build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 270271272273274 329>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5421 Posted: 22-Jul-2015 at 20:14
ако се вратите неколку стотини постови наназад ќе видите дека за оваа ``пукнатина`` имаме дебатирано и од некои на форумов беше протолкувано за оставен простор за дилатации и слични движења на материјалите/

ама изгледа се заборава
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #5422 Posted: 22-Jul-2015 at 21:59
Ова никад не ни било споено, испукано беше направено, зашто така знаат, така е поевтино, и не им чуе, важно да се собере пара.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5423 Posted: 22-Jul-2015 at 22:58
еве убаво се гледа дека на сите четири агли има вакви процепи и дека се намерно оставени:

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5424 Posted: 23-Jul-2015 at 00:37
Previous
 
Несомнено намерно се направени и намерно се оставени за да се демонстрира жилавоста на Македонецот од типот "давајте уште горчина, можеме уште повеќе да изголтаме", како и за да се демонстрира издржливоста на објектот на природата и нејзините сили. Bash
 
 
Не удира гром во коприви, ниту во македонски неокласицизам, односно таканаречениот македонски барок. Crazy


Edited by Dexter26 - 23-Jul-2015 at 00:37
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5425 Posted: 26-Jul-2015 at 13:12
http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-2014-%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%BB%D1%83%D0%BF%D0%B0
 

Скопје 2014: Седум пати поскапо, три пати поголемо

 
26. јул. 15.
 
Мери Јордановска | Призма 
 
Цената на новиот изглед на Скопје, според истражувањето на БИРН, претставено преку базата на податоци „`Скопје 2014` под лупа“ и официјална документација, од првично најавените 80 милиони евра, има скокнато на над 560 милиони евра, a од првично најавените четириесетина споменици и објекти се стигнало до над 130.
 
 
Новиот изгледа на метрополата чини седум пати повеќе од првично предвиденото, а бројот на нови објекти и споменици пораснал за три пати | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

 
Од околу четириесет промовирани нови споменици, фасади, скулптури и објекти во 2010 година за проектот „Скопје 2014“, до 2015 година се изградени тројно повеќе.
 
Цената на новиот изглед на Скопје, според истражувањето на БИРН, претставено преку Базата на податоци и официјална документација, од првично најавените 80 милиони евра, има скокнато на над 560 милиони евра.
 
БИРН го спроведуваше истражувањето повеќе од осум месеци, користејќи податоци добиени според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од веб-страницата за јавни набавки, ревизорскиот извештај за „Скопје 2014“ и од отчетот на Владата, општината Центар и Министерството за култура што беше даден во 2013 година, веднаш по локалните избори.
 
Истражувањето, објавено во форма на интерактивна база на податоци „Скопје 2014 под лупа“, опфати над 130 објекти, сите финансирани од јавни пари, каде што како инвеститори се јавуваат Министерството за култура, Службата за општи и заеднички работи на Владата, општината Центар, Градот Скопје, како и неколку општини и акционерски друштва со државен капитал.
 
БИРН документира дека во градењето на грандиозниот проект учествувале повеќе од 260 правни и физички лица. Голем дел од нив се повторуваат како изведувачи, добивале повеќе тендери, граделе голем број споменици и згради , а авторите редовно биле наградувани за нивните идејни решенија, претежно обликувани во стил што во јавноста се подведува под „барок“.
 
За првпат по промовирањето на проектот „Скопје 2014“, БИРН успеа да стигне и до авторските договори со скулпторите што го изработуваа проектот „Скопје 2014“.
 
 
БИРН располага со стотици документи од најголемиот број договори склучени за грандиозниот проект Скопје 2014 | Фото: Мери Јордановска

 
Предвид беа земени сите објекти изградени последниве години кои одиграа суштинска улога во менувањето на ликот на главниот град. Дел од нив, како што се Македонската филхармонија, деловната зграда на АД ЕЛЕМ, Кривичниот суд, Палатата „Лазар Поп Трајков“ и други, сè уште не се доизградени, а за дел има избрано само идејни решенија, што води кон заклучокот дека цената на контроверзниот проект „Скопје 2014“ сè уште ќе расте, особено што дел од трошоците како обезбедување и тековно одржување постојано цедат пари од буџетот.
 

Третина од проектот е градена од градежната компанија „Бетон“

 
Ако се направи анализа на податоците со кои располагаме, се доаѓа до заклучокот дека градежната компанија „Бетон“ добила најмногу тендери, изградила најмногу објекти од проектот „Скопје 2014“ и инкасирала 163 милиони евра или една третина од вкупниот износ потрошен за грандиозниот проект.
 
Понатаму следуваат градежните компани „Гранит“, „Страбаг“, „Бетон – Штип“ и „Бауер БГ“. На дел од овие компании сè уште не им се исплатени средствата, но со оглед на фактот што за тоа не постојат официјални податоци, истражувањето ги опфаќа сумите како што стојат во склучените договори.
 
За тоа кои се овие градежни фирми и кој стои зад нив, може да се прочита повеќе во истражувањата на БИРН поврзани со оваа тема.
 
Најмногу пари за проектот „Скопје 2014“ потрошиле Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи на Владата, бидејќи тие се јавуваат како инвеститори на најкрупните објекти како што се: Музејот на ВМРО, Стариот театар, Уставниот суд, Македонската филхармонија и новиот изглед на владината зграда.
 
Само за Стариот театар, според документацијата на БИРН, се склучени 85 договори со правни и физички лица, а за Музејот на македонската борба 90 договори
 
Според документите со кои располагаме, најскап објект од проектот „Скопје 2014“ е зградата во која се сместени Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј. За неа се потрошени над 42 милиони евра. Три милиони евра помалку чини Македонската филхармонија со потрошени над 39 милиони евра и Стариот театар кој, според документите со кои располагаме, од буџетот „зел“ над 37 милиони евра, за што се склучени 85 договори.
 
Анекси, дополнителни договори, непредвидени работи и многубројни договори со физички лица го „красат“ и објектот на Музејот на македонската борба, за кој БИРН располага со околу 90 документи и договори склучени со физички и правни лица.
 
Иако на прес-конференцијата што се одржа во 2013 година на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, дотогашниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, и директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, беше кажано дека проектот чини 207 милиони, документите со кои располагаме потврдуваат дека сумата е повеќе од двојно повисока.
 

Топ-тројцата автори на „Скопје 2014“ добиле 4,7 милиони евра

 
Една од најголемите мистерии од „Скопје 2014“, освен конечната сума за тоа колку чини и ќе продолжи да чини проектот, беше и хонорарот на авторите што ги изработуваа спомениците и скулптурите.
 
Најголем белег врз „Скопје 2014“ има оставено скулпторката Валентина Стевановска, автор на Портата „Македонија“, „Воин на коњ“, спомениците на плоштадот „Филип II“, „Воинот“, седумте скулптури на мостот „Око“, Летниковецот, споменикот на Христо Татарчев, „Коњаникот“ во Гази Баба. Според расположливата документација, Стевановска за изработките на овие дела зела речиси 3 милиони евра, сума во која се вклучени и трошоците за изработката.
 
 
Спомениците на плоштадот Филип II се само дел од авторството на Валентина Стевановска, која остави најголем белег врз проектот Скопје 2014 | Фото: Роберт Атанасовски

 
Фирмата „Неимар инженеринг“ е втора на листата, по Стевановска, која добила најмногу решенија за архитектонски услуги за клучни објекти како Музејот на македонската борба, палатата „Лазар Поп-Трајков“, Стариот театар, Портата „Македонија“.
 
Оваа фирма, според податоците од Централниот регистар е во сопственост на Ана Кедева – Петрова, инаку сестра на познатиот кардиолог Сашко Кедев, кандидат за претседател на претседателските избори во 2004 година и поранешен пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ. Ана Кедева – Петрова е офталмолог, а заедно со нејзиниот сопруг, Зоран Петров, се сопственици на „Неимар инженеринг“. Според достапните информации, нивната фирма има добиено тендери за проектот „Скопје 2014“ од околу 1,1 милион евра.
 

 

Неимар Инженеринг, според податоците од Централниот регистар, е во сопственост на сестрата на познатиот кардиолог Сашко Кедев, Ана Кедева – Петрова и на нејзиниот сопруг
 
Жарко Чаушевски и фирмата со која тој директорува, „Архитектоника“, која е во сопственост на неговиот брат Никола Чаушевски, пак, имаат оставено најголем белег врз фасадите кои го сменија ликот на главниот град. Идејното решение за Градскиот трговски центар во барок стил, фасадата на Владата, Управната зграда на Водовод и канализација, како и изгледот на административниот објект на улица „Бихаќка“ се дела на браќата Чаушевски, за што, според документацијата, на нивна сметка се исплатени повеќе од половина милион евра.
 
Документите за контроверзниот проект „Скопје 2014“ покажуваат дека со авторите не биле склучувани одделни договори за хонорар.
 
Колку за пример, во делот „авторски хонорар“ на Стевановска за „Воинот на коњ“, влегува и идејниот проект, материјалите, работниците, просторот, транспортот на гипс и глина и слично.
 
Поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, на прес-конференцијата на која го даваше отчетот за „Скопје 2014“ самиот рече дека не постои доказ дали авторите навистина ги потрошиле парите онака како што напишале во своите пресметки на хартија. Зборувајќи за спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев, екс-градоначалникот рече:
 
„Авторот кога ги претставува трошоците и вкупната вредност од 300 илјади евра е обично образложена. Неговиот хонорар е 68 илјади евра за двете скулптури. Ова се трошоци што тој ни ги прикажува и ние не го проверуваме дали е така, но во преговорите комисијата секогаш се обидува да му ги намали и да не му ги признае“, изјави Тодоровиќ, додавајќи оти „се надева дека сите автори биле чесни“.
 
Топ авторите на идејните решенија за објектите од „Скопје 2014“, Стевановска, Чаушевски и фирмите „Архитектоника“ и „Неимар инженеринг“, заедно имаат добиено 4,7 милиони евра од буџетот. Сите автори заедно пак, имаат добиено повеќе од 15 милиони евра за нивните дела во луксузниот проект.
 

Проектот „Скопје 2014“ почнал да се подготвува уште во 2006 година

 
Проектот „Скопје 2014“ првично беше најавен на 4 февруари 2010 година кога Тодоровиќ, Канческа – Милевска и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ја претставија визуелизацијата на Скопје во 2014 година. На таа прес конференција тие не кажаа колку ќе чини проектот. Единствено беше прецизирано дека ќе има десетина нови објекти, дваесетина споменици, сменети фасади, мостови.
 

 
„Скопје е главен град во кој треба да се чувствува духот на историјата и културата на Македонија, а тоа најдобро ќе го направиме со оддавање почит на оние кои тоа го создале“, изјави градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, додавајќи дека „центарот треба да се промени во една заокружена акрхитектонска урбанистичка целина која на градот ќе му даде нов уметнички изглед“.
 
„Сите проекти ги реализираме транспарентно, а во нивната верификација исползуваме мислења на стручни лица со кредибилитет кои ни дадоа голема поддршка како членови на стручните комисии за избор на идејните решенија“, изјави тогаш Канческа.
 
3Д визуелизацијата за новиот изглед на градот наиде на различни мислења на социјалните мрежи и на форумите, почнувајќи од неверување за барокниот стил во кој се обвива градот, завршувајќи до тоа дека на Скопје навистина му е потребен нов изглед.
 
Премиерот Никола Груевски кога и официјално беше промовирана Портата „Македонија“ на 6 јануари 2012 година, самиот изјави дека тој стои зад проектот.
 
„Јас стојам зад овој проект. Сметам дека е добар, квалитетен и корисен и дека нема ништо лошо во него. Да, јас го поддржувам и ќе го поддржувам овој проект“, рече тој. 
 
Доколку се погледнат официјалните документи, се гледа дека почетоците на овој проект датираат четири години претходно, уште од ноември 2006 година, кога на градоначалничкото место во општина Центар седеше Виолета Аларова.
 

 
Тогаш било донесено и првото решение за објавување на одлуката за почнување постапка за подигање споменик на Александар Македонски. Подоцна, овој споменик на плоштадот Македонија беше преименуван во „Воин на коњ“. За изработката на идејното решение прво биле предвидени 2 милиони денари, односно 32 илјади евра.
 
Конкурсот за идејно решение бил објавен во 2007 година. Прва награда не била доделена, а втората ја добива Валентина Стевановска, во износ од 6 илјади евра.
 
Во 2008 година Стевановска ја прави пресметката за коњаникот (таа година повеќе не се вика „Александар Македонски“), фонтаната и скулптурите и финалната проценка, вклучително со набавките на материјали, транспортот на гипс, работниците, просторот, леењето во гипс и полиестер, изнесува 649 илјади евра. Колку од овие пари останале како авторски хонорар, во пресметката на Стевановска не е наведено.
 

 

Институциите транспарентно одговараа на барањата за пристап

 
Базата на податоци „`Скопје 2014` под лупа“ откри голем број факти кои ја доловуваат грандиозноста на проектот. Колку за пример, повеќе од половина, односно 61 отсто од проектот „Скопје 2014“ е изградба на згради. Новите згради кои драматично го променија изгледот на Скопје, според документацијата, од буџетот исцрпеле речиси 340 милиони евра.
 
Најскапата фасада, според документацијата на БИРН, е фасадата на Владата, која, според пресметките, чини над 15 милиони евра, што е за три пати повеќе од сите фасади во централното градско подрачје.
 
Еден од најтешките задачи со кои се соочи редакцијата на БИРН при изработката на Базата на податоци е лоцирањето на првите скулптури кои беа поставени во центарот на Скопје. Голем дел од нив, како скулптурата „Девојче“ е дислоцирана, скулптурата „Космоинтеграла“ е расклопена и стои зад објектот на Македонската опера и балет (МОБ), а дел не успеавме да ги фотографираме, со оглед на тоа што никаде нема објаснување дали се дислоцирани или целосно отстранети.
 
 
Скулптурата позната како „Шмизла“ е скриена на градилиштето зад новата црква која се гради на улица „Македонија“ | Фото: Зоран Ричлиев

 
БИРН поднесе речиси 150 барања за пристап до информации од јавен карактер за да дојде до бараните информации во врска со проектот „Скопје 2014“. Речиси сите институции ја испочитуваа обврската за одговор на информациите, но повеќето од нив го пречекорија законскиот рок од 30 дена.
 
Поднесени беа десетина жалби, по што добивме дел од одговорите. До објавувањето на Базата на податоци за проектот „Скопје 2014“, одговор не добивме само од Министерството за правда, од каде што го баравме Основниот договор за изградбата на новиот објект на Кривичниот суд.
 
БИРН не објави ниту една информација за која нема пишан документ, освен податоците што во 2013 година на отчет ги дадоа од општината Центар, Министерството за култура и од Владата.

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5426 Posted: 26-Jul-2015 at 13:33
Детални податоци од А до Ш во врска со проектот Скопје 2014, сите добиени од државните и јавните институции, објавени се на веб сајтот Скопје 2014 под лупа.
 
Сите заинтересирани за што се биле потрошени и/или за што се' сеуште се трошат народните пари на проектот Скопје 2014, добредојдени сте да го посетите овој веб сајт и да се информирате детално за буквално сите објекти поврзани со проектот Скопје 2014.
 
Графикони, документи, детали за објектите, за авторите, за градежните фирми, за нивната поврзаност со проектот Скопје 2014, сите објавени на едно место - веб сајтот Скопје 2014 под лупа.
 
http://skopje2014.prizma.birn.eu.com/
 
Предговор на Тамара Чаусидис, за веб сајтот Скопје 2014 под лупа и неговата база на податоци, кои се проект на Балканската Истражувачка Новинарска Мрежа БИРН.
 
http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-2014-%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0
 

Приказната за „Скопје 2014“ допрва почнува

 
26. јул. 15.
 
Тамара Чаусидис 
 
Базата на податоци „’Скопје 2014’ под лупа“ е новинарски одговор на игнорирањето на јавноста, на обидот со парцијални податоци да се затскрие големата слика. Таа е повеќе од дневна вест, таа е ресурс за многу идни новинарски истражувања и не завршува со нејзиното објавување.
 
Како ретко кој потег на Владата на Никола Груевски, проектот „Скопје 2014“ е истовремено критизиран и воспеван, опишуван и „допишуван“ со нови објекти. За него се трошеле средства од буџетот, заради него се протестирало, се чувале паркови и се сечеле дрвја со полиција, се гушкал ГТЦ, се прогласувале „предавници“ и „странски платеници“, се пишувало, кажувало, но најмалку – се докажувало.
 

Тамара Чаусидис
 
Проектот „Скопје 2014“ во колективната меморија е препознаен како дилема: или си „за“ или си „против“ еднакво биполарна како или си ВМРО или си СДСМ. Неговата приказна уште на почетокот е киднапирана во партиските говори и соопштенија. Граѓаните и фамозниот „јавен интерес“ што ги движи новинарите, останаа да се борат за своето право на став, да се борат против ветерници, со внатрешниот естетски компас против партиска пропаганда и етикети, да се борат со прашања против агресивното игнорирање.
 
Новинарите, подеднакво како и јавноста, изложени на споменичната инвазија, 35 скултури одеднаш, десетици споменици практично во еден ден, катни гаражи, фасади, стотици конкурси, договори,.. главно се држеа до првичното, логично прашање – колку сето ова нѐ чини?
 
Во потрагата по одговорот на ова прашање, намерно премолчувано, исмејувано и фалсификувано, новинарите на БИРН дојдоа и до многу одговори. Сите се содржани во базата на податоци „’Скопје 2014’ под лупа“ . База која документира и ја изложува на судот на јавноста самата супстанцијаа на овој контроверзен проект.
 
Од неа произлегуваат одговори не само за парите, фирмите, авторите, архитектите туку и за намерите и самиот метод со кој изминативе години се реализираше, и сѐ уште се реализира замислата под кодното име „Скопје 2014“. Замисла која, како што слушнавме од премиерот Груевски, завршува со споменикот на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“. Кога станува збор за јавни пари.
 
Оние изградени од невладини организации, приватни фирми или донации не се предмет на оваа база. А и нив ги има доста.
 
Сепак, предмет на базата се исклучиво објекти кои се финансирани од буџетот. Применет е класичен метод на дата новинарството. Во сумата на чинење на објектите се вкалкулирани само суми за кои постои пишан документ или податок доставен до новинарите од институциите.
 
Потрагата по нив траеше со месеци, со пребарување на веб страницата на Бирото за јавни набавки, со барања според Законот за пристап до информации од јавен карактер, со жалби до Комисијата за пристап, со фотографирање (и барање на некои) заборавени скулптури, со читање тендерски документации, со проверувања, одново и одново.
 
По најмалку осум месеци работа се покажува дека речиси и нема објект кој влезе во базата на податоци за кој не се откриени проблематични места. Процедурите се свртени наопаку и служат да се задоволи формата. На Иницијатива на владино министерство, локална самоуправа ,.. општина Центар во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ носи одлука и потоа таа одлука станува официјална со објавување во Службен весник. Но, до тој момент, конкурсите се направени, идејните решенија избрани, договорите со авторите потпишани, а самите споменици практично излеани.
 
Сумите објавени при поставувањето на камен–темелниците најчесто се неколкукратно пробиени. Основните договори се обременети со десетици анекси. Кога тоа не е доволно се прават нови Основни договори,нови „ревидирани основни проекти“, повеќе стручни надзори.
 
Некои од нив не се објавени. На пример, Основниот договор за изградбата на објектот на Кривичниот суд не е достапен на веб страницата на Бирото за јавни набавки. Податокот на колку е склучен Основниот договор го најдовме во пресудата на Комисијата за жалби за јавни набавки (која е достапна во базата) во која е наведено дека основниот договор имал 21 анекс. Од нив јавно се објавени само два. Министерството за правда е единствената институција која воопшто не одговори на прашањата на БИРН.
 
Но, дури и со неколку недостапни податоци, базата со документи, математички го покажува она што и на лаик му беше јасно, „Скопје 2014“ не чини 80 милиони евра, како што беше првично најавено, не чини ниту нешто над 200 милиони евра како што тврди Владата туку чини повеќе од 566 милиони евра. И таа сума може само дополнително да се зголемува.
 
Дел од скапите објекти сѐ уште се во фаза на градење, некои пак, се целосно уништени токму поради новото градење, па нивното „враќање“ дополнително ќе чини. За некои одржувањето е скапо. како што се фонтаните, илуминациите, поправањето на веќе видливите пукнатини, проблеми со статиката, од патина „изедените“ релјефи леени во Италија.
 
Но, базата на податоци „’Скопје 2014’ под лупа“ не ги дава одговорите само за парите.
 
Отсуството на елементарна промисла која резултира со уривање на изграденото или дислоцирање на поставеното во рамките на самиот проект е драматично видливо, а во базата е и лесно проверливо. Навистина, зошто некој би потрошил илјадници евра за обновување на скопската градска плажа, за потоа да ја уништи и претвори во градилиште?
 
Зошто некој би распишал конкурс за 35 скулптури , а потоа дел од нив би ги дислоцирал или би дозволил да бидат фрлени по ќошиња, затрупани во градежен хаос?
 
Молчи Министерството за култура, молчат и авторите. А оние што со своите првични скулптури го купија билетот за учество во целиот проект и се негови гласни поборници, повторно и повторно се избирани на следните конкурси, добиваат втори, трети или откупни награди, за што говорат документите во базата на податоци.
 
За волја на вистината, молчи и јавноста, уморна и комплетно анестезирана , со перцепција која што веќе и не регистрира скулптура, ако таа не е над пет метри. Работејќи на базата на податоци, имавме проблем да лоцираме каде се префрлени скулптурите од конкурсот од 2008 година.
 
Најзначајна скулптура од тој конкурс, за кој можеме да речеме дека е првиот бран на „Скопје 2014“, иако концептот, според документите што БИРН ги објавува датира од 2006 година, е всушност – Порта „Македонија“.
 
Да, идејното решение за Порта „Македонија“ е избрано на конкурс за 35 скулптури во централното градско подрачје. Ако за „Три врби во реката Вардар“, избрани на истиот конкурс, можеме и да кажеме дека се уметничка инсталација, за Порта „Македонија“ таквата квалификација тешко ќе оди.
 
За некој кој ги набљудува работите отстрана, би било нормално вака грандиозен проект, од самиот свој почеток да биде транспарентен, отчетен, а над сѐ - логичен. Апсурдноста и хаотичноста на „Скопје 2014“ воопшто не се бенигни, тие уште на старт можат да го обесхрабрат секој обид за истражување.
 
Затоа оваа база на податоци е одговор на хаосот, на обидот со мноштво парцијални податоци да се затскрие големата слика. Таа е новинарски потфат на БИРН кој нема дневна употребна вредност. Таа е повеќе од вест, таа е ресурс за многу идни новинарски истражувања и не завршува со нејзиното објавување.
 
Вистинската приказна за „Скопје 2014“, допрва почнува да се расветлува.
 
Се читаме...

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5427 Posted: 26-Jul-2015 at 16:20
Дополнети податоци, прецизни и точни. Браво за Чаусидис и тимот на Призма.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5428 Posted: 26-Jul-2015 at 16:58
од каде сега ова, нели овој проект беше ``затворен`` за медиуми и никави бројки и договори несмееше да се објават.од каде сега од ``немање на транспарентност`` да дојдиме до тоа да се има увид во секој и најмал документ?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5429 Posted: 26-Jul-2015 at 17:06
Како и да е... малку се?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5430 Posted: 26-Jul-2015 at 17:13
Може ги има, може некои и ги нема, нема никогаш да знаеме точно, законски тоа што архивирале архивирале, тоа што е достапно ете луѓево го собрале и анализирале... муабетот е друг... Кога станува збор за некаква популистичка пропаганда каде што Грујо отвара некое си патче некаде или не знам паркче некаде или што друго ама ич неважно во однос на тоа колкаво внимание му се посветува, тогаш може ама и тоа што е треба и тоа што не треба и никој не го интересира да се знае... Ама кога станува збор за фрлање на 600 милиони евра во стиропор и брозна... тогаш ќути си, д... нема потреба да се знае
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #5431 Posted: 26-Jul-2015 at 17:42
Не се малку во никој случај. Но тие 560 милиони се распоредени во 6 години, 6 буџети. Тоа е околу 90 милиони годишно, што е 3% од годишниот буџет. Се сложувам дека тука влегуваат непотребни споменици и преплатени склуптури, ама огромен процент од парите завршиле во капитални објекти или основна градска инфраструктура. Да не правиме муабет за тоа што околу 90% од парите завршиле во домашните фирми.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5432 Posted: 26-Jul-2015 at 17:51
Нема никакво оправдување... основна градска инфрастрактура? како на пример што? капитални објекти? кои?

560 милиони во 6 години, да, се издржуваат, со напумпан буџет и задолжувања... и немаше да ми биде воопшто криво тие пари да беа дадени Кичево - Охрид и Скопје - Штип или Демир Капија - Смоквица... ќе заштедевме 600 милиони на тие два автопати...

Како и да, ај да речеме други работи/објекти се тоа, Скопје треба да се развива... во ред, ама со 600 милиони евра ќе направевме минимум една линија асален трамвај со одвоена траса и квалитетни возила, ќе изградевме неколку раскрсници на повеќе нивоа, ќе го средевме центарот на градот од глава до пети како што треба...

Што и да се каже за Скопје 2014... ама ништо баш ништо не може да оправда сума од 600 милиони евра... настрана тоа што е фушерај од квалитет...

Edited by FoSsiL - 26-Jul-2015 at 17:53
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5433 Posted: 26-Jul-2015 at 18:17
Кратка изјава на Мери Јордановска за истражувањето на БИРН за проектот Скопје 2014.
 
http://www.24vesti.com.mk/istrazhuvanje-na-birn-skopje-2014-sedum-pati-poskapo-tri-pati-pogolemo
 

Истражување на БИРН: Скопје 2014 седум пати поскапо, три пати поголемо

 
26.07.2015 | 16:44
 
Цената на новиот изглед на Скопје, од првично најавените 80 милиони евра, има скокнато на над 560 милиони евра, a од првично најавените четириесетина споменици и објекти се стигнало до над 130, покажало истражувањето на БИРН, што траело повеќе од 8 месеци.
 

 
Истражувањето, објавено во форма на интерактивна база на податоци „Скопје 2014 под лупа“, опфати над 130 објекти, сите финансирани од јавни пари, каде што како инвеститори се јавуваат министерството за култура, службата за општи и заеднички работи на Владата, општината Центар, Градот Скопје, како и неколку општини и акционерски друштва со државен капитал.
 
БИРН документира дека во градењето на грандиозниот проект учествувале повеќе од 260 правни и физички лица.
 

Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #5434 Posted: 26-Jul-2015 at 18:22
Во ред, според тебе, 560 милиони во 6 години се фрлени пари. Ти го почитувам ставот. За мене, во најголем дел, правилно потрошени и во вистинско време. Пак, ќе речам, освен преплатените статуи и непотребно големиот број споменици. Ако ти мислиш дека објекти на Влада, министерства или државни институции не се капитални објекти, во ред. Ако под градска инфраструктура не подразбираш катни гаражи, мостови и плоштади, пак во ред.

И еве, твојата алтернатива за трошењето на тие 560 милиони - трамвајот, за мене изгледа комплетно непотребна во вакво Скопје, со ваков сообраќаен систем, после промената на возниот парк на ЈСП. Така да, секогаш ќе постојат поддржувачи и противници на големите проекти кои трошат многу пари. На крај, народот ќе одбере, а времето ќе докаже што било правилно, а што не.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5435 Posted: 26-Jul-2015 at 18:24
„Скопје 2014“ е една капитална глупост која треба да биде исправана од генерации на македонски и странски архитекти, урбанисти, скулптори...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5436 Posted: 26-Jul-2015 at 18:39
Originally posted by Navigator

Во ред, според тебе, 560 милиони во 6 години се фрлени пари. Ти го почитувам ставот. За мене, во најголем дел, правилно потрошени и во вистинско време. Пак, ќе речам, освен преплатените статуи и непотребно големиот број споменици. Ако ти мислиш дека објекти на Влада, министерства или државни институции не се капитални објекти, во ред. Ако под градска инфраструктура не подразбираш катни гаражи, мостови и плоштади, пак во ред.

И еве, твојата алтернатива за трошењето на тие 560 милиони - трамвајот, за мене изгледа комплетно непотребна во вакво Скопје, со ваков сообраќаен систем, после промената на возниот парк на ЈСП. Така да, секогаш ќе постојат поддржувачи и противници на големите проекти кои трошат многу пари. На крај, народот ќе одбере, а времето ќе докаже што било правилно, а што не.


Ај вака... капитален објект е објект кој се исплатува, односно кој има вложен капитал кој потоа вади заработка... Ни влада, ни министерва, ни други институции не се капитални објект, напротив трошаџии се.. е сега... ја разбирам потребата од објекти за некои министерства и државни институции, но тоа можеше да се реши на многу пофункционален и ефикасен начин со изградба на административен центар, комплекс од објекти каде што ќе се сместат сите... паркингот пред Холидеј Ин ќе беше погодна локација на пример... Реконструкцијата на Владата си нема врска и немаше никаква потреба од промена на изглед на фасада... освежување и реновирање разбирам, интериер обновување исто така... ама ова денес што е... е... во главно да... ако ништо друго фушерај од стиропор фрлени 10 милиони евра и повеќе...

е сега... мостовите што се изградија со сите тие скулптури а и без нив си немаат никаква врска со потребна градска инфраструктура а камо да се наречат основна... да, можеби еден мост беше потребен и баш помеѓу овие двава нови, ама некој имал други планови... мостовите иначе завршуваат во згради, а урбанистички не сакам да ги дискутирам нема што да се дискутира... а јас лично да бидам искрен, загрижен сум за безбедноста на овие мостови, се надевам грешам...

катните гаражи... оф... непромислена работа освен ако планот бил перење пари... и точно, милиони евра фрлени за овие катни гаражи кои ај што не им е местото таму бидејќи не се ставаат гаражи во строг центар, се гледа тоа да се оддалечи од центарот за центарот да може полесно да стане пешачка површина и затворен за сообраќај и до него да се стига со јавен превоз, пеш или велосипед... не, ги опнаа во строг центар... и тоа... ај што ги опнаа таму... фрлија милиони... никој не ги користи... зјаат празни...

плоштади... ок, може, ама не тоа што го имаме денес... и наместо плоштади можеа да помислат на паркови, не мора да е сѐ плочка...

Нешто друго капитално или основна градска инфраструктура?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5437 Posted: 26-Jul-2015 at 19:02
Previous
 
Интересна поента, колку чини одржувањето на повеќето инвестиции на актуелната влада на Република Македонија ?
 
За жичарницата на Водно неодамна откривме дека опстојува од донации, а не од превозот на патниците.
 
За ЈСП Скопје и за новите двокатни градски автобуси од кинески Јутонг слободно можеме да го кажеме истото, но и покрај тоа сепак остануваат бесплатниот превоз за пензионерите, додека основците и средношколците се третираат како возрасни за време на летниот и зимскиот распуст, поради што мораат од сопствен џеб да платат за месечен автобуски билет, а студентите од самиот почеток се третираат како возрасни и за нив нема бесплатни месечни автобуски билети за време на академската година.
 
А кога сме кај мостовите, спомениците, административните објекти и новите фасади од проектот Скопје 2014, погоре во пост #5423 е прикажан нивниот (не)квалитет на изградба и рокот на траење на истиот тој (не)квалитет.
 
Заклучок:
 
Објектите од проектот Скопје 2014 дефинитивно не се капитални, туку консумеристички, односно наместо да создаваат капитал, консумираат уште повеќе капитал отколку што е вложен во нив.


Edited by Dexter26 - 26-Jul-2015 at 19:18
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #5438 Posted: 26-Jul-2015 at 22:28
Премногу пари се потрошени на непотребна (и згора на тоа очигледно неквалитетна) и демоде пластика.


од една страна:
Мин. за земјоделство (~7500м2) - 4.5 милиони евра.

од друга:
Тортата на Водовод (~5700м2) - 20 милиони евра.
Фасада на Влада (~0м2) - 16.2 милиони евра.

2 милиони евра за ограда на мост?
А за милион и пол од претходни власти направени 2 моста чии позитивни ефекти секојдневно ги чуствуваме.

И се тоа во една од најсиромашните и најнеразвиени земји во овој дел од светот.

Па кој нормален може ова да го оправда?
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #5439 Posted: 28-Jul-2015 at 13:05
Originally posted by Navigator

Во ред, според тебе, 560 милиони во 6 години се фрлени пари. Ти го почитувам ставот. За мене, во најголем дел, правилно потрошени и во вистинско време. Пак, ќе речам, освен преплатените статуи и непотребно големиот број споменици. Ако ти мислиш дека објекти на Влада, министерства или државни институции не се капитални објекти, во ред. Ако под градска инфраструктура не подразбираш катни гаражи, мостови и плоштади, пак во ред.

И еве, твојата алтернатива за трошењето на тие 560 милиони - трамвајот, за мене изгледа комплетно непотребна во вакво Скопје, со ваков сообраќаен систем, после промената на возниот парк на ЈСП. Така да, секогаш ќе постојат поддржувачи и противници на големите проекти кои трошат многу пари. На крај, народот ќе одбере, а времето ќе докаже што било правилно, а што не.


560 милиона, можеа да се искористат у патна, железничка инфраструктура низ целата држава. Исто така во реконструкција и изградба на училишта, градинки, амбуланти и болници каде што реално тоа е потребно ( а реално потребно е низ цела Македонија).

Скопје 2014 е тежок БУЛШИТ (и е поголема катастрофа од земјотресите во 555, 1963 како и палењето на градот од страна на австрискиот војсководец Пиколомини во 1689), кој што ќе се распадне за неколку години, а во Скопје во 2015 година, сеуште има булевари кои завршуваат слепо. За палмите да не зборам.

Крај краева: земи со автобус напрај една тура низ цела Македонија и те молам јавно сподели го искуството, па после збори.

ПОЗДРАВ од СКОПЈАНЕЦ
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #5440 Posted: 28-Jul-2015 at 14:54
^
 Ne se sekiraj za 5 - 10 godini ke imame pak SDSM na vlast vie ke bidete 10 godini postari a ovde ke ima prestavnici na pomladata generacija koi sto ke se zalat za novite BULSHIT-ERI...

Smesno e sto nekoi raboti ne se menuvaat... Tragi-komedija
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 270271272273274 329>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 3.531 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.