Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#21 Posted: 18-Oct-2008 at 02:24 |
Се враќа рампата на паркингот кај „Свети Димитрија“
„Градски паркинг“ од понеделник ќе ја врати рампата на паркингот
„Камени мост“, којашто беше тргната по барање на свештениците од
црквата „Свети Димитрија“. Деновиве, информираат од јавното
претпријатие, Апелациониот суд донел решение за укинување на
привремената мерка за забрана на користење на паркингот, со што на
„Градски паркинг“ му се враќа правото на стопанисување.
На
сите корисници кои имаа платено годишни и месечни билети ќе им бидат
продолжени картичките за оној период за кој што паркиралиштето не
работеше. Наскоро, овој паркинг ќе биде обележан и ќе влезе во проектот
за зонско паркирање.
Засега, паркирањето ќе чини 20 денари за
еден час, а првите 15 минути се бесплатни. За свештениците кои ќе
паркираат во дворот на црквата, влезот ќе биде бесплатен. (С.Н.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=3308873074A3E34B8564201D85E1420E |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#22 Posted: 19-Oct-2008 at 06:43 |
градски паркинг мислам дека по проектите треба да направат некоја јавна виртуелна мапа како јавно претпријатие, како би го олесниле букирањето и лоцирањето на паркиралиштата со кои стопанисуваат а и оние што постојат и допрва ќе се изградат , инфо кое ќе биде добредојдено и за скопјани а и за сите кои доаѓаат или поминуваат во и низ градот... останува само спорно дали такво нешто треба секој на смс да добие кога влегува во СК на база на 3г или пак таа да е качена на вебстраната и секој да може да си ја симне, ова второто е добредојдено само за скопјани додека првата варијанта е дефинитивно и со интерактивен пристап и за сите е добредојдена. инаку како се намерачила полицијата(читај владата) без вакво или некое слично решение паркирањето во СК ќе биде трауматично искуство за скопјани, но и негативен впечаток за секој намерен или ненамерен патник.
Edited by beTon - 19-Oct-2008 at 11:10
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#23 Posted: 19-Oct-2008 at 22:21 |
Ја сабајле се паркирав гага! Кој ви е крив што не сте искористиле!
Отворен паркингот кај Камениот мост
Паркиралиштето
кај Камениот Мост од денеска повторно ќе продолжи со работа. Од Јавното
градско претпријатие велат дека сите корисници кои имаат уплатено
годишни и месечни претплатни билети, рокот за користење на овие
картички ќе им биде продолжен за оној период за кој што паркиралиштето
не работеше. - Во врска со судскиот спор кој што го водеше
Македонската православна црква против Град Скопје и ЈП Градски паркинг
- Скопје заради воспоставениот режим на сообраќај на паркиралиштето
Камен мост, Апелациониот суд Скопје донесе Решение за укинување на
привремената мерка. Со ова на ЈП Градски Паркинг му се враќа правото на
стопанисување со паркиралиштето, велат во ЈП "Градски паркинг".
http://vecer.com.mk/?ItemID=D6B26F166766AC44AF8665B81090F98A |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#24 Posted: 20-Oct-2008 at 20:31 |
Тоа што весниците наши ги интригира тема како "ПОВТОРНО ГРАДОТ ПОСТАВУВА РАМПА" доволно покажува колку е очајна ситуацијата по ова прашање. Градот со овој проект (ми се чини дека е нешто како копија на Загребскиот) нема воопшто да го реши овој проблем. Со такво ефтино и неункционално решение како цртање на улици се решава проблемот во мали градчиња како Штип. Загреб од друга страна е комплетно различно организиран од Скопје. Низ центарот возат трамваите и немаш никаква потреба да возиш кола. Во Скопје со децении не е вложувано во градските паркиралишта. Парциални проекти како овој нема да го решат проблемов. Само градба на јавни катни гаражи може реално да го подобри прашањето со паркинг.
Неколку локации за катни гаражи веднаш ми доаѓаат на ум:
1) На ул. Даме Груев карши Лотарија. Со тоа ке добиеме проодна едносмерна 2-лентова улица што ке го растовари строгиот центар и ке овозможи непречено користење на жолтата линија на Рекорд од страна на автобусите. Да им се дадат на станарите 2 спрата од гаражата (се разбира, ефтина претплата е клучна) и скроз да ги снема колите од тревници и тротоари.
2) Под Пл. Македонија (ако смета тоа на планираниот тунел нека биде под паркот Жена Борец сеедно). Сите тие институции како Градска б-ца, Собрание, ЕСМ, Сити Галери итн треба да имаат каде да паркираат.
3) Под пазарите Зелен и Буњаковец. Особено ми се гледа важен тој под пазарот Буњаковец при што би добиле широка и проодна Партизанска во нејзиното најтесно грло а не како сега ругло, море од коли и ништо друго и сеопшт хаос. Плус може заедно со тоа да се направат неколку подземни пешачки премини и Партизанска ке биде бебедна и брза.
4) Под пазарот Бит Пазар. Исти случај како кај Буњаковец, ако не и уште поургентен.
5) Лептокарија се повеке се развива и концентрира па веке и таму е целосно зафатена третата лента на Партизанска. Може да дојде во обзир под целиот булевар плус сегашниот паркинг да се направи голем јавен паркинг.
6) НАЈВАЖНО од се е паркиралиштата да бидат единствена опција за граѓаните а не нивен избор (дали на тротоар или да дадам 20ден за паркинг). Тоа може да се осигури преку ефективна служба за казнување, видео-набљудување и ефтини цени за час паркирање. Затоа што се работи за масивен проект грдот треба ова да го даде под концесија на една сериозна фирма која верувам одлично ќе заработува од ова.
ПРОБЛЕМ: Не сум запознаен со ГУП и ДУП па може би плескам глупости и ова е неможно, НО мислам и дека Тифани и идиотскиот тунел кој што ќе се градел под Кеј 13ти Ноември исто така не беше па ќе го внесат заради една зграда и нечиј интерес. Дајте кажете вие како би го решиле овој огромен проблем -Скопје е одвратно пошто гледаш насекаде хаотично море од коли.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#25 Posted: 20-Oct-2008 at 20:43 |
Тоа што го изнесуваш е сосема во ред во однос на моменталната ситуација на терен, но ова е клучно:
Originally posted by Andrej_LJ
ПРОБЛЕМ: Не сум запознаен со ГУП и ДУП
|
Некои работи што ги спомна се предвидени (пример паркинг под плоштад), а за некои се предвидени сосема поинакви решенија (пример Даме Груев треба да биде булевар 2х2, а Димитрија Чуповски во најголема веројатност да отпадне и да биде пешачка зона) За жал поради нетранспарентноста на нашите институции ни ние не сме запознаени со доволно ДУП-ови, а и од ГУП-от имаме само ограничени материјали, па за подетална дискусија би морале во голема мерка да шпекулираме. Но генералните смерници се јасни и во нив треба да се инвестира со долгорочна визија, а не само да се прикрпуваме.
Edited by Cloverstack - 20-Oct-2008 at 20:44
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#26 Posted: 20-Oct-2008 at 21:12 |
здраво Андреј, кажи во јавен сообраќај спомна: тие од надвор ги оставаат колите во предградие на Љубљана а после со трам во град... дали ова е заради немање доволно паркинзи во градот или заради плаќање такса доколку сакаш да возиш низ Љубљана а си од надвор т.е. немаш LJ таблици? инаку она што го велиш дека јавните паркинзите се единствена опција, мене не ми држи вода, тие се неопходни но истите целосно нема да го решат проблемот, она каде треба исто да се интервенира е да секоја нова зграда да оди во земја со паркинг колку што е дозволено - 2 спрата, а секој што има две коли на една адреса каде е пријавен дека живее истиот да плаќа и дупло регистрација, а оние со трета кола и трипати повеќе, и на сето тоа добра трам линија и ете и ќе се растерети СК и ќе има паркинг место за сите. за предлогот битпазар паркинг да има одоздола е интересен предлог но само доколку се оди бар 15-20 метри инаку пак ќе се блокира со оглед дека сега од околу пазарот пополека се се претвора во деловен простор.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#27 Posted: 20-Oct-2008 at 22:45 |
Хеј, здраво. Малце може да е надвор од темава ама ке ти објаснам генерално како им е тој проблем решен во Љубљана. Прво на сите 4 приода кон Љубљана од Крањ, Копер, Ново Место и Марибор) има такви П+Р паркиралишта (север, југ, запад и исток). Нив ги поврзуваат две експресни линии на градскиот транспорт (6 и 27). Сите пак тие градски приоди (mestne vpadnice) се меѓусебно поврзани со кружен автопат на кои што не се наплаќа патарина (Avtocestni obroč). Тој е многу близу до градот (не како скопската обиколница) и има 18 излези кон престолнината. Иначе нема никаква наплата за влез во градот или во Центар НО, Љубљана има околу 270 000 жители и дневен прилив на 180 000 возила од други места, што е огромна и неподнослива бројка. Ете зашто практичните словенци решаваат да на возат до самата дестинација туку за П+Р. А во центарот сите парко-места на улиците се резервирани за жителите на зградите, а останатите во паркинг гаражи. И тоа е кажи речи принудно за тие што немаат резервација. На тој начин мислев претходно.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#28 Posted: 20-Oct-2008 at 23:40 |
прилично интересно решение и уште поинтересни навики оваа појава не е нова работа во светот само што треба некој да ја земе во предвид како решение, но бидејќи кај нас реално досега заради срамежливите економиски погледи(никаква надворешна задолженост)кои не дека се лоши, не им даваше на градските татковци да размислуваат повеќе од муабетот крпи ден за ден, па затоа и немаме некој особена динамика во инвестирањето во инфрастуктурата и градежништвото. но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#29 Posted: 20-Oct-2008 at 23:55 |
Originally posted by beTon
прилично интересно решение и уште поинтересни навики оваа појава не е нова работа во светот само што треба некој да ја земе во предвид како решение, но бидејќи кај нас реално досега заради срамежливите економиски погледи(никаква надворешна задолженост)кои не дека се лоши, не им даваше на градските татковци да размислуваат повеќе од муабетот крпи ден за ден, па затоа и немаме некој особена динамика во инвестирањето во инфрастуктурата и градежништвото. но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет.
|
Кратко и јасно. Одличен пост бетон, се сложувам со тебе. Особено ме радува последната реченица „но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет“

|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#30 Posted: 27-Oct-2008 at 01:05 |
пополека погрчените македонци што свраќаат на бурек и шопска во Битола влијаат и на цените во некогашниот главен град на МКД, но и на стилот на животот, уште да повлијаат и на М5 трасата и набрзо ќе имаме Лерински Битолчани и Битолски Леринчани чудно незнам сеуште за специјализиран приватен паркинг во СК а и во МКД, она со хотелите и претпријатијата не ги сметам за специјализирани, сепак се во склоп на некој објект или можеби има нешто во некое предградие џабе и катни гаражи и подземни паркинзи во изградба и најава кога статусот ПРВ е заминат во БТ, браво за битолчани...
Прв приватен автопаркинг во Битола БИТОЛА - Првпат во својата историја Битола доби приватен паркинг според европски стандарди. Концесионер на паркиралиштето што се наоѓа пред спортската сала „Младост“ е фирмата „Торпедо мобил“. „Нашата единствена желба беше да излеземе во пресрет на барањата на битолчани кои долго време очекуваа безбеден и организиран паркинг- простор во градот. Вложивме многу во софистицирана опрема за влез и излез од паркингот. Имаме обучен кадар за управување и реални цени за услугите кои ќе ги понудиме за возачите на автомобили, автобуси и камиони“, изјави Јове Брглевски, иницијатор и менаџер на првиот приватен паркинг во Битола. На дел од просторот и понатаму непречено ќе функционира полигонот за битолските автошколи. (МИА) Утрински - 14.06.2008 |
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#31 Posted: 30-Oct-2008 at 21:51 |
Мислам дека можеа да најдат посовремено и поедноставно решение,но сепак е за поздрав воведувањето на ред на главната улица во Прилеп. А и не е скапо 30ден. цел ден Плаќаш  Паркираш
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#32 Posted: 18-Nov-2008 at 04:19 |
Ќе влезеш ама не знаеш кога ќе излезеш
Граѓаните
се жалат дека најчесто за време на викендите по цел час се чека за
излез од паркингот кај хотелот Холидеј ин. Долги чекања за влез и излез
има и пред рампата на паркингот кај Телеком. На паркиралиштата, пак,
нема и кој да им помогне да најдат слободно паркинг место
На
паркингот спроти хотелот "Холидеј ин" во централното градско подрачје,
кој е и еден од најголемите паркиралишта во градот, возачите знаат кога
ќе влезат, но не и кога ќе излезат!? Тие се жалат дека не се почитуваат
означените правци на движење, а во викендите кога има голем број на
возила, нема кој да им помогне да најдат слободно паркинг место, а и по
цел час чекаат да платат за да излезат?! Долги чекања за влез и излез
пред рампа има и на паркингот кај Телеком. Поради близината на
плоштадот, кејот и трговскиот центар, овие паркиралишта се и
најатрактивни за скопските возачи, но истовремено им задаваат и
најголеми главоболки иако билетот за паркирање се пресметува од час.
- Обично во саботите нема место игла каде да пуштиш на паркингот
спроти хотелот Холидеј ин. Поради голем број на возила кои влегуваат и
излегуваа на паркингот дваесет минути чекав пред куќичка за наплата, па
наместо 40 денари, морав да доплатам и за наредниот час, иако се
задржав не по моја вина. Колку што забележав реагираа и другите возачи.
Дури имаше и еден кој изнервиран од чекањето доби желба да ја скрши
рампата, но се премисли кога вработениот му се закани дека ќе плати
5.000 евра, вели една скопјанка револтирана од лежерноста на
вработените на паркингот. Според неа, за нејзинот задржување вината ја
сносат и лицата задолжени за функционирање на паркингот.
- Само ни земаат пари, а не се трудат во моменти кога навистина има
голем број возила, да ги регулираат и да овозможи нивен побрз проток.
Паркинзите не се мали, а за да најдеш слободно место треба да кружиш и
повеќе од десетина минути. Така само го губиш и времето и нервите, а ти
наплатуваат без пардон, велат оние што поради разни причини избрале да
се паркираат на овие локации.
Вчера, за жал, не успеавме да добиеме одговор од надлежните кои
стопанисуваат со овие паркиралишта, ниту пак објаснување дали е можно
да се подобри нивното функционирање, а граѓаните помалку да ги губат
нервите.
http://vecer.com.mk/?ItemID=22B86C1ECDE1734885D7D881B3F5CA72 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#33 Posted: 18-Nov-2008 at 04:25 |
а и по
цел час чекаат да платат за да излезат |
Да не го претераа овие малце со оваа изјава? Малце повеќе? Не дека се е ок со паркинзите, ама вакви сензационалистички написи по новините сигурно нема да придонесат да мрднеме во вистински правец.
Edited by Cloverstack - 18-Nov-2008 at 04:27
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#34 Posted: 18-Nov-2008 at 04:34 |
Инаку тестов посочува на една аномалија на нашите паркинзи. Кај нас само еднаш сум сретнал (во ГТЦ доле) да има редари и да ти го посочуваат правецот кон слободно паркинг место. Се скратува многу нервирање, пари и гужва.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#35 Posted: 18-Nov-2008 at 04:36 |
 Сега веќе е со семафори
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#36 Posted: 18-Nov-2008 at 20:18 |
WTF, сега и вака ли ќе се надмудруваат
СООПШТЕНИЕ
|
|
Општина
Центар не можејќи да се справи со реалните проблеми во сферата на
урбанизмот, денеска, посегна по куќарките кои се поставени на
наплатните рампи на јавното претпријатие „Градски Паркинг“.
Денешното отстранување на наплатната куќарка и рампата во населбата
Капиштец е целосно нелегитимен чин. Општината соочена со сопствената
неспособност да ги реализира активностите за организирање
паркинг-сервис, преку општинското јавно претпријатие, од денеска реши
да внесе хаос во сообраќајот пресметувајки се со рампите на градското
претпријатие.
Јавното претпријатие „Градски Паркинг“ апсолутно легално и легитимно ги
стопанисува сите паркиралишта, вклучително и паркиралиштето во
населбата Капиштец.
Паркиралиштето во Капиштец е формирано врз основа на проект и со сите
релевантни сообраќајни решенија, добиени од надлежните органи, како и
со согласност добиена од Министерството за внатрешни работи.
Дозвола за поставување наплатна рампа и куќарка за паркингот во
Капиштец не е потребна зашто наплатната куќарка и рампата не се
објекти, туку опрема во состав на паркиралиштето. Од друга страна, за
петта категорија земјиште, како што е паркинг-простор, согласно Законот
за градежништво, не се неопходни градежни дозволи. 
Градоначалникот Трифун Костовски упати остар протест до Општината
Центар, по повод овој настан, укажувајќи и на градоначалничката Аларова
дека денешниот акт е во спротивност со правото, но и во спротивност со
елементарните придобивки на урбаното живеење, затоа што се отстрануваат
справи кои служат за подобрување на условите за живеење на граѓаните.
Тешко е да се изгради, во вакви услови, а најлесна работа е да се сруши
нешто што е изградено со средствата на граѓаните и во нивен интерес,
како што е случајот денес, констатира градоначалникот Костовски, во
својата реакција.
Организирањето паркинг во Капиштец наиде на големо одобрување од страна
на граѓаните кои живеаат во населбата на кои им се реши долгогодишниот
проблем со паркирањето на нивните возила.
|
|
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2237&mid=24&tabId=1&tabindex=0
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#37 Posted: 23-Nov-2008 at 05:51 |
Интересна споредба!
10+1 најскапи места за паркирање во светот |
|
|
20.11.2008. |
Во
текстот подолу се излистани најскапите места за паркирање во светот. Не
сакате да сте шофер во Лондон, бидејќи и да имате среќа да најдете
место за вашиот автомобил, тогаш прескапо ќе го платите. Слично е и во
Сиднеј и во Њујорк. На 11-то место го ставивме и Скопје. Зошто? Затоа
што пресметавме колкав е процентот што скопјани треба да го потрошат од
својата плата за паркирање и добивме бројка која не убеди дека Скопје е
сигурно, барем за нас едно од местата со најскап паркинг на светот.
1. Лондон Сити, месечен просек: 749,79 фунти
Најскапиот паркинг плац во Лондон е Павилион Роуд во Најтсбриџ. Овде ќе
трба да платите 43,20 фунти за шестчасовен престој. Во Блумсбери се
наплаќа 8 фунти за час. Во Парк Лејн за два часа треба да издвоите 12.
2. Лондон, Вест Енд, месечен просек: 729,71 фунти
Ако имате среќа да најдете место во Сохо, Оксфорд стрит или во близина
на Лајчестер Сквер можеби и ќе се покаете. На Трафалгар Сквер ќе
платите 6 фунти за час, а во повеќето делови на Вест Едн за обичен
утрински шопинг ќе треба да одвоите 25 фунти за паркинг.
3. Сиднеј, месечен просек: 497,80 фунти
Камп приколките на Бонди Бич не се повеќе за хипици, тоа е сега
најскапото место на оваа плажа за паркирање и чини 30 долари за неколку
часа.Корпоративни трустови сега се сопственици на поголемиот дел од
паркинг плацовите во овој град, па така паркингот на Операта на Сиднеј
со капацитет од 1176 места, е вреднуван на 120 мил. долари (51,5
мил.фунти).
4. Хонг Конг, месечен просек: 477,17 фунти
Минатата година ексклузивен апартман беше на продажба во Хонг Конг за
цена од 23,65 милиони долари. Најинтересно е дека во цената се вклучени
и две паркинг места со вредност од 153.000 долари секое посебно.
5. Бризбејн, месечен просек : 380,23 фунти
И покрај тоа што владата се труди да го промовира јавниот превоз во
овој град, сепак повеќето граѓани го користат сопствениот автомобил.
Популацијата на градот е се поголема, па така и градоначалникот е под
притисок да одговори на побарувачката за паркинг, секако, со поскапи
цени.
6. Њујорк, месечен просек : 375,97
Американците ги бие глас дека се посебно приврзани за своите коли, но
треба да сте и посебно лојален на својата кола ако сакате да ја возите
во Менхетен, каде што паркинг место чини 255 000 долари. Моментно во
градот е тренд да се купуваат паркинг места како инвестиција, дури и
ако немате кола. Паркинг местата се очекува да достигнат цена за метар
квадратен висока како и онаа за простор за живеење.
7. Токио, месечен просек: 354,80
Толку е тешко да се најде место за паркирање во градот, што токиските
власти прво бараат да обезбедите доказ дека поседувате паркинг место,
пред воопшто да можете да си купите кола. Интересно, нели?
8. Перт, месечен просек: 331,99
Главниот град на Австралија има бесплатен јавен транспорт, се со цел
дека ќе се намали транспортот со сопствена кола, кој го преферираат
повеќе од 80 % од граѓаните.
9. Стокхолм, месечен просек: 327,12 фунти
Ништо не е евтино во овој шведски град кој е еколошки освестен, па така
ни местата за паркирање на колите кои, нели, загадуваат. Плус, оние
шофери кои го поминуваат центарот на градот плаќаат посебни такси, а и
овде како и на повеќето места има одличен јавен превоз, кој притоа е и
многу евтин.
10. Даблин, месечен просек: 326,44 фунти
Изнајмувањето на деловен простор е најскапо во Европа, па не чуди што и
паркирањето е тука некагде во овој ирски град. Паркинг места се секогаш
преполни и понекогаш дури може да размислите дали да отворите мобилна
канцеларија во нив.
10+1. Скопје, месечен просек: 56 фунти
Сумата ви изгледа смешна, но еве ја пресметката. Просечна плата во
британија изнесува 2732 фунти за месец. Паркинг местото е 25% од
платата за еден Британец. Просечната плата во Македонија е 212 фунти
или 15 300 денари. За паркинг место за 8 часа дневно треба да одвоите
240 денари, ако местото чини 30 денари на час. Месечната карта во
центар се движи од 3000 до 5000 денари. За просек ќе земеме 4000 денари
месечно. Значи месечно издвојуваме повеќе од 26% за да го платиме
своето паркинг место. Заклучокот за тоа каде е најскапо, го оставам на
вас.
|
http://www.broker.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=507&Itemid=27 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#38 Posted: 01-Dec-2008 at 19:05 |
Ќе се уриваат рампи вредни 160 илјади евра |
|
|
|
Автор: Бојана Стојчевска |
|
Градот
и јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе претрпат штета од околу 160
илјади евра ако општината Центар ги реализира своите најави дека ќе ги
отстрани сите рампи од паркинзите на своето подрачје каде што
претпријатието вградило систем за електронска наплата. Оваа акција
почна пред десетина дена со уривањето на рампите на паркиралиштето во
населбата Капиштец спроти фабриката „Треска“ и прекина истиот ден,
поради, како што објаснија од општината, лошите временски услови. Иако
потоа се најавуваа дополнителни преговори меѓу градоначалниците Трифун
Костовски и Виолета Аларова и директорот на „Градски паркинг“ Љупчо
Јованов, сепак општинарите велат дека тоа нема да се случи и дека
наскоро ќе продолжат да ги вадат рампите бидејќи ги сметаат за
нелегално поставени.
ОСУМ РАМПИ ОД ПО 20 ИЛЈАДИ ЕВРА
„Градски
паркинг“ има поставено рампи со електронски систем за наплата на вкупно
осум локации во општината Центар, и тоа на плоштадот „Македонија“, кај
Градската болница, спроти дирекцијата на фирмата „Макпетрол“, до
старата железничка станица, кај Домот на печатот, пред стоковната куќа
„Илинден“, на улицата Максим Горки и паралелно со булеварот Кочо Рацин.
-
Секој од овие системи чини по 1,2 милион денари. Се надеваме дека
општината сепак нема да посегне по имотот на јавните претпријатија и
нема да го уништува, бидејќи тоа би било на штета на сите, пред сè на
граѓаните - истакнува директорот Љупчо Јованов.
Синдикатите на
сите шест јавни градски претпријатија побарале од општината Центар до 3
декември писмено да ги извести за нејзините планови во врска со
паркиралиштата на „Градски паркинг“, затоа што од нивното отстранување
штета би претрпеле и граѓаните и вработените со нивните 150 семејства.
Ако не стигне никаков одговор, тие најавуваат дека на 4 декември ќе
одржат мирен протест пред просториите на општината во периодот од 9 до
12 часот.
УРИВАЊА ПО ПРИНЦИПОТ „НА ТИ ГО, ДАЈ МИ ГО“
Општинарите
уште во 2006 година им испратиле допис на надлежните во претпријатието
во кој ги предупредуваат дека за нивните рампи не е обезбедена
соодветна градежна документација. Врз основа на решенијата што ги
усвоила, таа ги почна уривањата.
Од градот, пак, одговараат дека
уривањата се целосно нелегитимни затоа што рампите и куќарките за
наплата се објекти од петта категорија за кои не била потребна никаква
градежна документација. Тие сметаат дека за паркинзите се обезбедени
сите документи од надлежните институции, меѓу кои и согласности за
сообраќајните решенија од Министерството за внатрешни работи. Отстранувањето
на системот спроти „Треска“ следуваше само два дена откако градските
служби ги тргнаа рампите од паркиралиштето кај зградата на
„Трготекстил“ во центарот, кое ги постави општинското претпријатие
„Паркинзи на општината Центар“. Минатата година, пак, градот ги урна
рампите со кои тоа претпријатие ги постави на улицата Васил Главинов,
која се протега од кафулето „Пјаца либерта“, спроти гимназијата „Јосип
Броз Тито“, до булеварот Партизански одреди.
Ѓорче Петров нема проблем со рампите
Деветтиот
систем за електронска наплата претпријатието „Градски паркинг“ го има
поставено до пазарот во општината Ѓорче Петров. За разлика од Центар,
надлежните од таа општина немаат никаков проблем со рампите, дури
истакнуваат дека се презадоволни од нивното функционирање.
- Сè
си се одвива нормално. Паркингот функционира беспрекорно откога е
поставен. Среќни сме што нема проблем со паркирањето околу пазарот,
паркиралиштето е секогаш полно и многу ретко се оставаат возила на
тротоарите или на улиците - вели Момо Николовски, портпаролот на
општината. |
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=250&ArticleID=12468 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#39 Posted: 01-Dec-2008 at 20:16 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#40 Posted: 01-Dec-2008 at 21:23 |
 Кловер ова ќе го гледаме до април. Па мора да се билда егото пред избори!
|
 |