build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 18-Jan-2013 at 14:38

Господарите на струјата во Македонија лани свртеа 170 милиони евра!

Најголеми продавачи се трговските фирми ЕФТ Македонија и ГЕН-М и двете продадоа струја вредна над 120 милиони евра. Најголеми купувачи се ЕВН Македонија и ФЕНИ Индустри што платија вкупно 100 милиони евра за струја

ЕВН Македонија е најголем купувач на електрична енергија во Македонија, а трговската компанија ЕФТ Македонија е најголем продавач на струја на македонскиот пазар лани, покажуваат официјалните достапни податоци за 2012 година. Лани ЕФТ Македонија од продажба на струја во Македонија остварил приходи кои надминуваат 70 милиони евра, а ЕВН Македонија за купување на струја на домашниот пазар потрошила околу 55 милиони евра. Заради тоа Македонија нема берза за електрична енергија нема ниту официјална просечна пазарна цена по која се тргува струјата. Заради тоа анализата МКД.МК ја направи врз основа на апроксимативна регионална просечна годишна пазарна цена од 60 евра за мегаватчас утврдена по набљудување на цените на берзите во нашиот регион во Словенија, Италија, Романија и Унгарија.

Македонска работа! Берзата ќе била неисплатлива, а прометот е 170 милиони евра

Македонија со години досега не може да формира берза за тргување со електрична енергија и преносни капацитети. Според официјалните податоци лани на сегментот на кој цените на струја се формираат пазарно само заради тоа што Регулаторната комисија за енергетика нема надлежност се продадени и купени 2,8 милиони мегаватчасови електрична енергија, што е 34 отсто од целото консумирање електрична енергија лани. Официјална пазарна цена на струјата во Македонија нема заради тоа што нема берза за струја. ЕВН Македонија, МЕПСО и ЕЛЕМ кога имаат потреба струја купуваат преку јавни тендери на кои можат да се јават сите заинтересирани трговци или производители. Групата големи потрошувачи на струја, предводени од ФЕНИ Индустри, во која влегуваат уште и Југохром Фероалојс, Митал Стил, Скопски легури, Макстил, ОКТА, Бучим и УСЈЕ купуваат струја од трговците преку годишни билатерални договори со фирми што ги одбираат по моделот на собирање на понуди или преговори.

Кој најмногу наплаќа, а кој многу плаќа?

Според официјалните достапни податоци ЕВН Македонија лани е најголем купувач на електрична енергија за своите потреби за снабдување на дистрибутивната мрежа. Лани таа компанија по пазарни услови купила речиси 913.000 мегаватчасови електрична енергија од нејзините понудувачи. Тоа претставува една третина односно 32,6 отсто од целата истргувана количества струја по пазарни цени лани во Македонија. На второ место, очекувано, е ланскиот лидер ФЕНИ Индустри кој купил 25,8 отсто од целата продадена електрична енергија лани во Македонија. Според приближните 60 евра за мегаватчас овој комбинат лани за струја платил околу 44 милиони евра. На третото место е комбинатот за производство силициум „Југохром“ од Јегуновце. Тој лани купи 10,8 отсто од количеството струја тргувано по нерегулирани цени. Неговото приближно учество во прометот е 18,4 милиони евра. На четврто место е најголемиот државен производител на струја ЕЛЕМ. Лани оваа компанија купила 9,8 отсто од струјата што се нудела на пазарот, а на петтото место е националниот електропреносен систем-оператор МЕПСО, кој за покривање на загуби на преносна мрежа и за системски услуги купил околу 168.000 мегаватчаса.

Најголем продавач бил ЕФТ Македонија, кој држи 47 отсто од целата струја продадена лани по нерегулирани цени односно на македонскиот пазар на електрична енергија. Македонската експозитура на словенечката компанија за производство и трговија со струја ГЕН-И лани покрила 30,7 отсто од пазарот. Далеку зад нив, но пред другите трговци лани била трговската фирма на ЕЛЕМ, ЕЛЕМ Трејд која покрила 8,2 отсто од побарувачката за струја. По неа е трговската фирма на ЕВН Македонија, која покрила 4,5 отсто од пазарот. Петти е српски Руднап со пазарно учество од 3,5 отсто.

http://www.mkd.mk/90941/ekonomija/gospodarite-na-strujata-vo-makedonija-lani-svrte-170-milioni-evra/

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 21-Jan-2013 at 13:51

Третина од потрошената струја лани дојде од увоз!

21/01/2013  //  Пред 51 минути  //  ЕКОНОМИЈА  //  Коментирај

dalnovodi

Дури 32,5% од вкупната потрошена електрична енергија во Македонија лани е увезена, покажуваат податоците од МЕПСО. Државните термоелектрани придонесоа со 53,6% во домашното производство на струја за периодот јануари-декември 2012 година, додека државните хидроелектрани со само 10,5%. Од независните производители на струја Македонија искористи само 3,4%.

Само во декември минатата година, дури 40,2% од потребите за електрична енергија беа дефицитарни, па мораа да се увезат, бидејќи државните термо и хидроцентрали успејаа да произведат само 59,8% од вкупните потреби.

За разлика од декември 2011 година, од увоз дојде 34,5% од потрошената струја, а термоелектраните во сопственост на ЕЛЕМ произведоа 57,3% од потребната струја, додека државните хидроелектрани 8,1%. Овие статистички податоци со кои располага МЕПСО не ја покажуваат вкупната потрошена, произведена и увезена струја во мегават/часови.

http://faktor.mk/archives/23012

Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 13-Feb-2013 at 17:13

Знаат ли пратениците дека се виновни оти ЕЛЕМ троши скапа вода за да прави евтина струја?

Зошто бегаат од суштината и бараат формални изговори за иницијативата на „Аман“? Вистината е дека ЕЛЕМ секој ден губи пари зашто од вредната вода прави евтина струја. Тоа е за потсмев.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ја отфрлија иницијативата за враќање на евтината цена за електрична енергија на здружението на граѓани „Аман“ со некаков правен формален изговор што не ја третира суштината туку формата. Со ова пратениците на владејачката коалиција, свесни или несвесни за тоа, му ја укинаа можноста на ЕЛЕМ, државниот производител на електрична енергија да продава скапа струја произведена од неговите хидроелектрани. Многумина ќе се зачудат како?

Еве вака: до пред да се укине евтината тарифа во периодот од 13 до 16 часот граѓаните па и многу компании имаа можност да ги користат националните водни ресурси на ЕЛЕМ во тој временски интервал за да добијат евтина електрична енергија. Тоа беше остаток од социјализмот кога струјата не се продаваше по пазарна цена и мораше да ја има по цена која ќе биде достапна за сите жители. Од актуелната ни пазарна логика, тоа нема логика. Но има ли логика ЕЛЕМ, државна и теоретски народна компанија, вредниот воден ресурс да го користи за производство на струја по цена што е значајно пониска од цената што за таа струја може да се постигне на берза?

Што добивме по 1 август годинава? Се намали потрошувачката на струја во скапите часови од 13 до 16 часот, но драстично порасна потрошувачката од 22 часот до 1 часот по полноќ, покажуваат официјалните податоци. Сега ЕЛЕМ значаен дел од скапата вода троши за да произведе евтина струја.

На ЕЛЕМ му скршија врат! Троши скапа вода за да прави евтина струја 

По граѓаните, од кои поголем дел дефакто се измамени од нивните народни избраници, најголем губитник во оваа ситуација е ЕЛЕМ, државната компанија за производство на електрична енергија. Цената на електричната енергија произведена од вода секогаш има ексклузивна и висока цена од проста причина што таа енергија е достапна на купувачот во секој момент. Наједноставно – погледнете ги цените на берзите на струја во Словенија, Романија и во Унгарија. Цената на струјата што се продава во ноќните часови на пример во интервалот од 22 до 6 часот е речиси без исклучок барем за 50 отсто поевтина, а многупати и до 100 отсто поевтина од цената на струјата што се продава во термините од 12 часот до 19 часот. Значи ако купувате струја ноќе ќе ја платите можеби и до 50 евра за мегаватчас, а ако купувате преку ден или попладне ќе ја платите по 70, 80, а некогаш и до 100 евра за мегаватчас.

Е сега, со небулозното решение на „тешката експертиза“, експертите од Регулаторната комисија за енергетика, поддржани од самонаречените познавачи на приликите од Министерството за економија, направија режим во кој ЕЛЕМ троши скапа вода за да произведе евтина струја во доцните ноќни часови. Заради тоа што голем број од граѓаните по укинувањето на евтината дневна струја користат евтина ноќна струја. Значаен дел од таа струја, барем она што го прави ЕЛЕМ е произведена од водата од хидроцентралите. Значи ЕЛЕМ додека имаше евтина дневна тарифа трошеше повеќе вода од 13 до 16 часот. Сега ја троши истата вода во ноќта од 22 до 6 часот. Зошто експертите од Регулаторната комисија за енергетика не му дозволија на ЕЛЕМ да продава по пазарни цени макар и во регионот (можеби Грција или некоја друга земја) струја произведена од вода во скапите дневни часови, а потоа со дел од тие пари да купи евтина ноќна струја која, за волја на вистината, во ноќните часови во нашиот регион ја има во изобилие. Дали ЕЛЕМ побарал, не знаеме. А дали побарала Владата како сопственик на ЕЛЕМ, не знаеме. Како и да е, ЕЛЕМ заслужил да му се даде шанса вредниот ресурс да го искористи да создаде и да продаде скап производ дури и да треба со дел од заработката да плати за струја која му недостига.

 ЕВН е единствен што не губи во оваа ситуација

Заменик-министерот за економија Христијан Делов рече дека воведувањето на евтината дневна тарифа дополнително ќе го зголеми увозот на електрична енергија, ќе ги оптовари енергетските капацитети и ќе ја зголеми цената на струјата. Ова е неговата изјава:

„Моментот во кој се предлага воведување евтина дневна тарифа е неповолен оти во тој период има најголема потрошувачка на струја од индустриските капацитети и се создава кусок, кој треба да се увезе, што потоа создава дополнителни проблеми“, рече Делов.

Дали Делов ги гледал енергетските биланси и реализацијата? Дали знае дека од август се троши водата за производство на ноќна евтина струја? Дали читал или нарачал анализа колку од таа вода се трошела до пред 1 август за производство на евтина струја во дневните часови? Дали може да одговори што би добил народниот ЕЛЕМ ако смее да продава скапа струја произведена од вода и од дел од парите да купува евтина ноќна струја? Ако е одговорот дека тоа не може зашто нема берза за струја, второто прашање е па зошто досега Министерството за економија не создаде услови за да се создаде берза за струја?

Од новосоздадената состојба само ЕВН Македонија нема дополнителни главоболки. Нивниот конзум во дневните часови, сега со скапа тарифа се намали. Не мораат да докупуваат електрична енергија за комерцијалните загуби по високи цени. Регулаторите им помогнаа зашто уведоа скапа струја од 13 до 16 часот. Но проблемот не е решен затоа што ЕВН Македонија пак купува електрична енергија на тендери за да ги задоволи потребите на потрошувачите. Да нема забуна, потрошувачите ќе си доплатат по пазарни цени, се разбира откако во иднина Регулаторната комисија за енергетика ќе признае макар и дел од зголемените трошоци на ЕВН заради повисоките набавни цени.

Што тогаш ќе каже заменикот Делев? И какво оправдание ќе најдат правниците – пратеници од матичната комисија на македонското Собрание?

http://www.mkd.mk/97456/ekonomija/znaat-li-pratenicite-deka-se-vinovni-oti-elem-trosi-skapa-voda-za-da-pravi-evtina-struja/

If you don`t have a clue,...use the internet!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 01-Mar-2013 at 13:15

Зошто државните електрани итно склучија тендер за транспорт на јаглен тежок 2,1 милион евра?!

Од осумте понудувачи, зделката вредна 2,1 милион евра ја доби фирмата за градежништво, транспорт и трговија Транс Мет ДОО Скопје.

Потребата од транспорт на 200.000 тони јаглен од РЕК Битола до РЕК Осломеј во периодот 07.12-07-03.2012 година државната ЕЛЕМ не можеше да ја предвиди. Затоа реши оваа услуга да ја набави во постапка со преговарање, без да објави оглас. Од осумте понудувачи, зделката вредна 2,1 милион евра ја доби фирмата за градежништво, транспорт и трговија Транс Мет ДОО Скопје ( компанија која според јавнодостапните информации е основана во 1992 година од Исмет Кочан).

Крајната итност за склучувањето на овој договор меѓу ЕЛЕМ и Транс Мет го отвора прашањето зошто државниот производител на електрична енергија не испланирал на време дека можеби во текот на зимските месеци РЕК Осломеј ќе има потреба од дополнителни количини на јаглен, особено ако се земе предвид фактот дека  рудникот Осломеј „Запад“  е при крај со експлоатација, а резерви се проценуваат на најмногу 1.700.000 тони јаглен, кои се доволни за помалку од две години работа. Итноста на склучувањето на договорот, преку директна спогодна, од ЕЛЕМ ја правдаат со немањето доволно време за спроведување на редовна постапка (долги рокови) за јавната набавка, притоа не прецизирајќи колку време трае редовната постапка.

“Неповолна околност е што наведените количини на јаглен се раслоени и во таква ситуација не може да се обезбеди континуирана дневна експлоатација на околу  4.000 тони јаглен кои се потребни за нормално дневно производство на термоелектраната. Комбинатот има на располагање уште 250.000 тони јаглен од локалитетот „Стар рудник“ кои се експлоатираат со дисконтинуирана технологија. Но, поради лизгање на земјиштето во  овој јагленокоп изминатата есен беше оневозможен ископот на јаглен во претстојниот зимски период, па е донесена одлука потребите од јаглен за континуирано производство на термоелектраната „Осломеј“  во грејната сезона да се дополнуваат со јаглен од Брод Гнеотино (РЕК Битола).  Имајќи ја предвид оваа ситуација, а со цел РЕК Осломеј да продолжи со непречено производство на струја во законска процедура, АД ЕЛЕМ обезбеди 200.000 тони јаглен од својата подружница РЕК „Битола“, кои од почетокот на  декември со камиони се носат до РЕК Осломеј, со динамика од 2.000 тони дневно“, објаснуваат за Фактор од ЕЛЕМ.

Во време кога потрошувачката на струја од година во година расте, државата никако да инвестира во значаен енергетски производен капацитет. Плановите на ЕЛЕМ за отворање на рудник во локалитетот Поповјани (што  како басен располага со околу 9.000.000 тони јаглен),  и во локалитетот Чукале за сега остануваат само на хартија.

“Поради несогласување на локалното население за отворање на овие локалитети, подготвителните активности се замрзнати и покрај многубројните обиди  за надминување на проблемот иницирани од АД ЕЛЕМ и РЕК Осломеј. Активностите за надминување на проблемите со локалното население се во тек“, велат од ЕЛЕМ.

К.П

http://faktor.mk/archives/33254#.UTCbpqIe1VI

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 01-Mar-2013 at 16:48
ова е поради што месното население од с.Поповјани го блокира отворањето на новиот коп за јаглен,а во тоа село живее и новиот ген.директор на РЕК осломеј на кого во 2007 година јас му поднесов кривична пријава за подметнување на шумски пожар во околината на електраната,која и беше целосно опколена со пламен.

ова да му го кажувам на некој финец или швеѓанец нема да верува.

нема луѓето што да прават па носат јаглен од Битола со камиони по 200 км од една тура
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 15-May-2013 at 09:19
ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ СО МАKСИМАЛНО ПРОИЗВОДСТВОТО

Се изнаработеа централите Тиквеш, Шпилје и Глобочица


Најголемо потфрлање во производството има кај комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО, која иако ја презеде и функцијата на затоплување на Скопје, досега има за 100 гигават-часови помало производство на струја отколку лани, што значи и помала потрошувачка на гас во земјата

Поволната хидрологија последниве месеци придонесе максимално да се искористат хидропотенцијалите. Сите хидроцентрали во земјава работат со полн капацитет, а кај некои производството е толку големо, што за само четири месеци од годинава е остварено она што е планирано за целата година. Во април тие имаат произведено 221 гигават-час електрична енергија, што е за 78 гигават-часови повеќе од истиот месец лани. Или, ако се погледнат првите четири месеци од годинава, тие имаат за над 200 гигават-часови поголемо производство отколку лани. Најмногу се изнаработеа централите Тиквеш, Шпилје и Глобочица, додека кај оние од мавровскиот слив, пред с` кај Вруток и Равен, производството е помало поради ревитализацијата што е во тек. Со оглед на тоа дека водните потенцијали се големи, може да се очекува добро производство и во наредните месеци.

Поради максималната искористеност на хидроцентралите, порелаксирано е работењето на термоелектраните. Па така, во април Осломеј има двојно помало производство од истиот месец лани, првиот блок на РЕK „Битола“ има дури тројно помало производство, речиси двојно помало било и кај третиот блок, па само првиот работел со полн капацитет. Од термоцентралите, најголемо потфрлање има кај комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО, од која годинава се очекуваше, со оглед на преземањето и на функцијата на затоплување на Скопје, поголемо производство, а со тоа и поголема искористеност на гасот во земјава. Сепак, оваа централа за првите четири месеци од годинава има произведено само 183 гигават-часови електрична енергија, што е за 100 GWh помалку отколку лани. Според билансот, таа најави планирано производство од 500 GWh. Што се однесува до увозот, во првите четири месеци од годинава се увезени 810 гигават-часови електрична енергија, што е за 200GWh помалку од она што беше увезено во овој период претходната година.

Што се однесува до потрошувачката на струја, кај стопанството, односно поголемите капацитети кои се директни потрошувачи е речиси на исто ниво како во истиот период лани. Меѓутоа, кај потрошувачите врзани на дистрибутивната мрежа, што значи граѓаните и помалите фирми, таа е помала. Во април овие потрошувачи искористиле за 20 гигават-часови помалку струја отколку лани, но за првите четири месеци нивната потрошувачка била помала за над 300 гигават-часови електрична енергија во споредба со претходната година.

Трите компании вклучени во енергетскиот сектор – МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН идниот месец до Регулаторната комисија за енергетика треба да ги достават извештаите, а врз нивна база Регулаторот на почетокот од јули треба да се изјасни дали ќе има корекција на цените на електричната енергија. Според новите правила на РKЕ, пресметките се прават врз билансите, односно признаените трошоци од претходната година. Со оглед на тоа дека од мај лани досега имаме драстично намалување на потрошувачката и на увозот на струја, а згора на тоа електричната енергија годинава на пазарот ја има во „изобилство“ и е со ниски цени, реално е да се очекува намалување на цената на струјата. Освен тоа, при укинувањето на дневната евтина тарифа од РKЕ најавија дека со тоа трошоците на производство на ЕЛЕМ ќе се намалат од 8 до 10 отсто, што ќе влијае врз намалувањето на цените на електричната енергија. Лани РKЕ ја зголеми цената на струјата двапати, за над 18 отсто и тоа пред сe` поради интервентниот увоз и исклучително високите цени на струјата на берзите.

http://dnevnik.mk/?ItemID=4CC00F2E4716444F9D22D2AF6B4F2354
За сè има вторпат
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 20-Jun-2013 at 16:10
зарем никој не се запраша зошто навистина се одложи либерализацијата.ни збореа дека либерализацијата ке ги намали цените на ел енергија ке донесе реални цени како што е случај сега во хрватска либерализацијата им донесе на граганите на хрватска 30% поефтина струја и одеднаш као демек владата почна да се грижи за нас и затоа ја одложи за да не заштити од повисоки сметки во време кога струјата е навистина ефтина и би требало да остане наредниве години ниска и стабилна,и во време кога хидроцентралите работат турбо кај нас цената расте се одложува либерализацијата според мене се со една цел ПРОФИТ максимално ја користат добрата хидролошка состојба и неинформираноста и незнаењето народот.10 пати поскапе СТРУЈАТА ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ се вадат со скап увоз за кој ние обичните луге не сме криви туку они (ПОЛИТИЧАРИТЕ) а сега кога ел енергија има во изобилие со ниска цена кај нас не поефтинува иако требаше уште во јануари,а има големи шанси сега во јули пак да поскапи.некој страшно многу профитира од целава работа на нашиот грб бугарите се освестија ама ние очигледно не а и тешко да се случи тоа.полесно ни е да си трпиме и да голтаме што ни сервираат

Зошто македонски фирми плаќаат над 100 евра, кога мегават струја на берзите се купува од 35 до 70 евра?

Регулаторната комисија за енергетика ја одложи можноста за 150 фирми да купуваат струја на берза, а Стопанската комора молчи и не коментира.


Околу 150 македонски компании до крајот на годинава ќе продолжат да плаќаат електрична енергија по цена повисока од 100 евра за мегаватчас иако на регионалните берзи во Романија, Словенија и во Унгарија еден мегаватчас електрична енергија може да се купи по цени од 35 до 70 евра за мегаватчас. Нашите компании од кои поголем дел се извозници и цената на струјата директно и силно влијае врз нивната конкурентност ќе мора да купуваат струја по регулирана цена заради тоа што Регулаторната комисија за енергетика не дозволува тие да купуваат струја на отворен пазар иако имаше обврска тоа да го направи од 1 јули годинава. Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија една недела одбива да одговори на прашањата на МКД.МК дали и што презема за заштита на правата на компаниите – членки на најголемата и најстара стопанска комора во земјава да купуваат струја по пазарни цени, како што и предвидува Законот за енергетика.

Какви се цените на регионалните берзи?

Прегледот на цените на регионалните берзи во Југоисточна Европа покажува дека електричната енергија во моментов може да се набави (во банд тарифа која е наменета за индустријата) по цени од 35 евра до 70 евра за мегаватчас електрична енергија. Кај нас, голем број од компаниите кои се поврзани на дистрибутивната мрежа плаќаат регулирана цена утврдена од РКЕ која е повисока од 100 евра за мегаватчас електрична енергија.

За споредба денеска на берзата „БСП Саут Пул“ во Љубљана просечна цена на мегаватчас во банд режим наменета за потрошувачка за утре изнесува 60 евра. На словенечката берза денеска се истргувани повеќе од 12.700 мегаватчасови електрична енергија што е повеќе од половина од дневниот конзум за струја на нашата земја. Доколку некој купи таму и сака да ја донесе енергијата во Македонија треба да закупи и капацитети за пренос на словенечко-хрватската граница, на хрватско-српската граница и на српско-македонската граница и ДДВ. На берзата HUPX во Будимпешта, Унгарија просечната цена за мегаватчас електрична енергија изнесува 72 евра со рок на испорака за утре. За внесување на таа енергија во нашата земја е потребно да се закупат капацитети на унгарско-српската граница и на српско-македонската граница. Најевтина е енергијата на романската берза OPCOM  во Букурешт. Просечна цена на мегаватчас базна енергија со рок испорака за утре изнесува 30,6 евра за мегаватчас. Таа енергија во Македонија може да транзитира преку Србија и преку Бугарија. На OPCOM во сегментот на берзата на кој се склучуваат годишни договори за купување енергија цените, според последните склучени договори се движат помеѓу 160 и 202 леи (35 и 40 евра) за мегават час електрична енергија.

Потресот во Хрватска и пад на цена на струјата

Претставниците на словенечката компанија за производство на струја ГЕН-И покажаа дека е лага дека во Хрватска електричната енергија е евтина. Нивниот генерален менаџер Голоб на презентацијата пред два дена најави дека тие од идната недела ќе ги спуштат сметките за струја на домаќинствата во Хрватска до 30 отсто од тоа што сега го плаќаат и дека за сите што ќе станат нивни клиенти гарантира дека нема да има поскапување до 2015 година. А вети и дека за сите нови корисници јулските сметки ќе бидат бесплатни.

Еден ден подоцна слична ценовна политика за свои клиенти во Хрватска најави и германскиот гигант РВЕ. Овој процес стана хрватска реалност со нејзиното членство во Европската Унија.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/zoshto-makedonski-firmi-plakjaat-nad-100-evra-koga-megavat-struja-na-berzite-se


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 12-Jul-2013 at 07:55

Живојно лежи на 100 милиони тони јаглен – отворање рудник дури за 2 години?!

ЕЛЕМ се уште нема прецизни информации дали потенцијалната термоелектрана би се градела во Живојно или во Мариово, каде што исто така, се предвидува отворање на рудник за јаглен со подземна експлоатација  

По едногодишно истражување ЕЛЕМ конечно ги искристализира рудните потенцијали на дел од Пелагонискиот басен-локалитетот Живојно располага со геолошки резерви од 101,6 милиони тони јаглен. Ова го покажуваат последните, ревидирани елаборати од деталните геолошки истражувања на Живојно, кои за 3,5 милиони евра ги правеше Градежниот Институт Македонија (ГИМ).

И покрај оптимистичките најави за можното ископување на лигнит, со што ќе се продолжи животниот век на термоелектраната во Битола, во Државните Електрани допрва ќе одлучуваат дали и кога би се отворал рудник кај Живојно.

„Истражувањата се завршени во март 2013 година, а со изработката на  Елаборати за рудните резерви и нивната ревизија се заокружи процесот на доистражување во Живојно како локација за нов рудник за јаглен, кој е неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола. Ова наоѓалиште ќе биде уште еден можен рудник во Македонија каде јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација. Со изработката на Главниот Рударски проект за отворање и експлоатација на јагленот од наоѓалиштето Живојно ќе се започне по завршувањето на тендерската процедура за избирање на проектантска куќа, односно во втората половина на 2013 година. Сегашните проценки се дека во овој рудник, АД ЕЛЕМ ќе инвестира околу 100 милиони евра, а реализацијата би започнала после изработката на  Главниот  Рударски проект, чија изработка би траела околу 2 години“, објаснуваат од ЕЛЕМ за Фактор.

Ќе добие ли Пелагонија нова, 300 мегаватна термоелектрана?!

Според досегашните анализи, од Живојно може да се ископува лигнит, чијашто калорична вредност од околу 8.000 килоџули за килограм економски е оправдана за во следните две години ЕЛЕМ да почне со јамска експлоатација на јагленот.

„Најверојатно од Живојно, ќе можеме да вадиме помеѓу 2,5 милиони и 3 милиони тони јаглен годишно, што е доволно за да се отвори една нова термоелектрана со капацитет од 200 до 300 мегавати. Квалитетот на јагленот кој досега е изваден има калорична вредност поголема од јагленот што се вади од рудникот Суводол, а потоа од него се произведува струја во РЕК Битола“, изјави поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски пред една година, кога ЕЛЕМ почна да ги доистражува рудните потенцијали на локалитетот Живојно.

Се уште нема прецизни информации дали потенцијалната електрана би се градела во Живојно или можеби во Мариово, каде што исто така, се предвидува отворање на рудник за јаглен со подземна експлоатација.

Се проценува дека со јамската експлоатација на лигнитот Живојно ќе егзистира најмалку 20 години. Со очекуваниот ископ од околу три милиони тони јаглен најверојатно би се произвеле 2.000 гигавати струја годишно.

Живојно се наоѓа на околу 30 километри од грчката граница. 

Рудни резерви има-инвеститори нема!

Слаб е интересот за македонските рудници. Низа пропаднати тендери и инвестиции во најава покажуваат дека рудните потенцијали на Македонија се уште се недоволно искористени. Иако Владата очекува рударството и понатаму да биде една од клучните гранки за економијата, познавачите сугерираат дека се неопходни нови, поголеми инвестиции во овој сектор.

Инвеститори од Оман неколку пати до сега меркаа рудници во Прилеп и Осогово. Владата никако да најде инвеститор и за рестартирање на рудникот Тајмиште, богат со железна руда. Ако државната ЕЛЕМ се изземе од активностите во секторот рударство, за сега, локалалитетите Кадиица, Боров дол и Иловица, богати со бакарна руда, остануваат како најатрактивни за инвеститорите.

http://faktor.mk/archives/57761?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=zhivojno-lezhi-na-100-milioni-toni-jaglen-otvoranje-rudnik-duri-za-2-godini

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 25-Jul-2013 at 13:42
Берза на струја

ЕВН со 61 милион евра народни пари ќе ја покрие техничката загуба на дистрибутивната мрежа

Струјата што, со одобрение од Републичката комисија за енергетика (РКЕ), ЕВН ја наплаќа по 65,8 евра за мегават, на словенечката берза постигнала цена од 30 до 47 евра за мегаватчас, а на романската берза просечната месечна цена за првите шест месеци годинава е 47 евра за мегаватчас електрична енергија.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и одобри на ЕВН да наплати 61,16 милиони евра годинава од граѓаните и фирмите приклучени на дистрибутивната мрежа и со тие пари да ја плати струјата што ја набавува за да ги покрие нејзините технички загуби на дистрибутивната мрежа. РКЕ и ја признава на ЕВН, која набавува на тендер, струјата по цена од 65,8 евра за мегаватчас иако на берзите во регионот струјата, од почеток на годинава досега, може да се набави од 20 отсто до 50 отсто поевтино од цената што РКЕ и ја одобри, а ЕВН ја наплаќа на своите клиенти. Истата струја трговците кои ја продаваат на тендерот на ЕВН ја набавуваат на некоја од регионалните берзи.

РКЕ не одговори зошто ЕВН не набавува струја преку својата фирма ќерка ЕВН Трејдинг директно од берзите во регионов при што може да ги следи ценовните движења и да ги оптимизира набавките на електрична енергија.

Како купува струја ЕВН?

Дистрибутивната компанија набавува електрична енергија на тендери кои ги распишува еднаш годишно и кои доставуваат понудите трговците со струја. Оваа струја ЕВН ја купува за да ги покрие техничките загуби на дистрибутивната мрежа, а тој трошок е признаен од РКЕ, а тоа значи дека ЕВН го наплаќа од своите клиенти – семејствата и фирмите кои се поврзани на дистрибутивната мрежа. За годинава ЕВН побара, а регулаторите и одобрија да потроши до 61,16 милиони евра за набавка на струја потребна за техничките загуби. Цената по која РКЕ и одобри да ја набави таа струја изнесува 4,054 денари за киловат час односно 65,8 евра за мегаватчас ( односно 1.000 киловатчасови електрична енергија). ЕВН распишува тендер на кој се јавуваат трговци кои струјата ја купуваат на некоја од регионалните берзи или во регионот, но по цени кои се во корелација со цените на берзите во Љубљана, Будимпешта или Букурешт. Значи трговците струјата ја купуваат на некоја од берзите и потоа ја продаваат на ЕВН.

 

Дополнително само за споредба РКЕ на ЕЛЕМ, националниот регулиран производител на струја во Македонија, му одобрува да наплати од ЕВН по 2,4 денари за секој произведен киловатчас електрична енергија. Наспроти тоа РКЕ на ЕВН и одобрува 4,054 денари за секој киловатчас струја купен на тендер од трговци со електрична енергија.

Што покажуваат берзанските цени?

Цените на електричната енергија на регионалните берзи не се во корелација со цената по која РКЕ му ги признава трошоците на ЕВН за купена електрична енергија. Споредбата на податоците за просечни месечни цени на берзата во Љубљана „Саут Пул“ и берзата во Романија „ОПКОМ“ покажуваат дека и на двата пазари цените во првите шест месеци годинава се значајно пониски од цената по која РКЕ му ги признава на ЕВН трошоците за енергија набавена на тендер. На пример на словенечката берза, на која се тргува ден однапред пред испораката на струјата, за првите шест месеци годинава, базните месечни просечни цени се движат во распон од 30,19 евра за мегаватчас, па до 47,14 евра за мегаватчас електрична енергија. Притоа највисоката просечна базна месечна цена е остварена, очекувано, во јануари годинава, а најниската вредност е остварена во мај годинава. Највисоките просечни месечни цени на таа берза, за првите шест месеци годинава, се движеле во распон од 33,75 евра за мегаватчас до 56,09 евра за мегаватчас електрична енергија. Како и да е, во сите случаи цените без исклучок се пониски од цената што РКЕ ја одобрила на ЕВН да ја наплаќа од граѓаните и од фирмите во земјава.

Какви се месечните цени на струја на романската берза „ОПКОМ“?

Достапните податоци за просечни цени на сегментот на берзата ОПКОМ, на кој количествата струја се закупуваат со билатерални договори една година однапред, покажуваат дека цените се значително пониски од 65,8 евра за мегаватчас колку што РКЕ одобрила на ЕВН. На следниот линк http://www.opcom.ro/tranzactii_rezultate/tranzactii_rezultate.php?lang=en&id=89 можете да ги видите просечните месечни цени за 2013 година, но и цените по месеци во периодот до јуни 2018 година. За 2013 година на тој пазар се постигнати месечни цени од 45,20 до 53,18 евра за мегаватчас електрична енергија. Просечната месечна цена на таа берза, преку моделот закуп година однапред, за достава во 2013 година изнесува 47,6 евра за мегаватчас. Тоа е 28 отсто односно 17,28 милиони евра поевтино од цената што е одобрена на ЕВН од Регулаторната комисија за енергетика. При ова можно би било, но не мора да значи, дека цената може да се зголеми зашто би требало да се плати капацитет за пренос на енергија на границите на Романија и на Србија, но тоа е само во случаи кога побарувачката е поголема од понудата на преносен капацитет. Транзитот на електричната енергија низ преносните мрежи на државите не се наплаќа.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/evn-so-61-milion-evra-narodni-pari-kje-ja-pokrie-tehnichkata-zaguba-na

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 25-Jul-2013 at 22:19

ПРЕКУ ГЕРМАНСКАТА КФВ БАНКА, ЕЛЕМ ЈА ЗАТВОРА ФИНАНСИСКАТА КОНСТРУКЦИЈА


За ветерниот парк Богданци и ХЕЦ Шпиље 35 милиони евра


Со поволен заем од 35 милиони евра од германската КФВ банка ќе се затвори финансиската конструкција за изградба на ветерниот парк во Богданци и ќе се реализира проектот за модернизација и зголемување на моќноста на ХЕ Шпиље, кој е во подготовка. Спогодбата за финансиска соработка меѓу македонската и германската Влада од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии фаза 3, вчера ја потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и германската амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер. Заемот, според Ставрески е многу поволен и ќе се отплатува 12 години со вклучен грејс период од три години и фиксна каматна стапка од 2,5%.

Проектот "Ветерен парк Богданци" почна да се реализира во мај годинава и неговата вкупна вредност е 55,5 милиони евра. Во 2011 година германската влада преку КФВ банката за овој проект додели заем од 32,9 милиони евра, а со вчера потпишаната спогодба се доделуваат уште 15 милиони евра. Останатите 7,5 милиони евра ги обезбедува носителот на проектот, АД ЕЛЕМ. Со средствата предвидени со овој проект ќе се финансираат изградбата на ветерните електрани, инфраструктурата за поврзување во мрежата, пристапниот пат и консултантските услуги. Преку користењето на енергијата на ветерот годишното производство на природно одржлива енергија во државата ќе се зголеми на 100 гигават-часови, а со тоа инсталираната моќност на ЕЛЕМ ќе порасне за 30 до 40 мегавати.

Директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски појасни дека енергијата од ветерниот парк, кој е прв во државата, ќе ја користат 60.000 граѓани. Тој информира дека производителот "Сименс" од Данска веќе почнал со испорака на ветерниците кои сега се во Солун, а според воспоставената динамика нивната монтажа на терен се очекува да почне кон крајот на идниот месец.
- Ако се оди според предвиденото на крајот на годинава очекуваме ветерниот парк да биде вклучен во електроенергетскиот систем на Македонија - рече Бошковски.

За ревитализација на ХЕЦ Шпиље ќе се искористат преостанатите 20 милиони евра од финансиските средства од КФВ банката. Според Бошковски, со искористувањето на овие средства инсталираната моќност на ХЕЦ Шпилје ќе се зголеми за 70 мегавати, а со тоа ќе се зголеми и производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
- Се обезбедуваат финансиски средства потребни за реализација на значајни проекти во делот на обновливите извори на енергија со кои ќе успееме да се приближиме кон целта, 20% од македонското производство на електрична енергија да биде од обновливи извори на енергија ОИЕ заклучно со 2020 година - рече Ставрески по потпишувањето на спогодбата.
Германската амбасадорка Штајнакер истакна дека се надева оти со реализацијата на двата проекти нема да престане соработката меѓу Македонија и Германија, туку ќе се зголеми, а претставничката на КфВ банката за Македонија Естер Гравенбихтер рече дека во изминатиот период преку банката во Македонија се инвестирани 270 милиони евра.

(С.Ву.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=40EEE76752A4B2428513B3AB9027C36F
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 31-Jul-2013 at 11:03

Една милијарда евра отиде за увоз на струја во последниве 5 години!

31/07/2013  //  Пред 1 час  //  ЕКОНОМИЈА  //  Коментирај

euro_2027232a

Фрапантни се последните податоци за увозот на струја во земјава, со кои располага Државниот завод за статистика. Само во мај годинава увозот на електрична енергија достигна 8 милиони евра. За 5 години увезена е струја вредна речиси една милијарда евра, доволно да се изгради капацитет поголем од РЕК Битола.

Вкупно 62.698.172 евра чини увезената струја во Македонија во периодот јануари-мај годинава. Статистичките податоци обелоденуваат фрапантни податоци за галопирачкиот раст на вредноста на увозот на струјата во земјава. Само во мај годинава за струја од странство се одлеаа 8 милиони евра.

Анализата на Фактор покажува дека во првите четири месеци од годинава дефицитарното домашно производство на струја, кое се надоместува со скап увоз чинеше фантастични 54 милиони евра. Колку мегават/часови струја се купени со овие 63 милиони евра во првите пет месеци, статистиката не обелоденува. Оттука, нема прецизни податоци колку киловат часови струја се купени секој месец одделно, а со тоа нејасно е и по која цена е купена оваа увезена струја.

Државната статистика покажува и дека лани, кога во зимските месеци во Македонија имаше енергетска криза, увозот на електрична енергија достигна 196,7 милиони евра.

Од кои земји Македонија купи струја тешка 63 милиони евра?

Податоците до кои дојде Фактор покажуваат дека увозот вреден точно 62. 698.172 евра за првите пет месеци од годинава е направен од само 4 земји и тоа соседните Бугарија, Србија и Грција и од Швајцарија.

Во првите пет месеци од годинава од Бугарија е увезена струја вредна 8.455.212 евра, од Србија 27.428.231 евра и од Грција само 140.418 евра. Информациите на фактор за увозот на струја во периодот јануари-мај годинава покажуваат и дека Швајцарија инкасирала 26.674.311 евра од продажба на струја во Македонија.

Бугарија 8 455 212  евра

Србија 27 428 231 евра

Грција 140 418 евра

Швајцарија 26 674 311 евра

Што се може да се изгради со овие пари?!

Безмалку една милијарда евра „тежи“ увозот на струја во Македонија од 2008 година до април годинава. Анализата на Фактор која се темели на статистичките податоци покажува дека од изминатите пет години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови.

Ако се земе предвид вредноста на некои од досега изградените енергетски објекти или пак, на оние во најава, произлегува дека наместо Македонија да изгради сопствени капацитети за производство на струја – девизите се “фрлале во магла”.

Изградбата на ХЕЦ Света Петка, на пример, која годишно треба да произведува 66 гигават-часови струја доволни за околу 10.000 домаќинства, односно околу 40.000 граѓани, чини 75 милиони евра. Само петмесечниот увоз на струја годинава пак, чини 62 милиони евра.

Исто така, за споредба што се може да се изгради со парите фрлени на увоз на струја е и деценискиот проект ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, за кој со години Владата никако да најде инвеститор. Овие најголеми хидроцентрали на Црна река се проценуваат на половина милијарда евра.

Пресметките покажуваат дека и еден капацитет како РЕК Битола на пример кој снабдува речиси две третини од Македонија не чини повеќе од 700 – 800 милиони евра.

Низа други енергетски инвестиции кои со децении се ставаат во листата на приоритети на Владата, никако да дочекаат реализација. Напротив, парите потребни за нивна изградба (и некој заем од Меѓународна финансиска институција) се земенува со скап увоз на струја од кој Македонија само краткорочно ги задоволува потребите. Од скапиот увоз се полнат буџетите на други држави и секако на странски трговци со струја, а Македонија се уште останува зависен нето-увозник на струја.

http://faktor.mk/archives/62694

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 20-Sep-2013 at 22:44
БАЛКАНСКИ КОНГРЕС ЗА РУДАРСТВО ВО ОХРИД


Jагленот иднина на македонската енергетика


Според директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, во земјава се утврдени повеќе од дваесет наоѓалишта и локалитети на јаглен со различни потенцијали

Македонија иднината во енергетиката ја гледа во веќе утврдените и потенцијалните резерви на јаглен, доколку се има предвид податокот дека повеќе од 80% од електричната енергија се добива од термоцентралите. Ова го истакна генералниот директор на АД Електрани на Македонијаа Дејан Бошковски во обраќањето пред учесниците на балканскиот конгрес од областа на рударството Балканмајн 20133 што се одржува во Охрид.

Тој посочи дека со спроведените регионални и детални геолошки истражувања во Македонија се утврдени повеќе од дваесет наоѓалишта и локалитети на јаглен со различни потенцијали, квалитативно - квантитативни параметри и степен на геолошка истраженост. Како локалитети со поголеми рудни резерви од јаглен тој ги посочи Пелагонискиот, Кичевскиот, Мариовскиот, Скопскиот и Тиквешкиот басен, а со помали рудни резерви Делчевскиот, Беровскиот, Струшкиот и Преспанскиот басен.
- За нивното користење потребно е да се обезбедат реални квалитативно-квантитативни параметри, дефинираност на техничко-технолошките можности за нивниот приоритет на експлоатација, потребните инвестициски вложувања со економска валоризација и намалување на производните влијанија врз животната средина - рече Бошковски.

Според Бошковски, отпочнувањето со работа на рудникот за јаглен со подземна експлоатација Мариовоо би било реална основа и добра перспектива за излегување на овој крај од долгогодишната пасивност и раселување.

-ЕЛЕМ веќе има инвестирано над 3,5 милиони евра за геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања на за јагленовото наоѓалиште Живојноо. Истражувањата се завршени во март годинава, а со изработката на Елаборати за рудните резерви и нивната ревизија веќе е заокружен процесот на доистражување на локацијата погодна за нов рудник за јаглен, инаку, проценет како неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола - рече Бошковски кој потенцира дека ова наоѓалиште ќе биде уште еден потенцијален рудник во Македонија каде јагленот (се проценува дека има 101,6 милиони тони) ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A2573E376B3DF948A80577BEC5C39A1C
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 21-Sep-2013 at 09:28

"Jагленот иднина на македонската енергетика"

Ова некоја зафрканција е или сериозно се мисли. 

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 21-Sep-2013 at 11:02
Па немаме друг излез.Академик Томе Бошески(оној што го дешифрира каменот од Розета) имаше направено студија ако максимално се искористи целиот воден потенцијал,вкупно ќе задоволи 20% од потребната електрична енергија.Ветерот и сонцето се многу скапи,и нестабилни,нуклеарка забранивме со дектрет......
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 21-Sep-2013 at 11:36

Ѓоко тоа неможе да биде иднина туку најмогу преодно решение. Според мене иднина не е наредните 20 години туку долгорочно. 

Тоа е исто како производителите на Автомобили да кажат дека Хибридите се иднината на автомобилската индустирија. 

Иднината е според мене во децентрализацијата на производителите на електрична енергија , што ќе рече произведување на струја во помали погони и на самото место каде што таа се употребува. 

Пример: фирмите самите да си создават енергија за своите потеби, дали со ветер, вода , сонце или комбинирано . 

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 21-Sep-2013 at 15:16
Во цел свет е така,ако нема многу вода како Бразил и слични,одат или на јаглен или на нуклеарки.Останатиот дел од енергијата е како со лажиче да се полни буре.Вкупниот број на термолекетрани во светот не неколку десетици илјади(се мисли на блокови)
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 22-Sep-2013 at 09:11
MOzda zvuci cudno, na jaglenot e navistina idninata. Strujata od jaglen e najeftina, najsigurno TE na jaglen vo Evropa povtorno se gradat.
Energijata od obnovlivi izvori se pokaza deka e premnogu skapa i ne gi opravduva ocekuvanjata
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 22-Sep-2013 at 14:44
Previous
 
Се додека јагленот е квалитетно исчистен пред согорување, се додека согорувањето се врши со најсовремени филтри и се додека електричната енергија се произведува преку најсовремени турбини и преку најсовремени генератори, јагленот може да остане главен извор на електрична енергија во Република Македонија, можеби во текот на целиот 21 век.
 
Но партиските вработувања и се почестите и се посомнителни обновувања и модернизирања во РЕК Битола говорат за нешто тотално поинакво, поради што имаме повеќе од доволно причини зошто да бидеме загрижени за начинот на кој се експлоатираат термоелектроцентралите во Република Македонија.


Edited by Dexter26 - 22-Sep-2013 at 14:45
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 22-Sep-2013 at 14:49
лично мое мислење е дека проблемот со овие вработувања ќе се реши во моментот кога странските инвеститори ќе пожнат да се жалат дека неможат да најдат работна рака,што веќе почнува да се случува.не дека нема невработени,скраја да е,туку сите чекаат државна работа за повисока плата и помалку работење
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 12-Dec-2013 at 11:09






Edited by Џоле - 12-Dec-2013 at 11:09
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.590 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.