build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 49>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 11-Jul-2014 at 03:11
Previous
леле човече, зарем треба дебата да се отвара? во градов има само три достојни велосипедски патеки, на Јане Сандански, на Партизански одреди и на кеј... и дури и тие се дискутабилни и со препреки, а таа на кеј е рекреативна... што треба да се збори повеќе? ова е само публицизам од кој нема ништо да видиме
исто како што се планира мрежа на улици, така се планира и мрежа на велосипедски патеки... само што кај нас уште не слушнале за такво нешто како генерален сообраќаен план
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 15-Jul-2014 at 22:02


Незнам дали го имаме видеото. Но јасно се гледа дека во каква состојба се патеките за велосипед и во каква состојба е културата за паркирење. И тоа ни помалку ни повеќе туку на една од најдобрите рути за возење точак во Скопје.

Edited by kultuzin - 15-Jul-2014 at 22:02
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 15-Jul-2014 at 22:13
И втор дел од видеото

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 25-Aug-2014 at 08:54
ВЕЛОСИПЕДСКА АВАНТУРА НИЗ СКОПЈЕ



Вози и пишува
Бојан Шашевски

Скопскиот велосипедист не е само велосипедист. Тој е авантурист, ентузијаст, роб на сообраќајната структура. Продукт е на различни дефиниции и манифести за урбаниот изглед и патните релации, истовремено дел од обликувањето и процесот за социо-културно „пркнување“ на градот. Мора да научи акробации, скокови во воздух и нагли движења цик-цак, доколку сака да се адаптира во џунглата на асфалтот. Кочниците и амортизерите нема да помогнат како сообраќајна алатка ако немаш очи и на тилот. Урбаните транспортни текови знаат да бидат екстремен предизвик. Возењето велосипед низ Скопје понекогаш е како управување авион над Украина. Како трчање бос во поле со коприви.

Оттука, не знам како без доза на апсурд и духовитост би се провозил со велосипед долж големите коловозни артерии, а да не напишам со ракопис што би донел резерва за идните велосипедисти. Не е се' така блутникаво. Велосипедизмот зема силен, масовен и позитивен замав. На стари, нови, зелени, сини велосипеди опремени со кошнички или седишта за деца, граѓаните секојдевно вртат педали за да завршат основни обврски. Но, некои искуства мора да бидат забележани, подвлечени, па да дискутираме за инфраструктура и третман кон велосипедисти.



Ќе возам и пишувам. Прва е транзициската патна релација од Аеродром до Центар. На 100 метри пред Железничка станица, од страната кај „Оне“, на велосипедската патека има превртена бетонска жардиниера. Постои 90 отсто можност да фатиш кила ако пробаш сам да ја кренеш, а околу 110 отсто да се превртиш со последица фрактура ако не ја промашиш. Тука лежи којзнае од кога. Само велосипедисти ја забележуваат. На друг очигледно не му пречи. Како што понатаму не му пречи и кантата за ѓубре. Идејата на комуналните служби е веројатно да забиеш во „кошот“ со празно шише додека вртиш педали! Одам понатаму. Расфрланото ѓубре под објектот на Кензо Танге се совладува со стандардно цик-цак, исто и луѓето што чекаат автобус, на кои очигледно не им пречи што застанале на велосипедска патека. Кон Народна банка, пак, насред црвена патека долго време стоеше билборд. Беше симбол за маргинализацијата на велосипедистите. Наскоро, ваквите примери се мултиплицираа низ градот, но сега тука е направен радикален потег - наместо да се тргне билбордот, прецртана е патеката околу него. Не важи старата патека, ајде ќе го заобиколиме рекламниот простор! Сите среќни, а ако не сите, среќен е барем сопственикот на црното „пежо“ паркирано со гумите врз патеката пред НРБМ. Си се снашол на време.



Невладината „Еко-логик“ има симпатична иницијатива наречена „Сељак на денот“. Секој може да фотографира, а потоа да пушти по социјалните мрежи јавноста да види како несовесен шериф си ја паркирал колата врз тротоар, патека, по тревник... Каде му се видело удобно, без многу да кружи во потрага по паркинг. Возачот на „пежото“ е „печен“ да се најде во таа категорија! Втора асоцијација ми се прекршоците во „Ѕид на сообраќајниот срам“. Со неколку кликови ќе ја најдете страницата по социјалните мрежи. Интернет-револуцијата нема да им прости на оние што мислат дека ако поседуваат автомобил, поседуваат и цела улица. Градот не е монопол на автомобилите.

Чаирската романтика е примамлив залак за зависниците од адреналин. Од „Мавровка“, преку булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, покрај ТЦ „Чаирчанка“, па се' до администрацијата на Општина Чаир, самиот поим возење добива поинаква димензија. Автомобилите се мачат да се разминат, а велосипедистите го креваат велосипедот во раце, застануваат на секои 20 секунди, чекаат да се расчисти толпата луѓе од тротоар... И да сакам не можам да видам дали постои црвена лента. На секој слободен квадрат се паркирани коли - по коловоз, тротоар, само на метро растојание од продавничка... Раштркани се бандери, знаци, различни типови столпчиња, па дури и маси и столчиња од угостителите. Нема дефинирана граница за летна тераса, урбаната опрема расте и се шири заедно со муштериите. Сообраќајна анархија! Некој би помислил на селективен пристап на сообраќајната полиција, пајак-службата и на инспекторите.



Не е само Чаир со дупки и распаднати патеки. Проблем за скопјани се и високите рабници од тротоарите. Некои се високи и по 30-40 сантиметри! Спроти Олимписки базен, од страната на ГТЦ постои напречно испукан асфалт на секои 3-4 метри. Идилична локација за симулација на ридско-планински трки. Пред да свртам накај ГТЦ, наидувам на дрво чии корени се излезени од асфалтот на површина. Ако си залетан ќе рипнеш во воздух, како од рампа. Покрај „Рекорд“ треба да станеш и да го буткаш точакот за да се пикнеш меѓу автобуско стојалиште, рој од патници и коли, а кај гимназијата „Ј.Б.Тито“ навреме да забележиш билборд. На многу места воопшто нема патеки, некаде се споени со пешачките зони, избледени се линиите, или, пак, наместо нацртани хоризонтални линии се користат црвени бекатон-плочки.

Сите тротоари долж булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода се' уште се окупирани од сопственици што оставаат возила со аргумент „се враќам за 5 минути“. Исчезнаа привремените објекти долж улицата, се прошири коловозот, а автомобилите останаа „заковани“ за пешачкиот и велосипедскиот дел. Го сакам Супермен. Оној постариот филм со Кристофер Рив. Но, по часовите по логика и физика во средно, се помирив дека не поседувам таква летачка моќ. Затоа, и тука ќе се движам по коловоз.



Има позитивни велосипедски локации во Карпош. Има и апсурдни локации. Особено околу ТЦ „Буњаковец“ по „Партизанска“, или од кружниот тек кај Каталочка црква до раскрсницата пред „Млечен ресторан“. Недостасува велосипедска црвена патека. Проширувањето на „Гологанов“ редовно учествуваше во отчетите. Репризно по стопати одекнуваше на ТВ како оваа улица е комплетно обновена, средена и претворена во проточен булевар, со растоварен сообраќај. Еве, јас не возам автомобил, па како за мене е средена оваа улица? Дали да се симнам по коловозна лента, да вртам брзо педали со надеж дека нема да завршам на нечија хауба, под нечии „мишелинки“ или да се пикам на она метро тротоарче каде никнуваат бандери, знаци, семафори? Сепак, ете, не е се' така црно по „Гологанов“. Во делот по „Млечен“ постои црвено во вид на бекатон-патека со пораснати дрвја и контејнери.

Во сите поголеми општини навистина опстојуваат пристојни решенија. Мала доза на импровизација, но служат за да го избегнам небулозниот Закон за полиција и 25 евра казна ако возам надвор од (не)обележана патека. Не зборувам за најдолгата патека покрај кејот на Вардар, од Карпош до мостот „Близнак“ во Аеродром. Таа е неповрзана со сообраќајната структура. Не е дел од транспортните текови, служи единствено за рекреација. Велосипедот е најбрзото превозно средство за минување од 5 до 7 километри во градски услови и метеж, но рецептот за трансформација во безбеден вело-град бара партнерство со сообраќајните инженери, нацрт-план за мобилност низ градот, но и менување на перцепцијата за велосипедите. Мора да се тргне стереотипот дека велосипедот е средство само за рекреација, а, од друга страна, го користат само сиромашните, пензионерите и студентите, односно за „економски неактивна популација“ со која властите тешко се идентификуваат.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=AFD655EF4ED9B74AAE1E74232D3B762E
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 25-Aug-2014 at 12:51
Одличен текст, секоја чест на новинарот и на Утрински весник. Само што се вратив од едно ваква „авантура“. Имено на пат од Ѓорче до Градската библиотека, имав едно десетина кочења, поради огромните рабници поставени на пешачките премини, паркирани коли. Најлош е делот од Рузвелтова до Соборниот храм, каде практично морав да се симнам на асфалтот и тоа во спротивната насока, зашто господата кои пијат кафе во околните кафулиња мора колата да им биде на видно место, односно до нив.

Затоа, иако на крајот на текстот пишува дека патеката на Кејот е само рекреативна, во недостиг на соодветни патеки, јас секогаш ќе ја бирам нејзе, зашто по нејзе барем не си го кршам точакот, закочувам десетици пати, чекам некого да излезе и слично. Не дека и самата патека е добра, кога ќе ми текне дека само во последниов месец ми се има дупнато два пати гума, поради глупаците од Паркови и зеленило кои искосената трева ја оставаат на самата патека, не знам, веројатно Господ да ја собере.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 25-Aug-2014 at 15:24
Тоа со оставањето на искосената трева е многу лоша практика, и не е случај само со кејот. Во многу скопски населби се прави истото. Јас не знам како во 21 век уште чекаат на виша сила да им ја „собере“ искосената трева. Или се надеваат дека размножените коњи низ градов ќе ја испасат, којзнае.
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 14-Nov-2014 at 15:38
ГРАДСKАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТУВА АKЦИСKИ ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ

ЗА ТРИ ГОДИНИ СКОПЈЕ ДА СТАНЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ГРАД



Во наредниот период ќе се градат нови патеки и ќе се ослободат постојните од многуте пречки. Идејата е да се менуваат навиките на граѓаните и да се создаде град во кој секој ќе посака да се качи на велосипед

Градската власт се подготвува сериозно да се зафати со решавање на проблемите на велосипедистите и на пешаците во Скопје. Ќе се санираат и обележуваат постојните оштетени велосипедски патеки, таму каде што нема ќе се градат нови, а на местата каде што не постои можност за патека, ќе се бара решение. Ќе се отстранат, односно ќе се преместат сите пречки на патеките, како што се сообраќајните знаци, патоказите, билбордите и автобуските постојки. Сето тоа ќе се случува во наредните три години. Идејата е да се менуваат навиките на граѓаните, од Скопје да се создаде град во кој секој ќе посака да се качи на велосипед, односно да се одлучи за алтернативно превозно средство, што особено ќе влијае и на помало аерозагадување со намаленото користење на автомобилите.



Ќе се опфатат големите булевари, затоа што градската власт е надлежна за нив. Сервисните споредни улици, на кои нема вакви патеки, во најголем дел се надлежност на градоначалниците од десетте скопски општини.

Според податоците што ги нуди градската власт, изведени и обележени се нови 10.015 метри патеки или 31.521 квадратни метри, односно во Скопје има мрежа од над 60 километри велосипедски патеки.

Пешаците и велосипедистите се удираат

Kако што информираа надлежните од Секторот за сообраќај во Градот, сите одговори за тоа како, каде и што точно ќе се гради и обновува ќе ги даде акцискиот план за оваа проблематика, кој го изработува и финансира градската власт, а ќе важи за периодот 2014-2017. Пред с`, ќе се градат патеки, кои ќе бидат дел од тротоарите, а ако некаде е потребно може да се одземе и дел од коловозот од крајната десна лента.

- Во тек е изработка на проект за обележување, делумна реконструкција и поврзување на велосипедските патеки, на три коридори низ градот и шест конектори - се појаснува и во Информацијата за мерките што ќе ги преземе Градот за загадувањето за воздухот.

Она што е важно е што на тротоарите конечно ќе се одвојат пешачките од велосипедските патеки. Не со физички бариери, велат нашите извори, бидејќи тоа е лоша идеја, туку со боја и со знак. Тоа сега не е случај, па пешаците не се ни свесни дека стојат или се движат на патека за велосипеди и настанува метеж - луѓето се удираат едни во други. Во рамките на акцискиот план, градската власт има намера и да изработи интернет-мапа за пешачки и велосипедски патеки. Секој што има намера да се качи на велосипед, може да се информира преку интернет за трасата по која може да стаса од точка А до точка Б.

Без разлика на времето додека трае изработката на акцискиот план, Градот континуирано ќе ги обележува патеките во градот. Веќе е завршено бележењето во реонот на Народна банка.

Од друга страна, проблемите со несовесните возачи, особено таксистите остануваат хронични. Граѓани што се јавија во нашата редакција се пожалија дека новата обележана и издвоена патека пред „Веро-центар“ изгледа одлично, но проблемот не е решен - на неа секој ден се паркираат такси-возила и ја блокираат, а никој не ги казнува.

- Потребно е на улиците да се постават столпчиња, да се постават физички бариери, кои ќе ги оневозможат несовесните да се качуваат на тротоарите, да блокираат и да уништуваат јавна инфраструктура. Kога одам по патеката, морам да се симнам на коловоз, затоа што господинот таксист ја зафатил цела лента и за пешаци и за велосипедисти - вели 69-годишниот Ѓорѓи Петровски од Маџир Маало.

Правилникот чека одобрение

Од неформалната група граѓани „На точак“, кои со години организираат велосипедски тури низ метрополата наречени „Kритична маса“ за да се промовира велосипедот, ни изјавија дека соработуваат со градската власт, ги мапираат проблемите и информираат благовремено. Направиле сондажа на 65 километри патеки и ги воочиле недоследностите. Систематизирани во табеларен приказ, ги испратиле до надлежните сектори во Градот, до градоначалникот, Kоце Трајановски, како и до „Улици и патишта“. Потоа имале состаноци со нив, од што произлегла изработката на Правилникот за стандардизација при изработка на велосипедски патеки. На 5 ноември годинава постигнале согласност во иднина во сите проекти што ќе ги изведува Градот, а во кои е вклучена велосипедска патека, таа да биде асфалтирана, а не изведена со несоодветни бехатон-плочки.

- Водени од идејата темелно да ги решиме проблемите, инициравме донесување Правилник. Тој подразбира правила и процедури што се однесуваат на стандардна широчина на патека, начин на поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, одвоеност на патеката од коловоз, од пешачки патеки, од автобуска постојка, стандарден материјал за изработка на подлогата на велосипедската патеката, унифицирана боја на велопатеката и друго - појаснија членовите од „На точак“ и додадоа дека неколку месеци Правилникот чека одобрување од Министерството за транспорт и врски.

Според нив, актуелната велосипедска инфраструктура во Скопје е во лоша состојба - нерамен асфалт, искршени плочки, високи рабници, контејнери и канти на патеките, остатоци од знаци, бандери, дупки, канали, вдлабнатини, автобуски постојки среде патеки и други пречки. Генерално, од групата воочуваат напредок во односот граѓани - надлежни институции во врска со велосипедизмот, но сметаат дека работите пребавно се одвиваат. Воедно, изразија и незадоволство од издвоените средства за велосипедизам за наредната 2015 година, кои изнесуваат 10 милиони денари за: изградба на ролерски, велосипедски, трим-патеки и пешачки мост.

Другите проблеми на кои укажуваат од оваа група се паркираните возила на патеките, за што реагираат до Градот и до МВР. Сметаат дека е важно и градската власт да влијае на поттикнување на компаниите да бидат општествено одговорни, на пример, да ги повикаат своите вработени да возат велосипед до работа.

„НА ТОЧАК“: ПОТРЕБЕН Е СТРАТЕШКИ ПРИСТАП, А НЕ КРПЕЊЕ ДУПКИ

Групата „На точак“ направи една шаблон-пријава што ја користи за пријавување недоследности во градот. Kога ќе забележат дупка, висок рабник, пречка на велосипедска патека, билборд, корпа за отпадоци и друго, пријавата со проблемот, со опис, фотографија и локација, ја испраќаат до надлежните. Во зависност од локацијата, испраќаат до Градот, до Општина Kарпош, Аеродром, „Улици и патишта“ и бараат да се реши проблемот во најкраток можен рок. Во период од една година до институциите се пратени 43 пријави, од кои 12 се решени.

- За некои поитни проблеми се реагира веќе наредниот ден, за некои по повеќе потсетувања - изјавија од „На точак“, кои велат дека праксата е позитивна, но краткорочна, затоа што крпењето дупки и поместувањето знаци надвор од велопатека се мал дел од целокупната слика. Сметаат дека е потребен посистематски стратешки пристап за долгорочен развој на урбаниот велосипедизам. За таква ја сметаат одлуката на Градот за нанесување асфалт во иднина на патеките, наместо да ги поплочуваат со бекатон-плочки.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=8FB1DD220CE59F408176167FE014F32E
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 14-Nov-2014 at 17:39
Прво и основно треба да се среди со паркирањето на автомобилите и како второ треба комплетно сите рабници да се нивелират зошто во Скопје нема ниеден рабник како што треба.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 14-Nov-2014 at 18:02
Скопје е многу далеку од велосипедски град.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 14-Nov-2014 at 21:52
фала богу, барем иницијатива покренале за плански да се среди велосипедизмот на ниво на цел град со стратешки пристап... е сега што ќе испадне од тоа, ќе видиме
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 14-Nov-2014 at 22:06
sakas da znaes sto ke ispadne? odi na partizanska vidi go taze renoviraniot "trotoar" pd soborna pa se do univerzalna, ke ti stane jasno
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 14-Nov-2014 at 22:16
Originally posted by xnx

sakas da znaes sto ke ispadne? odi na partizanska vidi go taze renoviraniot "trotoar" pd soborna pa se do univerzalna, ke ti stane jasno
претпоставувам, ама убаво е да се надеваш нели?
ако се прави решение за велосипедските патеки, ќе се направи и решение за паркирањето, сигурен сум дека „На точак“ тоа ќе го постават како прв и основен проблем, а за другата страна на проектот, не знам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 14-Nov-2014 at 23:51
Ова е одлична идеја. На градот и тоа како му треба соработка со невладина организација. Градот како формална, ригидна институција не може да ги препознае конкретните проблеми поврзани со велосипедизмот. Не знам дали реално ќе се прифаќаат и применуваат решенијата понудени од организациите, но од тоа што прочитав, се гледа дека анализата е направена надвор од просториите на Град Скопје. Моменталната состојба е трагична и мислам најлоша откако возам велосипед. Зборам ако возиш легално, според прописи. Тие квази патеки по кои треба да вози еден велосипедист, само демотивираат да возиш велосипед. Е сега викаат дека ќе се реконструираат некои. Баш ме интересира како би ја реконструирале на булевар Климент Охридски, кога патеката е толку тесна кај Мамас и плус има бандери. Освен патеката да зазема дел од коловозот. Тука и се јавуваат и траумите од досегашните планирања на сообраќајот. Наместо нешто да се испланира на време, тоа се јавува многу подоцна и потребно е да се направат измени, кои Градот ќе го чинат пари и време.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 15-Nov-2014 at 22:57
Додека ние правиме мастер планови и велосипедски патеки патем..

Во Холандија пуштена во употреба првата велосипедска патека од соларни панели



Овој проект под името SolaRoad е изведен од соларни плочи кои покрај тоа што генерираат струја имаат уште една функција – доволно се јаки за да може да се вози велосипед по нив. Со 18 милиони велосипеди и 35 илјади километри велосипедски аптеки, Холандија е најгостопримливата земја за љубителите на велосипеди. Меѓутоа, земјата на лалињата и ветерниците, постојано работи на полето на нови иновации и обезбедување подбри услови за нејзините жители.



Tака, на почетокот на ноември, оваа година е пуштена во употреба првата велосипедска патека која е направена од соларни панели. Проектот SolaRoad е на лабораториски испитувaња уште од 2009 година во холандскиот институт TNO.



Научниците осмислија плочи со димензии 2,5 x 3,5 метри кои се изработени во комбинација од бетон и кристални соларни ќелии, кои се наоѓаат под стаклениот слој од еден сантиметар. Преку стаклото се нанесува завршница, заедно со нагибот на плочата, така што дождовницата и нечистотиите лесно би слизнале од површината, со што би се обезбедила максимална ефикасност на соларните ќелии.



До 2016 година, оваа велосипедска патека ќе биде продолжена уште 100 метри, што ќе создаде доволно енергија за три семејни куќи во соседството. Потенцијалот на SolaRoad е навистина голем. Се смета дека овој систем би можел да биде применет на 20% од патиштата во Холандија. Ако петтина од овие 140.000 километри патна должина се претвори во соларни панели, тоа би бил голем енергетски плус за оваа земја.



http://www.porta3.mk/vo-holandija-pushtena-vo-upotreba-prvata-velosipedska-pateka-od-solarni-paneli/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 16-Nov-2014 at 15:23
Ноќни фотки од истата патека...













http://kajgana.com/dzvezdeno-vozenje-vo-holandija-velosipedska-pateka-shto-sveti-navecher

Edited by Џоле - 16-Nov-2014 at 15:23
За сè има вторпат
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 19-Nov-2014 at 20:58
спас за Скопје се високи рабници како на Народен Фронт и кај стар Капиштец на Васил Ѓоргов. Нормално со „рампи“ или спуштени краеви за полесно симнување/качување на патеките
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 20-Nov-2014 at 00:14
Previous
секако на тие рампи треба да се постават и столпчиња, затоа што кај нас велосипедските патеки се користат за влез на возила онаму каде на рабникот има столпчиња (пример, на Јане Сандански кај Скопјанка)
столпчињата во Скопје се невидено фрлање на пари во вода
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 26-Nov-2014 at 00:09
Датум: 25.11.2014, 17:50
ГРАДОТ ГО ПРЕЗЕНТИРА АKЦИСKИОТ ПЛАН ЗА НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ

ЦЕЛО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ СО ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ



Градоначалникот Kоце Трајановски вчера ја презентира мапата на велосипедски патеки во Скопје, на која се означени постојните и новопланираните патеки што ќе се градат во наредните три години. Акцискиот план 2014-2017 година е изготвен и тој ќе биде еден од главните приоритети на Градот Скопје како проект со кој ќе се подига свеста кај граѓаните за користење на велосипедот како превозно средство, рече Трајановски вчера на настанот во средното училиште „Боро Петрушевски“, кој е дел од Деновите на енергетска ефикасност од 25 до 27 ноември.

Засега е превоз за 1,4 отсто скопјани

Ако се реализираат зацртаните патеки на мапата, може да се очекува дека во 2017 година секој скопјанец ќе стаса безбедно од еден до друг крај на градот со велосипед бидејќи со велопатеки ќе се поврзат сите населби. Според сообраќајната студија на Градот изготвена годинава, 30 отсто од патувањата во главниот град се одвиваат со јавен превоз, а само 1,4 отсто со велосипеди. Останатите возат автомобили.

- Градот има изградено велосипедски патеки во должина од 60 километри по главните сообраќајници и околу 20 километри на двете страни од кејот на реката Вардар. По завршувањето на планираните сообраќајни решенија во 2017 година, граѓаните ќе можат непречено возејќи велосипед да стигнат до која сакат дестинација во градот - порача скопскиот градоначалник.

Од она што досега го образложија градските власти, а е во согласност со Акцискиот план за велосипедски патеки, предвидени се низа активности: онаму каде што постојат патеки ќе се поправаат и санираат, а онаму каде што нема, ќе се градат. Пешачките и велосипедските патеки ќе се разделат, поточно ќе се обележат со боја. Ќе бидат опфатени големите булевари затоа што градската власт е надлежна за нив, а сервисните споредни улици, на кои нема вакви патеки, се во надлежност на скопските општини. Планирано е да се отстранат и да се преместат сите пречки на патеките, како што се сообраќајните знаци, патоказите, билбордите и автобуските постојки. Идејата на градоначалникот Трајановски, како што и самиот посочува, е навиките на скопјани да се менуваат, а од метрополата да се создаде град во кој секој ќе посака да се качи на велосипед. Доколку оваа мисија успее, новите навики на граѓаните ќе влијаат позитивно и за помало аерозагадување.

Полнење мобилен со велосипед

Во средното училиште „Боро Петрушевски“, во рамките на Денови на енергетската ефикасност, вчера се одржа и презентацијата на средношколскиот проект за динамо-велосипеди со кои се полнат мобилни телефони, а беа презентирани и други средношколки проекти поврзани со енергетска ефикасност.

Градоначалникот Трајановски потсети како во изминатиот период градската власт работела на заштеда на енергијата, при што се заменети над 95 отсто од уличните светилки со штедливи. Извршено е и економично регулирање на топлинските станици речиси во сите објекти кои се под надлежност на Град Скопје.

- Исто така, гасифицирани се две средни училишта, а во тек е изведбата за гасификација на уште две училишта. Заменети се старите прозорци со нови ПВЦ-прозорци, речиси во сите средни училишта. Направена е целосна реконструкција на фасадата и на покривот на средното училиште „Јосип Броз Тито“ - информира Трајановски, додавајќи дека Скопје може да се пофали дека е еден од првите градови во Југоисточна Европа со централно регулирање на сообраќајот и со 100 отсто нови автобуси.

Во рамките на Деновите на енергетска ефикасност денеска во Младинскиот културен центар се закажани проекции на едукативни филмови за граѓаните, директорите на училиштата, културните институции и професори кои работат на тематика на заштита на природата и енергетска ефикасност. Утре свечено ќе биде пуштена реконструираната фасада на „Јосип Броз Тито“, која е целосно обновена со кофинансирање со УНДП.

http://dnevnik.mk/?ItemID=C5F9EE421695E944939AF3332AB97A87
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 26-Nov-2014 at 00:34




Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 26-Nov-2014 at 10:30
Јас ги видов овие убаво испечатени флаери и брошури на Град Скопје, ама ќе мора да напоменам дека од идеја до реализација често има гоооолеми разлики кај нас.

Прво, ќе треба да се реконструираат и обележат постоечките велосипедски патеки, за ова веќе сме зборувале наназад барем една до две години. При реконструкцијата, многу е важно да се постават високи рабници меѓу улицата и патеката, за да не се паркираат автомобили.

Второ, при изведбата на овие нови патеки не е битно само да се рече дека ги има, како што е со случајот со проширувањето на булевар „Илинден“, туку навистина да бидат одвоени од пешачките патеки, да нема бандери, билборди, станици и што ли уште не пред нив и да бидат доволно широки за да се разминат барем два велосипеди.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 49>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.