![]() |
![]() |
![]() |
Битолски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 18> |
Author | |
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
Изгребано па асфалт, иначе работите многу споро одат, тиња, тоа тие макдонија пат, па ке ми кажуваат на здрави нозе застанале... |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
еве го и целото видео
![]() |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Кружниот тек кај Црн Мост...
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
http://www.build.mk/?p=23635 |
|
![]() |
|
jonny ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Oct-2009 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Потпишан договорот за зонското паркирање во Битола
Понеделник, 24 Јуни 2013 17:52
![]() Општина Битола денеска го потпиша договорот за зонско паркирање во градот, нешто што досега не беше регулирано и беше голем проблем за граѓаните.Со овој договор се канализирал условот за паркирање. ![]() „ Ќе имаме обврска да вработиме 70 луѓе во следната година дена и 1.700 000 и нешто, да исплаќаме кон општината годишно.Занчи има три зони секоја зона ќе се наплаќа, зависно значи во која зона си, и ќе биде голем бенефит за граѓаните, кога знаеме каков е проблемот со паркирањето во градот."- вели Благој Крстевски сопственик на Стентон градба Зонското паркирање, односно наплатата, стартува во рок од 90 дена. ![]() „ Имаме значи три месеци пробен период и за управителот со зонското паркирање и за граѓаните, вие знаете дека овој долгогодишен проблем беше навистина голем и сега со трите зони, точно ќе се знае каде може да се паркира, ќе биде од големо значење за граѓаните, посебно во пазарните денови, кога практично беше невозможно да се излезе со возило."- вели м-р Владимир Талески градоначалник на Битола. ![]() Јавното приватно пратнерство меѓу Стентон градба и општина Битола, ќе трае 6 години. Битола ќе добие 1951 паркинг место во три зони, се воведува улично и вонулично паркирање, каде во првата зона првите 15 минути се бесплатни, за два часа ќе се наплаќа 30 денари, секој нареден час, 10 денари дополнително.Во недела и неработни денови, паркингот ќе биде бесплатен. Извор: ТераТВ |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Нови кружни текови во Битола
Четврток, 27 Јуни 2013 17:29
![]() Општината Битола ја подготвува документацијата со која планира нови кружни текови во градот. Градоначалникот вели дека тоа се кружни текови кои ќе го олеснат сообраќајот. -На улицата „Васко Карангелевски" ќе има 2 нови кружни тека, кружен тек во делот кај Триангл и кружен тек кога се доаѓа од Грција, кај автобуската и железничката станица, бидејќи сообраќајното решение не е добро таму. Во таа постапка има нешто што прави забуна, по барање на граѓаните ќе интервенираме со нов кружен тек таму и секаде каде што ќе цениме дека фрекфенцијата е голема, а со кружен тек може да се олесни, изјави м-р Владимир Талески, градоначалник на Битола. Повеќе од потребен е кружен тек на излезот на Битола кон Прилеп. -Планираме еден кружен тек кај булеварот на излезот од градот, пред пумпата на Лукоил, зашто луѓето кои излегуваат од црквата Света Недела сега неправилно излегуваат, во близина да направиме кружен тек да се вратат назад во градот, тоа не е итно, го решаваме со сообраќаната полиција, рече Талески. Градоначалникот дополнува дека ако стигнат со документацијата, финансиски не е неподносливо за да се направи во оваа градежна сезона. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Се асвалтира на Девејани
Вторник, 02 Јули 2013 18:10
![]() Денеска се асвалтираше во населбата Девејани, општина Битола исполнува со овој зафат, барања од локалното население.Првично се местела канализацијата, за деенска да се пристапи кон асвалтирање. „ Вкупната вредностсо целата оваа механизација што ја имаме и сите овие зафати е енкаде над 8,5 милиони денари, мислам дека е голема придобивка затоа што овој дел навистина беше долг период како одсечен од градот, така што сега ќе имаат поврзување и мислам дека во многу ќе им се олесни животот.Се работи за три краци овде."- истакна градоначалникот на Битола м-р Владимир Талески. Овие три краци се само дел од планираните 25 улици низ градот кои треба да бидат завршени оваа градежна сезона, а се дел од 100-те улици, ветени во изборната програма.Во повеќе делови на градот се работи зависно од фазите на градежните активности.Утре ќе се работи на Струшка, делови од Ленинова, Кирил и Методиј и др.Во населбата Мал Париз, ќе се работел проект за патна инфрастуктура.Нискоградба работи во овој дел. „ Работиме и на улицата Дебарска ако се сеќавате ја почнавме минатата година првично местевме канализација па водовод и сега за асвалтирање се подготвува во овој дел ан Баирот ќе работиме и на улицата Мукос овде се работи за 200 метра канализација и 600 метра асвалт на трите краци."- рече Кире Крствески директор на КЈП Нискоградба Битола. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Интензивна градба на Црн мост![]() Во поновата историја на Битола ретко кој од граѓаните памети изградба на мост, 13 ги има по течението на реката Драгор но покрај стариот Црн мост сега се гради нов. „ Изградбата на мост е предизвик за секој градежна фирма и за нас претставува задоволствомостото ќе претставува едно големо решение за градот сообраќајно решение."- вели Борис Неделковски директор на БВ Инжињеринг фирма подизведувач Градежните активности се интензивни и се работи деноноќно воглавно навечер се местата армиранобетонските надмосници а дење останатите градежни активности. ![]() „ Динамиката на градењето е согалсно предвидената динамика на самиот проект не сме имале некои проблеми едниствено кога беа поставени првите темели заради надојдените води моравме наново да ги поставиме и тоа е единствениот проблем кој досега сме го имале."- додава Недлековски Неделковски истакна дека мостот би требало да биде готов на почетокот на септември оваа година и генерално истакна специфичната работа завршува вечерва со поставувањето на последните 6 намосници, по што се преминаува на турањето на плоча, за да мостотот биде изграден во целост истакна дека остануваат уште неколку градежни активности кои не зависат од временските неприлики. http://www.tera.mk/2013072367809/aktuel/intenzivna-gradba-na-crn-most Edited by Danielbtmk - 23-Jul-2013 at 23:02 |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Се асвалтираше во центарот на Битола
Петок, 26 Јули 2013 17:25
![]() Продолжува инфраструктурното темшпо на битолската локална самоуправа денеска се асвалтираше во ценатрот на градот. „ Улиците „29 Ноември" и „Кирил и Методиј", на едната односно на „29 Ноември" интеревениравме и со подземна инфраструктура на „Кирил и Методиј" немаше потреба значи се работи за вкупна должина од околу 400 метар и вкупна вредност од околу 2,5 милиони денари."- вели м-р Владимир Талески градоначалник на Битола. ![]() По големиот празник Илинден,општината ќе пристапи кон преасватирање на патот Трново-Магарево. „ Значи по празникот некаде околу 15 август ќе интервенираме и во пет села."- истакна Талески Бистрица, Кравари, Логоварди, Кукуречани и Цапари се петте села. http://www.tera.mk/2013072667990/aktuel/se-asvaltirashe-vo-centarot-na-bitola |
|
![]() |
|
shule ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
На гугл мапс улицата „29-ти Ноември“ е означена како „Виенска“, а некои субјекти како на пример српскиот конзулат во адресата ја наведуваат „29 Ноември“. Дали е ова грешка во внесување на името на гугл мапс, или пак улицата е преименувана, а тоа се уште не е ажурирано? Во тој случај, градоначалникот не знае за преименувањето?
|
|
![]() |
|
jonny ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Oct-2009 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Сега брзо ги сменаа имињата на еден куп улици, така да најверојатно некој веќе ги поправил на Google maps. Гледам дека и мојата улица (порано Иван Милутиновиќ) е веќе преименувана во Филип II Македонски.
p.s. мал трол |
|
![]() |
|
shule ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Да, изгледа дека е до тоа. Според ГИС кој е достапен преку страната на општината, сега таа улица се вика Виенска, но ако се повика план на градот, се гледа дека била 29-ти Ноември. Требаше некој да се најде да го поправи градоначалникот. А и луѓето кои внесуваат на гугл мапс се доста ажурни, што е за пофалба.
![]() |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Се работи на влезот на Буковски ливади
Четврток, 01 Август 2013 17:59
Инфраструктурните ангажмани на општина Битола и денеска продолжуваат односно се селат во населбата Буковски ливади каде се интевренираше на улицата и водоводната мрежа. „ Овде ја уредуваме улицата во должина некаде околу 500 метар водоводна мрежа а асавалтирањето ќе биде до првата раскрсница кон Буково и населбата."- вели м-р Владимир Талески Жителите од населбата задоволни од сорботката со општината и локалната самоуправа. „ Според планот на месната заедница овде во Буковски ливади еден од приоритетите ни беше влезот и наидовме на разбирање кај локалната самоуправа.Имаме и други потреби во населбата какао што е дворот на училиштетот бидејќи во есенскиот и зимскиот период од дождовите децата се прскаат и валакаат."- вели жител на населбата „ И на најстарата улица и дојде денот да биде напрванеа бидејќи оваа населба беше како отсечена сега се уредува и ќе заличи и голема благодарност до градоначалникот што ни излезе во пресрет." „ Јас во оваа населба живеам 50 години и знам како изгледаше улицата предходно и сум многу балгодарен и задоволен што сега истатата инфраструктурно се уредува."- велат жители на населбата Градоначалникот Талески најави дека после 12 август ќе почне изградбата на најавениот нов кружен тек на крстосницата на улиците Партизанска и Васко Карангелевски кај ВЕРО, и ќе се дозаврши делот на улицата Никола Тесла од кај стакелната до Уредот. http://www.tera.mk/2013080168201/aktuel/se-raboti-na-vlezot-na-bukovski-livadi |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Нов асфалт за неколку улици во Битола
Среда, 21 Август 2013 17:44
![]() Деновиве во тек е подготовката за асфалтирање на улицата „Столарска", а ќе се асфалтира од кружниот тек кај Безистенот до стаклената зграда. Во саботата беше асфалтирана и улицата „Тошо Даскало". -Едната е во вредност од над 3 милиони денари, а другата околу 2 милиони денари. Оваа градежна сезона планираме да биде една од најактивните, изјави м-р Владимир Талески, градоначалник на Битола. Градежната сезона ќе биде искористена максимално. -Убеден сум дека ветената бројка ќе ја заокружиме целосно и Битола ќе биде побогата за голем број инфраструктурни содржини. Планираме и за следната година, ќе одиме во фази колку што имаме финансиски средства, изјави Талески. Општината моментално работи на патот Трново-Магарево, се подготвува за асфалтирање, а планирано е и да се уредува просторот пред црквата во Трново. Се работи на коловозот кај Буковски мост, а улицата „Мирче и Танче Живкови" се подготвува за асфалтирање. http://www.tera.mk/2013082169080/aktuel/nov-asfalt-za-nekolku-ulici-vo-bitola |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Два кружни тека на Васко КарангелевскиПродолжуваат градежните активности на повеќе локации во општина Битола. Покрај градежните зафати на повеќе улици во градот, се реализираат предвидените проекти за подобрување на инфраструктурните услови и во руралните средини. Покрај на четирите улици во селото Кукуречани, на патот Трново – Магарево, деновиве интензивно се работеше и на десет краци во с. Бистрица. Но Талевски вели дека тука не застануваат. „ Сега некаде сме на половина на оваа градежна сезона и чекаме Гранит да ги отвори своите програми и конечно во Битола да влеземе со поголема интервенција. Меѓу останатото покрај овие неколку села , имаме многу голема интервенција од минатата сезона која што остана нереализирана"- изјави Д-р Владимир Талески градоначалник на Општина Битола Во текот на својот мандат градоначалникот Талески покрај 4 те кружни текови кои што ги направи со најава за уште два „ Тоа е улицата Васко Карангелевски , кокај што има еден кружен тек на едниот крај , но ќе има уште два кружни тека и целата улица ќе се преасвалтира" Улицата Васко Карангелевски е една од најфрекфрентните улици во градот. Нaјчести грешки на возачите се неприлагодена брзина, првенство на минување, но и пешаците не ги почитуваат сообраќајните правила. Со двата кружни тека, сите се надеваат дека дека ќе се надминат овие проблеми. http://www.tera.mk/2013091370194/aktuel/dva-kruzhni-teka-na-vasko-karangelevski Edited by Danielbtmk - 13-Sep-2013 at 19:52 |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Васко Карангелевски со три кружни тека
Среда, 18 Септември 2013 18:28
![]() Денеска започнаа активностите на планираниот втор кружен тек на улицата Васко Каранглевески се отстрануваа семаформите и се подговотвуваше теренот. „Ќе изградиме кружент тек овде на ова место значи кај крстосницата кај Веро Новиот пазар и населбата Нова Битола и уште еден кај влезот за хотел Битола кој ќе биде наменет за намалување на брзината на возилата." вели д-р Владимир Талески градоначалник на Битола. Кон асвалтирање ќе се пристапи според Талески веднаш штом се завршат тампонирањата во Кравари, Цапари, Трново Магарево, овој дел на Васко Карангелевски, во Логовради, Кукуречни и другите отпочнати градежни работи.Граѓаните задоволни што ветеното се исполнувало. ![]() „ Многу сме задоволни од општината и оваа локална власт кои го реализираат овој проект."„ Има и други проекти како патеката кај Сезам, потоа улицата од Новата пошта до Сезам и мислам ова место ќе стане поубаво за живеење ветеното се исполнува."- велат жители од Нова Битола На оваа улица немало потреба од интервенција со подземан инфраструктура со што оваа есен сите работи ќе ги завршеле. ![]() „ Нов проект кој ќе има за цел нови содржини ан секој кружен тек од културното историското богатство дел од приказната на нашата Битола." додаде Талески Градоначалникот упати апел до креативците дека уште од сега може да даваат предлози која содржина би ја содржеле кружните текови. http://www.tera.mk/2013091870428/aktuel/vasko-karangelevski-so-tri-kruzhni-teka |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Среда, 02 Октомври 2013 19:26
Улицата „Прогрес“ во Битола за прв пат ќе добие асфалт.Таму денес започнаа градежните активности кои што ќе резултираат со решавање на проблемите на сите жители од оваа улица. Со реконструкцијата која се реализира по барање на жителите од урбаната заедница Димо Хаџи Поповски, мештаните ќе добијат значително подобри инфраструктурни услови. Покрај оваа интервенција во изминатиот период во населбата Боримечка интервенирано е на повеќе локации. -Во овој дел од нашата општина интервениравме изминатите години на подземната инфраструктура и асфалтирањето. Во изминатиот период интервениравме на улицата Индустриска, на дел од улица Солунска, на ул.Бистра, сега сме на улица Прогрес. Интервенцијата е со вкупна должина од околу 350 метри, а вредноста е 3 315 499 денари. На терен во разговор со мештаните договоривме уште два чикмаци кои со проектот не се предвидени. Истите не беа предвидени поради одредени проблеми со имотно – правните односи. Тоа е сега надминато, а улицата ќе биде целосно асфалтирана, вклучувајќи ги и тие чикмаци. Градежната сезона во општина Битола е во полн ек, а до крајот очекувам дека предвидената бројка од 25 улици за првата година од оваа локална самоуправа ќе биде надминат, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Асфалт на улицата Максим Горки
Асфалтирана улицата Максим Горки која долго време чекаше на преасфалтирање. Нејзините жители претходно имале проблеми со канализацијата и водоводната мрежа.
По барање на жителите интервенираме, дел од жителите имаа проблем со канализацијата, интервениравме дополнително, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник. Градоначалникот вели дека на оваа улица нема да биде потребно повторно да се интервенира уште долго време. -Имаме два краци кои имаат проблеми со притисокот на вода, уште нив ќе ги решиме, вели Талески.Општината продолжува и во наредниот период со активностите. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |