build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Брза железница Будимпешта-Белград-Скопје-Солун

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Брза железница Будимпешта-Белград-Скопје-Солун
    Posted: 17-Dec-2014 at 14:28
Кина, Србија, Македонија и Унгарија потпишаа договор за брза железница
Премиерите на Кина, Србија, Македонија и Унгарија во средата во Белград потпишаа договорот за изградба на брза железничка линија, а според нив тоа е во корист за сите земји од централна и источна Европа и доаѓа како поддршка на соработката меѓу Европската унија и Кина, пренесуваат српските медиуми.



Кинескиот премиер Ли Кечијанг, по потпишувањето на двата договори за соработка помеѓу српските и унгарските железници, како и помеѓу царинските агенции изјави дека оваа врска ќе придонесе за развој на Србија и на Унгарија. Тоа ќе биде во корист не само на луѓето од овие две земји, но и на другите држави, рече додал Кечијанг.



Кинескиот премиер истакна дека ЕУ е најголемиот трговски партнер на Пекинг и дека очекува зголемување на стоковата размена меѓу двете страни. Според него, овој железнички транспортен коридор ќе има значајна улога во таа насока, и очекува пругата да биде изградена за две години.



Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денешниот настан е голем ден за земјата, и дека тоа ќе доведе до поголема поврзаност меѓу Србија, Унгарија и Македонија.



На овој начин патувањето ќе се скрати од 8 на 2 часа и 30 минути, и ова ќе им овозможи на луѓето да се движат многу побрзо отколку по автопатот, посочи Вучиќ, ветувајќи дека ќе стори сé што е можно за проектот да започне и заврши според предвидените рокови.



Македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека овој проект е исклучително важен за регионот, Европа и Кина, а според него тој ќе го промени развојот на работите и ќе им овозможи на земјите преку побрза стоковата размена да одат напред.



Унгарскиот премиер Виктор Орбан потенцирал дека тоа е среќен ден за неговата татковина, кој и дава на Унгарија можност да ја „позитивно да ја искористи својата географска положба"./крај/мф/бс
http://makfax.com.mk/ekonomija/makedonija/kina-srbija-makedonija-i-ungarija-potpisaa-dogovor-za-brza-zeleznica

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Dec-2014 at 14:29
Ако е за верување на збровите на српскиот премиер просечна брзина на движење од Белград до Будимпешта би била околу 160 километри на час со оглед на застанувањата на границата и верувам на некој меѓу станици очигледно е дека максималната брзина би требала да биде повисока. Сепак ништо чудно човекот да направил проста пресметка дека по цела траса од Белград до Будимпешта возот би се движел со максимална брзина и така добил два часа и 40 минути.
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Dec-2014 at 15:33
Српскиот премиер е како нашите државници. Пресметките се секогаш теоретски и во реалност неприменливи. Од Белград до Будимпешта, нема да биде сигурно ни 3 саата, туку повеќе. Ме потсеќа на муабетот од Скопје до Штип за пола саат.

Во секој случај ова е позитивна вест и се надевам дека сите страни ќе бидат доволно сериозни да го завршат нивниот дел.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Dec-2014 at 17:12
И колку бргу би се стигало од Скопје до Белград? Со која брзина?

За мене лично се што е над 120 (автопат) е брзо за воз за наши услови. И да се стига до Белград за 5 часа.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Dec-2014 at 18:23
Од друга страна веројатно овој проект ќе го закопа засекогаш проектот за канал Дунав Морава Вардар
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Dec-2014 at 18:42
За Македонија најдобро би било таа пруга да поминува Куманово-Св.Николе-Штип-Радовиш-Струмица-Гевгелија. Ама пусти страв...
Од чаламот си патиме!
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 740
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Dec-2014 at 19:16
ne mozeme nie da birame kade ke pominuva prugata, ke pominuva tamu kade sto sakaat kinezite. Taa pruga im treba da ja prenesuvaat svojata stoka od Pirej do Evropa. Ne veruvamd eka ke bidat tolkavi brzini, toa pretezno ke bide za transportni vozovi, gajle im e niv za potrebite na nasite drzavicki. Ako ne vi se veruva, poglednete kako gradat infrastruktura po Afrika i kolku korist imaat zitelite tamu
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Dec-2014 at 19:45
А бе, како сакаат Кинезите, така е. Тие сакаат што побрзо да се оспособи пруга преку Балкан за да ја шиткаат својата стока од Грчките пристаништа во Европа. А најбрзо е преку реконструкција на веќепостоечката.
Ние од тоа имаме само уште еден кредит и ништо повеќе.

Гевгелија-Струмица-Радовиш-Штип-Св.Николе-Куманово би била шанса за развивање на тој регион. Затоа што нема сериозна индустрија без пруга. Нема никому да му падне круната ако праша и за таа можност. За тоа се такви самити, да се преговара, договара... А, разликата во должината е смешна.

Од чаламот си патиме!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Dec-2014 at 22:26
B92: Evo kuda će proći brza pruga
IZVOR: B92
Beograd -- Četiri premijera i jedan zajednički interes – modernizovana pruga koja će povezati naš region.



Prema dokumentima do kojih je došao B92, plan pruge koja će povezati Budimpeštu i Atinu već je završen.

Prva faza izgradnje biće modernizacija kraka od Budimpešte do Beograda, a buduća brza pruga trebalo bi da nastavi preko Niša ka Skoplju. Grčki deo pruge obuhvata dva velika lučka centra – Solun a zatim i Atinu.

Sporazumi o saradnji mađarske i srpske železnice trebalo bi da omoguće realizaciju prvog dela velikog projekta – modernizaciju pruge od Budimpešte do Beograda. Premijer Kine, koja je spremna da uloži u ovaj projekat, očekuje da će pruga biti završena za dve godine.

“Pruga će doprineti razvoju i Srbije i Mađarske, služiti na dobrobit ljudi koji u njima žive i u interesu je te dve zemlje, Kine, ali i drugih zemalja. Podstaći će ekonomiju i doneti korist i Kini i zemljama Evrope. EU je najveći trgovinski partner Kine i potrebno je da se povećaju dalji privredni odnosi, a ova pruga će u tome odigrati značajnu ulogu”, rekao je premijer Kine Li Kećijang.

Srbija obećava maksimalnu brzinu u projektovanju i gradnji pruge kako bi do juna 2017. godine delovi te deonice zaživeli.

“Neće služiti samo za neuporedivo brži prevoz putnika već i za neuporedivo brži prevoz robe. Kad govorimo o prevozu putnika, put od Budimpešte prosečno traje železnicom 8 sati i 9 minuta biće skraćen na 2 sata i 40 minuta što , i najbrže da vozite našim auto-putevima, ne možete da stignete. Toliko o pogodnostima za obične ljude. O razvoju i napretku naših ekonomija da ne govorim jer svako veliko infrastrukturno ulaganje donosi novi posao, nova radna mesta za ljude”, rekao je premijer Srbija Aleksandar Vučić.

Zadovoljan je i premijer Viktor Orban jer je, kako kaže, Mađarska u poziciji da iskoristi svoju "pozitivnu geografsku lokaciju".

“Mađarska je dosad zbog svog geografskog položaja bila mesto gde su razne vojske marširale, a sad se sve kreće u drugom pravcu. Mađarska sad može da ima korist od tog svog geografskog položaja. Pruga će imati veliki značaj za zemlje centralne i istočne Evrope, a uspeli smo i da pokažemo kako će EU i Kina iskoristiti prednosti koje imaju u saradnji u sledećim decenijama”.

Prema ranijim procenama, izgradnja brze pruge Beograd-Budimpešta na trasi Koridora 10 koštaće između milijardu i po i dve milijarde evra.

U prilogu je zvanična karta projekta "Brze pruge Budimpešta-Beograd-Skoplje"

http://www.b92.net/biz/vesti/srbija.php?yyyy=2014&mm=12&dd=17&nav_id=937482
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 530
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-Dec-2014 at 00:28
Коja година се предвидува завршуване на целата пруга от унгарската граница до македонската граница и каква е вкупната должина?
Друго интересно прашане е дали Србиja има возови,кои можат да се движат со 160 км/ч?

Edited by ink - 18-Dec-2014 at 00:29
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Dec-2014 at 01:09
Тоа све ќе биди кинеско,а и од нив зависи дали и за колку време ќе се гради
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 759
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Dec-2014 at 01:10
Originally posted by ink

...Друго интересно прашане е дали Србиja има возови,кои можат да се движат со 160 км/ч?

Можна варијанта е да Кинезите донесат и брзи локомотиви за влеча на „нивните„ композиции по оваа пруга.
Локомотивите би можеле да бидат вклучени во сообраќај како дел на Железниците на Србија или
ставени под управа на некоја самостојна железничко-транспортна компанија (која би се отворила за таа намена).
Друга варијанта е со меѓудржавен договор да се регулира локомотива на друга држава (MAV на пр.)
да ги влече композициите преку територијата на Србија.

За вагони е полесно, оние со мали максимални брзини полека ама сигурно исчезнуваат...
.
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Dec-2014 at 10:23
Македонија најпрво ќе треба да увиди што Кина бара од неа, Србија и Грција. Пругата јужно од Белград ќе бара многу поголем буџет, ако се земе специфичниот географски терен низ кој треба да минува. Проектот може да се реализира со давање кредит, со финансиска соработка меѓу Кина и секоја од овие земји или пак со целосно давање под концесија на кинескиот партнер на трасата. Кој од овие модели да се одбере, Македонија нема да згреши.

Ако треба да се бира помеѓу прерано земените кредити за автопатите кон Охрид и Штип и оваа брза пруга, тогаш јас сигурно би го избрал второво. Ефектите за нашата земја ќе бидат огромни, ова е практично американскиот Трансјадрански гасовод или рускиот Јужен тек за Кина. Оттука, ми се чини дека брзата пруга нема алтернатива.

Не смееме да заборавиме на погледот пошироко. Бугарија и Романија засилено го градат железничкиот Коридор 4. Товарниот и патничкиот сообраќај полека ќе се префрла кон оваа траса, заобиколувајќи ги земјите од Западен Балкан. Едноставно кажано, во моментов за да мине низ Македонија, патниците и стоката мора да излезат од ЕУ во Хрватска и Унгарија, па да минат една граница, за повторно да влезат во Грција или да продолжат кон Турција. Тоа е преголемо малтретирање поради кое Коридорот 10 би станал неатрактивен.

Оттука, единствен спас за некакво меѓународно позиционирање на нашата земја е токму вклучување во кинескиот план за изградбата на брзата пруга. Се друго ќе значи натамошно стратешко изолирање на Македонија во нов Авганистан на Балканот.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Dec-2014 at 12:44
Зошто мислиш дека кредитите за автопатите се прерано земени и зошто би се бирало меѓу тоа и потенцијален нов кредит за брзата железница?
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Dec-2014 at 13:27
Originally posted by kultuzin

Од друга страна веројатно овој проект ќе го закопа засекогаш проектот за канал Дунав Морава Вардар


Не се согласувам. Напротив!

Фактички, нова пруга е еден од предусловите да се напредува и со Вардарска долина, но и каналот што би одел кон Дунав.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Dec-2014 at 14:23
Originally posted by ebivetre

Originally posted by kultuzin

Од друга страна веројатно овој проект ќе го закопа засекогаш проектот за канал Дунав Морава Вардар


Не се согласувам. Напротив!

Фактички, нова пруга е еден од предусловите да се напредува и со Вардарска долина, но и каналот што би одел кон Дунав.


Ако може да објасниш зошто би бил потребен каналот во услови кога на истата траса евентуално би имало брза железница?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Dec-2014 at 16:33
Originally posted by Navigator

Зошто мислиш дека кредитите за автопатите се прерано земени и зошто би се бирало меѓу тоа и потенцијален нов кредит за брзата железница?


Види каде завршува македонската страна од автопатот на Коридор 8, а каде почнува автопатот од албанска страна. Има промашај од едно 40-тина километри! Е токму тој ќе не чини уште дополнителни пола милијарда евра, и тоа минимум половина милијарда евра.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Dec-2014 at 17:02
Originally posted by BOJAN

Originally posted by Navigator

Зошто мислиш дека кредитите за автопатите се прерано земени и зошто би се бирало меѓу тоа и потенцијален нов кредит за брзата железница?


Види каде завршува македонската страна од автопатот на Коридор 8, а каде почнува автопатот од албанска страна. Има промашај од едно 40-тина километри! Е токму тој ќе не чини уште дополнителни пола милијарда евра, и тоа минимум половина милијарда евра.
Знам каде завршува нашата страна на коридорот, каде што треба да завршува, на Ќафасан. И колку што гледам, натака оди градењето на автопатот од наша страна. Не знам дали си ги помешал работите или нешто друго сакаш да кажеш...
И повторно не разбирам зошто би се бирало меѓу кредитот за автопатот и евентуално кредит за брза железница.

Edited by Navigator - 18-Dec-2014 at 17:03
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Dec-2014 at 18:44
Originally posted by Navigator

Originally posted by BOJAN

Originally posted by Navigator

Зошто мислиш дека кредитите за автопатите се прерано земени и зошто би се бирало меѓу тоа и потенцијален нов кредит за брзата железница?


Види каде завршува македонската страна од автопатот на Коридор 8, а каде почнува автопатот од албанска страна. Има промашај од едно 40-тина километри! Е токму тој ќе не чини уште дополнителни пола милијарда евра, и тоа минимум половина милијарда евра.
Знам каде завршува нашата страна на коридорот, каде што треба да завршува, на Ќафасан. И колку што гледам, натака оди градењето на автопатот од наша страна. Не знам дали си ги помешал работите или нешто друго сакаш да кажеш...
И повторно не разбирам зошто би се бирало меѓу кредитот за автопатот и евентуално кредит за брза железница.


Па токму во тоа е проблемот. Ние со години не се слушаме со Албанија, која јасно стави до знаење дека автопатот ќе завршува кај Дебар. Албанија нема да гради автопат до Ќафасан, а веќе доби и кредит од Кина за да го гради автопатот од Елбасан до границата кај Дебар. И што правиме сега ние?
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Dec-2014 at 20:28
Да те поправам BOJAN Албанија ќе гради автопат од Тирана до Дебар, не од Елбасан. За мене позгражувачки од градењето на Кичево-Охрид е земениот кредит од Требеништа до Струга. Тој автопат од 15-тина километри беше предвиден заради коридор 8. Струга ќе преживее и без тој автопат, за кој би се фрлиле непотребни пари според мене. Тие пари може да се реинвестираат кон Дебар, ако веќе така е тргната работата. Инаку мислам дека не може да се споредуваат развивањето на коридор автопатски и развивањето на коридор 10 железнички. И двата треба да се приоритет ако државава сака развој и нормално да не остане слепо црево како што е сега Босна.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.