![]() |
![]() |
![]() |
Индустриски објекти и зони (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 35> |
Author | ||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Браво. Кога отиде кога побргу се врати овој иселеник, па уште со 3м евра инвестиција. Снаодлив човек кој си ја сака п̶а̶р̶т̶и̶ татковината.
|
||
![]() |
||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
|
Бил претседател на СДСМ во Кравари девеесетите, подоцна заминал на печалба, ама не си ги заборавил *другарите*, се вратил но сфатил дека БЦ не повеќе Капо ди тути капи, па влегол во ДОМ, со растурањето на коалицијата на ДОМ со ВМРО се повлекува од политиката. |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Ти биограф да не си му? Мене само во врска со задграничните комитети на МВРО ми го дава.
![]() |
||
![]() |
||
shrink ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2014 Online Status: Offline Posts: 24 |
![]() ![]() |
|
Дечки а важно ли е ?
Битно добра е што се направи ваков погон. Мене искрено не ми е јасно зошто до сега баре Витаминка и Агроплод не направија свои погони за чипс. Колку само чипс се увезува од Србија а тоа е нешто што може и ние да го правиме. |
||
![]() |
||
ja_licno ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 110 |
![]() ![]() |
|
Jeee,конеечно фабрика за чипс во Македонија.Компири имаме,а чипс немавме
![]() |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
|
Како се налепи, омразата ти го блокира мозокот, ме заболе дали е од мвро, сдсм, или дом, човекот си бил печалбар, се вратил и отоврил погон. Го исплука затоа што погонот го отвараше Груевски, па уште си барал по интернет, срамно и долно, се да се исполитизирало и да се исплукало се што не е комуњарско. |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Не може без навреди а?
Дека отворил ф-ка отворил, ама е човек на власта, па и то не е грев. Најбитно е тие од Кравари (и околија) да се вработат таму, да не идат Скопје. ![]() |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Не барав ја, од сорос ми пишаа. ![]() |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Ама затоа ти се радуваш на сите (не)успеси на сопствената држава. Да видиме само како ќе им се радуваш кога ќе почнат да пристигнуваат сметките за плаќање на долговите кон странство, а овците за стрижење ќе му избегаат на пастирот во потрага по позелени пасишта. Всушност, добар дел веќе фатија џаде, но додека сеуште има овци за стрижење, ќе има и волна за продавање. Но ќе биде интересно да те видиме тебе како ќе им се радуваш на овците кои ќе фатат џаде за позелени пасишта кога на пастирот ќе му снема волна, а ќе има долгови за плаќање.
Тебе неумицата не ти го блокира, туку ти го има обземено мозокот, бидејќи не знаеш да разликуваш критика од плукање. Edited by Dexter26 - 09-Jan-2016 at 22:34 |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Секако дека ќе ги надживеат и оваа и многу следни власти - исто како и што и Вистеон Електроникс ја надживеаа оваа влада. Еееј да, тоа е интересна работа - кој прв ќе си оди - актуелната владејачка гарнитура од власт, или странскиот инвеститор кој најави затворање на фабриката во Илинден - освен ако во меѓувреме најдат купувач за фабриката, се разбира. Одлична ти е математиката за 40 фамилии кои ќе живеат подобро со минимална плата од 150 евра месечно. Одлична е бидејќи одлично говори зошто младите ја напуштаат оваа држава во потрага по подобар живот во странство. Но не го делам твојот ентузијазам бидејќи добар дел од младите кои јас ги познавам и со кои одржувам контакт, а кои фатиле џаде во странство во потрага по подобар живот, ми велат дека не планираат да се вратат во оваа држава, а уште помалку па да инвестираат во држава која ги остава на цедило со минимална плата од 150 евра месечно и загадена околина. Не знам каде си прочитал мој коментар за грчки сценарија и банкрот, јас само спомнав дека има долгови за плаќање, а актуелната влада на Република Македонија изминативе 3 до 5 години ги пополнува буџетските дупки исклучиво со задолжување, наместо да им текне да намалат на натрупувањето споменици и административни згради, со што би се намалиле буџетските дупки. На мене лично твоите коментари за мојот кредибилитет не ми значат ништо - иако моите смешни и досадни коментари како што ти ги нарекуваш, сепак успеваат да издејствуваат твоја реплика, со која го ставаш твојот кредибилитет и кредибилитетот на твоите коментари под знак прашалник. Edited by Dexter26 - 10-Jan-2016 at 01:55 |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
1. Фабриката на Visteon во Бунарџик нема да се затвори, само ќе го промени сопственикот. Веќе е најден купувач и тоа е објавено (провери, прочитај, информирај се). Така да, ниту вработените, ниту зоната, ниту објектот ќе страдаат. И како што реков, веројатно ќе надживее уште многу влади после оваа. 2. Како ќе потврдиш дека 40те луѓе што работат во фабрикава за чипс земаат 150 евра? Кој ти е аргументот? Јас признавам дека не знам колку во просек се зема таму, ама бидејќи по потекло сум од тој крај и имам пријатели таму, познавам двајца технолози што влегоа на работа во оваа фабрика. Едниот невработен, пресно дипломиран, другиот работеше како технолог во друга битолска фирма. Првиот има 2 пати, вториот 3 пати повисока плата од тоа што ти го фрлаш од ракав. 3. Бидејќи немаш најосновни познавања од јавни финансии и управување со буџет, а многу сакаш да зборуваш за задолжувања, повели кратка лекција: Кога расходите се помали од приходите на буџетот, се јавува буџетски дефицит. Тој дефицит се практикува намерно од владите заради креирање на економски раст. Да кажеме дека дефицитот е 100 милиони евра. Идејата е, тие 100 милиони што оваа година ќе ги потроши некоја влада да создадат, да мултиплицираат нова вредност во иднина. Дефицитот се финансира со задолжување, кое има камата. Ако новата создадена вредност на тие 100 милиони е поголема од каматата за истите 100 милиони, целта е постигната. Колку за информација, во последните 20 години, само 3 пати буџетот на РМ немал дефицит. Тоа значи дека не во последните 3 до 5 години, туку 20 години континуирано, сите влади се задолжувале заради реализирање на развоен буџет. Ама за жал, ова нема да го прочиташ на местата каде што ти се информираш. Таму важи правилото: колку помалку знаат луѓето, толку полесно минува пропагандата. |
||
![]() |
||
Antonov ![]() Groupie ![]() Joined: 10-Jan-2016 Online Status: Offline Posts: 72 |
![]() ![]() |
|
А еве бидејќи си личност која како што велиш се разбираш во економијата кажи ми дали е во ред да се трошат толку пари за фасади, споменици, а при тоа Државата да нема пари за пензии (факт е тоа види на официјалната страна на ПИОМ, прочитај ги годишните извештаи), да нема пари за израдба на водоводни системи во одредени делови на Македонија, да нема пари за комунални зафати, да нема пари за ... Кажи ми како СК14 е економски оправдан покрај целата запуштена провинција, покрај мизерната инфраструктура?
Иначе во контекст на темата, за да ги задржиш младите не се потребни фабрики. Тоа може само неписмен човек да го мисли. Тие млади што ја напуштаат земјата се со завршено високо образование. Единствено треба да се следи примерот на Белорусија и да се отвараат ИТ, Технолошки зони, Научни паркови... Не дека фабриките воопшто не треба да се отвараат, и тоа е добро, но за жал Македонија повеќе губи од нив отколку што добива (исклучок се одредени фабрики). Имаше по медиумите кост-бенефит анализа од индустриските зони и тоа најдобро кажува. Ќе биде одлично кога компаниите сами ќе доаѓаат како последица на добри услови, исклучувајќи ги оттука големите финансиски средства што Државата ги одвојува како директна финансиска помош за фабриките. |
||
![]() |
||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
|
Многу конфузен и недоречен пост, со многу неточни податоци, државата има пари за пензии и редовно ги исплаќа, за тоа говори и покашувањето на истите секоја година, фондот нема доволно пари самостојно да ги исплаќа, но тоа е работа која е слична во повеќето европски земји заради стареење на населението. Апсолутно има пари за секакви комунални зафати и секојдневно сме сведоци за нови и нови реализирани проекти од овој тип. Индустриските зони се огромен бенефит за нашата економија. Се согласувам деке треба да се формираат и финансиски, здравствени и други типови на зони за кој ке има интерес да бидат финансирани од странски или домашни компании, прерано е за ИТ зони, бидејки сеуште немаме доволно инжењери од овој тип за ваква зона. |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Ова го говориш за самиот себеси, нели ? Освен тие двајца од тој крај од кој ти наводно потекнуваш, кои информации ги имаш за останатите 38 вработени ? За разлика од тебе, јас лично познавам десетици млади луѓе од секакви професии и со секакви нивоа на образование кои си ги собраа или си ги собираат парталите и фатија или се подготвуваат да фатат џаде во странство, бидејќи 150 евра месечно е мизерна плата за нив. А чисто информативно, случајно или не, ниту еден од нив никогаш не извади партиска книшка, ниту пак негуваше надеж дека доколку извади партиска книшка, ќе успее да се избори за вработување во државна или јавна администрација, бидејќи ги ценат маките низ кои поминаа нивните родители за да ги образоваат за да можат да најдат добра работа со добра плата, а не мизерија. Кој е новиот сопственик на фабриката на Вистеон ? Па дури ни твоите партиски медиуми не ја објавиле досега таквата информација, освен ако немало Интернет на тој ден, извини ме бидејќи не гледам телевизија веќе подолг временски период бидејќи освен турски и индиски идиотизми, нема ништо друго за гледање, поради што добри се шансите телевизорот да го приберам во подрум во блиска иднина. Колку јавни наддавања имало за обврзници пред 2008 година, а колку ги имаше после 2008 година ? Колку евро-обврзници беа издадени пред 2008 година, а колку беа издадени после 2008 година ? За колкави суми Република Македонија била задолжувана кон странство пред 2006 година, а за колкави суми Република Македонија е задолжувана кон странство после 2006 година ? И најважно од се - доколку навистина твоите партиски миленици предвремено ги исплатија долговите на Република Македонија кон ММФ и останатите странски финансиски институции во 2006 и во 2007 година, зошто воопшто издаваат евро-обврзница и зошто воопшто ја задолжуваат Република Македонија кај Дојче Банка и кај други странски финансиски институции ? Edited by Dexter26 - 10-Jan-2016 at 15:10 |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Често си критичен за платата од 150ЕУР месечно во контекст на новите фабрики. Ме интересира како ти би го решил овој проблем? Не велам дека 150ЕУР е добра плата, но како мрднуваме од нулта точка според тебе? |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Странските инвеститори добиваат субвенции од државата и затоа за нив го имам резервирано подебелиот крај од стапот на негативните критики, а не дека нашинциве се нешто поарни. Секако дека 150 евра месечна плата е мизерија, особено за двочлено, трочлено, или уште полошо, четири члено семејство во кое само 1 (ЕДЕН) е вработен. Решението е намалување на даноците - тоа веќе го имаме од поодамна, во замена за повисока плата која не смее да изнесува помалку од 66% од просечната плата од претходната година според Државниот Завод за Статистика - една од омилените институции на пастирот кога станува збор за бројот на невработени, а тоа за жал го немаме. Еве ги статистиките на ДЗС за просечна месечна нето плата заклучно со октомври 2015. http://www.stat.gov.mk/IndikatoriTS.aspx?id=14 10.2015 22 213 денари 09.2015 22 024 денари 08.2015 21 882 денари 07.2015 21 861 денари 06.2015 22 025 денари 05.2015 22 071 денари 04.2015 21 746 денари 03.2015 21 402 денари 02.2015 21 104 денари 01.2015 21 828 денари 12.2014 22 407 денари 11.2014 21 588 денари 262 151 / 12 = 21 845 просечна месечна нето плата од ноември 2014 до октомври 2015. Ова во превод значи дека минималната месечна нето плата од ноември 2015 до октомври 2016 не треба да биде пониска од 14 500 денари +/- 100 денари. Извини за рапавата математика, избрзано ја направив пресметката. Но како и да е, бројките убаво велат дека 150 евра минимална месечна плата е премалку во споредба со 66% од просечната годишна плата. Ова е едно можно решение, а на мене лично ми делува прифатливо, не земајќи ја во предвид и просечната месечна потрошувачка кошница во Македонија, ако ја земеме и нејзе во предвид, бројката секако ќе оди нагоре. Секако дека се добредојдени и други предлог-решенија, но 150 евра месечна плата е мизерија за македонски услови. Edited by Dexter26 - 10-Jan-2016 at 15:56 |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Плата од 150ЕУР е мизерија, тоа веќе го утврдивме. Но, анализата ти е на некој начин бирократска. Јас во предвид зимам некои други параметри. - стартна невработеност од 30%+ - лошо образовано население. Голем број луѓе без никакви квалификации а оние со квалификации со дискутабилен квалитет - структура на економија со ниска додадена вредност - недостаток на приватна иницијатива и претприемачки дух Дополнителни хендикепи се, нестабилна политичко-безбедносна ситуација, лоша инфраструктура, лоша географска позиција. Кога ќе ги земам сите овие параметри како инвеститор (дали домашен дали странски сеедно иако тежината на аргументите е поголема кај странските инвеститори) зошто побогу би понудил повеќе од 150ЕУР за просечна работна позиција во фабрика? Каде е тука мојата бизнис логика кога за маргинално поголеми трошоци (да речеме во Бугарија, Романија чисто за примеров) можам да ги инвестирам своите чесно или нечесно стекнати пари со далеку помали ризици. Поентата ми е дека нашите стартни позиции се мизерни. И во таква ситуација нашата тежина на преговарачка маса е прилично слаба. Фабриките кои доаѓаат во Македонија нудат каква таква шанса да се префлиме на некое следно ниво: - да ја намалиме неврботеноста директно. Сепак тие 150ЕУР се многу повеќе од 0ЕУР и чекање помош од државата - да ја намлиме невработеноста индиректно. Фабриките покренуваат еден тон други гранки - да го подигнеме прагот со квалификациите на локалната работна сила со обучување за работа со нови технологии - да овозможиме услови каде домашни компании ќе го искористат моментот и ќе станат директни добавувачи на продукти со додадена вредност (пример: Актива во Штип во релација со Ван Хул) Веројатно има уште неколку други аргументи кои во моментов не ми текнуваат. Утопија е дека патот до некое нормално општество и висок стандард на живеење е лесен и дека ќе ни дојде на тацна. Битно е да препознаеме кај кои решенија превагнуваат добрите страни наспроти лошите. Кај политиките за привлекување инвеститори според мене, превагнуваат позитивните аргументи наспроти негативните. Не дека се е розево, туку бидејќи навистина не гледам друг начин во моментов. Игранки со даноци, законски дефиниции на минимални/просечни плати и некаков загарантиран раст се утопија. Edited by pbanks - 10-Jan-2016 at 16:17 |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
@pbanks
![]() ![]() Аспектите што ги кажа можат да се прошират со многу други аргументи. Но мислам дека побитните ги кажа затоа ќе се воздржам од проширувањето на аргументацијата. Како и да е за да има човек легитимитет кога за нешто дискутира, фали или куди прво и основно мора да биде доблесен позитивните работи кои и слепец ги гледа да ги признае а не да се закопува во обид белото да го направи црно. Навистина за мене како човек би било поразително да ја вреѓам сопствената интелигенција и да си го уништувам кредибилитетот убедувајќи некого дека белото е црно и обратно. Edited by kultuzin - 10-Jan-2016 at 16:31 |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 35> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |