![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Гостивар - Кичево |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 5> |
Author | ||
Joralemon ![]() Newbie ![]() Joined: 02-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
|
За автопатот Гостивар – Кичево се обезбедија првите 20 милиони евра
Првата секција од идниот автопат Гостивар – Кичево ќе се гради со неповратни средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) и со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Првите 12,7 километри од идниот автопат меѓу Гостивар и Кичево ќе се поддржат во изградбата со средства во висина од 20.348.000 евра. Покрај добиениот грант, од владата информираат дека останатите средства ќе се обезбедат преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 79,2 милиони евра, додека Јавното претпријатие за државни патишта ќе обезбеди 6 милиони евра од сопствениот буџет. За првата секција од автопатот Гостивар – Кичево до крајот на годинава треба да се комплетира инфраструктурниот проект, којшто се изработува од „Геинг КуК“. Основниот проект за првите 12,7 километри ги изработи фирмата „Балкан консалтинг“, при што за проектната документација досега се издвоени над 49,3 милиони денари. Со комплетирањето на проектот и со обезбедувањето на финансиските средства, македонската влада создаде услови за распишување на тендер за избор на изведувач. За преостанатите две секции од автопатот меѓу Гостивар и Кичево треба допрва да се бараат проектанти, а вкупната должина на целата траса е 42 километри. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан се обезбедени и над 2,6 милиони евра за рехабилитација и реконструкција на делницата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир од Коридорот 8. Овие неповратни средства ќе бидат доволни за санација на патот во должина од 13 километри, земајќи во предвид дека веќе се подигна заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра за оваа намена. Третиот грант што е доделен на нашата земја изнесува 1 милиони евра и со него ќе се подготвува физибилити студија и студија за влијание на животната средина и социјалните аспекти на проектот за изградба на хидроелектраната „Чебрен“. Бојан Блажевски bojan.blazevski@build.mk |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
На кој дел се однесуваат овие 12,7 km? Ќе се настават како продолжение на Охрид-Кичево или се работи за некаква обиколница околу Гостивар?
|
||
![]() |
||
Joralemon ![]() Newbie ![]() Joined: 02-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
|
Овие 12.7 км се однесуваат на првата делница Кичево-Букојчани. Втората делница е Букојчани - Горна Ѓоновица и третата делница Горна Ѓоновица – Гостивар.
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Нема логика да се прави во фази пат кој не води никаде. Ако не може да се пушта во фази нема логика да се гради во фази. Ова е нова траса и треба да се гради целосно.
|
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Од делницата Кичево-Букојчани со должина од 12,7 km околу 10 km ќе бидат употребливи веднаш чим се заврши. Тие се надоврзуваат на оние цирка 2,5 km од автопатот Охрид-Кичево кои инаку би останале неупотребливи (делот што е пробиен низ шумата над Кичево). Значи со изградба на Кичево-Букојчани реално добиваме околу 12,5 km веднаш употреблив автопат. Но исто така важно, со пуштање во употреба на Охрид-Кичево без Кичево-Букојчани, транзитниот сообраќај останува да се одвива низ Кичево. Со Кичево-Букојчани се оформува обиколница на Кичево и на тие 2-3 села северно од Кичево кои се прилично незгодни од сообраќаен аспект, бидејќи на секој чекор има директни приклучоци на магистралниот пат (вклучувајќи и еден куп приклучоци директно од индивидуални куќи). Немам мапа од трасата за да тврдам со сигурност, но веројатно спојувањето на автопатот со магистралниот пат ќе биде северно од Зајас, па на ист начин ќе се избегне и периферијата на ова село, каде што ситуацијата со магистралниот пат е слична. |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Точно, за првата делница имаш право. Но втората делница без третата е неупотреблива.
|
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
|
надвор од тема, која е трасата на автопатот гостивар-кичево
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Ова го имам ![]() Грубо земено, северната половина оди по траса отприлика на средина помеѓу магистралниот пат и пругата, а јужната половина оди по траса во близина на пругата. Edited by Cloverstack - 08-Mar-2019 at 23:49 |
||
![]() |
||
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
|
сега имам претстава, иако вака земено е многу долг, премногу завои.....не сум струлен но за мене би било најиделано решението исто како пругата, со голем тунел се би се решило, ама изгледа исклучувањето пред гостивар сакајки да избегнат скапи ниви од лево фатиле скроз десно.....тежок ке биде сепак овој автопат потежок и од демиркапија смоквица
|
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека според новиот проект бега лево ,но не сум сигурен.
Инаку елнино , проценката за автопатот Гостивар - Кичево е 650+ милиони евра. Edited by daci92 - 09-Mar-2019 at 18:18 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Во тој случај мислам дека без масивна помош од ЕУ фондови/грантови, несериозно ќе биде да помислуваме да го почнуваме проектот во наредните 6-7 години. Инаку трасата што ја постирав има само еден тунел и тоа прилично краток (мислам 350 метри, кај Горна Бањица), така да веројатно Даци е во право дека има нов проект, инаку не знам како би се објаснила таква цифра од 650+ милиони евра. Даци, имаш ли некакво инфо за број и должина на тунели? |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Автопатот Кичево – Гостивар ќе почне да се гради во 2020 година
Македонската влада планира кон средината на следната година да ја започне изградбата на автопатот Кичево – Гостивар на Коридорот 8. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека во моментов се комплетира проектната документација за првата делница – од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. – Тендерот за избор на изведувач очекуваме да биде распишан кон крајот на 2019 година и изградбата да започне кон средината на 2020 година – велат за Мета.мк од ЈП за државни патишта. Првата делница од идниот автопат Кичево – Гостивар ќе се надоврзе на постојниот автопат во изградба Кичево – Охрид. Кога ќе се реализира тој дел од проектот, би профункционирала и автопатската обиколница околу Кичево, и над 10 километри од целокупната траса на автопатот Кичево – Гостивар ќе може да се користи за возење веднаш по неговата изградба. За првата фаза од изградбата на автопатот Кичево – Гостивар веќе се обезбедени неповратни средства од Инвестициската рамка за Западниот Балкан на ЕУ во висина од околу 20 милиони евра, државата од сопствени средства ќе инвестира 6 милиони евра, додека останатите средства во износ од 79,2 милиони евра ќе бидат обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Вкупната вредност на оваа делница ќе изнесува 105 милиони евра, според проценките изнесени во документите на Инвестициската рамка за Западниот Балкан. Автопатот Кичево – Гостивар ќе биде долг 42 километри, а ќе се гради во три фази. За втората и третата делница од Букојчани до Горна Ѓоновица, односно од Горна Ѓоновица до Гостивар, се обезбедени неповратни средства од 2 милиони евра за изработка на проектната документација. Со овие средства ќе се изработи основниот проект за делницата од Букојчани до Горна Ѓоновица, како и идеен проект за трасата од Горна Ѓоновица до Гостивар. – Во моментот се усогласува проектната задача за проектирање со ЕБОР и ИФИКО. Се очекува проектирањето да започне кон крајот на 2019 година – информираат од ЈП за државни патишта. Идната изградба на трасата меѓу Гостивар и Кичево ќе значи многу за развојот на туризмот во Охридскиот регион, земајќи го предвид фактот дека Скопје и Охрид би биле целосно поврзани со автопат. Воедно, најголем дел од автопатската траса на Коридорот 8 кон Албанија би била завршена, а како недовршена ќе остане единствено трасата од охридското село Требеништа, преку Струга, до граничниот премин Ќафасан. https://meta.mk/avtopatot-kichevo-gostivar-ќe-pochne-da-se-gradi-vo-2020-godina/?fbclid=IwAR3v8m-PjYTbRrO5pYhGjS-lR_Vp0B92r4zx40tIxOKFxOozF7aT1PpjOOQ |
||
![]() |
||
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Оваа делница повеќе од 10 години ја говорат.
Пак ли ќе чекаме уште 20 години дур да почнат да ја градат, па да се влечкаат како Кичево - Охрид и да исперат пари???????? Незнам што се влечкаат сеуште, до сега да беше некој друг не 1 туку 101 автопатни правци ќе изградеа.... И зошто коридорот 10 е преку Ќафасан??? Кој го правел така тој коридор? Подобро ќе е од кај Ќафасан а не од кај г.п. Блато, оти таму е далеку потешко да се изгради автопат, и ќе кошта многу. |
||
![]() |
||
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
Што испомеша тука? Коридор 10 е Табановце-Богородица, или со меѓународна ознака Е-75 и национална ознака А1. Исто така и рутата од Градско накај Пелагонија е крак од коридор 10. Од друга страна, коридор 8 е Ќафасан-Деве Баир, или национална магистрала А2, низ дел од неа врви и меѓународниот Е-65. Албанија инсистираше овој коридор да поминува преку Блато за на тој начин Тирана да ја поврзе директно со Гостивар, Тетово па после и Скопје. Но нам тоа воопшто не ни одговара бидејќи таа траса поминува низ планински дел кој впрочем е дел и од национален парк, поскапо е да се изведе автопат таму и немаме никаква корист да вложиме таму во споредба со тоа да добиеме автопат до Охрид. |
||
![]() |
||
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Моја грешка на Коридор 8 мислев. Ако инсистирале треба да си го сменат мислењето, и да се измени коридорот 8. Незнам како тоа без наши консултации се одлучиле така. Нели од Тетово до Призрен зборат дека во план им бил автопатско поврзување, па еве кај е границата измеѓу Косово и Албанија, чак пак преку тоа побрзо ќе се стига до Албанија. Па незнам исто така од Ќафасан до Елбасан што ќе ги кошта да го продолжат автопатот. И така од Тирана до Елбасан има автопат, ќе треба да се направи едно заобиколување на Елбасан, и после тоа има претежно ридски предел, што не е толку тешко таму да се изгради автопат до Ќафасан. Тамам со тоа Тетово - Призрен, и Скопје - Блаце и ете подобра поврзаност со Косово и Албанија. Незнам повеќе што треба искрено. Вака они како што запнале за џабе и ние и они ќе потрошиме време, пари а плус и од нивна страна имаат национални паркови. Овде да не ги спомнувам еко - активистите и какви им се законите во Р. Албанија (дали е дозволено да се гради автопат низ национален парк), колкаво влијание би имал таков автопат на околината, итн итн... Делот од Елбасан до Ќафасан мислам дека нема никаков национален парк, и е далеку полесен во споредба со тоа што од каде Албанците сакаат коридор 8 да минува. Е сега кај нас останува Охрид - Струга автопатското решение проблем, да го средат тоа со УНЕСКО па после ке му ја мислиме. Инаку да не залутам многу оф топик назад на темава. Според вас, дали оваа делница Гостивар - Кичево ќе биде потешка и поскапа за разлика од Кичево - Охрид??? Се надевам нема пак 8+ години да ја градиме оваа делница... |
||
![]() |
||
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
Си запињаа тие, ама на крај ниту изградија автопат до Блато, ниту пак ќе изградат некогаш. Целата работа беше воглавно политичка, а неиздржана економски и стратешки. Сепак коридорот 8 останува кај Ќафасан, а ние треба нашата работа да си ја завршиме и до секоја граница да има барем по еден автопат, па тие ако сакаат и по козји патеки нека возат. Кога се влегува во една земја, прво нешто што паѓа во очи и кажува за таа земја е патот.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Проектот за првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај, догодина тендер и почеток на градба
Изработката на проектната документација за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај и се очекува да биде целосно завршена во првата половина на 2021 година, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Станува збор за идната автопатска делница од селото Букојчани до Кичево, во должина од 12,7 километри. Од ова претпријатие информираат дека проектната документација се подготвува според барањата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од каде ќе биде земен кредит од околу 70 милиони евра како надополнување на добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку ВБИФ Инструментот на Европската Унија. За првата фаза во вредност од околу 90 милиони евра во текот на месецов ќе биде објавена Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, која ќе ѝ биде достапна на јавноста 120 дена. „Во тој период, паралелно ќе тече рокот за одобрување на студијата и според националното законодавство. По тој период, ќе следи финално одобрување на целокупната техничка документација и добивање на одобрение за градење“, информираат од ЈП за државни патишта. Тие потенцираат дека тендерот за изградба на автопатската делница од Букојчани до Кичево треба да се објави кон средината на 2021 година. „Се очекува почеток на градбата до крај на 2021 година. За оваа делница очекуван рок за завршување на работите е 36 месеци“, велат од ова претпријатие. За преостанатите две фази од автопатот Гостивар – Кичево, проектирањето не е започнато, но начелно се обезбедени 2 милиони евра за изработка на основен проект за делницата Гостивар – Горна Ѓоновица и за идеен проект за делницата Горна Ѓоновица-Букојчани. Средствата ќе бидат достапни преку т.н. Заеднички фонд на ЕБОР, додека објавата за избор на проектант ќе биде во текот на 2021 година. Автопатот Кичево – Гостивар ќе биде долг 42 километри, а ќе се гради во три фази. Со неговата изградба, патниот Коридор 8 кон Албанија речиси би се комплетирал во целост, со исклучок на делот од охридското село Требеништа до граничниот премин Ќафасан. Автопатот е важен и за развојот на туризмот во охридско-струшкиот регион. За висината на финансиските средства што ќе бидат потребни за неговата изградба е прерано да се зборува, бидејќи проектната документација за делот од Гостивар до Букојчани сѐ уште не е изработена во целост. https://meta.mk/proektot-za-prvata-faza-od-avtopatot-gostivar-kichevo-e-pri-kraj-dogodina-tender-i-pochetok-na-gradba |
||
![]() |
||
Realistic88 ![]() Newbie ![]() Joined: 24-Dec-2019 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 28 |
![]() ![]() |
|
Eve edna godina vetuvajne i na kraj sepak nishto, sega ostanuva da se cukneme vo glavata i da se molime deka vo 2021 neshto ke se smeni.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Мало Драгомиште ќе се подели на две! – Мештаните против проектот за автопат Кичево-Букојчани
Преку ова место ќе се гради автопатот Кичево-Букојчани кон Гостивар, кој пак се поврзува со Коридорот 8. Според проектот, автопатот ќе поминува преку селото Мало Драгомиште, поради што селото ќе биде поделено на два дела. Освен што ќе поминува близу куќите, мостот кој се очекува да биде изграден ќе поминува низ гробиштата и над дворовите на некои жители. Во населбата каде ќе поминува автопатот се изградени нови куќи, во кои главно живеат печалбарите. Дел од нив се против, бидејќи како што велат, автопатот ќе стане пречка за локалните мештани. „Ние сме против проектот – автопатот да поминува низ селото бидејќи целото село ќе биде уништено, ќе има големи последици, селото ќе биде поделено надве, влезот на селото ќе биде уништен, квалитетот на животот во селото ќе биде нарушен, ќе се затвори главниот пат кој води до Централното училиште „Реџ Рушит Зајази“, до Полициска станица, Железничка станица, Поштата, Амбулантата итн“, вели Арсим Зибери. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, вели дека проектот е во фаза која не може да претрпува измени. Како што вели средствата за овој автопат се обезбедени од Европската банка за развој, додавајќи дека биле во контакт со општината и жителите во врска со овој проект. „За проектот кој е финансиран од Европската банка за обнова и развој, ние бевме во разговори за обезбедување средствата и сега е во фаза кога треба да имаме јавен увид на еколошкиот проект и на проектот во тој дел. Кога започна трасата, имаше дадено мислења од надлежните институции за тоа каде треба да поминува. Бев во контакт со градоначалникот на општината, како и со жителите на селото“, посочи Ејуп Рустеми. Но, Арсим го вели спротивното. Уверува дека не бил запознаен, а ниту консултиран од никого во врска со ова прашање. „Ние немаме никаква информација. Побаравме од градоначалникот на селото да ни каже, но ни рекоа дека е идеен проект и не ни дадоа никаква информација“, порача Арсим Зибери. Мештаните се мобилизираа и почнаа да собираат потписи против изградбата на овој автопат, а до денес успеаја да соберат над 2.000. И кичевскиот муфтија исто така побара да се стопира изградбата на автопатот кој поминува низ селските гробишта. https://mk.tv21.tv/malo-dragomishte-ke-se-podeli-na-dve-meshtanite-protiv-proektot-za-avtopat-kichevo-bukojchani/ |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Глупости мештански, типично! Screw them, терајте со проектот!
Башка се искажани некакви апсурдни реченеци како на пример: "....се изградени нови куќи, во кои главно живеат печалбарите." Печалбари се, не живеат во куќите кои ги градат зато не се дома. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 5> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |