![]() |
![]() |
![]() |
Инфраструктурни приоритети на Македонија 2013-2025 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2345> |
Author | ||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
|
Дечко ај кандидирајсе за премиер ама да си го држиш зборот ти давам 25 год да реализираш ова што го напиша можно е ама цела адмнистрација да ја увезеш од германија ова многу работа за македочето. Јас ке гласам за тебе. ![]() Не треба да си многу школован да сватиш дека струја гас енрегенси се продукт без кој се неможе во секое време ке ги продадеш само да работиш домакински место да се увезува струја да се ицплакаат кредите инвестициите ,а можи на друг начин продади под добра регулатива тоа што го имаш а парите пренасочиги во други инвестиции. За железница општо познато е наефтин начин на траспорт по земја и нај еколошки ако создаеш економски и инфрактурни услови за товарен и патнички собраќај ке биди максимално искористен со тоа станува исплатлив. Сиве овие раб приденесуваат на економски развој и поголема конкуретност а го подубруваат и стандартот. Нашите автопати за жал не се фрекфретни а екомската моќ на населението не создава услови за исплатлив бизнис модел за тоа ова би го ставил во 3 план но не заборавено барем тоа што го имаш да се одржава на некоје прифатливо ниво. Со ова му ставаш навика на лугето да ја користат железницата. Автоматски со тоа помалце ке се увезува нафта автобуси, камиони и коли автоматски се намалува трговски дефицит. Немој да мислиш лугето во влада не знаат за сево ова ама така му одговара. Од познати причини. Edited by Goran - 16-May-2013 at 02:38 |
||
![]() |
||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|
@Goran
Со ова што јас го пишав горе не сум ја открил Америка. Приоритетите во енергетиката се многу добро напишани и објаснети на официјалниот сајт на ЕЛЕМ. Добро, во меѓувреме можеби планираните трошоци пораснале за 20-30% но приоритетите се добро поставени уште од СФРЈ времето.Жално е што гасоводот (кој е минијатурен по капацитет), а го имаме во Македонија од раните 90ти, се до изградбата на Те-То се користеше со 20-30% од капацитетот. Па за каков Јужен поток тогаш преговараме? Споредбата на сегашниот газовод со планираниот крак на Јужен поток е компоративно како да споредуваме воден тек на Кадина Река со Вардар. Жално е и што добро се почнало во 90тите, се имало визија кои се приоритетите и алтернативите, и нагло после нормализирањето на односите со Грција и крајот на ембаргото, нагло се прекина и со изградбата на пругата кон Бугарија. Да се продолжеше денес и таа ќе беше готова, а којзнае колку од нашите градежни компании и градежни работници немаше да останат на улица. Да се изградеше секундарната и терцијалната гасоводна мрежа пред 15 години, сега ќе користевме 90-100% од капацитетите на постоечкиот гасовод, цените на гасот ќе беа драстично помали, помалку ќе увезувавме скапа струја која заради купување на социјален мир ја продаваме евтино (на штета на буџетот) и сл. Но јасно е и зашто тековната владина гарнитура се зафати мегаломански со Ск2014. Затоа што многу е поедноставно и полесно да правиш споменици (па и од 200 метри ако треба) отколку да вложуваш во инфраструктурата. Затоа што тие се популистички и помагаат за брзи позитивни резултати на изборите, па гледаме и на Билд сеуште има огромен број на членови кои се воодушевуваат на „уметничките дела“, затоа што многу е полесно да изманипулираш колку навистина чинат спомениците отколку инфраструктурните проекти, па на тој начин и изворот на финасирање на владеачката партија е непресушен. Но не треба многу за обичниот човек да направи математика 2+2, и да сфати дека од барокната фасада на министерството за правда, нема ама апсолутно никаква корист, дека наместо оваа реконструкција повеќе би сакал добро асфалтиран и безбеден пат/улица до неговата населба/село/град, или пак канализација наместо септичка јама, или пак добро и непречено водоснабдување, приклучок за гас, поефтина струја и сл. Но домаќинксото и планско работење е едно, задржувањето на позициите е нешто сосем друго, па затоа нашите политичари во изминативе 20 години повеќе се грижат за личниот и партискиот рејтинг, на краткорочните резултати (Плодовите од ниските гранки во менаџментот) отколку на долгорочните цели, кои навистина после 7-10-15 години би не поттурнале напред. |
||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
||
![]() |
||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
|
Ако гледаш хронолошки колку грешки се направени 90 год па навака. Најголема грешка се случи со приватизацијата. Во 90 година имавме фабрики што вредеа пари но Бранко и багра а во то имаше колач и за опзицијата во тогашно време измислија длавера како да си ги приватизираат припрајтијата а да паднат во нивни раце. А се случи со случи не ке ми беше ич криво ако тие луге знаеја да работат со ниф досега требаа да бидат милјардери. Што се деси се продаваше и дел по дел се крадеше на легален начин додека не остана само карабини во многу фабрики а тие што офајдија поќето од незнајене купија станој коли и живееа на вискока нога. Парите ги потрошија на работие што не ствараат капитал и вработуваат луѓе. Ако ова не се десеше сега ке беше поинаква приказна денес. Приватниот странски капитал ке беше влезен од подамна. Ако све си работеше за овие 20 и кусур години доесга ке буѓедите ке имаа пари се да се исфинасира све од горе наведеното.
Edited by Goran - 16-May-2013 at 08:58 |
||
![]() |
||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|
Се согласувам со сите констатации околу приватизацијата, но сепак тука зборувавме за инфраструктура пред се, па затоа не ја проширив дискусијата. Инаку приватизацијата се одвиваше крајно нефер, неосмислено за доброто на државата и народот воопшто, туку преку ноќ се родија македонските тајкуни и богаташи. На пример, сите вработени во Алалоид, Макпетрол, Усије... добија дел од акциите, па понатака со нивна продажба купија, станови, автомобили, куќи. Вработените пак во здравството, образованието, полицијата, не добија ништо, иако и од нивните даноци се граделе во социјализмот овие фабрики. Никој од обичните граѓани не доби акции во Телеком или тогашното ЕСМ, иако целокупната нивна инфраструктура беше изградена со парите на претплатниците. Матните зделки со кои преку ноќ со позајмица големи газди станаа Штерјо, Свето, Мукаетов, Ѕинго... нема потреба да се анализираат. Но барем овие газди направија нешто за своите фирми после приватизацијата па тие постојат и денес за разлика од Охис, Емо, Треска, Алумина....
|
||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
||
![]() |
||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
|
Точно тоа ми беше поентата ме надополна ако се ова се продадеше по маркетна цена пример како Чешка со парите од тоа можеа чуда да се направат зборам пред 20 години. Тоа што го наведе во твоите постови не ќе беше научна фантастика.Него реалност.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Само Гошев предлагаше добар метот на приватизација-со ваучер систем.Човекот вилицата го заболе од објаснување каков бил тој пронцип,ама џабе.Главната поента на нашата приватизација беше да се сконцентрира капиталот во што помал број на луѓе-капиталисти
|
||
![]() |
||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
|
Незнам во која нишка да ги сместам фотките се надевам дека е добро што се тука, да се види каква е инфраструктурата во Тетово ова е срамота ова е реалноста на Македонија
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Dragan - 03-Aug-2015 at 18:15 |
||
![]() |
||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
|
Ова се случува во цел свет, веројатно се излеала некоја река. Јас бев на одмор во Порторож 2011, имаше невреме, сите улици беа поплавени. Јас му викам на рецепционерот, дека сум се изненадил од толку многу вода на улиците и оти сум мислел дека Словенците се многу повеке подготвени за вакви случаи. Он ме погледна чудно, и ми рече Господ е поголем од сите, па и од Словенците.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
|
Има 4 жртви поради лизгање на земјиште, во Тетово на ниту еден кружен тек нема атмосверска канализација, најглавните улици има еден тон кал и отпадок што го излеа Пена...... жално но вистинито
Edited by Dragan - 03-Aug-2015 at 20:55 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Драган, да не бидам сфатен погрешно, но за речиси сè сте си самите виновни - ниту ѓубрето се создало само од себе, ниту кружните текови сами се изградиле без одводи. Поплавите во делови од Македонија се редовна појава, само што на некои места сфатија каде е проблемот и засукаа ракави, а на други места се прават на Тошо и чекаат господ да им помогне.
Edited by Џоле - 03-Aug-2015 at 21:13 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Во овој случај за Тетово мислам дека си потполно во право. Овде природата си го зема својот дел од данокот. Овие камења ни со багер неможат да се придвижат а водата ги донела тука. Тука ништо неможи човек да направи. Но во секој случај правило треба да биди да се инвестира во заштита од поплави ,барем на тие со мал и среден капацитет. Од тие огромните нема спас (1961-2, 82) ![]() Edited by gjoko - 03-Aug-2015 at 22:22 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Ме изнасмеа твојата приказна со господ и со Словенците... |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
long123 ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 04-Aug-2015 Location: hefei Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Викаат пред фактите и боговите молчат, па не сум изненаден дека по 158-ми пут на мој пост нема аргументирано-издржана реплика. |
||
![]() |
||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
|
На кој пост? |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
природата секогаш ќе си го има своето, но човекот треба да учи од свое искуство... не е ова ни прва ни последна природна непогода која се случила во македонија, и факт е дека и денес, во 2015 година се гради како ќе се стигне, без ни малку осет за реалност
за тие што помалку разнислуваат со сопствена глава, да, полавата не може да се спречи, ама може дстично да се намалат последиците кои се познати ако претходно се случило истото |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Темава е првично креирана за презентација на идеи од форумџииве, но ќе ја постирам тука и стратегијата од министерство, веројатно можеме да се надоврзиме на муабетот. Стратегијата е за период од 2018-2030 година. Покрај добро познатите проекти што во моментов се реализираат од автопатски решенија, експресни патишта и железнички пруги, би издвоил дел од планираните до 2030 година: - Изградба на 13 км нов автопат од Скопје до границата со Косово по должина на патот 6-а од основната мрежа - Изградба на 42 км нов автопат од Гостивар до Кичево по должина на коридорот VIII од основната мрежа - Изградба на 9 км нов автопат Требениште – Струга по должина на Коридорот VIII од основната мрежа - Изградба на 30 км нов експресен пат Струмица - границата со Бугарија по должина на коридорот VIII од основната мрежа - Изградба на 28 км нов експресен пат Тетово – Јажинце од регионалниот пат во националната мрежа - Изградба на 17 км едноколосечна пруга на делницата Скопје – границата со Косово како дел од патот 10 од сеопфатната мрежа - Изградба на 63 км едноколосечна пруга на делницата Кичево – граница со Албанија на западниот дел од Коридорот VIII - Изградба на нова железничка врска Струмица – граница со Бугарија (Петрич) од околу 50 км - Изградба на нова железничка врска Кичево – Термоелектрана Осломеј од околу 10 км - Изградба на нова железничка врска Битола – Термоелектрана РЕК Битола од околу 11 км
- Реконструкција на нови железнички врски за брзи железнички пруги меѓу Скопје – Тетово, Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Битола, Велес – Гевгелија (овде се мисли на брзи до 120 км/ч, тоа е споменато во самата стратегија) Интересно експресниот пат Битола - Прилеп го нема во документов како стратешки приоритет, иако наголемо се најавува за реализација. Низ целиот документ силно проветрува фокус на железницата и нејзин посилен развој, со што се предвидува раст на железничкиот транспорт од 210% до 2030 година, но имајќи во предвид кои се бројките моментално, тие 210% не се воопшто импресивни ![]() Има и други интересни работи во документот, но еве ова е доволно за дискусија засега. |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Не е лошо. Мислам дека треба повеќе да се фокусираме на железницата и подобро поврзување со цела Европа, што ќе отвори огромни туристички можности. Само не знам што планираат со МЖ, без темелна реформа на ова претпријатие не можеме да размислуваме за каков било развој на железничкиот транспорт.
А што со пругата Штип-Струмица, како и Петрич-граница? Без нив пругата Струмица-граница би била нефункционална. Претпоставувам дека првава е оставена за по 2030, а за вторава ќе се координираат со Бугарија. Чудно ми е зошто никој не зборува за изградба на пруга од Шивец до Кавадарци, иако се работи за само 7 километри во релативно лесен терен. Би било добро да се размислува и за пруга од Кочани до Благоевград и од Кичево до Битола, мада овие две сепак не се приоритетни.
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Претпоставувам одлуката за Струмица - граница е донесена после тој договорот со Бугарија, кога склучија и некои протоколи за инфраструктура. Така што веројатно и на Бугариве им е тоа во план, па затоа и нашиве го вметнале во следниве 12 години.
ЕУ притиска многу силно да се фокусираме повеќе на железница, бидејќи тоа е моторот на нивните индустрии и се разбира туризам, но ние сме веројатно (заедно со Албанија и Косово) најзаостанати железнички. Моменталната просечна брзина на нашиве пруги била 60-80 км/ч! Па и со право се повеќе луѓе се откажуваат од возот како превозно средство. Со коњ ќе стигнам побрзо. Инаку за планови за други пруги... мислам дека ќе е ооогромен предизвик да се реализираат дури и овие најприоритетниве Куманово - граница со Бугарија и Кичево - граница со Албанија, бидејќи проценката за двата проекти е околу 500 милиони евра или вкупно 1 милијарда. Тоа за нас во период од 10-12 години и ваков мизерен економски раст е и повеќе од предизвик. Единствено да се молиме за грантови од ЕУ, малку за тие две, а можеби да ги покријат целосно и двете линии до термоелектраните, бидејќи така конечно ќе можеме да почнеме да увезуваме високо калоричен јаглен, па да ја кренеме малку енергетиката на нозе. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2345> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |