Sky City (Џеваир облакодери и трговски центар) |
Post Reply | Page 123 79> |
Author | |||||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply
#1 Topic: Sky City (Џеваир облакодери и трговски центар) Posted: 29-May-2008 at 16:41 |
||||
Не ми се верува, се избутка предлогов!
http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=768 |
|||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #2 Posted: 15-Aug-2008 at 03:46 | ||||
НЕМА ТЕНДЕР ЗА ИЗВЕДУВАЧ НА ОБЛАКОДЕРИТЕ
Стокатниците само пуста желба Министерството за транспорт и врски се уште нема распишано тендер за избор на најдобра фирма-понудувач, која ќе има можност да ги гради стокатниците во Аеродром. За ваквата одлука на Советот на општината, веднаш по нејзиното донесување, дозвола дадоа надлежното министерство и Градот Скопје, но веќе неколку месеци целата постапка тапка во место. Од Министерството за транспорт и врски велат дека ваквата постапка вообичаено е да трае подолго време затоа што кога станува збор за државно земјиште, истото мора да се отуѓува по принципот на јавно наддавање. - Во согласност со одлуката на Советот на Општината Аеродром да се градат висококатници на нејзина територија, но на земјиште кое што е во државна сопственост, ние како Министерство, во согласност со законите, најпрвин треба да распишеме јавен повик. На повикот ќе имаат можност да се пријават сите заинтересирани фирми, кои на предвиденото земјиште ќе можат да ги градат висококатниците. Дури откако ќе се распише тендерот, ќе се знае дали има и колкав е бројот фирми заинтересирани за градба - велат од Министерството за транспорт и врски. Но, за тоа кога ќе се распише се уште нема одговор. Од Општината Аеродром објаснуваат дека очекуваат одговор од страна на Министерството во врска со тоа до каде е изборот на најдобрата фирма-понудувач. - Ние оваа одлука ја изгласавме на Совет, потоа обезбедивме локација, а сега следниот чекор треба да го направи е Министерството. Откако и официјално ќе биде избрана фирмата, ние дури тогаш ќе имаме можност да се вклучиме во целосната постапка. Како општина во која ќе се гради, во зависност од тоа дали се исполнети или не условите за почеток на работите, ќе им дадеме одобрување за градба или не на фирмата - објасни Страшко Хаџи- Коцев, раководител на секторот за урбанизам на Општина Аеродром. Уште пред неколку месеци општинските советници го усвоија деталниот урбанистички план за локалитетот Индустриска зона УЕ В, на која треба да се изградат повеќекатници. Според изготвениот план, зградите треба да имаат во просек по 126 ката, со височина од 500 метри. Стокатниците ќе се наоѓаат на потегот од бензинската пумпа „Макоил“, па се до последните згради на тој простор што влегуваат во составот на општината. |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #3 Posted: 15-Aug-2008 at 04:23 | ||||
Зарем уште не си го избија од глава она со 500 метарските облакодери?!? Значи стварно се ретардирани и тотално одлепени од реалноста...
|
|||||
maestro
Senior Member Joined: 02-Aug-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 505 |
Quote Reply #4 Posted: 18-Aug-2008 at 19:19 | ||||
Кога Груевски пред избори гостуваше во Гласот на народот, рече дека бидејќи имало некои проблеми со земјиштето кај Холидеј ин, најверојатно висококатниците ќе се граделе во Аеродром. И друго нешто рече ама не се сеќавам најдобро (да не кажам нешто грешно натаму )
|
|||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #5 Posted: 18-Aug-2008 at 19:39 | ||||
подобро место не можеле да изберат, да не се истите тие кои претходно беа представени од општината?
|
|||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||
twin
Newbie Joined: 02-Aug-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #6 Posted: 19-Aug-2008 at 13:52 | ||||
jas kolku sto slusnav premierot rece deka ima problemi so zemjisteto kaj holidej in ama cekal tie da se resat i ke ja izdavale na tender
|
|||||
twin
Newbie Joined: 02-Aug-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #7 Posted: 19-Aug-2008 at 16:45 | ||||
i zimbabve ne nadmina nas navistine nie ne mozeme da fatime cekor so vremeto
|
|||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #8 Posted: 23-Aug-2008 at 00:04 | ||||
Никој не ја спомнува инфрастуктурата која ќе треба да ги напои тие облакодери.
Размислете што се ќе треба за тој наш каприц !? |
|||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #9 Posted: 23-Aug-2008 at 03:00 | ||||
За каквва точно инфраструктура викаш? |
|||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #10 Posted: 23-Aug-2008 at 09:46 | ||||
Па еве само да нафрлам некој за размислување
- Кој улици ќе ја прифати таа маса на луге кој треба во 8 ч да дојдат до нејзе. - Пумпи кој ќе пумаат вода за да постигнат притисокот, што ке се слчи и со така бедниот притисок во Скопје. - Против пожарните заштити, и обука за таков вид згради. - Трансворматори и аграгати за непрекидно напојување на истата - И .... А другите помислете, ги има сигурно уште 20-тина критични Дали сме ние спремни за тоа и дали и зашто ни треба, толку Скопје е густо населен па ни треба секој милиметар, или „мамо ја сакаммммм.... играчата“ |
|||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #11 Posted: 23-Aug-2008 at 14:57 | ||||
Од друга страна не ти држи аргументов затоа што таа маса на луѓе ќе мора секако да се прифати, без разлика дали оди во една педесеткатница или во десет петкатници. Очигледно дека на Скопје му е потребен повеќе деловен простор во центарот и тој факт не можеме да го заобиколиме. Ако тоа изискува инвестиции во транспортната инфраструктура, тогаш треба да се посветиме на нив - тоа е логично развојно размислување. Не може да речеме дека во моментов немаме улици и завршена работа, да си останеме на тоа.
|
|||||
blejdsk
Senior Member Joined: 05-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 320 |
Quote Reply #12 Posted: 23-Aug-2008 at 20:26 | ||||
TOJ STO KE SE NAFATI DA GI GRADI I REALIZIRA OVIE PROEKTI ZA OBLAKODERI KE SI SE POGRIZI ZA SITE TIE KRITERIUMI KOJ GI KAZUVATE , A I NORMALNO SE POTREBNI ZA SE DA FUNKCIONIRA KAKO STO TREBA.
NEMA STO NIE DA SE SEKIRAME MNOGU ZA TOA , DAJ BOZE DA NAJDAT INVESTITOR ZAINTERISIRAN ZA IZGRADBA NA OBLAKODERI PA KE SE POGRIZI TOJ ZA SE.
AKO NEKOJ SE NAFATI DA INVESTIRA 500 MILIONI VO TAKOV PROEKT , NEMA DA SE DVOIMI ZA USETE 10 MILIONI ZA ODREDENI OSTANATI KRITERIUMI DA SE ZADOVOLAT. BAREM MOJE MISLENJE..... POZZ. |
|||||
|
|||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #13 Posted: 24-Aug-2008 at 02:01 | ||||
Дали си се запрашал ЗОШТО некој би инвестирал 500 милиони (која и да е валута бидејќи не спомнуваш) во изградба на облакодер во Скопје? Дали е тоа поради големата потреба од деловен простор? Дали е тоа поради огромниот потенцијал во финансискиот и банкарскиот сектор? Па доста со тие нереални очекувања. Се кладам дека ваквите проекти ќе завршат како милијардата на Циле, напумпан балон без нималку реална основа. Edited by UrbanFreak - 24-Aug-2008 at 11:36 |
|||||
kire85
Senior Member Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
Quote Reply #14 Posted: 24-Aug-2008 at 14:44 | ||||
pa skopje so svojata mestopolozba ima potencijal da stane regionalen ekonomski centar....kolku i toa smesno da zvuci. Kako glavna krstosnica na balkanot (koridorite 10 i 8) i na samo 250km oddalecenost od solunskoto pristaniste, grad so svoj aerodrom i dobra patna infrastruktura, koja dokolku se zavrsi ke bide idealna za takov proekt.... pa ne mora da imame 15 milioni ziteli, GDP kako svajcarija i infrastruktura kako germanija za da dojdat investitori so takov proekt... |
|||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #15 Posted: 24-Aug-2008 at 19:11 | ||||
Не викам дека нема потенцијал некогаш, но ако има толку голема заинтересираност, тогаш каде се инвеститорите??? 500 М евра се инвестиции кумулативни кои ние како држава ако ги постигнале во наредните 3-4 години би се одлепиле од дното на листата по странски инвестиции во југоисточна европа. Мислам дека непотребно губиме време со ваков тип на дискусии а од друга страна банални проблеми од типот на јавен градски сообраќај, улично осветлување и дупки по патиштата и улиците не можеме да и решиме. Од друга стана да те цитирам велиш 250км одалечени од Солунското пристаниште. Да точно Солун е голем стратешки, економски и финансиски центар во регионов па сепак нема ни 20катници а камоли 100 катници а има далеку понеповолна состојба со слободен градежен простор, огромна цена на недвижнини и слично. Да не ја ни спомнуваме Атина. |
|||||
kire85
Senior Member Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
Quote Reply #16 Posted: 24-Aug-2008 at 22:04 | ||||
takvi biznis centri se gradat ili vo strogiot centar ili vo negova neposredna blizina. Vo centarot na solun i vo negova blizina nema mesto ni trafika da izgradis a kamoli 100 katnici, znaci dokolku bi gradele grcite takvo nesto, toa bi trebalo da bide na MINIMUM 20km od centarot, sto ne e tolku isplatlivo. druga rabota e sto patnata infrastruktura im e teska katastrofa, a javniot prevoz polos od onoj na tirana (imaat samo avtobusi, nitu tramvaj, nitu metro)....pa sega vidi ti. |
|||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #17 Posted: 24-Aug-2008 at 22:59 | ||||
Баш напротив, во градови кај што немаш место ни за трафика се прават такви проекти, бидејќи во град како Скопје кој што има огромни пространства за ширење едноставно нема економска оправданост за таков зафат. Во град густо збиен и без простор за ширење (Хонг Хонг, Менхетен, Лондон, Сан Франциско, Атина, Солун.....) има логика да се оди во височина. Околу јавниот сообраќај незнам кога последен пат си се возел со автобус и во Скопје и во Атина или Солун, незнам и дали знаеш дека Солун е при крај со изградбата на подземната железница. Во секој случај инвеститорите ќе си го кажат последниот збор, а тие до сега молчат. |
|||||
kire85
Senior Member Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
Quote Reply #18 Posted: 25-Aug-2008 at 12:44 | ||||
1. Da te potsetam deka vo strogiot i posirokiot centar ima arheoloski naogjalista na sekoi 100 metri. Znaci za da izgradat nesto takvo treba da gi srusat/otstranat istite....
2. Kolku prostor bi trebale da iscistat i kolku objekti da srusat za da izgradat nesto takvo i uste pobitno, kade bi go nasocile celiot soobrakjaj koga ke bidat primorani da zatvorat del od ulicite vo strogiot centar?
Zabegavme malce vo analiza na solun ama nema vrska....poentata mi e deka ne treba da se bide hong kong ili menheten za da se dobiat takvi proekti.....pa na krajot na kraistata zemi go frankfurt za primer.....nitu e gusto zbien, nitu pak ima problemi so prostorot za sirenje....pa i pokraj toa go ima imidzot na evropski menheten.
|
|||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #19 Posted: 25-Aug-2008 at 13:32 | ||||
Кога го споредуваш Скопје со Франкфурт забораваш од каде ни тргна разговорот. Франкфурт е финансиски и индустриски центар на Европа, 3 најфрекфентен аеродром во Евтопа, град со ГДП по жител далеку над просекот а Германија. Скопје сега за сега не е ни одблиску на тоа рамниште. Несакам да бидам погрешно сфатен, не дека јас несакам да видам облакодери во Скопје, сакам само да бидеме малку реални. Облакодери (освен во Северна Кореја) сегокаш се приватни инвестиции. Приватниот бизнис се раководи исклучиво од една логика: ПРОФИТ. Ни помалку ни повеќе. Е сега, каде е профитот во недвижнините во Скопје кога и онака има барем 20-тина поголеми слободни локации во строгиот центар на Скопје. Во строгиот центар на Скопје сеуште доминираат станбени згради што укажува на фактот дека пазарот со недвижнини е далеку од развиен, инаку би се пренаменувал во деловен простор и луѓето би се селеле кон периферните делови. Ова исклучиво повторно од финансиска логика, бидеќи ако м2 стандбена површина во строг Центар се движи цца.1400 ЕУР, а м2 деловен простор 3-4.000 па и повеке како во централните подрачја во соседните метрополи, тогаш би дошло до огромна пренамена на овие недвижнини. Но кај нас тое не е случај. Мислам дека тоа не е случај бидејќи сеуште економијата не ни е на тоа ниво да има потреба од толкава квадратура на деловен простор во Скопје. ПС. Иначе еве добар предлог за бизнис: Откупи ги сите станови во една кула (или блок) во градски Ѕид карши трговски, преадаптирај го просторот (или сруши ја зградата и изгради нова) и продај по 4000ЕУР м2. Ќе има ли заинтересирани?????? |
|||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #20 Posted: 25-Aug-2008 at 13:46 | ||||
UrbanFreak е тука се согласувам со тебе, околу градски ѕид и строгиот центар воопшто. Иако избегавме од темата ќе се изјаснам. Мал, Голем ринг во Скопје треба да претставува бизнис центарот на Скопје, тамо треба да нема станбени блокови. Односно да не дозволиме изградба на нови станбени блокови, а исто така да има повластени стапки при пренаменување од станбен во деловен простор во строгиот центар, може да биде и бесплатно. Така ќе имаме масовна миграција на канцеларии од позатуцани населби во центар и ќе имаме отворање на нови фирми. Така со миграцијата на фирми од помалите места, во истите тие места ќе се отвори пазар за други нови фирми кои што почнуваат од нула и на кои ќе им биде полесно да се развијата со помалата конкуренција околу нив. Ова е прав потег за центарот на скопје, а и за скопје. Градски ѕид ќе си продолжи да си опстојува, надворешниот лик нема да го смени, само што ќе ја смени улогата. Ова може би треба да го наставиме во економија.
Edited by lslcrew - 25-Aug-2008 at 13:51 |
|||||
Post Reply | Page 123 79> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |