Author |
Topic Search Topic Options
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#1 Topic: Технички Речник Posted: 17-Dec-2008 at 14:44 |
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#2 Posted: 17-Dec-2008 at 21:41 |
нишкава ми ствара недоумици...
Бетон како ја замислуваш нишкава?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#3 Posted: 17-Dec-2008 at 22:22 |
ај да нема забуна за техничкиот дел на нишкава ќе ја пуштам преписката со pbanks отворив ваква нишка за да се канализираат испадите од повеќето теми а во врска со техничките изрази во МКД архаични или странски, имаше некаде претходно муабет за штрафцигер или така нешто, сетне алкорани (иако ова е повеќе за во старо скопје со оглед дека не е технички термин) итн. немам време сега за вовед па подоцна може нешто да нафрлам, а може и вака old school да си остане првиот пост! mislis deka moze da ja preinacime tvojata nova niska za Tehnicki recnik vo malku poopst leksikon?
Na primer za prasanjava na kliki koi gi postavuva po forumot? мислам дека технички речник треба да постои како појава, но не стигнав да изработам еден кој секој ќе може подоцна да го надополнува, но додека да се создадат услови, немам ништо против да постои тема како општ простор за недоумици каде освен прашањата на клики би влегле и други мистериозни прашања за кои некој потенцијално би барал одговор! можеби нишка како Барам Одговор или Чекам Одговор ќе заврши работа како мислиш дека е подобро така направи има простор за маневрирање мислам до немајкаде..
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#4 Posted: 18-Dec-2008 at 01:04 |
Schraubenzieher со тек на времето станало штрафцигер, додека пак на сите словенски јазици се вика одвијач или одвртка. Поинаку не знам како да придонесам кон нишкава
Edited by гитардемон - 18-Dec-2008 at 01:06
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#5 Posted: 18-Dec-2008 at 04:14 |
ова го ископав на форумот на време, најверојатно е превод од некој весел деловен прирачник... таман работа сите да беа психоаналитичари немаше од дома да мрднат 1. ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ ТОА значи ТИ ЌЕ ГО НАПРАВИШ ТОА
2. ТИ НАПРАВИ МНОГУ ГОЛЕМА РАБОТА значи ПОВЕЌЕ РАБОТА ЌЕ ТИ БИДЕ ДАДЕНА НА ТЕБЕ
3. РАБОТИМЕ НА ТОА значи НИЕ СЕУШТЕ НЕ СМЕ ПОЧНАЛЕ ДА РАБОТИМЕ НА ИСТОТО
4. УТРЕ ПРВА РАБОТА НАУТРО значи ТОА НЕМА ДА БИДЕ ЗАВРШЕНО.....СИГУРНО УТРЕ НЕ
5. ПОСЛЕ ДИСКУСИЈАТА ЌЕ ОДЛУЧИМЕ. ЈАС СУМ ОТВОРЕН ЗА ВАШИТЕ МИСЛЕЊА значи ЈАС ВЕЌЕ ОДЛУЧИВ, ЈАС ЌЕ ВИ КАЖАМ ШТО ДА ПРАВИТЕ
6. ИМАШЕ МАЛКУ НЕДОРАЗБИРАЊЕ значи НИЕ ФАКТИЧКИ ВЕ ИЗЛАЖАВМЕ
7. ДА СВИКАМЕ СОСТАНОК И ДА ПРОДИСКУТИРАМЕ значи НЕМАМ ВРЕМЕ СЕГА, КЕ ЗБОРИМЕ ПОКАСНО
8. НИЕ СЕКОГАШ МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ТОА значи НИЕ ВСУШНОСТ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ НА ВРЕМЕ
9. НИЕ СМЕ НА ДОБАР ПАТ НО НИ ТРЕБА МАЛО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ значи ПРОЕКТОТ ГО ЗАЕБАВМЕ , НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПРАТЕН НА ВРЕМЕ
10. ИМАМЕ МАЛИ РАЗЛИКИ ВО МИСЛЕЊЕТО значи НИЕ ВСУШНОСТ СЕ БОРЕВМЕ
11. НАПРАВИ СПИСОК НА РАБОТИТЕ ШТО СИ ГИ ЗАВРШИЛ И ДОЗВОЛИ МИ ДА ВИДАМ ШТО МОЖАМ ДА ПОМОГНАМ значи ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, НЕ ОЧЕКУВАЈ ПОМОШ ОД МЕНЕ
12. ТРЕБАШЕ ДА МИ КАЖЕШ ПОРАНО значи И ДА МИ КАЖЕШЕ ПОРАНО НЕМАШЕ НИШТО ДА СЕ ПРОМЕНИ
13. НИЕ ТРЕБА ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ ПРАВАТА ПРИЧИНА значи ДОБРО, ЌЕ ТИ КАЖАМ КАДЕ ПОГРЕШИ....
14. НИЕ СМЕ ТИМ значи НЕ СУМ САМО ЈАС ВИНОВЕН
15. ТОА Е ВСУШНОСТ ДОБРО ПРАШАЊЕ значи ЈАС НЕ ЗНАМ НИШТО ЗА ТОА tekstiling Штип - форум време 16. ДАЛИ ЗНАЕ НЕКОЈ КОЛКУ Е СААТ значи ИМА ЛИ РАЗБУДЕНИ МЕЃУ НАС
Edited by beTon - 10-Feb-2009 at 11:43
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#6 Posted: 20-Dec-2008 at 02:09 |
До АБЦ и секој што би знаел воопшто да ми го одговори прашањето: Која е разликата помеѓу она што ние го викаме „Охридска куќа“, „Крушевска куќа“ или пак само „Македонска куќа“ и она што во архитектурата се нарекува Бугарска национална преродба
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#7 Posted: 20-Dec-2008 at 03:30 |
Originally posted by La Linea
Ќе сака некој на кратко (или долго уште подобро) да даде објаснување за овие поими? Би било од голема корист за оние членови кои што не прават разлика од нив односно не сфаќаат 80% од тоа што се збори во темава. Еве еден таков
-Маневарка -Теснолинејка -Шпанецот -Горбачов
|
ево ти превод баш буквален маневарката е за маневрирање на возови, вагони и локомотиви заради најразлични причини... теснолинејка е буквално тесна линија потесна од постојниве поопширно кај VP на сајт
шпанецот е првиот и последниот манекен од меѓуградски воз што го имаме, ретро варијанта на денешните IC-a а горбачов е командант на композиција, симболиката е во силата и големата потрошувачка мене ми е мистерија пример пример од каде го имаат ископано(изведено) хрватите зборот ВЛАК за воз, се влечи нешто можеби...
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#8 Posted: 20-Dec-2008 at 03:30 |
Originally posted by La Linea
До АБЦ и секој што би знаел воопшто да ми го одговори прашањето:
Која е разликата помеѓу она што ние го викаме „Охридска куќа“, „Крушевска куќа“ или пак само „Македонска куќа“ и она што во архитектурата се нарекува Бугарска национална преродба |
Македонската Куќа е симбол за изворот на овие Летечки Куќи низ балканот, но претежно во Македонија и онаму каде ќе фтасале македонските неимари! факт е дека корените на овој стил на градење се од Мијачките предели индиректно од Мијаците како највешти мајстори кои биле барани од Солун до Виена! она што е јасно е дека и крушевските и охридските и велешките куќи ги граделе овие неимари од Мијачијата... но дефакто фалсификувањето на историјата и културата на Македонците од страна на сите соседи е многу нормална работа, што сме ние криви што предвреме сме кревале востанија во сред рим ќе најдеш цеде од Васка Илиева кое се продава како блгарска фолклрна музика и тоа бугаско издание... да не ве оглушувам! имам спремено и тема за Македонската Народна Архитектура, но некако се распишав за се и сешто па сеуште не видела бел ден, се надевам дека брзо ќе и дојде редот.
Originally posted by ABC
Дрвата кој се употребуваат за изградба на “бондруци“ се викаат “кушаци“,но кога веќе се распаливме терминолошки би запрашал дали некој овде сеуште знае што е терминот “каратаван“ кого јас сеуште го употребувам при изградба на некои објекти по желба на инвеститорите,деновиве ќе ви постирам слика?
|
исцрпно објаснето ABC фактички изворна варијанта на цирклаж иако како дефиниција стои и во реалност е талпосан таван
сепак најприкладно би било според мене ова да означува "поткровје со вградени плакари" бидејќи кованицата е излезена од француската Carré - Квадрат(квадратен) - Каре, ова е повеќе мислам бугарски збор(кованица). офтопик: кај нив францускиот мислам се користел како прв странски јазик во времето на "бугарското автономно кнежество"! незнам дали францускиот го користеле бидејќи на берлинскиот конгрес французите застанале зад нивните интереси или затоа што многу емигранти имале во франција незнам , но држи вода и тезата дека по француската револуција доста време францускиот јазик бил доминантен во европа, а веќе по втората светска војна англискиот целосно го истиснува од меѓународната доминација во кореспондецијата, од таму и толкавата француска одбивност кон и исфрустрираност од англискиот јазик...)
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#9 Posted: 20-Dec-2008 at 03:34 |
@ beton Каква врска има железничкото прашање на линеа со овој суб-форум? Прашањето беше поставено и одговорено на соодветно место. Претпоставував дека оваа нишка ја отвори конкретно за термини од градежништвото архитектурата и слично...
Edited by Cloverstack - 20-Dec-2008 at 03:37
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#10 Posted: 20-Dec-2008 at 03:40 |
па под технички се подразбира се што е во врска со техничките науки! тука го фрлив мојот развеселен одговор за да не ја загадува таму нишката со оглед дека и сите останати НЕ сметаат дека тука треба да се расправаат недоумициите околу терминологијата и затоа и ја избегнуваат!
|
|
ABC
Newbiе
Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#11 Posted: 21-Dec-2008 at 15:40 |
Сепак “каратаванот“ се враќа на овие простори и во Македонската архитектура која е сублимат на сите тие Охридски,Крушевски или било какви куќи.Еве пример како јас го правам тоа кај денес изведените прилично современи градби каде користам елементи кој се ненадминливи од малку постарата Македонска архитектура како што изгледа само јас ја нарекувам.
|
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#12 Posted: 23-Dec-2008 at 02:05 |
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#13 Posted: 10-Feb-2009 at 11:29 |
Клики мислам дека ја имаш видено нишкава, во спротивно еве и официјално оваа е отворена најмногу заради и за тебе така да повели сите недоумици тука постирајги наместо за секоја да отвораш нова нишка! патем прво консултирај некој лексикон на нет како оној на идивиди, па доколку таму не најдеш одговор или пак не ти е доволно јасно тогаш веќе слободно барај помош!
Originally posted by kliki
Дали некој знае што би можело да биде визура во архитектурата. Не е ли тоа видно поле или некаков катастарски документ?
Фала многу,
КЛИКИ |
од лексиконот на идивиди: Визура (лат. videre види eng. "to view") - Поглед, видно поле, се што може да се види со окото во архитектурата сеопфатен поглед на објектот или проектот неговите контурите, пример "со салонска визура" - со салонски изглед, или "визура на град" - ликот на градот. постои и геодетска визурна линија односно линија по која преку тедулитот се маркираат коти на терен. инаку постоела и слична сценографска терминологија односно "Сценографска Архитектура т.н. Визурна Архитектура"...
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#14 Posted: 26-May-2009 at 15:17 |
Владимир еве еден скромен толковник на железнички поими, качен на страната на Катедрата за Железници при Градежен Факултет... http://kz.gf.ukim.edu.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=38&Itemid=5
доколку не ти е мака, не се многу, овие се најосновните, па ако можеш не е лошо да пуштиш соодветен македонски превод на термините и дефинициите за истите!
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#15 Posted: 30-May-2009 at 15:16 |
во контекст на нишката Православна Духоносна Архитектура еве и арх. речник кој покрива терминологија за архитектурата на раноХристијанските и средновековните Црковни Храмови карактеристични за ова поднебје.
речникот е составен од термини извадени од повеќе книги и веб страни, кои се покриени со македонски дефиниции, аналогно во насловот линкувани и со нивната англиска верзија (најчесто со статии од википедија), воедно покриена е и етимологијата на зборовите. термините на крајот од дефинициите се претставени и со графички прикази (цртеж и слика) или дообјаснувања, кои се линкувани во фусноти.
се надевам дека интерактивниов речник квалитетно ќе ја надополни ова специфична тема, но и целосно ќе го пополни вакумот за истата кој постои на македонскиот интернет простор. сите забелешки и дополнувања се добредојдени! добро е да се надоврзат слични интерактивни речници и од останатите области кои ги покрива овој форум, за сетне да дотераме до еден темелен и интерактивен технички речник!
1. АМВОН – (види и аналој или певница) Издигнат простор, пред Олтарот помеѓу иконостасот и солеата, најчесто во полукружен или кружен план, на кој се извршува дел од Богослужбата односно Литургиските читања (каде се поставува аналојот и се чита Светото Евангелие , исто (од) тука се читаат Ктениите, Молитвите и Помените, и од тука Свештеникот ги објавува Проповедите и Отпустот на Литургијата);
Амвонот симболички го претставува каменот кој Архангел Гаврил го тргна од Христовиот гроб, а технички тоа е пулпитум (говорница) во средиштето на централниот кораб, најчесто кружна или полукружна платформа до која се доаѓа низ еден или два реда скалила (коине: άμβων од άμβαινειν - искачување, издигнување, вознесување), во раноХристијанската базилика но и денес оваа платформа може да е покриена со Балдахин [1] [2]
2. АНАЛОЈ – или Аналогион со функција на амвон, преклоплив или фиксен сталак на кој стои Светото Евангелие за време на Богослужбата при неговото читање-поење како и читањето на неделната евангелска перикопа од посланијата на апостолите.
Исто служи и како сталак за Сетите Икони. [1] [2] [3] [4] [5]
3. АПСИДА – (види конха или ниша (разлика во етимологијата на името)) Дел од храмот, полукружен простор засводен со полукупола;
Претежно се однесува и на конхата и нишата заедно, апсидата е полукружна ниша со симболика на каналот низ кој се раѓа сонцето (источна апсида) и низ кој заоѓа сонцето (западна апсида), покрај олтарска (источна апсида), постојат и певнички апсиди (јужна и северна); (коине: αψιζ - апси од глаголот апто: допира, прикачува, прилепува - да се допре, досегне точката на изгрејсонцето) [1] [2] [3]
4. АРКА – Лак, полукружно пресводен премин кој го символизира небесниот свод; Исто ковчегот во кој старозаветниот Ное се спасува од потопот;
Во раноХристијанската Црква сад во кој се чувале Евхаристијата, реликвиите и други скапоцености; (лат.: arca - чува, ковчег, сандук) [1] [2] [3] [4] [5] [6] постојат и декоративни слепи арки [7]
5. АРКАДА – Низа лакови на столбови, поврзани во една целина;
Редица на ѕидани столпци помеѓу централниот брод и страничните крила во наосот на базиликата. Во базиликата се јавува зачестено од втората половина на 6. век., исто се јавуваат и како слепи аркади [1] (лат.: arcade) [2]
6. АРХИВОЛТА – Надворешна, челна, декоративно обработена површина на еден лак;
Арка помеѓу столбовите или столпниците на колонадите или аркадите во наосот на базиликата, (итал.: archivolto - лак на свод) [1] [2] [3] [4]
7. АРХИТРАВ – Епистил, хоризонтална камена или дрвена греда која лежи над некој отвор на ѕид или над столбовите;
Греда која ги поврзува и лежи во продолжение помеѓу антите врз колоните во колонадите, (од коине: ἄρχω - архи, прва и лат.: trabs - греда) [1]
8. БАЗИЛИКА – (види и Храм) Црковна градба со правоаголна основа, најчесто поделена на бродови;
Име за ранохристијанска Црква со лонгитудална форма, терминот доаѓа од идејата за царување, владетелот на земјата во својата дворана суди и пресудува, а Бог односно Исус Христос како Цар Над Царевите (ИС.Хс. василеи од коине: βαϲιλει) суди и пресудува на Небото. [1] [2] [3]
РаноХристијанската базилика е составена од:
а. Предворје на западната страна, воглавно компонирано од два дела: атриум и нартекс т.е. ексонартекс и нартекс
б. Главен брод или Наос кој завршува со полукружна апсида. Просторно најчесто е троделен т.е. централен кораб и два странични кораби на кои се оформувани дополнителни продолженија кои завршуваат со ниши. Наосот и овие продолженија формираат трансепт (крстовиден план наречен попречен септум или трансептум) Наосот носи засводен кров на две води, а доколку има трансепт, корвот е крстовиден (види и тестудо)
9. БАЛДАХИН – (види и сфера) Кибориум (цибориум) е конструкција со покрив над Олтарот или амвонот, четири столба носат најчесто полукалота - симболично Небесниот свод;
Мала купола или крстест свод врз четири најчесто канелирани столба; (итал.: baldachino - коине: κιβωριον) [1] [2] [3]
|
Edited by beTon - 15-Mar-2010 at 00:21
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#16 Posted: 30-May-2009 at 16:17 |
10. БЕМА – (види и амвон) Апсидална платформа; Поткрената платформа на презвутериумот, обично за еден или повеќе степеника; преградено место за Свештеници, особено за Владичкиот Трон (коине: βημα – степеник, возвишување ) [1]
11. БИФОРА – (види и мено или трифора) Дводелен прозор; два полукружно оформени отвори, разделени со мено, (лат.: biforate) ваквите лачни базиликални прозорци можеле да бидат и монофори , трифори , квадрифори итн. [1] [2] [3] [4] [5] [6]
12. БОРДУРА – (види и фреска) Декоративна лента. перваз, лента, венец, пораб, рамка, обично во боја, која ја раздвојува композицијата, односно сцените, во фреско-живописаните храмови. (фр.: bordure) [1] [2] [3] [4] [5] [6]
13. ДЕАМБУЛАТОРИУМ – (види и олтар или прзвитериум) Простор, ходник, за опколување на Олтарот. [1]
14. ЃАКОНИКон – (види скевофилакион или пастофорија или проскомидија) Јужен дел на олтарскиот простор во кој се чуваат одредени црковни предмети; вдлабнување во ѕидот или засебна просторија на десната страна од Светиот Престол - Олтарот, во која се чуваат Светите Садови, одеждите на Свештенството. Првобитно маса а подоцна просторија, кај раноХристијанската базилика лоциран во нартексот, а покасно во презвитериумот т.е. Светиот Олтар каде во северната апсидална ниша е проскомидијата а паралелно во јужната апсидална ниша е ѓакониконот. (коине: διακονικον - служи, прислужува) просторија за Божјите слуги - Свештените лица.
15. ЕКСОНАРТЕКС – (види и ендонартекс или нартекс ) Егзонартекс, Надворешна припрата, надворешен страничен нартекс, долга и тесна просторија со иста форма како нартексот, може да биде и негово предворје. (коине: έξω ναρϑηξ - пред нартекс, надворешен нартекс) [1]
16. ЕМПОРА – Галерија, галерии, балкони на спрат, над бочните кораби од наосот или над нартексот, денес најчесто простор за хор. (коине: εμπορα) [1] [2] [3] [4]
17. ЕНДОНАРТЕКС – (види и ексонартекс или нартекс) Внатрешен нартекс, странична припрата, страничен влез во главниот брод- наосот; анекс, доѕидани простории.
18. ЕПИСТИЛ – Исто што и архитрав, греда што се монтира - епи, врз, стилос столбот (столбовите на колонадата); (коине: επιστολις - столб)
19. ИКОНОСТАС – Олтарна рамка за Икони; Преграда во храмот помеѓу Олтарот и Наосот т.е. помеѓу просторот за Свештеници и Верници. Првобитните иконостаси биле камени и во форма на ниски олтарски прегради (темплон), а подоцна високи и дрвени. најчесто украсени со резбани мотиви и сцени; (коине: εἰκών - икона и στάσις - стабилен) [1] [2] [3]
|
Edited by beTon - 31-May-2009 at 16:17
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#17 Posted: 30-May-2009 at 17:18 |
20. ИМПОСТ – (види и капител или колонета или мено) Во архитектурата на раноХристијанските базилики посебен сегмент помеѓу капителот и лакот, или столбот и сводот, во форма на порабена пирамида монтирана обратно, со што сводот добива поширока подлога, (лат.: imponere - седло, грбка) [1] [2] [3] иста намена како и абакусот [4] во класичната арх., единствено што подоцна во византиската сакралната арх. наместо плоча има форма на превртена пирамида т.е. ромб [5]
21. ИНТЕРКОЛУМНИЈА – Интеркаларен, простор помеѓу два столба. Граници: долу стилобат, бочно по една колона, горе "трансцедентална арка"; растојание помеѓу два столба. (лат.: intercolumnar )
22. КАЛАТ – (види и капител или столб) Кошница, термин користен за поголемиот долен дел на коринтски капител во форма на кошница. [1] Спротивен елемент на коринтскиот столб е специфичната коринтска основа-подножјето на столбот [2] [3] [4] [5]
23. КАЛОТА – (види и апсида или купола или свера или свод) Ниско засводен дел, округло засводена таваница, кубе без тамбур... (итал.: calotte) [1]
24. КАПИТЕЛ – (види и импост или калат или столб) Врв на столб заоблен и украсен на различни начини, во завист од стилското разбирање и времето кога столбот е изработен. [1] [2] [3]
25. КАТЕДРА – (види и солеа или трон) Престол, Епископска столица (со рачки и подножје (амвон, скабилум, супеданум)) во дното на апсидата, на нејзе од името на Света Троица седи поглаварот на Црквата, (коине: καϑεδρα - седиште)
26. КАТОЛИКОН – (види и Манастир или Храм) Катедрален, Соборен, Главен Храм во Манастирите; Црква со централен план „крст во квадрат„ но со изразено голем централен простор во наосот; Исто може да се однесува и на наосот, главниот брод во Црквата [1]
27. КЛАВУС – (види и арка) Клин, финалниот-последниот камен во арката. [1] [2]
28. КЕЛА – (види и манастир или скит) Молитвено престојувалиште на аскет (анахорет) ; Ќелија, пештера, мала просторија. Кела трихола или триконха, просторија со три полукружни, пресводени ниши. Исто се однесувало и на централниот дел на наосот. (лат.: cella а етимологијата е од caelum - небо, рај) [1]
29. КЕРАМОПЛАСТИКА – Техника на декоративно ѕидање со тули (коине: κεραμοπλαστικος) во комбинација со Ашлар ; покрај керамопластика се среќаваат и штуко декорации [1] [2] [3] [4] [5] [6] [7] [8] [9] [10] [11]
|
Edited by beTon - 31-May-2009 at 17:18
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#18 Posted: 30-May-2009 at 18:19 |
30. КОЛОНАДА – (види и столб) Низа од столбови помеѓу централниот брод и страничните крила, кои носат архитрав, по 6 век се заменуваат со аркади т.е. ѕидани столпци со арки, период кога почнува масовно да се применува сферата и кругот како неизоставна симболика на Христијанството преку куполи, сводови, арки, ниши (лат.: columna - столб) [1] [2] [3] [4]
31. КОЛОНЕТА – (види и мено) Столбче, столбец помеѓу деловите на дупли прозори на порталите, на ивиците на тамбурот кубето и апсидите. [1] [2] [3]
32. КОМПЛУВИЈ – Квадратен отвор над атриумот кај раноХристијанските базилики низ кој влегува светлина или врне дожд. Спротивно доле е имплувиј. [1] [2]
33. КОНЗОЛА – Камен испуст на фасада на градба која го зафаќа од доле и го носи горниот дел; најчесто потпирач на лак или фигура. (фр.: console) [1] [2] [3] [4] [5]
34. КОНТРАФОР – Надворешен ѕиден потпор кај базиликите, за растоварување на притисикот од сводовите. (анг.: countereffort) [1] [2] [3]
35. КОНХА – (види и апсида или ниша (разлика во етимологијата на името)) Полускалесто оформен покрив на апсидалните ниши, школка, претежно се однесува на полукалотата(полукупола) на апсидите; Полукружна ниша полукружно надградена со полукалота - полукупола. Зона за премин, влез во небесните води; Кружна статична ниша, обично конхите-нишите носат или монофора или бифора (коине: κόγχη - школка, ниша ) [1]
36. КОРДОНСКИ ВЕНЕЦ – Венец од различен профил кој хоризонтално ја дели фасадата. (фр. cordon - гајтан, врвка) [1]
37. КОРНИЗ – Стреа, Издадени декорации врз первазот чија намена е да ја одбиваат дождовницата, кај не'класичните градби попознат како симс [1] [2]
38. КРИНЕ – (види фиала) Извор, име за кружно оформен бунар за вода среде атриумот (коине: κρηνη - извор) [1] [2]
39. КРИПТА – Подземна засводена просторија под Црква или капела во која се погребуваат заслужни личности. (коине: κρυπτη - скриена) [1] [2] [3]
|
Edited by beTon - 31-May-2009 at 18:19
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#19 Posted: 30-May-2009 at 19:20 |
40. КРСТ + Симбол на Христовото Распетие и Воскресение
Христијански Симбол на Победата над смртта, Симбол на Спасението, Смирението и Слободата кои произлегуваат од Верата во Господ Исус Христос ... Крстот Христов е учењето Христово ... Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот Крст и да оди по мене (Матеја 16, 24) значи да се победат гревовните болести т.е. страсти, како и личните страдања на земниот живот, преку Верата во Христа, за да станеме способни (низ борба со искушенијата) за благочестиви подвизи, исполнувајќи го Новиот Завет кој ни го даде Господ (Законот На Љубовта)
[1]
Како главен симбол Крстот се користи во Боголужбите но и во секојдневието преку изобразувањето на Крстот од секој Верник оделно (преку крстењето) со што најнапред се молиме во себе, но воедно и преку таквата објавена молитва се заштитуваме од неволји, со изобразувањето на Крстниот Знак во име на Света Троица Христијаните всушност (се) Благословуваат!
Христовиот Крст е најраспространет и најпочитуван симбол во светот, а се прифаќа како таков по официјализирањето на Христијанството од страна на Свети Константин Велики кој воедно и прв го употребува во четвртиот век, и со чија помош успева најнапред да се спаси, а потоа и да стане најпочитуваниот владетел во цел византиски свет [1][2] и од тогаш наваму
Крстот е неодминлив Христијански симбол во Христијанската еклисиологија и Христијанската уметност [1]
низ вековите постојат разни интерпретации и форми на Крстот како симбол, пример дека е спој на вертикалното и хоризонталното во животот т.е. небесното и земното, односно преку прифаќањето на Бога и смирувањето пред него се смируваме и со светот и луѓето во истиот! или пример во неолитот кај нас кукастиот Крст (Винчанските записи) како симбол на постојаност на овие две есхатологии или како симбол на вечното циклично сончево патување...
Како попознати форми на Крстот низ историјата се јавуваат
Христограм или Ставрограм за името на Господ Исус Христос или познат уште како Константинов Крст кој го прими овој симбол од Бога
Crux Apostolus Crux Coronata Крст во венец Crux Coptica Коптски Крст Crux Commisa Крст со подог вертикален крак или познат како латински Крст Crux Decussata или познат и како Свети Андрев Крст Crux Gammata Свастика или познат како кукаст Крст Crux Gemina Архиепископски Крст, Патријаршиски Крст Crux Gestatoria Крст што се носи< Crux Immisa Крст со подолг долен крак познат и како латински Крст Crux Orthodoxa Православен Крст или познат како византиски Крст или руски Крст Crux Quadrata Крст со еднакви краци или познат како грчки Крст Crux Simplex Еден крак
41. КУПОЛА (види свод или сфера) cвод од камен или форма на полутопка. Може да биде изградена над кружна или квадратнa основa, што диктира и различен конструктивен склоп. Се состои од тамбур, кубичен појас и калота во зависност од концепцијата на градбата. Тип на свод, со символика на Небесниот свод. (итал.: cuppula)
42. ЛИНТЕЛ (види архитрав)
43. ЛУНЕТА Вдлабнато полукружно поле или окно над поралите и прозор, често украcено со рељеф или фреска. Класичната тријаголна форма на лунетата е фронтон т.е. попознат како термин кој се употребува и за опис на одреден вид на ѕид или баџа
44. ЛУТЕР (види комплувиј) Када, базен среде атриумот. првенствено кај римскиот атриум простор за собирање на дождовницата. кај раноХристијанскиот атриум, лутерот го заменуваат, фиалата или кринето, првенствено со симболика за прочистување пред влезот во наосот (зона на посветен Христијански живот)
45. МАТРОНЕУМ – Матроникион, Просторот на северниот исто како и северната галерија на емпората наменет за женските Христијански Верници.
46.
МАНАСТИР – Општежителство, организирана монашка заедница. (коине: μοναστήριον - монастирион > μοναχος - монахос > оној кој живее сам, μονος - сам)
47. МЕАНДАР – Врамена шара, околу порта или прозор на архиволт или на хоризонтална трака на фасада, најчесто во бар (бас) рељеф (коине: мɛανδρος
48. МЕЛОД – Певница, псалтирница μελῳδία – мелодиа - складен
49. МЕНО – Двоен прозорски столбец, компониран од база, двоен столбец и импост.
|
Edited by beTon - 18-Apr-2017 at 12:58
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#20 Posted: 30-May-2009 at 20:21 |
50. НАОС – Главен, централен дел на внатрешноста на Храмот. Навис, брод, кораб, лаѓа, овој простор символизира кораб на Христијанското спасение кон Вечниот Живот во Небесната Рајска Градина, со кој управуваат Седумте Христијански Тајни (сакраменти). (коине: ναός - храм, брод на животот) [1]
51. НАРТЕКС – (види и ендо и ексонартекс или припрата) Предпростор внатрешен западен влез на Црква, предворје – предверие на наосот; тесно, квадратно предворје кое води во главниот брод на Црквата; Припрата; Тесна и долга просторија во која престојуваат огласените (катихумени). Често во нартексот се наоѓаат скалите за горната галерија во која се влегува во двете галерии надстраничните кораби. (коине: ναρϑηξ) кај раноХристијанските базилики тоа е атриум, отворено предворје. [1]
52. НИША – (види апсида или конха или лунета (разлика во етимологијата на името)) Помала апсида, првенствено се однесува на полукружниот апсидален ѕид, но и на полукружна вдлабнатина во ѕид над прозор или врата - лунета (фр.: niche - гнездо)
53. ОЛТАР – (види и апсида или презвитериум) Светилиште, презвитериум, простор каде се извршуваат литургиските обреди; Олтарот симболично е премин кон Рај, и се наоѓа на Исток, затоа и главната порта на иконостасот се нарекува исто така „Порта на Рајот„ (Рајски - Царски Двери); кај раноХристијанските базилики е составен од презвитериум(предворје на рајската градина) и олтарна апсида(рајска градина, канал преку кој Господ Исус Христос се вознесува кон Царството Небесно (симболично куполата)), додека денес презвитериумот изостанува, и единствено презвитеријално место е Светиот Олтар. Презвитериумот бил на бема (за скала повисока платформа од централниот кораб), додека Олтарот, како и денес, е подигнат на апсидалната платформа (која е уште повисока од бемата за една, три или повеќе скали); во Олтарот централно место завзема Чесната Трпеза која ја претставува масата од последната вечера (Тајната Вечера) на Господ Исус Христос и Светите Апостоли, на неа се осветуваат Светите Дарови (Причесната), Лебот и Виното (Телото и Крвта Господови), главниот литургиски обред по кој се исполнува Светата Тајна на Евхаристијата, причестување на Правоверните Христијани. Формата на горната плоча на трпезата од раноХристијанските базилики па се до денес се сретнува во повеќи облици како сигма (полукружна форма, заоблена на источната, а правоаголна на западната страна), четвртаста, кружна или правоаголно-саркофагоидна. Како дел од самиот Олтар се издвојуваат два простора или простории: северно е проскомидијата а јужно ѓакониконот. (лат.: altus - високо) [1] [2] [3]
54. ПАНДАНТИВ – Триаголен сегмент од сфера; Сверен триаголник над сите четири агли во квадратен простор, служи за да се овозможи премин во кружната основа на кубето, или тамбурот на кубето. [1] може да биде и одреден сегмент со полукалота доколку арките се повнатрешно поставени во однос на кубето или тамбурот на кубето - „конкавна ниша„ (анг.: pendentive) [1] [2] [3] [4]
55. ПАРАКЛИС – Капела присоединета на Црквата или вклопена в неа; има посебна намена (пр. служи како крстилница, за помали или поусрдни Молитви и Богослужби) ; исто што и Капела или Ораториум (коине: παράκλις од (παρακ - exhorted) - потикнува, по усрдно)
56. ПАСТОФОРИЈА – (види ѓаконикон или проскомидија) Во раноХристијанските и византиските Цркви заедничко име за преѕидани простории на олтарската апсида. Ѓакониконот и Проскомидијата се Пастофории (пастофорија). Тие се симетрично поставени во Олтарот т.е. олтарните апсиди на страничните кораби, кои завршуваат во Светиот Олтар. Пастофориите претежно се јавуваат кај византиските базилики (коине: παστός - додатно и φόρος - носи)
57. ПЕВНИЦА – Може да биде и во бочните апсиди, а може да биде и крената на столб или на самиот ѕид т.е. Пулпитум или Аналој. [1] [2] [3]
58. ПЕЛТА – Декоративен орнамент во вид на полукружен штит, над портите и прозорите кој за разлика од лунетата (коине: πέλτη - полуотворен штит за копје на фалангата) [1] [2] [3]
59. ПЕРИСТЕРИОН – Име за воздушниот простор под балдахинот, до Олтарната Трпеза, тука од балдахинот висел сребрен или златен гулаб – символ на Светиот Дух кој слегува од Небото, денес се среќава и ноево јајце. (коине: περιστέριόν - гулаб)
|
Edited by beTon - 31-May-2009 at 20:21
|
|