Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1 Topic: Депонии и комунална механизација Posted: 05-Mar-2008 at 08:00 |
Нишка за депониите и комуналната механизација за чистење и собирање на отпадот. Сродни нишки: Јавна чистота http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209&PN=1Рециклирање http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=327
Edited by Cloverstack - 12-Nov-2008 at 00:46
|
|
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#2 Posted: 06-Mar-2008 at 20:43 |
„Комунална хигиена“ ќе купи 12 возила
Возилата во вредност од околу 1 милион евра ќе бидат земени на лизинг
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ до крајот на годинава ќе се
поднови со 12 нови возила. Проширувањето на возниот парк веќе е
договорено на Управен одбор, а претпријатието за дваесетина дена ќе
распише тендер за набавка на возилата. Во план е да се купат шест
камиони за подигање на контејнерите, три моторни метлачки, како и по
еден булдожер, компактор и цистерна за потребите на депонијата
„Дрисла“. Од претпријатието процениле дека за подновување на возниот
парк ќе треба да се потрошат околу еден милион евра. Според Златко
Димовски, директор на „Комунална хигиена“, со новите возила значително
ќе се подобрат условите за работа, при што автоматски се очекува за 60
отсто зголемување на бројот на подигнатите контејнери.
„И со
постојниот возен парк, кој во изминатите две години релативно е освежен
благодарение на честите репарирања на возилата, успевавме редовно да ги
завршуваме обврските. Но, сега со новите возила ќе бидеме сигурни дека
и при интервентни дополнителни ситуации надвор од тековните обврски,
програмата за работа ќе биде изреализирана“, вели Димовски и посочува
дека со проширувањето на возниот парк ЈП ќе ги исполни стандардите за
услови за работа на терен.
Оттаму пресметале дека исплаќањето
на возилата нема да претставува товар за буџетот со оглед на тоа дека
„Комунална хигиена“ се раздолжила со сите кредити и заостанати сметки
за некои искористени услуги. Надлежните пресметале дека месечната рата
за исплата на новите возила ќе изнесува околу еден милион денари.
„Одлуката за намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто, пак, дополнително ни
излезе во пресрет, бидејќи сега ќе има значително помалку обврски за
тековно исплаќање кон УЈП“, дополни Димовски. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BB7DDA7D98AEBA4A9E3C5B46FC17D20A
Edited by Cloverstack - 02-Nov-2008 at 03:41
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3 Posted: 13-Aug-2008 at 22:15 |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A05208DCF740349962D35F8BEDC2E6A
Италијанци ќе прават струја од ѓубрето во Дрисла
Италијанскафирма е заинтересирана за производство на електрична енергија од сметот од депонијата Дрисла, велат во „Комунална хигиена“.Според
Златко Димовски, директор на јавното градско претпријатие, како
енергенс за создавање електрична енергија ќе се користи метанот што се
создава при скапување на ѓубрето. Италијанците треба да изработат
студија за економска оправданост и исплатливост на проектот.Проектот ќе
се оствари преку јавно-приватно партнерство. Потпишан е меморандум на
ниво на држави за таква соработка. Објавен е тендер во Торино, на кој е
избрана фирмата која сака да ја користи Дрисла за производство на
електрична енергија - вели Димовски.„Комунална хигиена“ ќе се согласи
да се даде депонијата под концесија ако се задоволат еколошките
стандарди за заштита на околината
- Жителите од околината на
Дрисла треба да добијат бесплатна струја. На фирмата да и' се даде
„зелена“ цена на електрична енергија, односно да биде поевтина и покрај
високите трошоци за производство. Потребно е државата да го стимулира
ова производство за да биде конкурентно на пазарот со електрична
енергија - вели Димовски.До крајот на годината ќе се направат промени
во работењето на Дрисла за да се задоволат најстрогите еколошки
стандарди за депонија. Распишан е тендер за санација на Дрисла, со
хоризонтални цевки за исцедокот на ѓубрето, но и вертикалните цевки низ
кои ќе се спроведува гасот.Во Дрисла дневно се носат 450 тони комунален
смет, а просторот за депонирање смет е со површина од 30 хектари.Во
„Комунална хигиена“ најавуваат проект за селектирање на пластичната
амбалажа од сметот. Се предвидува дека ќе се собираат по четири тони
пластика дневно. Имаме 12 вработени што го селектираат отпадот.
Пластичната амбалажа ќе се складира во боксови под натстрешница, а
потоа ќе се балира - вели Димовски.
(А.П.) | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=62E635B1A66BFB40A91CCD9FB32BEDA1
Италијанци заинтересирани да произведуваат струја од гасот во „Дрисла“
„Комунална хигиена“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата
„Комунална хигиена“ ќе соработува со италијанска фирма која е
заинтересирана да произведува електрична енергија од гасот на
депонијата „Дрисла“. Во моментов во јавното претпријатие очекуваат во
Италија да биде избрана фирма која ќе изработи физибилити студија за
оправданоста на инвестицијата во „Дрисла“, по што може да се очекува
создавање на приватно-јавно партнерство. „Комунална“ од потенцијалниот
партнер ќе побара да инвестира во депонијата во контролирање на
исцедокот од сметот, во премостување на изворот на чиста вода која сега
се меша со отпадот и во најважниот дел, искористување на гасот што се
создава од распаѓањето на комуналниот отпад.
Како што информира
директорот на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, во „Дрисла“ може да
се произведува електрична енергија која ќе ги задоволува потребите на
околните населени места и која би требало да има посебна, пониска, т.н.
„зелена“ цена. Заради еколошкиот ефект кој ќе се добие со
искористувањето на гасот од „Дрисла“, но и со регулирањето на
исцедокот, приватниот партнер треба да добие и стимулации од државата и
од Градот.
„По пропаѓањето на преговорите со јапонската фирма
’Шимицу’, веднаш започнавме разговори со друга фирма од Италија, која е
заинтересирана за истиот проект. Потпишан е и меморандум за соработка и
очекуваме, кога ќе им заврши тендерот да дојдат и да им ги кажеме
нашите услови. Мислам дека ова е доста профитабилен бизнис во други
држави, а ќе има и позитивен бенефит и за ’Дрисла’ која ќе добие
модерен лик“, вели директорот Димовски. (С.Н.) |
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4 Posted: 18-Aug-2008 at 11:02 |
Сателитско следење на камионите на „Комунална хигиена“
Целта на воведувањето информатички технологии не е да го подобриме имиџот на претпријатието,туку граѓа ните да бидат задоволни, вели Златко Димовски, директор на претпријатието
Граѓаните од идната година ќе може преку компјутер
да проверат дали им се платени сметките за подигање смет или колку
квадратни метри станбена и дворна површина им се евидентирани за
плаќање ѓубретарина, велат во Јавното претпријатие „Комуниална
хигиена“. Корисниците на услугите на „Комунална хигиена“ ќе може по
интернет да поднесат барање ако сакаат да им се премерат станбената и
дворната површина. Претпријатието ќе воведе ГПС - глобален
позиционирачки систем, преку кој сателитски ќе се следи движењето на
камионите за подигање смет. На тој начин ќе можеме во секој момент да
следиме каде и како нашите камиони го собираат сметот. Конкретно, ние
ќе имаме запис во ГПС ако некој граѓанин се јави дека во неговата
населба не се испразнети контејнерите. Преку ГПС ќе имаме преглед на
контејнерите во сите населби и постојано ќе ја имаме на увид состојбата
со собирањето на сметот- вели Димовски.Во комуналното претпријатие
очекуваат дека на овој начин ќе обезбедат подигањето на сметот од сите
контејнери да биде исполнето 98 отсто. Со тоа, ќе има заштеда во
трошоците за претпријатието, ќе им се обезбедат постојани и квалитетни
услуги за граѓаните.Ова се овозможува со проектот за комплетно
автоматизирано работење на јавното претпријатие. Воведувањето на
информатичката технологија се наметна по воведувањето на ИСО-стандардот
за работа - вели Златко Димовски, директор на „Комунална
хигиена“.Според него, само со комплетно воведување на ИСО-стандардот
кој бара многу новини во начинот на работата и функционирањето на
претпријатието ќе може да се оствари визијата „чисто Скопје- задоволни
граѓани“.Во завршна фаза е спроведувањето на втората група за полагање
испит за интерни контролори, кои ќе ги контролираат процедурите на
работење во претпријатието. Испитот го спроведуваат надворешни
експерти. Податоците и постапките за работа ќе бидат транспарентни и
истите ќе бидат документирани за да може да се усовршуваат.
ИСО-стандардот
налага да се воведе кодексот на однесување на вработените во
претпријатието.Воведување на ИСО-стандардот обезбедува континуирано
квалитетни услуги за граѓаните. Тој е вистинско решение што ќе не'
доведе во позиција да ја преземеме одговорноста ако не сме одговориле
како што треба на обврските. Целта на воведувањето на ИСО-стандардот не
е да го подобриме имиџот на претпријатието, туку граѓаните да бидат
задоволни - вели Димовски. | http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=178A8DEAB3152D429C8C32CFF7BE9D6E
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#5 Posted: 18-Aug-2008 at 11:24 |
Комунална ќе набави 12 нови камиони за смет
Јавното
претпријатие „Комунална хигиена“ до крајот на оваа година ќе набави 12
нови камиони за собирање смет со капацитет од 16 кубни метри.Директорот
на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, вели дека веќе бил распишан
тендер за набавка на шест камиони, но поради жалби и приговори тој бил
пролонгиран. При повторните процени решено е наместо за шест, набавката
да се однесува за 12 камиони, бидејќи просечната старост на постојните
е 25 години. Објавивме тендер за шест камиони, но поради жалби и
приговори, тој се одолжи. Веруваме дека до крајот на годината тој ќе
заврши, со тоа што бројот ќе се зголеми на 12 камиони. Имаме можности
да ги набавиме на лизинг. Решени сме да се откажеме од други возила
само за да ги набавиме овие камиони, бидејќи постојните се стари и
протекуваат - вели Димовски.„Комунална хигиена“ располага со вкупно 29
камиони за собирање смет, но во функција се само 17.
- Три од
вкупно 29 камиони треба да се отпишат, а останатите се на поправка -
објаснува Димовски.„Комунална хигиена“ бара од градските власти да се
набават нови 2.000 контејнери. Според директорот Димовски, на Скопје му
се потребни минимум 7.000 контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар за
да се задоволат потребите на граѓаните. Во моментов низ градот се
поставени околу 4.000 контејнери. Во Европа во просек на десет
домаќинства има еден контејнер. Кај нас еден контејнер користат 28
домаќинства. За да ја подобриме ситуацијата, набавивме 100 контејнери,
а Градот купи уште 500, по цена од 250 евра - вели Димовски.Тој вели
дека претпријатието очекува помош од градските власти бидејќи во сите
западноевропски земји контејнерите ги купува општината, а метењето го
финансира општината и Градот.Тоа е законитост во комуналната хигиена.
Ако не се обезбедени тие услови, комуналните претпријатија не можат да
функционираат. Јавната хигиена мора да се подобри - констатира Димовски. | http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=06F1FE47A54F5A46BD3C38F71A108FD3&arc=1
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#6 Posted: 18-Aug-2008 at 18:05 |
мислам дека се малку 600 контејнери за популација од 600-700 илјади, поправете ме ако грешам и мислам дека треба да набават машини за чистење на улиците и мислам деке не е толку потребен поголем број на камиони колку што е потребно почесто да се празнат контејнерите, кога веќе ги има помалце и можеби некои од старите контејнери да бидат заменети со нови можда сето ова е малце премногу за нивниот буџет, ама не би ни шкодело
Edited by zabegan - 18-Aug-2008 at 18:10
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#7 Posted: 18-Aug-2008 at 18:20 |
Originally posted by zabegan
мислам дека се малку 600 контејнери за популација од 600-700 илјади, поправете ме ако грешам
|
Таа бројка се однесува на новонабавените контињери, а не на вкупната, која исто така е спомната во текстот.
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#8 Posted: 18-Aug-2008 at 18:36 |
добро знам, ама спомнав и дека старите можат да бидат заменети со нови а и кога добро ќе размислам не се баш малце
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#9 Posted: 18-Aug-2008 at 18:44 |
Originally posted by zabegan
добро знам, ама спомнав и дека старите можат да бидат заменети со нови |
Па мислам дека ова во услови кога немаме ни доволно вкупно контењери е само сон. Плус тоа не гледам зошто би се заменувале функционални постари контењери со нови. Ако се оштетени ОК, ама ако не се, мислам дека нема ни да им падне на памет да ги мењаат, што е сосема логично. Плус тоа и за контињерите има одржување (репарирање, замена на делови), така да може и дополнително да им се продолжи рокот.
Edited by Cloverstack - 18-Aug-2008 at 18:46
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#10 Posted: 18-Aug-2008 at 19:05 |
добро, мислев на оштетените, но ако веќе ги одржуваат, миове коментари немаат смисла
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#11 Posted: 18-Aug-2008 at 19:10 |
Далеку од тоа дека немаат смисла твоите коментари...
Него сигурен сум дека си имаат они математика што е за оправање, а што е за старо железо...
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#12 Posted: 18-Aug-2008 at 21:31 |
Изгледа новите ќе бидат пластични со капак на педаља.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#13 Posted: 18-Aug-2008 at 21:52 |
Какви се тие на педаља? За контињери викаш
Edited by Cloverstack - 18-Aug-2008 at 21:52
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#14 Posted: 18-Aug-2008 at 22:13 |
Контињерот е цело време затворен и на капакот нема рачка. Има федер кој го држи капакот затворен и мачки неможат да разнесуваат ѓубрето. Има на него педаљаи кога сака некој да фрли ѓубре ја стиска педаљата и капакот се отвора, лизгачки е капакот како на овие сега. Кога ќе ја пуштиш педаљата контињерот сам си се затвара поради федерот.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#15 Posted: 18-Aug-2008 at 22:26 |
Еве како изгледаат тие контињери што ги зборам. Ги има со лизгачки капак и со ваков обичен. Инаку имаат една маана, а тоа е што ако се запали ѓурбето, ќе се стопи и контињерот, дупла бења дупла смрдеа. А кај нас тоа нема да биде реткост, него ќе го гледаме (мирисаме) секој ден. Така да мислам дека треба да се иде со железни контињери.
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#16 Posted: 19-Aug-2008 at 11:29 |
Originally posted by lslcrew
Инаку имаат една маана, а тоа е што ако се запали ѓурбето, ќе се стопи и контињерот, дупла бења дупла смрдеа. А кај нас тоа нема да биде реткост, него ќе го гледаме (мирисаме) секој ден. Така да мислам дека треба да се иде со железни контињери. |
Не само тоа него колку време ќе издржи педаљата....
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#17 Posted: 19-Aug-2008 at 11:55 |
Иначе има доста детални информации на www.khigiena.com.mk
Слики, јавни набавки, возен парк итн.
Еве неколку фотки
Дрисла
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#18 Posted: 19-Aug-2008 at 14:04 |
Последнава фотка е феноменална!!!
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#19 Posted: 19-Aug-2008 at 14:23 |
Комунална хигиена има по информативен сајт од најголемиот број државни институции...
Инаку „флотата“ им е премногу шарена, ваљда имаат план за поголема унификација во иднина.
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#20 Posted: 30-Aug-2008 at 12:15 |
„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГО ЗГОЛЕМУВА ВОЗНИОТ ПАРК
Нови камиони за смет
„Комунална
хигиена“ повторно ќе го објави јавниот повик за набавка на нови камиони
за собирање на сметот откако првиот помина неуспешно, информираа од
Јавното претпријатие. Оттаму велат дека со вториот тендер, наместо
планираните шест, ќе набават 12 возила. - Тендерот ќе се обнови поради
приговорите кои ги поднесе второрангираниот учесник. Сега проценивме
дека имаме поголема потреба од нови камиони за комунален отпад бидејќи
возилата кои во моментот ги користиме се многу стари и поради тоа имаме
проблеми со течното ѓубре, кое истекува по улиците. Решивме да се
откажеме од набавката на машини за депонијата Дрисла и од цистерните за
да го зголемиме бројот на овие возила - вели Златко Димовски, директор
на претпријатието. На првиот тендер се пријавиле четири фирми.
„Комунална хигиена“ ќе ги набавува возилата со самофинансирање, преку
лизинг. Во главниот град, со повеќе од половина милион жители, ѓубрето
се чисти само со 17 камиони. Расипаните камиони на „Комунална хигиена“,
од кои истекува течен отпад, подолго време им создаваат проблеми на
жителите од скопските населби. Од Јавното претпријатие потврдуваат дека
пет години не набавиле нови возила, а просечната старост на сегашните е
25 години. Поради потребата од повеќе камиони, „Комунална хигиена“
неодамна најави дека до крајот на годинава ќе набави 12 нови возила за
собирање ѓубре, со капацитет од 16 кубни метри, со кои планира да го
подобри возниот парк. Во моментот претпријатието располага со 29
камиони, но во функција се само 17 камиони. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1489&ArticleID=97689
|
|