build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5152535455 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1041 Posted: 22-Apr-2015 at 10:15
Ovoj pat go vozevme pred godina i pol i mozam da kazam deka se raduvam na ovoj cekor. Imase mesta so pogolemi ostetvanja iako mora da se kaze deka sostojbata ne bese do tolku ocajna no so ogled na toa deka ovoj pravec ima potencijal da bide dosta koristen za turisticki turi mislam deka zasluzuva edna posoliden kvalitet.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1042 Posted: 22-Apr-2015 at 10:50
Jas go vozev toj pat zimoska i tolku lošo pominav što se vraćav preku Prilep. Katastrofa e patot
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1043 Posted: 28-Apr-2015 at 18:47
Со оглед дека не можам да најдам адекватна нишка за сликиве, нека седат овде. Патен пrавец од с. Марвинци до Валандово.  Претпоставувам дека нема да бидете изненадени што сеуште во 21 век има села во Македонија кои немаат нормален асфалтиран пат.

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

13.

14.

15.


23ka.wordpress.com
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1044 Posted: 28-Apr-2015 at 19:22
Da e samo toa selo...!
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #1045 Posted: 29-Apr-2015 at 17:07
тоа сто нема одводнување е крив изведувачот, но да не го заборавиме и просечниот македонец кој си истура вода по улиците, пере све и сешто по дворовите, одводите се дирек по улици, па дури и не е со темата има случаи во атмосферска канализација диво се приклучува домашната фекална канализација. Ние сме стока, затоа државата се понаша како овчар
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1046 Posted: 12-May-2015 at 06:14
Со заштеди од претходните тендери ќе се подобруваат патиштата

Ќе се подобрува состојбата на локалните, регионалните и на магистралните патни правци со заштедените средства од земениот кредит за санација и изградба на патишта од пред неколку години. Европската банка за обнова и развој објави известување за престојните јавни набавки од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, со кои ќе се финансираат пет проекти што ќе ја унапредат безбедноста на патиштата во земјава. За овие намени е обезбеден буџет од 3,6 милиони евра.

Со европски пари ќе се рехабилитира регионалниот пат Клепач – Новаци во пелагонискиот регион, ќе се набават и постават нови сообраќајни знаци и опрема за четири национални патишта, ќе се осветлат раскрсниците на шест регионални патишта, ќе се инсталира унапреден систем за контрола на осветлувањето на македонските патишта, но ќе се вложи и во изработка на студија за дигитална архива. За сите овие проекти е предвидено да се распишат тендери од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во втората половина од 2015 година.

Европската банка за обнова и развој во изминатите години е редовен потпомагач во изградбата и реконструкцијата на македонските автопати, магистрални, регионални и во локални патишта. Оваа европска финансиска институција досега има инвестирано во 97 проекти спроведени на територијата на земјава.

http://www.build.mk/?p=44370
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1047 Posted: 28-May-2015 at 10:27
Мисајловски: Регионалниот пат Тораница-Саса ќе се гради на почетокот на 2016

Одговарајќи на пратеничко прашање, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, зборуваше за проектот за изградба на регионалниот пат Тораница-Саса, Крива Паланка-Каменица.

Мисајловски подвлече дека проектот за изградба на регионалниот пат е во должина од 19,8 километри и е во фаза на проектирање и подвлече дека на почетокот на 2016 година ќе започне да се реализира.

-Очекуваме дека до крај на јули ќе биде готов проектот. Моментално и од Светска банка се во мисија и за Тораница-Саса и за Ранковце-Крива Паланка. Очекуваме дека во септември-октомври на борд на директори ќе се разгледа и потпишување на кредит за овие две делници и согласно процедурите што ги има Светска банка се надеваме дека ќе започнеме во првата половина на 2016 со градба на оваа делница, подвлече Мисјаловски.

Министерот истакна дека ова е многу важна делница која намалува многу километри, како и дека тој лично и ги посетил во Тораница и Саса и се сретнал со градоначалникот кој го поздравува овој проект.

http://lider.mk/2015/05/27/misajlovski-regionalniot-pat-toranica-sasa-ke-zapocne-da-se-gradi-na-pocetokot-na/
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1048 Posted: 02-Jun-2015 at 16:37
Се крпат дупките на регионалниот пат М-6

Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ во соработка со општина Василево и ЈПКД „Турија“ , Василево, врши крпење на дупките на регионалниот пат М-6 – Вељуса, во делот на територијата на општина Василево.



Конкретно санирани се дупките меѓу населените места Ангелци и Градошорци, кои после обилните пролетни врнежи и зголемената фреквенција на овој регионален пат го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот. За целосно санирање на оваа делница чиј должина изнесува околу 3 км, ќе бидат потрошени околу осум тони асфалт.



Пополнувањето на дупките ќе придонесе за подобрување на состојбата во овој дел од регионалниот пат кој освен жителите на Ангелци, Градошорци и останатите соседни населени места го користат и голем број превозници за побрз пристап до соседната Струмица.





strumicadenes.mk
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1049 Posted: 02-Jun-2015 at 16:50
Овој начин на крпење на дупки треба да го промовираме како туристичка атракција. Верувам дека би било интересно за европејците во живо да видат како нивните прадедовци крпеле дупки пред првата светска војна.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1050 Posted: 17-Jun-2015 at 09:23
ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ НЕГОТИНО-КРИВОЛАК

Ќе се реконструира патот од Неготино кон неготинското село Криволак, во должина од 3 километри и со ширина од 5,5 метри. Од Општина Неготино информираа дека е почната постапката за спроведување на законските процедури кои претходат на градежните работи на терен за реконструкција и асфалтирање на овој патен правец. За оваа цел се обезбедени 22 милиони денари.

„Министерството за транспорт и врски во соработка со Општина Неготино го објави јавниот тендер за реконструкција на локалниот пат до населеното место Криволак и тоа од спојот со патот Р–107 до центарот на ова населено место. Заинтересираните можат да ги доставуваат понудите најдоцна до 22 овој месец, кога и ќе биде јавното отворање“, информираа од Општина Неготино.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=F50CBADE849CA8498800B3BBEBD84877
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1051 Posted: 24-Jun-2015 at 12:28
Започна изградбата на локалниот пат Крклино-Горно Оризари



Изградбата на локалниот пат Крклино-Горно Оризари, започна со третиот мост кој ќе биде изграден во должина од 10 метри и реконструкција на други два мостови, како и патна инфраструктура во должина од 1,5 километри. Овој проект е финансиран од Владата на Р. М, преку програмата на Светска банка во вредност од 21 милион денари.
Програмата од Светска банка содржи проекти во вредност од 1.250 илјади евра. Дел од овие проекти се веќе завршени, како што се локалниот пат с. Поешево, с.Д.Оризари – с.Трн, с.Граешница и с.Црнобуки, а има уште доста локални патишта кои ќе се прават.

http://www.porta3.mk/zapochna-izgradbata-na-lokalniot-pat-krklino-gorno-orizari/
Back to Top
alexr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Nov-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote alexr Quote  Post ReplyReply #1052 Posted: 02-Jul-2015 at 12:06
Дали има некој информација за реконструкцијата на патот Битола-Ресен до превојот Буково? Дали само ќе се реновира овој правец или пак ќе има некакво проширување? Дали ќе се гради нов пат кој би го заобиколил Ресен, наместо како до сега да треба да се врви низ Ресен? Информацијата која излезе по медиумите беше доста штура, без никакво подетално појаснување. А се прашувам зошто само до Буково, а не до крај до Охрид. Баш тој дел од Буково до Охрид е најкритичниот, тесен пат со две ленти и многу кривини.

Edited by alexr - 02-Jul-2015 at 12:08
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1053 Posted: 02-Jul-2015 at 12:08
Започнаа градежните активности за осветлување на клучки на државните патишта



Со цел да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата, но пред се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и оваа година ЈП за државни патишта го продолжува проектот за осветлување на клучките на државните патишта.

Осветлувањето на 12 клучки и раскрсници на регионални патни правци со поддршка од Светска Банка е започнато и се очекува овие активности да завршат до средината на септември оваа година.

Се работи за клучките Оризари, Истибања, Удово,Асамати,Љубојно, Македонски Брод, Пелинце,Виница, Лаквица,Росоман и клучка Карпош- Куманово. Вкупната должина на осветлен пат на овие 12 клучки изнесува 10.200 метри, а ќе бидат поставени вкупно 255 еднокраки и двокраки канделабри. Инвестицијата е во вредност од 36 милиони денари.



На клучката Карпош- Куманово на регионалниот пат Куманово – Свети Николе како и на клучката Пелинце на делницата Куманово-Пелинце градежните активности се во поодмината фаза и се работи на поставување на канделабрите, додека на клучката Пелинце е завршено со бетонирање на фундаментите за канделабрите, по што ќе се отпочне со нивно поставување.

Паралелно се започнати градежните работи и на клучките Асамати, Љубојно и   Суводол-Македонски Брод, а се планираат активности за отпочнување и на клучките Оризари, Истибања и на влезот во Виница.

http://www.porta3.mk/zapochnaa-gradezhnite-aktivnosti-za-osvetluvanje-na-kluchki-na-drzhavnite-patishta/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1054 Posted: 02-Jul-2015 at 13:34
Поразително е тоа што за поставување дваесетина столбови за осветлување по клучка потребна ни е помош од Светска банка, додека оние малку пари што ги имаме се трошат за крајно непотребни и непродуктивни проекти. Осветлените клучки можат да спасат многу животи, но очигледно тоа не е приоритетот.

Edited by Џоле - 02-Jul-2015 at 13:35
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1055 Posted: 02-Jul-2015 at 16:25
Previous
 
Веројатно сакаше да кажеш оние многу пари што ги имаме, а се трошат за крајно непотрбни и непродуктивни проекти.
 
36 милиони денари = 583.530 евра
 
Додај ги на ова и 107 милиони евра од ЕБОР за автопатот Демир Капија - Смоквица, 130 милиони евра од ЕИБ, 45 милиони евра грант од ЕУ и цели 6 милиони евра пари од буџетот на Република Македонија, и доаѓаш до бројка од неверојатни 288.58 милиони евра, кои сепак се помалку од над половина милијарда евра народни пари фрлени на идиотизмот наречен проект Скопје 2014, односно проект Македонија 2017.
 
А тие над половина милијарда евра народни пари воопшто не се малку пари.


Edited by Dexter26 - 02-Jul-2015 at 16:26
Back to Top
jalicno View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote jalicno Quote  Post ReplyReply #1056 Posted: 03-Jul-2015 at 22:15
Осветлувањето ОК,но што правиме со патот(слика погоре) кој патем е меѓународен,кој е во очајно лоша состојба.Куманово е раскрсница на двата коридора,а патиштата се во многу лоша состојба.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1057 Posted: 17-Jul-2015 at 13:53
Започна асфалтирањето на втората фаза од делницата Велес -Штип

Во тек се градежни работи на делницата Велес -Штип.Почна асфалтирањето на втората фаза од делницата.








http://faktor.mk/2015/07/17/foto-zapochna-asfaltiraneto-na-vtorata-faza-od-delnitsata-veles-shtip/
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1058 Posted: 17-Jul-2015 at 14:21
Originally posted by alexr

Дали има некој информација за реконструкцијата на патот Битола-Ресен до превојот Буково? Дали само ќе се реновира овој правец или пак ќе има некакво проширување? Дали ќе се гради нов пат кој би го заобиколил Ресен, наместо како до сега да треба да се врви низ Ресен? Информацијата која излезе по медиумите беше доста штура, без никакво подетално појаснување. А се прашувам зошто само до Буково, а не до крај до Охрид. Баш тој дел од Буково до Охрид е најкритичниот, тесен пат со две ленти и многу кривини.


Информациите беа од реконструкција до експресен пат, какво и да им е значењето на тој израз.И планот е обиколница околу Ресен (источно од градот), меѓутоа имало реакции од локалната самоуправа дека наводно ќе влијаело негативно на градот.Од штурите информации по медиуми и гласини толку.
А зошто до Буково?Веројатно од иста причина како давањето предност на делот Кичево - Охрид/Струга пред Кичево - Гостивар.

Originally posted by Џоле

Поразително е тоа што за поставување дваесетина столбови за осветлување по клучка потребна ни е помош од Светска банка, додека оние малку пари што ги имаме се трошат за крајно непотребни и непродуктивни проекти. Осветлените клучки можат да спасат многу животи, но очигледно тоа не е приоритетот.


Уште полошо е (не)светењето на секој втор столб наодредени клучки или цели делници.Клучките на влез на Охрид, Битола, Прилеп, Гостивар, обиколницата околу Скопје со сите нејзини клучки...

Edited by Тркало - 17-Jul-2015 at 14:24
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1059 Posted: 18-Jul-2015 at 01:53
Следниот месец договори за пет нови регионални патишта

Следниот месец ќе се потпишат договори за пет нови регионални правци, соопшти министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Станува збор за патиштата Дојран-Николиќ, Мокрено-Смолари, Брвеница-Чегране, Ресен-Буково и Ново Село–Маврово-Дебар. Со ова Македонија треба да добие над 70 километри нови модерни патишта.

Мисајловски инаку беше на увид во изградбата на автопатот Велес – Kадрифаково, каде што вчера почна асфалтирањето на втората фаза од овој експресен пат. Треба да биде готов до првата половина од следната година. Автопатот е долг 26 километри, а изградбата чини 15 милиони евра.

-Со овој проект ќе се раздвижи регионот и сите граѓани ќе ги почувствуваат придобивките. Експресниот пат ќе го скрати времетраењето на движењето на автомобилите, но ќе се добие навистина модерна делница – рече Мисајловски.

Инаку, реконструкцијата на оваа втора фаза е во должина од 8,9 километри, а инвестицијата изнесува 6,4 милиони евра. Првата фаза во должина од 6,3 километри и инвестиција од 1,3 милион евра е целосно завршена.


http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=9100A3EAA437584E8F7683450F7FD7B5
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1060 Posted: 20-Jul-2015 at 18:09
Delnicata Strumica-Valandovo e celosno rekonstruirana i pricinuva golemo zadovolstvo i merak za vozenje. Postavena e i nova vertikalna signalizacija. Bravo!
Ke stavam i video od poznatoto "Valandovsko Brdo".
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5152535455 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.332 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.