build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Пресвета Богородица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Плоштад Пресвета Богородица
    Posted: 17-Sep-2008 at 22:14
хммм...

Плоштад меѓу кејот и храмот Пресвета Богородица


Заедно со реализација на проектот кој го изработија студентите од архитектонскиот факултет за уредувањето на левата и десната страна од коритото на Вардар во централното градско подрачје и заживување на целиот овој простор, за што градските власти со ребалансот на буџетот ќе издвојат 30 милиони денари, се планира и изградба на миниплоштад помеѓу црквата Пресвета Богородица и кејот на Вардар. Според градоначалникот Костовски проектот за овој плоштад е веќе завршен, а наскоро ќе биде и официјално промовиран.

- На овој потег ќе се изврши реконструкција на улицата помеѓу црквата и кејот и ќе се постави осветлување, а ќе се отворат и скали до долниот дел од кејот на Вардар. Со реализација на овој проект ќе се создаде ново место за одмор и прошетка на граѓаните, а би се отворил и целиот овој потег кон МАНУ и МКЦ, вели Костовски. Тој напоменува дека реализацијата на проектот за кејот би започнала уште годинава.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B59EE41FA415D243A0710C7E9D64FC33
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Oct-2008 at 12:33
Блокада од градскиот совет за плоштадот околу „Света Богородица“



Автор:  Гоце Трпковски

Во градскиот буџет има 2,3 милиони евра повеќе од очекуваните приходи, но советот на вчерашната седница не го одобри планот на градоначалникот Трифун Костовски тие да се искористат за реконструкција на просторот околу црквата „Света Богородица“ со оформување плоштад, изградба на бетонски жардиниери на булеварите, поставување јавно осветлување на левата и на десната страна од кејот на Вардар, како и за покривање на трошоците за струја за уличните светилки и за субвенционирање на градскиот превоз.

Советниците одлучија да ја одложат расправата за прераспределба на парите од буџетот за крајот на месецов. Неизвесно е дали потоа би имало доволно време да се спроведат планираните градежни работи, затоа што сезоната завршува, се очекува временските услови да се влошат, а мандатот на оваа градска управа трае до март. Видно разочаран од оваа одлука, Костовски ги обвини советниците дека го блокираат, а со тоа им прават штета на граѓаните.

СЕ БАРАА ИЗВЕШТАИ ЗА РАБОТАТА

Пред да почне расправата за буџетот, Марија Јовановска, претседателката на советничката комисија за буџет, побара да се одложи точката и сите сектори на градската администрација да достават извештаи како ги трошеле парите, па потоа да се гласа за прераспределбата. Предлогот го поддржаа и други советници. Костовски им порача дека е најважно да ја усвојат таа точка, но неговите укажувања не помогнаа и расправата се одложи.

- За мене многу значеше да се усвои ребалансот, бидејќи јас како градоначалник и градската администрација најмногу ја чувствуваме потребата од измени во буџетот. Го очекував овој непромислен и нефер потег од мнозинството. Јасна ми е намерата да се блокираат сите активности на градот, како и интервенциите во јавните претпријатија, пред се во ЈСП. Што во е целта? Документите што ги барате можете секогаш да ги добиете, наместо со оваа блокада, која е очигледна и штетна, да се промовирате како „надежни“ за наредните избори. Нека ви служи на чест - истакна Костовски.

ПРОЕКТОТ ЧЕКА ВО ФИОКА

Проектот за оформување плоштад на левиот брег на Вардар е веќе готов, а градските власти го најавија пред околу две недели. Тие тогаш рекоа дека треба само да се направи ребаланс на буџетот и градежните работи можат да почнат уште веднаш. Со тоа треба конечно да се уреди просторот каде што порано се наоѓаше приградската автобуска станица. Се планираше новиот плоштад да завршува со скалила кои би воделе до коритото на реката. Од градската управа се надеваат дека со таков проект би можело конечно да заживее и левиот брег на Вардар.

Зголемениот прилив во буџетот се очекува да биде уплатен за надомест за уредување градежно земјиште, односно за комуналии. Поради тоа градската администрација побара таа ставка да се зголеми за 140 милиони денари. Засега не се знае кога ќе се одржи наредната седница на советот, но претседателката Ирена Мишева најави дека ќе го закаже терминот за најмногу осум дена.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=203&ArticleID=8796

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Oct-2008 at 20:50
па мислам дека плоштадчето и не е толку потребно, за православните цркви како нашиве обично се карактеристични некои дворчиња, како што е ова сега што го има
тие тревничињата му даваат свежина некоја на просторот и мислам дека се во редс, мислам може да се уреди уште мачце, да се насадат некои цвеќенца и да стават клупи во околината и толку
и уште нешто, не знам како е осветлено, можеби на тој дел му треба осветлување, а и самиот објект може да биде илуминиран
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Oct-2008 at 20:55
Голем и атрактивен простор е за да се прави градина од него со неколку патчиња - местото ќе изгледа поатрактивно ако се направи плоштад. И не само што ќе изгледа боље, туку и за верски празници на плоштадот би се собрале повеќе верници. Цвеќињата што ги спомнуваш може да се стават и во жардињери, ако е до толку до зеленило. А објектот иако не го одзема здивот, би требало да се илуминира како и сите поважни објекти во центарот.


Edited by La Linea - 09-Oct-2008 at 21:04
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Oct-2008 at 11:38
Втора шанса за плоштадот кај „Света Богородица“



Автор:  Г.Т.
Откако во средата го одби ребалансот на буџетот предложен од градоначалникот Трифун Костовски, градскиот совет задутре повторно ќе расправа за прераспределбата на парите во градската каса за да се обезбедат пари за изградба на плоштад околу црквата „Света Богородица“ на брегот на реката Вардар.

Според процените на градската администрација, се очекува приходите во буџетот да ги надминат планираните за околу 2,3 милиони евра. Затоа Костовски предложи да се направи прераспределба и со тие пари да се финансираат неколку проекти, како новиот плоштад кај „Света Богородица“, изградба на средишни бетонски жардиниери на некои булевари и за дополнителни субвенции на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Исто така, треба да се постават и нови канделабри од левата и од десната страна на кејот на Вардар, како и да се покријат трошоците за струја од уличните светилки.

На седницата во средата советот ја симна таа точка од дневниот ред, затоа што Марија Јовановска, претседателката на советничката комисија за финансирање и за буџет, побара секторите од градската администрација да поднесат извештаи за тоа како ги трошеле парите досега, а потоа да се расправа за ребалансот. Мнозинството советници го прифатија овој предлог, на големо разочарување на градоначалникот Костовски. Тој ги обвини дека направиле непромислен и нефер-потег со намера да ги блокираат активностите на градот, да создадат што полоша слика за неговата работа и со тоа себеси да се промовираат како „надежни“ за наредните локални избори.

По седницата се појавија сомневања дека станува збор за блокада и дека ребалансот ќе се усвои кон крајот на месецов или во почетокот на наредниот, кога градежната сезона ќе биде при крај, временските услови ќе се влошат и нема да остане доволно време да се спроведе еден таков проект, со оглед на тоа што во март, пред почетокот на новата сезона, ќе има локални избори на кои се очекува да се избере нова градска управа.
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=205&ArticleID=9002

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Oct-2008 at 12:20

a ko se gradi Crazyplostadot okolu cerkvata sveta bogorodica to ne e fer deka vo makedonija imat i muslimaci a ne samo ortodox .... aj sega da gradime plostad oklu edna xamija Sleepy trba da pravime plostad kade site ce odat kako segasniot plostad .....  kako mislite vie?

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 11-Oct-2008 at 13:00


Мислам сосема погрешно е да почнеме и ова прашање да го гледаме поларизирано на таков начин. Градот и општините треба да се грижат и да ги уредуваат сите површини што се под нивна надлежност, без разлика дали во близина има црква, џамија или како што најчесто е случај - воопшто да нема верски објект во близина.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Jul-2010 at 05:49

Ќе се гради фонтана со релјефи на светци

Општина Центар бара идејно решение за монументална фонтана на која ќе има релјефи за житијата на светите апостоли Петар и Павле, света Богородица и свети Никола. Предвидено е фонтаната да се постави во непосредна близина на црквата „Пресвета Богородица“, како дел од миниплоштад. До почетокот на есента се очекува да биде познат нејзиниот изглед кога, всушност, завршува повикот за доставување на идејните решенија, за кои вкупниот награден фонд изнесува 250.000 денари.

Од општина Центар објаснуваат дека се одлучиле да градат фонтаната во чест на светците, а не споменици, бидејќи за светците не се изработувале споменици, туку барелјефи. „Од кој материјал ќе бидат изработени зависи од идејното решение што ќе го добиеме од авторите“ додаваат општинарите.

Инаку пред десетина дена општинскиот Совет донесе одлука програмата за комунални работи да се дополни со реализација на овој проект. Маркичката за изградба на фонтаната, пак, е предвидена со последната верзија на ДУП „Пресвета Богородица“. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6E82BA689D61CA4B861F5EAFDFB1DE44
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Mar-2011 at 12:20

Три споменици кај црквата „Богородица“


Општината Центар вчера распиша конкурс за лиење три споменици во бронза, кои ќе бидат поставени на плоштадот пред црквата „Пресвета Богородица“, спроти МНТ

 

 
%20  
Критериум за добивање на јавната набавка е најниска цена. Сите заинтересирани фирми понудите треба да ги достават најдоцна до 18. идниот месец, во просториите на општината Центар.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32211839481&id=14&prilog=0&setIzdanie=22237
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Mar-2011 at 11:42
eve i text za kakvi spomenici tocno se raboti

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF5E5A3051CD6E4FB621E960431F8A96


Три споменици за плоштадот Пресвета Богородица

Општина Центар бара леарница за изработка на три спомен-обележја во бронза, кои ќе бидат поставени на плоштадот Пресвета Богородица - споменик на Пресвета Богородица, свети Петар и Павле и свети Никола. Леарницата ќе се избере преку електронска аукција, изјавија од Општина Центар. Заинтересираните може да ги достават понудите најдоцна до 18 април годинава, кога ќе се изврши и јавното отворање на понудите.

Од Општината не одговорија колку ќе чини изработката на трите спомен-обележја.

- Откако ќе се избере леарница, сите договори ќе бидат објавени во Бирото за јавни набавки - изјавија надлежните оттаму.

Тие исто така не прецизираат ниту кога ќе бидат поставени.

- С` уште се во фаза на проектирање, постапката с` уште не е завршена, ќе бидете информирани дополнително за времето за нивното поставување - информира Јовица Ацкоски, портпарол во Општината Центар.

Автори на спомен-обележјето на Пресвета Богородица се Зоран Тосевски и Борче Димовски, на свети Никола, Елена и Дарко Дуковски, а автор на споменикот на свети Петар и Павле е Кирил Мукаетов. (А.П.)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Mar-2011 at 23:14
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Mar-2011 at 23:46

Ајдеее, Богородица, св Петар и Павле, св Никола... што е наредно? Тајната вечера? Big%20smile




Edited by fichot - 24-Mar-2011 at 23:47
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Mar-2011 at 23:56
Originally posted by lslcrew

Eve go urbanistickiot plan za ploshtadot.http://opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/1202/1_DUP%20PRESVETA%20BOGORODICA.jpg


bravo konecno i toj del da se sredi, 1.5 e crkvata sv. mina ?
Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Mar-2011 at 00:09
Originally posted by fichot

Ајдеее, Богородица, св Петар и Павле, св Никола... што е наредно? Тајната вечера? Big%20smile



другар мисли си во себе, не им давај идеји  Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Mar-2011 at 05:36
Незнам дали е Света Мина. Помислив да не е старите темели на Пресвета Богородица па сега новава да е малку понастрана поставена, но нели се изгради врз старите темели? Воопшто не се сети на Света Мина а поставеноста и обликот се од црква. Света Мина мислам дека била нешто понавака кај министерство за надворешни или?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Mar-2011 at 05:48


Јас мислам дека е токму на местото на Свети Мина.

BTW Мина е машки светец, не е Света Мина.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Mar-2011 at 05:56
Поима немав дека е машки. Така некако женско име ми изгледаше.

Некако и основата ми изгледаше мала за тоа што се гледа од сликите со двете куполи и растојанието помеѓу нив поприлично големо е.
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Mar-2011 at 11:55
spored ovaa slika 1.5 e sveti mina, ubavo se gleda deka sv. bogorodica e malce povnatre a sv. mina e nakaj kej
pak ke kazam bas mi e milo sto konecno ke se sredi toj del od centarot, i konecno ke se trgne toj div parking koj ja ugrduvase slikata

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Mar-2011 at 12:01
Ne e potrebno nov Plostad, posto plostadot makedonija se naogja vo nekolku metri, ama sepak me raduva sto kje se ureduva toj del.
Skopje kje stane kako kako italienskite gradovi so mnogu plostadi
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Mar-2011 at 13:48
Originally posted by my Macedonia

Ne e potrebno nov Plostad, posto plostadot makedonija se naogja vo nekolku metri, ama sepak me raduva sto kje se ureduva toj del.
Skopje kje stane kako kako italienskite gradovi so mnogu plostadi


Истото би требало да важи и за плоштадот што го заговара Меџити, нели?


Edited by alexgizh - 25-Mar-2011 at 13:51
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.227 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.