Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1 Topic: Мост Сарај Posted: 26-Nov-2007 at 12:15 |
еве гром од ведро небо. Само не е јасно дали ќе следни комплетна реконструкција на мостот (што е ургентно) или само на коловозот
Железниот мост кај Сарај од денес затворен за сообраќај
Железниот мост на реката Вардар, што се наоѓа на влезот во скопската општина Сарај, од денеска, ќе биде затворен за сообраќај. За влез и за излез од Сарај сообраќајот ќе се пренасочи кон автопатот Скопје - Тетово.
Како што инфромираат од Градот Скопје, затворањето е поради оштетување на патната површина на мостот и започнување со реконструктивно - конструкторски работи.
Како почетната и крајната станица на автобусот со број 2 на ЈСП “Скопје“, од денеска, ќе се користи последното автобуско стојалиште на линијата пред влезот во општината односно пред мостот.
Сите останати автобуски линии кои сообраќаат до Сарај, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по автопатот. |
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2 Posted: 27-Nov-2007 at 00:15 |
според утрешен Вест нема ништо од вистинска реконструкција на мостот туку крпење на коловозот. Се отворила дупка од цели 2 метра (незнам што е тоа радиус, дијаметар, должина....) па морало да се интервенира. Колку што сфатив мостот и нема да биде скроз затворен туку само за тешки возила.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3 Posted: 27-Nov-2007 at 00:22 |
Originally posted by pbanks
Се отворила дупка од цели 2 метра (незнам што е тоа радиус, дијаметар, должина....)
|
Ретко кај кого од македонскиве новинари постои чуство за потреба од прецизност. „2 метра“ е веројатно само епитет што би требало да значи голема дупка. Да не мислиш дека ја мереле новинариве?
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#4 Posted: 27-Nov-2007 at 17:09 |
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#5 Posted: 16-Jan-2008 at 16:13 |
|
ГРАДОТ СЕ ОТКАЖА ОД ИЗГРАДБАТА НА НОВ МОСТ
Ќе се обновува железниот мост кон Сарај
Во
буџетот на Градот определени се 27 милиони денари за железниот мост кон
Сарај, а Градот со Општина Сарај допрва треба да ги договори деталите
за почнување на градежните работи
|
Градските власти најавуваат дека годинава конечно ќе го реализираат
проектот за обнова на железниот мост на Вардар кој ги спојува општините
Ѓорче Петров и Сарај. Во буџетот за работа на Градот за оваа година
предвидени се 27 милиони денари за реконструкција на мостот, а од
Градот велат дека веќе имаат подготвено проект и оти стартот на
градежните работи треба да го договорат со градоначалникот на Сарај
Беким Фазлиу.
"Наскоро треба да се оствари средба со градоначалникот на Сарај за да
се договорат деталите за почнување на градежните активности. Средства
за реконструкција на мостот се обезбедени во буџетот, а по средбата со
градоначалникот на Сарај ќе се распише и тендер за избор на изведувач
на градежните активности", велат од одделението за односи со јавност на
Градот.
Експерти од Градежниот факултет уште пред четири години предупредија
дека мостот е во лоша состојба и оти тој треба под итно да се
реконструира или, пак, на негово место да се изгради нов. Тогаш
стручњаците на Градот му дадоа рок од две години да го обнови мостот,
но тоа досега не се случи. Градските власти сметаа дека е неисплатливо
да се обновува, бидејќи оштетувањата се големи и предлагаа тој да се
урне, а на негово место да се изгради нов. Но овој проект не се
реализираше поради недостиг на пари.
"Отпадна идејата да се урне сегашниот и на негово место да се гради нов
мост. Со овие средства кои ги имаме во буџетот ќе се реконструира
постојниот мост", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Градските власти минатиот месец го затворија мостот за сообраќај
бидејќи требаше да се санира дупка на коловозот, долга два метра. Од
Градот велат дека дупката е затворена и сега таму сообраќајот се одвива
најнормално. (Е.А.)
| |
| Извор: Вест http://vest.com.mk/default.asp?id=146082&idg=8&idb=2273&rubrika=Skopje
Edited by Cloverstack - 16-Jan-2008 at 16:22
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#6 Posted: 16-Jan-2008 at 16:33 |
за што мафташ со главата? Дека нема да прават нов мост? Ако е за тоа и од мене
Edited by pbanks - 16-Jan-2008 at 16:33
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#7 Posted: 08-Feb-2008 at 13:29 |
сепак добра вест за мостот
ЖЕЛЕЗНИОТ МОСТ ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКИ
Сарај ќе гради нов мост преку Вардар
Владата одобрила 200.000 евра за нов мост чија изградба ќе почне годинава
Општина Сарај ќе гради нов мост на реката Вардар со кој ќе се поврзе со
остатокот од Скопје, а сегашниот Железен мост ќе биде затворен за
сообраќај и ќе се користи како пешачки. Градоначалникот на Сарај, Беким
Фазлиу, вели дека Владата им одобрила 200.000 евра за изградба на мост
и дека планираат со нив да изградат нов, на 50-ина метри од постојниот
Железен мост. Тој објаснува дека изготвувањето на проектот за изградба
на мостот е при крај и дека до април ќе распишат тендер за избор на
изведувач.
"Планираме мостот да биде со модерна архитектура и да биде поширок од
сегашниот, односно да биде широк 12 метри. Освен делот за коловоз, каде
што ќе минуваат автомобилите, ќе има и пешачка и велосипедска патека", вели Фазлиу.
АД"Карпош" го изготвува проектот за изградба на мостот, а градежните работи треба да почнат оваа градежна сезона.
"Не би можел да кажам за колку време ќе биде изграден мостот, но со градба ќе почнеме годинава", вели Фазлиу.
Градските власти пред повеќе од еден месец го затворија Железниот мост
за сообраќај за да се закрпи дупка од два метра на коловозот. Тогаш тие
најавија дека во буџетот предвиделе 27 милиони денари за реконструкција
на мостот и кажаа дека се откажале од идејата за изградба на нов.
Градоначалникот на Сарај вели дека овој план е сменет, бидејќи добиле
средства од Владата и дека решиле да градат нов мост оти е многу
поскапо да се обнови постојниот.
"Градоначалникот на Сарај, Фазлиу, го информираше градоначалникот на
Скопје, Трифун Костовски, дека Министерството за транспорт и врски му
обезбедило средства за изградба на нов мост на влезот во Сарај. Бидејќи
оваа инвестиција е за доброто на граѓаните и за поголема безбедност на
учесниците во сообраќајот, Градот се согласи Општината да го гради
мостот. За возврат, Градот од сопствени средства ќе уреди дел од
јавните површни и патните приклучоци кои се приоритетни за Сарај",
велат од Одделението за односи со јавност на Градот.
Ивица Боцевски, портпарол на Владата, не даде дециден одговор дали се
одобрени средства за изградба на нов мост во Сарај и колку. Тој рече
дека реализацијата на изградбата на мостот е ставена во програмата на
Владата, но дека се уште бараат решение со Општина Сарај како да се
реализира овој проект. (Е.А.) |
Извор: Вест
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#8 Posted: 14-Feb-2008 at 10:24 |
Се кладам дека уште се ценка градоначалникот со нив, за некој денар повеќе
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#9 Posted: 10-Apr-2008 at 23:28 |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=16A02999525FE649BF779ADD7F9F28A8
Ќе се гради нов мост кон Сарај, постојниот ќе биде затворен
Градежните работи ќе почнат налето, парите во најголем дел се обезбедени од Владата
Деспина Трајковска
Општина Сарај ќе гради
нов мост на реката Вардар, кој ќе биде врската со остатокот од Скопје,
а постојниот Железен мост ќе го затвори за сообраќај. Дел од парите за
реализација на овој проект, кој е проценето дека ќе чини околу 350.000
евра, Општината ги доби од Владата, а дел ги обезбеди од сопствениот
буџет. Градоначалникот на Сарај Беким Фазлиу вели дека деновиве ќе биде
распишан тендер за избор на изведувач на работите и очекува изградбата
да почне налето.
„Министерството за транспорт и врски ни одобри
15 милиони денари, пет милиони имаме планирано во нашиот буџет, а од
Владата ни најавија дека во ребалансот на буџетот ќе бидат предвидени
дополнителни средства за проектот да биде целосно финансиски покриен.
Нашите процени се дека мостот ќе се изгради за една година. Тој ќе биде
еден од посовремените мостови во Скопје“, вели Фазлиу.
Градските
власти потврдиле дека постојниот мост во Сарај не планираат да го
реконструираат иако такви активности летово ќе преземат речиси на сите
останати мостови. Според проектот што го изработи АД „Карпош“,
планирано е новиот мост да се изгради на 50-ина метри од постојниот
Железен мост. Ќе има модерна архитектура, ќе биде поширок од сегашниот,
со ширината на коловозот од 12 метри. Проектот предвидува на мостот да
има и велосипедска патека покрај пешачка.
„Овој мост
дефинитивно ќе стави крај на неколкугодишните проблеми кои ни ги
создаваше сегашниот мост, а последен беше случајот пред неколку месеци
кога поради пропаѓање на дел од асфалтот, сообраќајот мораше да биде
прекинат. По изградбата на новиот, Железниот мост ќе го затвориме, ќе
биде само пешачки и ќе претставува еден вид спомен-обележје на
Општината“, вели Фазлиу.
Инаку, катастрофалната состојба на
постојниот Железен мост трае со години. Тој е главната врска на Општина
Сарај со центарот на градот и низ него секојдневно минуваат повеќе
илјади жители, а освен автомобили, по него сообраќаат и автобуси од
јавниот градски превоз и товарни возила. |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#10 Posted: 11-Apr-2008 at 00:29 |
Абе мене ми се чини, или градење мост е многу ефтино!?!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#11 Posted: 04-Aug-2009 at 23:02 |
Старо железо уште се користи како мост
Ниту ова лето
нема да се гради нов мост кон Сарај и покрај тоа што постојниот Железен
мост е во катастрофална состојба и одамна го мина својот век на
експлоатација. Општината Сарај не ги искористи парите што ги доби од
државата, односно од Министерството за транспорт и врски за изградба на
нов мост, па сега најавуваат дека изградбата ќе почне в година. Поради
лошата состојба, на стариот мост е забранет сообраќајот за тешки
товарни возила.
- Со многу страв минуваме по железниот мост, кој
е толку тесен што едвај се разминуваат автобус и автомобил. Не ми е
јасно како градските власти досега не нашле пари да го обноват или
барем да го одржуваат. Дали за овој мост некој може да гарантира дека е
безбеден? Тој опслужува илјадници луѓе. Кој ќе ја понесе одговорноста
ако нешто им се случи? - вели скопјанката Ели Димовска.
Претходниот
градоначалникот на Сарај, Беким Фазлиу, најавуваше дека има проект за
изградба на нов мост, но до реализација не дојде. Сегашното раководство
на Општината се правда дека во општинската документација долго не
можеле да го најдат проектот, кој го изработи фабриката „Карпош“.
-
Откако почнавме да се интересираме за проектот, фабриката „Карпош“ ни
донесе идеен проект, врз чија основа веќе се изработува главен проект.
Планираме со него повторно да конкурираме во Министерството за
транспорт, за да добиеме пари за изградбата - вели Бекир Мухамети, шеф
на Кабинетот на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.Министерството
за транспорт и врски за изградба на мостот даде 23 милиони денари, од
кои голем дел останаа неискористени.
- Во две буџетски години
предвидувавме пари, кои и' беа на располагање на Општина Сарај за
изработка на проектна документација и за изградба на нов
армирано-бетонски мост на реката Треска, на локалниот пат
Глумово-Шишево. Во 2007 година беа обезбедени осум милиони денари, од
кои се искористени 2,7 милиона денари. Лани беа одобрени 15 милиони
денари, а општината потроши половина од оваа сума - вели Драган
Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт.
Мухамети
вели дека за да се снајдат за пари, преговараат и со Градот Скопје за
добивање некаква помош. Од Градот велат дека не биле вклучени во
проектот за изградба на новиот мост од претходното раководство на
Сарај, поради што во годинашниот буџет немаат предвидено пари за таква
намена. Оттаму потенцираат дека тековно го одржуваат стариот железен
мост.
- И да не добиеме пари од Министерството за транспорт, ќе
бараме од друго место. Се надевам дека во 2010 година мостот ќе почне
да гради - оптимистички прогнозира Мухамети.Според идејниот проект на
„Карпош“, новиот мост ќе биде бетонски, со широчина од 12 метри. Ќе има
две сообраќајни ленти и тротоари од двете страни, со велосипедска
патека. Неговата изградба ќе чини околу 26 милиони денари, односно
околу 425 илјади евра. Стариот железен мост најверојатно нема да се
урива, туку ќе функционира како пешачки. Претходниот градоначалник
Беким Фазлиу пред две години најавуваше дека ќе го изгради мостот, за
што распиша и конкурс за избор на најповолен изведувач. Конкурсот
пропадна, a потоа беше распишан нов. Беше најавено дека работите ќе
почнат во минатиот септември, а ќе завршат до март.
Експертите
од Градежниот факултет пред повеќе од четири години предупредија дека
Железниот мост кон Сарај е во многу лоша состојба и оти треба итно да
се преземат мерки за негова реконструкција или за изградба на нов мост.
Тие препорачаа мостот да се затвори за тешки товарни возила, што беше и
направено во минатата година. Железниот мост е главната врска на
Општина Сарај со центарот на градот и низ него секојдневно минуваат
повеќе илјади жители. Освен автомобили, по него сообраќаат и автобуси
од јавниот градски превоз, како и товарни возила, кои не ја почитуваат
забраната.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1D362C5B609B2E4498E3E9CD6771466D |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#12 Posted: 04-Aug-2009 at 23:05 |
Пари има, проект има, епа ондак што е проблемот?! Епа ондак што е финтата?! Инаку мостов нели е под ингеренции на градот, од кај сега општина Сарај?! Малку ми е конфузно ова градот немал пари, а општината добила пари од министерството. Не ли можел градот да конкурира и да ги добие истите пари?!
Инаку нема да згрешам ако кажам дека додека "не дојде јајцето на г*от" нема да се изгради нов мост, односно кога ќе падне стариов мост тогаш ќе се почне со изградба на нов!
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#13 Posted: 05-Aug-2009 at 02:17 |
Во 2007 година беа обезбедени осум милиони денари, од кои се искористени 2,7 милиона денари. Лани беа одобрени 15 милиони денари, а општината потроши половина од оваа сума - вели Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт.
Според идејниот проект на „Карпош“, новиот мост ќе биде бетонски, со широчина од 12 метри. Ќе има две сообраќајни ленти и тротоари од двете страни, со велосипедска патека. Неговата изградба ќе чини околу 26 милиони денари, односно околу 425 илјади евра. Стариот железен мост најверојатно нема да се урива, туку ќе функционира како пешачки.
|
Овде има нешто мутно, ако целиот проект чини 26 милиони денари тогаш што направиле со 10 милиони денари кои ги земале до сега??? (мада 425.000 евра за ваков мост некако ми изгледа нереално.)
И друга работа, ако стариот се користи како пешачки (и за точаци) зошто дуплирање на истите работи кај новиот ... можеле да заштедат и да направат помал или пак уште малце да го зголемат и да бутнат 4 ленти.
Сегашното раководство на Општината се правда дека во општинската документација долго не можеле да го најдат проектот, кој го изработи фабриката „Карпош“.
|
NO COMMENT!
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#14 Posted: 05-Aug-2009 at 04:52 |
Originally posted by vardar
И друга работа, ако стариот се користи како пешачки (и за точаци) зошто дуплирање на истите работи кај новиот ... можеле да заштедат и да направат помал |
За ова не се слагам. Ќе градиме нов мост и треба да го направиме по сите стандарди и за генерации понатака, а не да го „комбинираме“ со стариот и да го правиме зависен од него.
Edited by Cloverstack - 21-Nov-2009 at 22:05
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#15 Posted: 05-Aug-2009 at 12:06 |
Originally posted by Cloverstack
Originally posted by vardar
И друга работа, ако стариот се користи како пешачки (и за точаци) зошто дуплирање на истите работи кај новиот ... можеле да заштедат и да направат помал | За ова не се слагам. Ќе градиме нов мост и треба да го направиме по сите стандарди и за генерации понатака, а не да го „комбинираме“ со стариот и да го правиме зависен од него.
|
Не реков да не се прави по сите стандарди, само дека не ми е логично да градиш нов мост и пола да биде тротоар а имаш мост за пешаци буквално на 5 метри. Како што реков ... можеле да заштедат и да направат помал или пак уште малце да го зголемат и да бутнат 4 ленти... (ова нормално ако постоечкиот целосно го реновираат и нема опасност да падне како сега)
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#16 Posted: 17-Nov-2009 at 12:21 |
СЕ ИЗБИРА ОПЦИЈА ЗА ЖЕЛЕЗНИОТ МОСТ ВО САРАЈ
Новиот мост ќе го урне стариот?
Железниот
мост на влезот во општина Сарај можеби ќе се урне за да се изгради нов
на неговото место. За ваква опција размислуваат локалните власти затоа
што трасата кон која би требало да води новиот мост минува низ приватно
земјиште. Надлежните од Општина Сарај велат дека интензивно работат на
проектот, заедно со Град Скопје и со државната Агенција за регионални и
магистрални патишта, за што побрзо да ја почнат изградбата. - Имавме
три состаноци досега, денес е четвртиот на кој Секторот за сообраќај
при Градот треба да ни даде сообраќајно решение за мостот. Потоа
проектантот ќе го изработи главниот проект и на крај ќе се реши
финансирањето - вели Бекир Мухамети, шеф на кабинетот на
градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Тој соопшти дека проектот што
го изработи фабриката „Карпош“ нема да се искористи затоа што не
одговарал на стандардите на регионален пат. Новиот идеен проект го
направила фирмата „Прима инженеринг“ и со него се предвидува бетонски
мост со две коловозни ленти од по четири метри и странично по 2,5 метри
простор за пешачка и за велосипедска патека. Како што објасни Мухамети,
со стариот проект мостот би бил потесен, а со новиот тој ќе биде широк
13 метри и ќе биде дел од регионалниот пат Т-402 на релација Сарај -
Тетово. - Тоа ќе биде стандарден бетонски мост, најверојатно со железна
ограда и ќе личи на железничкиот мост кој води од Ѓорче Петров кон
Нерези. Неговата локација е предвидена во ГУП и би требало да се гради
на 40-50 метри погоре од стариот мост. Правецот на тој пат влегува во
неколку приватни имоти, чиешто земјиште ќе треба да се откупува, што
може да биде поскапо и од самата изградба. Сега е предмет на анализа
дали ќе се остане на оваа локација или ќе одиме со можноста новиот мост
да биде на местото на сегашниот - вели Мухамети. Кога ќе се донесе
конечното сообраќајно решение, следен чекор ќе биде да се изработи
главниот проект, кој, исто така, ќе го прави „Прима инженеринг“, а
потоа Општината ќе распише тендер за избор на фирма-изведувач.
Општинарите од Сарај најавуваат дека изградбата ќе ја финансираат
заедно со Градот и со Агенцијата за патишта, но се уште не знаат кој
колку ќе даде. Според шефот на кабинетот на градоначалникот, сигурно е
дека пари ќе се предвидат во општинскиот буџет за 2010 година.
Железниот мост со години наназад не е безбеден за возилата, па дури и
за минувачите затоа што постојано се појавуваат дупки на стариот
коловоз. Иако неколку пати прикрпуван, мостот не може да ја врши истата
функција како некогаш, а најголем проблем се автобусите и тешките
товарни камиони кои носат стока за магацините во Сарај и кои железната
конструкција не може да ги издржи. Неколку пати беа поставувани забрани
за тешки возила, но локалните жители не ги почитуваат. Како конечно
решение општинските власти во Сарај најавија дека ќе градат нов мост.
За овој проект пари предвидуваше Министерството за транспорт и врски,
но и покрај тоа Општината не ја почна изградбата.
Само пет идеи за поубави мостови
Пет
труда пристигнале на вториот конкурс за осветлување и нови огради за
мостот „Гоце Делчев“ и за Мостот на револуцијата, од кои три за првиот
и два за вториот објект. - Деновиве комисијата треба да ги
прегледа и да донесе конечно решение. Како ќе бидат третирани
трудовите, дали ќе има наградени, откупени или, пак, некој од нив ќе
стане идејно решение, зависи од нивниот квалитет – велат во Град
Скопје. На првиот конкурс, кој градските власти го распишаа
летото, пристигнаа три трудови. Еден беше дисквалификуван поради тоа
што не ги исполнувал условите, а за останатите Градот образложи дека
решението за Мостот на револуцијата не го подобрува неговиот естетски
изглед, додека оградата не се разликува од постојната. За мостот „Гоце
Делчев“, пак, новото решение не ги исполнуваше условите за максимална
тежина на оградата. Надлежните планираат градежните работи да почнат во
2010 година.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1868&ArticleID=126713 |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#17 Posted: 17-Nov-2009 at 13:33 |
Зошто се избрзува со дерогирање на ГУП-от, а се уште не е јасно ни дали ќе излезат со добро алтернативно решение? Не дека ГУП-от на оваа конкретна локација е некое совршенство, ама доколку новиот мост кај Сарај се гради на локација кај стариот, навистина ќе биде многу тешко сообраќајните решенија во околината да се изведат коректно. И во сите овие рачуници мора да се има во предвид идниот Бул. Црна Гора и како тој ќе се вклопи со тоа што сега ќе го смислат.
Edited by Cloverstack - 17-Nov-2009 at 13:33
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#18 Posted: 17-Nov-2009 at 17:03 |
Па ГУП-от никогаш не прецизира до сантиметар. Вакво отстапување воопшто не ми изгледа како некоја страшни интервенција, со оглед на тоа што во иднина еветуално пробивање на Црна Гора ионака ќе треба да се експропреира имот меѓу кои и куќи, па сееднониз кои куќи ќе пројде. И за старата траса, и за новата има одприлика исти број куќи. Просторот е тука широк и од двете страни на Вардар и има простор за маневри со испочитувани радиуси, така да не ми изгледа ова некој голем проблем. Кога веќе решиле да не експропреираат имоти би препорачал закосеноста на мостот да се сврти према другата страна со тоа што од страна на Сарај ќе остане истата точка, а од страна на Ѓорче де се помести точката малку позападна, односно стара локација, ама закосеност како во ГУП-от за новиот, би било добро решение. Е сега може да го поместат и нешто ситно метри позападна односсо веднаш до стариот, а с тоа стариот да си остане за пешаци и точаци, а на новиот 13-те метра да се искористат за 4 ленти.
Edited by lslcrew - 17-Nov-2009 at 17:05
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#19 Posted: 20-Nov-2009 at 16:51 |
Градот ќе го гради новиот мост во Сарај
Градските
власти за изградбата на новиот мост ќе бараат пари и од
Владата, а доколку не им бидат одобрени, ќе ги обезбедат
преку кредити
Железничкиот
мост на Вардар од Ѓорче Петров кон Сарај, ќе го гради Градот в
година. Откако пропаднаа двата тендера кои Општината ги
распиша за изградба на нов мост кон Сарај, 10-те милиони
денари од Министерството за транспорт и врски беа повлечени,
па општинарите останаа без пари. Сега во проектот се
вклучуваат градските власти кои велат дека ќе бараат пари и
од Владата за реализација на овој проект. Во буџетот за
наредната година предвидени се пари за изработка на идејни
решенија, кои ќе покажат колку ќе чини изградбата, дали има
имотно-правни проблеми и како ќе се реши патната
инфраструктура за поврзување со новиот мост. "Изградбата
на нов мост е еден од приоритетните проекти за наредната
година. Ќе изработиме идејни решенија и се надеваме дека
Владата ќе помогне финансиски за реализацијата на овој
проект. Ќе одвоиме пари и од буџетите на Град Скопје и на
Општина Сарај, но ова е доста скап проект и затоа ни се
потребни дополнителни средства", вели градоначалникот
Коце Трајановски. Доколку Владата финансиски не ја
помогне изградбата на новиот мост во Сарај, проектот нема да
биде стопиран, туку средства ќе се обезбедат преку кредити.
Градот има позитивен кредитен рејтинг, па затоа
градоначалникот Трајановски планира в година да земе
кредити од нашите банки заради побрза реализација на
приоритетните проекти. Изградба на нов мост кон Сарај, на
само 50-ина метри од стариот, се најавува веќе со години. Со
изградбата на новиот мост, стариот ќе се затвори за моторен
сообраќај и ќе се користи само како пешачки. Постојниот
железен мост, според експертите од Градежниот факултет во
Скопје, е во многу лоша состојба. Тие уште пред четири години
предупредија дека треба итно да се преземат мерки за негова
обнова и препорачаа да се затвори за тешки товарни возила.
http://vest.com.mk/?ItemID=73A519C71AAC8B47B374CD92AED805F6 |
Тука друга информација, дека ќе се корсит како пешачки, значи не е на истото место, туку веднаш до него.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#20 Posted: 21-Nov-2009 at 22:05 |
Originally posted by lslcrew
Па ГУП-от никогаш не прецизира до сантиметар. Вакво отстапување воопшто
не ми изгледа како некоја страшни интервенција, со оглед на тоа што во
иднина еветуално пробивање на Црна Гора ионака ќе треба да се
експропреира имот меѓу кои и куќи, па сееднониз кои куќи ќе пројде. И
за старата траса, и за новата има одприлика исти број куќи. Просторот е
тука широк и од двете страни на Вардар и има простор за маневри со
испочитувани радиуси, така да не ми изгледа ова некој голем проблем.
Кога веќе решиле да не експропреираат имоти би препорачал закосеноста
на мостот да се сврти према другата страна со тоа што од страна на
Сарај ќе остане истата точка, а од страна на Ѓорче де се помести
точката малку позападна, односно стара локација, ама закосеност како во
ГУП-от за новиот, би било добро решение. Е сега може да го поместат и
нешто ситно метри позападна односсо веднаш до стариот, а с тоа стариот
да си остане за пешаци и точаци, а на новиот 13-те метра да се
искористат за 4 ленти.
|
Не се работи за сатиметри или ситна боранија, туку за +200m.
Ама тоа не е главниот проблем, туку проблемот е изобличувањето на
мрежата. За Булевар Црна Гора не сум сигурен каде гледаш, јас колку што
можам да видам трасата е чиста. Посочи каде би имало проблеми.
Исто така нема баш лагоден простор за маневрирање од левата страна на
Вардар. Мапата од ГУП-от лаже, на гугл рт состојбата е сосема поинаква.
Имај на ум дека и мост кој би бил поставен позначително косо би бил
доста подолг, а со тоа и поскап.
Не сум против поинакво сеопфатно решение во тој реон од она што е
предвидено со важечкиот ГУП (кое не ми се чини баш идеално) кој ионака
се прекројува, но доколку тоа решение би било подобро. Ама од искуство
во слични случаи нема премногу простор за оптимизам. Ај да видиме...
Ако веќе се модифицира ГУП-от, мене еве што ми паѓа на памет. Со
решението на сликата долу Бул Црна Гора би си го добил предвиденото
значење за влез/излез од Скопје и би се растеретил Бул Ѓорче Петров,
особено што вториов е оптимална траса за трамвај/лрт, а простор за
проширување нема. Исто така проточноста на главните правци е обезбедена.
Се работи за „паркло“ (значи еден скромен надвозник и толку), модифицирано со исфрлање на сувишните врски, со што се добива уште поголема проточност. Во
околината речиси нема објекти, па клучкава би можела да се димензионира
и модифицира според потребата - ова што јас го имам нацртано се разбира
е само груба скица.
Edited by Cloverstack - 28-Nov-2009 at 19:47
|
|