build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 01-Mar-2013 at 01:47
јас мислам дека е траката за дотур на фероникел рудата од рудникот Ржаново кој се наоѓа на самата граница со Грција,па до топилницата Фени.

Ако не сте знаеле има околу 40 км ваква трака, и во поранешна СФРЈ се сметаше за најголема глупост да се направи толкава разлика од рудникот до топилницата.Замислете се затега лагер на 25 км и ја сечи траката додека не се запри.И колку време треба да се отиде до тоа место и да се најде каде е? А сервисирањето?
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 01-Mar-2013 at 02:02
Ова е транспортната лентата на Фени која е долга 36.5 километри (од рудникот Р'жаново кај С.Рожден до фабриката Фени).Служи за траспорт на руда и своевремено била многу "голема работа"(во смисла на архитектонско решение).
Ке пробам да најдам детални информации за неа на нет ако постојат воопшто.Знам дека била најдолга во светот и дека имала специфични карактеристики на формата за рудата да не почувствува нагорнина и надолнина.
Колку што јас знам била направена кога главната суровина во фабриката се добивала од овој рудник (моментално само околу 20% кои ги користат за мешање и добивање на квалитет) за да се намалат трошоците за превоз.Претходно било планирано фабриката да се гради на висорамнината Витачево (близу до рудникот), но после неколку истражувања заклучиле дека постојаниот јужен ветар ќе ја носи штетната прашина од оџаците право во Кавадарци, затоа ја изградиле каде што е сега каде ветерот струел по течението на реката Црна

Превозниот капацитет е 450-550тони на час.

Edited by zdravozivo - 01-Mar-2013 at 02:26
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 01-Mar-2013 at 12:35
Да да токму така тоа е трака за превоз на руда за во фени, јас знам дека е најдолга во Македонија пошто учев по географија во школо и се секјавам. Занам дека не е секогаш во фукнција односно не работи бидејки донасаат руда од грција и работи само по потреба
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 04-Mar-2013 at 21:23
http://i1056.photobucket.com/albums/t379/elnino83/lenta.jpg
да точни ти се податоците ама дека не е изградена на витачево оти ветерот бил јужен и ке влијаело на кавадарци, не е така, ружата на ветрот во кавадарци е 85% северен и 15% северозападен...така да сега повеке го чувстуваме а оние со викендички на тиквешко езеро они си знаат кога ке дувне ветерот по Црна, го носе дури до полошки манастир....фабирката е изградена за да се развие кавадарци, оти кавадаречките политичари биле мокни и себични, со тоа извршија миграција на гоните села во кавадарци и допринеа за нивно опустошување......фени е грешка што е близу до градот....





Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 04-Mar-2013 at 22:27
Ова ми го зборуваше еден од постарата генерација инжињери во Фени (пред да биде затворена и продадена фабриката), не го тврдам јас но ми звучеше логично (секако бидејќи не сум имал точни информации за правецот на ветрот кој дува во кавадарци),иако мислам дека на витачево често дува јужен ветер.Можеби и не е така,сепак точно е дека фабриката е огромна грешка за едно подрачје како Тиквешкиот регион, богато со плодна површина која барем 10% засекогаш ќе биде унаказена и контаминирана со прашина од тешки метали.
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 08-Mar-2013 at 00:43
да и ти си во право, витачево е плато и јужен ветер дува најмногу навечер, кога ладниот воздух од планината се спушта по витачево..... 
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 08-Apr-2013 at 08:52
Да пренесам дел од вест која ме заинтересира :

„Според известување добиено од инженеринг компанијата „Геинг“, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

На патниот правец Гостивар - крак Маврово кај село Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.“

http://kurir.mk/makedonija/vesti/111158-Rekonstrukcija-na-del-od-patnite-pravci

Интересно е да се види дека се одвиваат работи за изведување на патот Велес-Штип како експресен пат ,односно се прегледува теренот за да може да се изработи план ,исто така интересно за нас е да видиме дека работата на последната делница од Е75 кај нас тече добро.

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 12-Apr-2013 at 11:14
Петок, 12 Април 2013 10:41

Екипи на ЕВН и Телеком започнаа со дислокација на електро енергетската мрежа и поставување на нови бандери на новата улица во Стопански Двор.

sd500

Новата улица ќе ги поврзува населените места Ново село, Кисела Јабука, Волково и Стопански Двор.

Истовремено таа ќе биде главна комуникација на овие населени места со заобиколницата  кон коридорот 8 во правец на Тетово и коридорот 10.

sd11500

Улицата ќе биде широка 7 метри и ќе има тротоари од по 2 метри на двете страни а вкупната должина  ќе изнесува 1200 метри.

Градежните работи ќе ги изведува ГП „Илинден” од Струга и ГП „Бетон” од Скопје.

sd22500

За овој проект издвоени се средства од општинскиот буџет.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/111800-FOTO-Nova-ulica-vo-Stopanski-Dvor

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 12-Apr-2013 at 11:16
Се надевам дека под нови бандери подразбираат расвета а самата инсталација ќе оди под земја. Редно е овие 2 компании да се присилат полека да си ја средуваат мрежата. 
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 12-Apr-2013 at 11:26
Се надевам и јас исто.
Редно е да почнат кај нас сите компании да си ги местат инсталациите подземно.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 24-Apr-2013 at 13:08
Милион евра за обнова на регионалниот пат Тетово-Гостивар

Започна втората фаза за обнова на регионалниот пат Тетово-Гостивар. Според Вицепремиерот, Муса Џафери обновата на овој регионален патен правец со должина од околу 20 километри е еден од владините приоритети.

„Покрај овој пат гравитираат над 100 илјади жители и затоа е многу важно тој да се направи во целост. Иако работите започнаа пред локалните избори, ние покажуваме дека активностите за реконструкција и асфалтирање на продолжуваат согласно планот“, рече Џафери.

Како што информираше директорот на ЈП Македонија пат, Гајур Кадриу работите наскоро ќе бидат целосно завршени, а вкупната вредност на инвестицијата е над еден милион евра, пари од буџетот на претпријатието.

Инаку стариот пат Тетово-Гостивар започнува од тетовската приградска населба Мала Речица и минува низ две други полошки општини, Боговиње и Врапчиште – Неготино за да заврши во Гостивар.

http://faktor.mk/archives/44143
____________________

Јас, пак, си мислев дека ќе го реновираат коловозот на автопатот/експресниот пат Тетово-Гостивар и обратно, зашто кога во февруари поминував низ него, се запрепастив од дупките, нечистотијата и запуштеноста.

Edited by Џоле - 24-Apr-2013 at 13:20
За сè има вторпат
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 27-Apr-2013 at 09:05
Здраво, знае ли некој каде може да најдам кој го добил тендерот за реконструкција на Р108 секција мушов гроб витачево 16,3км со вредност од 2,5М евра со пари од ЕБОР. Ме интересира за да видам до кога е рокот за завршување
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 19-May-2013 at 23:42
Датум: 19.05.2013, 15:42
ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСKИ, ДИРЕKТОР НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА

Со видеонадзор до поголема наплата на патарините



Изградба на нови автопати од Kичево до Охрид и од Скопје до Штип, ново проектирање магистрала од Стоби до Прилеп, осветлување на главните автопатски клучки, решавање на неколку црни сообраќајни точки, поставување нова патна сигнализација и воведување електронска патарина. Ова се само дел од проектите на кои се работи во Јавното претпријатие за државни патишта за подигнување на квалитетот и на безбедноста на патниот сообраќај. Откако лани во октомври ја презеде надлежноста за патарините од „Македонијапат“, почна со реновирање на наплатните куќички и со монтирање опрема за видеонадзор за да се засили контролата на наплатата, а вработените добија униформирана облека и поминаа обука за пољубезен однос кон возачите. Сиве овие мерки, како што вели директорот на Јавното претпријатие, Љупчо Георгиевски, резултираа со зголемување на процентот на наплата на патарините за 17 отсто во првите три месеци од годинава во споредба со истиот период лани.

- Наш главен приход се 20 отсто од акцизата од горивата што ни ги префрла Министерството за финансии, од патарините и од наплатата при регистрацијата на моторните возила. Ако направиме споредба со првите три месеци од минатата година, во просек, од патарините имаме зголемување на приходите за 17 отсто. Ова е добар знак бидејќи ова не е сезона на одмори или на патувања. Kај прибирањето на парите од регистрацијата има зголемување од 61 процент. Тоа е добар процент.

Изразот „половина-половина“ стана синоним за мито и за корупција. Имаше неколку акции како „Змиско око“ за искоренување на неплаќањето на патарините и на проневера на собраните пари. Kакви други мерки преземате?

- Засилени се контролите на вработените, во план е да се ангажираат таканаречени тајни клиенти, кои анонимно ќе ги оценуваат односот, љубезноста и ефикасноста. Со ова сакаме да ја промениме негативната слика што се создаде за нас во јавноста последниве години. На вработените им е забрането да јадат во кабините, да слушаат музика или да чуваат сопствени пари. Во овој период има неколку парични казни со по 20 отсто од платата, суспензии, па и престанок на работен однос поради непочитување на овие правила. Почнавме со поставување видеокамери кои го евидентираат работењето на инкасантите на патарините, што значи снимање на издавањето на фискалните сметки и на наплатата на патарините, а во кадарот е и регистарската табличка на возилото. Kамери се поставуваат и во кабините на вработените. Целокупниот видеозапис преку оптички кабел е поврзан со командниот центар каде што се следи во живо кој, како и што работи.

До каде е процесот на воведување на новата електронска наплата на патарините и изготвувањето на вашата нова веб-страница?

- До завршување на целокупната процедура и ставање во функција на системот за воведување на електронските патарини ќе поминат уште две години. Затоа презедовме чекори за нивна обнова и подигнување на квалитетот на услугата. Покрај веќе инсталираните безбедносни камери, ќе се постават и панорамски камери, стотина метри пред и по наплатните станици, преку кои во контролниот центар ќе се набљудува одвивањето на работата. Овие снимки ќе им бидат достапни на сите граѓани преку пристап на нашата нова веб-страница. На овој начин ќе може преку интернет да се следи состојбата на патарините. Разговараме со Царината за да се поврзат и граничните премини. Ќе може преку интернет во реално време преку видеозапис да се има комплетен увид на состојбата на дел од патиштата и на граничните премини.

Зошто се одлучивте за моделот на електронска наплата на патарините со картички? Kои се предностите во споредба со другите модели (вињети)?

- Наплатата на патарина со вињети не е во согласност со Директивите на Европската Унија за интероперабилност на системите за наплата на патарина кои се користат во Европа. Од тие причини се одлучивме за користење електронска наплата на патарина.

Kакви мерки се преземаат за уредување на патната сигнализација и на стојалиштата по должината на коридорите 8 и 10, а и на другите правци пред летната сезона?

- За одржување и грижа на комплетната патна мрежа е задолжена „Македонијапат“. За ваквата законска обврска редовно ни се доставуваат фактури, а од наша страна навремено им се префрлаат пари. Активно се работи на обнова на сигнализацијата и на осветлувањето. По осветлувањето на клучката кај Велес, следна е кај Стоби. Наскоро ќе се распише тендер за осветлување на автопатот од граничниот премин Богородица до Гевгелија, во должина од нецели 3 километри, како и клучката кај Петровец. Следни се неколку непрегледни делови од Kоридорот 8, кои час поскоро мора да се осветлат. Тоа е двоењето на патот кон Маврово, како и на патот Гостивар-Kичево, планинскиот превој Стража, кој навечер е многу темен, а тука многу возачи застануваат за да се одморат на пат кон Охрид. Во овој момент отпочнуваме со активности со осветлување на делот од патот од Велес кон Kадрифаково, кај селата Сарамзалино и Лозово.

Последниве месеци се случија поголем број трагични сообраќајни несреќи. Имате ли увид кои се црните точки на патиштата и што се прави за тие да се сведат на најмал можен број?

- Патот Велес-Штип, особено делницата Велес-Kадрифаково е една од најопасните со многу црни точки. Готов е проектот со кој ќе се одбегнат постојните остри кривини и стрмнини. Наскоро ќе почне експропријацијата на земјиштето за да се прошири патот. Сметам дека нема да има проблеми околу тоа бидејќи ова е од интерес на граѓаните. Ќе се изведе делница од 24 километри, која наместо сегашните 6 метри, ќе биде широка 12 метри, што значително ќе ја подобри безбедноста на сообраќајот на овој правец. Во првата фаза комплетно ќе се обнови коловозот од клучката Велес до велешката депонија во должина од 3 километри, како и деловите од патот што поминуваат покрај населените места Сарамзалино и Лозово. Проектот е готов и откако ќе добиеме одобрение од ЕБОР, ќе го распишеме тендерот за избор на изведувач. До крајот на август ќе се заврши проектната документација за следните 9 километри до првото населено место. За тука ќе ни треба одобрение за градба бидејќи патот ќе се проширува од постојните 6,20 метри на 12 метри. Значи, во секој правец ќе има по две летни со ширина од 3,5 и 2 метра.

Дали интервенирате на други црни точки?

- Да. Еден од таквите патни правци е новопроектираната делницата од Стоби кон Прилеп. Таму се проектира нов пат, со што ќе се избегне сегашниот стар пат кој минува низ населени места. Новопроектираниот пат ќе биде широк, со благи кривини и по него ќе се вози со сто километри на час наместо со сегашната брзина од 60 километри на час. На овој правец се предвидува да се пробијат и два тунела. За безбедноста на сообраќајот многу се важни и други елементи, како еластичните огради на коловозите, патоказите, сигнализацијата, осветлувањето. Засега, по Kоридорот 10, до Велес, се поставени големи патоказни табли кои навремено ги известуваат возачите каде треба да свртат. Ќе се продолжи со клучката кај Велес, а потоа и до Стоби. Паралелно се работи и на Kоридорот 8.

Kога ќе со обнови автопатот од Велес кон Скопје, кој е многу оштетен?

- Ова е уште една црна точка. Ако во обратен правец успеавме да го направиме попристоен со реконструкција на коловозот, овој дел е во многу лоша состојба. Изработена е комплетна проектна документација од наша страна и доставена е до ресорното министерство. Најавено ни е дека овој проект ќе биде финансиран од ИПА-фондовите. Ќе се гребе целиот асфалт за да се стави нов слој и ќе се менуваат еластичната ограда и патната сигнализација. Исто така, во тек е тендер за изработка на проектна документација за рехабилитација на автопатот од Kуманово до Миладиновци и назад. Се планира комплетно отстранување на постојниот асфалт, ќе се израмнува коловозната површина, ќе се поставува нов слој на асфалт, како и комплетно нова сигнализација.

Врз кои регионални делници ќе биде ставен акцентот годинава?

- Покрај делниците Велес-Kадрифаково и новиот пат за Прилеп, годинава ќе се завршат уште четири регионални патни правци. Лани, поради недоволна ангажираност на изведувачот и незапазување на роковите, беа раскинати договорите и беа наплатени банкарските гаранции. Сега се избрани нови домашни изведувачи и деновиве треба да се парафираат договорите од двете страни. Станува збор за довршување на градба на патните правци Ангелци-Вељуса-Водоча, Радовиш-Kонче, Kавадарци-Грушокоп и Дебар-Струга, во вкупна должина од стотина километри. Секако би ги навел и делниците Арачиново-Липково, клучката Брвеница на Kоридорот 8, патот до Сончев Град и Тетово-Јажинце.

МарЈан Блажевски




Нови автопати од Миладиновци до Штип и од Kичево до Охрид

- Проектот за оваа автопатска делница, од наша страна, е целосно готов, а елаборатот за експропријација е доставен до правобранителството за реализација. Kолку што сме информирани од фактурите на граѓаните што ни доаѓаат за исплата на преземеното земјиште, експропријацијата во голем дел е почнато и завршена. Но бидејќи ова е сериозен потфат и ќе чини многу пари, Министерството за транспорт и врски заедно со Владата презема сериозни активности за обезбедување на финансиската конструкција. Очекувам многу брзо, до крајот на годинава да го затвориме ова прашање и да се почне со градба.

Во слична фаза за доработка е проектот за автопатско решение за делница од Kичево до охридскиот аеродром, од каде што се двои патот кон Охрид и Струга. Во завршна фаза е прецизирањето на делницата од околу 60 километри, се додефинира трасата, по што ќе се отпочне со експропријацијата на земјиштето.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6BD5B7B01ACBCA4DBB0C4B80E4A3388A
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 22-May-2013 at 01:04
Заборавив да споделам, во петокот патував за Скопје забележав на две-три места на делницата Велес-Катланово се вршеа некакви мерења кои би требало да навестуваат негова санација.
Плус конечно почнало да се работи на пропаднатиот дел помеѓу Прилеп-Градско, имаше поставено семафори се пропуштаа возила наизменично.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 29-May-2013 at 18:45
Патот Арачиново-Липково започна да се реконструира
Среда, 29 Мај 2013 16:47

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Муса Џафери, придружуван од заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами, денеска присуствуваа на започнување на работите за реконструкција и изградба на регионалниот пат Арачино – Липково.



Како што соопшти Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор, вицепремиерот Џафери истакнал дека инвестирањето во патната инфраструктура останува приоритет за Владата на Република Македонија, а реализацијата на овој проект е дел од владината програма.

- Означуваме почетокот на реконструкција и изградба на регионалниот пат од Арачиново до Општина Липково, имено првата фаза од патот што вклучува околу 15 километри. Спроведувањето на оваа фаза ќе чини над 2 милиони евра, рече Џафери.

Тој додаде дека проектот ќе се спроведува во три фази и целосно ќе чини над 5 милиони евра, а ќе се реконструира и асфалтира пат од околу 30 километри.

- Со овој проект ја спроведуваме нашата програма, како што и ветивме. Овојпат првенствено ќе им служи на жителите на двете општини, Арачиново и Липково, изјави Џафери.

Според Бајрами, првата фаза ќе биде завршена во рок од една година, а потоа ќе продолжиме со реконструкција и асфалтирање на другите две фази. Бајрами најави дека во првата фаза се предвидува реконструкција и асфалтирање на патот од Арачиново кон селото Ропалце до Општина Липково.

На овој настан присуствуваа градоначалниците на Липково, Садула Дураку, и на Арачиново, Брахим Ајвази, како и пратеници и претставници од централната и локалната власт.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/117656-Patot-Aracinovo-Lipkovo-zapocna-da-se-rekonstruira
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 10-Jun-2013 at 09:33
СЕ ГРАДАТ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ПАТИШТА. КОИ СЕ ТИЕ?

Од Дебар до Струга, од Кавадарци до Кожуф, од Радовиш до Конче, од Тетово до Јажинце до крајот на годината ќе се стигнува многу побрзо. Ова се дел од регионалните патишта кои што се градат во моментов и кои се очекува да бидат завршени и пуштени во употреба годинава.

Повеќе на линкот http://emagazin.mk/%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82-%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0-%D0%BA/
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 15-Jun-2013 at 18:25
Почна реконструкцијата на патот до рудникот Алшар
Сабота, 15 Јуни 2013 11:46

Започна реконструкцијата на патот Кававадрци - Мушов гроб, кој води кон рудникот Алшар. Изведувач на работите е градежната компанија „Гранит”.

- Нашите работници и машини се на терен и започнавме со работите. Ќе направиме се што можеме изведбата да заврши до зацртаниот рок, велат во „Гранит”.

Задоволство од стартот на реконструкцијата на патот кој води до Кожуф изразија постојани или привремени жители на десетина поткожувски села кои транзитираат во тој дел од Тиквешијата. Натаму секојдневно се движат и работници од неколку кавадаречки компании.

Дупките големи како кратери кои со години наназад претставуваа проблем за возачите овде најпосле ќе бидат минато, велат тиквешани кои често патуваат натаму.
http://www.kurir.mk/republika/opstini/119731-Pocna-rekonstrukcijata-na-patot-do-rudnikot-Alsar
Back to Top
MajaMaja View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Jun-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MajaMaja Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 26-Jun-2013 at 22:44
Ке мозе ли некој да ми ги наведе сите патарини по име и која патна делница ја опфаќаат со тоцна километраза за секоја поеднинечно. Ако имате линк кон мапа која ги прикажува само патните делници, ќе ве молам пратете ми ... благодарам
Back to Top
MajaMaja View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Jun-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MajaMaja Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 26-Jun-2013 at 23:23
Zdravo, bi vi bila osobeno blagodarna dokolku me snabdite so nekoi odgovori zatoa sto nikako nemozam da dojdam do tocni podatoci.

Kolkava kilometraza podlezi na patarini vo MK ako moze i link do mapa
kaj mozam da najdam statistika
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 27-Jun-2013 at 00:14
MajaMaja, најпрвин ти посакувам добредојде на форумов.
Во врска со твоето барање, би те советувал да ги побараш овие информации во Агенцијата за државни патишта, и тоа на личностите кои се одговорни за давање информации од јавен карактер. Без проблеми и во брзо време ќе ти одговорат, како новинар нив веќе сум ги пробал .
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.672 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.