build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 45>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Автопат Кичево - Охрид
    Posted: 09-Jan-2014 at 19:57
Денес во една приватна катастарска фирма од мој другар ми ја прикажаа трасата за автопатската делница од коридорот 8 :Кичево-Охрид,но ова беше скица од глобалната траса,што значи беше означена централната линија(основата на трасата) и две странични линии на растојание од по 100 метри лево и десно од основната линија.До местото каде е плавото кругче негде на околу 300-500 метри после раскрсницата за Врбјани(мое),трасата е нова,а после ова трасата се поклопува со магистралниот пат.Дали ќе одат еден покрај друг пат,или автопатот ќе го замени магистралниот незнаеја да ми кажат.

Најважното е дека трасата ми зема една нива и дел од шума,па ќе има за по едно пиво





Edited by gjoko - 09-Jan-2014 at 19:59
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Jan-2014 at 20:35

Автопатот Охрид - Кичево ќе се гради од три места

Модерното автопатско решение Охрид – Кичево, со изградба ќе започне март годинава. Охридските советници Александар Николоски и Харалампие Шокароски успеаа потребата од реализација на овој капитален проект да ја наметнат како прв приоритет на Владата на Р. Македонија за 2014 година. Шест ленти, по три од секоја страна, тунел од 2 км, 14 помали мостови, 7 големи мостови 4 поголеми вијадукти се дел од содржините на ова автопатско решение, но како новина Николоски го обелодена начинот на изградбата на автопатот Охрид – Кичево.

„Во исто време ќе се стартува од три места што е прв пат во Р. Македонија.  Досега кога се гради пат се стартувало од една точка а сега од три за да може за три годинида се изгради. Позитивно е тоа што 51 % од луѓето кои што работат мора да се луѓе од регионот и најмалце 49% од изведувачите да се од Р. Македонија“ - вели Николоски.

Николоски исто така при денешната средба со новинарите најави уште две новини во врска со патиштата во земјава.

„Во моментов се разговара за концесиско решение за делот од Кичево до Гостивар, популарно наречено Стража и за делот од Скопје до Блаце, односно до косовска граница кој што треба да се врзан систем за да би имало интерес за концесија. И второ веќе се разговара за банката за развој на Советот на Европа, се надевам сега на јануарската сесија каде што јас сум шеф на делегација ќе имаме нови разговори за финансирање на магистралниот пат Косел – Охрид-Пештани – Св. Наум“.

Николоски верува дека до крајот на оваа тековна година ќе успеат да ги да завршат сите процедури за изградба на магистралниот пат на источното охридско крајбрежје и веќе од наредната 2015 да отпочне реализација и на овој проект кој е од исклучителна важност за развој на туризмот.

http://tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/16099-avtopat-ohrid-kicevo-gradi-tri-mesta

Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 740
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Jan-2014 at 08:33
Николоски и Харалампије ја наметналерализацијат ана автопатот да биде приоритет!!!!!
Додека политичари ни градат патишта не одиме далеку. Не сум против автопатот, но 3 ленти на секоја стране е премногу. Нема да се исплати ни за 100 години. Уште само да дознаеме кој ќе ја собира патаринат а и колкава ќе биде?
Ов ами личи на српско сценарио (во градењето на автопатишта - кредитите ги попапала меца)
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Feb-2014 at 00:47
Обновено: Викендов започнуваат градежните активности за изградба на автопатот Кичево-Охрид
Вести | Охрид | 20.02.2014 17:34Посети : 1231
Со свеченост што ќе се одржи во сабота во кичевското село Извор и официјално ќе започне изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Пратеникот од Охрид Александар Николоски на својот Фејсбук профил денеска објави дека после години лобирање започнувва да се гради најбитниот инфраструктурен проект за Охрид и цела Западна Македонија.



Според најавите, автопатот од Охрид до Кичево, треба да биде готов за 45 месеци.

Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловоза ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетоснки мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1990 метри.

OhridNews
http://www.ohridnews.com/vesti/66167
PS Ако е вистина треба нова нишка да се отвори
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Feb-2014 at 01:20
Всушност нема потреба од нова нишка оваа е таа .

Инаку би требало да е вистина ,бидејќи стартот на работата на двата автопати беше најавен дека ќе биде на крај на Фебруари или почеток на Март ,исто мислам дека и за железничката делница Куманово - Бељаковце.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Feb-2014 at 08:22
Кинези во Кичево има,имаат закупено соби во еден мотел,а најитересно е што купуваат најскапи вина во продавниците.Мислев имаат помал стандард
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Feb-2014 at 14:01
Можеби незнаат Ѓоко, можеш да ја искористиш приликата и да му подадеш некое домашно под рака, па само од тебе да земаат [}]
(An idea of every normal Kavadarcanian)
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Feb-2014 at 18:38
Originally posted by nenad

Николоски и Харалампије ја наметналерализацијат ана автопатот да биде приоритет!!!!!
Додека политичари ни градат патишта не одиме далеку. Не сум против автопатот, но 3 ленти на секоја стране е премногу. Нема да се исплати ни за 100 години. Уште само да дознаеме кој ќе ја собира патаринат а и колкава ќе биде?
Ов ами личи на српско сценарио (во градењето на автопатишта - кредитите ги попапала меца)


3 ленти по нивниот речник - по ‘нашки‘ би било две за возење и една за паркирање

http://www.ohridnews.com/vesti/66167

Edited by Тркало - 21-Feb-2014 at 18:40
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Feb-2014 at 18:41
Кај нас се пие само шљивка од 60 степени,за виното немаме баш традиција.Го прашував командирот на ПС Извор како е ситуацијата,ми рече дека последно време доаѓале и кинези во селото како и македонски инженери.Највероватно Гранит ќе го гради овој автопат,а се слуша дека Бетон(Минчо) ќе го гради оној другиот за Штип.Ова ми го кажа директор на една од фирмите која сака да биди подизведувач на овие големиве волци
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Feb-2014 at 16:37

Почнува изградбата на автопатот Кичево - Охрид

Кај кичевското село Извор денеска и официјално ќе почнат активностите за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Проектот вреден 274 милиони евра, треба да биде заокружен за 45 месеци.


 Кај кичевското село Извор денеска и официјално ќе почнат активностите за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Проектот вреден 274 милиони евра, треба да биде заокружен за 45 месеци.

Автопатот ќе биде со должина од 57 километри и ширина 25,2 метра, во две насоки со три ленти. Предвидена е изградба на тунел долг два километра, седум поголеми и 14 помали мостови, четири вијадукти, како и останата пропратна инфраструктура.

Проектот и е доверен на компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ од Кина. Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации за да завршат за три години. Во активностите ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија, од општините кои гравитираат околу автопатот.

На денешното поставување на камен-темелникот ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.

извор

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Feb-2014 at 17:24
Има слики по портали,но само од политичари и лопати,така да за сега нема што да се прикажи.Местото каде се поставуваше камен темелникот мислам дека е за неколку стотини метри подолу од трасата
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Feb-2014 at 11:54
Најјакиот дел кој го прочитав на еден портал во темата за планираниот автопат:
- ‘‘Патот не поминува низ територијата на националниот парк Маврово и нема заштитени подрачја на самата траса – пишува во студијата на Министерството за животна средина‘‘.

НП Маврово
http://kicevo.mk/avtopatot-kraj-kicevo-so-tunel-i-klucka-izgradbata-startuva-naprolet/
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2664
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Feb-2014 at 12:20
Previous

Да не мислел дека ќе се прави автопат Гостивар-Охрид?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Feb-2014 at 13:01
Се надевам дека овај пат навистина ќе добиеме јак автопат не само асвалт и тоа е се! Убаво би било цел автопат да биде ограничен со бетонски цигли( исто како ограничувањето меѓу улица и тротуар). Најмногу ми интересира како ќе биде тунелот напраен( СОС центар, осветлување како и осветлување на тунелот во СОС ситуација! Едвај чекам хехе
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Feb-2014 at 13:12
Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
I.M. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote I.M. Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Feb-2014 at 13:20
Дали ќе дочекаме некогаш и автопат,Куманово-К.Паланка -Деве Баир,да заличиме малце на нормална европска држава.?
Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Feb-2014 at 13:34
Originally posted by ovaj_stariov

Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
Ili mozese nesto da se izgradi izmegju 50 do 91 godina, ama toa e po bitno bese Brioni, slovenija, hrvatska taka da ova ne e malce.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Feb-2014 at 13:48
Originally posted by anti-modernista1

Originally posted by ovaj_stariov

Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
Ili mozese nesto da se izgradi izmegju 50 do 91 godina, ama toa e po bitno bese Brioni, slovenija, hrvatska taka da ova ne e malce.


hahaha. jako.

99% od patistata i ulicite koi bile vo 91va bile napraveni vo periodot 50ta-91va. a toa e daleku poveke od ova sega. ok poz.
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Feb-2014 at 13:49
Мнение на Бугарски форумаш YesYesYes Като гледам тия новини май полека лека ще си го построите коридор 8 в пътно отношение YesYesYes а от Гостивар до Кичево дайте неква карта на това и интересно ми е от Куманово до Деве баир има ли проект щото в България никой не говори нищо за София до Гюешево а съм виждал два проекта за скоростен път до границата с Македония Thumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20Up
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Feb-2014 at 13:54
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 45>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.301 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.