Плоштад Скендербег |
Post Reply | Page <1 35363738> |
Author | |||||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #721 Posted: 18-Aug-2017 at 09:43 | ||||
Чекај, дали сериозно мислиш дека Скопје 2014 е националистички проект? Ај дај објасни ми зошто би бил националистички? |
|||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Online Posts: 4090 |
Quote Reply #722 Posted: 18-Aug-2017 at 10:05 | ||||
Хаха скопско дете кало не е? Се за македонци а нешто албанско и веднаш прашина.Секој има право за своето. Зошто ти да можеш јас не?
|
|||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #723 Posted: 18-Aug-2017 at 10:41 | ||||
Ќе го кажам моето мислење. Проектот започна по грчкото вето за прием во НАТО 2008 г. Мислам дека владата тогаш остана без компас и мораше да им понуди на граѓаните некаква алтернатива. Освен тоа, како десничарска и конзервативна партија, си имаше одредена зацртана агенда за која сега и’ се отвори чист простор, бидејќи немаше што да се изгуби. Проектот беше набрзина склопен, недосмислен, недовршен, бевме сведоци на импровизации и измени во текот на неговото спроведување, а беше и прошируван и нагдрадуван. Изговорот за разубавување на градот за мене беше само параван за туркање ситнопрофитерски интереси, корупција, криминал итн. Освен тоа, проектот беше насочен кон само една етничка заедница во земјава, што наиде на револт кај другите етникуми. Оние малкумина споменици што им беа доделени не можеа да го покријат чувството на запоставеност од државата. Самиот проект создаде голем раздор во македонското национално ткиво, а предизвика и големи и непотребни проблеми со соседните земји. Провокации од наша страна имаше речиси секојдневно, а тоа намерно се правеше за да се добијат некои ситни поени кај сопственото гласачко тело. На крајот што добивме - уништен центар на Скопје, пренатрупан простор со споменици, со фонтани и со други скапи глупости, евтини фасади, фушерај, кич, станавме предмет на потсмев во светот, а старите проблеми си останаа - и во Скопје, и во државава. Тонеме во сиромаштија, мислам дека Kid_A фино објасни во коментарот за Прилеп каква е ситуацијата таму, а бидејќи ја шетав и ја шетам Македонија вдолж и попреку, истото може да се каже за речиси секој град во земјава, а за селата воопшто и да не почнувам, со ретки исклучоци. |
|||||
За сè има вторпат
|
|||||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #724 Posted: 18-Aug-2017 at 17:56 | ||||
Чекај, океј, ај те разбирам дека за тебе можеби целиот проект бил само параван за криминал, иако тоа е доста многу дискутабилно и не би навлегувал во таа тема, но дека биле запоставени останатите етникуми е тотално смешно и нелогично, па не ме заебавај бе „една етничка заедница“, таа етничка заедница е мнозинството во оваа држава - Македонците, а ако не знаеш државава се вика Македонија. Ај овака размисли, како се чувствуваат другите малцинства поради сето она што го прави најбројното малцинство со орли, платформи и сл.? А иначе, да, само да те потсетам дека целта е да бидат сите еднакви, а најмалку едно малцинство во една држава да окупира се' живо и диво во деловите каде што се мнозинство. |
|||||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #725 Posted: 18-Aug-2017 at 18:04 | ||||
А зошто Албанците да имаат повеќе од Турците во Македонија, а? Ај нека ти текне. |
|||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Online Posts: 4090 |
Quote Reply #726 Posted: 19-Aug-2017 at 11:53 | ||||
Повеќе се.. престанти да не гледаш како ,,странци,, само заради тоа дека не сме македонци. |
|||||
Gradinarot
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 369 |
Quote Reply #727 Posted: 20-Aug-2017 at 12:37 | ||||
Ќе бидете странци и така перципирани се додека оваа држава не ја гледате како своја, т.е. ја гледате само како своја територија во рамки на голема а. Не знам што се чудиш. Дури и никот ти е My Macedonia, а се во албанија и Косово ти е помило од тука...самиот си одговор за многу работи...
|
|||||
..... .......
|
|||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Online Posts: 4090 |
Quote Reply #728 Posted: 20-Aug-2017 at 15:53 | ||||
Државата е и наша.. да си зборуваш албански и да си имаш свое знаме не значи да си странец.. да беше држава на сите немаше да си има знаме само од една заедница.. пари се на македонски.. што е тука лошо ако стои и на албански??! премногу паника тоа е
|
|||||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #729 Posted: 20-Aug-2017 at 16:21 | ||||
Знаеш дека многу ти примитивен аргументот "што има лошо", така? Што има лошо на американските долари да пишува стои руска кирилица или обратно? Нема ништо лошо... Пробај да побараш практичност и логика во идеите, а не само дали има лошо или добро.
Edited by Navigator - 20-Aug-2017 at 16:22 |
|||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Online Posts: 4090 |
Quote Reply #730 Posted: 20-Aug-2017 at 17:25 | ||||
Кој не етикетира автоматски како непријатели? Ти хаха ....
Американска држава си зборува американски.. нашиот македонски и албански.. швајцарија пак по 4 јазици ретороманци има само 0.4% и пак си стој. 1/4 од државата зборува албански не ти јасно? Давам и јас пари зошто да не стои? Значи вакви националисти прават поделба и етикетирање. Или наша (на сите) или никому. Тоа е реалноста, не терај со инает и не сонувај. МОе право е и ќе биде ако не сега тогаш по неколку години. Нема бегање и без паника.. |
|||||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #731 Posted: 20-Aug-2017 at 18:25 | ||||
Никој не те гледа како странец, напротив, те почитувам и ти си мој сограѓанин, ама проблемот е што ти мене не ме почитуваш и не ми ја почитуваш мојата татковина, која патем е и единствена. Ти сакаш во Македонија да биде еднакво застапен македонскиот и албанскиот јазик, сакаш еднаков број на споменици на Албанци и Македонци итн. Е па не може така, бидејќи како прво тука Македонците се мнозинство, а како второ сите треба да бидат еднакви. Не може Албанците како малцинство да бараат се' и сешто, а другите малцинства заради тоа да трпат. Секој треба да има еднакви права во нашата држава. Дали имаш претстава дека каде што живеат мнозинство Албанци, албанскиот јазик се употребува најнормално? Дали имаш претстава колку книги се преведени на албански јазик и тоа од НАЈРАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ, со народни пари? Дали имаш претстава дека вакви примери има безброј, каде многу убаво се гледа и забележува дека Албанците воопшто не се деградирани како луѓе во Македонија, напротив, дури привилегирани. Македонија е мултиетничка земја, со мнозинство Македонци. Македонија не е бинационална држава. Edited by skopskodete - 20-Aug-2017 at 18:26 |
|||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #732 Posted: 21-Aug-2017 at 18:25 | ||||
Плоштадот Скендербег мозаик на етноцентризам
СКОПЈЕ, 21.08.2017 – Мурални мозаици кои ја раскажуваат приказната на албанската идеја за независност и самостојност, се насликани на ѕидовите на плоштадот Скендербег, кој е во финална фаза на изградба. На мозаиците можат да се видат, Мајка Тереза, албанските партизани, борбата за ослободување на Косово, албанските преродбеници и сојузот на Лежа каде како централна фигура се јавува Скендербег. Тоа е накратко композицијата на најголемиот мурал, а од спротива е преместен споменикот на Скендербег во многу поголем постамент од оној претходниот. Плоштадот Скендербег е дел од проектот „Скопје 2014“. На него можат да се видат етнички обележја на албанската нација. Според многумина иконографијата на овој мурал е етнонационалистичка, додека истиот се смета како логичка консеквенца на етнонационалистичкиот проект од „другата“ страна на реката Вардар. Минатата власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го „сработија“ проектот „Скопје 2014“. За истиот, потрошени се над 600 милиони евра и поголемиот дел од предвидените објекти се веќе изградени или пак се во завршна фаза на градење. Плоштадот Скендербег претставува парче од колачот на договорот помеѓу претставниците на македонскиот и албанскиот етникум. Имено, откако се реализираа голем дел од предвидените објекти поврзани со „Скопје 2014“ и македонската историја, на сцена стапи потребата албанските претставници на своите гласачи да им испорачаат дел од албанската историска и политичка култура. Според сликата која произлегува од двете етнички глорификации на историјата во овој проект, помеѓу македонците и албанците нема никаква заедничка приказна. Македонците си ја слават сопствената приказна, додека албанците си ја слават нивната. Иако, помеѓу интелектуалците и политичарите во јавност може да се сретнат често и тонови на обвинување за национализам, никој не си го гледа сопствениот двор, а уште полошо секој смета дека државата и територијата по природа му припаѓа нему. Минатата власт, направи нова етничка и политичка демаркација на присуство и влијание. Неформално, албанските општини и населени места беа раководени, уредувани и организирани од страна на албанскиот политички субјект ДУИ, а за македонците тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Бездната, којашто ги подели овие два народа се зголемуваше уште повеќе, но иако парадоксално, дијалогот и заедничкиот идентитет помеѓу политичарите од двете заедници беше на завидно ниво. По објавувањето на т.н. „бомби“, од страна на СДСМ и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ го изгуби легитимитетот да владее со институциите, додека тогашниот лидер на опозицијата беше многу млак со криминалните релации на претставниците на ДУИ. Со тоа ДУИ си обезбеди уште еден мандат во новата влада. Денес ДУИ, како носител на политичките процеси и застапување на албанските етнички политички интереси го продолжува проектот, кој во својата срж нема никаква манифестација на соживот помеѓу албанците и македонците. Територијата одамна е мапирана и ограничена. Вие вашето, ние нашето со културата, така со поделба на тендерите, така со парите. Денес таа партија, е дел од извршната власт во која учествува една од политичките партии која ги критикуваше културните, но и етнички политики на оваа партија. Плоштадот Скендербег е компензација за другите два плоштади во Скопје. На овој плоштад, за разлика од другите два на кои стојат историски фигури со кои идентитетски се поврзува македонскиот етнички елемент, стои Скендербег. Скендербег претставува албанска романтичарска верзија на „таткото на нацијата“, а истиот неколкупати беше преместуван на повисок постамент од претходниот. Ова треба да биде местото на кое ќе разменуваат искуства македонците и албанците, исто како и на претходните плоштади каде „татковците на нацијата“ се Александар Велики и Филип Втори. Со овие два непремостиви елементи, градот Скопје останува неспоива приказна на два формално слични, или исти политички пристапи на етнонационализам и културна и политичка непомирливост. Преку овие проекти, Скопје не сведочи за културна соработка и за заедничко споделување на вредности. Накратко, Скопје не сведочи една заедничка приказна на македонците и албанците. Проектот е етноцентристички Муралот претставува еден показател на фрагментиран и поделен режим на колективна меморија, смета Наум Трајановски, докторант на Институтот за филозофија и социологија при полската Академија на науки во Варшава. Муралот рефлектира етно-центристички модус на репрезентација на колективната меморија од проектот Скопје 2014 и е дел од политиката на поделба на градот кој преку националните симболи и митови служи за една рекреација на етничките граници на Скопје. „Муралот директно и без скурпули одговара на прашањето чиј е плоштадот, како и чија историја и национална меморија ќе бидат предмет на комеморација на тоа јавно место. Интересно прашање е зошто елитата која беше вокална и гласна во критиките кон начинот на етно-центристичката дисеминација на историскиот наратив на Плоштадот Македонија, настапува со истата ексклузивистичка парадигма во случајот со новиот мурал на плоштадот Скендербег? Конечно, сметам дека е штета што просторот за мурал на самиот влез од Старата чаршија не е искористен за приказ на локалната (па дури и општинска!) историја, заедничкото минато и соживотот што чаршијата како институција несомнено ги генерира“, вели Наум Трајановски за Гласник. Мариглен Демири, еден од авторите на книгата „Национализмот во(н) контекст“ смета дека, овој проект претставува најјасно огледало за тоа дека нашето општество ниту комуницира со другоста ниту пак има идеја за другоста, особено идеја која ќе ги осмисли другостите во една хармонична целина која ќе заедничари. „Овој проект отсликува нешто што го живееме а не можеме во поим да го врамиме. Ние живееме како сепарирани културни и политички табори. Ниту се разбираме, ниту сакаме да се разбереме, политичарите кои генерално се неспособни да направат културна и политичка комуникација, го прават тоа само кога зборуваат со јазикот на тендерите. Генерално ние немаме ист свет. Едните слават едно, другите слават друго. И двете се крајно кичерајски манифестации на идеја која е презаситена од повторување и која ги изгубила сите вериги на денешните социо-политички контексти. Во 21 век, централна фигура да ви биде човек од 15. век кој притоа промовира вредности кои се во крајна дискрепанца со оние на кои се повикуваме ние и нашата цивилизација, е супстанцијална анахронија. Скопје не е град на луѓето, туку на етничките трибалистички конзервативни обрасци. Овој мурал е последица на целокупниот проект „Скопје 2014“, кој сеуште сведочи за тесноградоста, естетичкиот невкус и бурлеска, и грабежот на граѓаните што им го прават политичарите под приказната „патриотизам“, истакнува Мариглен Демири. http://glasnik.mk/plostadot-skenderbeg-mozaik-etnocentrizam/ |
|||||
За сè има вторпат
|
|||||
Gradinarot
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 369 |
Quote Reply #733 Posted: 22-Aug-2017 at 13:22 | ||||
се ова би било норманло и во ред, доколу грото од албанскиот народ има барем есенцијална почит кон сопствената држава и македонскиот народ. Бидејќи тоа не е така, сите знаеме, да не се лажеме, сево ова добива друга конотација...Сведоци сме на најголем и можеби ретко рудиментиран национален излив во регионот, според кој и „патриотизмот„ на Грујо изгледа како мала беба...и сево ова во 21 век...некој дефинитивно е заостанат..буквално...
Edited by Gradinarot - 22-Aug-2017 at 13:23 |
|||||
..... .......
|
|||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Online Posts: 4090 |
Quote Reply #734 Posted: 22-Aug-2017 at 14:58 | ||||
Има почит, да си го сакаш свој народ не значи дека си против. Почитувајте вие и секако дека и ќе бидете. Не е само до другите колега.. гледај ти по твоето. Да почитуваш е одпрво да даваш правди ова она а не со договори и тоа не се почитува. 😏 Ама ете никако да ви текне..
Иначе имам соседи и си одиме, зброуваме на македонски а оние пак по некој збор мирдита .. тоа е почит. Еве јасти пишувам на кирилица а тебе којзнае ти пречи што воопшто сум во форумот. Повеќе швајцарците ја познавуваат албанскиот јазик од македонците. Еве како сте (еден дел не сите) Edited by my Macedonia - 22-Aug-2017 at 15:04 |
|||||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #735 Posted: 22-Aug-2017 at 15:30 | ||||
Не, ти стварно не сфаќаш дека живееш во Македонија, а не во некое маало во некоја си држава кај шо има по некој Македонец, и ај сеа ќе си зборите на македонски ова она... Чоек у Македонија живееш! |
|||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #736 Posted: 22-Aug-2017 at 17:21 | ||||
Дечки, наместо да се препирате за работи за кои малку се разбирате, прочитајте го текстот на претходната страница, убаво објаснува од каде се појави проектов и која е неговата цел.
______________________ Еве, ќе го преобјавам тука пак за да не морате да се навраќате на претходната страница:
Edited by Џоле - 22-Aug-2017 at 17:23 |
|||||
За сè има вторпат
|
|||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Online Posts: 4090 |
Quote Reply #737 Posted: 22-Aug-2017 at 17:29 | ||||
И што сега? Во моја држава живеам и албански си зборувам како предходните генерации.. И моја е земјава затоа си го сакам моето. Ако не сака државата јас пак албански ќе си зборам. Македонија е така основена, за да биде само за македонците а пак и не се виновни, не знаале повеќе милошевиќстајл. ВО Македонија.. У македонија звучи нешто српски... |
|||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #738 Posted: 23-Aug-2017 at 14:23 | ||||
Сега Македонците кога ќе возвратат со стотици нови споменици на сите значајни Македонци, од првата амеба па до денес, леле, леле, тешко нас.
Шкупи 2014, на здравје нека ни е. (А ние си мислевме дека будалаштини на Груевски ќе поминат без соодветна реакција. Ах, колку сме си биле наивни.) Edited by Џоле - 23-Aug-2017 at 14:24 |
|||||
За сè има вторпат
|
|||||
JovanOdGjorche
Senior Member Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 516 |
Quote Reply #739 Posted: 23-Aug-2017 at 16:30 | ||||
Детето во рацете на Мајка Тереза Али Ахмети треба да биде или ?
|
|||||
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|||||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #740 Posted: 23-Aug-2017 at 18:41 | ||||
Извини ама тие барања не само што не се практични и логични туку се и крајно примитивни. Нормален еволуиран човек - граѓанин, би се залагал за развој на инфраструктура, образование, жив. средина, култура, здравство, право итн.. а не за онакви глупости кои што немаат никаква улога во животот на поединецот. Кој к***ц ќе ти е текст на албански на парите? Бројките не ги гледаш? Каде се етничките заедници на швајцарското, француското, белгиското и др. знамиња? Дај еволуирајте малку. |
|||||
Post Reply | Page <1 35363738> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |