![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 27> |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Со онаков хорор „енергетски интензитет“, каде што за еднаква количина БДП ни е потребно да потрошиме 4 пати повеќе енергија во споредба со ЕУ и речиси 2 пати повеќе дури и од таквите како Албанија, Босна и Косово, не знам што ќе правиме со конкурентноста на нашата економија... Но кој да се замара со вложување во подобрување на тој параметар, кога со тие пари можеме да си редиме скулптури, врби и огради. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ставена во функција 110 kV разводна постројка во ТС „Петровец“
За време на изградбата (извор: Општина Петровец)Од денеска е пуштена во употреба новата 110 киловолтна разводна постројка преку која трансформаторската станица „Петровец“ директно се поврзува на националниот електроенергетски систем. Во проектот се вложија над 1 милион евра, финансиски средства на МЕПСО. Со постројката ќе се подобри доверливоста на електроенергетскиот систем, напонските прилики и снабдувањето со електрична енергија во четири општини од овој дел на скопскиот регион. Државната компанија во изминатите шест месеци инвестираше во изградба на неопходната инфраструктура во трафостаницата „Петровец“. Инсталираната опрема е од германската компанија „Сименс“. Со проектот се овозможува стабилизирање на напонските прилики и ефикасно снабдување со електрична енергија за жителите на општина Петровец, но и решавање на проблемот со обезбедување електрична енергија за мултифункционалната зона „Ќојлија“. МЕПСО во текот на оваа и наредните години треба да изведе неколку значајни проекти во вредност од преку 65 милиони евра. http://www.build.mk/?p=31437 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
И две фотки од МИА.мк
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Иако не ги знам официјалните податоци за 2013 година колку електрична енергија Македонија произвела а колку искористила (заедно со увозот) мислам дека добиваме интересен момент.
Македонија дава повеќе од 100 милиони евра годишно за увоз на електрична енергија кој претпоставувам дека изнесува помеѓу 1000 и 2000 GWh, а во државава имаме проекти за неколку хидро системи и ветерниците кој можат да ни обезбедат многу повеќе од тоа ,но тие стојат само на хартија бидејќи неможеме да се решиме самите да инвестираме во нешто што би ни генерирало енергетска стабилност, а воедно можеби и можност за извоз на енергија наместо увоз. Земав сам слобода да ги изгледам видеата на АД ЕЛЕМ за неколку значајни проекти и потоа да го соберам годишното производство и ги добив следниве вредности: 117 GWh - Бошков Мост 1286,5 GWh - Систем на Црна река (односно Чебрен, Галиште и реновирање на Тиквеш) 1336,1 GWh - Вардарска долина (2 големи хидроцентрали и 10 мали) 125 GWh - Ветерници Богданци односно Вкупно годишно производство од сите овие 2.864,6 GWh. Вклучувајќи ги Луково Поле (која примарна цел е наводнување и мала хидроцентрала со моќност од 5-6MW) и малите хидроцентрали што се планирани низ Македонија верувам дека би добиле вредност 3.000 - 3.200 GWh на годишно ниво , што мислам дека е повеќе од половина од моменталното производство. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Само мала исправка, Луково Поле не му е примарна цел наводнување, туку ќе ги собира водите од Корапскиот Масив и тие ќе се пренасочат потоа кон Мавровскиот хидросистем, со што се очекува дека ќе се зголеми производството на струја на мавровските хидроцентрали за околу 25%.
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Значи добиваме уште повеќе од системот Маврово што е уште подобро.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Водата од Луково поле ќе се искористува повеќекратно.По линија за Мавровско езеро вероватно ќе се стави турбина и ќе прави струја,после тоа водата ќе се акумулира водата во мавровското езеро,ќе се пушти низ Вруток каде повторно ќе прави струја(пари) и на крај да се доискористи потенцијалната енергија што преостанува ќе прави струја и низ турбините на Равен.Многукратно искорестена вода,и инвестицијата ќе се исплати за многу кратко време.
Факт е дека водата која природно се влева во Јадранско море,со овој проект се пренасочува кон Егејско Море.За ова албанците имаат право да се бунат,но тоа можи да се компензира со плус вода од Охридско езеро |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Ѓоко ти благодарам за надополнувањето ,сето ова води кон она вистинско прашање - Зошто АД ЕЛЕМ и Централната власт сеуште молчат и чекаат инвеститори за нешто што е од голема важност и што парите ќе ги врати многу брзо (моја претпоставка е 5-6 години иако знам дека е премногу амбициозна). Владата инвестира во безначајни проекти во СК 2014 ,а АД ЕЛЕМ инвестира во Скијачки центри (што е убава работа но не и најбитна во моментов).
Тоа што Албанците и Албанија се бунат ама баш ич не треба да ни биде гајле, они потпишале капитулација (односно се откажале од тие води) уште одамна ,а верувам дека лесно може да се компензираат тие води, а воедно и ќе се направи регулација на некој води кој воедно се и штетни за Албанија (памтиме што направија во Албанија нерегулираните води пред година-две). |
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Му е страв да не ја прегреат Мак економија да напрајме раст како Кина |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
овој е релативно евтин проект за разлика од другите места слободни во РМ.Овде веќе е изградена инфраструктурата,треба само една не толку голема насипна брана да се направи и цевковод.
На пример се претпоставува дека според пресметките Чебрен е исплатлив а Галиште дека никогаш нема да ги врати парите |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Чебрен и Галиште заедно со уште една брана (која треба да се гради) и Тиквешката брана се дел од Тиквешкиот систем односно системот на Црна река, можеби како самостојна брана не е исплатлив ,но целокупниот систем е меѓусебно зависен и тоа го прави исплатлив. Доколку се изгради само Чебрен без Галиште и уште едната брана тогаш ни Чебрен нема да биде исплатлив иако има голема моќност за производство.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Математиката била дека на странските инвеститори им било исплатливо да се гради само Чебрен без Галиште,и тоа лично му го барале на премиерот.Галиште коштала релативно слично колку Чебрен(гледано како ред величина од стотици милиони евра,а не како дирекна споредба),а струја би давала многу помалку.
Сепак приватните инвеститори го премеруваат секој цент |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Е тоа да ,странските инвеститори би сакале да вложат најмалку што можат а да профитираат највеќе што можат.
Затоа и моите претходни постови целат кон тоа зашто ние самите не инвестираме наместо да чекаме некој да ни го земе она од што можеме и ние самите да профитираме. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
128 милиони евра за увоз на струја лани!28/02/2014 // Пред 3 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај ![]() Овој фантастичен одлив на девизи за увоз оди во прилог на трговците со струја и земјите од кои Македонија ја купи оваа струја. Што прави државата веќе осум години на темата инвестиции во енергетиката и намалување на увозот на енергија? Неверојатни 128 милиони евра Македонија искешира за увоз на струја во периодот јануари – декември 2013 година. Анализата на Фактор покажува дека во првите 9 месеци од минатата година за увоз на струја се одлејаа 93 милиони евра. Само во август и септември пак, струјата која Македонија ја купи од странство, а не можеше да ја произведе дома за да ги задоволи потрошувачите на компаниите и домаќинставата чинеше 20 милиони евра. Податоците од Државниот завод за статистика се уште позагрижувачки ако се анализира периодот јануари – јули 2013 година, кога дури 73 милиони евра Македонија искеширала за увоз само за струја. Статистичките податоци фрапираат од месец во месец. Она што загрижува
е отсуството на вистинска стратегија и енергетска политика на државата.
Иако Владата и нарача на МАНУ да изготви Енергетска стратегија за
земјава до 2030 година, многу малку од препораките на академиците до
сега станаа реалност. Што прави државата на темата инвестиции во
енергетиката и намалување на увозот на енергија? Над 1 милијарда евра за увоз на струја за осум години?! Македонија никако да го намали увозот на струја и одливот на девизи по оваа основа. Состојбата со дефицитарното домашно производство на струја е далеку поалармантна ако се земат предвид статистичките податоци кои покажуваат дека во изминатите шест години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2,7 гигават/часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,4 милиони евра за околу 2.600 гигават/часови. Државната статистика покажува и дека во 2012 година увозот на струја е 197 милиони евра. Лани пак, набавката на овој енергенс значеше одлив на 128 милиони евра. За увозот на електрична енергија пред 2008 година, Државниот завод за статистика не нуди информации. Со растечката потрошувачка на струја Македонија од година во година ги полни џебовите на увозниците на струја, без притоа да се пофали дека изградила неколку од круцијалните децениски најавувани енергетски проекти. Поголемиот дел од енергетските експерти во земјава, за Фактор одбиваат да го коментираат галопирачкиот раст на увозот на струја и последиците од одливот на овие пари од државата. Поголемиот дел од нив, кои се и потпишани зад владините енерегетски стратегии, јавно не ги коментираат овие официјални статистички податоци. Увезената струја најмногу од Бугарија и Швајцарија Анализата на Фактор покажува дека дефицитарното домашно производство
на струја, кое се надоместува со скап увоз во најголем дел влегува од
Бугарија и Швајцарија. Статистиката покажува дека за периодот јануари –
декември минатата година увезената струја во земјава влегла од Србија,
од Бугарија и од Швајцарија. Тие додадаат дека бидејќи Македонија е нето увозник, целокупниот увоз се одвива преку Србија и Бугарија, а во исто време се одвива и транзит на електрична енергија низ Македонија кон Грција. Потребите се покриваат од различни берзи во регионот како што се берзите во Романија, Унгарија, Словенија, Австрија, Германија и Чешка… |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра во нов енергетски автотрансформатор
А.Д. МЕПСО набави и започнува со инсталација на нов 400/110 kV енергетски автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 која се наоѓа во населбата Бутел. Новиот трансформатор е со автоматска регулација на напонот изработен специјално за потребите на преносната мрежа на АД МЕПСО. Со неговото пуштање под напон за прв пат во нашата преносна мрежа ќе бидат во паралелна работа, во таа трансформаторска станица, два енергетски трансформатори на 400/110 kV ниво кои се со автоматска регулација на напонот. Најзначајна квалитативна новост е тоа што работата на два енергетски трансформатори во паралелен погон значајно ќе придонесе за подобрување на доверливоста, квалитетот и стабилноста на напонските прилики во скопското конзумно подрачје. Со оваа инвестиција на преносната мрежа во иднина ќе се сведат на минимум сите потенцијални ризици од прекини во снабдувањето во скопскиот регион – најголем потрошувач на електрична енергија во земјава. Во набавка на нов енергетски трансформатор со номинална моќност од 300 MVA (мегаволтампери) А.Д. МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра. Материјалите од кои е изработен овој трансформатор се од најнова генерација, јадрото е направено од висококвалитетен челичен лим со потребен додаток на силициум кој не старее со виоска пермеабилност, ласерски обработен со мали загуби при трансформација. Производител на автотрансформаторот е КПТ дел од групацијата „Сименс“. Трансформаторот што до сега функционираше во ТС Скопје 5 ќе биде префрлен и инсталиран и ставен под напон во ТС Скопје 4. Таму ќе го замени енергетскиот трансформатор произведен 1976 и е во фукнција 38 години кој сега ќе се чува во резерва. http://mepso.com.mk/Vesti.aspx?itemVID=271 Повеќе фотографии ќе најдете на линкот http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/4206/1?month=5&year=2014&day=17&desc=0 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
„ЕКО ШАРИ“ ОД АВГУСТ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА И БИОЃУБРИВО
Најмногу за три месеци, околу една година од поставувањето на камен-темелникот, во тетовското село Требош ќе почне да работи првата биогасна централа во Македонија која од отпад и ѓубре ќе произведува електрична енергија. Истовремено и отпадот кој ќе се добива по производството на биогас повторно ќе се преработува во висококвалитетно биоѓубре кое ќе биде првенствено наменето за извоз. А по завршување на оваа фаза како единствен остаток ќе биде чиста дестилирана вода која исто така ќе се продава. Со ова, живинарската фарма „Везе Шари“ која е инвеститор на изградбата на биогасната централа целосно ќе го заокружи производниот процес. Од еднодневни пилиња, сопствена мелница за храна за живината, преку производство на јајца и преработка на живинско месо во сувомесни производи под лиценцата „Лекер“, да се дојде до искористување на изметот од пилињата и отпадоците при колењето во производство на струја и добивање висококвалитено биоѓубриво за одгледување цвеќиња и воопшто за градинарството. - Речиси 95 отсто од бетонскиот дел од работите веќе се завршени, имаме и 50 отсто од потребната опрема, а преостанатиот дел е нарачан и очекуваме да пристигне наскоро. Во меѓувреме се монтира тоа што е веќе тука, така што имаме зацртано за 10 недели сите работи да бидат завршени и да се почне со преработка на ѓубрето - вели Арбен Абдурахмани, сопственик на живинарската фарма „Везе шари“ и на новата фирма „Еко шари“, која има лиценца за производство на струја од биогас по повластени цени. Се работи за централа со инсталиран капацитет од 999 киловати, која годишно ќе произведува 7,95 милиони киловат-часови електрична енергија, а за тоа дневно ќе троши 50 тони ѓубре. Извоз на биоѓубриво За потребната суровина, компанијата веќе има договори со одредени краварски фарми, винарници, фабрики за преработка на млеко, а тука е и отпадот од самата фарма и тој што останува од колењето на пилињата. - Да се обезбеди отпад воопшто не е проблем, бидејќи многу компании не знаат што да прават со него. Нам секако ни одговараат тие што ни се поблиску, бидејќи транспортот е на наш товар. Некои од нив одвај чекаат да почнеме со работа. Еве, на пример, во наша близина има капацитет за преработка на млеко и производство на млечни производи. Тие чекаат да почнеме да работиме за да ги спасиме од сурутката што се јавува како нуспроизвод и со која не знаат што да прават. Ја испуштаат во река или по полиња и целата околина смрди, па жителите реагираат - објаснува Абдурахмани. Во кругот на живинарската фарма „Везе шари“ на изградбата на биогасната централа се работи интензивно. Ако есеноска кога го посетивме објектот, имаше само бетонски ѕидови за делот каде што ќе се складира отпадот, сега се издигаат 6 ферментатори, платформи, испусти и одводи, како и зградата во која во долниот дел ќе биде сместен генераторот и другата опрема потребна за трансформација на биогасот во струја, а во горниот дел опремата за добивање на биоѓубрето. Kомпостот ќе биде со висок квалитет и германскиот партнер на Абдурахмани кој е сопственик на 51 отсто и од живинарската фарма, од капацитетот за сувомесни производи и сега од биогасната централа, одвај чека да се почне со негово производство бидејќи постојат големи можности за пласман на компост на германскиот пазар. При негово производство за процесот на сушење ќе се користат 1,3 мегавати топлинската енергија која како нус производ ќе се добива од биогасната централа. Во делот за производство на струја веќе е пристигнат осум тони тешкиот генераторот и друга опрема чија монтажа е во тек, а се очекува наскоро да пристигне и онаа за производство на биоѓубривото. - Временските услови зимоска ни се погодија така што поради благата клима и сувото време, можевме непречено да работиме на градежниот дел. Мало пролонгирање од планираното имаме кај испораката на опремата и тоа токму кај таа за која мислевме дека брзо ќе ја набавиме. Излезе дека мораме повеќе да чекаме на испораката од планираното, така што наместо во јуни како што првично планиравме, очекуваме со производство да почнеме во август, односно за една година од кога поставивме камен-темелник - вели Абдурахмани. Значителна инвестиција Целата инвестиција во која влегуваат биогасната централа и капацитетот за производство на биоѓубре се очекува да изнесува околу 6 милиони евра. Абдурахмани објаснува дека изградбата на една модерна биогасна централа со капацитет од 1 мегават чини околу 3 милиони евра. Меѓутоа ако се гради само еден ферментатор. Во случајов во „Еко шари“ се одлучија да изградат шест објекти, бидејќи така се обезбедува поголема сигурност во работата. Односно, ако има само еден ферментатор и ако настане некаков проблем, би требало да се запре со целото производство. Вака тоа во ниту еден момент нема да се случи. Изградениот капацитет всушност е и поголем од она што е потребно за толкаво производство на струја за колку е добиена дозвола од Регулаторната комисија за енергетика. - Направивме поголем објект затоа што можеби во иднина ќе го зголемиме производството на електрична енергија што ќе зависи од нејзината цените во иднина. Ако има големи скокови ќе почнеме со производство за свои потреби, или можеби и за продажба на слободниот пазар. За да дојдеме до тоа ќе биде потребно да набавиме уште еден генератор и друга опрема и ќе можеме да го дуплираме производството- истакнува тој. Абдурахмани, кој на 16 години заминал за Германија, каде што последните седум години од претстојот работел во живинарската фарма на неговиот сегашен партнер, вели дека откако почнале со производство проблемите кои се појавувале ги решавале со нови инвестиции. Па така, кога требало да се врши замена на кокошките несилки како проблем се јавило што да се прави со нив. И тогаш било решено да се инвестира во погон за преработка на пилешко месо и добивање сувомесни производи. На крајот како проблем се појави - што со отпадот, а сега и за тоа е најдено решение. Со ова полошкиот регион ќе добие објект кој е чистач на животната средина и кој многу ќе придонесе да се отстрани загадувачкиот и непотребен отпад со кој не се знае што да се прави. СЕ ГРАДАТ УШТЕ ЧЕТИРИ НОВИ БИОГАСНИ ЦЕНТРАЛИ Според податоците од Регулаторна комисија за енергетика целокупниот капацитет за изградба на биогасни централи е искористен. Државата определи дека ќе субвенционира по повластени цени струја добиена од биогасни централи со вкупна моќност од 7 мегавати. Покрај централата во Требош, деновиве беше поставен камен темелник за уште една централа за биогас од 1 мегават во Kичево, а покрај нив решенија за привремен статус на повластен производител имаат и три централи во пелагонискиот регион, од кои две со капацитет од околу 2 мегавати и една од 1 мегават. Зденка ПавковиЌ http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7A3928D882E7554592A71B3F2CE613FF |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ НА МЕПСО ОД 4 МИЛИОНИ ЕВРА
![]() МЕПСО ги пушти во употреба новиот 440/110 киловолтен автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 и реконструираниот 110 киловолтен далекувод Скопје - Куманово... http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=7915C7CF48BDAA4680EB2EB774D365CB Edited by jyvation - 10-Oct-2014 at 21:10 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ова е инвестиција која ни се лгеда ни се чувствува.само луѓето ќе имаат посигурно снабдување со ел.енергија а јавноста тоа едвај да го почуствуваат.
затоа и ваквите инвестиции,за жал не се атрактивни за никого,па и за новинарите.да беше споменик,барем ќе имаше некаква критика,вака ништо |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Нешто од Луково Поле
![]() ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |