build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Плаза - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 25-Apr-2019 at 12:30
Завршиле со ископ,сеуште се испумпуваат подземни води,еве една денешна

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 18-May-2019 at 12:22
Веќе се поставува арматура за столбовите,се работи секојдневно дури до касно навечер накај 22h работат.





https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/moratoriumot-za-gradba-ne-vazhi-za-beko-gradonachalnikot-na-tsentar-veli-deka-ne-se-gradi-ama-izlegla-voda-pa-se-sanira/?fbclid=IwAR29XKxhnvGKzcS9frcCtYxJQKcEB-d_5mUAZwe3abo1Optc9lxJUHSnvPo
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 04-Jun-2019 at 13:39
Од фб





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Jun-2019 at 07:38
И ова ли се гради без дозвола...?

--------------------------------------------------------------------------------

СРЕДЕ МОРАТОРИУМ „БЕКО“ ДОБИ ВТОРА ПЛОЧА, БОГДАНОВИЌ ВЕЛИ – ЌЕ ГО РУШАМ

Зградата на поранешно „Беко“ и понатаму се гради иако во општина Центар на сила е мораториумот за градба. Сега објектот доби и втора плоча, а работници секој ден на големо работат на изградба иако немаат дозвола од Општината.

На 16 мај САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека се поплочува градилиштето и се поставува арматура за носечките столбови на објектот. Тогаш градоначалникот Саша Богдановиќ ни изјави дека инвеститорот не гради туку при уривањето и копањето на дупката се појавило вода па вршат заштита.

Сега, три недели после оваа изјава на Богдановиќ на терен се гради постојано секој ден. Поставена е втора плоча односно изведени се подрумските простории на објектот, но Општината нема намера да ја стопира градбата иако постојано вели дека мораториумот важи и за овој објект и дека не издале дозвола за градба.

Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека му издале на инвеститорот решение за престанок на градежни активности и тој не смее да гради.

„Инвеститорот треба според решението да ја отстрани градбата. Доколку тоа не го стори тоа ќе го стори Општината односно ние ќе уриваме“, вели Богдановиќ.

Зградата на поранешно „Беко“ почна да се урива лани во март. Инвеститорот тврдеше дека била нарушена статиката и затоа мора да се урне. Колкава ќе биде висината на објектот од Општината велат дека ќе се знае кога ќе се заврши изработката на новиот детален урбанистички план, но постојано уверуваат дека нема да добие поголема висина од претходната.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/srede-moratorium-beko-dobi-vtora-plocha-bogdanovik-veli-ke-go-rusham/?fbclid=IwAR0pzv4EEEo1ZnuzrnE23YKHdiq3H5Zf9NZSQuTXE27B_irshEiP52eiXqA
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 20-Jun-2019 at 12:33
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО ЗАТВОРИ ГРАДИЛИШТЕТО НА „БЕКО“

Општина Центар го затвори градилиштето на зградата на поранешно „Беко“. Општината донесе решение за затворање на градилиштето и околу него постави ленти и знак ‘затворено од градежна инспекција‘.

„Ние на инвеститорот пред три недели му издадовме решение за престанок со градба. Но, и покрај таквото решение во градилиштето постојано имаше работници. Со ова решение за забранува влез на објектот. Доколку биде прекршена оваа забрана инвеститорот и изведувачот ангажиран од него ќе добијат кривична пријава“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Зградата на поранешно „Беко“ иако нема дозвола од Општината досега се градеше. Откако беше урнат стариот објект бидејќи според инвеститорот била нарушена статиката, почна да се копа јама и да се ставаат носечки столбови во неа. Од Општина Центар тогаш за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека на терен не се гради туку се заштитува просторот од подземни води. Но, пред еден месец објектот доби и втора плоча, по што конечно Општината донесе решение за затворање на градилиштето.

Модната куќа „Беко“ е изградена 1972 година. Во 1998 ја преземаа Тајванците, а потоа беше продадена на локален бизнисмен.

Авторката на проектот на старата стоковна куќа „Беко“ 90-годишната архитектка Мимоза Несторова-Томиќ, една од најреномираните автори и урбанисти во Македонија, во април за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека воопшто не се издржани објаснувањата на инвеститорот дека имале проблеми со статиката, па затоа морале да го урнат објектот.

„Ја урнаа со изговор дека имало проблем со конструкција, тотално не се во право, оти 4 месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи.“, реагира Несторова-Томиќ.

Колкава висина ќе добие инвеститорот на објектот ќе се знае откако ќе биде изработен новиот Детален урбанистички план за овој дел.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-go-zatvori-gradilishteto-na-beko/?fbclid=IwAR3RoLVCiveRgzTePkQAeU5xbuqZDq17PDvyZlC1v06NUu7aIkx_c_5m6s4
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 07-Feb-2020 at 18:10
Градилиштето зјае отворено и е потенцијална опасност за минувачите





Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ одговори дека се запознаени со состојбата и дека градежната инспекција ќе ги преземе потребните мерки за да се огради градилиштето

Дел од тарабите со кое е оградено градилиштето кај поранешна ТЦЦ „Плаза“ или познaто како „Беко“ се урнати, најверојатно од невремето што го зафати главниот град во вторникот вечерта. Како што се гледа од фотографиите што ги направи фоторепортерот на весникот „Вечер“, Ѕвонко Плавевски, отвореното градилиште претставува опасност за случајните минувачи да настрадаат поради пад од височина од пет метри.

Од Општината Центар вчера ни одговорија дека се запознаени со тоа.

– Пријавено е до градежната инспекција и таа ќе ги преземе потребните мерки и градилиштето повторно ќе биде оградено – изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Според измените на ДУП „Мал ринг“ направени во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, овде требаше да никне станбено-деловен објект со приземје, мезанин и пет ката.

Работите на градилиштето беа запрени на 20 јуни, минатата година. Градежната инспекција го затвори градилиштето, бидејќи објектот, кој е деловен простор, беше без одобрение за градба.

Тогаш градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ објасни дека инвеститорот добил дозвола од претходното раководство за доградба и надградба. На инвеститорот прво му било издадено одобрение за уривање, бидејќи во текот на надградбата му било речено дека темелите на објектот нема тоа да го издржат. Откако завршило уривањето, инвеститорот бил задолжен да направи безбедносна јама. Откако се направи и таа, се утврди дека се изведуваат активности спротивно на она што му е дозволено, бидејќи тој почна да прави носечки столбови, еден вид надградба.

– Заради тоа и беше донесено решение да се стопираат активностите, но тие продолжуваа и понатаму. Бевме присилени да го затворивме градилиштето, а поднесовме и пријава до полицијата и таа излезе на лице место – изјави тогаш Богдановиќ.

На градилиштето не се одвиваат градежни активности. Деталниот урбанистички план е на ревизија, поради што е прогласен мораториум за градба.

Колкава висина ќе добие инвеститорот на објектот ќе се знае откако ќе биде изработен новиот Детален урбанистички план за овој дел.

(А.П.)

https://www.vecer.press/градилиштето-зјае-отворено-и-е-потенц/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-Mar-2020 at 14:48
Падната ограда, необезбедено градилиште (ФОТО)



Во центарот на Скопје, градилиштето на плацот на поранешно БЕКО остана без дел од оградата. И така е веќе неколку дена. Нема реакција на инвеститорот, молчи инспекцијата, а и градежната компанија нема проблем и вака да ја изведува нарачката. Пешаците, немајќи каде од сите градби и огради во околината минуваат токму тука. А не е безбедно ни за возилата. Ама...

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/padnata-ograda-neobezbedeno-gradilishte-foto
-------------------------------------------
ФОТОВЕСТ: Силниот ветер го отвори градилиштето кај „Беко“



Силниот ветер кој минатата недела дуваше со над 70 километри на час и направи штети на објекти низ градот, ги турна на земја поголемиот дел од таблите со кои е оградено градилиштето кај поранешна ТЦЦ „Плаца“ или познато како „Беко“.

Како што се гледа од фотографиите што ги направи фоторепортерот на весникот „Вечер“, Ѕвонко Плавевски, отвореното градилиште претставува опасност за случајните минувачи да настрадаат поради пад од височина од пет метри.

На градилиштето не се одвиваат градежни активности. Деталниот урбанистички план е на ревизија, поради што е прогласен мораториум за градба.

Според измените на ДУП „Мал ринг“ направени во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, овде требаше да никне станбено-деловен објект со приземје, мезанин и пет ката. Работите на градилиштето беа запрени на 20 јуни, минатата година. Градежната инспекција го затвори градилиштето, бидејќи објектот, кој е деловен простор, беше без одобрение за градба.

https://www.vecer.press/фотовест-силниот-ветер-го-отвори-град/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 09-May-2020 at 10:51
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПО ВТОР ПАТ ГО ЗАТВОРИ ГРАДИЛИШТЕТО НА „БЕКО“, ИНВЕСТИТОРОТ ПАК ПОЧНА ДА ГРАДИ БЕЗ ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА



Општина Центар по втор пат донесе решение за затворање на градилиштето на зградата на поранешно „Беко“. Исто решение за престанок со градба и враќање во првобитна состојба беше издадено од Општината и лани во јуни бидејќи инвеститорот без градежна дозвола градеше и на објектот беше поставена плоча.

Цела недела на градилиштето се носеа градежни материјали за продолжување на градбата. Работниците ни рекоа дека продолжуваат да градат и до крајот на годинава објектот ќе биде готов.

Од Општина Центар велат дека инвеститорот не смее да гради бидејќи на сила е мораториумот односно додека не се донесе новиот план за овој дел, не може да му се издаде градежна дозвола.

„Колкава висина ќе добие инвеститорот на објектот ќе се знае откако ќе биде изработен новиот Детален урбанистички план за овој дел. Не смеат да градат бидејќи од минатото раководство добиле дозвола само за надградба. Но, тие го урнале цел објект и сега градат од почеток. За тоа е потребно да се даде нова градежна дозвола врз основа на приложениот проект за градба“, велат од Општина Центар.

Стоковната куќа „Беко“ е изградена 1972 година. Во 1998 ја преземаа Тајванците, а потоа беше продадена на локален бизнисмен.

Авторката на проектот на старата стоковна куќа „Беко“ 90-годишната архитектка Мимоза Несторова-Томиќ, една од најреномираните автори и урбанисти во Македонија, лани во април за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека воопшто не се издржани објаснувањата на инвеститорот дека имале проблеми со статиката, па затоа морале да го урнат објектот.

„Ја урнаа со изговор дека имало проблем со конструкција, тотално не се во право, оти 4 месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи.“, рече Несторова-Томиќ.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-po-vtor-pat-go-zatvori-gradilishteto-na-beko-investitorot-pak-pochna-da-gradat-bez-gradezhna-dozvola/

Edited by stef4o - 09-May-2020 at 10:52
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 09-May-2020 at 18:28
Страшно е ова непочитување на институции, решенија, закони и немање страв од никого што се случува во нашава држава. Истите проблеми со дивоградби во Скопје, во Охрид, во Струга, ете на друга тема читаме во Тетово. Горе-долу сите градови го имаат истиот проблем само за некои читаме повеќе, за некои помалку.

Ред се чини никогаш нема да успееме да постигнеме, но како би го пронашле балансот помеѓу ред и хаос за 15 години отсега? Понекогаш мислам дека е среќна околност тоа што некако успеваме да опстанеме како држава.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-May-2020 at 22:21
За жал со државава управуваат ќецароши (во материјална смисла) и бандити, од најгорен до најдолен ешалон. Истите произлегуваат од народот, а се поткрепени од администрацијата кои се исти како нив. Заедно со новопечените богаташи, како социјална категорија која не е дефинирана само по парите во апсолутна смисла, и криминалците се како масивно сидро врзано за Македонија. Кога и да се појави добар проект или политичар или се направи нешто добро во државава, тие настапуваат на сцена намалувајќи ги бенефитите - добар и актуелен пример се трудот на здравствените работници и добрите антипандемиски мерки наспроти нивното спроведување, почнувајќи од поп Оџаливер, па сѐ до граѓаните (за кои, сепак мора да се каже, воглавно се одговорни).

Најдобар политичар во државава ќе биде оној кој темелно ќе ја реформира јавната администрација; со силен, чесен и професионален јавен сектор, ослободен од партиски книшки, и да се појави некој ужасен политичар или инвеститор државата нема да пати. Втор најдобар политичар во државава ќе биде оној кој ќе го прераспредели богатството и ќе се справи со криминалната транзиција, а тоа ќе биде кога ќе тргне супер-брзиот воз по пругата кон Бугарија. И покрај капитализмот и нееднаквоста, не е исто ако 80% од богатството е кај 10% од луѓето, кои се збогатиле со инвентивност, развој и добро испланирани бизниси и потоа парите ги вложуваат во уште поголем напредок, личнен и општествен, и ако тие 10% се криминалци, олигарси и транзициски профитери кои ги бива само за мучки и крадење. Очигледни се ефектите и врз урбанизмот и архитектурата.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 10-May-2020 at 09:09
Тука сметам дека мораториумот кој веќе долго време владее над делови од општината го навлече бесот на инвеститорите не само за овој објект туку општо за голем број други локации. Многу од проектите веќе 2-3 години чекаат за реализација.Според мене мораториумот не даде некој голем ефект само направи една шминка на маркиците и дел ги скрати за по 1 кат некои дури и ги зголеми во висина. Инаку секако дека не треба и не смее да се гради без дозвола ама не би било лошо тоа да важи за цела држава а не само среде центар на град.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 10-May-2020 at 18:11
Од колумната „Застрашувачка неодговорност“ на Теодосиевски. Конкретно се осврнува на ковидиотската будалаштина во Струхан, но важи и за сите сегменти на ффиромското општество, а може да се повзе и со веста погоре:

(...)

Но не се застрашувачки само снимките од таа и таква „религиозна“ процесија, чувството на запрепастеност, дури гнев заради таквата лековерност во вакво време, туку уште позастрашувачка е неодговорноста на Македонската православна црква како институција – а следствено и на комплетниот Синод, со сите владици, до еден, на верниците учесници во поворката, на полицијата што божем го обезбедува настанот, на градските власти, на државните власти… Една комплетна застрашувачка неодговорност од сите фактори – религиозни, локални и државни! И во тој ланец на неодговорност не можете туку-така да именувате кој е поодговорен, и зошто, зашто во тој ланец секоја од важните алки можела да го прекине случувањето, веднаш и неотповикливо. Тоа можел да го направи првиот човек на Македонската православна црква кога видел – а видел, или му пренеле – што и како се случува на улиците на Струга. Можел тоа да го направи и владиката Тимотеј како, претпоставувам, директно одговорен владика за тамошните случувања и човек кој ја предводел процесијата.

(...)

Оттука, како што вели цитираниот митрополит, ние треба „да застанеме смирено, да стоиме со страв“ ама не само „во начелното Божествено Предание“ туку и во знак на почит на оние кои деноноќно водат битка со пандемијата, почит и кон сограѓаните, без оглед дали се верници или не. Такво нешто не видовме ни за Велигден, ниту во Струга! Напротив, видовме дрскост и безобразие, отворено непочитување на кризните мерки, загрозување на општата безбедност, застрашувачка неодговорност недостојна за една верска заедница!


Edited by Staro Skopje - 10-May-2020 at 18:15
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 21-Jul-2020 at 20:52
Ако не грешам и хотелов спаѓа под Мал Ринг,неможам да видам колкава катност му дозволија,ќе има ли потреба од менување на проектот или ќе се продолжи по старо.?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 21-Jul-2020 at 23:24
П+7 H=28
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 22-Jul-2020 at 08:58
Значи секаде каде заврши мораториумот наместо кратење се добива плус катност и маркици типичен пример е Ново Маало а еве и тука хотелов требаше да биде прво П+6 сега е П+7 а збореа дека немало да дозволат многу да се оди во висина. Така да џабе е целиот процес кога нема некое подобрување во поглед на планирање на просторот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 25-Jul-2020 at 14:07
Полиција во центарот на Скопје ги избрка градежните работници, екс министер за финансии се скара со полицајците, тврди дека има документи и дека му бараат мито од 1 милион евра



https://tv21.tv/mk/izbrkani-gradezhni-rabotnitsi-od-tsentar-sopstvenikot-tvrdi-deka-hotelot-ne-e-divogradba-i-obvini-za-barane-mito-od-1-milion-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 25-Jul-2020 at 14:11
Денеска овластен градежен инспектор на Општина Центар, заедно со раководителот на Сектор за инспекциски работи во присуство на овластени лица од ПС Центар, согласно член 136 од Законот за градење, излегоа на терен и констатираа дека инвеститорот ДРУШТВО ЗА ЕКОНОМСКИ КОНСАЛТИНГ – ЕКОНОМСКО БИРО ДОО Скопје не го почитува Решението од 26.02.2020 година за отстранување на градбата – Деловен простор – објект од втора категорија со димензии 61,00 м x 34,50 м, кој се гради од армиранобетонска конструкција на улица Даме Груев бр.35А и службениот знак за затворање на градилиштето.
Инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата. Во определените три дена инвеститорот не ја остранил градбата и затоа, на 28.04.2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќе се стори по административен пат на сметка на инвеститорот.
На 08.05.2020 година со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Општина Центар го затвора градилиштето кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. Овој заклучок е поради фактот дека инвеститорот и покрај претходно донесените заклучок и решенија продолжил со градба на објектот. И покрај се инвеститорот, самоволно, ја отстранил лентата за заградување на објектот и служебниот знак со кој е затворено градилиштето и продолжил со градба.
Инвеститорот и покрај тоа што е донесено решение и заклучок за уривање, и затворање на градилиштето по член 136 од Законот за градење, на насилен начин го отстранил знакот за затворање на градилиштето. Поради тоа во присуство на полиција денеска од градилиштето се отстранети затекнатите работници и согласно Закон, против инвеститорот ќе се поведе постапка пред надлежните органи.









https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 25-Jul-2020 at 14:17
ИНЦИДЕНТ НА ГРАДИЛИШТЕТО НА „БЕКО“, ИНВЕСТИТОРОТ СТОЈМЕНОВ СЕ КАРАШЕ СО ИНСПЕКТОРИТЕ ОТИ ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА



Инспектори заедно со полиција утрово интервенираа на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, за да ја стопираат градбата на објектот. Веќе неколку недели, работници за време на викендите изведуваат градежни работи за хотелот иако инвеститорот Борис Стојменов нема дозвола за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот. Откако полицијата ги запре градежните работи, на градилиштето дојде Стојменов кој се караше со инспекторите, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ваквите обвинувања на Стојменов се целосно навистинити.

„Веќе неколку пати му е издадено решение за стопирање на градежните работи, но и покрај тоа се гради. Повикувам Обвинителството да излезе на терен и да поведе постапка. Додека не се донесе новиот план Мал ринг не смее да се гради”, вели Богдановиќ.

Граѓани кои пријавуваат во медиумите и во инспекцијата, како и околните жители, велат дека инвеститорот не ја почитува забраната за градба и во градилиштето се изведуваат градежни работи за викенд кога нема инспекција.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна пред две години, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба на објектот. Но при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај лани почна со градежни работи, беше поставена дури и втора плоча, а беа поставени и арматури за носечките столбови. По пишувањата на САКАМДАКАЖАМ.МК, Општина Центар во јуни 2019 му достави решение за стопирање на градбата.

Градоначалникот Богдановиќ вели дека градежна дозвола ќе добие откако ќе се донесе новиот план за Мал ринг, но инвеститорот не попушта и си гради велејќи дека има дозвола од Жерновски дадена пред мораториумот. За планот Мал ринг во тек е јавната анкета, а во средата имаше јавна презентација.

Колкава ќе биде висината на објектот од Општината велат дека ќе се знае кога ќе се заврши изработката на новиот детален урбанистички план, но постојано уверуваат дека нема да добие поголема висина од претходната.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/intsident-na-gradilishteto-na-beko-investitorot-stojmenov-se-karashe-so-inspektorite-oti-gradi-bez-dozvola/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 25-Jul-2020 at 16:10
Лажна загриженост кобајаги за дивоградбите. Заради немоќта институциите да се справат во дивоградбата во Маквровка сега ќе се обидат да си исперат рацете преку овој објект. Губите гласови, џабе ви е обидов, дури е контрапродуктивен!
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Jul-2020 at 16:40
оДстрани бе

Остана ли некој писмен во државава
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.352 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.