Текстови за Скопје |
Post Reply | Page <123 |
Author | |
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #41 Posted: 31-May-2016 at 05:00 |
афирмативно ем мирно четиво, нормално секогаш оригинално во негов стил http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50&PID=212027#212027 на Скопје му треба ТраНвај а не Трамвај бидејки гоа трансери и не залужуваат ништо помалку, бар така лично го перцепирам градов денеска како урбан експеримент, ем весело ем сликовито [1][2] |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #42 Posted: 13-Aug-2016 at 16:13 |
РАШОМОНИЈАДАТА НА НАШИОТ ГЛАВЕН ГРАД
Георги Константиновски Скопје, главниот град на Македонија доживува невиден колапс во сите сфери на неговото опстојување! Град кој требаше да претставува пример не само со својата архитектура на денешнината, туку и како град во којшто се вградени најсовремените урбанистички параметри за достојно живеење на граѓаните на Скопје. Градот беше под постојана грижа на урбанистите кои на високо професионално ниво ги вградуваа без прекин сите дострели на науката. За оваа цел во градот постоеше Завод за урбанизам на град Скопје, а покрај него активно работеше и Републичкиот завод за урбанизам со седиште во Скопје. Во овие заводи беа вклучени високи професионалци кои со своето знаење постојано придонесуваа во подобрување на условите за живеење на граѓаните. Покрај овие два заводи постоеше и Институт за просторно планирање на Републиката во којшто работеа високи професионалци од областа на урбанизмот и архитектурата. Во овие институции се изработуваа генералните урбанистички планови со учество и на експерти од областа на социологијата, екологијата, хортикултурата, како и со учество на правници, економисти, уметници. Заводот за урбанизам на градот Скопје се јави и како главен реализатор на урбанистичките планови работени од експертите на Обединетите нации, како и на проектите од Полска и Грција непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Сите детални урбанистички планови беа производ од Генералниот урбанистички план и строго се придржуваа за неговата реализација. Ако во еден град не постои контрола на реализацијата на она што се изработува во специјализираните заводи за урбанизам, тогаш доаѓа до нарушување на хармонијата воспоставена врз строгите научни принципи за правилно функционирање на градот. Денес во Скопје повеќе не постојат заводи за урбанизам. Урбанизмот преку изработката на деталните урбанистички планови, кои не се производ од генерален урбанистички план, се јавува како производ од интересите на поединци, главно од политичките структури. Резултатот е видлив на секој чекор во градот! Веќе не се знае што е тоа почитување на правилна инсолација на становите, што е тоа право на непречени видици, што е катност на објектите, правилно растојание меѓу нив, што се слободни зелени и парковски површини, што е тоа избегнување на бучавата од моторниот сообраќај, што е грижа за граѓанинот? Сето тоа безмилосно се руши во интерес на сопственото богатење! Од сето ова се поставува прашањето до каде ќе се шири оваа гнасна зараза што ги поткопа темелите на нормалниот живот на граѓаните на Скопје! Треската за богатење на сметка на хуманото живеење кулминира не само со агресивно заземање на слободните површини каде што се градат објекти речиси залепени до постојните згради изградени според урбанистичките критериуми за достоинствено живеење, туку се менуваат фасадите на објектите коишто легално и со дозвола од државните институции беа изградени во духот на времето во кое живееме, во стил којшто е сосема туѓ на нашите простори, во т.н. барок-стил кој потекнува од Папскиот Рим и се шири низ Европа речиси до крајот на 18 век. Не беше доволно пополнувањето на „дупките“ во градот, ниту префасадирањето на објектите од модерната архитектура и сквернавењето на нашите заслужни архитекти со големо проектантско искуство, следбеници на големите светски архитекти чијашто архитектура се одликуваше со беспрекорно чисти форми ослободени од какви било декорации. Овие „паметниве“ со по грам памет во главата се нафрлија и против природата со којашто нашиот град од бога е обдарен како што ретко се среќаваат други слични градови со такви природни атрибути. Реката Вардар со своите монструозни „Галии“, со узурпацијата на нејзиниот брег, на крајбрежната зона како единствена и најблиска за рекреација на скопјани, но и на сите граѓани од Македонија, така жестоко и силеџиски да биде нападната, се разбира од врвот на оние кои сакаа да ја покажат својата моќ со изградбата на фасадната еднолиниска архитектура, но и со цел да го покријат и скријат од очите на скопјани ремек-делото на модерната архитектура - Културниот центар на градот! И тоа не беше доволно, сега остана да се напаѓа и Калето како единствен природен феномен веднаш до реката Вардар и како дел органски поврзан со центарот на градот Скопје! Така, во оваа насока токму пред Калето експонирано кон реката изникна недолична зграда – ротунда наменета за администрацијата на претпријатието „Водовод и канализација“! Сигурно архитектот бил инспириран од канализациските цевки што се вкопуваат во земјата и симболички го овековечил претпријатието. Ме чуди како не им текнало на узурпаторите на речниот брег да не го предвидат и неговиот двоец, на пример објект на погребалното претпријатие од Бутел! За да се заокружи сликата за крајбрежната зона на реката Вардар, читам во весниците дека таму некаде пак на брегот на Вардар некој поранешен политичар ќе градел хотел! Верувам дека оваа идеја брзо ќе се распространи и на останатите политичари, ако така можат да се наречат! Јас, секако, би бил среќен ако би можел тука да престанам со изнесување на архитектонско-урбанистичките раритети, но сметам дека не сум виновен ако малку продолжам и понатаму. На пример, Водно, на кое поранешниот претседател на Социјалистичка Република Македонија, другарот Лазар Колишевски целосно го посвети својот живот на пошумувањето на голо Водно! Благодарение на таа хумана политика да им овозможи на скопјани не само да дишат чист воздух, туку и да стане омилено место за прошетки и екскурзии во природа. Водно се белите дробови на Скопје! Ете и тука, исто онака како што се оди наопаку, почнаа безмилосно да го напаѓаат со високи претежно станбени објекти! Во урбанистичката наука ваков пример не може да се сретне никаде на Земјината топка! Ете, тука, се' е возможно! Но, една глупост не може да биде осамена. Треба и друга, можеби и подлабока. Водно го испресечуваат патишта одземајќи му ја неговата девственост. На глупостите нема крај! На брзо поминување покрај Општинскиот суд „Скопје 2“, во зелениот појас на улицата, точно наспроти судот забележав споменик на вооружен воин со пиштол, пушка и нож во рацете! Си помислив, браво за оној којшто сакал да се поигра со правдата, го одбрал вистинското место! Но, вакви споменици на пиштолџии со ножеви станаа вообичаена слика насекаде во градот. Барем да имаа некоја уметничка вредност, можеби и ќе замижев! Провизориуми на секој чекор. Гаражи со звучни имиња од нашата историја ги има на претек! А, да се стигне до нив често треба да возите по асфалтна калдрма. Што се однесува до тротоарите, прошетајте во строгиот центар на градот каде што блескаат зградите од „Барокот“. Ако сакате да останете читав, внимавајте на секој нареден чекор! Како врв на комуналното уредување на плоштадот „Македонија“ е поплочувањето со белите мермерни коцки! И тука браво за дизајнерите и проектантите. Не е потребно да го чекате снегот во зима, тука белината е постојано присутна, но, не заборавете да си ставите на очите колку е можно поцрни очила за да си го зачувате безболно видот! А, како се расфрлаат пари насекаде во градот, обрнете внимание на „генијалните“ архитекти кои наместо конструктивен столб со пресек од 60х60, или 80х80 сантиметри, го „пумпаат“ со метарски широчини! Ете, погледнете го објектот на Министерството за финансии во строгиот центар на градот! Е, мои драги сограѓани, се' во знакот на тоталниот колапс! Ова е само еден многу мал дел од огромната девијација во „Земјата на чудата“. (Авторот e aрхитект) http://utrinski.mk/?ItemID=7453A3E90E8330438DB150E3D5D43DA8 |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #43 Posted: 29-Sep-2016 at 14:29 |
Кич тура низ Скопје 2014
Гигантски модерен лед-монитор прикажува владини реклами за трето дете, а е сместен врз „барокна“ фасада. Во близина има црква, сега опколена со бронзени фигури прикачени на врв од бели изгравирани столбови. Насекаде распространета мешавина од објекти и стилови кои не кореспондираат меѓусебно, најмалку со просторот. Се гледаат повеќе споменици од луѓе. Погледот впива мост со милионска ограда со надвиснати ангели, пиратски угостителски брод кој во менито нуди свинска коленица „Филип Втори“ или телешки мускул „Букефал“, а во далечина ечи класично дело на Вагнер. Ова се само дел од содржините на проектот „Скопје 2014“. Тој од првично најавените 80 досега стигна до повеќе од 640 милиони евра, а од најавените 40-ина споменици дојде до бројка од над 130. Сите сводови, столбови и стотиците статуи даваат „храна“ за сетилата. Ви даваат доза апсурд, хумор, чудење и очобол манифестиран преку историско-политичко-социјални фрустрации и белези. Со сето ова, дел од светските медиуми веќе го окарактеризираа Скопје како „градот на кичот“. Оттука тргна и идејата за „Кич тура низ Скопје 2014“, која беше организирана од невладината „Плоштад Слобода“, а во соработка со „Поп Ап Акто Фестивал“. И Радио МОФ се приклучи на турата. Заедно со мала љубопитна група се прошетавме низ централното скопско подрачје. Добивме можност за репортажен текст, со информации и детали со кои дел од странците за прв пат се сретнуваат. Некои се нови и за нас. Се работи за поинаква, специјална тура, со критички осврт за обележјата на еден од најконтроверзните и најкоментираните проекти во поновата македонска историја. Активистот Никола Наумоски од „Плоштад Слобода“ имаше улога на водич на турата. Говореше на англиски јазик. Смета дека „Скопје 2014“ претставува убиство на градот. Некои граѓани, вели тој, проектот го сметаат за своевидно редизајнирање на градот, други го поврзуваат со ужасно трошење пари, трети дека го уништува културното наследство, го загадува воздухот… „Плоштад Слобода“, пак, сака да го нарекува „заговор против градот“. „Ова значи уништување на културно наследство на градот, економијата, околината, архитектурата… Проектот започна како луда идеја на моментално најмоќниот човек во земјава и бивш премиер, Никола Груевски. Тој го најави проектот прилично срамежливо, градејќи неколку споменици и објекти низ Скопје, без да ѝ соопшти на пошироката јавност за огромите зафати и промената на ликот на градот. Овој проект не остана само во неговата глава, тој стана реалност со помош на согласноста на повеќе институции. Сите тие, заедно, помогнаа да се оствари лудата идеја на овој човек и ова да стане ‘главен град на кичот’. Исто како што Чаплин во ‘Големиот диктатор’ си играше со голем балон-глобус, така и овој човек во својата канцеларија си ‘редеше’ макети, објекти…“, рече претставникот на „Плоштад Слобода“. Според Наумоски, тешко е да се најде дефиниција за кич. Тешко да се интерпретира кич. Но, вели тој, кога го гледаш, знаеш дека е таму. „Повеќето зданија од ‘Скопје 2014’ се продукт на игнорантност, нетранспарентност, лош вкус. Тие се нефункционални. Едноставно, ставени се на одредено место, без како било да се поврзуваат или надополнуваат со околината“, вели Наумоски. Една од првите градби од „Скопје 2014“ е Спомен-куќата на Мајка Тереза. Изградена е пред влезот т.е. челната фасада на Домот на АРМ, на истото место каде во минатото постоела католичката црква „Пресвето срце Исусово“, во која била крстена Гонџа Агнес Бојаџиу. Отворена е во 2009 година, до веќе постоечки бронзен споменик на Мајка Тереза, чиј ктитор е бизнисменот и екс градоначалник Трифун Костовски. До неа сега се издигнува и новата црква „Св. Константин и Елена“, која, пак, никна овде како „алтернативна“ локација по насилниот контра-протест (кога беа истепани студенти што се противеа на нејзина изградба насред плоштадот „Македонија“). Иако веќе имаше избрани конкуренти за идејното решение, односно првонаграден беше португалскиот архитект Јорге Морум, сепак, ресорното министерство реши да го откаже меѓународниот конкурс за Спомен-куќата, а потоа да објави нов, сменет оглас, со нови услови. Делото на Вангел Божиновски, Комисијата првично го оцени како „проблематично“ во однос на вклопеноста во постојаното урбано ткиво. Но, на повторниот конкурс победи токму овој труд, што предизвика и петиција на група студенти од Архитектонски факултет. „Непотребно нагласениот наративен пристап – стара македонска куќа и тоа, верувале или не, со дворче со авлија (!) пред која Мајка Тереза би требало да изгледа како да е застаната пред порти (!?) е сосема излишен и апсолутно нема никаква потреба од претставување на македонската куќа на такво јавно место, кое целосно ќе ја деградира околината затоа што е вон контекст со сите објекти околу“, се наведува меѓу другото во петицијата. На влезот на Спомен-домот се гледаат четири полукружни фонтани. Тие сега не работат. Куќата, вели Наумоски, комбинира повеќе стилови. Нагласува, традиционалните македонски куќи немаат вакви порти, ниту спирални нагорни скали обложени со алуминиум. Се работи за камено-сино-застаклено здание со ќерамиди и футуристички метални сегменти. Притоа на куќата има гулаби, кои симболизираат мир, иако Мајка Тереза била борец против сиромаштија. Спомен-домот во гориот дел има крстови, се веат знамиња, а платформата ја придржува столб со златна топка. Има и дворче со градина, со бунарче. Опремен е и со златест лифт. Одиме понатаму. Во епицентарот на Скопје, на централниот плоштад „Македонија“ се наоѓа „Воинот на коњ“. Со него, Македонија е ставена на мапата на земјите со највисоки статуи во светот. Коњаникот Александар Македонски е 15-ина метри. Толку е висок и неговиот постамент. Обложен е во мермер и три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Придружен е со игриви фонтани. Од најгорниот прстен паѓа водена завеса, а нагоре се крева магла. Има и светлечки ефекти, скулптури со војници и лавови. Во позадина свири и музика. Неговата цена од над 8 милиони евра (некаде се споменува и 10), естетиката и социо-политичкиот аспект се речиси неодминливи во сите реакции и анализи за „Скопје 2014“. „Кога беше објавен споменикот, голем број граѓани беа шокирани од цената. Имаше и реакции за неговото име – ‘Воин на коњ’, кое произлегува од проблемите со Грција. Дополнително, јавноста воопшто немаше слушнато за неговата авторка (Валентина Стевановска) или видено некое нејзино дело, но таа се пријави и, притоа, победи на конкурсот. Секако, правилата не беа фер за секој учесник. Дополнително, во конкурсот не беше конкретизирано каде точно ќе биде поставен споменикот, што е есенцијално за авторите и архитектите, бидејќи треба да го поврзат делото во контекст со околината“, вели нашиот водич. Споменик-фонтаната официјално беше презентирана пред јавноста на 11 септември 2011 година. Настанот го посетија голем број граѓани. Се пееше и викаше, особено на фолк-песната „Аце, Аце, ај што си убав“. Сега таму на репертоар оди исклучиво класика. Подот околу споменикот, по коцката и поплочувањето од 2007 година, повторно е сменет – со додадена т.н. „сува фонтана“ со 128 млазници и 128 светилки. Кога зборуваме за фонтани, односно водоскоци, такви беа планирани и од двете страни на симболот на Скопје, Камениот мост. Требаше да прскаат високозагадена вода и да ги освежуваат минувачите низ летните жештини. Замислата беше да прскаат и до 20 метри, и да бидат осветлени во боите на виножитото, но ги „изеде“ забот на времето, иако поминаа едвај четири-пет години откако се изградени. Сега се само декорација, исто како и трите врби што дојдоа во пакет со „Скопје 2014“. Лево од плоштадот, спроти плажата „Камен мост“ која замина во историјата по само неколку лета без капачи, наскоро ќе се извиши Панорамско тркало. Осумнаесет милиони скапото тркало ќе има капацитет за 300 луѓе. Начелно се споменува како реквизитен и панорамски објект, меѓутоа, не е познато дали ќе се оствари идејата тоа да профункционира и како огромен вентилатор, со оглед на горливиот проблем со загадувањето. Дел од овие работи не беа вклучени во „Кич турата“. Невозможно е да се опфатат сите аспекти, па сами ги додадовме. Важно е да се напомене дека редизајнот на градот со „Скопје 2014“ значи и масовен наплив од споменици, микс од различни епохи. Средновековен крал, претседател на АСНОМ, ликови од комитските денови, од 1920-ите… И сите мораа да бидат баш тука, на и околу плоштадот. Од друга страна, ако тие можат да се поврзат со историјата на Македонија, вели Наумоски, тоа тешко би одело со архитектурата. „Таканаречените ‘класични’ или ‘барокни’ зданија обично се сретнуваат докај Белград, под влијанија на австро-унгарската империја. Ретко во Македонија, само за да се копира некој стил од Виена и сл.“, напоменува активистот, дополнувајќи дека сите „преоблечени“ објекти се рефасадираат единствено од предна страна! Од лицето. Таков е проектот. Истовремено, задните фасади им се застарени, запуштени и руинирани, што не ги спречи градските власти да ги окарактеризираат како „енергетско-ефикасни објекти“. Одиме уште понатаму. Во паркот „Жена-борец“ го посетивме Споменикот на паднатите херои за Македонија. Бело-златестото обележје многумина го поврзуваат со Бранденбуршката порта. Други никако да го сврзат во глава со останатите споменици и се помалиот фонд на зеленило во паркот. Споменикот се состои од повеќе сегменти. За авторот Томе Аџиевски сите имаат симболика. Портата претставува премин од светот на живите во вечноста, а коњичката квадрила оддава почит на мртвите херои. Некрополисот – ротонда на монументални столбови, треба да го претставува светот на вечноста. Во средина има обелиск со скулптура на римската божица на победата, Викторија. Место наоѓа и вечниот оган. Сега е покриен, застаклен, за да не се изгаси и престане да биде вечен. И да не може да се печат колбаси на стапче. Предната агора е со фонтана и концентричен форум што го означува светот на живите. На средина е скулптура на Прометеј. Тој првично беше гол, но митолошкиот јунак преку ноќ си доби гаќи откако наводна анонимна женска организација реагирала и се згрозила од откриеното меѓуножје. „Интересно е што на него се испишани зборовите immortale, libertas, justicia. Уште поинтересно е што откако беше подигнат, професор по латински јазик се прошета околу него и забележа дека е напишано ‘justicia’ (правда?!), што како такво не постои во латинскиот јазик. Авторот Аџиевски, омилениот професор меѓу механичарите, за грешното спелување тврдеше дека е ‘код’. Тој ‘код’ единствено можеле да го прочитаат оние што знаат ‘каталонски дијалект на латинскиот јазик’?! Сите знаеја дека такво нешто не постои, но, ете, успеа донекаде да го оттргне вниманието од упатените јавни критики“, рече Наумоски. Ако сумираме за обележјето, додава активистот, ќе видиме дека тоа содржи мотиви од македонската борба, Бранденбуршката порта, грчка митологија и погрешни латински зборови. „Според мене, ова е соодветно да влезе во категорија на кич“, нагласува тој. За „Скопје 2014“ се врзани бројни приказни. Им нема крај. Некои апсурдни, бизарни, други духовити и никогаш логични. Сите станаа скопска реалност, колку и да изгледа сето како сон. Проектот неуморно се шири низ градот, придружен и со обележја со апаратчиња против катиљ-птици. Го надополнуваат и барокни киосци… и забавно-туристички реквизити, вовчиња, вртелешки… Дел од објектите од „Скопје 2014“ се прогласени за културно наследство. Како „екс леге“ веќе се прогласија Спомен-куќата на Мајка Тереза, Музејот на македонската борба и зградата на Државниот архив. Засега надлежните органи не сметаат на Ибни Пајко или ГТЦ. Статусот „екс леге“ значи дека објектите не се заштитени според нивните архитектонски вредности или староста (според Законот за заштита на културното наследство, еден од условите е да се постари од 50 години) туку според намената – чување и архивирање вредни добра. И покрај ова, некои експерти и дел од јавноста смета дека новите градби не заслужуваат да бидат истовремено впишани на листа со НУБ „Св. Климент Охридски”, Библиотеката „Браќа Миладиновци”, Музите на Македонија и на современата уметност, Институт за македонски јазик… „Во едно мораме да се согласиме, независно од тоа што и како мисли овој новоконституиран Совет: да прогласиш за културно наследство објекти изградени пред само неколку години, е тоа е навистина врв на стручноста. И професионалноста, се разбира. Да ги изедначиш во значењето, и третманот, овие стиропорни квазибарокни лепешки од типот на Триумфалната порта, Археолошкиот музеј, Музејот на македонскиот хорор и сите други будалаштини испилени од малиот мозок на главниот архитект во државава, со еден Пантелејмон во Нерези, со Стоби, со Курбиново, со Шарената џамија во Тетово, со Самоиловите тврдини, со Св. Климент …? И повторно, не дека не знаевме какви ’стручњаци’ се котат во македонскиве институции последниве години, ама – до толку?“, пиша нa својот блог Златко Теодосиевски. http://www.radiomof.mk/kich-tura-niz-skopje-2014/ |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #44 Posted: 05-Jan-2017 at 11:31 |
ЗЛОСТОРСТВО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
Георги Константиновски Благодарение на дневниот печат читаме речиси секојдневно како барокоманијата полека и со апетит го гризе здравото ткиво на градот Скопје. Во оваа насока: „Барокот се шири и спроти ’Рамстор‘“; „’Метропол‘ ќе добие купола, а ’Технометал‘ столбови“… Тешко е да се набројат сите „потфати“ и да се предвидат уште кои објекти ќе се побарочат. Можам слободно да кажам дека овие што го измислиле ова да го бришат еден толку значаен историски период од нашето не толку одамна минато прават злосторство од најтежок ранг! Залетот за бришење на стилот на модерната архитектура е толку голем што ги надминува сите претпоставки. Во зацртаната програма за реализирање на ова злосторство стои дека фасадите на голем број објекти на улиците „Македонија“, „Даме Груев“, на булеварите „Св. Кирил и Методиј“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Крсте Петков-Мисирков“ и на „Кочо Рацин“ ќе се рефасадираат во стилот на барок, односно во квази барок. Најновата вест е дека е завршена „барокната“ фасада на НА-МА! Автор на овој објект е арх. проф. Славко Брезовски - еден од најплодните архитекти со голем број реализирани објекти од современата архитектура. Рефасадирањето на овој објект всушност може да се дефинира како разбојништво коешто безмилосно уништува се' она што претставувало доблест на модерната архитектура. Во печатот се посочени и авторите на идејното решение, според кое е извршено рефасадирањето: Лазар Димов и Никола Стакинов за коишто не постои предзнак на архитект! Да, тие и не заслужуваат да го валкаат името на архитектите! Тука сепак би се задржал на значењето на барокот како уметност на 17 и 18 век, кој швајцарскиот критичар Хајнрих Волфрин го дефинира како стил со свои специфични карактеристики, како што се движењето, бесконечноста, значењето на светлината и на нејзините ефекти, склоноста кон театралното и грандиозното, но и како непочитување на границите помеѓу разните уметности со проткајување на архитектурата, скулптурата и сликарството. Оваа дефиниција на Волфин зборува дека барокот не е само стил како усогласена целина на формите, туку во далеку поголема мерка склоност, вкус, став спрема животот и уметноста. Творештвото на архитектите на барокот главно било насочено во проектирање на цркви и палати, катедрали и градски куќи, како и куќи за одмор, посебно на кралевите. Секако дека еден од најкарактеристичните белези на барокот е што во основите на објектите преовладува елипсата, кругот или сложени шеми коишто произлегуваат од геометриските слики. Брановидните ѕидови се посебна карактеристика за барокот. Во нив се доловува постојано присутната идеја на движењето и тоа во најстатичната уметност во однос на сите останати уметности – архитектурата! Ова го изнесувам со единствена цел да се сфати дека барокот во денешно време не постои. Тоа е таква архитектура којашто барала ангажирање на врвните претставници на сите уметности и којашто се градела со години, а да не речам и со децении! Ако се прави едно злосторство тоа не може да биде осамено, изолирано. Треба да се појави и друго, но многу пожестоко. Тоа е непримерната окупација на крајбрежната рекреативна зона покрај реката Вардар - единствениот раскошен дар од природата на Скопје што го става градот во редот на најнадарените од природата градови во светот! Ете ги нашите „реформатори“ настапија во името на силата да ја овековечат својата болна фантазија Тука е неизбежно името на Брент Бролин, автор на книгата „Архитектурата во контекст, еден од нареспектираните автори на современите урбанисти. Бролин е тој кој ги осветлува сложените односи помеѓу постојните стари објекти и оние новите коишто треба да се градат во нивна близина! Бролин забележува дека новите објекти во соседство со старите треба според природата на работите, да бидат во некој одреден сооднос. Во оваа насока тој дава нагласка на физичкиот контекст, иако како што вели тој, поимот контекст неспорно покрива далеку поширок простор на духовната, историската, структуралната, програмската, просторната како и на културната проблематика. Ако ја подложиме на анализа архитектурата на овие објекти изградени во линиска поставеност покрај Вардар ќе се види дека во ниту еден случај не се мисли на воспоставување на контекст кој како ехо треба да соодветствува на постојниот (веќе стар) амбиент, туку тој со својата архитектура ниту стилски, ниту просторно се поткрепува меѓусебно. Секој објект посебно претставува архитектонско-просторен егзибиционизам чија основна цел е да предизвика чувство на „восхит“. Со други зборови тоа е просторна каша од т.н. фасадна архитектура, составена од блокови и цилиндри коишто меѓусебно не се, а ниту можат да бидат во некаков органски контекст! Во оваа насока треба да им се изрази посебна „благодарност“ како на нарачателите, така и на групата архитекти-реализатори на овие (зло)дела! Сепак, далеку понезначајна е архитектурата на објектите изградени на левиот брег на реката Вардар отколку узурпацијата на рекреативната површина покрај реката. Осквернувањето на оваа крајбрежна рекреативна зона од урбанистички аспект претставува вистинско злосторство. Тука секако треба да ги споменеме и оние објекти коишто се изградени помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. Посебен злосторство е направено со изградбата на цилиндричниот објект на „Водовод – канализација“ којшто не само што лежи во забранетата зона за градба, туку и го закрива видикот кон Калето, исто така посебен дар на Скопје од природата. Ламптежот за приграбување на земјишна површина и градење надвор од сите законски и урбанистички норми е неодолив и тој брише пред себе се' што ќе му се најде на патот! Се поставува прашањето - до кога…? До кога? До кога? Се' дотогаш кога од оваа земја ќе направиме држава! Поинаку речено ние навистина се' уште немаме држава! Слушам на телевизија наши видни граѓани забележуваат дека немаме судство! Токму така, кога немаме судство, логично е да немаме и држава! Поимот држава во основа значи благосостојба на целокупното население коешто живее во неа! Поимот држава е оправдан само тогаш кога во неа беспрекорно ќе функционира целиот општествен систем! Каде лежи загатката за беспрекорното функционирање? Одговорот е недвосмислен и јасен: во личноста со висок морал! Дали во оваа наша земја т.н. челници се со висок морал? Дали висок морал значи кога припадник на одредена политичка партија, на кој од устата се' уште му тече мајчиното млеко станал сопственик на раскошна куќа, првокласен автомобил… а оној кој ја создавал оваа држава во најтешкиот период на нејзиното раѓање гледа со премрежие на очите и се прашува дали ова сето што се случува сега е сон или кошмар? Да, тоа е вистински кошмар! Да, тоа е повеќе од кошмар! (Авторот е архитект) http://www.utrinski.mk/?ItemID=61A7D792EC3E434BBBAD996F31703EF0&commentID=701681&pLikeVote=0#commNo701681 |
|
За сè има вторпат
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #45 Posted: 05-Jan-2017 at 17:36 |
ако го изоставиме говорот на омраза и тешките филозофии кои обично се вадат за архитектонските стилови, се е кажано во овој дел
„Тука е неизбежно името на Брент Бролин, автор на книгата „Архитектурата во контекст, еден од нареспектираните автори на современите урбанисти. Бролин е тој кој ги осветлува сложените односи помеѓу постојните стари објекти и оние новите коишто треба да се градат во нивна близина! Бролин забележува дека новите објекти во соседство со старите треба според природата на работите, да бидат во некој одреден сооднос. Во оваа насока тој дава нагласка на физичкиот контекст, иако како што вели тој, поимот контекст неспорно покрива далеку поширок простор на духовната, историската, структуралната, програмската, просторната како и на културната проблематика. Ако ја подложиме на анализа архитектурата на овие објекти изградени во линиска поставеност покрај Вардар ќе се види дека во ниту еден случај не се мисли на воспоставување на контекст кој како ехо треба да соодветствува на постојниот (веќе стар) амбиент, туку тој со својата архитектура ниту стилски, ниту просторно се поткрепува меѓусебно. Секој објект посебно претставува архитектонско-просторен егзибиционизам чија основна цел е да предизвика чувство на „восхит“. Со други зборови тоа е просторна каша од т.н. фасадна архитектура, составена од блокови и цилиндри коишто меѓусебно не се, а ниту можат да бидат во некаков органски контекст! Во оваа насока треба да им се изрази посебна „благодарност“ како на нарачателите, така и на групата архитекти-реализатори на овие (зло)дела! Сепак, далеку понезначајна е архитектурата на објектите изградени на левиот брег на реката Вардар отколку узурпацијата на рекреативната површина покрај реката. Осквернувањето на оваа крајбрежна рекреативна зона од урбанистички аспект претставува вистинско злосторство. Тука секако треба да ги споменеме и оние објекти коишто се изградени помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. Посебен злосторство е направено со изградбата на цилиндричниот објект на „Водовод – канализација“ којшто не само што лежи во забранетата зона за градба, туку и го закрива видикот кон Калето, исто така посебен дар на Скопје од природата. “ тоа што ние тука го вергламе не е измислена топла вода |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #46 Posted: 08-May-2019 at 10:09 |
Има ли Скопје центар?
Последните случувања и активности и неактивности на Асоцијацијата на архитекти околу централното градско јадро не ме оставаат рамнодушна. Паркингот кај „Холидеј Ин“, споменикот на Мајка Тереза и предложениот зелен кров на Градскиот трговски центар со ад хок решение ме поттикнаа аналитички да го погледнам сегашниот центар на Скопје од десниот брег на реката Вардар. Прашањето што се наметнува е: има ли овој веќе милионски град центар со сите содржини и атрибути потребни за тоа? Денешниот главен градски плоштад „Македонија“, со едновековна историја, е зацртан во 1914 година со првиот урбанистички план на Димитрије Леко, врз постојната урбана матрица на спонтан урбанизам. Подоцна се оформувал и развивал во неколку фази. Во 1944 година на десниот брег на реката Вардар, Скопје наследи плоштад пред Камениот мост, опкружен со објектите на Офицерскиот дом, Народната банка, Ристиќевата палата, хотелот „Магор“. Од него тргнувала главната улица која, следејќи ги историските текови, ги носела имињата на Абдул Хамид, Цар Борис, Крал Петар, Маршал Тито, а денес ја знаеме како улица „Македонија“. Таа улица, од двете страни по целата должина обрабена со станбени згради и дуќани во приземјето, се протегала, исто како и денес, право кон железничката станица. Покрај денешната улица „Македонија“, во плоштадот се вливале неколку радијални улици со веќе оформени блокови. Периодот 1950-1960 година го одбележа првата генерација архитекти школувани на универзитетите во Белград и Загреб: Славко Брезовски, Димче Димитров, Б. Петричиќ, Славко Леви, Александар Серафимовски и Јанко Константинов. Според нивните проекти на плоштадот се изградија Стоковна куќа – НАМА, хотелот „Метропол“, станбено-деловниот објект „Пелистер“, зградата на Електростопанство. Западниот фронт од плоштадот остана празен со широк тротоар и алеја од стари костенови дрвја. На аголот каде улицата „Орце Николов“ влегува во плоштадот, остана бараката на Кенан, познатиот скопски чистач на чевли и кожна облека. По тогашната улица „Маршал Тито“ се градат неколку станбени објекти и зградата на Инвалидскиот дом. Ова е херојски период на македонската архитектура затоа што се создаде архитектура со натпросечен квалитет во повеќе од скромни услови. Генерацијата архитекти од овој период го претпочиташе интернационалниот стил барајќи потпора во делата на Корбизије, Гропиус, Мис, Нимајер. Постземјотресниот период е следната фаза што ќе го одбележи просторот. Во тој период, кој е особено плоден меѓу 1970 и 1980 година, свој печат ќе остави генерацијата архитекти школувани на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Новата просторна организација на централното подрачје наметнува други услови во урбаниот развиток. Високиот степен на разрушување како последица од земјотресот, ќе ја овозможи изградбата на Градскиот ѕид и Градскиот трговски центар. Градскиот трговски центар заедно со површините на постојните објекти, просторната организација на плоштадот, Камениот мост, кејските површини и паркот Жена-борец ќе ја оформи пешачката просторна целина на центарот. Со Градскиот ѕид се оформува урбаната рамка на единственото зачувано старо градско јадро со објекти од предвоениот и повоениот период. Старата градска структура на десниот брег беше препознаена и во конкурсните решенија за центарот на Скопје и затоа беа дадени упатства за санирање на старите периметрални блокови околу плоштадот и остатоците од четирите радијални улици: „Орце Николов“, „27-ми Март“, „Максим Горки“ и „Никола Вапцаров“. Во овој период изградени се објекти во стилот на брутализмот и модерната: Телекомуникацискиот центар, зградата на „Вардар увоз-извоз“, Домот на ЈНА (сегашен Дом на АРМ), станбени згради. Иако од денешна перспектива на многумина можеби тоа не им изгледа многу, сепак мора да се каже дека е направен огромен прогрес и дека тоа е сјајниот период на македонската архитектура. По осамостојувањето на државата, од 1991 година почнува нова градителска ера. Улицата „Маршал Тито“ преименувана во „Македонија“ почнува да добива нова физиономија. Се гради Палата Македонија, се поплочува во едно ниво, се пренаменуваат и преуредуваат приземните простори со нови содржини. Наместо сивилото од социјалистичкиот период и продавниците за чевли се отвораат кафетерии и бистроа. Уредена со клупи и канделабри станува модерна пешачка улица. И токму кога се доби впечаток дека развојот на најстрогиот центар на градот оди во позитивна насока, а во согласност со новите општествени промени, во 1997 година млад тим на урбанисти изработи нов ДУП за потесниот простор на градскиот центар наречен Мал ринг, усвоен од Општина Центар. Тој им ги отвори вратите на градските профитери и подоцна на популистичките политиканти, кои тргнаа во интензивно пополнување на секое празно место. Изведено е поплочување на плоштадот Македонија, извадена е старата покривка од коцки и исечена е историската алеја од стари диви костени. Плоштадот се прошири несразмерно, создавајќи услови за нови „идеи“. Контроверзните објекти „Лумикс“ и блокот „Тифани“ кој е сообраќајна и еколошка блокада, ќе останат како трајни лузни и ограничувачки дефекти во просторот. Со ова започна герилската градба на целиот централен простор, која потоа беше до несфатливи размери злоупотребена со проектот „Скопје 2014“. Улицата „Орце Николов“ добива нова физиономија со изградбата на објекти на: Охридска банка, објектот на МЕПСО и уште неколку станбени објекти, но се сопнува на споменикот во изградба на „Мајка Тереза“, кој практично ја остава улицата без излез на плоштадот. Во улиците „Никола Кљусев“, „27-ми Март“ и Јадран сквер изградени се објектите во кои се сместени Еуростандард банка, Комерцијална банка, Уни банка, други деловни објекти, хотелот „Ибис“, а реконструирани и адаптирани се зградата на Матицата на иселениците, Шведската амбасада, Турскиот културен центар и постојната Арапска куќа. Меѓу Турскиот културен центар и постојната станбена зграда со класичен изглед блеснува новата интерполација на деловно-комерцијалниот објект „Челси центар“ како свеж призрак на модерна архитектура и современ дизајн. Поголемиот дел од новоизградените објекти се со допадлива модерна архитектура, архитектонски издржани, но во пристапот со кој се поставени и како се поставени во просторот не можам да најдам урбанистичка логика. Генерално, во овој простор не е проблематична архитектурата, туку урбанизмот. Сите пешачки улици, проширувања и скверови на својот пат кон плоштадот се сопнуваат на бариерите од изградените објекти. Целиот овој комплекс делува хаотично, без јасна визуелна прегледност, клаустрофобичен, затворен, без ни една зелена оаза. На западниот фронт на плоштадот во празниот парковски простор, исечено е целото зеленило и изградени се: хотелот „Мериот“, деловната зграда „Сан Ремо“, „Офицерски дом“ и споменик на Мајка Тереза, двата во изградба. Хотелот „Мериот“ со квазибарокна архитектура со прекумерна кичеста декоративна пластика и непропорционални димензии се наметнува во просторот и ја деградира Ристиќевата палата како историски репер. Деловниот објект „Сан Ремо“ со својата стаклена фасада и модерна архитектонска форма би бил достоен репер на плоштадот доколку со изградбата на другите објекти околу него, не беше потиснат, деградиран и композициски невклопен. Во изградба е и хибридниот објект на таканаречениот „Офицерски дом“ во кој ќе биде сместена градската администрација. Се сеќавам на професорот Чипан кој велеше: „Стара лушпа со нова содржина – никој во светот не прави хибриди на исчезнати архитектонски споменици“. Еве ние, за жал, правиме. нама2 Улицата „Максим Горки“ која има најкомпактна сочувана архитектонска целина од 1930 година требаше да биде пешачка и да претрпи реконструкција и ревитализација, за што беше распишан јавен анонимен конкурс во 1990 година. За ова веќе пишував во минатиот текст, па само ќе заклучам дека реализацијата на идејата не е доследно спроведена, а ревитализацијата на старите објекти, спроведувана парцијално, е неуспешна. Од 2009 до 2010 година со проектот „Скопје 2014“ почнува кампања со преобликување на фасадите на објектите од десниот брег на Вардар. Од популистички побуди, а сè со цел да се покријат трагите од архитектонското творештво на 20-тиот век се преоблечени фасадите на сите објекти тргнувајќи од источната страна на плоштадот, улицата „Никола Вапцаров“ и улицата „Македонија“. Улицата „Македонија“ претрпе комплетна метаморфоза. Скоро сите објекти од западниот фронт, со исклучок на неколку станбени згради, се преобликувани во божем неокласицистички стил, а на крајот, спроти железничката станица, во парковското зеленило пред хотелот „Бристол“, изградени се две нови палати во квазикласицистички стил, за мене со нејасно дефиниран архитектонски јазик. На источната страна на улицата, на местото на срушената католичка црква во земјотресот, изградена е Спомен куќа на Мајка Тереза. Споменикот со својата внатрешната поставка и изложените предмети можеби зборува за личноста на мајка Тереза, но со својата контроверзна архитектура, не само што не кажува ништо за неа, туку е во спротивност со скромноста која таа ја манифестираше во текот на животот. Еден познат виенски архитект ќе рече дека Споменикот го асоцира на коцкарница од Лас Вегас. Веднаш до неа во средиштето на улицата „Македонија“ во завршна фаза е изградбата на црквата Св. Константин и Елена, досега најголем православен храм во Македонија. На завршницата од улица „Македонија“ изградени се Палата „Лазар Поптрајков“ и Палата на „Електрани на Македонија“. Последната е подигната во парковското зеленило, кое се разбира е уништено, непосредно пред станбената кула од Градски ѕид, при што им е одземено правото на светлост и инсолација на становите во станбениот објект. Од спротива стои деградираниот хотел „Бристол“, а долж улицата се забележува и сомнителната интерполација на деловен објект во кој е сместена банка. Улицата „Македонија“ пулсира со својот живот на главна пешачка улица, но изобилува со кич, какафонија од стилови, исфрлени платформи од кафетериите и рестораните кои ставаат и дополнителен декор и ја стеснуваат улица, импровизирани тезги и бутки. Обичниот скопјанец кој секојдневно минува низ улицата, практично провирајќи се низ многуте бариери поставени на улицата, речиси и да не го крева погледот нагоре, па можеби и не ја забележува околната архитектура полна со орнаменти. Сето тоа ми создава горчлив вкус и ме тера да се потсетам на есејот на Адолф Лос „Орнамент и злосторство“ кој вели: „Работата на чисто декорирање во сите времиња значела беспотребно трошење на човечкото здравје и човечката енергија. Денес, покрај ова, таа значи и трошење на сировините. Никаква корист, никаква потреба повеќе не го оправдува ова дупло уништување на богатствата.“ За самиот плоштад Македонија веќе пишував во некои претходни статии. Но, еве за да го заокружам ова видување, ќе повторам некои од констатациите. Плоштадот Македонија со сите урбани концепти е дефиниран како урбана пешачка целина и треба да ја има носечката функција на значаен традиционален простор, со многубројните компоненти сврзани со животот на градот. Тој е афирмиран социолошки простор што го симболизира заедништвото во живеењето на овој град. Со сите интервенции што се направија плоштадот се вовлекува и бега од реката, опкружен со кичести зданија и претставува херметички затворен простор. Споменикот „Воин на коњ“, или како и да се вика сега, од визуелен аспект со својата големина не е адекватен на просторните можности. Триумфалната порта е грд, ирационален и анахрон објект, поставен на погрешно место и ниту слави победа, ниту има оправдана намена и функција. Да резимирам: што се случи како резултат на интервенциите направени во последните 25 години, после едновековен слоевит развој и формирање на овој простор во кој својата љубов и креативност ја вградија повеќе генерации архитекти и урбанисти. Се затворија визурите и струењата од Водно преку главната оска: железничка станица -улица „Македонија“ – плоштад – Камени мост – Стара чаршија. Се уништија сите зелени оази и парковски катчиња. Деградирани се објектите кои се историски маркери на градот за одредени историски периоди (Арапска куќа, Ристиќева палата, Хотел „Бристол“, Пошта). Покриена е и деградирана архитектурата на објектите на бардовите на македонската архитектура на 20-тиот век, од кои некои се сè уште живи. Неодминлива ми е сликата на архитект Славко Брезовски кој во својата деведесетта година стоеше на плоштадот и собираше потписи за жалба за скрнавење на авторството на Стоковната куќа. Останува да лебди прашањето: Има ли Скопје центар и каков? Доколку се пронајде метод, желба и авторска креативност овој простор треба да претрпи едно ново препрочитување и да премине во „состојба на посебни можности“, како што се изрази проф. Живко Поповски. За почеток и најмалку што треба да се стори е: да се сруши споменикот во изградба на Мајка Тереза, да се отстрани споменикот „Воин на коњ“ или како и да се вика, да се сруши Триумфалната порта, да се вратат фасадите на Стоковната куќа и Електростопанство. Градскиот трговски центар да добие статус на културно наследство, а за просторот на паркингот пред „Холидеј Ин“ да се распише јавен анонимен анкетен конкурс за решение врз база на добро подготвена и аргументирана програма. Зошто е ова важно? Важно е затоа што просторот го дефинира квалитетот на животот кој го живееме во тој простор. Хаотичен, лошо димензиониран, нападен, грд простор го напаѓа умот и сетилата. Добивате желба да избегате од него. Младата популација, меѓу другото, си оди и затоа што не сака да живее во деградиран град. И додека го завршувам текстот ми одѕвонуваат зборовите на мојата внука Ангелина: „Би сакала да не сме толку комотни во овој сив град кој секојпат кога му се враќам ми личи посив и потажен… Скопје е град во регресија, назадување. A јас се плашам да зборувам премногу, а тоа што одамна не сум тука да го менувам. Можам да го опишам, да го искритикувам и да се качам на уште еден авион и да слетам во град кој некој друг веќе го средил, развил и го направил убав. Можам да уживам во чистите улици на еден далечен град со урбанистички план, во старите холандски куќи да барам нови луѓе кои ќе ги засакам, да му помагам на општество во коешто има проблеми, но во кое многу полесно се доаѓа до решенија.“ Автор: Душанка ШУЛОВИЌ, дипл.инж.арх. https://www.porta3.mk/ima-li-skopje-centar/?fbclid=IwAR0U1VnDmU4_TWY2lcWE9i0l9P2IKJMxgjGq5y1OhTX_ED8go4Nt08-NALw |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #47 Posted: 28-Feb-2020 at 16:12 |
Скопје – меѓу историското и имагинарното
Анета Георгиевска Шајн Пред десетина години, во еден од долапите на мајка ми наидов на репродукција на графиката што го краси реверсот на банкнотата од 100 денари: „портретот“ на Скопје што му се припишува на извесен Јакоб Харевејн, и што обично се датира во 1594-та година. Иако името на авторот ми прозвучи познато, стилските карактеристики ми сугерираа дека оваа графика е направена веројатно цел век подоцна. Ја врамив, за набргу потоа да ја заборавам, сè до пред некој ден, кога еден напис на Василка Димитровска ме потсети на бројни сè уште неодговорени прашања во врска со оваа слика. Самиот факт што името на Јакоб Харевејн се среќава во речиси десет варијанти го усложнува секој обид да се дојде до нејзиното потекло. Она што го знаеме со сигурност е дека овој графичар бил активен во денешна Холандија и Белгија помеѓу 1680 и 1730, и дека негова специјалност биле „портрети“ на градови или детални прикази на архитектонски зданија, но исто така и географски мапи. За мене лично е посебно интересно што една од неговите графики го прикажува домот на Петар Пол Рубенс, уметник за којшто имам највеќе пишувано. Сè до сега ја немав поврзано со Скопје од банкнотата, мислејќи дека се работи за различни уметници со слични имиња. По својот жанр овој „портрет“ припаѓа на традиција што доживува најголем подем во 16-иот и 17-иот век. Некогаш ваквите прикази се печатат поединечно, но почесто се објавуваат во тематски серии, или како илустрации на мапи и во атласи. Еден од првите такви атласи е Нирнбершката хроника – Liber Chroncarum на Хартман Шедел (1493) вистински бестселер и модел за бројни подоцнежни публикации. Она што ги поврзува овие илустрации – посебно кога се однесуваат на градови на маргините на познатиот свет: речиси секогаш претставуваат спој на виденото и имагинарното, она што е „документирано“ и она што одговара на очекувањата на идеалниот гледач. Таков е случајот и со Скопје од реверсот на банкнотата, каде што и покрај сите непрецизности се препознаваат најважните зданија од тоа време: тврдината Кале, минариња во чаршијата, Мустафа-Пашината џамија, па дури и камениот мост што го поврзува градското јадро со другата страна на реката. Сликата е комплетирана со симболичен портрет на „жители“: дама и господин во елегантна, но несомнено егзотична облека, во пријатна прошетка низ пасторален пејсаж. Латинизираното Scopia испишано на лентата што се вее над хоризонтот е дополнето со натпис на долниот раб (Scopia op de Revier Veratazar) кој ни кажува дека овој град лежи на реката Вардар. Овој вид идентификација е карактеристичен и за други графики на Харевејн, на пример, приказот на Ротертурм од Трансилванија (Rotenthurn op de Revier de Alauta in Transilvnia) или на Славонска Градишка (Gradiska op de Revier de Saw in Slavonia). Што се однесува до формата Veratazar за Вардар, можеме да спомнеме и други примери од тој период, како на пример Географскиот и Историски Опис на деловите на Европа каде што се водат Војни (Лондон, 1696). Во овој алманах, англиско-францускиот лексикограф Абел Бојер го опишува Scopia/ Uscopia како „голем град под планината Orbelus, на реката Veratazar, во близина на Македонија, делумно во планини, делумно во долина, со пријатно положение...“Притоа додава дека Скопје има Архиепископ, многу трговци и занаетчии, убави надгробни споменици и богати куќи чии подови се послани со ќилими во прекрасни бои. И токму кога читателот се соживува со убавините на ова место, следната реченица ги разбива сите овие евокации како меур од сапуница кога дознаваме за опсадата на Скопје од 1689-та година. Како што Бојер посочува, силите на Хабзбуршкиот император под водство на Енеа Пиколомини биле импресионирани од овој град од 60.000 жители и го споредиле со Прага. Па сепак, откако го протерале турскиот Паша и неговите луѓе, го ограбиле и опожариле до темел. Според моите досегашни сознанија, графиката на Харевејн е од истиот период, односно од таканаречената „Голема турска војна“ (1683-1698). Единствената посериозна анализа што ја имам пронајдено до сега, во романски текст од 1971 година, укажува дека оваа слика е дел од серија „портрети“ на градови од Отоманската империја, печатена во Антверпен 1688 година. Освен поголеми места како Букурешт или Белград, интересно е дека серијата вбројува и многу помали градови како Пожега, Јајце, или Ќустендил – важни во контекст на Хабзбуршките воени дејства на Балканот. Серијата има 21 слика, при што Скопје е означено со римско 15. Иако немаме доволно информации за нивната првична намена, во 1717 некои од нив се препечатени во книга посветена на Хабзбуршките победи над Турците. Таа хроника е исто така дел на вообичаените пракси од тој период, како што може да се види од една друга, целосно дигитализирана публикација со слики од географско подрачје што се протега од Виена до Средниот Исток (Антверпен, 1686). И така сè неочекувано се поврзува, од камениот мост и ѕидините на тврдината околу Скопје, до куќата на Рубенс во Антверпен и хрониката на Бојер од Лондон. Иако Харевејн ги објавил графиките во 1688, а Пиколомини го запалил Скопје 1689-та, серијата е веројатно комбинација на визуелни сведочења за места веќе зафатени со воени дејствија и тие што допрва треба да се „ослободат“ од Турците. Слични анахронизми наоѓаме и во хрониката на Бојер. Архиепископот што го споменува 1696 е веројатно наследник на познатиот Пјетр Богдани, но можеби и референца на самиот Богдани: Архиепископ на Скопје кој ги поддржал Хабзбуршките сили, мобилизирајќи речиси шест илјади албански војници за кампањата против Турците. Иронијата на оваа епизода од големата Турска војна, како и на пожарот што имал за цел да ја сотре чумата во градот, е што и Богдани и Пиколомини подлегнале на таа болест само неколку месеци подоцна. Иако сликата од банкнотата од 100 денари содржи уште тајни, со помош на дигитализирани примарни и секундарни извори дојдовме многу поблиску до нејзиниот контекст. Она што можеме да го заклучиме во моментов е дека градот што ни го прикажува Јакоб Харевејн е сепак Скопје, убавото Scopia op de Revier Veratazar што го замислил и претставил врз основа на нечии други кажувања и на својата имагинација, непосредно пред една од најголемите катастрофи во неговата историја. https://okno.mk/node/83215 |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #48 Posted: 16-Jul-2020 at 10:18 |
Зошто никој не објави некролог за умирањето на „Скопски саем“
Во 1957 година е формиран „Скопскиот саем“ со цел да го покажува пулсот на стопанството и културата на Македонија, значи институција од национален интерес. Од таа далечна 1957 година, сѐ до 1990 година, се одржуваа активности: Пролетен саем, Есенски саем, Саем на градежништвото, Саем на земјоделието, Саем на книгата, Саем на занаетчиството и други манифестации. Со други зборови, се покажуваше како стопанството живее и што произведува, односно напредокот на стопанството. Во градењето на саемот учествуваа градежните фирми „Пелагонија“, „Бетон“, „Маврово“. Дури инвеститорот испланирал и го изградивме саемскиот хотел „Континентал“. Може да се каже само за вакви активности не се реши прашањето на паркирањето, односно паркинзите. Сите ние што учествувавме во градбата на овој комплекс бевме среќни, зашто саемот 30 години ѝ служеше на земјата. По раѓањето на независна Македонија и транзицијата на системот дојде до транзиција на саемот – од објект со национален интерес во објект со приватен интерес. И се менуваа сопствениците: словенечка фирма „Ера“ во 2003 година трансформирана во компанија со ограничена одговорност, во 2017 година косопствениците Комерцијална банка и НЛБ банка го продаваат на бугарска банка, а оваа на сегашниот сопственик. Полека но сигурно преку овој лавиринт од трансформации „Скопскиот саем“ од институција од национален интерес стана стока за шетање од раце во раце на разни банки и бизнисмени. Конечно, пред две години излезе на видело дека саемот го купила фирмата „Нептун“ и има намера да гради бизнис дел и станови. Во 2004 година јас почнав да ги работам физибилити студиите за развој на градот. Дел во тие студии опфаќаше решение на паркирањето во градот и во тие рамки и решение за паркирањето кај „Скопски саем“. Тоа решение беше следново: насипот под пругата од бетонскиот дел на станицата до подвозникот да се извади пругата, да се стави на мостна конструкција, а под неа да се изгради трикатна гаража, паралелно со саемот, за 1.200 коли. Ова решение нудеше повеќе елементи: 1.200 паркинзи, „крашинг вол“ во случаи на судар, решение за намалување на вибрациите и решение за апсорпција на бучавата. Ваков предлог ѝ понудивме на директорката на саемот. Бидејќи Словенците дојдоа да земат од Македонија, а не да инвестираат, ништо не бидна од проектот. Кога пред две години се објави продажбата на „Скопски саем“, јас побрзав и отидов во канцеларијата на инвестициската група за градење на просторот кај Саемот и им ја предочив можноста за решавање на паркинзите. Одзивот беше нула. Пред околу еден месец пројдов кај „Континентал“ и бев вчудовиден што сѐ се гради, но исто така се запрашав – зошто никој не објави некролог за умирањето на „Скопски саем“. Ја користам оваа можност за да го напишам: „Драги граѓани, ве известуваме дека нашиот Скопски саем срамно почина, нека му е вечна слава“. Потпис: Ожалостено македонско стопанство. Не би требало да завршиме само со некролог, треба да кажеме кој треба да се срами за умирањето на „Скопски саем“: урбанисти што ја изработија пренамената на тој простор од општествен интерес во интерес за комерцијална употреба, зошто Општина Гази Баба го дозволила ова, зошто градот не реагирал, зошто надлежното Министерство не реагирало… На крајот, Стопанската комора за мене е најголем виновник затоа што не го заштити интересот на стопанството. од Божидар Миљовски 14/07/2020 https://www.slobodenpecat.mk/zoshto-nikoj-ne-objavi-nekrolog-za-umiraneto-na-skopski-saem/ Edited by Џоле - 16-Jul-2020 at 10:19 |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #49 Posted: 26-Mar-2021 at 11:30 |
Го зборевме Варламов пред некој ден, еве и негова фоторепортажа за Скопје. Очигледно го посетил градов некаде јануари-февруари, кога имаше снег. Во суштина не кажува ништо ново, иако според она што го читам во текстот има површни познавања за многу историски настани и личности, веројатно се информирал од Википедија и сл. Се разбира, се фокусира на лошите страни (главно Скопје 2014, неисчистениот снег, рекламните билборди, сиромаштијата, паркираните возила, општиот хаос што владее, неодржуваните згради и јавни површини), како што реков, работи што сите ги знаеме, но на кои сме се навикнале и веќе не им обрнуваме толкаво внимание. Сепак, ете, не е лошо да се потсетиме како некои странци го доживуваат градов.
Скопье, Македония: город-фейк, город-пустышка https://varlamov.ru/4221419.html |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #50 Posted: 26-Jul-2021 at 09:46 |
Скопје меѓу очајот и надежта
Да се пишува за градот кој ти го одбележал долгогодишниот живот, те обликувал и навлегол во сите пори на твоето живеење, е чест и предизвик. Да се набљудува градот низ сите падови и подеми, премрежиња и сè што му се случувало и му се случува можеби е света должност на еден архитект. Секој град има своја приказна ваква или онаква, но приказната на мојот град за мене е особена и посебна. Растеше и се обликуваше врз база на различни урбани модели од првата и втората половина на 20-тиот век. Поминувајќи низ разни временски периоди имал континуиран развиток, но и големи пресврти во постојната урбана матрица. Историски, драматично се менувал, луѓето и природата не го оставиле на мира, го палеле, го рушеле, го граделе. Во него се вкрстувале обележјата на западните и источните царства, бил крстопат на народи и цивилизации, со еден збор еден чудесен град. Денес мојот град е скоро милионски, метропола како што многумина милуваат да го нарекуваат. Мене ми е поблиско неговото поетично име Скопје – градот на Вардар. „Во него тече една река, матна и не така брза – нашата река. Над реката, како впрочем, и над сите реки во светот се протегаше мост стар направен од камен пред многу векови“, ќе рече Братислав Димитров. Тоа е вечната и најавтентична разгледница на овој град. Денес кога стоиме пред секојдневната материјализација на архитектурата и урбаниот простор на нашето опкружување, збунети или восхитени, неопходно е да погледнеме наназад како градители, сведоци и современици. Во секојдневните разговори градот најчесто го именуваме како предземјотресно и постземјотресно Скопје. Со првиот урбанистички план на Димитрије Леко во 1914-та година врз постојната урбана матрица на спонтан урбанизам почнува да се оформува градот на десниот брег на реката. Подоцна се оформувал и развивал во неколку фази, предводен од еден од најзначајните негови градоначалници, архитект Јосиф Михаиловиќ. Во 1944-та година на десниот брег на реката, Скопје наследи: плоштад пред Камениот мост опкружен со објектите на Офицерскиот дом, Народна банка, Ристиќева палата, хотел Магор. Покрај денешната улица „Македонија“ во плоштадот се влевале и неколку радијални улици со веќе оформени блокови. Периодот 1950 – 1960 година го одбележа првата генерација архитекти школувани на универзитетите во Белград и Загреб, која го претпочиташе интернационалниот стил, барајќи потпора во делата на Корбизие, Гропиус, Мис, Нимајер. Според нивните проекти се изградија: Стоковната куќа – НАМА, хотел „Метропол“, станбено-деловниот објект „Пелистер“, зградата на Електростопанство. По тогашната улица „Маршал Тито“ (денешна ул. „Македонија“) изградени се неколку станбени објекти и зградата на Инвалидски дом. Се градат станбените населби Карпош 1 и 2 и трасиран е булеварот „Партизански одреди“ според сите пропозиции на модерниот урбанизам. Постземјотресниот период е следната фаза што најсилно и најобемно ќе го одбележи прoсторот. По земјотресот во 1963 година разрушениот град Скопје ќе се најде во средиштето на урбанистичко-архитектонски активности. Под покровителство на ООН се изработува ГУП. Скопје се урбанизира по сите правила на модерниот урбанизам и е поприште на светската архитектонска елита. Расте градот на солидарноста. Високиот степен на разрушување ќе ја овозможи изградбата на Градскиот ѕид, Градскиот трговски центар, просторната организација на плоштадот, Камениот мост со кејските површини и Паркот „Жена борец“. Особен печат ќе остави генерацијата архитекти од периодот 1970 – 1980 година школувани на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Некои од нив по својот престој во Америка ќе го донесат брутализмот во архитектурата. Ќе се изградат: Телекомуникацискиот центар, Државниот архив, Транспортниот центар, зградата на Вардар увоз-извоз, Домот на ЈНА, Културниот центар, Народна банка, станбените населби Карпош 3 и 4 и населбата Аеродром. Мора да се констатира дека е тоа блескавиот период на македонската архитектура. По осамостојувањето на државата, од 1991 година почна нова градителска ера. Постсоцијалистичкиот период во кој се понадевавме и видовме нови можности за градот и градењето, донесе нови разочарувања. Архитектурата на градот се најде во длабока криза и екстремни визии со поништувачки тенденции на постојното. Последните дваесет и пет години Скопје доживува деградација и маргинализација во секоја смисла. Бетонска џунгла демне од скопските ДУП-ови. Алчноста за максимум градежна површина и профит ги помина сите граници на возможното. Се изгради „Скопје 2014“ како политички конструкт за нов идентитетски репер. Започна градба на целиот централен простор кој беше до несфатливи размери злоупотребен од проектот „Скопје 2014“. Денешниот главен Градски плоштад „Македонија“ со повеќевековна историја наликува на сценографија за холивудски филм. Улицата „Македонија“ претрпе комплетна метаморфоза. Задушена од објекти со недефиниран архитектонски јазик, пулсира со својот живот на главна пешачка улица, но изобилува со кич, какафонија од стилови, исфрлени платформи од кафетерии и ресторани со дополнителен декор. Запуштени се и неодржувани и многу од капиталните објекти со значајна архитектура (шалтер-салата на Поштата, библиотеката „Климент Охридски“, Студентскиот дом „Гоце Делчев“ и др.) Срушени се објектите на Сајмиште и Беко, а сомнителна е и градбата Стара железничка станица во сообраќајна смисла. И како резултат на сите интервенции деградиран е просторот на градот по едновековен слоевит развој во кој својата љубов и креативност ја вградија повеќе генерации. Се затворија струењата на воздух по главната оска Водно – Стара чаршија, се уништија сите зелени оази и парковски катчиња, деградирани се многу објекти кои беа историски маркери на градот, од одредени историски периоди, културното и историско наследство е во очајна состојба. Станбената изградба ги окупира сите населби и слободни простори и старите индивидуални куќи ги замени со блокови и висококатници. Денес кога е евидентно дека има околу 6.000 невселени новоизградени станови и вишок слободен деловен простор, се актуализираат нови локалитети за градба со по 6.000 до 15.000 жители (Расадник, Ф-ка „Треска“, Холидеј Ин ). Дел од јавноста ги поставува прашањата „Каде бевме и каде сме сега?“, „Да се биде или да се има?“ По сите заложби на стручната фела, Асоцијацијата на архитекти, граѓанските организации и здруженија (Здравје пред пррофит, За одбрана на Дебар Маало и др.) за уредување на градскиот простор во служба на граѓаните, се чини дека достигнувањата наликуваат на лет во место. Гласот на разумот се губи меѓу агресивниот крик на сопствениците на парцелите и нивното право на градење и правните лавиринти на законската регулатива. Ако Скопје не успеа да сочува објекти кои симболично го означуваа статусот на градот и го впишаа во современите европски метрополи, ако не успеа низ целиот овој период на градежен бум да реконструира и реинтерпретира ниедна улица од старото историско јадро, крајно време е и последна шанса за спас на последните три локалитети. Локацијата Расадник е последното слободно неизградено парче со сочувано постојно зеленило во една населба заситена со градби. Локацијата фабриката „Треска“ сместена е во централното подрачје на градот во радиус на голем број јавни и културни дејности. На локацијата постојат напуштените објекти од фабриката и зеленило кое е плански засадено, но и самоизраснато. Фабриката има култно значење и е последна трага од индустриското наследство, со евидентно висок јавен интерес. Затоа од посебна важност е што Општина Центар распиша јавен анонимен конкурс за урбанистичко решение. Локалитетот Холидеј Ин е урбан простор многу значаен за градот и за потесното централно подрачје, опкружен со фрагменти од културното и природно наследство на градот. Неговото решавање и реализација не треба да биде препуштено на тековната урбанистичка пракса. Тоа место има доминантна репрезентативна положба како зглоб што ги поврзува сите значајни точки на центарот источно и западно и од двете страни на реката. Затоа и има доминантна положба особено во концептот на Кензо Танге. Но за жал во случајот битката повторно ја извојуваа парите и профитот на сметка на јавниот интерес. По долгата административна бурлеска меѓу институциите, Општина Центар издаде градежна дозвола на фирмата Фешн-груп и МПЦ-ОА за почеток на градба на една од трите кули на локацијата Холидеј Ин. Сите овие локалитети треба да добијат шанса за покреативни решенија во интерес на градот и граѓаните преиспитани преку јавни и анонимни конкурси. Општината Центар која ја има привилегијата и одговорноста да управува со центарот на државата и градот треба да опстои во напорите за изнаоѓање решение. Не сакам да ја минимизирам работата на градоначлниците, ме радува секој обновен булевар, сообраќајница, велосипедска патека, закрпена дупка, исчистена депонија, нова парковска оаза и зелен покрив, ново сообраќајно решение кое го олеснува сообраќајот и го намалува загадувањето. Ми се допаѓаат и многу од новоизградените објекти кои ги следат трендовите во архитектурата и служат на својата намена во позитивна смисла, но сите алармни светла светкаат дека градот ги губи шансите за санација и поправка на изгубените вредности. Без постоење визија за развој на градот се оди во фрагментации кои водат во ќор-сокак. На централното подрачје му е потребна длабока анализа во поширок контекст. Тоа впрочем го покажа и активирањето на локалитетот Холидеј Ин кој не може да биде набљудуван фрагментарно без територијата на Ново Маало и Маџир Маало, која носи квалитети и остатоци од град што треба да се меморираат или реинтерпретираат. Освен тоа пејзажот и слободните простори се неизбежен дел од целокупниот комплекс. Градот мора да се гради и архитектите не може да бидат против тој процес, но не смеат ни понизно да им служат на инвеститори и алчни профитери. И на претходните заблуди и креативни лудости им служеа архитекти и урбанисти. Оние кои помагаат при нанесување трајни просторни и културолошки последици треба да бидат бојкотирани од струката и од граѓаните, а МПЦ како духовен водач треба да докаже дека го живее тоа што го проповеда. Ми одѕвонува рефренот „Градот убав пак ќе никне“ и се прашувам ќе остане ли тој само детска песничка. Мојот град, нашиот град заслужува шанса. Здрав и квалитетен живот на граѓаните може да им овозможи само квалитетна и одговорна градска власт во соработка со некорумпирана стручна фела со кредибилитет, интегритет, стручност и чесност. Автор: Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх https://www.porta3.mk/skopje-megju-ochajot-i-nadezhta/?fbclid=IwAR0Wy7r2TOwzqUE5E7FUIyp30FDkOk2lqzyvEfNAMZvKcpwrR2ldgwRW7YM |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #51 Posted: 16-May-2022 at 15:27 |
Карадак значи Црна Гора, Чаир е ливада на турски, Драчево – бодликави грмушки, Шуто е неплодно
Различните народи и етнички групи кои се доселувале во Скопје и Скопската котлина која била главна раскрсница на Балканот каде се вкрстувале трговските патишта од Блискиот и Средниот исток со оние од Медитеранот и Јадранското море, како и со земјите од Средна и Западна Европа, оставиле траги не само во бројноста и етничката структура на градот, туку и урбанистички го обликувале и ја креирале топомастиката и ономастиката на скопските маала, улици и лични имиња. Станал собиралиште на различни народи и етникуми кои се групирале во поедини делови, тие делови од градот добиле имиња на местата од каде што се доселиле лицата – на пример Дебар маало, Маџир маало, Карадак маало и слично. Други пак, маала биле нарекувани според она со што грото се занимавало населението, како Чивчи маало – сегашно Ново маало, по турскиот збор „чивчија“ што значи земјоделец, или според највпечатливиот белег во маалото, како на пример Капиштец, чие име е поврзано со капиштето на потокот кој течел низ него. Гордана Јанакиевска, претседател на „КингМаркоЛенд“ и туристички работник во пензија, посочува помалку познати факти како настанале имињата на скопските маала. Таа вели дека Автокоманда го добил името затоа што тој простор бил погоден за стационирање на транспортни единици, додека населбата Аеродром по воениот аеродром. – Буњаковец го носи називот по името на фамилијата Буњак, во чија сопственост биле поголем дел од парцелите. Гази Баба, по османлискиот кадија, научник и поет од 16 век – Ашик Челеби, познат како кадија Гази Баба. Драчево – место каде што има трнливи и бодликави грмушки – објаснува Јанакиевска. Злокуќани населението го нарекло така затоа што луѓето кои сакале да изградат куќи при ископот наоѓале коски и костури, остатоци од антички град Скупи. – Кисела Вода го добила името по киселата вода што извирала кај црквата „Свети Никита“. Лисиче е наречено така бидејќи во 1900 година надојдените води на Маркова Река ги поплавиле куќите, па се повлекле каде што имало лисици. Маџир Маало, според богатите доселеници кои граѓаните ги викале маџири. Мичурин според поранешната конзервара Мичурин. Радишани постоело уште од времето на Крале Марко (XIV век). Тафталиџе во сопственост на семејство Хаџи Гали-бегови кое ливадата ја оставило за себап на душата, да се шета по неа и турско и каурско. Топаана, местото каде што турската војска ги поправала топовите. Ќерамидница една од најстарите населби од доселеници од Велешките села (пред сè околу Богомила, т.е. областа Азот) и градот Велес. Чаир, потекнува од турскиот збор cair што значи ливада. Шуто Оризари името потекнува од зборот „шуто” што во превод значи неплодно – нагласува Јанакиевска. Освен надворешните и внатрешните миграции, одредена улога во формирањето на скопските маала, улици и делови на градот, исто така, одиграле локалните преместувања на населението во границите на Скопската Котлина, односно оние миграциски движења село – град и обратно, како и преселувањата во самиот град. Така, Дебар Маало се нарекува според градот Дебар од каде што потекнувале првите жители кои го населиле овој дел на Скопје. Дебар маало го населувале жители од стариот дел на градот и таму имотот бил поскап. Оние кои имале долгови се решавале да ја продадат својата куќа или имот во Дебар маало и со дел од парите да го подмират долгот, а со останатите пари купувале земјиште на периферијата на Скопје каде плацот бил поевтин за градење. Други, пак, се преселувале во други делови на градот поради стихијна природа или пак, било поврзано со посебни настани, како репатријацијата на етничките Турци, депортацијата на Евреите, Циганите „барутчии”, кои често го менувале своето место на живеење. Жителите на Маџир маало се префрлиле на другата страна од железничката пруга долж патот кон Лисиче и Драчево и тој дел се нарекувал Хамдије. Ваквите преместувања влијаеле на етничкиот состав на маалата според кои и се преименувале во минатото, а некои останале да бидат препознавани и до денеска. Оттука е Пајко ( Ибни Пајко) маало, Карадаг маало името го добива од големиот број на доселници од Скопска Црна Гора, која на турски се нарекувало Кара Даг, Чаир маало, Топаана или Топхана го викале Циганско маало, Ново маало, Барутана, Маџир маало, Стара Бирарија, Тафталиџе, Буњаковец, Железничка колонија (фабрика Треска)… https://www.vecer.press/%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d0%ba-%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d1%86%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b0-%d1%87%d0%b0%d0%b8%d1%80-%d0%b5-%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%bd/ |
|
За сè има вторпат
|
|
Post Reply | Page <123 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |