Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#101 Posted: 18-Oct-2008 at 02:22 |
За една година ќе почне да се гради подземната улица покрај кејот
Изведбата е обврска на инвеститорите на новиот објект и ќе ги чини 1,5 милион евра
Деспина Трајковска
Подземната сообраќајница која треба да биде единствен сообраќаен
линк со новата деловна зграда што почна да се гради на кејот, со
изведба ќе стартува дури за една година. Дотогаш фирмите инвеститори
„Дивелоп“ и „Латис“ планираат објектот да се изгради до фаза на
карабина. И покрај „тежината“ на зафатот за подземната улица, како што
оценуваат некои, инвеститорите сметаат дека ќе завршат со обврската
навремено и без проблеми.
„Ќе се гради една обична сервисна
улица, а не автопат. Единствено можеби скептични се некои теоретичари и
тоа само затоа што станува збор за подземна сообраќајница. Но, не
постои простор за сомневање“, уверува Александар Ивановски, управителот
на „Дивелоп“.
Тој вели дека се' уште немаат готов проект за
подземната улица, но се работи на него. Инвеститорите потенцираат дека
имаат сознанија од речиси сите надлежни институции дека со изградбата
на улицата нема да се наруши статиката на потпорниот ѕид, ниту, пак, ќе
се јават проблеми поради близината на Вардар и подземните води.
Проценето е дека подземната врска со објектот ќе чини 1,5 милион евра.
Во зградата, пак, инвеститорите ќе вложиле 10 милиони евра, а за
комуналии платиле 1.100.000 евра.
И по дваесетина дена работа
на терен, травертинските плочи се' уште се вадат. Се привршува со
организирање на градилиштето, но патот по кој е дозволено да минува
механизацијата, по должината на кејот покрај ѕидот, се' уште не е
трасиран. Таква траса, согласно со урбанистичкиот план, всушност, ќе
има и подземната сообраќајница. Влезот ќе биде од кај киоскот кај
„Холидеј ин“.
„Неколку дена отстапување од динамичкиот план за
работа ништо не значи. Имаме разбирање за околните локали, односно
летните тераси, па поради тоа се' уште не сакаме да почнеме со
оградување“, објаснува Ивановски.
Според проектот, деловната
зграда која ќе никне на просторот меѓу некогашен „Метропол“ и коритото
на Вардар ќе има шест ката. Во делови фасадата ќе личи на некогашниот
објект на Народна банка, кој се наоѓал на истата локација до
катастрофалниот земјотрес. Иако инвеститорите ја добија градежната
дозвола пред повеќе од половина година, со работа на терен стартуваа
неколку месеци подоцна, бидејќи чекаа градските власти да го сменат
својот став и конечно да им издадат сообраќајна согласност за проектот.
Градот ги обврза инвеститорите откако ќе го изградат објектот, кејот да
го вратат во првобитна положба. http://utrinski.com.mk/?ItemID=A4F77FC484FCAE42819432C33F4C7EA3 |
Се мислев дали да постирам тука или во скопски сообраќај, но со оглед на тоа што оваа уличка е стриктно наменета само за оваа зграда, ја постирав веста тука. А и самата вест во прилично голем дел се однесува на објектот. Доколку разбереме дека оваа уличка ќе опслужува и други објекти освен деловниот центар тогаш ќе биде префрлена во скопски сообраќај.
Edited by lslcrew - 18-Oct-2008 at 02:41
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#102 Posted: 19-Oct-2008 at 02:10 |
Современ деловен објект со стари мемориски фрагменти
... НА МЕСТОТО НА НАРОДНА БАНКА НА ПЛОШТАДОТ
На дел од плоштадот и Кејот “13 Ноември“, каде што до 1963 година
стоеше Народната банка на Македонија почна изградбата на деловен
објект, кој согласно ДУП само ќе биде налик на некогашното здание на
банката. Новата зграда доби изменета маркичка со поголем габарит и
различна форма од онаа на банката, но во согласност со Детален
урбанистички план и одобрението за градба, и со вметнување детали кои
ќе потсетуваат на некогашната банка. Автор на проектот е архитект
Јовица Стефановски, од Студиото “Јасива““““. Проектот предвидува
фасадите кои ќе гледаат кон Вардар и кон плоштадот Македонија да
задржат многу елементи со кои ќе потсетуваат на изгледот на поранешната
банка. Односно, се задржуваат столбовите и полукругот и некои други
детали со кои главната фасада на новиот објект ќе ја задржи мемориската
нишка на Народната банка, како одредница на тој простор. Проектот нема
аспирации за целосна реплика на Народната банка.
Ултрамодерниот дизајн на надворешниот изглед е занемарен заради
почитување на споменот на Народната банка, со искористување на
најубавите делови од предните фасади свртени кон реката и кон
плоштадот. Максималната дозволена висина на објектот е 29 метри, а ќе
се гради на површина од 1.100 квадратни метри.
Новиот деловен објект ќе има приземје и шест ката со две галерии на
врвот, во кои ќе има и ресторан. Шесте ката ќе бидат административен
простор кој ќе се приспособува на потребите на потенцијалните клиенти.
Инвеститори на овој административноделовен објект се фирмите “Латис“ и
“Дивелоп“, кои пред половина година добија одобрение за градба од
Општина Центар.
Јавноста е поделена околу изгледот на објектот - едни ја одобруваат
идејата на архитект Стефановски, други се против. Скопјани негодуваат и
поради раскопувањето на Кејот “13 Ноември“, но и гранитните плочи од
плоштадот при неговата реконструкција од пред околу пет години.
Градилиштето се протега до една од жардиниерите на брегот на Вардар и
целосно го затвора тој дел на плоштадот, па така за пристап од него до
кејот ќе треба да се користат или скалилата покрај Камени мост или
пешаците да се движат околу стоковната куќа и низ Градскиот трговски
центар.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1135&Itemid=54 |
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#103 Posted: 19-Oct-2008 at 17:16 |
Од средата некаде со мобилен телефон 1 2 3 4
|
|
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4078
|
Quote Reply
#104 Posted: 21-Oct-2008 at 19:15 |
objektot ce bide so 7 kata go citav kaj nova makedonija
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#105 Posted: 27-Oct-2008 at 20:08 |
Жардињерата е дислоцирана
Edited by lslcrew - 27-Oct-2008 at 20:10
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#106 Posted: 27-Oct-2008 at 22:42 |
инаку започнато е со работа, извадени се плочките и ваљда ќе почнат со копање П.С. Мислам дека подобро ќе беше (ако сакаат веќе да мешаат) официрски да имаше модернистичко решение и да се совпаѓаше со модерните згради позади него, а банкава да си го имаше стариот изглед и да се совпаѓаше со метропол
Edited by zabegan - 27-Oct-2008 at 22:46
|
|
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4078
|
Quote Reply
#107 Posted: 28-Oct-2008 at 16:22 |
se prasuvam dali imat mesto za kran ????
ako bev jas sefot od objektot jas ce recev da se raboti 24 h
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#108 Posted: 29-Oct-2008 at 20:46 |
Џуро го пушти ли stop-motion сликањето за овој објект?! Овде може и навечер да се слика пошто е баш под сјалицата. Нормално може да се направи после клипче кај што ќе бидат само денските фотки.
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#109 Posted: 29-Oct-2008 at 20:49 |
Originally posted by lslcrew
Џуро го пушти ли stop-motion сликањето за овој објект?! Овде може и навечер да се слика пошто е баш под сјалицата. Нормално може да се направи после клипче кај што ќе бидат само денските фотки.
|
Само што ги наместив scheduled task-овите ... Најсериозно пред само 3мин
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#110 Posted: 30-Oct-2008 at 12:26 |
ТРАСИРАНА УЛИЦА ЗА ИЗГРАДБА НА ЗГРАДАТА НА МЕСТОТО НА НАРОДНА БАНКА
Кеј 13 Ноември пресечен
Oгромни лимени табли го отсекоа шеталиштето на кеј 13 Ноември од sидот
на коритото на Вардар, за да се направи пат за камионите за изградба на
зградата на местото на некогашна Народна банка. Одвоена е улица од
мостот кај "Холидеј ин" до Плоштадот каде што е градилиштето.
Работниците што вчера ги местеа таблите ни рекоа дека оградуваат за да
не направи механизацијата некаква штета на кафулињата.
Од Град Скопје велат дека тие издале сообраќајно решение, врз основа на
кое инвеститорите на новата заграда на местото на Народна банка -
скопските фирми "Латис" и "Дивелоп" се должни во оградениот дел да ги
извадат плочките за да не ги оштетат, а потоа, кога ќе заврши
изградбата, пак да ги наместат.
Инвеститорите, според договорот со Град Скопје, имаат обврска да
изградат и подземна сообраќајница, која ќе минува под кејот 13 Ноември
и ќе оди до нивниот објект, но тие никако да кажат кога ќе почнат да ја
градат.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158928&idg=8&idb=2511&rubrika=Skopje |
Edited by lslcrew - 30-Oct-2008 at 12:26
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#111 Posted: 04-Nov-2008 at 00:07 |
Надземен премин како пeшачка врска меѓу кејот и плоштадот
За челичната конструкција изведувачот тврди дека е повеќе од безбедна
Деспина Трајковска
Надземен пешачки премин изведен од челична конструкција, од викендов
претставува единствена директна комуникација меѓу пешачката зона на
кејот со плоштадот „Македонија“. До ГТЦ, пак, освен преку преминот,
може да се пријде и од задната страна на некогашен „Метропол“, преку
поминот кај Стопанска банка. Надземниот премин е изведен по налог на
инвеститорот на објектот што се гради на аголот на кејот.
Преминот,
всушност, е дел од проектот што го одобрил Градот за да не се прекине
пешачката комуникација на дел од кејот и плоштадот. Иако е доволно само
да се искачат две-три скали од дваесетината, колку што водат до
надземниот премин, за да се почувствуваат звуци кои оставаат впечаток
на небезбедност, неговите изведувачи уверуваат дека нема потреба за
страв. Тврдат дека преминот е повеќе од безбеден и изведен по најнови
стандарди и методи. Чкрипењето кога се минува по него било вообичаено.
Висината на газиштето, 5,5 метри од земјата, признава изведувачот,
можеби е малку голема, но околните услови за изведба биле такви. Под
преминот е предвидено да минува механизацијата која ќе биде вклучена во
изградбата, а која до градилиштето ќе доаѓа од трасираниот приод на
кејот од страната на ѕидот што веќе е заграден.
„Микроосцилациите
што се чувствуваат на преминот не треба никого да заплашуваат, тоа е
вообичаено. Нема потреба од страв дали преминот е безбеден, неговата
носивост изнесува дури 100 тони“, тврди Зоран Димитров, управител на
„Каравас“, фирмата која го изведе надземниот премин.
Димитров
уверува дека преминот е изведен според стандарди кои и не се потребни
за постојниот терен. Сепак, токму заради сомневањата на граѓаните, тој
ќе биде и дополнително обезбеден. Во неговите „корени“ ќе се постават
бетонски столбови. Тој потенцира дека никој не треба да се сомнева во
гаранциите што ги дава „Каравас“, имајќи предвид дека фирмата е
ангажирана на многу посериозни проекти, како што е изведбата на
северната трибина на Градскиот стадион.
Инаку, според најавите,
деновиве ќе започне копањето на теренот за изградба на објектот. Сите
досегашни активности, всушност, беа подготвителни работи за изградба и
организација на градилиштето. Планирано е објектот за една година да
биде готов до фаза на карабина, по што истовремено ќе започне и
изградбата на подземната сообраќајница, која треба да претставува
единствен сообраќаен линк за зградата. И подземната врска ќе ја градат
инвеститорите на објектот, фирмите „Дивелоп“ и „Латис“. Според ГУП,
улицата ќе води од кај трафиката кај „Холидеј ин“ до објектот.
Инвеститорите допрва ќе го нарачуваат проектот за улицата. Процениле
дека подземната врска со објектот ќе чини 1,5 милиони евра. http://utrinski.com.mk/?ItemID=DEACEFC028957444BA69BC6A0B964A48 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#112 Posted: 04-Nov-2008 at 00:08 |
Оваа поставената пратформа ќе биде одлично место за сликање од терен!
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#113 Posted: 04-Nov-2008 at 00:10 |
Originally posted by lslcrew
Оваа поставената пратформа ќе биде одлично место за сликање од терен!
| инаку малку е зезната локацијава за стоп моушн со камерата со која располагаме. Од сабајле бие сонце директно во камера и до кај 11 голем дел од сликите се ѓубре.
|
|
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#114 Posted: 04-Nov-2008 at 00:12 |
Абе кој им дозволи вакви ѓаволи да прават во сред центар да им се плукнам во лоповите А да се кладиме дека таков тунел НЕМА да биде изграден. Иначе логички тек на нештата би бил прво тунел па после тоа зграда. Ова е досега најголем прецедан во Скопје. Проектот е ужасен, нималку не потсеќа на старата банка, невклопен во амбиентот, со еден збор УЖАС!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#115 Posted: 04-Nov-2008 at 00:14 |
Знам Џуро, баш сабајле приметив! Епа намести ја некако кога не мава директно сонце. Глеј намести ја некако, бар да извадиме некое стоп моушн. Немора да има којзнае каков квалитет.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#116 Posted: 04-Nov-2008 at 00:15 |
Андреј Љ, ти си нешто у забуна човече. Све си е по план незнам што има спорно?!
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#117 Posted: 04-Nov-2008 at 00:16 |
Originally posted by lslcrew
Знам Џуро, баш сабајле приметив! Епа намести ја некако кога не мава директно сонце. Глеј намести ја некако, бар да извадиме некое стоп моушн. Немора да има којзнае каков квалитет.
|
4 фрејма дневно искачаат добри, кога ќе се продолжи денот ќе може да добиеме уште плус три комада.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#118 Posted: 04-Nov-2008 at 00:19 |
Зар е можно ова бе?!? За овие конкретни инвеститори сите институции изгледа се испотепаа да им обезбедат што поблагопријатни услови, почнувајќи од продажбата на локацијата за 25 евра по квадрат, па сите „добрини“ што им ги направија потоа, и на крај крунисувајќи ја работава со ваков добар гест. Изгледа многу се симпатични дечкиве... У меѓувреме којзнае колку ијадници луѓе дневно ќе мораат да се пентарат по скаливе, за инвеститорот да има поголем комодитет!
|
|
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#119 Posted: 04-Nov-2008 at 00:21 |
Спорен е самиот план според мене. Ех кај нас зарем е тешко да се пробутаат стотици будалаштини во ПЛАНОТ ако имаат ќар за тоа? Кинескиот ѕид не ли е во ПЛАНОТ (освен некој метар плус во висина) па какво ругло е. Мене проектов ми е тотална утка, го затора преминот Плоштад-Кеј, не се вклопува во амбиентот, не наликува на старата банка, што е и целта на ваква РЕКОНСТРУКЦИЈА (значи ликот е ист). Ова не е објект од јавен интерес (пр. станица на трамвајот под Плоштад) па да можат да затараат цел кеј и да прават што сакаат. Целосно сум против проектов, во секој негов сегмнт. Мое мислење, секако.
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#120 Posted: 04-Nov-2008 at 00:22 |
Originally posted by Andrej_LJ
Спорен е самиот план според мене. Ех кај нас зарем е тешко да се пробутаат стотици будалаштини во ПЛАНОТ ако имаат ќар за тоа? Кинескиот ѕид не ли е во ПЛАНОТ (освен некој метар плус во висина) па какво ругло е. Мене проектов ми е тотална утка, го затора преминот Плоштад-Кеј, не се вклопува во амбиентот, не наликува на старата банка, што е и целта на ваква РЕКОНСТРУКЦИЈА (значи ликот е ист). Ова не е објект од јавен интерес (пр. станица на трамвајот под Плоштад) па да можат да затараат цел кеј и да прават што сакаат. Целосно сум против проектов, во секој негов сегмнт. Мое мислење, секако.
|
Јас лично не сум против проект на оваа локација но овој конкретно не ми се допаѓа.
|
|