build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 19-Oct-2014 at 20:43
Фабрика за етанол ќе се гради во мариовско



Ирско-американска инвестиција во мариовскиот крај – ќе се гради фабрика за етанол, во која ќе се отворат 1000 работни места. Инвестицијата вредна 250 милиони евра на ирски „Етанол Јуроп Рењуевлс“ и американскиот „Ду Понт“ треба да го заживее Мариово.

„Овој проект ќе и донесе на Македонија значителен економски раст, особено во руралните средини, потенцијално придонесувајќи со повеќе од 100 милиони евра годишен извоз и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања“, вели министерот за странски инвестиции Бил Павлески.

Двете компании имаат долгогодишно искуство и екпертиза во хемиската, фармацевската и земјоделската индустрија.

Фабриката ќе почне да се гради за две години, а ќе заврши во 2018-тата. Проектот предвидува изградба на био рафинерија за етанол со капицитет од 100 милиони литри, а производството ќе биде наменето за светскиот пазар.

http://mrt.com.mk/node/15646
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 20-Oct-2014 at 01:32
Неколку мои слики од градбата на погонот на Marquardt близу Велес. Не би било лошо да се отвори нова тема за овој објект.







Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 21-Oct-2014 at 11:36
АВСТРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВИНИЦА, НОВИ 100 ВРАБОТУВАЊА



Во Виница започна изградбата на нова фабрика на австриската компанија „Текспорт“ наменета за производство на заштитна опрема за пожарникари, а која ќе отвори за виничани и околните населени места 100 нови работни места.

Објектот се гради во новата индустриска зона на излезот од Виница и ќе биде првата странска инвестиција овде покрај постоечките домашни и локални фирми кои веќе градат на овој потег. Стартот на градбата го официјализираа градоначалникот Емил Дончев и сопственикот, австрискиот инвеститор Омер Шнајдер.

- Нашата фирма има околу 300 вработени во Македонија. Процесот на работа се одвива со модерни техники и компјутерска поддршка за што се потребни добро обучени луѓе кои ќе може да ги користат тие програми. Предност ќе имаат млади лица кои имаат техничко-текстилно образование. По завршувањето на тренингот од околу две години ќе бидат подготвени со стекнатото знаење во производството како сопствена одговорност да го применат истото, истакна Омер Шнајдер, сопственик на компанијата.

Како што најави Шнајдер, производствената хала треба да биде завршена во мај 2015 година, ќе се гради по најмодерни стандарди со инвестиција од 1,5 милион евра во енергетски ефикасен објект, а ќе биде со капацитет за 200 вработени.

Градоначалникот на Виница Емил Дончев ја поздрави оваа нова инвестиција за која, како што рече, се преговараше три години, и очекува со отворањето на новите работни места овде и во ТИРЗ-от да се спречи миграцијата на младите од виничкиот крај и пошироко.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=24FF143E9E65194886826F4D461798A8
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 22-Oct-2014 at 12:11
ЗА KОМПАНИИТЕ ПРОФИТ, ЗА ДРЖАВИТЕ РАЗВОЈ

И АУДИ И БОИНГ ГРАДАТ СВОИ ФАБРИКИ ВО СЛОБОДНИ ЗОНИ

Зголемен извоз

Во вкупниот извоз од Македонија доминираат катализаторите, фероникелот и производите од железо и челик. Токму тие се краен производ во фабриките што функционираат во слободната економска зона Бунарџик. Зоната е рангирана како најдобра во Европа, а британската компанија „Џонсон Мети“ од овде ги произведува познатите автомобилски катализатори. Познавачите немаат дилема дека Бунарџик, како прва и засега најдобро развиена зона, е сведок дека на ваков начин може да се стимулира економскиот раст во земјата.

- Освен во растот на извозот, кој сега е една третина од вкупниот извоз на земјата, користа од овие инвестиции е повеќекратна. Се зголемува вработеноста, но со вложувањето инвеститорите носат нова опрема на наша територија, нови технологии. Не помалку важно е што полека во земјата се менуваат квалификациите на младите. Ако порано малкумина сакаа да се запишат на Машински факултет, на техничките науки, сега тоа е изменето. Таа струка носи работа и извесна иднина и младите тоа го препознаваат, па се намалува дефицитот на квалификувани кадри – вели професор Неновски.

БУНАРЏИК НАЈДОБРА ВО ЕВРОПА

Во рангирањето на ФДИ, Технолошко-индустриската зона - Бунарџик го зазема првото место, со раст од 39 проценти меѓу 2012 година и 2013 година на просторот што е окупиран од странските инвеститори. Магазинот нотира дека поради атрактивноста, британски „Џонсон Мети“ решил да реинвестира, а таква одлука донеле и Италијанците од „Текнохозе“. Тоа е случај и со „Џонсон контролс“ и руската компанија „Продис“.

Со поставување камен-темелник изминатиов викенд почна изградбата на две нови технолошко-индустриски зони во Берово и во Виница. До крајот на годината треба да почне да се гради и зоната во Делчево и во Струга. Покрај Скопје 1 и Скопје 2 функционираат и зоните во Штип, Тетово, Жабени. Се проценува дека бројката на вработени во фабриките што инвестирале во зоните годинава треба да достигне 3.500 луѓе...

целиот текст на:
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=D341F79BC84C7A4B9FA5ABDCDCC2D849

Edited by jyvation - 12-Dec-2014 at 13:44
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 28-Oct-2014 at 07:47
Пет нови инвеститори купија земјиште во Илинден



На последното електронско јавно наддавање на градежно земјиште на територијата на општина Илинден беа продадени шест градежни парцели за изградба на нови индустриски објекти. Локалната самоуправа денеска информираше дека три домашни и две странски компании ќе инвестираат во локалните економски зони: „МАН импортер“ и „Атлантиц траде“ од Хрватска, како и домашните „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“ се стекнаа со локации на кои ќе ги градат своите стопански објекти.

„Атлантиц траде“ ќе гради дистрибутивно – логистички центар, во кој покрај магацинскиот, предвиден и деловен простор. Целата инвестиција во вредност од 2 милиони евра ќе обезбеди 100 нови работни места. Идентична висина на инвестиција и број на вработувања ветува и „МАН импортер“, кој ќе гради продажно – сервисен центар. Домашната „Тотал логистик“ купи две локации, од кои на едната ќе се наоѓа фабрика за производство на кондиторски производи, а на другата дистрибутивно – логистички центар. Вкупната инвестиција изнесува 3 милиони евра, со што ќе бидат отворени 150 работни места.

Македонската компанија „Кам фуд“ на територијата на општина Илинден ќе гради логистичко – дистрибутивен центар, како и простории за нивната дирекција, во кои ќе вложат 2 милиони евра и ќе креираат 150 работни места. „Мобико“, која се занимава со услуги во делот на информатичката технологија, во својот нов објект ќе инвестира 1 милион евра и ќе вработи 10 лица. Од локалната самоуправа очекуваат дека новите инвеститори ќе придонесат за брз и одржлив локален економски развој.

http://www.build.mk/?p=40115
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 08-Nov-2014 at 15:01
8.000 ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЈА НАПРАВАТ МАКЕДОНИЈА БАЛКАНСКИ ТЕКСТИЛЕН ЦЕНТАР



Турската компанија „Веибо груп“, која е најголемиот инвеститор од Турција во Азија, почна да го реализира својот нов проект во Македонија. Kомпанијата веќе гради интегрирана текстилна индустриска зона кај Kрива Паланка, во која за три години ќе функционираат над 10 фабрики, со најмалку 6.000 вработени. Според плановите, активното целосно производство во зоната ќе почне кон крајот на 2015 година, а во следните пет години вкупната инвестиција ќе достигне околу 400 милиони долари. Само од оваа зона се очекува извоз вреден од 600 до 800 милиони долари, производи што ќе завршат на пазарите во САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Русија, Kина, Јужна Kореја и во Јапонија. Kако што објаснуваат од компанијата, текстилните фабрики ќе бидат посебно за производство на костуми, пантолони, кошули, палта, текстилни материјали, но ќе има и фабрика за картонски кутии, во кои ќе се пакуваат готовите производи, како и за соларни панели.

За плановите на „Веибо груп“ во Македонија разговаравме со основачот и генерален директор на компанијата, Селџук Алперен, кому, патем, денеска му е роденден.

„Веибо“ е голема компанија формирана во Kина? Kоја е главната причина од една таква земја со огромен пазар и во која многу земји од светот го имаа префрлено своето производство, да дојдете во Македонија?

- Позицијата на Македонија е во средиштето на Европа, а е многу блиску и до Турција. Од Македонија имате пристап до 600 милиони луѓе како потенцијални клиенти и пазар. Тоа е главната причина зошто дојдовме тука. Од друга страна, имаме многу клиенти во Европа со кои работиме веќе 15 години. Тие беа многу среќни кога слушнаа дека доаѓаме во Македонија. Истовремено, зоната што ќе ја изградиме ќе има статус на слободна зона, што дефинитивно многу ни помага. Се разбира и Владата нуди многу можности со кои ни ја олеснува работата, поради што сме многу среќни.

Македонија е политички најстабилна во регионот

Дали Македонија беше вашиот прв избор имајќи предвид дека и околните земји како Србија, Босна и Херцеговина се обидуваат да привлечат странски инвеститори?

- Од пред две години ја скенираме ситуацијата во сите земји во регионот, ги проверивме условите во Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Kосово. Се решивме за Македонија и сосема сме сигурни во изборот. По целата потрага, сметаме дека Македонија е политички најстабилна од сите земји во регионот, што за нас е многу значајно, бидејќи значи дека не треба да се грижиме за ништо друго освен за бизнисот.

Најавено е дека индустриската зона ќе биде на голема површина и во неа ќе има многу нови вработувања. Kога целата замисла ќе почне да се реализира?

- Веќе почнавме. Kупивме фабрика во Kрива Паланка, што е наш прв чекор. Планираме оваа фабрика да ја користиме како тренинг-центар за обука на нашите вработени. Ние сметаме дека инвестицијата веќе е почната. Веднаш штом ќе ги добиеме потребните дозволи, ќе почнеме со процесот на производство. Техничките цртежи, односно плановите за зоната веќе се готови, исто и за самата фабрика. Веќе е завршен планот за фабриката, односно како ќе се поставуваат машините и сл. Во првата недела од декември планираме физички да ја почнеме изградбата, а во втората половина на 2015 планираме да почнеме со производство во првата фабрика. Фабриката ќе биде на површина од 28.000 квадратни метри и во неа најверојатно ќе бидат вработени околу 2.500 лица. Тоа е причината зошто обучуваме работници во фабриката во Kрива Паланка. За 3 години бројот на вработените ќе достигне 6.500 лица. Плановите ни се во Македонија вкупната инвестиција да изнесува 600 милиони евра во период од три години. Веќе имаме договори со едни од најпознатите текстилни брендови во Европа, работиме за „Хуго Бос“, за кого произведуваме околу 50 отсто од вкупниот капацитет. Но, во фабриката ќе се произведуваат и наши брендови популарни во Европа и во светот како, на пример, „Шамбијани“, но и други познати европски имиња.

Целото производство ќе биде вертикално поврзано од почеток до крај и комплетно ќе се одвива во Македонија. Од одгледувањето памук, производство на ткаенини, до готовите конфекциски производи. Тоа ќе биде најголема текстилна индустриска зона во целиот регион, а може и пошироко.

Враќање на памукот на полињата

Во Македонија порано многу се одгледуваше памук, но тој последниве децении исчезна од нашите ниви. Дали сте заинтересирани самите да иницирате одгледување памук во земјава, кој подоцна ќе се користи во производството?

- Дефинитивно планираме да го организираме и одгледувањето памук со тоа што во Македонија ќе ги засадиме најголемите полиња со памук на Балканот. Македонскиот памук беше познат уште во времето на поранешна Југославија и сакаме повторно да го вратиме на истото ниво. Тоа ќе бидат огромни плантажи со памук лоцирани токму во земјата. Целиот процес на производство ќе биде лоциран во и околу индустриската зона. Освен изградбата на фабриката, во втората фаза од проектот ќе се сконцентрираме на полињата со памук. Ќе одгледуваме органски памук, кој е многу популарен и баран во светот. Нашата моќ е во тоа што побарувачката за нашите производи е многу поголема од нашите капацитети. Затоа дефинитивно ќе имаме луѓе околу нас, доставувачи, со кои ќе склучиме договори за одгледување памук.

Македонија дава субвенции за памукот. И ЕУ исто така воведува субвенции за оваа култура наменети за земјите-членки од регионот. Kолку субвенциите во земјава ви се поттик и дали на субвенциите од ЕУ гледате како на конкуренција, односно колку тоа ќе ви помогне во намалувањето на трошоците?

- Првпат слушам дека има такви субвенции, но тоа е добра вест. Ние сме инвеститори во оваа земја и најважно ни е во производството и целиот процес на работа да користиме домашна работна сила и суровини. Нема да увезуваме суровини однадвор, така што извозот ќе биде целосно домашен, односно целосно македонски. Поради ова, нашите фабрики ќе бидат интегрирани меѓу себе, исто како што и процесите на производство во целата зона ќе бидат комплетно вертикално поврзани во една целина.

Планирате ли да отворите продавници во земјава во кои ќе се продаваат вашите брендови?

- Дефинитивно, штом ќе почнеме со производството, ќе отвориме и продавници за нашите познати брендови. Облеката што ќе ја произведуваме тука ќе се продава во Македонија, на Балканот, но и во цела Европа. Сепак, најголем дел од производите потоа ќе се продава во Kина, која е најголемиот пазар на светот на кој се продаваат милиони тони производи. Таа ќе биде нашиот главен извозен пазар. Најтешкиот и најкомплицираниот дел од целата работа се развојот и промоцијата на колекциите. Затоа планираме да формираме голем истражувачки и развоен сектор, кој ќе биде наменет за сите производи - памук, текстилни материјали, готови колекции, каде што секојдневно тие ќе се истражуваат и развиваат. На 15.000 квадратни метри ќе има лаборатории, изложбени простори, како дел од текстилната зона. Дополнително, во неа ќе имаме и простор за слободни активности, терени за фудбал, амфитеатар, музичка сала.

Директни и индиректни вработувања

Размислувате ли да купите во Македонија некои од постојните фабрики?

- Веќе купивме една текстилна фабрика во Kрива Паланка, но во зависност од развојот не е исклучена можноста да купиме уште неколку. Во план ни е да го прошириме производството во Македонија и со чевли и модни додатоци, како што се чанти, марами, така што сакаме да купиме фабрика за чевли и додатоци. Веќе разгледуваме неколку во Штип, Kуманово, каде што има развиено вакво производство. Во светот годишно продаваме околу 2,5 милиона чифта чевли, така што и тој бизнис ни е веќе развиен.

Kаков кадар ќе ви биде потребен во фабриките и дали Македонија има доволно за да ги задоволи вашите потреби?

- Главно ќе вработуваме жени, бидејќи тие се искусни текстилни работнички, но дефинитивно ќе се вработуваат и мажи за другите работи што не се поврзани со директното текстилно производство. Со комплетирањето на целата инвестиција сметаме дека ќе имаме најмалку 8.000 вработени. Со доставувачите и придружните активности, во целиот процес на работа ќе бидат индиректно ангажирани околу 40.000 луѓе. Вработените ќе доаѓаат на работа со автобуси, некој ќе треба да ги вози, одржува и поправа. За сите луѓе ќе треба секој ден да се обезбедат храна, овошје, зеленчук. Сето тоа ќе се набавува од земјава.

KОМПЛЕКС КУЌИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

- Kога 70 отсто од првичниот проект ќе бидат комплетирани, ќе почнеме нов. Тоа ќе биде изградба на еден вид населба во близина на Ранковце, каде што ќе изградиме околу 1.000 куќи, кои потоа ќе им се нудат на продажба на наши вработени за период од 30 години. Односно, ќе може да ги плаќаат со минимални месечни рати, кои ќе им се одбиваат од платата, без камата. Тоа е проект со кој сакаме да им покажеме на вработените дека имаме доверба и им даваме сигурност оти ќе останат со нас во следните 30 години. Не сакаме да ги изгубиме искусните вработени. Знаете, кога ќе почнеме со работа, конкурентските компании ќе сакаат да ги преземат искусните и обучени вработени, а нам тоа не ни оди во прилог. Затоа на секој начин сакаме да им покажеме дека имаме заемен однос на доверба.

СО СЕМЕЈСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

- Нашата компанија е присутна во 10 земји и имаме над 50.000 вработени. Ова за нас е национален проект за кој сметаме дека долгорочно ќе го водиме, но и од кој македонската економија ќе има голема полза. Нашата компанија верува во Македонија. Планирам да живеам тука, да ги донесам и сопругата и ќерката да живеат со мене. Оваа земја ја гледаме како своја. Веднаш забележавме дека Македонија има многу образовани, убави, пристојни, културни и отворени луѓе.

Зденка ПавковиЌ
Даница тунтевска ВуЈовиЌ
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=90561CB6B477C34F8F22A8FA2AB1AEDA
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 15-Nov-2014 at 20:02


ГАЛЕРИЈА Брако го произведе првиот македонски камион
Објавеново 15:05 15 ноември 2014| Прочитано1864| Печати

Велешката компанија Брако започна со производство на камиони за вакуумско чистење на градските улици. Овој камион е резултат на заедничкото партнерство на Брако со италијанската компанија Биострада. Механичкиот уличен чистач е специјално еколошко возило, чие производство, од составните делови па се до склопувањето, се одвива во погоните на Брако. Ова е првпат во Македонија да се произведуваат камиони.

- Брако веќе неколку години работи на производство на ова возило, но за потребите на нашиот партнер, италијанската компанија Биострада, соработка започната во 2011 година. По стекнатото искуство во производство на составните делови, отидовме и чекор понатаму со целосно производство на првиот македонски камион. Со ова Брако отвора ново поглавје во сопственото производно портфолио, а воедно отвора и нови перспективи за конкурентноста на македонското производство на странските пазари - изјави Кочо Анѓушев, претседателот на Бордот на директори на Брако.

Првите камиони ќе завршат на пазарите во Катар и Италија.

Возилото има висок капацитет со можност да исчисти над 70.000 м2 на час и обезбедува напредни еколошки перформанси. Користи вакуумски систем за собирање на отпадот базиран на метли што ја собираат и ја насочуваат нечистотијата кон централниот дел на машината. Целосното сузбивање на правот е постигнато преку системот за собирање и дополнително со притисокот внатре во контејнерот, генериран од турбина за вшмукување. На овој начин се постигнува максимален ефект во чистењето, а со бројните филтри поставени на патеката на движење на отпадот и внатре во контејнерот, се филтрира воздухот пред да биде испуштен.

- Биострада во своето осумгодишно постоење успеа да се наметне на пазарот за производство на камиони за вакуумско чистење. Имаме соработка со земјите од Западна Европа, Јужна Америка, Азија и Африка. Веќе започнавме и соработка со армијата на САД. Може да се каже дека со одлична развојна стратегија направивме големи чекори за кус временски период. Овој денешен почеток на заедничко партнерство со Брако за нас преставува отворање на нова страница којашто ветува голем успех - изјави Алесандро Енџоли од италијанската компанија Биострада.

Компанијата Браќа Кошулчеви е основана во 1947 година во Велес, каде главно производство се приколките препознатлив бренд во поранешна Југославија.

Со повторното рестартирање на компанијата во 2003 година под закрила на Групацијата Фероинвест, компанијата е преименувана во Брако. Во изминатите 11 години компанијата се специјализираше во производство на жичани и лимено-цевкасти производи, медицински помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема. Дури 96% од целосното производство е наменето за извоз во 19 држави.

Развојната стратегија дозволува отворање на ќерка фирма на компанијата во Панчево, Србија. Брако во моментов има 450 вработени во Велес и 70 во Панчево, а за првите 9 месеци од оваа година има зголемен промет за 13% споредбено со минатата година со производство на 30.000 тони финални производи.





http://plusinfo.mk/vest/4225/galerija-brako-go-proizvede-prviot-makedonski-kamion
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 17-Nov-2014 at 02:33
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 25-Nov-2014 at 19:21
Турски бизнисмени бараат бесцаринска зона кај Гевгелија

Македонија и Турција имаат високоразвиени пријателски односи на сите нивоа.


Железничката врска со Солун ја прави Гевгелија привлечна за инвеститорите


Економската соработка има позитивен тренд и се очекува тој да продолжи, констатираа вчера во Скопје претседателите на парламентите на двете земји, Трајко Вељаноски и Џемил Чичек. За време на посетата на Македонија, Чичек имал средба со турските деловни луѓе во Македонија, кои, како што изјави, побарале од него поддршка за добивање земја за бесцаринска зона околу Гевгелија.

- Уверени сме во тоа дека ќе се уважи нивното барање да им се додели некој плац за оформување слободна бесцаринска зона околу Гевгелија. Мислиме дека тоа ќе биде силен придонес за севкупните односи помеѓу двете земји и за регионалниот мир и стабилност - изјави првиот човек на турскиот парламент.
Турските бизнисмени во Македонија, според него, се насочени кон тоа македонско-турската деловна соработка да се издигне на уште повисоко ниво.

- Уверени сме во тоа дека таа трговска размена во најкраток можен рок ќе достигне една милијарда долари. Ние ги поттикнуваме нашите деловни луѓе да инвестираат и таа економска и трговска соработка да се развие уште повеќе - рече Чичек.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112514923519&id=9&prilog=0&setIzdanie=23331
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 02-Dec-2014 at 13:40
Компаниите од слободните економски зони работат со полна пареа - извозот надмина милијарда евра



Компаниите од слободните економски зони работат под полна пареа. Се редат нарачките од странските пазари, се зголемуваат и производството и испораките кон надвор. Заклучно со ноември, извозот од зоните веќе надмина милијарда евра, пишува Лидер.

-Тоа значи дека сме на добар пат и дека веќе се остварува она што го проектиравме во минатата година, дека годинава ќе имаме зголемување од 50% на извозот од слободните економски зони, споредено со лани. Она што е најважно, во моментов сме во финални преговори и со неколку други компании. Дел од нив ќе се лоцираат во Скопје, дел во другите слободни економски зони, и тоа во оние каде што досега сме немале инвеститор, открива директорот на слободните економски зони, Виктор Мизо.

Во очекување на новите податоци од Државниот завод за статистика за надворешно – трговската размена до октомври, кои неделава треба да бидат комплетирани, ќе го анализираме периодот јануари – септември, односно трите квартали од годинава. Извозот се зголемил за 20 проценти во однос на истиот период лани, со што и размената станала поизбалансирана, па покриеноста на увозот со извоз сега е повисока за 4 проценти и надмина 68 насто. Најизвезувани производи се токму оние на компаниите од слободните зони: катализаторите на носачи со благородни метали и нивните соединенија (со нив работи Џонсон Мети, најголемиот извозник од земјава), тука се и сетовите на проводници за возила, авиони, бродови, на кои работат другите компании од ТИРЗ.

Од податоците на Статистика може да се види дека секторот „Хемиски и сродни соединенија“, заклучно со третиот квартал, забележал раст од 29,7 проценти во однос на лани, додека производството на машини и транспортни уреди бележи позитива од цели 95,2 проценти.

Компаниите ги прошируваат капацитетите

Добрите резултати од работењето се главната причина зошто дел од странските компании се решија повторно да инвестираат во Македонија. На пример, вкупната инвестиција на Џонсон Мети веќе достигна 130 милиони евра, откако компанијата ги прошири своите капацитети со нови погони.

-Ние имаме успешна приказна, што беше и причината повторно да инвестираме. Ако немате успешен бизнис нема повторно да инвестирате. Нашиот бизнис модел се покажа како успешен, а мислам дека тоа може да го направат и другите компании, вели првиот човек на британскиот гигант, Џатин Такрар.

Како резултат на зголемениот обем на работа, Џонсон Мети дополнително ќе го зголеми бројот на вработени.

-Во моментов, во нашата компанија работат 570 луѓе. Од нив, 565 луѓе се од Македонија. Во 2012-та донесовме одлука да се прошириме од нашата првична инвестиција и двојно ги зголемивме нашите капацитети, со што регрутиравме и нови работници. Се надеваме дека бројот на вработени до 2016-та ќе достигне 680 луѓе, вели Такрар.

Во моментов, уште една компанија ги проширува капацитетите. Витек Македонија, италијанската компанија која е дел од Текнохозе групацијата, инвестира во изградба на нови погони, кои за три до четири пати ќе го зголемат и производството и бројот на вработени. Изградбата на халата е при крај, машините и опремата пристигнуваат месецов, а со работа се почнува по Нова година.

-Со ова, вкупната инвестиција ќе достигне 15 милиони евра, а планиран е и нов објект за други видови производи. За новата инвестиција се уште се прават анализите. Задоволни сме, бидејќи сè функционира како што треба, од властите имаме поддршка на дневна основа и немаме поголеми проблеми во работењето, вели менаџерот на Витек, Џовани Поповиќ.
Зголемени нарачки очекува и американската „Кемет Електроникс“, која во главно се потпира на европскиот пазар. Ако сè биде како што треба во Европа и ако не се случат нови екстерни шокови, тогаш и оваа компанија ќе го зголеми бројот на вработени.

-Во овој момент нашата инвестиција изнесува 25 милиони долари, а во следната година ќе достигне вкупно 30 милиони. Вкупниот број на вработени изнесува 280 луѓе, а до крајот на наредната година ќе достигне 350. Нормално, тоа зависи од условите на пазарот, објаснува директорот Гуидо Галени.

Под полна пареа работи и белгиската „Ван Хул“ за производство на автобуси, на која инвестицијата во Македонија и е прва надвор од матичната земја. Од погоните на оваа фабрика во ТИРЗ се испорачуваат финални и брендирани производи, со закружен производствен процес, што подразбира и висока додадена вредност. Освен ова, „Ван Хул“ е еден од странските инвеститори кои активно соработува со локални фирми.

-Деловите за шасиите ги набавуваме од Македонија, од Штип. Втората линија производи, полиестер и фиберглас делови набавуваме од Струга. Ние сакаме да ги зголемиме локалните набавки, вели сопственикот на компанијата, Филип ван Хул.

Расте извозот, расте и бројот на вработени!

Веќе е извезно дека постојните инвеститори во слободните економски зони ќе го зголемат бројот на вработени во 2015-та година. ТИРЗ годинава ќе ја заокружат со над 3.500 вработени, но очекувањата се големи, особено по влезот на Веибо во Ранковце.

-Постојните компании ќе вработат уште 1.000 луѓе во 2015-та година. Во 2015-та и 2016-та година, вклучувајќи ја и инвестицијата на компанијата Веибо, се очекува драстично зголемување на бројот на вработени во зоните. Таа бројка треба да изнесува меѓу 7.000 и 8.000 луѓе, а може и повеќе, вели Мизо.

Ву Бунарџик наскоро ќе се позиционира уште една италијанска компанија. „Дијатек“ веќе гради спроти погоните на „Витек Македонија“, а 10-милионската инвестицијата од оваа компанија, специјализирана за дигитално печатење, треба да отвори уште 200 работни места.

За најавените инвестиции во другите градови, „КСС“ во Кичево и „ОДВ Електрик“ во Охрид почнуваат со тренинг на работниците и со изградба на своите нови капацитети во зоните, додека „Техникал Текстил“ во Штип веќе активно гради. Теренот е подготвен и за Веибо. Мултинационалната компанија треба да ја претвори зоната во Ранковце во текстилен центар на земјава. Планирана е изградба на интегрирана зона, која опфаќа изградба на погони за производство на палта, костуми, панталони и кошули, текстилни материјали, картонски кутии за пакување на готовите производи. Инвестицијата, која се проценува на 400 милиони долари треба комплетно да го промени ликот на северо-истокот од земјава, бидејќи планирани се околу 6.000 вработувања.

http://press24.mk/kompaniite-od-slobodnite-ekonomski-zoni-rabotat-so-polna-parea-izvozot-nadmina-milijarda-evra

Edited by jyvation - 02-Dec-2014 at 13:41
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 03-Dec-2014 at 02:21
Шест инвестиции вредни 5 милиони евра во Илинден

Нови инвестиции на шест градежни парцели во локалните економски зони најавуваат од Општина Илинден. Вкупната вредност е пет милиони евра, а со нив ќе се отворат 170 слободни работни места. Градежните парцели со вкупна површина од 43.000 квадратни метри се продадени во ноември, а на нив ќе се градат стопански објекти.

Kомпанија „Магрони“ ќе гради деловен и логистичко-дистрибутивен центар за пијалаци. Инвестицијата изнесува 2,3 милиона евра, а ќе бидат отворени 50 работни места. Kомпанијата „Пакомак“ купи две парцели на кои ќе гради магацинско-дистрибутивен центар за суровини и деловен простор. Вкупната инвестиција е проценета на 1,2 милион евра и ќе овозможи вработување на 50-ина лица. „Агрома“ се стекна со сопственост на две парцели на кои ќе гради погон за производство и дистрибуција на репроматријали за прехранбена индустрија. Инвестицијата се проценува на милион евра, а се очекуваат 50 вработувања. „Kонико“ ќе гради магацинско-дистрибутивен центар за хардверска опрема за 500.000 евра и ќе отвори 20 работни места.

Според локалната самоуправа, ноемврискиот инвестициски циклус е плод на спроведување реален и ефективен концепт за овозможување поволни услови за влез на инвестиции, што значително ќе придонесе за локалниот економски одржлив развој.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=CB96D2BE92B3184FABC8063F877C8DE8
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 14-Dec-2014 at 22:12
Пуштен во работа првиот индустриски објект во зоната Ќојлија

14.12.2014 | 14:32ЕкономијаПрочитано: 805
Во индустриската зона Ќојлија во општина Петровец денеска официјално беше пуштен во употреба првиот готов објект. Станува збор на логистичкиот центар со површина од 3.500 метри квадратни на компанијата „Глобко логистик“ која се занимава со поштенски услуги, во кој се вработени нови 40 лица.

- Досега во зоната се продадени 75 локации, а од нив 27 веќе имаат извадено одобрение за градење. Дел од нив се во подгответелна фаза, а дел најавуваат почеток на градба во март идната година. Очекувам за четири до пет години ова да биде огромна индустриска зона во која илјадници луѓе ќе го најдат своето работно место, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на отворањето на објектот.


Тој посочи дека очекува инвеститорите на објектот што поскоро да започнат со најавената реализација на втората и третата фаза од нивниот објект.

- Се надевам дека во наредниот период многу често ќе присуствуваме на почеток на градба и пуштање во употреба на објекти во оваа зона. Апелирам до сите градоначалници во Македонија каде нема индустриски зони час поскоро тоа да го направат и да продадат локации за индустриски објекти, бидејќи на тој начин ќе ја намалат невработеноста во нивната општина, истакна Јанакиески.

Индустриската зона се прогега на површина од 195 хектари, а наскоро се планира да се прошири на уште 28 хектари. Лоцирана е на влезот на аеродромот „Александар Велики“ во непосредна близина на автопатот Е-75 и на железничката пруга.

Токму тоа, според градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, заедно со ниската цена на комуналиите од само 34 евроценти по метар квадратен и ниската почетна продажна цена на градежното земјиште се главните причини за големата заинтересираност за локациите во зоната.

- Општината со помош од Министерството за транспорт и врски ги обезбедува градежната дозвола, водоводот и инфраструктурата. Трудот што го вложивме во изминатите три-четири години почна да излегува на виделина со пуштањето во употреба на објектот на Глобко логистик. Во негова непосредна близина започнаа подготвителните работи за изградба на хала од 8.000 метри квадратни, а издадено е и одобрение на турски држвајанин за изградба на хотел на самиот влез на Аеродромот од 24.000 метри квадратни, Тинекс ќе гради хала од 12.000 метри квадратни, рече Митевски.

Инвеститор на објектот на Глобко логистик, што се изгради за нецели девет месеци и што чинеше речиси два милиона евра, е фирмата Глобекс, која има дозвола за изградба на уште еден објект од 3,500 метри квадратни во зоната Ќојлија.

- Веруваме дека тој објект ќе се изгради во текот на 2015 година, а до крајот на 2017 година очекуваме да се изградат хали со вкупна површина до 15.000 метри квадратни на нашата локација во зоната која има површина од 22.000 метри квадратни, рече Снежана Кокраволчевска, сопственикот на Глобекс и Глобко логистик

Таа посочи дека во компанијата во овој момент работат 200 работници во сите 18 подружници низ Македонија. Покрај логистичкиот центар во Петровец комкпанијата има неколку подружници на повеќе локации во Скопје, како и во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Штип и Кочани.

- Очекувам уште да се шириме за да можеме да се прошириме и за меѓународен транспорт за брз пратка, исткна Кокраволчевска.



http://24vesti.mk/pushten-vo-rabota-prviot-industriski-objekt-vo-zonata-kjojlija
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 27-Dec-2014 at 15:19

Нов логистички центар на „Квенбергер Македонија“

Центарот ќе им служи на клиентите од автомобилската и од малопродажната индустрија

Иван Бојаџиски



Во индустриската зона „Чојлија“, во Општина Петровец, започна изградбата на новиот мултифункционален логистички центар. Инвеститор е штипската компанија „Нова тренд“, а ќе го користи „Квенбергер логистик Македонија“. Парцелата е со вкупна површина од 24.000 квадратни метри, објектот ќе има 8.000 квадрати, а го гради штипската градежна фирма „Актива“.

„Намената на нашиот нов логистички центар е мултифункционална, односно ќе служи на бизнис-целите на клиенти од автомобилската и од малопродажната индустрија. Центарот ќе има четири хали, од кои две ќе бидат за разни логистички сервиси, една со режим на температура, а една ќе служи како јавно царинско складиште. Отворениот дел ќе се користи како отворен царински склад и како паркиралиште за камионската флота која ќе го опслужува центарот“, вели Трајан Ангелов, управител на „Квенбергер логистик Македонија“.

„Во индустриската зона ’Чојлија‘ ќе биде изграден еден од најголемите логистички центри во државата. Нашата индустриска, мултифункционална зона се простира на 196 хектари и на неа се предвидени 90 локации, од кои најголемиот дел се веќе продадени, поради што ние очекуваме вистинска градежна експанзија напролет. Овој центар ќе биде позитивен пример и мотивирачки фактор на потенцијалните инвеститори за тие побргу да започнат со изградба на нивните објекти“, рече градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

Не е никаква случајност тоа што голем број компании сакаат да ги градат своите капацитети токму на оваа локација. Според Митевски, оваа зона е исклучително атрактивна поради тоа што се наоѓа на само 35 километри од Велес, на 25 од Куманово и на 15 километри од Скопје, веднаш до автопатот од Коридорот 10, а во непосредна близина на меѓународниот аеродром „Александар Велики“, што за секој бизнис е од големо значење.

Ангелов нагласи дека логистичкиот центар во Петровец, покрај локалното ќе има и регионално значење. „Тоа ќе ни овозможи да го прошириме нашето логистичко портфолио како за домашни така и за странски клиенти“, вели Ангелов.

Се очекува логистичкиот центар да биде готов и ставен во употреба во текот на идното лето. Штипска „Актива“ и досега се покажа како исклучително одговорна компанија која изгради над десетина фабрики во повеќе индустриски зони во Македонија. „Квенбергер логистик Македонија“, пак, во нашата држава има свои логистички центри во Штип и во скопската населба Инџиково, во кој има и царински склад кој функционира како централен лагер за Македонија, Косово и Албанија за интернационалните клиенти кои имаат свои бизиниси во регионот.


http://www.utrinski.mk/?ItemID=F7882F407D2C894EB2A8261C877E87EE
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 27-Dec-2014 at 15:28

Нова фабрика за преработка на овошје и зеленчук во Кривогаштани

27.12.2014 14:25

Зеленчукот и овојшјето ќе се откупувал од земјоделците од Кривогаштани и целото производство ќе било наменето за извоз, а веќе биле обезбедени и пазарите во западно европските држави...

Пред неколку денови македонска компанија ги купи сите 8 парцели во индустриската зона клај селото Славеј, во Општина Кривогаштани и планира да отвори фабрика за преработка на замрзнат зеленчук и овошје. Фабриката ќе се простирала на 2.000 метри квадратни затворен дел, а почетната инвестиција била околу половина милион евра

„Вработувањето ќе зависи од обемот на работата, на почетокот планираме да стигнеме со бројка од 60-тина, па можеби и 70 луѓе. Работата исто така на почетокот ќе биде сезонска онака како што ќе има зеленчук и овошје во сезоната, но ќе тежнеееме кон тоа да работиме преку целата година“, вели Здравко Попов, инвеститор.

Зеленчукот и овојшјето ќе се откупувал од земјоделците од Кривогаштани и целото производство ќе било наменето за извоз, а веќе биле обезбедени и пазарите во западно европските држави.

„Целиот зеленчук и овошје ќе се откупува тука од нашето место, потоа ќе се носи во капацитетот и таму ќе се преработува. На почетокот планираме годишно да откупуваме и преработуваме по околу 2.500 до 3.000 тони на земјоделски производи“, изјави Рубинчо Благадуша, инвеститор.

Бидејќи сега се откупени сите парцели во индустриската зона во селото Славеј, од наредната година Општината ќе започне со подготовка на планската документација за изградба на уште една многу поголема зона истото населено место.

Од Општината велат дека во најава имало и други инвеститори, кои ќе ги објавеле кога со нив ќе се допрецизирале договорите.

„Предвидено е формирање на уште една индустриска зона од поголем капацитет, бидејќи странските инвеститори бараат и поголеми парцели за да изградат поголеми фабрики и погони, така што тоа ќе ни биде и главната цел во 2015 година“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Се очекува во овие капацитети во иднина да бидат вработени над 1.000 луѓе од целиот регион.

http://mrt.com.mk/node/18752

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 28-Dec-2014 at 15:59
Најавено отворање на две пиварници во Кавадарци
   


Кавадарци како општина многу брзо ќе промовира производство на пиво во две посебни пиварници, најави кавадаречкиот градоначалник Акександар Панов кој кажа дека самиот го пробал пивото и на двете места и оти вкусот е извонреден.

-Сакам да нагласам дека во последно време многу внимание посветуваме како локална самоуправа и на малите бизниси кои ја движат економијата напред и нудат вработувања, покрај веќе постоечките големи капацитети како германската фабрика на Дрекслмаер во која вработување најдоа голем број на тиквешани, нагласи Панов, зборувајќи за инвестициите во општината која како што рече, е на врвот на економскиот развој во Република Македонија.

Градоначалникот на Кавадарци најави и неколку други инвестиции.
http://sitel.com.mk/najaveno-otvoranje-na-dve-pivarnici-vo-kavadarci
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 28-Dec-2014 at 16:46
Најуспешна бизнис приказна за оваа година беше отворањето на мала пиварница.Буквално секаде во Европа никнаа мали пиварници и направија бум во продажбата на пиво.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 28-Dec-2014 at 17:17
малите пивари одамна ги има низ цела Европа... за Балканост новост се пивниците кои сами произведуват пиво... такви има во сите соседни земји, отвроени во последниве 10 години
не знам како ќе му дојде македонски термин за brewpub и craft brewery, ама би бил многу радосен ако кај нас се отвори такво нешто
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 28-Dec-2014 at 18:57
Овде станува збор за пиварниците на Горска и Кожувчанка... Колку што сум информиран и двете компании ќе произведуваат пиво преку лиценца од Германски Пиварници.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 28-Dec-2014 at 19:24
Знам дека ги има одамна, ама сега е вистинската експанзија токму од економскиот аспект.Многу се посетувани а профитите што ги остваруваат се солидни.
Craft brewery се еден вид микропивници со свој оригинален рецепт и се доста распростренети на запад.
Немаме ние некоја традиција во производство на пиво ниту пак некави посебни рецепти незнам зошто очекувате вакви да изникнат кај нас.
Нека си се задржат нашиве на производство на вино барем тоа е традиција децении наназад кај нас.

Edited by jyvation - 28-Dec-2014 at 19:25
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 755
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 08-Jan-2015 at 01:12


Edited by Џоле - 08-Jan-2015 at 01:16
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.444 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.