build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4243444546 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #861 Posted: 20-Mar-2015 at 18:36
Чаушеску Николае може вода да му носи на Груевски Николае. Овој вториот е спремен на работи за кои граѓаноте како Навигатор не се свесни на што се се спремни ваквиот тип на изобличени личности.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #862 Posted: 20-Mar-2015 at 18:42
Што се обеспокојувате? Зарем не гледате дека човекот сака да си го оправда следувањето од бајат сендвич и сок со сомнителен квалитет?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #863 Posted: 20-Mar-2015 at 19:19
Самиот наслов на „Дневник“ просто ме вџаси. Па зарем истиот наслов не може ние граѓаните на Скопје да им го поставиме на властите за секој проект со кој го нагрдија центарот на градот, зарем не можеме ние да ги прашаме сите дали треба или не треба да се менува нечиј објект. Многу идиотска реченица поставена во вид на прашање на насловна страница на дневен весник, која никако не стои таму, односно можеше да стои многу пати досега за сите проекти кои тие си ги остварија, а нас не ни прашаа.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #864 Posted: 20-Mar-2015 at 19:35
Originally posted by BOJAN

Navigator, дајте бе чисто да дефинираме што е тоа „диктатор“. Тоа е личност, која има моќ во себе, за да диктира - да дава наредби! за севкупните случувања во едно општество. Е сега, ако оваа дефиниција би ја пресликале на најавениот „барок“ на ГТЦ, тоа би било вака: на Николае во една недонаспана ноќ му текнало дека ГТЦ не му се допаѓа. Има фрустрации од сето она што е изградено во периодот на постземјотресно Скопје. И се јавува Николае на директорот на ГТЦ за да раздрма работата малку со идејни решенија, проекти и сл. За професионалните афинитети на раководниот кадар на ГТЦ е доволно да се наведе дека тој е најблизок партиски соработник на Амди Бајрам. Е сега, кога сето тоа е завршено, доаѓа Чаушот и тој го доставува веќе изработеното идејно решение на Конкурсот. Притоа, ние не чувме ниту збор од Чаушот како образложение за тоа како е подготвен архитектонскиот труд, од која идеја тој се раководел, која е неговата замисла, каков е неговиот придонес во развојот на идниот јавен простор во центарот итн, итн. Е сега кога ќе го видиме овој магичен круг, може да дојдеме до констатацијата зошто Николае е нарекуван Николае. Си има свој пандан од комунистичка Романија!

Не се прави попаметен од тоа што си и не создавај дефиниции. Тие постојат, само треба да ги прочиташ. Меѓутоа немам намера сега и со тебе да ги дефинирам состојбите или да правам профили на личности, затоа што нема поента. Со тебе или со луѓето што искоментирале после тебе едноставно нема конструктивна дебата. Ако некој изрази различен став, различно мислење, веднаш следи етикетирање и вреѓање. Една работа не разбирам кај вас: фрлате со дрва и камења по власта затоа што ги дели луѓето на патриоти и предавници (за што се сложувам), а го правите истото со неистомислениците. Во што сте подобри, не можам да разберам...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #865 Posted: 20-Mar-2015 at 20:05

Navigator, сакаш конструктивна дебата? Нема проблем. Дали мислиш дека главниот плоштад на главниот град на една држава треба да се накити со панаѓурски и циркуски реквизити?

Местото на карусели, ролеркостери, панорамски тркала, сплавови, рингишпили и сл., никако не им е на плоштад, туку во паркови (градски, зоолошки, ботанички, забавни...). Сите овие скаламерии можеа да се направат или монтираат покрај Арената Филип Втори, во паркот до Сарај, во парковите во Ново Лисиче. Зарем малку место има таму?

Дали мислиш дека човек кој плоштадот на главниот град на сопствената држава ќе го направи чергарски панаѓур кој ќе служи за потсмев, е зрела, одговорна и стабилна личност?

Каков е човекот кој ќе дозволи симболот на градот Скопје - Камениот Мост да биде засолнат од некакви квази-мовчиња и кичерајски галии?

Каков патриот е човекот кој ќе дозволи јарболот на една галија(еуфемизам за еб*рник и збиралиште на „контроверзни бизнисмени“ и куртизани)да биде повисок и тоа повеќе од дупло, од споменикот на Александар Македонски, кој патем и не се вика така, туку се вика „Воин на коњ“?

Каков патриот е човекот кој дозволил истите овие галии да го попречуваат погледот од кејот покрај ГТЦ кон Народниот Театар, Музејот на ВМРО и Археолошкиот Музеј?

Edited by phenomenon - 20-Mar-2015 at 20:53
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #866 Posted: 20-Mar-2015 at 20:14
Луѓе,ај малку потрезвено да се однесуваме.Овде ситуацијата е чиста и кристална.Градоначалникот се противи на реконструкција на ГТЦ во барок стил,распиша референдум и ете му шанса.Ако издејствува доволна излезност,Грујо ќе биди сардисан во ќош и дефакто засрамен.

А ако излезноста биди едвај 30-40%,андреј нема што да се лути на власта.Малку си е сам крив што освен една боемска улица ништо друго ненаправи.Центарци без оглед на тоа кој е власт,секогаш знаеле правилно да ја оценат состојбата.

Немојте да мислите дека Грујо можи со сила да дејствува на повеќе од 2-3% од центарци.Прегласувањето на вториот круг тоа многу добро го докажа.

Ете му шанса да се покажи кој е `главна фаца` У центар
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #867 Posted: 21-Mar-2015 at 14:14
Originally posted by phenomenon

Navigator, сакаш конструктивна дебата? Нема проблем. Дали мислиш дека главниот плоштад на главниот град на една држава треба да се накити со панаѓурски и циркуски реквизити?

Местото на карусели, ролеркостери, панорамски тркала, сплавови, рингишпили и сл., никако не им е на плоштад, туку во паркови (градски, зоолошки, ботанички, забавни...). Сите овие скаламерии можеа да се направат или монтираат покрај Арената Филип Втори, во паркот до Сарај, во парковите во Ново Лисиче. Зарем малку место има таму?

Дали мислиш дека човек кој плоштадот на главниот град на сопствената држава ќе го направи чергарски панаѓур кој ќе служи за потсмев, е зрела, одговорна и стабилна личност?

Каков е човекот кој ќе дозволи симболот на градот Скопје - Камениот Мост да биде засолнат од некакви квази-мовчиња и кичерајски галии?

Каков патриот е човекот кој ќе дозволи јарболот на една галија(еуфемизам за еб*рник и збиралиште на „контроверзни бизнисмени“ и куртизани)да биде повисок и тоа повеќе од дупло, од споменикот на Александар Македонски, кој патем и не се вика така, туку се вика „Воин на коњ“?

Каков патриот е човекот кој дозволил истите овие галии да го попречуваат погледот од кејот покрај ГТЦ кон Народниот Театар, Музејот на ВМРО и Археолошкиот Музеј?

Бараш конструктивна дебата откако истрча да ме профилираш како некаков партиски полтрон? Доцна другар, не дебатирам со такви како тебе. И само колку да знаеш, не се сложувам комплетно со новиот изглед на плоштадот и градот во целина. Не се сложувам ГТЦ да биде во барок, но се сложувам дека му треба темелна реконструкција, концептуална. Не се сложувам дека само Скопје треба да се шминка и културно да се збогатува, туку тоа треба да биде насекаде низ државата. Но во исто време, не се палам како тебе и не истрчувам да ја споделам на секоја шпекулација што се однесува на оние "лошите". Јас не ги делам луѓето во Македонија на патриоти и предавници, на окупатори и ослободители, на фашисти и комуњари. Јас ги делам и ги ценам на оние што си ја сакаат државата, ја промовираат во убаво светло и се борат да направат нешто подобро и тие што го прават спротивното.
Ова колку само да пробаш да сфатиш дека постои нешто поразлично од крајностите во кои си заглавен, нешто поразлично од црно и бело, од ВМРО и СДСМ.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #868 Posted: 21-Mar-2015 at 15:15

Темелна и концептуална реконструкција на ГТЦ подразбира дека никако не смее да се занемари фактот дека ГТЦ, освен што е трговски центар, претставува и многу битен пешачки коридор.

Што ќе биде ако се затвори ГТЦ? Оние што доаѓаат од источната страна на градот, како и на оние што доаѓаат од Источна и Јужна Македонија од Транспортниот Центар, доколку сакаат да дојдат до плоштадот, ќе им биде оставен еден тунел со широчина од пет метри помеѓу летните бавчи на кафулињата од ГТЦ и кејот на Вардар, низ кој ќе минуваат преку искршени плочки.

Значи, уште во старт тие се демотивираат да доаѓаат и на плоштадот и во ГТЦ. Наместо тоа многу поедноставно им е да отидат до Џамбо Веро, Сити Мол, ТЦ Бисер и Капитол Мол, кои се наоѓаат на главните булевари и во непосредна близина на автобуските постојки.

ГТЦ во барок нема да привлече ниту повеќе купувачи, ниту повеќе продавачи. Кој не верува, пред очи му е ТЦ Соравија, на која не ѝ вредеше ништо тоа што беше новоизградена.

Дали оние што ја промовираат идејата за затворен ГТЦ во барок, сакаат и овој трговски да ја доживее судбината на ТЦ Соравија?

Edited by phenomenon - 21-Mar-2015 at 15:16
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #869 Posted: 21-Mar-2015 at 16:56

Кога си толку гласен за “кичот“ во Скопје зошто од друга страна не си толку гласен за турската касаба, т.е. паланка наречена Куманово? Зарем не си го гледаш твојот град на што личи кога ќе дојде некој од страна и тоа град од 100.000 жители? Зошто наместо да си ја трошите енергијата во своите родни градови и да се борите Вие да живеете поубаво и почисто се сконцентрирате на тоа како Скопје било кичесто?

Дали властите на СДСМ во Куманово сносат некаква политичка и законодавна одговорност за урбаниот неред што владее во таа општина со децении? Пола од градот ви се неурбанизирани населби дивоградби коишто имале статус на село до пред некоја година.

Живеете во независна Македонија дури 25 години, а плоштадот сеуште ви се вика “Маршал Тито“ ако не се лажам

Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #870 Posted: 21-Mar-2015 at 17:06
Originally posted by Kid_A

Со дел од твојот муабет се сложувам.

Но муабетот што го правиш за неурбанизирани диви населби, погледни го "урбанизираното" Дебар Маало. Ќе го видиме истото во Маџир Маало за 5-10 години. Да не правиме муабет за населбата, како и да се вика, позади УКИМ, Чаир итн...

И на крајот на краиштата, зошто па да не се вика плоштадот "Маршал Тито"?
Да го прекрстиме во Тодор Александров заради хировите на некој кретен?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #871 Posted: 21-Mar-2015 at 17:35
Originally posted by Kid_A

Кога си толку гласен за “кичот“ во Скопје зошто од друга страна не си толку гласен за турската касаба, т.е. паланка наречена Куманово? Зарем не си го гледаш твојот град на што личи кога ќе дојде некој од страна и тоа град од 100.000 жители? Зошто наместо да си ја трошите енергијата во своите родни градови и да се борите Вие да живеете поубаво и почисто се сконцентрирате на тоа како Скопје било кичесто?

Дали властите на СДСМ во Куманово сносат некаква политичка и законодавна одговорност за урбаниот неред што владее во таа општина со децении? Пола од градот ви се неурбанизирани населби дивоградби коишто имале статус на село до пред некоја година.

Живеете во независна Македонија дури 25 години, а плоштадот сеуште ви се вика “Маршал Тито“ ако не се лажам

Се лажеш. И тоа како сум гласен, но нема кој да ме слушне. Бидејќи само човек се разбира од збор, а животно - се знае!

Повели, прочитај ги моите постови:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1698

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=611&PN=5

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=998&OB=DESC

Eдниот плоштад се вика „Маршал Тито“, а другиот се вика „Нова Југославија“.

Edited by phenomenon - 21-Mar-2015 at 17:45
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #872 Posted: 21-Mar-2015 at 17:55
Originally posted by Kid_A

Кога си толку гласен за “кичот“ во Скопје зошто од друга страна не си толку гласен за турската касаба, т.е. паланка наречена Куманово? Зарем не си го гледаш твојот град на што личи кога ќе дојде некој од страна и тоа град од 100.000 жители? Зошто наместо да си ја трошите енергијата во своите родни градови и да се борите Вие да живеете поубаво и почисто се сконцентрирате на тоа како Скопје било кичесто?

Дали властите на СДСМ во Куманово сносат некаква политичка и законодавна одговорност за урбаниот неред што владее во таа општина со децении? Пола од градот ви се неурбанизирани населби дивоградби коишто имале статус на село до пред некоја година.

Живеете во независна Македонија дури 25 години, а плоштадот сеуште ви се вика “Маршал Тито“ ако не се лажам

А каква врска има тоа што сеуште се вика Јосип Броз Тито?
Зошто да не се вика сеуште така и зошто треба да се смени? Дали само затоа што веќе Југославија не постои?
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #873 Posted: 21-Mar-2015 at 22:13
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Kid_A

Кога си толку гласен за “кичот“ во Скопје зошто од друга страна не си толку гласен за турската касаба, т.е. паланка наречена Куманово? Зарем не си го гледаш твојот град на што личи кога ќе дојде некој од страна и тоа град од 100.000 жители? Зошто наместо да си ја трошите енергијата во своите родни градови и да се борите Вие да живеете поубаво и почисто се сконцентрирате на тоа како Скопје било кичесто?

Дали властите на СДСМ во Куманово сносат некаква политичка и законодавна одговорност за урбаниот неред што владее во таа општина со децении? Пола од градот ви се неурбанизирани населби дивоградби коишто имале статус на село до пред некоја година.

Живеете во независна Македонија дури 25 години, а плоштадот сеуште ви се вика “Маршал Тито“ ако не се лажам

Се лажеш. И тоа како сум гласен, но нема кој да ме слушне. Бидејќи само човек се разбира од збор, а животно - се знае!

Повели, прочитај ги моите постови:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1698

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=611&PN=5

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=998&OB=DESC

Eдниот плоштад се вика „Маршал Тито“, а другиот се вика „Нова Југославија“.

Ок, не сум ги прочитал твоите постови. Моја грешка.

Немам ништо лично против Куманово или било кој град, но тој е мој впечаток, а и на повеќето тука што го посетиле тој град. Со еден збор-срамно!

Толку е уништен градот на секаков можен начин што не верувам дека некогаш може да се оправи.

Знаеш, архитектурата и начинот на кој се гради многу кажува каков народ живее во тој град/село. Познавам повеќе кумановци и многу ми е одбивен тој нивен локал патриотизам небаре станува збор за Парижани. Прво треба да имаат позадина, па да имаат таков стил на однесување.

Имавте историска шанса на последните избори државата да фрли милиони и милиони евра инвестиции во тој крај, затоа што ќе фрлеа за да се покажат на прво владеење, но како што и некој друг спомна поважно им е Врање, Лесковац, дали во БеОград паѓа дожд, Црвена Ѕвезда, Партизан, а не иднината на своите деца.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #874 Posted: 21-Mar-2015 at 22:15
Originally posted by Svarog

Originally posted by Kid_A

Кога си толку гласен за “кичот“ во Скопје зошто од друга страна не си толку гласен за турската касаба, т.е. паланка наречена Куманово? Зарем не си го гледаш твојот град на што личи кога ќе дојде некој од страна и тоа град од 100.000 жители? Зошто наместо да си ја трошите енергијата во своите родни градови и да се борите Вие да живеете поубаво и почисто се сконцентрирате на тоа како Скопје било кичесто?

Дали властите на СДСМ во Куманово сносат некаква политичка и законодавна одговорност за урбаниот неред што владее во таа општина со децении? Пола од градот ви се неурбанизирани населби дивоградби коишто имале статус на село до пред некоја година.

Живеете во независна Македонија дури 25 години, а плоштадот сеуште ви се вика “Маршал Тито“ ако не се лажам

А каква врска има тоа што сеуште се вика Јосип Броз Тито?
Зошто да не се вика сеуште така и зошто треба да се смени? Дали само затоа што веќе Југославија не постои?

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=611&PN=5

Постот на @Шах многу ќе ти објасни зошто е тоа така и после 25 години, а можеби не заслужуваат повеќе.

Колку што на тие од Врање и Лесковац им чуе за Куманово и Скопје толку и мене ми чуе за нив.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #875 Posted: 21-Mar-2015 at 22:18
не знам од што сум повеќе навреден, од тоа што за едноставна стручна работа како промена на фасада, ќе се гласа на банални референдуми, или од тоа што јас како жител на СКопје, не би имал право да гласам...

...како и да е, тоа што не ми е јасно е, зошто е толку тешко да се отсташи од барем еден, од стотици проекти кои се дозволи да се остварат или да бидат во фаза на изработка? ...не ми е јасно што се чудите зошто се употребуваат термини како диктатура, кога никој не сака ни малку да се обиде да ислуша одредена група на граѓани, за барем една работа
политика на страна, очигледно е дека многу луѓе го сакаат и го користат ГТЦ како објект, како и да изгледа и без разлика дали им се допаѓал или не, па зошто да не се задржи барем оригиналниот концепт, ако не оригиналниот изглед?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #876 Posted: 21-Mar-2015 at 22:55
Originally posted by Kid_A

Originally posted by Svarog

Originally posted by Kid_A

Кога си толку гласен за “кичот“ во Скопје зошто од друга страна не си толку гласен за турската касаба, т.е. паланка наречена Куманово? Зарем не си го гледаш твојот град на што личи кога ќе дојде некој од страна и тоа град од 100.000 жители? Зошто наместо да си ја трошите енергијата во своите родни градови и да се борите Вие да живеете поубаво и почисто се сконцентрирате на тоа како Скопје било кичесто?

Дали властите на СДСМ во Куманово сносат некаква политичка и законодавна одговорност за урбаниот неред што владее во таа општина со децении? Пола од градот ви се неурбанизирани населби дивоградби коишто имале статус на село до пред некоја година.

Живеете во независна Македонија дури 25 години, а плоштадот сеуште ви се вика “Маршал Тито“ ако не се лажам

А каква врска има тоа што сеуште се вика Јосип Броз Тито?
Зошто да не се вика сеуште така и зошто треба да се смени? Дали само затоа што веќе Југославија не постои?

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=611&PN=5

Постот на @Шах многу ќе ти објасни зошто е тоа така и после 25 години, а можеби не заслужуваат повеќе.

Колку што на тие од Врање и Лесковац им чуе за Куманово и Скопје толку и мене ми чуе за нив.

Тито не бил Србин, Тито бил Хрват, а за твоја информација негов омилен клуб му бил Хајдук и доста и самиот вложи во овој клуб. Тито беше претседател и на Македонија како дел од Федерацијата.
Второ Тито е неразделив дел од македонската историја. Тој заедно со комунизмот беше идеал на МАКЕДОНСКИТЕ партизани во II Светска Војна.   
Тито има поголема заслуга направено за Македонија отколку Александар, Филип, Прометеј. И не гледам воопшто ни една причина зошто би се менувал плоштад со неговото име.
Сепак не треба да наседнеме на западната пропаганда која го претставувала како диктатор бидејќи и самите знаеме кој се нивните интереси.
Сепак како и да е, сигурно и ти ќе се сложиш дека неправедно се прикриваат 50 години од Македонската Историја.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #877 Posted: 21-Mar-2015 at 23:12

Ова тема не е за историја и политика така да ќе се дистанцирам, но само на ова ќе одговорам.

Не сите ПАРТИЗАНИ беа комунисти/социјалисти по убедување, не сите ПАРТИЗАНИ беа за Македонија во склоп на Југославија и многу други работи. Затоа и после се создаде Голи Оток поради тие недоразбирања.

Тито не стори ништо за Македонија, туку наши Македонци се бореа и гинеа за својата слобода, но наместо на Егеј поради идеолошка заблуда и наметнато мислење дел тргнаа Срем да го ослободуваат, но такви биле времињата. Тоа е тоа нема враќање.

Секоја власт е диктаторска сама по себе. Никој од комунистите не отиде да живее во бараки, туку на Дедиње. Никој од македонските комунисти не живееше во бараките во Влае, туку на Водно. Секоја идеологија е маска за пред народот, а позади тоа е само моќ, пари и влијание.

Мора да се согласиш дека и многу македонски борци биле класификувани како бугорафили само затоа што така на Белград одговарало, па ни ние не си ја знаеме сопствената историја. Да, точно е тоа дека меѓу тогашното ВМРО имало промакедонска и пробугарска страна, но и меѓу ПАРТИЗАНИТЕ имало промакедонска и просрпска линија, но ние некако за тие со просрпска линија многу тешко им судиме, нели?
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #878 Posted: 21-Mar-2015 at 23:48
Originally posted by Kid_A

Ова тема не е за историја и политика така да ќе се дистанцирам, но само на ова ќе одговорам.

Не сите ПАРТИЗАНИ беа комунисти/социјалисти по убедување, не сите ПАРТИЗАНИ беа за Македонија во склоп на Југославија и многу други работи. Затоа и после се создаде Голи Оток поради тие недоразбирања.

Тито не стори ништо за Македонија, туку наши Македонци се бореа и гинеа за својата слобода, но наместо на Егеј поради идеолошка заблуда и наметнато мислење дел тргнаа Срем да го ослободуваат, но такви биле времињата. Тоа е тоа нема враќање.

Секоја власт е диктаторска сама по себе. Никој од комунистите не отиде да живее во бараки, туку на Дедиње. Никој од македонските комунисти не живееше во бараките во Влае, туку на Водно. Секоја идеологија е маска за пред народот, а позади тоа е само моќ, пари и влијание.

Мора да се согласиш дека и многу македонски борци биле класификувани како бугорафили само затоа што така на Белград одговарало, па ни ние не си ја знаеме сопствената историја. Да, точно е тоа дека меѓу тогашното ВМРО имало промакедонска и пробугарска страна, но и меѓу ПАРТИЗАНИТЕ имало промакедонска и просрпска линија, но ние некако за тие со просрпска линија многу тешко им судиме, нели?

Вака:
1. 99,9 беа социјалисти/комунисти бидејќи тоа беше единствената прикладна идеологија која и гарантираше на макеонскиот народ дека ќе успее да создаде сопствена држава. Никола Карев, Јане Сандански и многу други Илинденци, што беа по идеологија!?
2. Фразата "Тито не стори ништо за Македонија, туку македонците" повеќе потекнува од ксенофобичноста на одредени структури во современото (болно) македонско општество. Навистина Тито не ја ослободи Македонија туку тоа беше дело на нашите дедовци, баби... но Тито беше единствениот што нудеше логистичка помош (Види Темпо во Македонија).
3. Со кој ресурси Македонија самостојно би тргнала кон Солун? тоа значеше нова војна со Грција.
4.Нормално е дека одреден дел од членовите на КПМ како и на Комунистичката партија на Хрватска, Словенија, на Босна, на Црна Гора живееле во Белград пред се поради тоа што биле функционери во Централната Влада на Југославија и не било изводливо секојдневни патувања од Скопје или од Љубљана до Белград бидејќи тогаш Пратениците самите си ги покривале трошоците, а не чекале државата да им ги покрие бидејќи социјалната рамноправност беше мнооогу поголема од денес.
5.Нормално е да бидат прогонуваат одредени лица кои сакаат да ја нарушат стабилноста на одредена држава. На Голи Оток заминаа и Србија, Хрвати, Словенци сите оние кои со своите активности имаат во крајна цел нарушување на синергијата во рамките на Федерацијата. Тоа е пракса во сите земји во Светот, САД, Кина... што не значи дека е оправдано.
6.И на крај, победи промакедонската, а не просрпската, зошто Македонија за прв пат во својата историја стана држава, а не остана Вардарска Бановина.

.... И без да одиме вон тема бидејќи фактите се на сите познати, а нели пред фактите и боговите молчат, пак не кажа зошто не треба да имаме барем еден плоштад со името на Јосип Броз Тито?
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #879 Posted: 21-Mar-2015 at 23:58
(улетал коментар) @ Kid-A: Не чини романтика со реалност да се меша. Границите не ги одредил Тито, туку оние тро појаките. Солун бил пишан отаде границата.

Edited by fichot - 21-Mar-2015 at 23:59
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #880 Posted: 22-Mar-2015 at 00:08
Originally posted by Svarog

Originally posted by Kid_A

Ова тема не е за историја и политика така да ќе се дистанцирам, но само на ова ќе одговорам.

Не сите ПАРТИЗАНИ беа комунисти/социјалисти по убедување, не сите ПАРТИЗАНИ беа за Македонија во склоп на Југославија и многу други работи. Затоа и после се создаде Голи Оток поради тие недоразбирања.

Тито не стори ништо за Македонија, туку наши Македонци се бореа и гинеа за својата слобода, но наместо на Егеј поради идеолошка заблуда и наметнато мислење дел тргнаа Срем да го ослободуваат, но такви биле времињата. Тоа е тоа нема враќање.

Секоја власт е диктаторска сама по себе. Никој од комунистите не отиде да живее во бараки, туку на Дедиње. Никој од македонските комунисти не живееше во бараките во Влае, туку на Водно. Секоја идеологија е маска за пред народот, а позади тоа е само моќ, пари и влијание.

Мора да се согласиш дека и многу македонски борци биле класификувани како бугорафили само затоа што така на Белград одговарало, па ни ние не си ја знаеме сопствената историја. Да, точно е тоа дека меѓу тогашното ВМРО имало промакедонска и пробугарска страна, но и меѓу ПАРТИЗАНИТЕ имало промакедонска и просрпска линија, но ние некако за тие со просрпска линија многу тешко им судиме, нели?

Вака:
1. 99,9 беа социјалисти/комунисти бидејќи тоа беше единствената прикладна идеологија која и гарантираше на макеонскиот народ дека ќе успее да создаде сопствена држава. Никола Карев, Јане Сандански и многу други Илинденци, што беа по идеологија!?
2. Фразата "Тито не стори ништо за Македонија, туку македонците" повеќе потекнува од ксенофобичноста на одредени структури во современото (болно) македонско општество. Навистина Тито не ја ослободи Македонија туку тоа беше дело на нашите дедовци, баби... но Тито беше единствениот што нудеше логистичка помош (Види Темпо во Македонија).
3. Со кој ресурси Македонија самостојно би тргнала кон Солун? тоа значеше нова војна со Грција.
4.Нормално е дека одреден дел од членовите на КПМ како и на Комунистичката партија на Хрватска, Словенија, на Босна, на Црна Гора живееле во Белград пред се поради тоа што биле функционери во Централната Влада на Југославија и не било изводливо секојдневни патувања од Скопје или од Љубљана до Белград бидејќи тогаш Пратениците самите си ги покривале трошоците, а не чекале државата да им ги покрие бидејќи социјалната рамноправност беше мнооогу поголема од денес.
5.Нормално е да бидат прогонуваат одредени лица кои сакаат да ја нарушат стабилноста на одредена држава. На Голи Оток заминаа и Србија, Хрвати, Словенци сите оние кои со своите активности имаат во крајна цел нарушување на синергијата во рамките на Федерацијата. Тоа е пракса во сите земји во Светот, САД, Кина... што не значи дека е оправдано.
6.И на крај, победи промакедонската, а не просрпската, зошто Македонија за прв пат во својата историја стана држава, а не остана Вардарска Бановина.

.... И без да одиме вон тема бидејќи фактите се на сите познати, а нели пред фактите и боговите молчат, пак не кажа зошто не треба да имаме барем еден плоштад со името на Јосип Броз Тито?

Во време кога Македонија се создаваше во Југославија скоро 98% од населението не знаеше да чита и пишува, а не пак да знае што е Маркс/Енгелс, комунизам/социјализам или било што, туку таква беше моменталната ситуација во светот.

Затоа и атеизмот не успеа во Македонија, затоа што народот беше патријахален и религиозен. Единствено нешто во Југославија што беше спроведено беше само економскиот дел од социјализмот, но не и општествено/социјалниот. Тоа е голема разлика.

И да, Југославија беше изградена од капиталистички пари, а тие земји што ја изградија така и ја растурија, а од друга страна не вратија во реалноста каде припаѓаме навистина. Ептен силна држава што за 5 дена и два инциденти на свадби се распадна ко стара куќа. Ете го братството и единството создавано вештачки.

Југославија имаше среќа што се градеше со капиталистички пари, а не со советски, па инаку ќе завршевме ко источниве пост комунистички земји со 30-40% женска популација проститутки.

Факт е дека после распадот на Југославија сите “комунисти“ станаа најголеми капиталисти и сиот државен капитал си го приватизираа за себе. Само да не набројувам од македонските. Кој од СДСМ е сиромашен, а сите се скоро деца на бивши комунисти?

Да, во Југославија владееше социјална рамноправност, но да не набројувам каква. Сите градеа куќи, ама живееја по 5 семејства во една куќа, пола од куќите направени од гастарбајтери во Германија, а да не набројувам колку Македонци има иселено за време на Југославија со невработеност од 20%. Замисли економски рај со 20% невработеност, а од друга страна непрофитабилни и превработени фабрики.

Кога е во прашање архитектурата допрва денес пола села и градови во Македонија добиваат патишта, комунална и електрична инфраструктура, а според бројот бројот на дивоградби и реципроцитет на население сме можеби на врвот во Европа.

Да не зборувам каква беше економијата во Југославија со факти и докази. Распад систем, вештачка творевина и неодржлива. Тврдам и стојам позади тоа Македонија да беше капиталистичка држава и приспособена на природните закони денес ќе бевме многу поубаво место за живеење.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4243444546 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 1.600 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.