build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 243>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Авиокомпании и линии
    Posted: 04-Oct-2007 at 11:29

НА 13-ОТ WORLD'S ROUTES DEVELOPMENT FORUM КОЈ СЕ ОДРЖА ВО СТОКХОЛМ...
28 Септември 2007 година

На 13-от World's ROUTES development forum кој се одржа во Стокхолм од 22-26.09.2007 зема учество и ЈПАУ со еден делегат. На форумот беа остварени средби со авиопревозниците за воспоставување на нови линии од/кон Скопје : Aeroflot (Moscow), Brussels Airlines (Brussels), Club Air (Verona), Easy Jet (London), Fly Nordic (Gothenburg), SAS (Copenhagen).

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Nov-2007 at 20:20

незнам дали е паметно да направиме нова нишка за авиосообраќај а оваа да биде само за инфраструктура.... м?

но за сега.... сепак нешто се движи

 

Пониски цени за авио-превозот

03.11.2007

Евтините авио-летови полека доаѓаат и во Македонија. Германската авиокомпанија „Џерман-вингс“ отвори нова авиолинија. Од Келн до аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе лета секоја сабота, цените пониски од вообичаените за македонските патници.

„Среќен сум што првиот лет е целосно резервиран, сите 144 места беа пополнети. Задоволни сме од работата на компанијата и од соработката со скопскиот аеродром „Александар Велики“. Опслужуваме 67 аеродроми, на располагање имаме 27 авиони. Почнувајќи од денеска во наредниот период секоја сабота ќе летаме на релација Скопје-Келн-Скопје, имаме само економска класа. Доколку резервирате билет месец и пол претходно, тоа ќе ве чини 19 евра, два часа пред полетување цената на билетот е 250 евра. Нашата компанија годинава ќе ја заокружи со превезени преку 8 милиони патници“, изјави Герд Донау, менаџер во „Џерман-вингс“.

 
Извор: А1
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Dec-2007 at 23:17
Cheers

НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СКОПЈЕ


Club air секоја недела лета на "Александар Велики"


Почнувајќи со вчерашниот лет, италијанската авиокомпанија "Club air" секоја недела ќе сообраќа до Скопскиот аеродром. Според најавите од оваа авиокомпанија, летовите до аеродромот "Александар Велики" ќе ги врши со авионите од типот "авролинер 85" (со 98 места за седење) и со "авролинер 70" (82 места).

Секое неделно утро авионот на "Club air" ќе тргнува во 7,30 часот од италијанскиот град Верона. Попатна станица ќе му биде аеродромот во Анкона, по што ќе пристига во Скопје во 10,40 часот. На летот за назад од "Александар Велики", авионот ќе тргнува во 11.40 часот.
Цената на билетите почнува од 130 евра за во еден правец со вклучени аеродромски такси.

По "Club air", уште една нова авиокомпанија го избра Скопскиот аеродром за своја дестинација. Почнувајќи од 14 овој месец, бугарскиот авиопревозник "Bulgaria air" ќе лета три пати неделно од Софија до Скопје.

(С. Бл.)


Извор: Вечер
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Dec-2007 at 17:14
Од тоа што го читам, „Александар Велики“ прави некои солидни чекори кон подобрување на авио-услугите. Се поставија директни летови со Париз и уште некои големи градови, поефтинија билетите. + некои нискубуџетни авиокомпании почнуваат срамежливо да се приклучуваат како таа германската и сега оваа „Club air“. Како и да е, ова се добри вести. Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-Dec-2007 at 21:06
Не сум баш сигурен ова каде да го сместам...

Воведена е редовна авионска линија Скопје-Софија

14.12.2007 19:30

Воведена е редовна авионска линија на релација Скопје-Софија. Бугарската авиокомпанија „Бугарија ер“ од 1 јануари три пати неделно ќе сообраќа на оваа релација.

Цената на билетот во еден правец ќе чини 39 евра. Новата линија ќе овозможи и воздушно поврзување на граѓаните од Македонија со одредени европски градови по цена од 99 евра, без аеродромски такси.

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска беше одржан промотивниот лет.



Cheers


Edited by gotsomekicks - 14-Dec-2007 at 21:06
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Jan-2008 at 16:03
А еве информации за работата на МАТ изминатата година како и за нивните планови за 2008. Повторно солиден раст но далеку зад регионалните играчи. Ради споредба

Croatia Airlines 1.7 милиони
ЈАТ 1.35
Adria 1.14
Montenegro 0.45

МАТ: Се уште зависиме од иселениците

Авиокомпанијата МАТ изминатава година ја оцени како успешна за своето работење. Зголемувањето на бројот на патниците за 37 отсто, или вкупно 223.869 патици во 2007 година, како и порастот од 38 отсто на бројот на летови на оваа авиокомпанија, со два авиони како и во 2006 година, од МАТ го оценуваат како солидно. Сепак, од авиокомпанијата велат дека најголемиот број клиенти се уште се иселениците, а ваквата состојба ја препишуваат на економската состојба и потешкотиите при издавање виза на македонските граѓани.

“Во 2007 година, 34 отсто од летовите на скопскиот аеродром ги реализираше нашата компанија, а тој процент во 2006 изнесуваше 28 отсто. Ова дефинитивно беше година на раст на МАТ. Но мора да признаеме дека се уште зависиме од иселениците“, рече Никола Кумерле, комерцијален директор на МАТ.

Од авиокомпанијата за 2008 година најавуваат воведување на летови за северна Италија, јужна Германија и Копенхаген. Во однос на авиолинијата за Брисел, од МАТ потенцираат статус кво.

“Нашиот предлог за оваа линија стигна до Владата, но се потврдува дека нејзиното воведување се уште економски не е исплатливо. Преговорите за членство во Европската унија би го зголемиле интересот на граѓаните за оваа дестинација, а засега најави за таа линија нема. Впрочем ние сме први на удар кога е во прашање нафтата. Во 2007 година 40 отсто од трошоците ни беа само за гориво“, појасни Кумерле.

МАТ излезе и со најава за зголемување на својата флота со купување на трет авион од Англија марка “боинг 373-500“ со 126 седишта, но деталите ќе ки коментираат за десет дена по финалните преговори.

Од авиокомпанијата размислуваат и за воведување на свој патен транспорт до скопскиот аеродром, како и копнен превоз од Косово до аеродромот “Александар Велики“.

“Во преговори сме за соработка со една фирма со мини-комбиња за воведување превоз на патниците на линија на сообраќање од населбата Ѓорче Петров, преку Центар и Ново Лисиче до скопскиот аеродром, што би требало да се реализира од 1-ви април“, рече Кумерко.


Извор: Нетпрес
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Jan-2008 at 16:56


Thumbs%20Up


Инаку добро што се оди на зајакнување на флотата... Тоа е најдобар индикатор Yes

Не сум сигурен што имаат моментално, мислам 1x737 и 2xCRJ (ако не се подновиле у меѓувреме)...



Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Jan-2008 at 22:38
МАТ го зголемил учеството во авиопазарот во земјава

Македонскиот национален авиопревозник МАТ го зголемил учеството во авиопазарот во земјава. Според податоците кои ги презентираше авиокомпанијата, лани работата на МАТ со летови и превоз на патници е зголемена за 34 проценти или повеќе за 8 проценти во однос на 2006-та. Од компанијата ова го објаснуваат со редовните линии кон европските метрополи и отворањето на нови авиолинии.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28057&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Mar-2008 at 04:50
Пак жална вест за авијацијата... нон стоп имаат проблеми со контролорите - и партизација на аеродромските власти!!! Ова ме нервира !

Контролори на летање се жалат за отпуштањето од работа

Група од 15 контролори на летање, ангажирани со договор на дело во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба во 2004 година, се отпуштени во септември минатата година, но дури вчера отворено реагираа на одлуката на раководството кое не им ги продолжи договорите. Контролорите, кои се без работа седум месеци, тврдат дека се исфрлени на улица од актуелното раководство без никакво професионално оправдување, иако државата за нивната обука во Прага потрошила околу 4 милиони евра. Контролорите чии договори за дело не биле продолжени во септември 2007 година, на вчерашната прес-конференција изјавија дека не разбираат зошто Агенцијата за цивилно воздухопловство не сака да искористи веќе професионално квалификуван кадар.

„Ние не веруваме дека сета оваа работа има политичка заднина. Но, и да сме припадници на некоја од политичките партии, сметаме дека овој вид работа нема никаква врска со политиката“, велат петнаесетте контролори кои се Албанци по националност и чии договори се склучени за време на претходното раководство на некогашната Управа за цивилна воздушна пловидба. Од Агенцијата за цивилна воздушна пловидба велат дека реакцијата на некогашните контролори на летање е политички мотивирана. (В.Г.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=83D71422B94BD44BB13C79C16F777B55

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Apr-2008 at 06:32

Interesno...... samo vikaat 2 jambo jeta a na WIKI pise da imaat samo eden a300  Dunno

 
 

ПРЕГОВОРИ


Турски Орекс го сака карго превозот


Аеродромските власти сериозно преговараат со турската карго компанија Орекс за вршење превоз на стоки од блискиот и средниот исток за потребите на овој дел од Европа. Според директорот на ЈПАУ Македонија, Зоран Крстевски станува збор за сериозна карго компанија која има намера скопскиот аеродром Александар Велики да го направи регионален центар.

- Од Орекс најавија дека имаат намера карго превозот да го вршат со два "џамбо џета 747". Со влезот на Орекс ќе се зголеми протокот на стоки на скопскиот аеродром - вели Крстевски.

Минатата година имаше неуспешен обид за влез на бугарскиот карго превозник Вега кој покрај скопскиот, бараше да превезува стоки и кон охридскиот аеродром.

Аеродромот Александар Велики има големи потенцијали за постанување на регионален карго центар што би ги покривал Косово, Црна Гора, Албанија и северна Грција. Во земјава не постои домашна карго компанија. Пред 13 години овој превоз го вршеше словенечката Адрија Ервејз и македонската Авиоимпекс.

(С. Бл.)

 

Vecer

 
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Apr-2008 at 21:35
Добри вести од областа на авио-индустријата

А еве што пишува за тој Боинг
‘Turkish air cargo carrier Orbit Express Airlines (Orex) is set to add a pair of Boeing 747-200
freighters to its existing fleet…the Turkish airline, formed last year…plans to deploy the
aircraft on services to China’ – Kani Kurtulus, General Manager, Orex

http://www.kpmg.ca/en/industries/cib/transportation/documents/airCargoSnapshot.pdf

Значи имаат во план да се купи
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Apr-2008 at 23:11
A ok, dobri vesti vo sekoj slucaj se nadevam ke bide rabotava....kargo prevozot vo posledno vreme mnogu pobrzo raste odkolku patnickiot.... 
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Apr-2008 at 06:01
Со менувањето на терминалот се прашувам што ќе значи за ниско-буџетните Low Cost Carrier компаниите ?? Ние и вака ги немаме, а што кога ќе добиеме нова аеродромска зграда и зголемени давачки за авионите? ? 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Apr-2008 at 11:49
Originally posted by ProMKD

Со менувањето на терминалот се прашувам што ќе значи за ниско-буџетните Low Cost Carrier компаниите ?? Ние и вака ги немаме, а што кога ќе добиеме нова аеродромска зграда и зголемени давачки за авионите? ? 
 
Како што викаш тие не дојдоа со аеродром идеален за нивниот modus operandi (крш и евтин Big%20smile  ) Како потенционални концесионери се спомнаа операторите на виенски, париски аеродром.....шознам ваљда напраиле некакви анализи....крај-крајишта ако не им идат доволно компании откако ќе го напраат шо избор имаат освен да ги намалат цените Dunno


Edited by vardar - 10-Apr-2008 at 11:58
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Apr-2008 at 12:02
Eve navodno pregovarale so wizz air Cheers
 
 

КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНОВНИКОТ ЗА АЕРОДРОМСКИТЕ УСЛУГИ


Попуст за авиокомпании со два дневни лета


Поевтинувањето на цените за опслужување на двата аеродроми го зголемија бројот на превезени патници


Ќе се корегира ценовникот за услугите на двата домашни аеродроми. Аеродромските власти имаат намера да овозможат поголеми попусти за оние авиокомпании што ќе воведат втор дневен лет кон Скопскиот аеродром. Со летниот ред на летање што стартуваше од 30 март, втор дневен лет воспоставија Адрија Ервејз и Малев.

- Некои компании бараат да летаат во утринските часови кога има ограничена услуга и капацитет. Поголеми поволности ќе им дадеме на оние превозници што ќе прифатат да летаат во термините по 8 или 9 часот. Со ваквите стимулации сакаме авиокомпаниите да го зголемат обемот на сообраќај од Скопскиот и Охридскиот аеродром - појаснува Крстевски.

Доколку Владата го одобри ценовникот, тоа ќе биде трета корекција што ќе се направи за една година. Во средината на април 2007 година, аеродромските услуги на Скопскиот аеродром беа намалени до 17 проценти, а на Охридскиот до 27 отсто. Еден месец подоцна власта го корегира надоместокот што странските авиокомпании го плаќаат за лендинг, АТЦ-услуги и за осветление на аеродромот Александар Велики, а за истите услуги на охридскиот се ослободени од плаќање.
Ефектите од поевтинување на цените за опслужување на двата аеродроми се видливи. Забележливо е зголемување на авиосообраќајот и на бројот на превезени патници.

- Ако во првите три месеци од годинава сообраќајот во ЕУ просечно пораснал за четири проценти, на Скопскиот аеродром е над 10 отсто, а само минатиот месец - 17,5 проценти. Ова е поради тоа што се појавија нискобуџетски компании, како бугарската Булгар Ер која од Софија лета кон Македонија три пати неделно и има има врзан лет до Тирана преку Скопје. Нејзините авиобилети се многу евтини и за 100 евра може да се стигне до било која атрактивна европска дестинација - вели Крстевски.

Се преговара и со познатата нискобуџетска унгарска компанија Виз Ер со која се дефинирани условите за летање кон Охридскиот аеродром. Има најави за повеќе чартер летови за во летниот период.

Виена топ дестинација
Во периодот јануари-март годинава на Александар Велики биле обавени 2.869 летови и се превезени 129.087 патници. МАТ учествува со 24 проценти во вкупниот број комерцијални операции, а во бројот на патници со 32,8 отсто.

Со 15,8 проценти од вкупниот број на патници, Виена се зацврсти како топ дестинација, пред Цирих каде има намалување од 12,4 отсто во однос на лани. Намалување има и кај германските дестинации Дизелдорф и Хамбург/Берлин кое донекаде го надополнува новата дестинација Келн. Најголем пораст има кај Љубљана, Загреб, Будимпешта, Истанбул и Рим кои како трасфер дестинации ги презедоа патниците на Алиталија која престана да лета кон Македонија. Гледано по превозници, најголем пораст на бројот на патници во однос на лани има кај Адрија Ервејз - 85 проценти и кај Кроација Ерлајнс (43,3 отсто), а намалување има само Хелветик Ервејз.

 
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Apr-2008 at 23:23
Ме радува - зголемувањето бројот на патници и општата ситуација иде на добро, само сепак ни фалат поевтини компании и укинувањето на визите. Тек тогаш без визи има да имаме БУМ само нека се спреми Александар Велики! 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Apr-2008 at 23:30

СКОПСКИ АЕРОДРОМ


Реновирани простории на карго центар


Реновирани се службените простории на карго центарот на аеродромот Александар Велики со што се создадени подобри услови за граѓаните кои доаѓаат да ги подигнат своите пратки.
- Компјутерски ги поврзавме сите постапки и сега многу малку се чека на пратките што ги земаат од карго центар - вели Зоран Крстевски, директор на аеродромското претпријатие.

Тој е задоволен што лани е забележан голем пораст на карго сообраќајот на скопскиот аеродром од 2.836 тони. Во првиот квартал од годинава има пораст на карго сообраќајот за 30 проценти во однос на истиот период лани. За споредба, во 2005 година биле примени и отпремени 2.527 тони.

- Порастот се должи на намалените цени што Владата ги прифати за опслужување на авионите и пратките, како и на зголемениот маркетиншки ангажман на аеродромскиот менаџмент и на компаниите што работат со карго пратки - рече Крстевски.

Тој најави дека преговорите со турската карго компанија Орекс се успешно завршени и дека во тек е постапка за нивна регистрација во земјава. Орекс има намера со два џамбо џета да врши превоз на стока од Блискиот и Средниот Исток во регионот.

Од Европската комисија преку програмата за поддршка на Македонија веќе е направен проект за изградба на фито санитарна станица на аеродромот Александар Велики. Станува збор за инвестиција од 450.000 евра и се очекува во наредните неколку месеци да се почне со градба.

 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 20-May-2008 at 11:32

„Ерлифт сервис“ нова македонска авиокомпанија

„Ерлифт сервис“ е новата домашна авиокомпанија што ќе одржува чартер-летови со авион „антонов-24“ од украинско производство. Првиот лет е  најавен за в понеделник и со него ќе биде донесена група бугарски туристи од Софија во Охрид. Оваа линија ќе се одржува два пати неделно во текот на летото.„Ерлифт сервис“ е мешовита македонско-бугарска компанија. Во земјава сопственик е поранешниот пилот Трајко Кикерковски, а во Бугарија софиската авиокомпанија „Авиостарт“. Чартер-компанијата засега ќе лета со еден авион со македонска регистарска ознака. Директорот Кикерковски се пожали дека повеќе од 40 дена чекаат директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Ернат Фејзулаху, да ја потпише дозволата за да го донесат вториот авион.Авионот е прегледан од инспекцијата, регистриран и бојосан со македонски ознаки - истакна тој.И новата чартер-компанија, која лета под македонско знаме, се соочила со проблеми за прелет и слетување на грчка територија.Нашите бугарски соработници се обидоа за 1 мај да летаат до еден грчки остров. Прво биле уценувани со тоа што се барало некој човек да го пречека авионот и за тоа да платат, а потоа биле одбиени бидејќи на документите за авионот требало да пишува ПЈРМ, а не Република Македонија. Очекувам и понатаму да имаме проблеми, но се надевам дека некој ќе го среди тоа - вели Кикерковски.Во новата авиокомпанија засега се вработени 15 луѓе. Пилотите се Бугари, а во тек е обука на македонски механичари и стјуардеси. Во „Ерлифт сервис“ очекуваат да направат околу 1.000 часа лет годишно. За во зимскиот период планираат да превезуваат спортски екипи и групи на екскурзии и на семинари.

 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-May-2008 at 11:51
Na Wiki pisuva deka avionov an-24 se proizveduval od '59-'79 so znaci najmalce 30 godini star Nuts iako e taze ofarban.
 
Accident summary
 
  • Hull-loss accidents: 109 with a total of 1673 fatalities
  • Other occurrences: 11 with a total of 59 fatalities
  • Hijackings: 33 with a total of 4 fatalities
  • Back to Top
    гитардемон View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 19-Feb-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 5422
      Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-May-2008 at 13:24

    Accident summary

    As of 2004

    • Hull-loss accidents: 109 with a total of 1673 fatalities
    • Other occurrences: 11 with a total of 59 fatalities
    • Hijackings: 33 with a total of 4 fatalities

    -> As of 2004

    а тек пред то...
    Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
    Back to Top
     Post Reply Post Reply Page  123 243>

    Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



    This page was generated in 0.586 seconds.

    Copyright ©2007 - 2024  build.mk

    Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.