![]() |
![]() |
![]() |
Села во Македонија (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Author | |
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() Posted: 10-Aug-2014 at 10:28 |
Незнаев каде да го ставам следниот текст кој се однесува на селото Гари. Мислам дека не е лошо да имаме тема и за селата.
Гари – убавина што треба да се доживееГари го населиле храбри и гостопримливи луѓе. Се чувствувате добре дојдени во секое време. Особено им е задоволство да слушнат дека сте прошетале во планината, сте ги посетиле тие интересни места што се гордост за гарци. Велат што се гарци, гарци се, ама што не се гарци, кога ќе се залепат за Гари, не се одлепуваат![]() Свеж и чист воздух, температура многу пониска од таа во урбаните средини, жубор на вода и неверојатна вегетација – убавина што ја нуди Македонија, а малкумина ја користат. Велат мијачкиот крај е еден од најубавите краишта во земјава. Причини да се посети местото во пазувите на Бистра и на Стогово има многу. Недопрената природа на 1.100 метри надморска височина е вистинско место за одмор, но, како што велат старите гарци, само за тие што знаат да уживаат и ја сакаат природата. Гари живее во лето. Во зима живот има во две-три куќи. Но во лето гарци се враќаат дома. Дел од куќите се сосема нови или обновени, во препознатливиот и оригинален охридско-крушевски стил на градење. Речиси секоја куќа е полна и отворена за тие што решиле да го посетат селото. Седевме во куќата на дедо Блажо Дојчиновски. Голема бела куќа, со кафени прозорци, куќа што го зачувала стариот стил. Ни раскажуваше интересни приказни за селото, за животот некогаш, за тоа што е Гари денес. Ќе ја слушнете приказната за килимарата во која работеле 120 жени и ги произведувале најдобри персиски килими што ги продавале во Германија. За задругата, за кулаците, за забавите и за музиката. Ќе ја слушнете приказната за печалбарите, за Димко Шангај, кој на времето како печалбар стигнал најдалеку, дури до Кина. Ќе ви раскажат за фудбалските натпревари на игралиштето, каде, како што умеат да речат, имало вистински голови уште во времето кога во Скопје обележувале голови со камења. Уживаат да зборуваат за нивниот подготвен тим, кој ги победувал тимовите од Мелничани, од Лазарополе и од другите околни села. Со гордост зборуваат за струјата што ја имале кога градовите немале, за малото кино во педесеттите години на минатиот век, за неверојатната вода.
- Водата е посебна. Да испереш нешто неверојатно бело излегува. Да го вариш гравот на гарска вода ќе биде поинаков од тој со скопска вода – велат тие. И додека разговаравме, помина една млада брачна двојка, која дошла да го посети селото. Дедо Блажо веднаш ги покани на кафе за и тие да ги слушнат гарските приказни. Гари го населиле храбри и гостопримливи луѓе. Се чувствувате добре дојдени во секое време. Особено им е задоволство да слушнат дека сте прошетале во планината, сте ги посетиле тие интересни места, кои се гордост за гарци. Велат што се гарци, гарци се, ама што не се гарци, кога ќе се залепат за Гари не се одлепуваат. - Се менуваат луѓето. Младината не е иста како порано. Порано доаѓаа млади во групи и секој ден одеа на Стогово, да видат природа, потоци, бачило… Ако не го направиш тоа, како да не си бил во Гари. Се чекаа на свијокот од каде што се гледа Гари и се довикуваа „ајде одиме“. Беше интересно. Но во последните 10-15 години младината е поинаква. Доаѓа тука, ни планина ги интересира, ни живописност, ни извори. Станува во 10-11 часот. Промената е во технологијата. Станува, зема лаптоп, и не ја доживува природата и убавината. Младите не одат пеш. Треба да им е мала планината да ја прошетаат. Тие не ја доживуваат таа убавина – вело дедо Блажо носталгичен за годините што поминале. Секој гарец остава свој белегСелото со околу 100 куќи плени со својата интересна архитектура, кладенците со студена вода, интересната поставеност под падините на двете планини. Порано ова било збиено село, покрив до покрив. Денеска бројот на куќи е намален, но парцелите никој не ги продава. Ако го продадат местото, умира презимето, фамилијата гасне, се битисува. Куќата кога ќе ја продадеш и да има кој да го наследи презимето, тоа умира. Насекаде околу Гари има поставено клупи на кои може да уживате во убавиот поглед. Над селото се наоѓа крст, каде што на клупите често ќе сретнете луѓе што уживаат во убавата глетка. До него се доаѓа лесно. Гарци раскажуваат дека е подарок од нивни земјак. - Во 1963 година сите бегаа од тука. Сите заминуваа, како да е крај на светот. Но научени сме на поинаква клима. Скопје беше претопло. Уште тогаш се роди идејата да ни жубори гарска река, да го дишеме воздухот од буките и од багремите гарски. Во тоа време формиравме Мијачка родољубива фондација. Организирани сме во 1970 година. Не дозволивме да пропадне. Спасувавме од канџите на заборавот. Многу имаме заборавено. На Гарска Река имало 12 воденици. Имало пилани, влачари, валавици… Го заштитивме селото. Гари е музеј под отворено небо. Има места од каде што со еден кадар може да го фотографираш целото село. Во тој склоп на единство сите дававме, ама сѐ одеше како во бунар. И некои што беа помоќни и им лежеше Гари на срце, решија да направат по нешто за селото. Така еден нашинец направи крст пред неколку години. Остави траен спомен за Гари – ни вели дедо Блажо.
Приказната ја продолжува со Висок Камен, необична карпа создадена од природата. Вели, тоа е амблем на Гари. Селаните се погрижиле кај необичниот камен, кој изгледа како луѓе да го вајале да направат пријатно место за одмор. Навечер каменот е осветлен, од кладенецот блика вода, а клупите се одлично место да го испиете вашето утринско кафе или навечер да уживате во звуците што ги создава природата. Во близина се и малите водопади на Гарска Река. Но дедо Блажо пак се врати на она истото – младите денеска не ја доживуваат природата, не практикуваат да се собираат кај Висок Камен.
На Богородица грмиВо селото се наоѓа малата, но прекрасна црква „Св. Богородица“, од 1860 година. Во неа иконостасот е изработен од жители на селото, Филип, Петре и Марко Даборесци. Нашиот домаќин е нивни правнук. Во горниот кат од црквата е одајата за невестите и за девојките. Тука, ако погледнеш нагоре, меѓу иконите се гледа око. Окото е нацртано во триаголник, и како и да се движите, тоа постојано ве следи. Првата асоцијација, како што се претпоставува во документираните записи за Гари, е дека тоа е масонско око. Ама локалните жители не знаат да објаснат што значи овој знак. Над олтарот има и сонце со 16 краци. Селаните велат дека тоа им е симбол на мијачкиот крај и дека на времето Мијаците, покрај својот мијачки јазик, си имале и мијачко знаме со сонце со 16 краци. Во црквата се наоѓаат и коски од светец, кои, како што раскажуваат, им помогнале на многумина. Коските се премиваат со вода, а со таа вода болниот се мие. Од кој светец се коските, никој не знае, но се верува дека чудотворните коски им помогнале на многумина. - Селаните биле сточари, но и печалбари. Печалеле во Русија и во Полска. Од сите селани најмногу просперирале тие што биле во Полска. Злато течело од нивните раце, само успеси нижеле. Полјаците ги примиле убаво, развиле голем капитал, повеќето имале слаткарници, направиле многу пари. За празникот Пресвета Богородица се правеле големи свадби. Било традиција тогаш да направиш свадба. Во Лазарополе тоа било за Илинден. Постоело ривалство. Ќерките на печалбарите од Полска се мажеле со три чифта мијачки руби. На чардаци шиеле руби 360 дена. Се натпреварувале кој ќе направи поголема свадба, колку чифта тапани ќе се слушнат. Богородица грмела – се потсетува домаќинот. Гарци продолжиле да се собираат на овој ден. Направиле обиди да се прават свадби, но иако веќе нема свадби, сѐ уште постои традицијата на овој ден сите да се соберат. Брзото темпо на живот се одразува и тука. Дел од неговите жители поради бизнис не успеваат да дојдат, но носталгијата ги тера да не дозволат да згасне оваа традиција.
Црква затскриена во планинатаВо падините на Стогово, на околу три километри од селото се наоѓа интересна црква „Св. Петка“. Патот кон неа ќе ве одушеви. Го слушате жуборот на реката, поминувате кон интересни изворчиња, кои, буквално, извираат од камењата, зеленило, интересна вегетација. Самата црква е сместена во зеленило, долу под патот. Клупи за седење, чешма со студена вода, камбанарија… Дедо Блажо раскажува дека црквата ја нарекуваат Изворите. - Оваа страна на Стогово е со зеленило, пасишта, шума, извори. Другата страна е кон Дрим. Оттаму е суво и пеколно, со голи ридови. Ние сме богати со шума. Секоја година за Велипеток се одеше таму, поповите ја крстат водата, се правеа излети. Изворите е „Света Петка“. Селаните ја правеа со години, како што можеа. Немаше ни струја. Таму фаќаат големи снегови. До два-три метри. И ни се уриваше црквата. Кога дојде помладата генерација, помоќни, рекоа ќе го направиме да биде гордост – раскажува дедо Блажо. По патот од црквата кон врвот на планината се наоѓаат бачилата. Таму се прави вкусното гарско сирење. Овде може да пробате и леб печен под сач, како и овчо млеко.
Селаните раскажуваат дека порано имало 25.000-30.000 овци, се правел најубавиот кашкавал, со миризба што се ширела низ целото село. Кашкавалот завршувал на американскиот пазар. Ова е само дел од тоа што може да се види во Гари и да се слушне од неговите селани. Веќе две години во селото постои вила во која можете да преспиете, да јадете вкусна традиционална храна, да пробате гарска пастрмка. Останува само да го посетите селото и да ја почувствувате убавината, која не се опишува. И, секако, да го послушате дедо Блажо – оставете го лаптопот, доживејте ја планината. (Пишува: Билјана Зафирова http://republika.mk/?p=297379 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Скопско село само со двајца постојани жители
Тодор Велковски, 89-годишен старец, и 50-годишниот Тихомир Тодоровски се единствените постојани жители на село Говрлево. ![]() Селото, познато поради многуте стари цркви во околината и по прастарата скулптура Адам од Говрлево, е оддалечено 30-ина километри од Скопје. Припаѓа на Општина Сопиште, изборна единица број 1 и е единственото село во Скопско со ваков куриозитет - да има само двајца постојани жители, кои му пркосат на модерното време и не посакале да се иселат од родното место за да заминат в град, пишув Дневник. Дедо Тоде, поради проблеми со здравјето и годините што го нагазиле, а и слабиот вид и слух, годинава не го остварил своето избирачко право, раскажаа неговите внуци, кои зиме го чуваат во населбата Kисела Вода, а Тихомир, како што самиот ни кажа, гласал. Единствените жители на Говрлево не ги најдовме во селото, туку ги баравме низ градот - дедо Тоде беше кај синовите во Kисела Вода, а Тихомир на работното место во Пинтија. Дедо Тоде, како што вели, никогаш не би ја напуштил својата куќа, но сега е во години, а имал и операција, па синовите го зеле да го почуваат. Го најдовме на тераса, седнат на стол, со ќебе преку нозете и со поглед во далечина, кон Сонцето. Слуша, но не толку добро, па во негово име зборуваше еден од внуците. Едното око му е затворено, имал неуспешна операција на катаракта, а на другото гледа само сенки. Но, и покрај тоа, месецов инсистирал да оди да си поседи во Говрлево. Го прашавме кој ќе го чува, а внукот ни рече „самиот ќе се чува“. Таква му била желбата, тоа го правел и претходно. - Не гледа, но сам си нареди пластични шишиња во дворот, од кои направи една патека, и така се движи. Сонцето прави отсјај и така гледа силна светлина. Не готви, јаде малку, само чорбесто, а најважно му е дента да има млеко. Сака сам да си седи, но секако за него ќе се грижат соседите. Потоа пак ќе го земеме - вели внукот. Дедо Тоде е роден во 1925 година во Говрлево, на 7 јануари, на Божик. Сопругата му починала пред десетина години и оттогаш е сам. Додуша и сака да биде сам, вели внукот, самиот си мисли дека ни додева и никако да го убедиме во спротивното. Во Втората светска војна се борел во партизани и бил погоден со куршум во рамото. Оттогаш зема боречка пензија, а цел живот е земјоделец. Тихомир Тодоровски е помлад, но и тој како дедо Тоде, сам живее во селото. За разлика од старецот, кој повремено е во градот, Тихо живее во Говрлево, а работи во Скопје. Тоа го чини многу изгубено време во патување. Секој ден оди 20 минути пеш до автобуската станица среде Говрлево, а потоа со автобус до Пинтија. - Немам постојана работа, но нешто подработувам во автомеханичарски салон кај мој роднина - раскажува тој. Не е пречека на работното место со еден автомеханичарски клуч во рацете и во работничко одело. Го прашавме дали некогаш добива желба да се иссели од селото, а тој вели „не“. И покрај сите недостатоци, како, на пример, слабата струја и проблемот со водата. - Ова време во селото има луѓе, но тоа се претежно викендаши, луѓе што повремено доаѓаат, одгледуваат земјоделски култури, се одмораат на чистиот воздух, а потоа пак се симнуваат во градот - вели Тодоровски. На последните избори го остварил своето избирачко право, но долу, во Горно Соње, со тамошните жители. Не било отворано посебно избирачко место во Говрлево, за само двајцата гласачи, последните говрлевци. Недостатокот од чиста вода за пиење и за наводнување, недостигот од улично осветление, како и слабата струја, која е монофазна, се главните причини што жителите од Говрлево изминативе децении го напуштија селото, до кое има асфалтен пат. За ова ни раскажаа викендашите, кои со години доаѓаат таму. Некои од нив се родени во ова место, а се иселени во Скопје, други тука купиле или направиле викендички за одмор. Некои од тие што вчера ги најдовме во Говрлево се пожалија дека локалната власт не вложува многу и е време да почне да го прави тоа, особено што во месноста се гради и нов манастир „Свети Илија“, за чиј празник на 2 август доаѓаат и до 5.000 посетители. Недостатокот од вода прави проблеми при одгледувањето на градинарските култури, а поради тоа е тешко и да се чува стока. Затоа ретко се занимава со тоа, а ако се нафатат, собираат дождовница или копаат бунари, но вода наоѓаат дури по 20 метри длабочина. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/78775386/skopsko-selo-samo-so-dvajca-postojani-ziteli Edited by jyvation - 10-Nov-2014 at 13:11 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Ќафа,село кое е голема надморска височина,можеби во највисоките во Македонија.Постојани жители нема,има само повремени посети на отселени претежно во Гостивар,Кичево и нормално во странство.
Населението е албанско,а самото име кажува дека на тоа место на времето било некаква граница(Кафа Сан,Ќафа Боте,...Ќафа). Се наоѓа на следната локација: 41.657218, 21.023487 Селото административно припаѓа на Гостивар,но во некои сегменти се управува од Кичево(ЕВН). Овој дел сега заживе благодарејќи на убавиот ресторан кој се наоѓа на самиот врв од планината.Се оди преку локалниот пат за РЕК Осломеј,па Жубрино,Поповјани,Јагол,Бериково и од Бериково до Ќафа е шумски неасфалторан пат од 3.1 км. Од селото има прекрасен поглед према Кичево и према Падалишта(големиот железнички тунел) ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Секогаш ми е интересно кога прв пат ќе чујам за села во Македонија. Одлична местоположба има селото. Инаку, мала исправка, сепак селото си се наоѓа во Општина Кичево, а до 2013 година во Општина Осломеј.
На Википедија има и карта со селата на поранешната Општина Осломеј |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
надлежностите се помешани,дел ги има Гостивар,дел Кичево,слично како Лисичани кај општина Пласница
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
ЗАЕДНО СО ДЕДО БИНО УМРЕ И МАРИОВСКИ БРНИК
Што не сторивме да го донесеме во градот, за да биде поблиску до нас, а и животот да му биде побезбеден. Дури ни свирепото убиство што го стори кумановец врз жена од селото за пари, не го набрка. Во Битола купи стан, но никогаш не се пресели. Ни велеше „селото ќе ми даде сто години живот“. Вака членовите од семејството раскажуваат за Бино Стојановски, последниот жител на мариовското село Брник. Тој беше бастионот за ова село кое пред еден век имало над 200 луѓе, а по неговата смрт остана без ниеден жител. Стојановски не ја доживеа стотката, почина на 91 година. Последните десет години живееше осаменички живот во селото, без друга човечка душа, придружуван само од стоката, освен во викенди кога го посетувале роднините. - Чудно е што најголемата љубов во животот ја имаше кон селото во кое не беше ни роден. Беше од прилепско Полчишта, но даден како ранениче во Брник на 10 години. Го привлекуваше природата таму. Во градот му пречеше бучавата, загадениот воздухот. Го убедувавме да дојде. Луѓето ме сретнуваа и ми велеа „зошто не си го земиш таткo ти?“. Им одговарав, ако можеш ти да го наговориш да дојди, веднаш ќе го земам - раскажува ќерката Менка Стојанова. Роднините ќе го паметат како храбар и вреден човек. За време на Втората светска војна бил партизан, а потоа еден од најпосветените кога се правеле колективите во Мариовско. Работел во „Водостопанство“, а по пензионирањето одгледувал стока. Трипати ги намалувал овците продавајќи ги, зашто бил во години и не можел да ги одгледува сите. На крајот ги продал, купил кози, па кокошки и непосредно пред да почине и живината ја дал во соседното село Рапеш. - Беше многу вреден. Kога го посетувавме, јагнето ќе ни го испечеше, а тој заминуваше со стоката. Не смееше таа да биде гладна. Раскажуваше дека кога умрел татко му млад, му дале наследство од десет овци и тој ги донел во Брник. Пред да почини повторно ги продаде во Полчишта. Рече „ги вратив овците од каде што ги донесов“ - раскажува внуката Бојана Петровска. Живеел во село до кое не води асфалтен пат, во кое нема ни вода ни струја. На 90 години пеш минувал по четири километри за да стигне до Рапеш по храна, меѓу живи луѓе или за да гласа на избори. - Државата не му ја исполни животната желба, селото да добие струја. За таа работа трчаше по дистрибуција, по општини. Немаше ни телевизија, а што е најиронично години му доаѓаа сметки за да плаќа радиодифузна такса. На крајот му ја укинаа откако се разболе - вели зетот за ќерката, Никола Стојанов. Пред да почине собрал 30 килограми брнички смокви, а истиот ден кога се разболел, за последен пат ги изорал нивите. Вечерта му се слошило и им јавил на блиските во Битола. Починал од мозочен удар. За да не се заборави ова мариовско село, историчарите Никола Миновски и Владо Темелковски објавија книга „Село Брник без брничани“. Во неа е запишано дека селото што се споменува како постојна населба уште во турските тефтери од 1570 година сега е без жители. - Со Бино се договоривме дека кога ќе почине, ќе напишеме напис во весник дека замина последниот бастион на селото. Тоа е село со здрава и еколошки чиста околина, пространи тревни пасишта, за жал, денес неискористени, разновидни шумски плодови, печурки, погодни услови за лов на диви животни. Тоа е село од каде што потекнувал војводата Трајко Kрало, десна рака на војводите Димче Могилчето и Јон Пашата - напишале во книгата. Kако природна реткост се споменува Брничкиот Водопад од кој водата слободно паѓа од 18 метри височина, но во убавината, мирот и спокојството веќе нема кој да ужива. Ова е една од десетината мариовски села што згаснаа во Битолско. Жанета Здравковска http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6C9BA6F6611D5E40B45CC2478EEC6889 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
село Ума, Гевгелиско
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Брајчино
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() brajcino.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() brajcino.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() brajcino.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() brajcino.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() brajcino.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() brajcino.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
убаво место
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Во селото со пет музеиСкопје има осум музеи, Охрид четири, Битола два, а повеќето помали градови по еден. Но едно мало село од 200-300 жители, затскриено меѓу планините во централниот дел на Македонија, има дури пет. Горно Врановци е познатото село-музеј, со многу повеќе историја отколку што може да се очекува од еден таков изолиран крај. Но токму тоа била неговата предност во историјата што го направила славно. Во еден момент од историјата, во Втората светска војна, ова мало селце на некој начин било главниот град на Македонија. Партизаните се бореле против неспоредливо помоќните окупаторски сили. Но имале добра стратегија, создале голема слободна територија во непристапните планински краишта во централниот и во западниот дел на Македонија. Таа територија, како и целата борба, се раководела од Горно Врановци. Тука бил Президиумот на АСНОМ, значи државното собрание, Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, која била еден вид влада, Главниот штаб на НОБ, како денешен генералштаб, и ОЗНА, разузнавачката служба. По конечното ослободување, сите тие институции се префрлиле во Скопје и таму функционирале. Но куќите во Горно Врановци, каде што биле сместени, денес се нивни спомен-музеи. Заштитени и одржани, го чуваат споменот на таа борба.
Музеите се мали, сите имаат по една-две соби, главно полни со стари документи или копии, големи фотографии од славното борбено минато и понекое парче оружје што го користеле партизаните. На нив точно може да се види колку било тешко, на пример по фотографијата од тројца партизани, сите облечени во различни униформи, кој каква успеал да најде. Но имало и интересни моменти, како тој кога готвачот со црпалката в рака застанал да се слика до борците со пушки.
Петтиот музеј е поинаков. Тоа е печатницата во која бил испечатен првиот број на дневниот весник „Нова Македонија“. Внатре е печатарската машина тешка еден тон, која партизаните кришум ја носеле в раце од Скопје до таму, преку планини и долини. Во соседната соба може да се види и како се сложувале страниците за
печатење, буква по буква. Тоа што денес се прави за неколку минути на
компјутер тогаш било макотрпна работа. „Нова Македонија“ веќе не е ниту
партизански ниту државен весник, но се` уште излегува, како најстар во
Македонија и еден од најстарите на Балканот, со 69 години. Членовите на
нејзината редакција секој октомври го посетуваат музејот, по повод
годишнината од првиот број на 29 октомври 1944 година. Шестиот музеј е спектакуларен. Но нели беа само пет? Да, но шестиот не е спомен-куќа важна поради историските настани од Втората светска војна, туку е милиони години постар. Тоа е природата околу Горно Врановци. Малата Врановска река во ова осојничаво место создава толку влага што камењата и корите од дрвјата се прекриени со мов.
Волшебна зелена земја како од „Господарот на прстените“. Водата се пробива низ камења, карпи, паднати стебла, а со секој чекор љубопитноста расте за тоа што има зад следниот мал водопад. Во природата, со малку среќа, ќе се сретнете и со некои од нејзините жители. Малите гуштери веројатно ќе бидат порасположени да позираат пред вашиот фотоапарат, но верверичките ќе ги снема за неколку секунди. Низ Горно Врановци не прошетаа две момчиња што веќе се иселиле од таму во Горно Јаболчиште. Велат, има се помалку жители во ова село. Иако е оддалечено по триесетина километри од Скопје, Прилеп и од Велес, до него може да се стигне само преку Велес по тесен планински пат. И покрај тоа што е единствено со толку многу атракции, тешко се наметнува како туристичка дестинација. Дури ни за викенди. Особено во последнава деценија, откога не работи хотелот „Врановци“. Изграден во 1986 година, дваесетина години ги пречекувал велешките работници од јавните претпријатија и многу други гости. Веќе не е отворен поради судските спорови околу сопственоста. Како секој друг хотел што одамна го испратил својот последен гостин, и овој сега изгледа како сцена од филмот „Сјаење“ на Стенли Кјубрик. Стар, затворен, напуштен, тивок. Толку тивок што речиси може да се слушнат звуците од минатото, од гостите на големата тераса со поглед на реката или од оние во собите со прозорци завтрени кон планинските врвови. Но се слуша само ветрот, шумот на реката и минатото. Затоа што сегашност таму нема. Гоце Трпковски http://balkon3.com/vo-seloto-so-pet-muzei-2/ |
|
![]() |
|
martind ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
Ете, во минатото и селскиот туризам бил развиен во МК.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |