![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 134135136137138 159> |
Author | ||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Тоа што се случи процес на затварање на ситната трговија како малите продавници и бутици за сметка на отварање на Вајкики,Зара,Рамстор,Џамбо (странски), тоа не е баш економско раздвижување...раздвижување би било отварање на нови од странство и зголемување на малите трговски бизниси. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Патиштата со дупки и небезбедни, посетителите се жалат на инфраструктурата во Кањонот Матка
Запоставена инфраструктура, несредени патишта со дупки, се дел од проблемите на кои наидуваат возилата и пешаците кои во слободно време сакаат да се рекреираат во Кањонот Матка, една од најатрактивните туристички дестинации во Скопје, но и во земјава и едно од најпосетуваните места од граѓани од земјава и од туристи, пишува Порталб.мк Ваквите патишта претставуваат вистински предизвик и се небезбедни и за возилата и за пешаците, кои го користат истиот пат. Порталб.мк анкетираше некои посетители кои ги сретна во ова туристичкото место, за тоа дали се задоволни од инфраструктурата што ја нуди Кањонот Матка. „Жално е што едно толку атрактивно туристичко место како Матка е оставено на милост и немилост на судбината без никакви сериозни планови за инвестирање или каков било обид за подобрување на сегашната состојба во Кањонот Матка. Убеден сум дека многу други земји би дале сé за да имаат вакво место и би го претвориле во вистинска атракција за нивните граѓани и странците. Но, иако некој го поседува, тие не знаат како да управуваат со истото и не се во можност прво да имаат корист за себе, а потоа да им понудат на граѓаните добро место каде што можат да се рекреираат. Посакувам општинските власти, но исто така и оние на градот Скопје, да направат поголеми напори да ги подобрат условите во Матка, затоа што на жителите на Скопје, но и на странските туристи им треба место како Матка каде можат да излезат и да се рекреираат“, вели еден граѓанин. Испитаниците изразија незадоволство и за проблемот со паркирањето на ова место „Патиштата се уништени, тесни се, а има проблеми и со паркирањето. Ваков дар од природата не смее да се остави без инвестиции во инфраструктурата – особено патишта. Мора да се создадат услови за посетителите, бидејќи во недела, кога има посетители од странство, скопјанец кој ќе реши да замине малку подоцна, скоро е невозможно да стигне до туристичкото место! “, Изјави за Порталб.мк еден граѓанин, „Толку убаво туристичко место како Матка, не ја заслужува инфраструктурата што ја има во моментов. Тесните патишта, со дупки се ноќна мора за туристите кои го посетуваат ова рекреативно место. Тие не се погодни ниту за пешачење ниту возење. Можеби ова е причината поради која ние често ја менуваме нашата дестинација, и наместо да одиме таму избираме да одиме на друго место. А, паркирањето е дополнителен проблем. Особено за време на викендите владее вистински хаос“, рече друг граѓанин. Да потсетиме дека Кањонот Матка уште од 2004 година чека повторно да биде прогласен за заштитено подрачје споменик на природата. Во меѓувреме, покрај лошата инфраструктура, во ова туристичко место продолжуваат да се појавуваат проблеми и се вршат незаконски активности, кои се спротивни на законот за заштита на природата. Додека Кањонот Матка ги чека административните процедури за прогласување за заштитено подрачје, моторните чамци и понатаму се присутни во езерото, а тие се строго забранети според одлуката за прогласување на Матка за споменик на природата. Исто така, и по поднесувањето две обвиненија од Јавното обвинителство во врска со нелегалните платформи, објектите сèуште „непоколебливо“ остануваат, додека узурпаторите немаат преземено никакви мерки за нивно отстранување. Според одлуката објавена во Службен весник во мај 1994 година, која сè уште е во сила, во Кањонот кој е единствен природен резерват, не само што се забрануваат какви било градби и градежни активности, што би го нарушиле интегритетот и изгледот на овој споменик природно, туку е забрането и движење на посетители без претходна најава. https://meta.mk/patishtata-so-dupki-i-nebezbedni-posetitelite-se-zhalat-na-infrastrukturata-vo-kanonot-matka/ https://portalb.mk |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ФОТО: Жителите на Тафталиџе ќе одлучуваат за изгледот на улица „Париска“
![]() Жителите од населбата Тафталиџе 1, особено оние кои живеат на улицата „Париска“ се заинтересирани со своите предлози и идеи да учествуваат во претстојната реконструкција на улицата. Неодамна Општина Карпош ги повика да земат учество и сами да одлучуваат околу идниот изглед на „Париска“, што досега не е вообичаена практика за локалните власти. -Вклучувањето на граѓаните кои се директно или индиректно засегнати со реконструкцијата на улицата „Париска“ преку јавен повик од локалната самоуправа, резултрираше со голем одзив и растечка заинтересираност кај жителите од овој дел од општината. Граѓаните на овој начин имаат шанса најдиректно да учествуваат во креирањето на своето опкружување, во случајов инфраструктурата – објаснуваат од Карпош. Досега, како што велат оттаму, по сите канали на комуникација, телефонски, на мејл и преку апликацијата „мЗаедница“, проистигнале дваесеттина сугестии и предлози околу тоа како би требало да изгледа „Париска“. Од Општината истакнуваат дека покрај индивидуалните сугестии од некои жители на овој дел од Карпош, најчесто пристигнуваат колективни барања, односно обраќања од цели куќни совети или група на граѓани. Најголемиот дел од предлозите се однесуваат на хигиената, рекреацијата на страничните простори, или како што велат самите: „Сакаме чиста улица на која се рамноправни сите, пешаците, лицата со посебни потреби, велосипедистите и автомобилите“. Многу често граѓаните потсетуваат дека задолжително треба да има велосипедска патека која ќе комуницира со велосипедските патеки по другите булевари и улици – велат од Општина Карпош. Општината аплицираше за средства за реконструкција на улицата „Париска“ во рамки на проектот за поврзување на локалните патишта, кој го спроведува Министерството за транспорт и врски со поддршка на Светска банка, но еден од критериумите беше вклучување на граѓаните во сите фази од реконструкцијата – од увид во проектната документација до мониторинг на изведбата на градежните работи. Вклученоста на граѓаните ќе биде во сите претстојни фази од имплементација на проектот, спосебен акцент на заштитата на животната средина, односно граѓаните, во интерес на транспарентноста ќе бидат вклучени во секоја наредна фаза на работа, сé до предавање на улицата во употреба – прецизираат од Општината. Реконструкцијата на улицата треба да започне по завршување на сите неопходни процедури кои се пропишани од инвеститорот Светска банка , а од Карпош очекуваат тоа да биде во првиот квартал од идната година. Улицата „Париска“ е една од пофреквентните во овој дел од Карпош, долга 406 метри. https://www.slobodenpecat.mk/foto-zhitelite-na-taftalidhe-ke-odluchuvaat-za-izgledot-na-ulicza-pariska/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Со скратувањето на едната лента на ул.Никола Карев во насока кон Транспортен за да се изведе вело патеката сега деновиве веќе приметувам колона возила која достига до депото на пајакот што порано беше многу ретка појава.Тротоарот од десната страна е доволно широк да се направи комбинирана патека(вело+пешачка) отколку стеснувањето што го направија и плус сеуште немаат наредено гумирани столбчиња вдолж целата улица.
|
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Улица „Бојмија“ (што оди паралелно на ТЦ „Скопјанка“) најверојатно ќе ја прават еднонасочна. Видов дека поставиле и некое известување покрај паркираните автомобили на самата улица (претпоставувам дека е за да се тргнат автомобилите за да направат обележување - хоризонтална сигнализација). Најсмешно ќе биде ако обележат да има две сообраќајни ленти, наместо една сообраќајна со паралелно паркирање, а тука се паркираат автомобили со години. Но не би ме чудело нашиве генијалци во државава да продолжат без обележување на паралелно паркирање по еднонасочни улици.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Исто треба да прават и на ул.Симеон Кавракиров веќе месец дена ја чистат со пајак сега е комотна незнам што планираат,ако сакаат едносмерна да биде тогаш колите може да си останат паралелно паркирани нема да пречат.?Можеби ќе наплатуваат паралелно паркирање т.е ќе го направат зонско,немам друга идеа? |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Зонско, со плаќање, без... Како и да е, но не може во цел свет да постои паралелно паркирање (обележано, не диво) само кај нас како да не им текнува дека може така да обележат (па на полагање за возачка на полигон има цела вежба само за тоа - паралелно паркирање). Искрено, не ми ни текнува каде во Скопје има обележано паралелно паркирање. |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
верните скопски шофери стојат на репутацијата, па ги заобиколуваат возилата преку велосипедската патека баш за вакви проблеми зборев што тек допрва ќе ги гледаме ако се спои булеварот со Кисела Вода |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово. ![]() https://www.facebook.com/marinzlatko |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Конечно, нешто паметно. Сега уште и тротоар да направат на улицава и ќе биде добро.
Edited by skopskodete - 04-Nov-2020 at 13:33 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Типично,асфалтирај па прекопај
ул.Васил Ѓоргов ![]() https://www.facebook.com/Skopje.Skopska/ |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Срамота!
Инаку има уште еден кикс на Васил Ѓоргов, кај рамстор има нацртано стрелка на асфалтот за вртење во улуца која е едносмерна ![]() |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Со толку нови згради што константно се почнуваат и завршуваат за година-две партал ќе ја направат од разни приклучоци,секоја крпеница е или пониска или повисока,негде се спомна дека новоасфалтираните улици не смее да се копаат во наредни 3 години ама чинам тоа многу не се почитува и реално не е возможно да биде така поентата е да се натераат сите оние што прават било каков прекоп да го вратат во првобитна состојба.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА ВОСТАНИЧКА ВО КИСЕЛА ВОДА
Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Востаничка во општината Кисела Вода. Оваа значајна сообраќајница се реконструираше на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На делницата долга 1.100 метри се обновени коловозот и рабниците, а се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, онаму каде што беше неопходно. На барање на граѓаните, на тротоарите на раскрсниците на улицата Востаничка ќе бидат поставени столпчиња за да се зголеми прегледноста и безбедноста на раскрсниците, за сите учесници во сообраќајот. Значајно е да се нагласи дека при оваа реконструкција е решен и еден горлив проблем што со години ги мачеше граѓаните од овој дел на градот – на улицата Востаничка беше обновена водоводната мрежа и беа изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување. Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа предмет на реконструкција минатата година. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Пак ја раскопале новоасфалтираната ул.Васил Ѓоргов сега нешто имаат проблем со шахтите...(од твитер)
![]() |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
реално, во 90% од случаите, дупките на улиците не ни се од пропаднат асфалт, туку од катастрофални крпеници од интервенции на водовод и други инсталации... ама ова со Васил Ѓоргов е трагикомично и ме тера да ми е жал што сум од градов
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Се „реконструира“ реконструираната улица „Васил Ѓоргов“. Ископан е свежопоставениот асфалт околу повеќе шахти и сливници. Така, наместо по нов и рамен асфалт, возилата повторно минуваат преку дупки(од твитер)
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
„Реконструкција“ на реконструираната „Васил Ѓоргов“
https://360stepeni.mk/se-rekonstruira-rekonstruiranata-ulitsa-vasil-gorgov/ |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() Уствари ова се сите локации на кои беа дупките ![]() |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Квалитетно и во рок завршена рехабилитација на бул. Александар Македонски.
![]() ![]() https://www.facebook.com/ДГ-Бетон-АД-Скопје |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 134135136137138 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |