Инфраструктурни приоритети на Македонија 2013-2025 |
Post Reply | Page <1234 5> |
Author | |||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #21 Posted: 11-May-2013 at 21:50 | ||
|
|||
totobobo
Senior Member Joined: 10-Apr-2013 Online Status: Offline Posts: 247 |
Quote Reply #22 Posted: 11-May-2013 at 21:59 | ||
За ова си делимно во право, за Моцарт знам дека е Скопска слаткарница, а овој другиот не го познавам лично, за разлика од тебе. А исто така не сум бил ниту во Елбасан како некои други, и тоа ми е најтешко. |
|||
Interceptor design
|
|||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #23 Posted: 12-May-2013 at 00:26 | ||
ХАХАХАХАХАХАХ - инфраструктурно сме уназадени - автопатиштана ни се ко во третиот свет Точно и тоа многу , кажи ми за тебе локални и регионални патишта ти се од витално значење за државата ??? Но автопатите и железницата не ни требаат кој ги е.е нека се распаднат. Дали десетина регионални патишта за 7 години владеење се многу? - Не ме смеј. Железницата за Бугарија јас очекувам да почне да се гради за 4-5 години ,можеби (би требало) ќе почне изградбата до Бељаковце ,само кога и тоа рокот за градба што е 4 години (ко да градат 400 км нова железница ,а не 35км обнова на железница). Иначе е Демир Капија - Смоквица делницата ,конечно после 4-5 години чекање да почне - почна. Миладиновци - Кочани сеуште нема ни физибилити студија ,а не планови за градба и ред друга документација за која се потребни во државава бар 3-4 години да се заврши. Гостивар-Ќафасан истиот случај со горе спомнатата делница. А тоа со концесионерите спиј на тоа уво ,изгледа заборави дека во Македонија пред некоја година имаше неколку пропаднати тендери за концесионери на автопатската мрежа (веќе изградена и таа што треба да се гради) ,прво беше цела мрежа во пакет, па ја поделија на К8 и К10 за на крај да ја поделат по делници и на крај да се откажат од барање на концесионер. Значи за Гостивар - Ќафасан ќе причекаме 5 години додека државата да се одлучи дека не бива ништо од барањето концесионери ,па уште 2-3 додека да се одлучи да го гради и уште 2-3 додека да се фрли првата лопата (а крајот е во недоглед). - домашна произведена електрична енергија немаме ни за пола година ова е делумно точно бидејќи не е за пола година туку имаме до Септември-Октомври (па нели до тогаш е летен период и не ни е потребна толку енергија преку лето и додека топло) Матка2 се вика Св.Петка и не е само што е отворена туку пред неколку месеци. за Бошков мост треба да се распише тендер и ќе почне 2014 да се гради , градбата трае 4-6 години сигурно а тоа значи дека ние до 2020 нема да се помдрнеме од позицијата во производство а во трошење (за 2020) нема да имаме наша енергија ниту до Јуни. Луково Поле уште не е завршена ни студијата за влијанието врз околината (далеку од тоа дека некаков тендер ќе има наскоро), освен ако не си некој што ги фалсификувал документите уште пред да почне студијата неможеш да кажеш дека воопшто ќе постои браната Е што може да се направи бе ? Што викаш за тие паркови со ветерници и сончеви колектори веќе еднаш да се направат ? Што велиш на тоа да инвестира самата држава во Чебрен и Галиште наместо да чека концесионери (за кој 4-5 пати поништија тендер бидејќи не им се допаѓал)? Што велиш на тоа веќе еднаш да се заинтересираат за Вардарска Долина ? ОВИЕ проекти ќе не направат Енергетски Независни (колку толку). Последно батали рудникот на РЕК Битола, што правиме ТЕЦ Осломеј за кој немаме рудник и носиме секој ден руда од Битола. |
|||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #24 Posted: 12-May-2013 at 00:49 | ||
|
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #25 Posted: 12-May-2013 at 00:51 | ||
Da nadopolnam za delnicata Strumica-Radovis, koja se gradese 21 godina. Delnicata e vo dolzina od 32km od koi poslednite 8km se dovrsija minatata godina. Toa znaci deka nasata vlada (od 1992 do 2012) vo prosek gradela 1,5mk godisno obicen magistralen pat. |
|||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #26 Posted: 12-May-2013 at 01:02 | ||
Браво Даци, пак се согласуваме
Многу ми е интересна оваа дискусија, зошто не отвориме нишка каде што би се разговарало за инфрата како цело, наместо вака разделена по теми и субфоруми. Кои ни се според вас приоритетите и како да стигнеме до нивно остварување. Плус неизбежните дуели споменици со златни гаќурци или квалитетен живот! Што викате? |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #27 Posted: 12-May-2013 at 01:26 | ||
Кога барем ќе би ги направиле следниве работи до 2015 кога им завршува мандат, а со тоа навршуваат 9 години, тогаш би рекол, добро, колку толку направија нешто за државава, но со оглед дека до 2015 остануваат само 2 години, тогаш прашањето, на што потрошивме 7 години. Теоретски, а камо ли практично е невозможно да се завршат за 2 години овие работи што ќе ги набројам, па затоа, би заклучил дека управувањето или како што некои повеќе им се допаѓа и практикуваат владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на оваа држава во временски интервал од 9 години и 9 државни буџети од над 2,5 милијарди евра, е неуспешно во поглед на инфраструктурата и условите за развој на економијата во оваа држава. За џабе изарчивме скоро 10 години, време за кое можеше да се обнови цела постојана автопатска мрежа во државава ако ништо друго...
Значи, следниве работи кои сметам дека оваа влада, ако ги поставеше како приоритети, наместо некои погрешни приоритети, би можеле да се завршат за овие 7+2 години: Патишта: 1. Обнова на Куманово - Скопје 2. Обнова и доградба на Велес - Скопје, а Скопје - Велес да беше регионален (магистрален пат) 3. Скопје - Блаце 4. Реконструкција на Тетово - Гостивар и доградба во полн профил автопат 5. Започнување постапка за Миладиновци - Штип или пак Велес - Штип 6. Започнување постапка за Велес - Прилеп - Железница: 1. Потполна реконструкција и довршување на ЦЖС - Скопје 2. Реконструкција на оштетените железнички делници 3. Започнување на Коридор 8 4. Започнување на процес на изградба на втор колосек по Коридор 10 5. Започнување на процес на доелектрификација 6. Започнување на процес на интензивна обнова на возниот парк на МЖ - Транспорт Енергетика: 1. Завршна фаза на Луково поле и Бошков мост 2. Започнување на процес на изградба на Чебрен и Галиште 3. Започнување на процес на изградба на Вардарска долина 4. Започнување на процес на изграба на соларни и ветерни електрани 5. Интензивно заложување за енергетска ефикасност на објектите во државата и субвенции за истата. Гасификација: 1. Започнување на изградба на примарната и секундарната државна гасификациона мрежа во државава. Да знам... можеби ви изгледаат многу, но со паметно користење на државните средства и со правилно и паметно задолжување, особено имајќи во предвид поволните кредити што ни беа понудени од ММФ... можеше нешто да се сработи од ова... барем 50% Секако, ова е долгорочен процес и затоа најпрвин би требало да се изготви државна стратегија и договор помеѓу сите политички партии и други организации за посветеност кон истата, која би се озаконила преку закони за процентуална застапеност за обезбедување на средства од државниот буџет секоја година за потребите на инвестирањето во овие области на економскиот и инфраструктурниот развој на државата. За 9 години можеа многу работи ако ништо друго да се отпочнат, а за уште толку и да се завршат... Па негде 2025 да заличевме на држава... А, ако дотогаш влеземе во ЕУ, можеби овој процес би се убрзал и олеснил... |
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #28 Posted: 12-May-2013 at 01:29 | ||
Секако го изоставив Куманово - Табановце која е веќе завршена, а почната од претходно... и веќе започнатата Демир Капија - Смоквица... која нема да заврши до 2015 ни под разно... али ај...
|
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #29 Posted: 12-May-2013 at 01:51 | ||
Андреј мислам дека околу оваа тема горе доле на форумов сите се согласуваме. Јас и ти а и повеќето на овој форум во однос на оваа тема функционираме на иста или слична бранова должина. Во однос на другите теми различното мислење е до искуството, вкусот и личните интереси и заложби така да тука мислам дека е ок. И на мене ми е интересна дискусијата за инфраструктура исто и предлозите (ги имам прочитано повеќето твои мислења во овој дел). Јас се согласувам дека ни е потребно едно такво место каде што би можело да се развие таква дискусија ,само ми е страв дека ќе им отвориме повеќе работа на администрацијата а и меана ќе се преполни. Е сега приоритети мислам дека Фосил добро наброи во постот пред мојов . За енергетика комплетно се согласувам со Фосил. Автопатска мрежа: - К8 цел (дефинитивно според мене поважна и од Демир Капија - Смоквица)(макар да биде и во принцип на експресен пат, а не комплетно автопатско решение) - Обнова на К10 - Велес-Прилеп-Битола (одговара за оваа делница експресен пат) - Миладиновци-Штип-Струмица-граница (евентуално наместо Миладиновци да биде Велес) (исто може експресен пат ,мислам дека не вреди комплетно автопатско решение на оваа делница поради не толку густиот сообраќај). Железница: За к10 не се согласувам со Фосил ,нема потреба од втор колосек бар засега иако и јас самиот сум размислувал за тоа. За другото се согласувам ,иако би додал и линија од Штип-Струмица-граница или евентуално од кај Демир Капија (Удово или Миравци) до Струмица. И конечно довршување од Битола до граница. Поврзување на Кавадарци со К10 (пругата е до Фени ,до Кавадарци нема) , се работи само за 10км пруга која не мора да е електифицирана во прво време. |
|||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #30 Posted: 12-May-2013 at 02:20 | ||
Никој не рече дека се робови, а СДИ не секогаш подразбираат само фабрики. Меѓутоа тотално нееднаков е соодносот вложен труд/месечна заработка, плус многу поважно, најмалку 80 посто од вложените пари од било која СДИ кај нас се враќаат назад во матичните земји и во други земји со оглед дека секој од инвеститорите купува потребни материјали за изградба на објектите најчесто од својата земја (чисто тркни до Сити Мол и разгледај од каде се по потекло сите материјали употребени за изградба и ентериерно и екстериерно уредување на трговскиот). Иначе, ти посакувам да си најдеш работа во некоја од новите СДИ и најмалку 10 години да останеш таму да работиш (под СДИ не ги ставам ЕВН, Т-Мобиле, ОНЕ, НЛБ и сл со оглед на тоа дека телекомуникациските, енергетските и финансиските компании во старт нудат добри работни места поради нивната дејност) |
|||
23ka.wordpress.com
|
|||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #31 Posted: 12-May-2013 at 02:24 | ||
+1 Као да ме читаше што сакав да му реплицирам, само немав време да седнам и сето ова да го искуцам. Ама џабе, нема кој да сфати. |
|||
23ka.wordpress.com
|
|||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #32 Posted: 12-May-2013 at 15:38 | ||
Во последниве 2-3 години се имам возено во речиси сите Балкански држави а возам од 1996, и добро се сеќавам на состојбата како на нашите така и на патиштата на соседните држави. Последниве 5-6 години сите држави од нашето соседство направија квантни скокови во својатѕа патна инфраструктура. Тука пред се би ги спомнал Бугарија и Албанија. Во последно време и на Косово многу се работи и вложува, во Србија барем автопатиштата редовно се сервисираат и со споро но стабилно темпо се финишира делот Врање-Прешево. Хрватска од 90тите има германско рамни и квалитетни патишта, а дури и во Босна состојбата на патиштата е се подобра. За жал во Македонија состојбата е се повеќе очајна. Во послените 3-4 месеци поради работа ги поминав речиси сите наши позначјани патни правци. Ќе го напишам моето видување од најлошите кон подобрите:
1. Ресен - Охрид - Патот е во катастрофална состојба поготово делот од Ресен до преминот (мислам Буково се викаше). Има кратери на кои букавлано се остава тркало, патот солидно проектиран со 3 ленти, но од дупките на него едвај се вози. Мислам дека овој пат не видел санација откако е направен. Да потсетам овој пат како е важен регонално за комуникацијата со нашиот најголем туристички центар, реон кој спојува барем 300.000 жители (Пелагонискиот, Преспанскиот и Охридско Струшкиот). Да не зборувам и за туристите од Грција кои ги има во не така мал број во Охрид, и жителите од источна Македонија кои за да стигнат до Охрид го користат овој правец. 2. Гостивар - Кичево - или патот преку Стража. Катастрофална состојба веќе 4 година по ред. Дел од дукпите се прикрпени, поголем дел пораснале во текот на зимата од солта и маразот. Се потзакрпува нешо ситно на 2 моста но тоа е прекасно и премалку. 3. Скопје Куманово - очајна состојба на овој автопат. На добар дел се работи за пат без помошна трета полу лента за запирање. Бразди од тешки камиони, дупки. И овој пат за жал во изминативе 20 години нема видено трошка реновирање, санирање, гребење на оштетениот слој на асфалт и нанесување на нов. Слично ако не и идентично е и во обратната насока. 4. Велес - Скопје - можеби и полош од скопје Куманово. Сепак, за да не бидам оквалификувам само како плукач, одлично е што има план да се ревитализира. 5. Тетово - гостивар - Субстандарден автопат. Срамота што воопшто се наплаќа патарина на овој тесен, небезбеден, полн со дупки пат. 6. Велес - Неготино - Демир Капија во нормални држави овој пат би бил под итно пресвлечен со нов површински слој на асфалт, бидејќи е вдлабнат и небезбеден на повеќе места. За Македонски услови, една од подобрите делници. 7. Смоквица - Гевгелија : Се лажеме дека овој пат е автопат. По целата должина те едната те другата страна е стариот пат и ограничувањето е 80. Барем кога е правен да ги доправеа и двете насоки како што треба. Овде имам попиено казна за 95 км/ч вожња бидејќи сум возел на дел од стариот пат (насока Гевгелија-Смоквица) и сум бил во заблуда дека е автопат. Ограничувањето е 80. 8. Скопје-Тетово - Солиден пат 9. Скопска обиколица - Солиден пат но доста нерамен, за нова делница. На вожња со добра кола побрза од 140км/ч се осеќаат големи нерамнини. Ни приближен квалитет со новите бугарски, албански па и стандардните Српски автопатишта. Да не зборуваме за хрватските. Регионалните патишта Велес-Штип, Градско-Прилеп, нема ни да ги коментирам. На потегот пред Плетвар има едно големо свлечиште уште од лани (може и поодамна) кое што така си седи и никој не го санира. Па Тотобо, одлично се чувствувам што знам дека некој хипотетички пат помеѓу Свирипичино и Дувникурово, на кое поминуваат едвај 3 коли дневно е асфалтиран и тоа неквалитетно. Тоа ќе биде од огромно значење за инфраструктурата на нашата држава. Низ него ќе минуваат река каминони, туристи, ќе биде алтернатива на главните автопати. |
|||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #33 Posted: 12-May-2013 at 15:48 | ||
Е сега, да ги видиме бројките. Од горе споменатите патини правци во Македонија пред осамостојувањето како автопатишта постоеа Куманово-Скопје, Скопје-Велес, Велес-Градско. Или приближно 100км по правец. Од осамостојувањето до денес, за 21 година се направени: Градско-Демир Капија (цца 34 км), Смоквица-Гевгелија (цца 15 км), Скопје-Тетово (цца 42км), Тетово-Гостивар (да го броиме иако не заслужува 22км), Скопска обиколница (мислам дека е околу 25км) и Куманово Табановце (12км). Или вкупно околу 150 км. Од овие 150 км, за последниве 7 години се направи само Куманово-Табановце. Вкупната вредност на овој пат е вероватно колку спомникот на Филип на Карпошово Востание. Ајде ќе дадам и делумен кредит за Скопската обиколница која се почна уште 2003-4 а се заврши пред 3-4 години. Значи ова се бројките.
|
|||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #34 Posted: 12-May-2013 at 16:05 | ||
Околу енергетиката:
Според сајтот на ЕЛЕМ, Македонија годишно прозиведува околу 1400 ГВ/ч енергија од своите Хидро централи, 4600 ГВ/ч од РЕК Битола, 700 ГВ/ч од Осломеј. Или вкупно 6700 ГВ/ч. Да потсетам само, ова е која е оптималната генерирана струја од овие комбинати, што не значи дека толку и реално произведуваат. Така на пример според CIA Fackbook во 2012 сме произвеле 5810 ГВ/ч а сме потрошиле 7250 ГВ/ч. Значи сме увозно зависни од некои 1500ГВ/ч. Со порастот на индустријата (да се надеваме дека ќе дојдат ДСИ) овој број ќе порасне драстично. Е сега да видиме колку од оваа произведена енергија во 2013 ќе дојде од Матка 2 или Св. Петка. Верувале или не само 66ГВ/ч Се согласувам, секоја капка ја полни чашата, но да дебатираме со факти. Од друга страна да не заборавиме дека овој објект почна да се гради и во времето на другата политичка гарнитура, така што кредитите 100% не може да се земат. Со 200 милини признаене Евра од СК 2014, можеа да се изградат и Бошков Мост (според ЕЛЕМ очекуваната инвестициска вредност е 70 Милиони Евра, а годишното производство 1117ГВ/ч), и Луково поле (немам податок за вредноста) или барем ХЕ Галиште чија проеценета вредност е околу 200Милини Евра, а годишно производство 262 ГВ/ч. Edited by UrbanFreak - 12-May-2013 at 16:10 |
|||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #35 Posted: 12-May-2013 at 19:34 | ||
Za zal taka nekako stojat rabotite. Iako vladata vo poslednite 5-6 godini bese fokusirana na lokalnite patista (priznanie direktno od premierot), sepak za nekolku godini K10 ke bide kompletno zavrsen. Odtuka se otvara edno drugo prasanje, koe dosega nikoj go nema otvoreno (ili barem jas taka mislam), a toa e granicnite premini Tabanovce i Bogorodica. Imeno za pomalku zadrzuvanje na ovie granicni premini, posebno za kamiondjiite, se nametnuva potrebata od zaednicka granica so sosednite drzavi. Cul li nekoj vakva ideja od nadleznite institucii? |
|||
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #36 Posted: 12-May-2013 at 20:57 | ||
Убаво сумирано @Urban.
Јас последниве две недели имав потреба да одам неколку пати до Скопје и го делам истиот впечаток за делницата Прилеп-Скопје. Пред неколку години се направи проширувањето со трета лента на неколку места. Изработката е катастрофална, на едно место како што кажа патот го снема, па еве веќе година-две уште се мислат дали да го направат или можи се надеваат дека ќе се навикнеме (а не се далеку од вистината) на останатиот дел скоро насекаде е пропаднат и се вози како во шини. За делот каде се две ленти не сакам ни да зборувам, шините се нормална појава дупки колку сакаш. Лани на едно место пред Росоман ставија нов асфалт, ајде изработката што е под секаква критика, барем македонија пат да најдеа сат-два време да стават хоризонтална сигнализација, за пристојна вертикална веќе сум се откажал дека ќе видам некаде кај нас. Значи ниту бела лента на средина, ниту од ступчиња од страните. Пред некое време напишав и за делницата Штип-Делчево, нешто полошо немате возено сигурно. Важно народот се радува како светат апсолутно непотребните: мостот Око, мостот на уметноста, оградите на другите два-три, рингишпилот... |
|||
build.mk, гради форумска историја
|
|||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #37 Posted: 13-May-2013 at 10:02 | ||
Ја отварам темава, со цел да се пренесат сите продуктивни постови од Меана, за кои добар дел од нас се потрудија и одвоија неколку часа да ги напишат и постираат, и со цел да не се разводнат или изгубат во кафанската дискусија. Модератори, вие сте на ред да ги пренесете квалитетните постови тука.
|
|||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #38 Posted: 13-May-2013 at 10:11 | ||
Средено, продолжете... |
|||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #39 Posted: 13-May-2013 at 15:50 | ||
Затоа што тука имам многу да кажам, ќе размислам прво па ќе ги сублимирам моите гледишта. Во меѓувреме направив еден возен ред на МЖ за релациите Скопје-Велес и сите кои се разгрануваат од него. Се базира на досегашниот возен ред на МЖ, но се доадаваат уште дупло толку воза кон скоро сите дестинации. Три се основните насоки на згуснување на патничкиот жел. сообраќај на овие релации:
1) воведување на повеќе ИнтерСити возови кон Битола (од 1 на 3 дневно) и кон Гевгелија (од 0 на 2 дневно). 2) воведување на повеќе возови во утринскиот и вечерен шпиц од Скопје кон др. градови 3) полнење на дупките во возните редови во текот на денот. Исто така се цели на многу подобро поврзување на Велес со Скопје. Ако погледнете на автобуската станица, кон овој град има автобуси на секои 15 минути, но редовно патници остануваат да висат по станиците. Исто така пругата сеуште е конкурентна со автопатот во смисол на комфорт и време. Затоа мислам дека има огромен простор за згуснување на железничкиот транспорт помеѓу овие два града и со тоа убивање на дивиот, нелојален и нерегламентиран автобуски превоз. Така од Скопје за Велес возовите стануваат 20 во текот на 24 часа, наместо доесгашните 10. Еве го возниот ред, па ќе објаснам за секој воз посебно. Како што се забележува се цели константно опслужување на Велес со возови во текот на целиот ден, додека кон Битола, Гевгелија и Кочани има значително забрзување, згуснување и правилно распределување на поаѓањата. ЛЕГЕНДА: ICM - експресен воз кој застанува на градските станици (InterCity Macedonia) R - локален воз кој застанува на сите вкл. и селските станици ICN - експресен ноќен воз кој застанува на градските станици (InterCity Night) црвена боја - комплетно нов воведен воз плава боја - измена и продолжување на постоечки воз црна боја - постоечки воз / - завршува во Велес Кратко објаснување за сите возови: ICM 4.00 ч - воведување на утриснки експресен воз помеѓу Скопје и Велес, Неготино, Д. Капија и Гевгелија. Пристигнување во 6.00 пред почетокот на фабричката работна смена и работниот ден. ICM 5.00 ч - воведување на утрински експресен воз помеѓу Скопје и Велес, Прилеп и Битола, шти што пристигнувањето во Битола е темпирано рпед почетокот на работното време на администрацијата. R 5.30 ч - локален воз помеѓу Скопје и Велес пред почетокот на работното време (Велсе е индустриски град) R 7.30 ч - воведување на претпладневен воз кон Штип и Кочани (постоечкиот еден дневно е смешка) R 10.30 и R 12.00 - воведување на два локални воза во текот на денот и со тоа пополнување на нелогичната дупка во возниот ред на МЖ. Двата воза одат до Велес, при што потоа едниот оди за Битола, а другиот за Гевгелија. Потоа следат група на регионални поаѓања, па два интер сити ескпреса (ICM) за Битола и Гевгелија соодветно и пак група на регионални поаѓања (знаеме дека во последните неколку години работното време особено во Скопје е значително продолжено, а возниот ред тоа не го одразува). ICN 22.30 ч - воведување на експресен вечерен воз од Скопје кон Велес, Прилеп и Битола. Со ова се добиваат следните резултати: - до Велес имаме 20 воза наместо досегашните 10, од кои 5 експресни распределени рамномерно во текот на целиот ден. - до Битола имаме 7 воза наместо досегашните 4, од кои 3 експресни (утрински, попладневен и вечерен). -до Гевгелија имаме исто 7 воза наместо досегашните 3, од кои 2 експресни (утрински и попладневен). - до Кочани имаме 3 воза на ден, наместо досегашните 1. Штип има 4 воза на ден наместо како до сега само 1 (еден воз оди само до Штип, но не и до Кочани). Сега ме интересира мислење на познавачите, колку е ова реално и колку (нови) воза ќе требаат за оваа намена? Мене ми изгледа сосема потребно и профитабилно да има волку возови, особено што скоро сите релации се конкурентни на автобускиот превоз (во смисла на комфор, должина на патувањето и цена на билетот). Edited by Andrej_LJ - 13-May-2013 at 15:54 |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #40 Posted: 14-May-2013 at 00:21 | ||
Andrej, se utepa od pisuvanje i pravenje vozen red, a nitu eden boz ne pusti nakaj Strumica |
|||
Post Reply | Page <1234 5> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |