Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост) |
Post Reply | Page <1 34567 30> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #81 Posted: 24-Apr-2019 at 15:25 |
Еве фотки(од фб на Град Скопје)
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #82 Posted: 24-Apr-2019 at 15:29 |
Булеварот се очекува да биде готов до крајот на 2019 а проектот со мостот до крај на 2020
Еве уште некој приказ за мостот кон Ќерамидница |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #83 Posted: 25-Apr-2019 at 14:17 |
Се надевам преку паркот ќе оди. Нема потреба од толку остра кривина кога може да се премести паркот.
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #84 Posted: 25-Apr-2019 at 20:51 |
Скицата е лоша, кривината не е ни приближно толку остра ако оди покрај паркот булеварот.
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #85 Posted: 27-Apr-2019 at 20:43 |
А засадените дрвја пред некое време, сега ќе ги пресадат ли на друго место?
|
|
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #86 Posted: 03-May-2019 at 10:58 |
А добро, како ќе се реши влезот кон уличката што оди од СЦЈС до Хилтон кога ќе се прошири булеварот? Бидејќи пола метро ќе биде од уличката до булеварот.
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #87 Posted: 03-May-2019 at 12:35 |
Би требало да останат во жардиниерата. Но ако се додаде уште една лента пред Хотел Русија ќе настрадаат доста.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #88 Posted: 13-Jul-2019 at 15:54 |
Од фб,веќе се изведуваат некакви градежни активности само незнам дали проектов ќе значи затворање односно дислоцирање на паркот на езерцата бидејќи мостот кон Ќерамидница треба таму негде да минува??
|
|
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #89 Posted: 13-Jul-2019 at 16:27 |
Не. Според ДУП-от покрај паркот ќе поминува булеварот. Само мене не ми е јасно како таа уличката (со паркинг-местата) ќе се приклучува на булеварот бидејќи ќе бидат блиску булеварот и уличката, меѓусебно.
Edited by skopskodete - 13-Jul-2019 at 16:29 |
|
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #90 Posted: 13-Jul-2019 at 17:46 |
Ова би требало да се тротоарите во стилот на Јане Сандански.
На која уличка мислиш скопскодете , на онаа кај црквата или на оваа сервисната од хотел Русија до хотел Дабл Трее? |
|
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #91 Posted: 13-Jul-2019 at 18:31 |
Сервисната. На каков начин таа би се поврзача со булевар АСНОМ? Бидејќи со проектот се премногу блиску еден до друг улициве. |
|
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #92 Posted: 14-Jul-2019 at 11:57 |
Мислам дека има три раскрсници на ниво, со нив се поврзува, едната е кај хотел Русија ,а едната треба да е кај празниот простор, последната во близина на хотел Дабл Три , односно идентично со влезовите за населба Јане Сандански и раскрсницата со Васко Карангеловски.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #93 Posted: 16-Jul-2019 at 16:58 |
Проширувањето на булеварот АСНОМ го „јаде“ зеленилото во Аеродром
Што се гради, кој ги корне неодамна засадените дрвја, зошто се навлегува толку длабоко во зеленилото кон зградите, се само дел од прашањата кои ги поставуваат жителите на Аеродром, откако започнаа градежните активности за проширување на булеварот АСНОМ. Најавите за проширување на булеварот минаа без поголеми реакции, се до моментот кога багерите почнаа со копање, па стана очигледно уништувањето на зеленилото на сметка на новиот бетон и асфалт. Помалку зеленило, поголемо гушење, се дел од коментарите по социјалните мрежи на луѓето кои живеат во Аеродром, инаку една од најзагадените општини во Скопје. Како што информираат од Град Скопје, градежните работи кои во моментов се вршат на потегот од мостот „Близнаци“ со салата „Јане Сандански“ се само првата од трите фази кои ќе бидат реализирани во рамки на проектот за поврзувањето на Аеродром со Ќерамидница. „Во првата фаза од овој проект се врши проширување на булеварот АСНОМ, што се одвива на потегот од крстосницата со бул. Србија до крстосницата со бул. Васко Карангелески. Должината на трасата во првата фаза изнесува 845 метри, каде што новиот булевар АСНОМ ќе добие по 3 коловозни ленти од двете страни, средишно булеварско зеленило, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот, како и тактилни патеки за лицата со оштетен вид по целата должина на пешачките патеки“, објаснуваат од Градот. Во следните фази пак, ќе биде изграден нов мост на реката Вардар непосредно до салата „Јане Сандански“, со преку кој ќе се овозможи спојување со бул. „Гоце Делчев“. Навлегувањето во зеленилото кон зградите на АСНОМ пак, нешто што последно ги изреволтира жителите во околината, како што појаснуваат од Градот, се прави за изградба на пешачки и велосипедски патеки кои отсуствуваа на старата улица. https://www.radiomof.mk/proshiruvanjeto-na-bulevarot-asnom-go-jade-zeleniloto-vo-aerodrom/?fbclid=IwAR3iLggd339-pp0rTuUFvVXkBGlQp8QiGYTNhEfTlvDeA_29wuom6a_kNLc ----------------------- Од фб |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #94 Posted: 16-Jul-2019 at 17:15 |
"Проширувањето го јаде зеленилото" Па каде да го прошират во небо ли!?
Само не ја сваќам логиката да во аеродром према лисиче има по 3 ленти, додека накај центар по 2. Ако веќе како бегаме од Центар се намалува од 3 на 2 нема потреба после пак 3 кога се намалува и густината на сообраќај. Иста ситуација и со Христијан Тод. Карпош ако веќе спаѓаме на по 2 ленти пред бул Боста и Хер. зошто потреба да има повторно по 3 према излез накај обиколница... |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #95 Posted: 16-Jul-2019 at 18:07 |
Така треба, нека биде трајно решение. Освен тоа не заавршува само со мостот, туку и со улицата накај Јане Сандански која е 2х2.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #96 Posted: 26-Aug-2019 at 06:47 |
Во ноември се очекува да почне постапка за изградба на мост од Аеродром кон Ќерамидница
Во ноември годинава треба да почне постапката за изградба на мостот што треба да ги поврзува општина Аеродром со населбата Ќерамидница, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Како што истакна првиот човек на главниот град, тоа е проект што ќе се одвива во фази, односно дел по дел како ќе созреваат работите. Целта на тој проект е да се отвори нов сообраќаен коридор, што ќе им овозможи на граѓаните, пред се на тие од општина Аеродром, нов излез од општината кон центарот на градот, покрај практично единствениот во моментов, тој кај Транспортниот центар. https://skopjeinfo.mk/vo-noemvri-se-ochekuva-da-pochne-postapka-za-izgradba-na-most-od-aerodrom-kon-kjeramidnica |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #97 Posted: 26-Aug-2019 at 15:27 |
Ќе почне ПОСТАПКА
Значи 30ти ноември ќе има објава за тендер кој ќе трае можеби и до 6 месеци; Па после доколку нема одложување можеби ќе почне со градба следно лето и сигурно ќе има рок од 2 години па здравје лето 2022ра...ако не и 2023та |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #98 Posted: 26-Aug-2019 at 15:51 |
Изградбата на мостот (што се најавува), без пробивање на булеварот низ Ќерамидница, не носи никаква корист. Проширувањето на булеварот низ Аеродром (што е во тек), без пробивање на булеварот низ Ќерамидница и без изградба на мостот не носи никаква корист. Ако градот нема капацитет да ги реализира сите три проекти така да сите три бидат завршени во приближно исто време, тогаш единствено логично е да се реализираат по овој редослед: Пробивање на булевар низ Ќерамидница >>> Изградба на мост >>> Проширување на булеварот низ Аеродром Но од градот одат по обратниот редослед, затоа што се разбира удвојување на коловоз низ ливада е неспоредливо полесно од изградба на мост, што пак е неспоредливо полесно од изградба на булевар низ ебана фавела. Тоа е очигледно единствениот критериум што го имале во предвид. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #99 Posted: 29-Aug-2019 at 11:59 |
Мислам дека овој проект ќе заглави кога ќе дојде ред да се руши низ Ќерамидница.Сигурно ќе останат неколку нерешени имотно правни односи како пералната среде Трета Македонска Бригада.А и прашање е колку има потреба од овој проект можеби нешто минимално ќе се растерети гужвата што сабајле се создава на К.Ј.Питу но сепак треба да се наоѓаат решенија на потегот Аеродром-Карпош каде гравитира голем дел од населението. |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #100 Posted: 30-Aug-2019 at 06:26 |
Можеби ќе чекаат Космос да биде во по напредна фаза па наместо пари ќе им дадат таму станови, најсоодветно.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
Post Reply | Page <1 34567 30> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |