build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Телеком арена (арена Филип II Македонски)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 206207208209>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4141 Posted: 03-Jul-2017 at 17:44
Суперкупот и непостоечкиот план за евакуација на арената „Филип Втори“

Милорад Стојмановски

Се чини дека требаше новата Влада да излезе со соопштение за состојбата на Националната арена „Филип Втори“, со кое укажа на забелешките на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) спроти организацијата на најголемиот фудбалски настан во историјата на фудбалот на Македонија, Суперкупот на УЕФА, за конечно да се актуелизира прашањето за некогашниот Градски стадион во Скопје. Иако се потрошени 60-тина милиони евра за проектирање, изградба и „дотерување“ на најголемиот спортски објект кај нас (оваа бројка прифатете ја со резерва, зашто кога се отвора досието со побарувањата, цената на чинење по „дифолт“ станува поголема), објектот сѐ уште не е завршен, а до 2015 година требаше да ги добие сите сертификати.

Зарем нема да ги гледаме Реал и Манчестер јунајтед?

Информацијата на Владата доби во тежина поради „стравот“ да не ја загубиме доделената организација на натпреварот меѓу двете можеби најпопуларни фудбалски екипи на светот, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Како студен туш дојде ова соопштение по возбудата околу тоа како да се набави влезница за „натпреварот на столетието“ во Македонија и по вестите за вртоглавиот раст на цените на хотелските услуги на денот на натпреварот - 8 август и за сместувањето на фудбалските ѕвезди во елитните хотели „Александар палас“ и „Мериот“.

Поради огромниот интерес да се гледаат најскапите нозе што некогаш газеле „македонска трева“, УЕФА има посебна процедура при онлајн-продажбата на влезниците. Поточно, се влече лотарија од апликациите на заинтересираните за тоа мало богатство, наречено билет (чини од 15 до 50 евра). По разочарувањето дека поради потребата од подолг одмор, во Скопје можеби нема да допатува најдобриот на светот за 2016 година, Кристијано Роналдо, стаса нов гром од ведрото јунско небо над Скопје - „Филип Втори“ да ти бил фаличен! Згора, Македонија има рок до 21 јули да ги поправи недостатоците констатирани од строгите инспектори на УЕФА, пред да се случи последната контрола од европската „куќа на фудбалот“ на 23 јули.

Десет години се гради, а уште не е завршен

Последен пат во арената бев на 11 јуни, на натпреварот Македонија - Шпанија. Истите простории за новинарите што со години зјаат празни сѐ уште беа празни (ни маса, ни столче, камо ли друга опрема). Во тоалетите за новинарите немаше сапун (како ли е тогаш во оние за гледачите?). Од неопходната опрема за прес-центрите што ја има на вакви врвни настани (телевизори, приклучоци за интернет, кетеринг) ни трага, ни глас. Така е со години, практично од 2009 година, кога ја пуштија во употреба Северната трибина, која сега делумно се реконструира на барање на инспекторите на УЕФА.

Националната арена „Филип Втори“ (поранешен „Градски стадион“) во денешната форма почна да се гради во 1978 година. За две години беше изградена Јужната трибина по урнекот на стадионот „Пољуд“ во Сплит, а изведувач беше „Бетон“ од Скопје. Имаше неколкукратни адаптации по разни поводи - пред настапот на Вардар во Купот на европските шампиони во 1987, потоа две години подоцна за несудениот квалификациски натпревар Југославија - Северна Ирска кога теренот не беше доволно рамен за ју-селекторот Ивица Осим, а во самостојна Македонија за средбата Македонија - Англија во 2003 година. Дури во 2007, Владата распиша тендер за изградба на Северната трибина (во јануари 2008 беше урната старата), а новата беше промовирана на 2 август 2009. Истата година беше поставен камен-темелник и за Источната и Западната, а кон крајот на 2009 стартуваше и реконструкцијата на Јужната трибина. Во 2011 беа пуштени во употреба Западната и Источната трибина (иако недовршени), а неколкупати беше реконструиран фудбалскиот терен зашто требаше т.н. бонификација (зацврснување) на меката подлога поради близината на реката Вардар. До 2013 требаше целосно да се изгради и оспособи подтрибинскиот простор и да се изведе современо фасадно обликување, но според АД за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор (АДССДП) застојот бил поради економската криза.

Сите зафати поврзани со Арената во периодот 2008 – 2013, според специјализираниот портал Build.mk се проценува дека ќе достигнат 50 до 60 милиони евра. Дури и да остане оваа цена, по столче ќе чини околу 3.000 евра (капацитетот е околу 32.500 седишта) што стадионот го прави скап за денешни стандарди. Јужната трибина со над 11.000 места веќе беше изградена, иако претрпе извесни корекции. Објектот првично требаше да биде комплетиран до 2015 година, но лани во април е направен нов договор за адаптација според барањата на УЕФА, а допрва треба да се уредува и комерцијалниот простор.

Фалијанц арена

За толку фалениот стадион напишав анализа со наслов „Фалијанц арена“ кога речиси сите му се воодушевуваа. Насловот беше таков поради изјавата на екс-премиерот Никола Груевски дека кога ќе биде готов, ќе личи на „Алијанц арената“ (Allianz arena) во Минхен.

Тезата ми беше дека кога веќе се трошат толку буџетски пари, требаше да се гради на друга локација. Оваа градба не исполнува бројни стандарди: безбедносни, инфраструктурни, урбанистички, телекомуникациски, спортски... Факт е и дека критериумите на УЕФА од година во година се заоструваат, но условот без кој не се може - безбедноста - е приоритет над приоритетите. Стадионот „Паркен“ во Копенхаген, на пример, со сличен капацитет (38.000), може да се евакуира за осум минути. За нашиот спортски храм никој не може да направи комплетен план за евакуација, а камо ли и да пресмета за колку време можат да бидат извлечени присутните во случај на опасност.

Суперкупот најверојатно нема да ни биде одземен

На прв поглед, Владата е во голем цајтнот за да ги коригира утврдените пропусти. Сепак, според мое мислење, Суперкупот нема да ни биде одземен, затоа што ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. Сега е, едноставно, предоцна за такво нешто. Лично Емилио Бутрагењо од Реал и Луј Саха од Манчестер дојдоа во Скопје да го промовираат, а од 13 јуни веќе е почнато аплицирањето за влезници со локација Скопје и ќе трае до 4 јули. Македонските екипи во еврокуповите се „избркани“ за да се сочува тревникот, клубовите резервираа хотели, а од последната контрола - 23 јули останува премалку време за евентуални промени.

Кога УЕФА бара средби на највисоко ниво, поточно со премиери и министри, тоа е поради безбедносните и финансиски гаранции што се нужни. Писмото до новата Влада е опомена поради застојот на бараните интервенции, пред сѐ поради инертноста на претходната техничка Влада во плаќањата, па сега АДССДП бара финансиска инјекција од два милиона евра.

Контролите од УЕФА се континуирани уште од доделувањето на организацијата пред две години. Од септември 2015 до денес секоја година имаше по две. Стопанисувачот со објектот АДССДП не ги кажувше јавно забелешките, иако уште од почетокот се знае дека теренот е слаба точка. Токму поради лошиот квалитет на тревникот забранети се какви и да се активности до 8 август. Тоа е дополнителен хендикеп за македонските претставници во еврокуповите кои поради ова мораат своите натпревари од квалификациите на Лигата на шампионите и Лигата на Европа да ги играат во Струмица, на теренот на ФФМ во Ново Лисиче (Работнички), а Вардар дури најави дека со шведскиот тим Малме можеби ќе игра и во Јагодина, Србија.

Лош за Евро 2020, добар за Суперкуп 2017

Доделувањето на организацијата на Суперкупот 2017 на Скопје беше изненадување ако се има предвид дека само девет месеци пред тоа, во септември 2014 година, кандидатурата на Фудбалската федерација на Македонија и „Филип Втори“ за домаќин на една од групите за Европското првенство во 2020 година воопшто не беше ни разгледувана од УЕФА. Арената не исполнуваше бројни критериуми: непокриени една третина од седиштата, паркинг-просторот не е дефиниран, нема план за евакуација, не исполнува услови за квалитетен ТВ-пренос, нема податоци за висина на оградата, бројот на тоалети за гледачите е ограничен, нема простории за прва помош и услови за хендикепирани лица, несоодветен е просторот за ВИП-гостите, бројни технички и телекомуникациски недостатоци, несоодветни услови за новинарите итн.

Не верувам дека битно беа поправени споменатите слабости, кога по само девет месеци УЕФА објави дека Скопје ќе биде домаќин на најдобрите екипи од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Објаснување може да се бара во изборите што тогаш претстоеја и во УЕФА и во ФИФА, а гласот на ФФМ како една од 54 членки на УЕФА е подеднакво важен како и на другите делегати. За жал, корупцијата во овие две врвни фудбалски тела е присутна последниве децении, а поранешните челници Сеп Блатер и Мишел Платини мораа да се повлечат поради обвиненија за финансиски злоупотреби.

УЕФА и претходно почна со „децентрализацијата“ на фудбалот, па меѓу градовите домаќини се најдоа и Тбилиси, Трондхајм, Талин, а на ЕП 2020 - Баку, Букурешт, што беше речиси невозможно до пред некоја година.

„Крвавиот четврток“ беше најголемата опасност

Единствената вистинска опасност да ни биде одземена oрганизацијата на Суперкупот всушност беше „крвавиот четврток“, поточно настаните во македонското Собрание од 27 април. За среќа, земјата денес е доволно стабилна и не ги загрижува официјалните лица на УЕФА кои се гарантот пред фудбалските гиганти.

УЕФА замижувала и ќе замижува пред несовршеностите не само на овој стадион. И не само УЕФА. Кога бев на Олимписките игри во Атина во 2004 година, натпреварите веќе беа почнати, а сѐ уште можеа да се забележат градежни активности околу објектите. Временскиот теснец е речиси секогаш присутен кај организаторите на големите спортски настани. Некогаш и намерно не се брза со предвремено завршување на градбите за да не се троши премногу за нивно одржување до почетокот на спортскиот настан.

Скап, а небезбеден објект

Ако се проанализираат забелешките, најголемиот дел се лесно решливи и за еден месец. Освен една. И во 2014 година, и денес, останува истата забелешка на УЕФА - нема детален план за евакуација. Недоволниот број влезови/излези за итно напуштање на објектот во случај на опасност треба да нѐ загрижува и со и без организацијата на Суперкупот. Тој можеби ќе помине перфектно, политичарите ќе се „нацртаат“ во ВИП-ложата по стариот добар обичај, но стадионот ќе треба да го користиме и по 8 август. За толку скапо платен и реконструиран стадион недозволиво е да е несигурен во случај на паника кај присутните во вонредни ситуации.

Во зададениот рок речиси е невозможно да се поправат грешките. Но, ако се пропушти и оваа шанса за подобрување, пред сѐ, на безбедносните стандарди, опасноста ќе остане да ни виси над глава.

http://respublica.edu.mk/blog/2017-06-28-09-11-11

Edited by Џоле - 03-Jul-2017 at 17:45
За сè има вторпат
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 66
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #4142 Posted: 19-Jul-2017 at 22:25
Филип Втори арена ќе блеска за спас на Македонскиот фудбал (Фотогалерија)





Повеќе слики:

http://sportmedia.mk/foto-galerii/filip-vtori-arena-kje-bleska-za-gigantite-real-madrid-i-manchester-junajted

Edited by SkopjeZaVardar - 19-Jul-2017 at 22:25
Коце, кур да бричиш!
-Кензо Танге (1913-2005)
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #4143 Posted: 22-Jul-2017 at 21:45
Pa ne e zavrshena fasadata taka? Ako e taka mizerija nevidena bruka ke bide ova
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #4144 Posted: 23-Jul-2017 at 13:40
Originally posted by Dzeksi

Pa ne e zavrshena fasadata taka? Ako e taka mizerija nevidena bruka ke bide ova

Очигледно нема ни да се заврши...
Back to Top
dragan_ku View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Jul-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dragan_ku Quote  Post ReplyReply #4145 Posted: 02-Aug-2017 at 12:04
УШТЕ ШЕСТ ДЕНА ДО СТАРТОТ НА ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ
Скопје одбројува до Суперкупот: Се работи на „турбо погон“
Фотогалерија на следниов линк:http://sportmedia.mk/foto-galerii/skopje-odbrojuva-do-superkupot-se-raboti-na-turbo-pogon#1

Edited by dragan_ku - 02-Aug-2017 at 12:12
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4146 Posted: 04-Aug-2017 at 11:03
Sto e so podtribinskiot prostor, izgleda pak ke se kupuva voda i sok od kartonska kutija postavena negde na podot kako pred 20-30 godini?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4147 Posted: 09-Aug-2017 at 02:46
1


2


3


4

Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #4148 Posted: 11-Aug-2017 at 15:40
Nema nekoi sliki za vreme na natprevarot so Real Madrid?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4149 Posted: 11-Aug-2017 at 18:07
За сè има вторпат
Back to Top
bob39 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #4150 Posted: 15-Aug-2017 at 23:43
Феноменална организација и афирмација на Македонија доживеавме. За прв пат после толку години горд де се почуствуваш дека си македонец!
Трговски центри= убиство на Скопје
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #4151 Posted: 10-Sep-2017 at 00:51
Слободно може да се врати старото име на темава: Национална Арена Филип II Македонски.
 
Швабите го раскинуваат договорот со АДСДП бидејќи наводно не биле задоволни од просторот за покриеност и промоција кој го добиле со ребрендирањето на стадионот.
 
http://ekipa.mk/telekom-go-raskina-dogovorot-so-adsdp-se-vraka-filip-vtori/
 

„Телеком“ го раскина договорот со АДСДП: Се враќа „Филип Втори“!

 
Објавено: септември 7, 2017 9:54
 

 
Македонски Телеком предвреме го раскина договорот со Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Република Македонија (АДСДП), за ребрендирање и именување на националната арена „Филип Втори Македонски“ во „Телеком Арена“, дознава ЕКИПА.
 
Иако засега од АДСДП нема информација околу одлуката на „Телеком“, сепак како што дознаваме, по препорака директно на централата на „Телеком“ од Германија е изгласана одлука од страна на бордот на директори на Македонски Телеком за раскинување на договорот. Според нашите информации, Германците се силно револтирани поради непочитување во изминатите две и пол години на одредбите од меѓусебниот договор од македонската страна за соодветна покриеност и промоција на „Телеком“ на сите настани кои биле организирани на нашиот најголем стадион, како и несоодветно брендирање на националната арена.
 
Тогашниот генерален директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, при потпишувањето на договорот, истакна дека со брендирањето на Националната Арена во Телеком Арена, Македонија се приближува уште еден чекор напред кон светски прифатените трендови во спортската индустрија, така што на овој начин арената ќе добие уште поатрактивен и модернистички изглед, кој секако е на општо задоволство на сите граѓани во државата.
 
„Соработката помеѓу големите компании и спортската индустрија, особено именувањето и брендирањето на големи важни спортски објекти е добровоспоставена пракса низ целиот свет. Па затоа, потпишувањето на Договорот за соработка со Македонски Телеком е доказ дека националната арена добива сигурен и доверлив деловен партнер во иднина. Стадионот во Градскиот парк е импресивен објект и препознатлив белег на градот Скопје и околината. Нашата поддршка ќе обезбеди промоција на Телеком Арената во пошироки рамки по теркот на светски познатите стадиони, но и дополнително ќе го поттикнеме здравиот начин на живот и развојот на спортски дух кај граѓаните во државата“ – изјави пред две години по потпишувањето на договорот, и главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Маиерхофер.
 
Никогаш во јавноста не беше објавена висината на меѓусебниот договор, но според нашите информации, сега Телеком, поради неисполнување на договорот од едната страна, иако неофицијално, ќе бара и рефундирање на дел од средствата кое претходно беа вложени за реконструкција на Арената.
 
По ова, нашиот најголем стадион повторно се враќа на своето претходно име „Филип Втори Македонски“, иако не е тајна дека добар дел повозрасни љубители на фудбалот, како и навивачи на најтрофејниот македонски клуб Вардар бараат и враќање на неговото прво име – Градски стадион Скопје.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #4152 Posted: 10-Sep-2017 at 12:17
Милам дека е ова намештаљка. Сакаа само да го искористат моментумот за суперкупот!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4153 Posted: 10-Sep-2017 at 13:48
Додуша за време на суперкупот ако се сеќавам добро, арената секаде беше именувана како Филип II, а никаде не слушнав Телеком Арена.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #4154 Posted: 10-Sep-2017 at 13:55
За да биде телеком арена треба повеќе да инвестираат. 2-3 мил евра не е ништо за рекламирање преку 20 години. Selber schuld. (самиот виновен)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4155 Posted: 02-Apr-2019 at 09:02
Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално потврдија од Владата за Плусинфо. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), ни потврдија дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за тоа како ќе биде преименувана Арената ќе се одлучува на Илинденска.

– АДСДП до Владата на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект – велат за Плусинфо од АДСДП.


https://plusinfo.mk/%D1%82%D0%BE%D1%88%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4156 Posted: 02-Apr-2019 at 14:48
Originally posted by Џоле

Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално потврдија од Владата за Плусинфо. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), ни потврдија дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за тоа како ќе биде преименувана Арената ќе се одлучува на Илинденска.

– АДСДП до Владата на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект – велат за Плусинфо од АДСДП.


https://plusinfo.mk/%D1%82%D0%BE%D1%88%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/
Muzickoto uciliste vo Bitola, sega arenata, a tamu kade navistina treba da go stavat Tose npr. unoverzalnata sala, nigde gi nema!
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #4157 Posted: 02-Apr-2019 at 20:01
Сепак мислам дека стадионот треба да носи име на спортист, а не Тоше Проески.

Добра колумна на оваа тема - линк

Edited by Мартин - 02-Apr-2019 at 20:03
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4158 Posted: 02-Apr-2019 at 20:45
Originally posted by Мартин

Сепак мислам дека стадионот треба да носи име на спортист, а не Тоше Проески.

Добра колумна на оваа тема - линк


Апсолутно сум сигурен дека имаме докажани спортисти (во случајов фудбалери) чие име треба да го носи стадионот.

Вака испаѓа страшно непочитување кон нив.

А на твитер имаше една зафрканција на темава: Универзална сала „Дарко Панчев“.
За сè има вторпат
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #4159 Posted: 02-Apr-2019 at 23:47
Originally posted by Мартин

Сепак мислам дека стадионот треба да носи име на спортист, а не Тоше Проески.

Добра колумна на оваа тема - линк


Зошто да не носи име на Филип Македонски? Заев и Ципрас ли одредуваат?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4160 Posted: 03-Apr-2019 at 06:17
„Македонски“ doesn't mean what you think it means.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 206207208209>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.473 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.