![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 63> |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
добро,релативно е понов објект,и мислам дека сеуште не е завршена фасадата.сигурно е дека понов од 10 години,бидејќи пред тоа имав некои `акции` тука во близина
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Храмот свети Никола во Куманово се реновира
![]() Реновирањето на храмот на свети Никола во Куманово е започнато од почетокот на февруари, а ако се оди според планираната динамика, треба да заврши до Духовден. Ова стои во изјавата на митрополитот на Кумановско – осоговската епархија г.д-р Јосиф дадена за Кумановки Муабети. ![]() - Планирано е да се изврши комплетно реновирање на кровната конструкција и фасадата. Исто така ќе се изврши и реконструкција во внатрешноста, што би значело замена на целокупниот инвентар кој што е дотраен и реставрација на се она што може и понатаму да остане во функција, вели Владиката Јосиф. ![]() Според планот, моментално се реновира подот во целиот храм, и тој ќе биде изработен од мермер. Паралелно се размислува и за решавање на прашањето со греењето, за да се отстранат старите шпорети на дрва, кои заради испуштањето на чад многу ги оштетуваат фреските и иконите. Сите потребни средства, се вели во соопштението, се обезбедени од Кумановско-осоговската епархија, но значителни средства се обезбедени и од донации на верниците и на одделни стопанственици од Куманово. Инаку, храмот свети Никола претставува соборна црква на градот Куманово. Денешната црква е изградена во 1851 година, на местото на мала црква вкопана во земја со девет скалила, којашто исто така го носела името “Свети Никола”. Не е познато од кога датира изградбата на оваа црквичка, меѓутоа се претпоставува дека е многу стара и дека го следи присуството на христијанското население на овој простор. Инаку црквата “свети Никола” била изградена од познатиот мајстор-градител Андреа Дамјанов од село Папрадиште - велешко. Црквата е заштитена како споменик на културата. http://www.kumanovskimuabeti.mk/hramot-sveti-nikola-vo-kumanovo-se-renovira/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=hramot-sveti-nikola-vo-kumanovo-se-renovira |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во село Стење (на Преспанско езеро) се гради нова црква.
![]() ![]() ![]() Инаку, селото веќе има една постојна црква. ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во Битола се врши реконструкција на една од џамиите.
![]() Сите фотографии се мои. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Преставници од Локалната самоуправа денеска го посетија манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Варош каде е во тек втората фаза од изградбата на источниот конак. Овој манастирски комплекс кој е заштитен споменик на културата има силно влијание во духовниот живот на прилепчани, а изградбата на новите конаци ќе придонесе за уште поголем интерес за негова посета од страна на многуте туристи.
![]() ![]() http://prilep.gov.mk/news/mk/novite-patishta-do-manastirite-potvrda-na-golemiot-interes-za-manastirskiot-turizam/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Која е оваа црква во Куманово, знае некој? Сликата е од 28 јануари годинава, така што можно е сега да е изградена целосно.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
I found this project online from the Center of Islamic Civilization in Macedonia. The project is partly funded by the government of Qatar.
http://www.focic.org.mk/history-of-buildings.html ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Проект за заживување на црквата „Св Никола“ во Маврово
Среда, 14 Мај 2014 15:17 Архитектонското студио „Тетрактис“ од Скопје изработи Идејен проект за заживување, санација и заштита на црквата „Св. Никола“ која веќе половина век е потопена во Мавровското езеро. mavrovo-crkva500 Презентацијата на Идејниот проект ќе се одржи на 16 мај (петок) во 16:15 часот во ресторанот „Бела Виста“ (ГТЦ кеј). Целта на овој идеен проект е да го заживее споменот на Црквата „Св. Никола“, да ја реконструира и да ја адаптира во современ центар за културни случувања, изложби и други настани и да даде несекојдневен белег на овој туристички регион. Хафингтон пост, црквата ја смести во листата на најмагичните верски објекти во светот. Идејата на проектот е црквата „Св. Никола“ да се санира и заштити како дел од архитектонското и културното наследство. Црквата би ја зачувала првобитната форма, би се санирале ѕидовите, би се извела кровна конструкција која ја задржува првобитната силуета на црквата. Околу црквата се развива камена обвивка која го „прегрнува“ во манирот на типичен православен манастирски комплекс и ја задржува атмосферата на некогашното светилиште. Предвидени се две варијанти. Црквата „Свети Никола“ во 1952 беше потопена во езерото, претставува неизбежен симбол на Маврово и постојано е публикувана во разните туристички материјали во светот. Вредниот иконостас и другите предмети од црквата се спасени и конзервирани откако истата била потопена. Таа е евидентиран споменик на културата. Црквата била изградена во 1850 година и концепирана како трикоробна црква со петострана апсида, кула, камбанарија и иконостас изработен од Дичо Зограф, прочуен мајстор зограф од реканскиот регион. Во неа се изведувале редовни богослужби повеќе од сто години. Дури и денес црквата е извонреден примерок на македонската архитектура од средината на 19 век, а локалните жители ја доживуваат како свет објект. http://kurir.mk/makedonija/kultura/158113-Proekt-za-zazivuvanje-na-crkvata-Sv-Nikola-vo-Mavrovo Одамна размислувам дека оваа црква треба да се заштити и на некој атрактивен начин да се обезбеди можност да биде посетувана дури и кога е под вода. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Еве како изгледа проектот ![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Благодарам Кловер. Јас размислував на зидовите да има и стакла а ми се вртеа и други идеи. Добро е што на некого му текнало да поднесе ваква иницијатива зошто вака црквата пропаѓаше и прашање на време беше кога ќе се сруши.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Привлечноста на оваа црква е во нејзината непосредна положба, односно во потопеноста во вода. Ако се обгради со бетонски или стаклени ѕидови (а со тоа и ќе се издвои од водата) автоматски губи и од атрактивноста. Можеби само треба да се санираат штетите по секое повлекување на водата, или на друг начин да се осигура дека водата нема да ја урне или посериозно да ја оштети. Ова е мое мислење.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
можеби треба да се размисли за пренесување камен по камен на црквата на самито брег на еЅерото.има многу случаеви во светот на ваква превземена технологија
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Јас се согласувам со Џоле (кирилица
![]() Една од моите идеи беше црквата надворешно да се заштити од вода и водоотпорно да се херметизира со што во внатрешноста би зе оневозможило продирање на вода, а би се овозможила посета и додека црквата е под вода. Влез би се овозможил со стакнел тунел под водата. Ова незнам колку е возможно да се изведе, веројатно би било и прескапо но ете како идеа. Оградувањето како на погорната слика е во секој случај подобро отколку да остане вака како што е. Иначе јас не сум за преместување затоа што црквите како што предложи gjoko (латиница ![]() Edited by kultuzin - 14-May-2014 at 19:27 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
со или без ѕидов црквава би била подеднакво атрактивна... но како и да е треба да се одржи во живот да не ја изеде времето
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ќе се санира потопената црква во Мавровско Eзеро
Објавено: 13:31, 16/05/2014 Прегледано: 201 пати. sanacijaCrkvaMavrovo Идејниот проект за заживување, санација и заштита на црквата „Свети Никола“, која половина век е потопена во Мавровското езеро денеска ќе биде презентиран во Студиото Театрикс од Скопје. - Целта на овој идеен проект е да го заживее споменот на црквата, да ја реконструира и адаптира во современ центар за културни случувања, изложби и други настани и да даде несекојдневен белег на овој туристички регион. Угледниот американски интернет портал „Хафингтон пост“ ја смести црквата во листата на најмагичните верски објекти во светот, информираат од Театрикс. ![]() Објектот треба да се санира и заштити како дел од архитектонското и културното наследство. Црквата би ја зачувала првобитната форма, би се санирале ѕидовите, како и изведба на кровна конструкција која ја задржува првобитната силуета на црквата. Проектот предвидува околу црквата да се развива камена обвивка во две варијанти. Во првиот предложен модел, камената обвивка е скулптурално обликувана со стаклени продори кои го задржуваат допирот со водата и отвараат визури кон околина. Во втората варијанта предвидена е камена обвивка која е обликувана во вид на систем за подвижни ѕидови кои во зависност од водостојот се регулираат по височина. Се предвидува пристап од две точки, кога водостојот е минимален се влегува од кота на плато, или при максимален водостој кога се создава галерија која кружи околу црквата и овозможува отварање на визури кон дворот и кон природното опкружување. ![]() Црквата „Свети Никола“ беше потопена во езерото во 1952 година и е неизбежен симбол на Мавровското езеро која постојано е публикувана во разните туристички материјали во светот. Вредниот иконостас и другите предмети од црквата се спасени и конзервирани откако беше потопена. Таа е евидентиран споменик на културата, но во последната катастарска снимка на Македонија не е регистрирана како постоечки објект. Црквата е изградена во 1850 година и конципирана како трикоробна црква со петострана апсида, кула камбанарија и иконостас изработен од Дичо Зограф, прочуен мајстор зограф од реканскиот регион. Во неа се изведувале редовни богослужби повеќе од сто години. И денес црквата е извонреден примерок на македонската архитектура од средината на 19 век, која локалните жители ја доживуваат како свет објект. http://a1on.mk/wordpress/archives/331344 Значи се работи за два проекта, едниот со стаклени површини а другиот со подвижни ѕидови. |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
НОВА ЦРКВА ВО НОВО СЕЛОМитрополитот на Брегалничката епархија,
г.Иларион во Ново село ги освети темелите на новата црква Св. Маченик
Димитриј Солунски што ќе се гради со помош и на иницијатива на
семејствата Мијалкови и Камчеви. Црквата св. Димитриј ќе биде трета
црква во Ново село, покрај старата црква Пресвета Богородица и црквата
Покровита Богородица која е при крај со изградбата. |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Свети Атанасиј, Ѓорче Петров, Скопје
![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Наидов на неколку интересни џамии од Русија, поточно од нејзините републики чиешто население е мнозински муслиманско или значаен дел од населението се муслимани. Забележете дека поголемиот дел од џамиите во својот изглед воопшто не личат на оние џамии на кои сме навикнати ние, а дел од нив потсетуваат повеќе на католички или на протестантски цркви одошто на муслимански сакрални храмови.
Оваа џамија се наоѓа во градот Уфа, Република Башкортостан. Изградена е во 1830 година, во класицистички стил. ![]() Џамијата во Оренбург, Оренгбуршка област. Изградена е во 1892 г. ![]() Џамијата во Казањ, Република Татарстан. Изградена 1767 г. ![]() ![]() Внатре ![]() Уште една џамија од Казањ. Изградена во периодот 1768—1771 г. ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Џамијата во Челјабинск, Челјабинска област. Изградена во периодот 1890–1899 г.
![]() Т.н. Бела џамија во Болгар, Татарстан. ![]() ![]() ![]() ![]() Уште една од Казањ, Република Татарстан. Изградена 1802 г. ![]() Типична селска дрвена џамија во башкирското село Ехја, изградена 1910 г. ![]() Џамија во село Аскино, Република Башкортостан. Изградена во периодот 2001-2004 г. ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во село Барда, Пермска област. Изградена во 2010 г.
![]() ![]() Во градот Уфа, изградена 1998 г. ![]() ![]() Edited by Џоле - 22-May-2014 at 16:07 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |