![]() |
![]() |
![]() |
Индустриски објекти и зони (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 35> |
Author | |||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Не е така забеган. " Нема дупчење, само шмукање " . Edited by Dexter26 - 04-Jun-2013 at 23:19 |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Продадени три парцели во индустриска зона Македонски БродВо индустриската зона во Македонски Брод познати се првите тројца купувачи на парцелите, на кои наскоро ќе никнат три производствени капацитети, а продадени се на бизнисмени од Скопје, Прилеп и еден локален стопанственик.![]() - По јавниот повик од пред еден
месец за продажба на трите парцели во индустриската зона во нашиот
град, денес и официјално понудените парцели ги добија своите
сопственици. Најголемата парцела со површина од 4.800 метри квадратни е
продадена на скопската компанија Мафиго, на бизнисмен по потекло од
нашиот регион кој веќе има погон за полнење вода “Планинска“ во село
Крапа. Според најавата оваа компанија ќе изгради погон за вински
дестилат, кој во најголем дел ќе биде наменет за извоз. На парцелата од Тој најави дека поради големиот интерес за купување на овие парцели, наскоро ќе биде објавен и нов јавен повик. Цената за метар квадратен во оваа индустриска зона со површина од 120.000 метри квадратни е само едноевро. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19919 |
|||
![]() |
|||
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
||
се надевам дека е на вистинско место веста, ако не, нека преместат модераторите
Димовски: Субрата Рој ја уплати банкарската гаранција за Џумајлија Индиецот Рој веќе ја уплати банкарската гаранција за Џумајлија. Министерот Димовски информираше дека вкупната инвестиција што се планира е 200 милиони евра. „Ние ја поддржување секоја инвестиција која ќе придонесе за развој на земјоделството. Компанијата ја уплати банкарската гаранција, со која ќе треба да се гарантира почетокот на инвестицијата. Нашиот интерес го гледаме во отворањето на нови работни места и развој на сточарството. Уште утре лица од МЗШВ ќе излезат на терен за да се започне процедура за давање во владение на земјиштето. Господинот Рој најави дека тој ќе најмни своја геодетска компанија од Индија. Според тендерската документација на површината од над 5.000 ќе се произведува добиточна храна, и во следните три години се очекува производство во висина од 75.000 тони. Во првите 18 месеци закупецот има обврска да донесе 8.000 крави, а за три години 20.000 крави. Производството на млеко треба да изнесува 80.000 литри дневно, и сметам дека тоа е изводливо. На почетокот да вработи 900 луѓе а за три години 2.000. Вкупната инвестиција е 200 милиони евра, и тоа во првите 18 месеци 60 милиони евра,од 18-от до 20-от месец 70 милиони евра и од 27-от до 36 -от месец 70милиони евра”- изјави Љупчо Димовски министер за земјоделство. http://faktor.mk/archives/58168 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Во Велес ќе никне трета ТИРЗ Караслари
Индустриската зона "Караслари" е предвидено да се простира на површина од 24 хектари. Лоцирана веднаш зад бензинската пумпа на Макпетрол", на автопатот Градско - Велес. Според локалните власти таа има одлична локација. Покрај неа минува автопатот, во нејзина близина има две бензински пумпи, а тука се наоѓа и царински терминал. Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев истакна дека според намената, во индустриската зона "Караслари" се предвидува отворање на фирми што се занимаваат со дистрибуција, сервис и Г-производство. Работите околу отварањето на индустриската зона се очекува да бидат завршени за неколку месеци. Се очекува во индустриската зона да има место за триесетина фирми. Инаку, освен за "Караслари", геомеханички испитувања општината врши и
во индустриската зона "Речани" за нејзино проширување. Моментално во
индустриската зона се продадени 33 плаца на кои веќе се градат
индустриски капацитети. Со проширувањето се очекува да бидат обезбедени
уште дваесетина плацеви. Во индустриската зона УЗУС", пак, веќе работат
повеќе од педесет компании во кои егзистенција обезбедуваат повеќе од
350 работници. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2CF902A71547C54E9020129E8CDB2626 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Логистички центар ќе никне во Ќојлија
Логистички центар со површина од 7.000 метри квадратни ќе биде изграден во мултифункционалната зона „Ќојлија“ во општина Петровец. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески присуствуваше на денешното поставување на камен – темелник на објектот, во кој скопската компанија „Глобекс“ планира да вложи еден милион евра. „Предвидени се 30 вработувања во првата фаза, а вкупниот број на вработени што се планираат е 360“, изјави министерот Јанакиески. Очекувањата на инвеститорот се дека лоцистичкиот центар ќе биде завршен до првиот квартал од наредната година. Локацијата на која ќе се гради објектот е купена по пат на електронско јавно наддавање на неизградено земјиште во зоната. Според објавените податоци, во „Ќојлија“ досега се продадени 65 парцели за изградба на објекти со различни намени, при што во текот на оваа, а најдоцна во 2014 година, ќе започне изградбата на голем дел од планираните капацитети. Во следните неколку години во зоната „Ќојлија“ треба да се подигнат објекти што ќе вработуваат неколку илјади лица. Мултифункционалната зона се наоѓа во непосредна близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, автопатот и железничката пруга од Коридорот 10. http://www.build.mk/?p=27697 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
ВО СЛЕПЧЕ, ДЕМИР ХИСАР "Гришко" ќе се проширува Првите шест месеци од официјалниот старт на единствениот погон надвор од границите на Руската Федерација - во демирхисарското село Слепче, познатата светска компанија за производство на балетска опрема "Гришко", успешно ги заокружува. Како што вети нејзиниот сопственик, Николај Гришко, на свеченото отворање во почетокот на март оваа година, во слепченскиот погон за производство на балетански обувки веќе се обучени и работат 70-мина лица. Радува фактот што, иако изработката е, речиси во најголем дел, исклучиво рачна и многу специфична за која што е потребно големо трпение, упорност и прецизност, најголемиот дел од вработените многу брзо ги совладаа вештините и тајните, и го испекоаа занаетот. Деновиве во посета на погонот во Слепче беше првиот човек на компанијата кој беше гостин на градоначалникот на општината Демир Хисар, Љупчо Блажевски. Двајцата поопширно и подетално разговараа и ги договараа активностите за започнување со реконструкција на женското болничко одделение каде што Гришкоо треба да вработи уште околу 150 лица од Демир Хисар, но и од поблиските општини како што се Крушево, Кривогаштани и Битола. Треба да се очекува, со доаѓањето на Николај Гришко во Република Македонија кој имаше средба и со владини претставници, работите околу најавената реконструкција и отворањето на новиот погон да се интензивираат и уште претстојнава есен да започнат дел од градежните зафати. Инаку, според договорот помеѓу општината Демир Хисар и компанијата Гришкоо , објектот Женско болничко одделениее е закупено за период од 49 години, а во реконструкцијата која што во некои фази ќе опфати и многу сериозни градежни зафати, оваа позната руска и светска компанија ќе вложи повеќе стотици илјади евра. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A311911489170B4A81C698F380043B38 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
производствен погон за Рио кафе
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Ај овој пат да не биди со ЌЕ,ама пак никој несакат да постира позитивни вести.
(ФОТО) Уште една успешна инвестиција: Започна со работа холандската „ВПТЕКС Македонија“ 16.10.2013 - 15:53:41 (ФОТО) Уште една успешна инвестиција: Започна со работа холандската „ВПТЕКС Македонија“ Инвестиција вредна два милиони евра во областа на производство на заштитна опрема во индустриската зона во Кадино од денеска и официјално почнува со работа. Станува збор за холандската компанија „ВПТЕКС Македонија“ на Van Puijenbroek Textiel, во која во овој момент се вработени 50 лица, а е сместена во индустриската зона во селото Кадино во општина Илинден. Во следниот период се планира вработување на уште 50 лица, кога ќе се отвори втората производна линија. На свеченоста присуствуваше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Мариет Шурман, претставници на холандскиот инвеститор, градоначалникот на општината, Жика Стојановски и претставници од Владата и општината. „Кога има упорност и кога се знае крајната цел секогаш успехот е тука“, рече Јанакиески, кој истакна дека е задоволен што денеска по една година од поставувањето на камен- темелник се случува и нејзиното официјално пуштање во употреба. ![]() Тој истакна дека за време на реализацијата на инвестицијата се соочиле и со низа предизвици кои со заеднички напор се решени, и денеска во оваа извозно ориентирана компанија започнува производството. „Реализацијата на оваа инвестиција е уште една потврда дека холандските инвеститори веруваат во добрата бизнис клима во Македонија и условите што ги нуди како земја... Владата и во иднина продолжува со подобрување на бизнис климата со промоција на македонските инвестициски можности во странство, со непосредни контакти со компаниите и постојан однос со деловниот сектор“, рече тој. Новата фабрика, според Роб Кластен, Управен директор на Van Puijenbroek Textiel, е продолжение на традиционалното партнерство меѓу двете земји, а одлуката за инвестирање во земјава ја донеле благодарение на добрата бизнис клима. Според него, добрата инфраструктура и близината до аеродромот ја прават локацијата посоодветна. „Целта не е само брзо и ефикасно да ја произведуваме нашата облека во Македонија, туку исто така и да ја пласираме тука и да го направиме нашиот бренд познат во Македонија“, рече Кластен, додавајќи дека се планира проширување на производството, како и можноста за изнајмување и одржување на овој вид облека. Оваа инвестиција, според холандската амбасадорка во земјава, е илустрација на претприемачкиот дух, како и односот на Холанѓаните кон работата, нивната посветеност, па понекогаш и тврдоглавост. Според градоначалникот Стојановски, оваа компанија ќе донесе нови технологии, знаење и практики, како и отворање на нови работни места. „Со целосната поддршка од Владата и министрите работиме на привлекување на домашни и странски инвеститори и сме посветени на тоа да ја почувствуваат поддршката што им ја нудиме“, потенцираше градоначалникот на општина Илинден. „ВПТЕКС Македонија“ започна да се гради во септември минатата година, а пробното производство започна во јуни оваа година. Оваа холандска компанија, со долгогодишна традиција, е водечка во производството на професионална индустриска и заштитна облека од висококвалитетни материјали. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=140407&kategorija=2 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
мислам дека ова е нов објект, на источен излез од Скопје
![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
![]() mia.mk Edited by Џоле - 02-Nov-2013 at 14:30 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||
вторник, 03 декември 2013, 13:18 Македонија Сириска компанија заинтересирани за инвестиции во ПрилепСириската текстилна компанија ,,Топ Текст,, е заинтересирана за проширување на своите производствени капацитети во Македонија![]() По тој повод претставници компанијата која моментално работи во Египет, остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески пред кого го изнесоа својот предлог за проширување на бизнисот. Гостите освен Што го образложија нивниот план, се запознаа со
можностите кои ги нуди технолошко индустриската развојна зона Алинци
како локација каде би можеле да ја реализираат својата бизнис идеја. |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Акумулатори од Пробиштип со нова технологија Фабриката за производство на стартер-акумулатори замени 90 проценти од опремата и до крајот на годинава ќе го зголеми и бројот на вработени ИВАН БОЈАЏИСКИ http://www.utrinski.mk/?ItemID=8CFBB6C91BFB504A9F3FA0435A1D4223 |
|||
![]() |
|||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||
Добри сме уште 2013 не завршила а овие веќе знаат што ќе се изјави на крајот на 2014 - Браво за Утрински (сигурно имаат временска машина или пак некој претскажувач на иднината работи за нив) .
Инаку од вакви вести нема поубави ,само напред во Источна Македонија ! |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Во Штип ќе се гради фабрика за производство на автобуски каросерииШтипското јавно претпријатие „Штип проект“ направи промена на Детален урбанистички план за да се вклопи нова градежна парцела за изградба на индустриски капацитет, во кој ќе се произведуваат автобуски каросерии. - Се однесува на изработен Детален урбанистички план во нацрт фаза со површина од околу 12 хектари, каде што ќе биде лоцирана фабриката за производство на автобуски каросерии за еден наш домашен инвеститор од Штип. Тој со изработка на урбинистичката документација во најбрз рок ќе може да ја изгради фабриката и да вработи околу 500 лица, изјави Шумански. Одделението за урбанизам во општина Штип за наредната година планира промена на Деталните урбанистички планови на две локации, со што ќе се обезбедат и дополнителни градежни парцели за лесна и незагадувачка индустрија. http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=26338 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
ВО ТИKВЕШKОТО СЕЛО МРЕЖИЧKО
Пиварница се гради во највинарскиот крај Пиварница се гради под Kожув, во кавадаречкото село Мрежичко, а Kавадарци, освен град на виното, ќе стане и град на пивото, дознава „Дневник“. Информацијата ја потврди Митко Јанчев, сопственик на компанијата „Kожувчанка“. - Да, точно е. Пиварница се гради и во април го очекуваме првото производство. Ќе почнеме со производство на 5 милиони литри за почеток за да стекнеме искуство во оваа работа, која е нова за нас, и да се согледаат состојбите за самата продажба на готовиот производ. Доколку с` оди според планот и предизвикаме интерес со нашето пиво и тргне продажбата, најавуваме и поголема пиварница во градот Kавадарци со капацитет од 25 милиони литри. Таа би била изградена за две-три години. За почеток, предвидуваме околу 25 вработувања, а за неколку години и стотина - откри Јанчев. Тој кажа дека ќе се прави пиво по германска лиценца, но брендот и името ќе бидат македонски, наменети за македонскиот пазар. Новиот пијалак ќе го носи името „македонско пиво“. Репроматеријалите и сите дополнителни суровини ќе се увезуваат од Германија. Фабриката за пиво ќе биде во поранешните простории на фабриката за вода „Римјанка“, кои ќе бидат проширени. - Во овој бизнис вложуваме сопствени пари, но имаме и партнер од Германија. Првичната инвестиција во Мрежичко ќе чини приближно милион и двесте илјади евра. Новото пиво први ќе имаат можност да го пробаат кавадарчани. Ќе биде полесно пастеризирано и со висок квалитет, нема да биде само хемија. Најавувам уникатен вкус, во кој ќе може да се ужива - рече сопственикот на компанијата, која произведува вода, а ја има и лиценцата за „синалко“ во Македонија. Го прашавме дали пивото произведено под Kожув ќе биде конкуренција за винарите со оглед на тоа што пиварницата никнува во највинарскиот крај на државата. - Нашата пиварница ќе биде конкуренција на пиварите. Во неа на посебен начин ќе се негува пивото со цел тоа да биде што повеќе барано на пазарот - рече Јанчев. Тој го сподели со нас коментарот на Германците дека Македонците многу малку пијат пиво, околу 35 литри на жител. Во Германија се пие по 140 литри по човек. http://www.dnevnik.mk/?ItemID=77E8DF7F2EB6A04CB9CF87B39C0037EE |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Индустриски објекти во Штип
![]() ![]() ![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
На влезот од Скопје
![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Млекарница Мики, Прилеп
![]() ![]() prilep.gov.mk |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 35> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |