![]() |
![]() |
![]() |
Автопати и експресни патишта (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 53> |
Author | |
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
![]() Во право си Ѓоко, поминав на делницава пред 2 недели и мене ми изгледа за сосема добра така што најверојатно тоа е некоја грешка на мапата |
|
![]() |
|
46&2 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
![]() ![]() |
Исто има и планирана реконструкција на Куманово-Миладиновци и Миладиновци-Куманово, а на мапата не е означена.
|
|
I use public toilets and I piss on the seat.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
По сеќавање од пред месец-два, во горе-долу добра состојба е можеби само левата (брзата) лента. Генерално мислам дека е во полоша состојба отколку делот од Смоквица до граница. |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
За Неготино-Демир Капија некаде се споменуваше реконструкција, а за Куманово-Миладиновци сте во право.
Но морам да забележам дека пелагонискиот регион пред се Битола се целосно заборавени во плановите на владата. Баш Битола заедно со Прилеп како поголеми градови со соодветно доразвивање имаат најголем потенцијал да бидат каква-таква против тежа на Скопје. Од друга страна, доколку сево ова се исполни грубо до 2020 мислам дека Македонија во поглед на патна инфраструктура ќе оди еден значителен чекор понапред и нема воопшто да заостанува во споредба со соседите. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ексрпесен пат Битола-Прилеп и Прилеп-Велес според мене би бил и повеќе од одлична работа. Посебно меѓу Битола и Прилеп, каде што теренот е рамничарски и изградбата не би била многу скапа.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Зе согласувам. За почеток Прилеп-Велес преку Бабуна може да е и обичен пат, но бидејќи сме 21ви век не признавам нисто подолу од експресен. А за Битола-Прилеп да се реновира и подигни на ниво на експресен, нешто слично како Тетово-Гостивар со уште по една лента од двете страни, со оглед на теренот би се направило со релативно малку пари. Експропријацијата не би било проблем бидејќи околните ниви се главно на ЗК Пелагонија.
Неколку пати сум го спомнал и патот Ресен-Охрид. Него го користат Битола, Прилеп, Велес, Ресен и цела источна Македонија за да одат за Охрид т.е речиси пола Македонија. Од страната на Скопје (коридор8) се прави автопат, а од оваа страна ништо. Битно е да се напомене дека од овој пат е многу прометен особено во летен период каде луѓе од горе споменатите општини одат на по еден ден во Охрид. Најтрагично е што се најавува негова реконструкција во пакет со реконструкција на Битола-Ресен. А не градење на нов пат или барем проширување со уште една, две ленти. Имено во 80-тие кога се градеше патот Прилеп-Битола-Ресен, предвидено било да се изгради до Охрид. Но поради недостик на пари на делницата Ресен-Охрид се направија само неколку км, не е направена ниту обиколница на Ресен, што значи мора да се движите низ самиот град. Кој го возел знае колку е лош патот каде се движите со брзина 40-50км и не дај боже да заглави пред вас некој камјон. Целата делница е 30тина км и сметам дека е приоритетен пат за изградба, а него го нема во програмата за градење на патишта до 2020. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Битола - Прилеп нема апсолутно никаква потреба од проширување. Протокот на возила воопшто не налага такво нешто, а постоењето на стариот пат Битола-Прилеп ги елиминира проблемите со земјоделски возила, така што патот е милина за возење, освен некои чудни тумби на една кратка делница.
Битола-Ресен, и особено во продолжение Ресен-Охрид е жив хорор, каде луѓе гинеле поради ширината на патот, каде камионски приколки, при нормални брзини, во кривини им кинеле глави. Shit happens. ![]() Прилеп-Велес, особено преку Бабуна, е нешто одамна ветено, и плачиме да биде исполнето. Делот после Плетвар е ужас за возење, особено со неосветлените трактори околу Градско и Росоман. Пристојно широк пат преку Бабуна би бил доволен, само да се заобиколат земјоделските села. Edited by гитардемон - 22-Sep-2014 at 19:24 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
За Битола-Прилеп можеби би се сложил дека моментално не е потребно проширување но е потребна реконструкција. Поради тоа споменав дека доколку се прави реконструкција и нека се прошири на 4 ленти бидејќи теренот е добар.
Додека, Ресен-Охрид ако теренот е лош очајно треба нов пат. Колку би коштале 30тина км експресен пат (или барем 3 ленти) на лош терен? На толку глупости се исфрлија пари. Edited by stratus - 22-Sep-2014 at 19:24 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Битола не е Штип.
![]() |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
one1 ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 13-Mar-2013 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Лага. За да се стигне до Битола со тоа и до Прилеп најпроблематичен дел е Градско-Прилеп! И тоа бидејќи се запостави кратењето преку нов пат од Велес за Прилеп сега од Градско до плетвар потребно е проширување на сообраќајницата за уште по една лента во една насока. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
stratus не ја споменува делницата Градско-Прилеп никаде, не гледам која е лагата
![]() |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
Гитар не знам од кога ја немаш поминато делницава, но според мене стасана е за реконструкција по целата должина, доста дупки се отворија во последно време а тумбите не се само околу Тополчани туку ги има скоро насекаде. За муабетов дали има потреба од проширување можеби си во право со овој проток за сега и нема некоја голема потреба, но да речам со релативно мало вложување во споредба со други делници со проширувањето би се добило едно на квалитет на сообраќајот друго на сигурност. |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Кога сме кај протокот. Се дури немаме официјални податоци за протокот на возила на годишно ниво за сите магистрални патишта во Македониија, не можеме да коментираме. Правецот Битола-Прилеп на некој начин како дел одделницата Делчево-Охрид и Дел од коридорот 10Д е алтернативен пат и на К8 и К10. Е пат по кој се движат камиони. Единствена предност е тоа што е поле, е прегледно и лесно е претекнувањето.
Од друга страна, ситуацијата во РМ дојде да биде таква да најбитна врска е Скопје со секој град пооделно. Според пописот во 2002 (за жал и тој веќе не е точен но сепак е официјален) во источниот плански регион живеат ~200 илајди, а во пелагонискиот 230 илјади. Преку новиот автопат Штип-Миладиновци, центарот а со тоа и источниот регион се поврзува со Скопје. Додека пелагонискиот треба да продолжи да го користи патот кај Росоман, кој е тесен, полн со кривини, дупки, трактори, камјони и често има сообраќајки. Полошкиот регион и претходно беше добро поврзан со автопат со Скопје исто како и југоисточнит (освен Струмица) преку К10. За поврзување на југозападниот се прави патот Кичево-Охрид. Додека Куманово како центар на североисточниот регион е поврзано со автопат со Ск, а се планира и експресен пат до К. Паланка. Низ вардарскиот поминува К10. Да не бидам погрешно сватен мило ми е за се што би се градело во МК но единствено со тоа што е изградено и што се планира Пелагонискиот регион не добива ништо и останува слепо црево во Македонија. Со вакви планови ќе биде единствен од осумте региони во МК без километар автопат и/или експресен пат. Тоа значително допринесува за економско пропаганје и иселување од овој регион кој од секогаш важел за индустриски центар што единствено парирал на Скопје. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ЕУ НЕ ГИ ЗАБОРАВИЛА КОРИДОРИТЕ 8 И 10
Продолжува поддршката на проектите во рамките на програмите ИПА 1 и ИПА 2, во чии рамки спаѓаат Коридорот 10 и Коридорот 8, велат од ЕУ Засега нема промена на политиката на Европската унија кон Коридорот 10, кој минува низ Македонија, јави денеска Дојче веле, повикувајќи се на извори во Европската комисија во Брисел. И од Делегацијата на ЕУ во Скопје, увериле дека продолжува поддршката на проектите во рамките на програмите ИПА 1 и ИПА 2, во чии рамки спаѓаат Коридорот 10 и Коридорот 8. Дојче веле го цитира и македонското Министерство за транспорт и врски, од каде што велат дека нема никаква причина за загриженост, бидејќи кај нив веќе се подготвуваат проектите за користење на фондовите на ЕУ се' до 2020 година. Инаку, информации дека ЕУ крева раце од транспортниот коридор Север – Југ, кој е од исклучително значење за Македонија, но и за Србија, бидејќи овие две земји ги поврзува ЕУ, излегоа деновиве, по објавување на повикот на Брисел до земјите членки да предложат проекти со кои ќе се подобри транспортната инфраструктура. Овој повик беше упатен на 11 овој месец, а крајниот рок е 25 февруари идната година до кога таквите проекти ќе треба да бидат предложени. За таа цел, во буџетот на ЕУ се предвидени 11,9 милијарди евра, а како што пренесоа медиумите од регионот, во наредниот седумгодишен период (од 2014 до 2020 година) за транспортот ќе бидат наменети дури 26 милијарди евра, три пати повеќе отколку во изминатите седум години (од 2007 до 2013 година). Освен што го зголеми за три пати износот на средства со кој ќе се кофинансира развојот на транспортот, Брисел одлучи парите цврсто да ги насочи кон девет главни транспортни коридори. Со тоа ЕУ спроведува најголема реформа на политиката кон транспортната инфраструктура од нејзиното формулирање во осумдесеттите години на минатиот век. Тежиштето на транспортната политика, како што беше објавено, од поединечни проекти се префрла на изградба на основна мрежа на стратешки коридори, кои ќе го поврзуваат истокот и западот и сите делови на територијата на ЕУ, од Португалија до Финска, и од брегот на Шкотска до Црно Море. Крајната цел на реформите на политиките во инфраструктурата и транаспортот е постојната расцепкана мрежа на европските патишта, железниците, воздушните пристаништа, морските и речните пристаништа и внатрешните пловни патишта, да се поврзат во единствена трансевропска мрежа ТЕН-Т (Trans-European Network – Transport). http://www.utrinski.mk/?ItemID=C86A728DDDD40C4B84107E51279DC801 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
КАКОВ ПАТ ТРЕБА ДА СЕ ГРАДИ ОД ШТИП ДО КОЧАНИ
Поделени се мислењата околу оправданоста од изградба на магистрален пат или автопат кој ќе ги поврзе двата града во Источна Македонија Иван Боjаџиски Каков пат треба да се гради од Штип до Кочани? Сегашниот, кој има статус на регионален пат, да се прошири и целосно осовремени и да прерасне во повисока категорија на магистрален пат, или, да се оди на изградба на сосема нов автопат по кој помеѓу овие два најголеми града во Источна Македонија ќе може да се вози надвор од селските населби и со брзина до 100 километри на час? Во моментов, за инвеститорот, Агенцијата за државни патишта, нема дилеми дека државата ќе инвестира во магистрален, а не во автопат. Проектот треба да биде готов на почетокот од идната година, а кога ќе се гради патот, засега не е познато. Според идејниот проект, изградбата на магистралниот пат во должина од 26 километри, кој ќе почнува од клучката кај три чешми во близина на Штип и ќе завршува на влезот од Кочани, ќе чини околу 40 милиони евра. Со овој проект било предвидено магистралата да има две ленти за возење од по 3,5 метри широчина, по две ленти за застанување широки по 2,45 метри, а покрај нив, од двете страни да се истампонира пат широк по 3,5 метри кој ќе можат да го користат земјоделците од крајпатните села за да можат безбедно да стасаат до своите ниви. На истокот од државата има поддржувачи и на едната и на другата идеја за современо поврзување на Штип и Кочани, како продолжеток на новиот автопат кој се гради од Миладиновци до Штип во должина од 47 километри и кој треба да биде готов во 2017 година. Оваа инвестиција од 206 милиони евра треба да придонесе за позабрзан економски и секаков друг развој на источниот дел на Македонија. Оние кои сметаат дека обновата и проширувањето на сегашниот регионален пат Штип – Кочани, по кој, според една студија од 2012 година дневно поминувале по 5.500 возила, е полоша варијанта од изградба на нов автопат имаат свои аргументи. „Проширувањето на сегашниот регионален пат има повеќе негативни елементи отколку кога би се градел сосема нов автопат. Капацитетот на сегашниот пат е со проток од максимум 12.000 возила на ден, но ако остане ова решение, сериозно ќе бидат загрозени големи површини оризови ниви, ќе се јават еколошки проблеми на простор од 500 метри од двете страни на патот, а голем проблем ќе имаат и селаните за да стасаат до своите ниви, бидејќи ќе мора да возат по неколку километри за да можат да стигнат до првата раскрсница и да можат да дојдат до своите имоти. Мислиме дека селаните со трактори и друга земјоделска механизација и натаму ќе минуваат преку асфалтниот пат и на тој начин безбедноста ќе биде сериозно загрозена“, велат нашите соговорници кои побараа „привремена анонимност“. Од идејниот проект може да се види дека за проширување на патот ќе бидат одземени околу 100 хектари од најплодните оризови ниви од кои, во просечно родна година се добива принос кој на пазарот „тежи“ 400.000 евра, што ќе значи директна загуба за земјоделците, преработувачите и трговците. Заговорниците на идејата за изградба на нов автопат, кој би минувал по левата страна покрај железничката линија од Штип до Кочани каде што нема плодни ниви и нема да минува низ населено место, велат дека од економски, еколошки и безбедносен аспект е стопати подобро решение од она кое е сега на маса. Бидејќи автопат се гради еднаш во 50 или 100 години, а оправдувањето дека тој ќе чини двапати повеќе од актуелното решение, односно околу 90 милиони евра, не држи многу, зашто на долг рок тој ќе биде поевтин, со помал број сообраќајни несреќи и изгубени човечки животи. Како и да е, на почетокот од идната година ќе биде готов проектот за Штип и Кочани наместо со автопат да се поврзат со експресен пат. А, кој е во право, ќе покаже времето. http://www.utrinski.mk/?ItemID=3790545F4C6564449A495E76C94E0652 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Комплетно се слагам со поддржувачите за изградба на автопат наместо проширување. И во случај да се прошири повторно ќе треба да се вози низ најмалку 4-5 села каде ќе треба да се намали на 50км на час. Тоа е и сега проблем, а којзнае колку ќе влече брзината од кога би се проширил и осовременил. Со изградба на нов автопат селаните од овие населени места ќе имаат далеку посигурен и мирен живот, од друга страна оние кои би патувале накај Кочани би се движеле со 130км на час со оглед на рамниот и прав терен без ризик да им се попречи трактор или истрча дете.
А дали се исплати друго прашање. Може најголем дел од луѓето ќе изберат да возат по стариот пат како не би плаќале патарина. Edited by alexsend - 06-Oct-2014 at 16:54 |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Најдобро решение епроширување на ниво на експресен и тампонирање на пат за земјоделски машини. Со влегување во неколкуте не многу големи села просеќната брзина би била 90км/ч со што 25км од Штип до Кочани би се врвеле за 20тина минути. Во случај на автопат времето на патување би се скратило за занемарливи 5-10мин. Непотребно би се фрлиле дупло или тродупло пари за автопат кој што граѓаните на овие населени места би го избегнувале поради патарината. Со истите пари би се изградил и експресен до Делчево и границата со Бугарија.
Неколку пати сум спомнал во РМ само коридорите 8 и 10 треба да се изградат со оглед на меќународното значење на ниво на автопат а сите други населени места поголеми од 20 илјади да се поврзат меѓусебно со експресен или евентуално 3-лентен пат. |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
40 милиони евра за 26 км. магистрален пат?
Преку Пробиштип да не го вртат? |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Stip-Kocani avtopat e totalna glupost. Ima tolku prioritetni delnici koi prirodno nudat golem ekonomski razvoj so izgradba na barem ekspresen pat.
|
|
![]() |
|
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Апсолутно сум ЗА подобрување на инфраструктурата во источна Македонија. Западна отиде јабана, Пелагонија ја газат полека, така да, треба да гледаме во иднината. Мора да ја подобриме инфраструктурата на исток , да вложиме во јавниот транспорт, за да не ја пцуеме државата додека патуваме некаде, и да го направиме попривлечен за инвестирање, тоа барем можеме да го направиме.
Првин треба да се направи автопат од Куманово-Крива Паланка-Бугарија за да имаме квалитетна врска со соседот, потоа се друго. А јас сум за автопат Штип-Кочани, Штип-Радовиш, Штип-Кратово. |
|
Од чаламот си патиме!
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 53> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |