![]() |
![]() |
![]() |
✔ City Mall - Штип |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 02-Sep-2020 at 11:05 |
Во Штип почна да се гради првиот CITY MALL!
![]() ![]() Во Штип е означен стартот на активностите за изградба на првиот Stip city mall, кој е по примерот на светските метрополи, а кој ќе значи многу не само за Штип туку и за источна Македонија. Објектот е планиран да содржи три катни висини над нивото на теренот и една покривна спратна целина roof top. Објектот ќе претставува модерен хотелски-трговски комплекс со сите пропратни содржини и функции (трговски центар, хотел, ресторан и казино) кои се неопходни за еден современ урбан хотелски комплекс. Штипскиот сити мол е лоциран на самиот влез на градот, во голем отворен простор, опкружен со зеленило, пешачка патека и во непосредна близина на реката Брегалница, во чиста еколошка зон Концепцијата на проектот е така проектирана при што тој е поделен на три функционални делови/ ламели кои визуелно ќе претставуваат една целина и во целост ги опфаќаат сите намени на еден модерен трговски-хотелски комплекс. Главната ламела претставува трговски центар “Stip City Mall” со површина од над 4.560 квадратни метри, поделена на три спратни нивоа по 1520 квадратни метри. Втората ламела претставува хотел со влезно фоаје, ресторантски дел на првиот кат со кујна и сите пропратни содржини, на вториот кат. Во оваа ламела ќе има 14 двокреветни соби, пет апартмани, бројот на истите хотелски единици се повторува на третиот и четвртиот кат. Вкупниот број на хотелски единици изнесува 42 двокреветни соби и 15 апартмани. Во подрумскиот дел од оваа ламела се наоѓа сопствен паркинг простор како и технички/сервисни простории за инсталации. Инвеститор на целокупниот проект е познатиот штипски бизнисмен Горан Јордев кој е еден од косопствениците од најголемата дрвопреработувачка компанија ДИК ФАГУС – Пехчево. Изградбата на целокупниот проект и негово пуштање во употреба е предвидено да заврши во 2022 година. “Oвој објект ќе промени многу нешта за Штип и регионот. Ќе се обидеме да направиме нешто уникатно за Штип, со што градот но и истокот ќе се гордеат. Работиме темелно, посветено и ова е само почеток на многу проекти кои ќе ја променат сликата за Штип“, кажа инвеститорот Јордев за „Порта 3“. Инаку, автор на идејното решение за Штип сити мол е дипломираниот инжинер-архитект Александар Василев, од друштвото за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн „СТУДИО АТРИУМ“ од Штип кое е основано во 2002 година. https://www.porta3.mk/vo-shtip-pochna-da-se-gradi-prviot-city-mall |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од фб
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Рендери
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/goran.jordev |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
На која локација поточно ќе се гради?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На самиот влез во градот близу реката Брегалница(така е наведено во првиот пасус од текстот погоре)
Во иднина порта 3.мк најавуваат повеќе инфо,не би можел сега точно да ја утврдам локацијата. |
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Локацијата е веднаш до градскиот базен.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
По сѐ изгледа е овде: 41°44'36.26"N, 22°11'13.34"E Моја првична претпоставка беше овде: 41°44'44.32"N, 22°11'3.67"E ...што можеби и е подобра локација. Овде некако во дупка доаѓа, под нивото на улицата. Но ќе видиме како ќе излезе. Патем, сакам пак да ја искритикувам Општина Штип како една од најнетранспарентните општини во Македонија кога е во прашање урбанизмот. Ниту еден урбанистички план за Штип не може да се најде на интернет.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Точна ти е претпоставката, другата парцела вероватно ќе биде во иднина некоја приватна здравствена установа. Сепак, парцелата за новиот трговски како што се гледа на гоогле не баш во тој облик, него границите според катастар отркиваат повеќе за урбанистичкиот план. И сопственоста е баш на Фагус Пехчево кој го гради трговскиот.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/stipcitymall.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
фб страната нуди можност за редовни фотки од градилиште
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/stipcitymall.mk/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Доаѓа Штип Сити Мол: Светски брендови во истокот
Градежните машини почнаа со расчистивање на теренот, каде што ќе се гради првиот Сити мол во Штип. На површина од 11.000 метри квадратни се проектирани трговски центар и хотелски комплекс. Трговскиот центар е на четири ката со површина од 7.500 метри квадратни. Сопственикот, Горан Јордев, кој е и косопственик на фирмата „Дик Фагус“, вели дека изградбата на терен почнува и официјално од денеска, а се гради на локацијата кај стариот Градски базен или сега во непосредна близина на новиот Аква парк. -За градот Штип ова ќе значи капитален објект, во којшто купувачите ќе можат да најдат се на едно место. Штип Сити Мол ќе има забавни содржини. Во моментов сме во преговори со сите странски брендови, кои веќе се присутни на нашиот домашен пазар, а стартуваме преговори и со странски брендови, кои сега сакаат да бидат присутни на македонскиот пазар, вели Ордев. Штип Сити Мол се очекува да стартува со работа кон крајот на 2022 година со цел, како што рече Ордев, да се фати и сезоната есен-зима. -Со оглед на тоа дека во целиот овој регион Штип, Кочани, Пробиштип, Виница, па и Радовиш и Струмица немаат ваков ултра модерен мол се одлучивме да направиме еден ваков чекор, за да овозможиме поголем број на брендовите да бидат поблиску достапни до нашите сограѓани, вели Ордев. Во услови на пандемија, ова е храбра инвестиција на штипски инвеститор. Штип Сити Мол со новиот Аква Парк, кој исто така е приватна инвестиција ќе ги дели сама една улица, а Општина Штип изминатиот период на инвеститорите им обезбеди нова водоводна и канализациска мрежа. https://pogled.mk/vo-shtip-zapochna-izgradbata-na-prviot-siti-mol/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
10.09.2020
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/stipcitymall.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почнале со ископ
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/stipcitymall.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Штип City mall / Студио АТРИУМ
ЛОКАЦИЈА ![]() На најфреквентната и највпечатлива локација во град Штип (центарот на Источна Македонија) и на самиот влез во градот ќе се издигне објект кој ќе вдоми најразлични содржини, а вооедно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од поширокиот регион. Сместен е во зона за спорт и рекреација која долги години беше заборавена и напуштена, со овој проект таа ќе заживее и ќе добие сосема нов современ и модерен изглед. Поставеноста и ориентацијата на објектот овозможува непрекинати визури кон самиот град и историската тврдина „Исар“. Самата конфигурација на теренот која беше голем предизвик придонесе во формирањето на волумените и функционалноста на објектот. Самите содржини кои ќе бидат присутни во објектот како: хотелски соби, хотелски ресторан, конференциски сали, трговски единици и најатрактивниот ROOF TOP, го прават објектот уникатен и единствен според неговата хибридна намена во регионот. Процесот за да се добие финалното решение беше долг и предизвикувачки, но во соработка со Инвеститорот и неговите визии и идеи за овој простор, Тимот на Студио Атриум-Штип составен од инженери: дипл.инж.арх. Павле Петрушев, дипл.инж.арх. Весна Василева, дипл.инж.арх Александар Василев, дипл.инж.арх.Кристина Петрушева Русеска, дипл.град.инж Светомир Русеским-р.инж.арх. Сања Миташ Иванова, м-р. инж.арх. Љубица Мицевска и апсолвент на Архитектонски факултет Емилија Кљонкова, го изработија решението за овој хибриден објект кој ја вклучува основната класа на намена – хотелски комлекс и компатибилните класи на намена – големи трговски, комерцијлани и деловни единици според урбанистички план. Како најатрактивна содржина во склоп на проектот е STIP CITY MALL. КОНЦЕПТ Објектот е проектиран на 5 нивоа (подрум, приземје и три ката). Главниот влез на објектот е поставен централно, нагласен со осветлена настрешница и ориентиран кон пристапната улица. Во централниот дел се предвидени главните комуникации (ескалатори) и простран хол кој целосно е осветлен со природна светлина. Лево и десно од холот се развиваат содржините по нивоа. Во подземниот дел се проектирани паркинг места за посетителите на хотелот, а останатиот дел е предвиден за голем супермаркет. Приземјето ги содржи влезот во хотелот и лобито и големи трговски единици. На катот содржините се повторуваат, освен ресторанот за хотелот кој е сместен на западната страна. Вториот кат содржи хотелски двокреветни соби и апартмани, конференциски сали, канцеларии и деловни простории. Последниот кат на кој се сместени исто така хотелски соби, на источниот дел се предвидува проодна кровна тераса со уникатни визури на градот, која на одреден дел ќе биде покриена. Овој простор, така наречен ROOF TOP, ќе има забавна содржина. ![]() За да се овозможи добра функционалност на содржините во објектот, предвидена е сервисна рампа за дотур на роба до подземното ниво и рампа до паркинг просторот. Дистрибуцијата на робата и намирниците ќе се спроведе со два сервисни лифтови. Предвидени се и две јадра со лифт и скали за посетители. Во однос на надворешното обликување искористени се најсовремени материјали и од самата фасада лесно се чита соджината во внатрешноста. Самиот објект комуницира со надворешноста преку големите стаклени отвори кои се предвидени по вертикалата на објектот на соодветни делови. Разиграноста и обликувањето на останатиот дел од фасадата е добиена со фасадни панели во различна текстура и боја кои ја потенцираат хоризонталата на објектот. Целиот простор е флуиден и се испреплетуваат содржините едни во други без прекинување. Решението и концептот на објектот е разработувано долг временски прериод со идеја дека овој простор и содржините во него ќе бидат реперна точка и главна дестинација во овој регион и пошироко. https://marh.mk/shtip-citymall/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
3D Приказ на Хотел и Stip City Mall
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/stipcitymall.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Уште неколку рендери(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изградбата на Штип Сити Мол е доказ дека државата и општините создаваат подденакви услови за инвестиции за домашните и за странските компании.
Верувам дека изградбата на овој објект на компанијата Дик Фагус ќе ја раздвижи економијата во Штип и регионот. Оваа инвестиција ќе овозможи нови 250 вработувања за наши сограѓани, нешто што е многу важно во ова време, кога државата посветува огромно внимание и носи нови мерки во зачувувањето на работните места. ![]() https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Поставен камен-темелник на Штип Сити Мол- Поблиску до Вас!
Инвестицијата вредна вредна 10 милиони евра во Штип ќе отвори над 250 нови работни места во источниот регион Денеска во Штип беше поставен камен-темелник со кој се означи почетокот на реализацијата на проектот Штип Сити Мол- Поблиску до Вас! чиј носител е компанијата Дик Фагус. Инвестицискиот проект Штип Сити Мол – Поблиску до Вас! тежи 10 милиони евра и подразбира изградба на модерен бизнис комплекс и хотелски објект кои во наредниот период ќе имаат важна улога за заедницата преку поттикнување на економскиот развој во источниот регион и отворање на повеќе од 250 нови работни места. Ова е важен проект за мене лично, за моето семејство, кое е дел од оваа заедница, и за мојата компанија која децении наназад се развива и успешно работи овде. Идејата е да изградиме место кое ќе претставува двигател на економскиот развој во градот Штип и поширокиот регион, да ги донесеме поблиску до граѓаните на источниот регион големите брендови и на едно место да понудиме содржини карактеристични за модерното урбано живеење. Штип Сити Мол- Поблиску до Вас! е проект кој има потенцијал да отвори многу работни места и да стимулира напредок на целиот регион.“ – истакна на денешниот настан Горан Јордев, извршен директор на Дик Фагус. На настанот присуствуваа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Штип, Сашко Николов кои ја потенцираа важноста на ваквите инвестиции за опоравување на македонската економија во време на светска економска криза предизвикана од ковид-19 пандемијата како и за економски развој на источниот регион и задржување на младите во Штип. „Во ова тешко време на ковид криза, ова е убава можност да одбележиме почеток на еден многу значаен проект за Штип и регионот. Убеден сум дека овој проект е пресвртница за градот кој ќе отвори преку 250 нови работни места и нови можности за економски развој. Владата ќе продолжи да работи со своите политики на поттикнување на македонските компании да инвестираат во државата, конкретно ресорот што го водам ќе настојува да пружа помош и поддршка во доменот на изградба на инфраструктура со цел компанитите да имаат добри услови за градба и инвестирање“. – рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Ми претставува особена чест и задоволство, на овој убав ден Св. Никола, патронен празник на нашиот град, да присуствувам на почетокот на изградбата на еден прекрасен објект со кој Штип ќе се гордее. Штип Сити Мол ќе биде место на сретнување и собирање за сите туристи, сите граѓани на градот и пошироко од регионот, ќе доаѓаат овде ќе уживаат во Штип Сити Мол, во гостопримството на Штипјани и во нашата штипска пастрмајлија. Како градоначалник на Штип, благодарен сум на компанијата Дик Фагус што инвестираат за доброто на сите граѓани и ќе настојувам да помагам на сите кои сакаат да отовраат можности за унапредување на градот. – рече новоизбраниот градоначалник на Штип, Сашко Николов. Дик Фагус е компанија-лидер во дрвната индустрија која помеѓу првите македонски компании се ориентираше дизајнерски, продавајќи под своето име, македонски производ. Од 2005 е во сопственост на Пеком Инженеринг, компанија која постои и се развива од 1990 година. Дик Фагус денеска брои 500 вработени и извезува на пазарите во Велика Британија, Западна Европа, Блискиот Исток, Израел, Америка и Канада, Австралија и Скандинавски земји. Штип Сити Мол – Поблиску до Вас! е проект кој се очекува да биде завршен во 2022 година. https://faktor.mk/postaven-kamen-temelnik-na-shtip-siti-mol--poblisku-do-vas- |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Уште по некој рендер(од фб)
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/StipCityMall |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |