Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#21 Posted: 20-Nov-2009 at 17:51 |
Првонаграден труд од конкурсот за „Универзитет за информатички технологии“ Автори: Јован Ивановски Горан Мицковски Дејан Ивановски Ристо Аврамовски Ана БораниеваВизуелизации: Ненад Живковиќ Диме ПашовскиМатеријалите во полна резолуција можете да ги најдете на сајтот на SCArS (во делот „изложба“): http://www.scars.mk/default_mk.html1 2 3 4 5 6 7 8 9
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#22 Posted: 20-Nov-2009 at 17:56 |
За жал морам да го постирам тука бидејќи проектов изгледа е напуштен, а „универзитетот“ е префрлен во Охрид каде што го сместиле во некои бараки Проектов е прва лига и лично се надевам дека сепак ќе го огрее сонце, без разлика на локацијата.
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#23 Posted: 21-Nov-2009 at 11:04 |
Одличен проект, браво за Јован Зошто еднашка не пропадне некој објект од типот на МНР туку секогаш се откажуваат ваквите. Навистина штета.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#24 Posted: 11-Jan-2010 at 17:26 |
Информатичката „еурека“ на улицата Архимедова затрупана во шутЗградата што
требаше
да биде информатички центар на ПМФ никогаш
не се догради,
а
градилиштето се
распаѓа бидејќи
пред половина
деценија
централните
и
локалните власти
не можеле да се договорат за
наплатата на
комуналиитеНаместо
современ информатички центар што ќе ги задоволува потребите и за
настава и за научни истражувања, под Природно-математичкиот факултет во
близина на студентскиот дом „Стив Наумов“ со години стои
полураспаднатиот објект што ја имал несреќата да почне да се гради и
никогаш да не заврши. Да биде парадоксот уште поголем, градилиштето се
наоѓа до уличката Архимедова, посветена на човекот што имал огромен
придонес за науката воопшто. Но Архимед ја открил својата „еурека“, а
информатичката „еурека“ за студентите на ПМФ останува затрупана под
пропаднати и испукани бетонски плочи, ‘рѓосани железни шипки, диви
треви и расфрлан отпад на сите страни.
ДРЖАВНА ДИВОГРАДБА
Иницијативата
да се изгради еден ваков објект била на професорите Смиле Марковски,
Маријан Гушев и на Данило Глигоровски, кои предаваат на институтот по
информатика на ПМФ. Тие дошле до оваа идеја бидејќи постојано се
зголемувал бројот на студенти по информатика, а немало доволно услови
да се одржува наставата. Во 2000 година Владата донесе одлука да се
направи современ информатички центар со површина од осум илјади
квадратни метри, а изградбата почна во 2001 година.
-
Доставивме елаборат до Владата за да се направи центарот и тој беше
прифатен. Оттогаш се сменија неколку влади и ниту една не се ангажираше
да го догради. Целата работа се заглави во некои необјасниви релации и
останаа само ветувања. А сега се зголеми и квотата на студенти по
информатика, значи нашите проблеми наместо да се намалат, се зголемија
- вели професорот Смиле Марковски.
Откако се поставил
камен-темелникот, се направиле темелите и приземјето, се поставила
првата бетонска плоча, но почнале проблемите. Тогашните локални власти,
скопскиот градоначалник Ристо Пенов и неговиот колега од Гази Баба
Борче Стефановски не сакале да ја ослободат Владата од обврската да
плати комуналии, практика што денес редовно се применува за објектите
што ги гради државата. Тие барале да се исплатат планираните 750 илјади
евра за оваа намена, од кои 450 илјади требало да му припаднат на
градот, а 300 илјади на општината. Вредноста на целиот проект била
проценета на пет милиони евра.
По долгите расправии на
релација Влада-град-општина, локалните власти решиле веќе да не го
толерираат градењето без платени комуналии и во 2004 година пратиле
инспектори да ја запрат изградбата. Пенов тогаш објаснувал дека градот
не е во состојба да ја прости или да ја намали сумата што требало да се
плати и дека само ако биде извршена уплатата на градската сметка
објектот ќе може да се легализира. Градежните работи ги изведувала
фирмата „Евроинженеринг“, која не одговарала дали имала удел во
запирањето на изградбата.
УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА ДОИЗГРАДБА
Општинарите
од Гази Баба минатата недела изјавија само дека за изградбата на
информатичкиот центар постои маркичка во деталниот урбанистички план за
тој локалитет, но дека причината зошто објектот долго време не се гради
треба да се бара кај инвеститорот.
Од Министерството за
образование и наука објаснуваат дека иако овој проект бил почнат во
време на поранешни министри и Влади, сепак, ќе се обидат да ја обноват
иницијативата за изградбата на информатичкиот центар.
- Се
надеваме дека оваа година ќе ги решиме имотно-правните проблеми и
несогласувањата што настанале со фирмата-изведувач и дека ќе го
изградиме центарот - вели Никола Тодоров, министерот за образование и
наука.
Според неофицијални информации, еден од поголемите
проблеми за престанокот на изградбата на центарот биле и нерешени
прашања со денационализација, за што се водел и судски спор.
Лична карта
објект: Информатички центар како дел од ПМФ инвеститор: Министерство за образование и наука почеток на градба: 2001 година прекин на градба: 2004 година изграденост: темел и приземје проблем: неплатени комуналии и немање пари
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111101053302&id=14&prilog=0&setIzdanie=21881 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#25 Posted: 18-Jan-2010 at 12:24 |
„Панорама“ ја расипува панорамата на ВодноУпропастувањето
на еден од најпознатите скопски хотели почна во 2004 година, кога
турската компанија „Јуниверзал хоспитал груп“ го разурна за да прави
болница, но се повлече поради многубројните административни и
имотноправни проблеми
Елитни
станбени и резиденцијални комплекси во кои цената на еден квадратен
метар достигнува и до просечната македонска годишна плата сé повеќе се
градат во подножјето на Водно, на самата граница со парк-шумата.
Луксузот да се живее ем во природа ем речиси во центарот на градот
привлече многу инвеститори, кои го претворија тој простор во големо
градилиште. Се гради насекаде, освен на едно место, во стариот хотел
„Панорама“. Откако пропадна обидот на турската компанија „Јуниверзал
хоспитал груп“ да отвори модерна болница во објектот, тој половина
деценија остана полуразурнат, а нема ниту најави дека тоа наскоро ќе се
смени.
БОЛНА ПРИКАЗНА ЗА БОЛНИЦАТА
Упропастувањето
на еден од најубавите и најпознатите скопски хотели почна во 2004
година, кога Владата и го продаде земјиштето заедно со објектот на
турската компанија за да прави болница. Но уште во стартот биле
утврдени големи пропусти, бидејќи дел од дворното земјиште било
приватна сопственост, а на самата локација не било дозволено да се
изгради здравствен објект ниту со урбанистичките планови, туку само
хотелско-резиденцијален комплекс. Па така, турските инвеститори, кои
имаа план да вложат 35 милиони евра во овој проект и да вработат повеќе
од 800 граѓани, прво не можеа да си ја остварат замислата, бидејќи за
типот болница што сакале да ја направат им требале два влеза, еден за
итни случаи, а тоа било невозможно ако го немале целото земјиште.
Сомнителен им бил и потпорниот ѕид под хотелот, бидејќи до него имало
градежни работи.
Сепак, почнаа да работат. Изнесоа сé од
хотелот, го соголеа целосно, ја извадија и последната плочка од
ѕидовите и го оставија така. Најголемиот проблем беше што не можеа да
извадат градежна дозвола од општината Центар. Тогашната градоначалничка
Виолета Аларова не сакаше да издаде таков документ бидејќи тоа не било
во согласност со деталниот урбанистички план Тасино чешмиче 1, во чиј
опфат влегува објектот. Но не сакаше ниту да го смени планот бидејќи,
како што тврдеше, ниту во генералниот план, кој е законска основа за
изработката на деталните, за тој реон од градот не е предвидена
здравствена намена. На крајот се заврши со префрлање на вината меѓу
градот и општината за тоа кој треба да овозможи да се изгради
болницата. Владата им понуди да изградат елитна болница во населбата
Пролет, но Турците се спакуваа и рекоа дека имале понуда да го направат
овој проект во Албанија, а договорот за купопродажба на земјиштето беше
поништен.
НЕИЗВЕСНА ИДНИНА
Откако
турската компанија се откажа од планот да направи болница на Водно,
земјиштето го купил скопски бизнисмен, кој таму планирал да направи
туристичко-деловни објекти, кои ќе бидат високи колку што беше хотелот
„Панорама“, што би било во согласност со деталниот урбанистички план за
Тасино чешмиче 1, каде што влегува и локацијата за поранешниот хотел.
Од општината Центар кажаа дека веќе се сретнале со новиот сопственик,
кој им најавил дека на местото на „Панорама“ сака да изгради луксузен
хотел со пет ѕвезди. Во рамките на хотелот ќе се направат базен и
спа-центар, кој ќе можат да го користат посетителите и жителите на
комплексот.
Лична карта
објект: објект: хотел „Панорама“ инвеститор: „Јуниверзал хоспитал груп“ почеток на градба: подготвителни работи, односно уривање во 2004 година прекин на градба: веднаш по уривањето во 2004 година изграденост: полуразурната карабина проблем: неусогласеност меѓу урбанистичките планови
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101044404&id=14&prilog=0&setIzdanie=21887 |
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#26 Posted: 16-Apr-2010 at 13:07 |
Сите наши неуспешни проекти
Македонија досега требаше да има луксузен туристички центар во
Отешево, хотел „Шератон“, голф-терени во Скопје, луксузен
станбено-деловен центар на локацијата на фабриката „Алумина“ и низа
други градежни објекти, од кои некои пропаднаа, а некои се под знак
прашалник.
Луксузен туристички
комплекс во Отешево
Португалска
„Аквапура“ во јуни 2006 година најави дека во Отешево, во периодот од
2007 до 2011 година, ќе изгради луксузен хотел, скијачки и ловечки
центар, педесетина вили и други луксузни објекти, кои се очекува да
чинат и до 50 милиони евра. Меѓутоа, по извесен период актуелната
влада
најави дека ќе се испитува целата инвестиција, бидејќи имало
непочитување на законските процедури при склучување на договорот.
-
Договорот што го имаат потпишано од страна на „Аквапура“ има одредени
елементи што укажуваат дека не е во целост и во согласност со
процедурите што важеле во тој момент. Од друга страна, „Аквапура“ и
инвеститорите што стојат зад неа се сериозни инвеститори, компанијата
е
сериозна и ние не би сакале да се добие впечаток дека не сакаат да
инвестираат во Македонија - рече вицепремиерот Владимир Пешевски. |
Голф
терени крај Скопје
Долг период откако беше
најавувана инвестицијата за изградба на голф-терени кај Чојлија,
близу
Скопје, пропадна откако инвеститорот, англиската фирма „Екоспорт“,
најави дека си заминува од земјава и дека плановите ги сели во
Бугарија. Тогаш, Ѕвонко Цветковски, градоначалник на Петровец, за
пропаѓањето на овој проект го обвини Министерството за транспорт и
врски.
- Јавно се откажувам од проектот, немам сили веќе со
глава ѕид да рушам. Се гледа опструкцијата од Владата дека е насочена
против сите оние градоначалници што не се во владејачката партија.
Јас
се борам со Министерството - изјави тогаш Цветковски.
Министерството,
пак, вината за пропаѓањето на инвестицијата ја лоцира во локалните
власти. Инвестицијата на „Екоспорт“ беше на 80 хектари во местото
Чојлија близу Скопје да се изградат професионален голф-терен и хотел
„Шератон“.
|
Деловно-станбен
центар на местото на „Алумина“
Израелската
компанија „Газит глоб“ на местото на фабриката „Алумина“ во Скопје
требаше да гради луксузен станбено-трговски центар. Израелците во
2008
година на заедничка прес-конференција со министерот за странски
инвестиции Глигор Ташковиќ најавија дека со градежните работи
почнуваат
за три-четири месеци, а почетната инвестиција според нив требаше да
биде од 100 до 120 милиони евра. Израелците за „Алумина“ платија
околу
20 милиони евра. На оваа локација до денес нема никакви градежни
активности.
|
Хотел
„Шератон“ на местото на печатницата „Гоце Делчев“
Фирмата
„Настел“ пред повеќе од три години ја купи зградата на поранешната
печатница „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје и најави дека планира
изградба на хотел „Шератон“ на оваа локација. Меѓутоа, најпрво како
проблем во реализацијата на инвестицијата беше ДУП на Центар, кој на
оваа локација предвидувал изградба на катна гаража. Потоа се
испостави
дека зградата на печатницата била ставена под неколку хипотеки што ја
одложи купопродажбата сé до завршување на судските спорови поврзани
со
хипотеките.
- Побаравме објектот да биде расчистен од долгови и
од хипотеките, за да можеме да имаме валиден имотен лист. Планираме
да
правиме хотел на површина од 3.000 квадратни метри, деловен објект со
иста површина и катна гаража на 4.000 квадратни метри. Но додека не
го
добиеме решението од стечајниот совет, ништо не може со сигурност да
се
тврди - изјави тогаш Љупчо Попјорданов, управител на „Настел“. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=416101045338&id=9&prilog=0&setIzdanie=21960
Edited by La Linea - 16-Apr-2010 at 17:28
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#27 Posted: 06-May-2010 at 15:02 |
ne znaev kade pa postirav tuka
Барок на 21 век
ЃОКО РАДОВАНОВИЌ, дипл.инж.арх. и НИКОЛА СТРЕЗОВСКИ, апсолвент на арх. факултет
Барокот на нашето подрачје присутен во свеста на архитектите и инвеститорите, станува на почетокот на 21 век.
За да одговори на барањата на новата свест „Бирото на еволуција на нов
концепт“ чии учесници се Ѓоко Радовановиќ, Никола Стрезовски,
Caixiaoshan, Mace24DE, D_Monet, Duduman, изработија проект за центар на
градот надвор од градот како административен објект кој во себе може да
ги обедини сите барања за работен простор на постојните министерства и
институции кои сé уште не се вдомени.
Објектот е лоциран на површина
220х260 метри или вкупно 57200м2. Целиот комплекс располага со 84720м2
активен административен простор. Централната кула 35х35 метри, со
висина на слеме 192 метри, со можност за поставување на антена со што
би се зголемила висината на 226 метри, и така би станала највисоката
зграда на овој дел на Европа.
Поседува паркинг простор за 2200 возила
или 4400 м2, на 6 подземни нивоа. Проектирана е да ги задоволи сите
позитивни прописи и стандарди кои владеат кај нас и во исто време да ги
исполни во потполност сите желби на инвеститорот. Сложените форми, како
и динамичното спротивставување и интерпретацијата на просторни целини
избиваат во прв план како средство за интензивирање на чувството за
барок во нашето време.
|
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2033&Itemid=94
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#28 Posted: 21-Nov-2010 at 04:52 |
|
|
Zelenikovo
Senior Member
Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
|
Quote Reply
#29 Posted: 01-Oct-2018 at 00:30 |
вреди за во оваа нишка да се сеќаваме како не возат д'оговорено, иако вожњата се уште трае, ако знаеме дека старото во Лунапарк го турнаа а новото над Вардар не го кренаа
https://netpress.com.mk/vo-2019-skopje-kje-dobie-panoramsko-trkalo/
може да го беа зацртале ко панорамско врз ГТЦ та и да се стркалаше муабетов, но со преамбициозни политичари добро е што има Народ акал со време да каже НЕ
|
|
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
|
Quote Reply
#30 Posted: 16-Oct-2019 at 07:34 |
|
|
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
|
Quote Reply
#31 Posted: 06-Jan-2020 at 12:45 |
|
|
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
|
Quote Reply
#32 Posted: 17-May-2020 at 14:50 |
|
|
ironm
Senior Member
Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
|
Quote Reply
#33 Posted: 17-May-2020 at 16:12 |
|
|
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
|
Quote Reply
#34 Posted: 21-Dec-2020 at 15:14 |
|
|
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
|
Quote Reply
#35 Posted: 08-Jan-2021 at 17:43 |
|
|
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
|
Quote Reply
#36 Posted: 30-Jan-2021 at 17:42 |
|
|
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
|
Quote Reply
#37 Posted: 30-Jan-2021 at 17:47 |
|
|
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
|
Quote Reply
#38 Posted: 21-Feb-2021 at 13:25 |
Локација Скопје
Површина 40000 m2
Година2015
Статус Проект 4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА
http://www.prostor.mk/
|
|