build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5859606162 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1181 Posted: 05-Aug-2016 at 15:24
Се реконструира патниот правец Градско – Росоман – Дреново



Патниот правец Градско-Дреново ќе добие нов асфалт и нова патна сигнализација. Денеска започнаа работите на патот кој минува низ територијата на општината Росоман.



Работите се во рамки на реконструкцијата на магистралниот пат Градско-Прилеп, проект на Министерството за транспорт и врски. информира за МИА Ѓорѓи Крстевски, портпарол во росоманската локална самоуправа.

– Ќе се асфалтира магистралниот пат од Градско до Росоман, ќе се прошири, реконструира и асфалтира делот кој минува низ Росоман, за на крај да се продолжи со реконструкција и асфалтирање до селото Дреново,соопшти портпаролот на Општина Росоман Ѓорѓи Крстевски.

Тој појасни дека во делот на населеното место Росоман, патот ке се прошири по 1.5 метар од двете страни или вкупно 3 метри. – Со тоа би се зголемила безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот. Паралелно со овој проект, на овој магистрален пат работи и општина Росоман со изградба на атмосферска канализација и доизградба на тротоари, нагласува Крстевски.

Тој додаде дека општина Росоман заедно со Владата на Република Македонија како и минатите години, засилено работат на инфраструктурни проекти со кои би се подобрил животот на населението во општина Росоман.

http://pelagonija.mk/se-rekonstruira-patniot-pravets-gradsko-rosoman-drenovo-video/
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1182 Posted: 08-Aug-2016 at 09:07
Неколку слики од реконструираниот дел од Битола до клучката кај Ротино:





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1183 Posted: 08-Aug-2016 at 10:55


Некој впечаток да споделиш за патот, ако имаш?
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1184 Posted: 17-Aug-2016 at 14:19



https://www.youtube.com/watch?v=80RlfhihPrA

Edited by kultuzin - 17-Aug-2016 at 15:13
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1185 Posted: 17-Aug-2016 at 14:43
Мене клипов не ми го отвара
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1186 Posted: 17-Aug-2016 at 16:26
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1461
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #1187 Posted: 17-Aug-2016 at 16:46
От неколко дена Google Chrome и Microsoft Edge не отварят видеофайлове. Ползувайте Mozilla - отвравря ги без проблем. .
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1188 Posted: 18-Aug-2016 at 06:44
Сега е добро
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1189 Posted: 18-Aug-2016 at 07:51
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1190 Posted: 18-Aug-2016 at 10:50
Обележување на патиштата барем со бели линии не се случува ни под разно. Ако кога ќе се случи е мизерно и неквалитетно направено така што го расипуваат генералниот впечаток за новоизградените или реконструирани делници.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1191 Posted: 01-Oct-2016 at 10:36
Некаде во светиниколско...





фото: миа.мк
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1192 Posted: 10-Oct-2016 at 20:18
"Berovo-Strumica", uste eden zaboraven pat...

https://www.youtube.com/watch?v=HYjMPZUf8Y8
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1193 Posted: 10-Oct-2016 at 20:54
Ах тој пуст асвалт , колку ли само треба да се изгреби стариот и да се постави нов , не е некоја математика голема ама пуста култура за инфраструктура кога ќе ни проработи
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1194 Posted: 17-Oct-2016 at 16:13
Ве известуваме дека на ден 18.10.2016 година (вторник) од 21 до 22 часот ќе се изврши привремено затворање на тунелот Демир Капија на државниот пат А1, делница Демир Капија – Гевгелија за сите категории на возила, поради извршување на активности за изградба на јавен пат за време на инспекција за безбедност на патишта – инспекција на тунел Демир Капија. Што треба да значи ова , за каква инспекција станува збор знае ли некој ?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1195 Posted: 19-Oct-2016 at 09:05
Новиот пат помеѓу селата Мокрино и Смолари во должина од 5км.

Гледајте од 1:10 минута...

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1196 Posted: 02-Nov-2016 at 10:10
Реконструкција на регионалниот пат Корешница – Бистренци



http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133411145/1?month=10&year=2016&day=31&desc=0
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1197 Posted: 21-Nov-2016 at 14:50
Вo наредниот период ќе се отпочне со градба Битола – Жабени – Меџитлија, заедно со обнова и проширување на влезовите во градот Битола.Реконструкција на автопатот Велес-Градско , Ќе започнеме со изградба на уште три нови автопати, од Гостивар до Кичево, од Скопје до Блаце и од Требеништа до Струга, рече Груевски на промоцијата на програмата. Дали ова значи комплетно нов пат од Битола до Меџитлија , бидејќи не пишува обнова и прошивуање на постоечкиот сигурно се мисли на комплетно нов пат што би било одлично .. Како и да е во наредниот период да се остварат сите овие најави би било предобро
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1198 Posted: 26-Nov-2016 at 09:38
ММФ: ПАТНАТА МРЕЖА ВО МАКЕДОНИЈА ПОЛОША ОД ЗЕМЈИ СО СЛИЧНИ ПРИХОДИ

Патната мрежа во Македонија е полоша од повеќе земји кои имаат слично ниво на приходи, укажува Меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај за Македонија, во посебен дел наменет за инвестициите во инфраструктурата. Монетарците и' сугерираат на земјава дека треба да работи на подобрување на транспортната патна и железничка мрежа. Забележуваат дека во Македонија големите јавни проекти доведоа до брзо зголемување на јавниот долг, и иако неговото ниво не е премногу високо за вознемиреност, може да предизвика фискални ризици.

„Македонија се соочува со силна потреба за сообраќајна инфраструктура. Признавајќи го тоа, Владата значително ги зголеми инвестициите во инфраструктурата во последните неколку години. Четирите тековни инвестиции во патната и железничката инфраструктура од 2 до 3 отсто од БДП на годишно ниво за 2014-2018 година, веројатно ќе ја зголемат реалната стапка на раст на БДП за 0,5 процентни поени во просек за секоја година во периодот од 2014-2020. Зголемувањето на ефикасноста на јавните инвестиции може да ги зголеми ефектите на раст до 0,8 процентни поени“, се вели во пресметките.

Од Фондот се децидни дека добрата поврзаност со остатокот од светот, а и внатре во рамките на земјата, е од суштинско значење за мала, отворена и континентална економија, каде што се очекува извозот да има важна улога во придвижување на долгорочниот раст. Пресметале дека од 2010 до 2015 година, нето-извозот придонесе во просек 0,04 отсто во годишното ниво на раст на БДП, што укажува на значителен простор за зголемување на тој удел.

„Индексот на Светска банка покажува дека резултатите од логистиката и инфраструктурата во Македонија се рангираат меѓу најниските во регионот. Квалитетот на патиштата е под просекот во регионот, покажува Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум. Густината на патиштата во Македонија не е ниска според регионалните стандарди, но уделот на асфалтирани патишта е меѓу најниските, според Индикаторите за светски развој на СБ“, велат од ММФ. Додаваат и дека нивниот неодамнешен извештај за Западен Балкан исто така го идентификува подобрувањето на инфраструктурата како еден од петте приоритети во Македонија.

Тие велат дека во овој извештај нивната анализа е ограничена на големи проекти, односно тековните три автопатишта и еден железнички проект, кои се во суштината на планот за подобрување на инфраструктурата.

Монетарците наведуваат дека тие инвестиции се главно финансирани од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, како и кинеската ЕКСИМ банка, преку јавно гарантиран долг деноминиран во девизи, и се остваруваат од страна на претпријатија во државна сопственост, како што е Јавното претпријатие за државни патишта, надвор од централниот владин буџет.

Од Фондот објаснуваат дека инвестициите во јавната инфраструктура можат да го стимулираат растот преку ефектите на побарувачката и на понудата. Но, додаваат дека ефектот на раст од овие инвестиции е минлив.

„Во принцип, јавните инвестиции можат, исто така, да имаат негативно влијание на растот, како што јавното задолжување го истиснува кредитирањето на приватниот сектор. Сепак, овој ефект веројатно ќе биде придушен за Македонија, бидејќи јавниот сектор првенствено се задолжува од странските кредитори до кои приватниот сектор нема пристап“, објаснуваат од Фондот.

http://utrinski.mk/?ItemID=875521FA3CCEFA4B9034916F32AC6B60
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1199 Posted: 05-Apr-2017 at 15:45
http://www.granit.com.mk/mk/reconstruction-and-rehabilitation-of-the-road-veles-kadrifakovo-stage-3/#prettyphoto[group]/26/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1200 Posted: 06-Apr-2017 at 07:54
Започна реконструкцијата на стариот пат Прилеп-Битола





Деновиве интензивно се одвива втората фаза од реконструкцијата на стариот пат Прилеп-Битола, Р106, поточно од н.м. Тополчани кон Прилеп во должина од 5 км. Инвестицијата изнесува 15 милиони денари, а парите се обезбедени од Владата и Јавното претпријатие за државни патишта.



http://setaliste.com.mk/vesti/pinfo/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5859606162 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.473 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.