонија само за првите десет месеци годинава увезла 200.000 мегаватчасови повеќе електрична енергија отколку за цела година лани.

ЕВН Македонија годинава го замени ЕЛЕМ кој до лани увезуваше електрична енергија и за потребите на тарифните потрошувачи кои ги снабдува ЕВН Македонија. Според познавачите, поскапувањето во август и укинувањето на евтината тарифа во дневните часови е последица на тоа што ЕВН Македонија го презеде увозот за сопствените потреби.

ЕВН Македонија ќе биде најголем муштерија на продавачите на струја

Минатата година ЕВН Македонија за цела година по пазарни цени купила повеќе од 341.000 мегаватчасови електрична енергија за задоволување на потребите на тарифните потрошувачи. Со тоа купено количество оваа компанија лани била на 4 место на листата на најголеми потрошувачи на струја и во целиот обем на тргувана електрична енергија учествувала со 12,4 отсто.

За првите десет месеци годинава таа компанија е најголем купувач на електрична енергија на пазарот и држи 27,2 отсто од целата трговија со електрична енергија. На второ место годинава падна ФЕНИ Индустри со мал заостаток зад ЕВН Македонија и со пазарно учество од 26,6 отсто. Државниот производител на електрична енергија ЕЛЕМ е на трето место со пазарно учество од 12,2 отсто, односно со купени над 250.000 мегаватчасови електрична енергија. На четврто место на листата на најголеми потрошувачи на струја е комбинатот „Југохром Фероалојс“ од Јегуновце со пазарно учество од 12,1 отсто, а на петтото место годинава е МЕПСО со пазарно учество од 6,3 отсто.

Трговијата со струја во Македонија досега вреди околу 120 милиони евра

И покрај тоа што нема организиран пазар за тргување со електрична енергија односно берза, во Македонија годишно се купува и продава електрична енергија во вредност од барем 100 милиони евра. Сега на македонскиот пазар електричната енергија се тргува на два начини. Прво, со билатерални договори меѓу трговците и големите компании: ФЕНИ Индустри, Југохром Фероалојс, ОКТА, Бучим, Макстил, УСЈЕ, Скопски легури и Митал Стил. И второ на тендери – практика што ја применуваат ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и МЕПСО. Заради тоа што нема организирано тргување и нема берза за струја во земјава нема транспарентна пазарна цена која ќе се постигнува на дневно ниво за тргување по моделот „ден претходно“ или по моделот „во тек на денот“ како што е практика на регионалните берзи за тргување со електрична енергија и капацитети.

http://www.mkd.mk/78903/ekonomija/evn-makedonija-e-najgolem-uvoznik-i-prv-musterija-na-trgovcite-so-struja/

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 29-Nov-2012 at 09:47

Пелагонија и Мариово лежат на големи резерви јаглен

Најмалку 100 милиони тони јаглен крие јагленовото наоѓалиште Живојно кај Пелагонискиот басен. Ова го покажуваат геолошките и геотехничките истражувања на Живојно кои почнаа летото минатата година, а за кои ЕЛЕМ вложи 2,8 милиони евра

Државните Електрани до крајот на следниот месец треба да прецизираат кога и со каква динамика ќе почнат да отвораат подземно окно. Според новоименуваниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, за околу 3-4 години од Живојно  ќе треба да се вадат и првите количини на лигнит, објави Фактор.

- До крајот на 2012 година, истражувањата ќе завршат со  изработка на  Елаборати за рудните резерви и со тоа ќе се заокружи процесот на  истражувања за новиот рудник за јаглен во Живојно, кој е неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола. Ова ќе биде уште еден рудник во Македонија, каде јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација. Почетните проценки се дека геолошките резерви се околу 100 милиони тони јаглен.Во почетокот на 2013 ќе бидеме во можност да започнеме со изработката на
Главниот  Рударски проект за отворање и експлоатација на јагленот од наоѓалиштето Живојно“, велат од ЕЛЕМ.

Анализите на ЕЛЕМ, Градежниот институт Македонија и на Геинг и Хидроинженеринг во јули минатата година покажаа дека од Живојно најверојатно ќе се вадат најмалку 2,5 милиони и три милиони тони јаглен годишно, што е доволно за да се отвори една нова термоелектрана со капацитет од 200 до 300 мегавати.
Калоричната вредност на примероците од лигнитот од 8.100 килоџули за килограм покажале јагленот од Живојно има калорична вредност поголема од јагленот што се вади од рудникот Суводол, од кој потоа се произведува струја во РЕК Битола. Квалитетот на ископаните примероци на јаглен се испитуваа во Рударскиот институт во Белград.

Од ЕЛЕМ најавуваат и дека во тек е и изработката на Главниот рударски проект за отворање на рудник за јаглен со подземна експлоатација во Мариово. Во изминатите две години ЕЛЕМ ги заврши деталните геолошки истражувања кои покажаа дека Мариово најверојатно лежи на  62 милиони тони јаглен, се вели во текстот на Фактор.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11075

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 03-Dec-2012 at 12:14

БИОМАСА

Biomass and its role in country’s current and future energy
balance
- http://www.ecos2012.unipg.it/public/proceedings/pdf/RECS/RECS_ecos2012_384.pdf

26.04.2012 - Македонија може да прави струја од лозовите гранки - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4261285115&id=10&prilog=0&setIzdanie=22565

сепак ветерот е посиплатлива опција ако се има предвид дека е бесплатен а и поеколошка појава
Околу 1-2% од сончевата енергија се претвора во енергија на ветер, а тоа е околу 50-100 пати повеќе отколку сончевата енергија која се претвора во биомаса преку растенијата на планетата.
http://dzam.blog.mk/2008/07/21/veterot-kako-alternativna-energija/


освен ако биомасата е нуспродукт од ѓубрето по депониете па во тој случај да е поисплатлива како опција
Искористувањето на биомасата се исплати само доколку местото на нејзиното настанување е во близина на местото на нејзиното искористување (околу 10-15 км) поради цената на транспортот. Депонијата ,,Дрисла“ е идеална според карактеристиките, капацитетот и оддалеченоста од центарот на главниот град Скопје, најголемиот создавач на отпад во државава.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2978&Itemid=75


но ова значи енергетска ефикасност,а бидејќи истата е премиса е скована негде другде,малку ни е тешко да се навикнуваме на неа!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 21-Dec-2012 at 12:04

Студот ги троши резервите јаглен од РЕК„ Битола“

Поради недостаток на јаглен од рудникот Осломеј-Запад, дневните потреби на јаглен за ТЕЦ„ Осломеј“ се надополнуваат со количини , кои камионски се транспортираат од рудникот Брод-Гнеотино, подружница РЕК„ Битола“

-   Од почетокот на овој месец за надополнување на дневните потреби на јаглен во РЕК„ Осломеј“, секојдневно од подружницата РЕК„ Битола“, се транспортираат околу 2.000 тони јаглен. Овие количини на јаглен заедно со околу 2 – 2500 тони јаглен од сопствениот рудник Осломеј-Запад, ги задоволуваат дневните потреби на РЕК„ Осломеј“. Така што во текот на оваа зима од Битола за Осломеј ќе бидат транспортирани околу 200.000 тони јаглен, рече Мирче Котевски, портпаролот на АД ЕЛЕМ.

Неповолна околност е што преостанатите количини на јаглен во рудникот Осломеј-Запад се раслоени и тоа оневозможува да се експлоатираат по 4.000 тони јаглен, неопходни за дневна работа на ТЕЦ-от.

Во постоечкиот рудник има околу 1.700.000 тони јаглен, доволни за работа на Осломеј во наредните 2 години. Исто така на располагање стојат околу 250.000 тони јаглен од локалитетот “Стар рудник“ кои се експлоатираат со дисконтинуирана технологија-додава Котевски.

Според долгорочните планови на АД ЕЛЕМ и РЕК„ Осломеј“ , пред четири години започнале подготовките за отворање на нов рудник во локалитетот Поповјани, на овој локалитет се проценува дека има околу 9.000.000 тони јаглен. Овие количини на јаглен надополнети со уште 1.600.000 од локалитетот Чукале, кај село Србица, ќе обезбедат непречена работа на Осломеј во наредните 10-12 години.

Но несогласувањето на локалното население да се отворат овие рудници, ја става во голема неизвесност иднината на РЕК„ Осломеј“, во време кога Македонија има голем дефицит од електрична енергија и кога секој киловат електрична струја  е добредојден за непречено функционирање на животот во земјава.

http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11786

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 21-Dec-2012 at 18:02
не е до студовите,туку до блокадата која ја прави локалното население од с.Поповјани,кои поставуваат свои услови за да би се проширил рудникот.ако не се постигне некој договор РЕК Осломеј се затвора за 2-3 месеци.Во сегашниот коп се исцрпуваат последните залихи на јаглен
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 22-Dec-2012 at 17:59
Кои се барањата на жителите од с.Поповјани?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 22-Dec-2012 at 19:01
-прво вработување по најмалку еден член од секоја фамилија во селото,
-пошто само мал дел од копот завзема имот на селаните,поголемиот дел припаѓа на државата,се бара од селаните да им се откупи целиот имот,и таму каде има и таму каде нема јаглен,
-максималната цена што е одредена од државата(кажуваат дека е по некој закон) е 8 евра/м2, а тие бараат цена од најмалку 30-40 евра/м2 и тоа за сите ниви,
-сите нововработени за новиот рудник да се тие кои ќе ги кажат без обзир на образование.


Со оглед на тоа дека за генерален директор го поставија тој што ги запали сите шуми во кичевско(за што му стегнав кривична,и се моташе по судови 4 години),мислам дека или електраната ќе се затвори или ќе им се даде тоа што го бараат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 22-Dec-2012 at 19:10
Originally posted by gjoko

-прво вработување по најмалку еден член од секоја фамилија во селото,
-пошто само мал дел од копот завзема имот на селаните,поголемиот дел припаѓа на државата,се бара од селаните да им се откупи целиот имот,и таму каде има и таму каде нема јаглен,
-максималната цена што е одредена од државата(кажуваат дека е по некој закон) е 8 евра/м2, а тие бараат цена од најмалку 30-40 евра/м2 и тоа за сите ниви,
-сите нововработени за новиот рудник да се тие кои ќе ги кажат без обзир на образование.

Bash
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 22-Dec-2012 at 19:28
Originally posted by gjoko

-прво вработување по најмалку еден член од секоја фамилија во селото,
-пошто само мал дел од копот завзема имот на селаните,поголемиот дел припаѓа на државата,се бара од селаните да им се откупи целиот имот,и таму каде има и таму каде нема јаглен,
-максималната цена што е одредена од државата(кажуваат дека е по некој закон) е 8 евра/м2, а тие бараат цена од најмалку 30-40 евра/м2 и тоа за сите ниви,
-сите нововработени за новиот рудник да се тие кои ќе ги кажат без обзир на образование.


Со оглед на тоа дека за генерален директор го поставија тој што ги запали сите шуми во кичевско(за што му стегнав кривична,и се моташе по судови 4 години),мислам дека или електраната ќе се затвори или ќе им се даде тоа што го бараат

 
Ова сериозно ???
 
Ако е сериозно, се прашувам зошто воопшто глумиме држава ???
 
Дајте да се поделиме меѓу соседиве наши или да станеме протекторат, и во едниот и во другиот случај некој друг ќе донесува одлуки наместо нас, без наше овластување се разбира.
 
Ако не можеме еден рудник за јаглен од национален интерес да го прошириме и да го земеме под своја контрола иако е на наша територија, тогаш можеме само да сонуваме патишта, железнички пруги, гасоводи и ред други инфраструктурни проекти.
 
Дајте уште сега да ставиме крај на ова лудило, ако не не бива тогаш не не бива, нема смисла да се малтретираме до бескрај за вакви глупости.


Edited by Dexter26 - 22-Dec-2012 at 19:29
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 22-Dec-2012 at 20:36
ова е само мал дел,несакам да го оптеретувам форумов со работи што не се за овде.

засега недостигот на јаглен се надополнува со камиони од Битола,а ако пресметаме дека днево Осломеј троши 3000 до 4000 тони,еден камион по 15-18 тони,испаѓа струјата што ја плаќаме оди само за превозот на јаглен.

и сето тоа бидејќи се касни засега околу 1.5 години со започнување на работа на новиот коп
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 22-Dec-2012 at 21:14

зошто да немаат право селаните на компромис,односно притисок,протест!?што очекувате дека треба да им се скрши кичма ако не се сложуваат со нечија експертска и политичка одлука,да беше судска ајде,ама вакви коментари се неосновани та не треба ни јас да ги коментирам,сепак заради разбивање одредена исфрустрираност во случајов на Декстер морам да реплицирам!

друже во вакви услови на економско уредување каде сопственоста е императив тоа и законски им е овозможено на селаниве во случајов,а да не праиме муабет што и тогаш кога не беше тоа случај вевчанци колективно се одметнаа формирајќи своја држава кога сакаа апансаз да им земат изворите
шала на страна,но живеејќи во себични времиња не ни може чоек да очекува дека некому во некое село совеста ќе му проработи,та зар пред некое време нели имаа елем проблем со поставување трафо во гостиварско или пред некоја година кога патишчани не даваа вода за сончев град, натегањата за обиколницата итн.

ова е нормална реакција на жеден чоек,гледа да искористи при копање маалски бунар,та ако на секој ваков случај државата удри немилосрдно тоа не само што е грев туку е срамота!затоа има процедура но за која надлежните сега немаат време,што пак ги прави слаби планери,односно сега треба да пресече судот после што и државните институции би го откупиле земјиштето поволно!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 22-Dec-2012 at 23:19
Previous
 
Селаните треба да извршат притисок и да најдат заедничко компромисно решение со државата само за цената по која државата ќе изврши експропријација на нивните ниви и имоти кои се наоѓаат врз многу мал дел од копот за јаглен, како што спомна Ѓоко.
 
Од друга страна, загарантирано вработување по најмалку еден член од секое семејство, како и вработување на било кого само со согласност на селаните, без разлика на образование и искуство, е надвор од здравиот ум и разум.
 
Ако се земе во предвид фактот кој Ѓоко го спомна дека претставник на селаните е пироман кој палел шуми, несомнено за профит, тогаш следува заклучокот дека овие селани не бараат фер и праведна компензација при законска експропријација, туку бараат рекет, односно ги држат во заложнишво македонскиот енергетски систем и националните интереси на граѓаните на Република Македонија.
 
Ова не може да се смета за нормална реакција на жеден човек кој гледа да искористи при копање на маалски бунар, бидејќи не станува збор за извори на вода како што беше во случајот со Вевчани, не станува збор за неправедна национализација, односно за неправедно одземање на имот без надоместок, не станува збор за основни човекови потреби како што се вода и плодно земјиште кои, фала му на Бога, ги имаме во изобилие во Македонија, туку станува збор за имоти и ниви кои ги имаше и во близина на локациите на кои се прошири охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, па сепак не ги видовме селаните од охридско и струшко да бараат вработување на најмалку еден член од секое семејство во било која од аеродромските служби, без разлика на образование и искуство.
 
Ако селаните толку многу си ги сакаат нивите и имотите, треба да извршат притисок врз државата за да им помогне при преселба на нивните веќе постоечки домови на други локации, или да им додели нови земјоделски обработливи земјишта, или да им ги откупи имотите по цена која ќе биде прифатлива за нив, а не да бараат вработувања по свои мераци.
 
На крајот на краиштата, ги има безброј дипломирани, магистрирани, докторирани професионални криминалисти и криминолози, педагози, психолози, лектори и ред други луѓе кои се повеќе од потребни во МВР, во основните и средните училишта, а според Уставот на Република Македонија, државата е обврзана да вработува лектори за да го одржуваат македонскиот правопис во службените документи, но сепак сите овие луѓе се без работа, па сепак не ги гледаме нив да ја уценуваат државата или да бараат рекет.


Edited by Dexter26 - 22-Dec-2012 at 23:24
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 14-Jan-2013 at 00:19
од пред некој ден е текстот ама ке го постирам бидејки се спомнува дека газдиве на те-то (синтез) сакале да градат уште една гасна централа во западниот дел на скопје

Доаѓаат ли Русите?

Донесената одлука на Владата на истекот од ланската година за прогласување енергетска криза, фала богу, не стапи во сила. Успешно се заврши приказната наречена преземање на топлификациониот систем во главниот град од страна на новиот играч во овој бизнис, македонската фирма од руско потекло - „Балкан енерџи груп“. А постоеше сериозна опасност за Нова година жителите на Скопје да останат со ладни радијатори, што, пак, можеше да предизвика и распад на електроенергетскиот систем бидејќи во таква ситуација ќе се вжештеа сите греалки и клима-уреди и главниот град, кој и онака е најголем потрошувач на електрична енергија, ќе останеше ем во темница ем во студ. И ќе беше навистина „убав“ пречек на годината со баксузен предзнак.

Но, за среќа, тоа не с е случи. Во последен момент „н` спаси“ Регулаторната комисија за енергетика, која претходно со месеци, а богами и цела година, н` мачеше со прикаската околу парното. Зашто, дека нешто не чини, се знаеше уште лани кога „Топлификација“ ги врати лиценците, а Регулаторот се правеше на удрен и не одговараше додека не помина грејната сезона. За потоа, летоска, да не го прифати откажувањето на лиценците, а во екот на годинашнава сезона да одлучи да избира нова компанија која ќе ги затоплува скопјани.

Веројатно времето не беше созреано за да може новиот играч да ја преземе палката. И така таа, во пет до дванаесет, додека се подготвувавме за пречекот на Новата година, н` израдува со веселата вест дека можеме да бидеме спокојни – успешно се доделени лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Бидејќи лошите работи брзо се забораваат, останува само онаа добрата, а тоа е дека комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО конечно почна со работа. Во дневните диспечерски извештаи на МЕПСО стои дека веќе неколку дена централата произведува електрична енергија, и полека се забрефтува, па дури произведува и повеќе од планираното. Kаде оди струјава, засега нема информации. Но без разлика, дали ја откупува ЕВН за да го покрие она што ни фали или, пак, се извезува, бенефитот е тука. Имаме ново производство, со што ќе има пораст на вкупното индустриско производство. Истовремено, топлинската енергија оди во цевките од парното, што од друга страна, значи помалку трошење мазут и помало загадување на главниот град, во кој луѓето во зимските месеци дишат на жабри. Kонечно ќе се зголеми и потрошувачката на гас, која со децении, откако беше изграден гасоводот, е минимална. И што е можеби уште поважно, се отвора простор за гасификација на земјава.

Еден добар познавач на овој бизнис пред извесно време спомена дека тоа што Русите конечно решија да се раздолжат со клириншкиот долг кон нас, со изградба на дел од гасоводот кон Неготино и Kавадарци, и што прифатија и Македонија да има крак од „Јужен поток“ (без разлика дали тој ќе биде паралелен со сегашниот гасовод или ќе оди од некоја друга страна), значело дека постои сериозна процена дека и нашата земја ќе се гасифицира. Односно, дека ќе се зголемува потрошувачка на гас, без што инаку Русите немале да мрднат со прст.

Дека има нешто во сево ова, на некој начин потврда дава и информацијата што „Топлификација“ им ја соопшти на своите акционери, според која, сопственикот на ТЕ-ТО, руската компанија „Синтез груп“, била сериозно заинтересирана да изгради уште една, помала ваква централа, во западниот дел од градот, практично, како замена за сегашната „Топлана Запад“. Ако сегашнава централа може да задоволува 60 отсто од потребите од топлинска енергија за главниот град, со новата потребите целосно би биле задоволени и двете сегашни топлани на „Топлификација“ би заминале во историјата. Ваквиот развој на настаните, според она што се наведува од компанијата која досега н` грееше, бил и една од причините што го напуштаат бизнисот кој за нив веќе не бил профитабилен. Уште една ваква централа се спомнува и во стратегијата за развој на енергетскиот сектор на државата во следните години.

Ако на ова се додаде и најавата дека од „Балкан енерџи груп“ биле заинтересирани за изградба на „Чебрен“ и на „Галиште“, тврдењето дека ништо не е случајно и дека Русите сериозно влегуваат во нашиот енергетски сектор, станува реално. И ако еднаш поради караницата со ЕВН ја пропуштивме шансата Австријците да ни изградат гасоводен крак и да ја трансформираат ТЕЦ Неготино во гасна централа за производство на струја, втората шанса веројатно не треба да ја испуштиме.

Зденка ПАВКОВИЌ

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=6377463D15058240B25208EF54DAAEE3&arc=1




Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 14-Jan-2013 at 00:22
го нема целиот текст,ама битно да евидентираме

Macedonian state-owned power producer ELEM plans to invest 100 million euro ($133 million) into the development of a mine at the Zivojno coal deposit, it said.

http://wire.seenews.com/news/elem-plans-to-invest-100-mln-euro-in-zivojno-coal-mine-project-327510
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 17-Jan-2013 at 11:20

ЕЛЕМ ќе инвестира 100 милиони евра во рудникот за јаглен Живојно

ЕЛЕМ%20ќе%20инвестира%20100%20милиони%20евра%20во%20рудникот%20за%20јаглен%20Живојно 
Директорот на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, најави дека компанијата ќе инвестира околу 100 милиони евра во експлоатација на рудникот за јаглен Живојно, за кого што почетните проценки се дека геолошките резерви се околу 100 милиони тони јаглен. 

“За  проектот за истражување на јагленовото  наоѓалиште Живојно, АД ЕЛЕМ инвестира 2,8 милиони евра за геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања. Станува збор за рудник од кој јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација“, објаснува Бошковски во интервјуто за МИА.
Тој истакна дека е во тек и изработката на Главен рударски проект за отворање рудник за јаглен со подземна експлоатација во Мариово.

“Во текот на 2010 и на 2011 година се завршени деталните геолошки истражувања и започнавме со изработка на проект за отворање рудник и експлоатација. Експлоатациските резерви се проценети на 62 милиони тони. Изработката на главниот  проект е во завршна фаза, а како идна активност ќе следи и изготвување на физибилити студија за изградба на нова термоелектрана од 250-300 мегавати. Заедничката вредност на целиот зафат  иницијално е проценета на околу 400 до 450 милиони евра”, прецизира Бошковски.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/91735/elem_kje_investira_100_milioni_evra_vo_rudnikot_za_jaglen_zhivojno.aspx
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.193 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.