![]() |
![]() |
![]() |
Право на пристап до гаража, без да плати за врата |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
martin.taleski ![]() Newbiе ![]() Joined: 18-May-2016 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() Posted: 07-Aug-2020 at 18:05 |
Имам едно прашање на тема закон за домување / право на пристап до имот.
Имаме ситуација каде што формираме заедница на сопственици на гаражи за да се среди гаражен простор кој е запуштен, да се стави врата со даљинско, светло и слично. Здружението е формирано како гаражен совет (сопственици на посебни простории), слично на куќен совет според закон за заедничко домување. Имаме ангажирано фирма која ќе ги брка сите админстративни работи. Како по обичај, има мал дел од сопствениците што не сакаат финансиски да учествуваат од различни причини, и се противат на ставање на врата. Се повикуваат на закон за сопственост, дека не смее новоформираното здружение да стави врата на главната пристапна рампа, и да им ограничи право на пристап до нивната гаражата. Имаат и мислење од адвокат кое е на нивна страна, и се закануваат дека ќе тужат ако им го ограничиме пристапот. Од друга страна фирмата што го работи куќниот совет, вика дека со 51% гласови од сопствениците на гаражите смееме да ставиме врата, дури и да ја наплатиме и од останатите што не се согласуваат. Дали има некој со слична ситуација да знае каков бил исходот? Не сакаме да се тужиме и да одиме со градежни инспекции, чисто сме во недоумица, бидејки различни правници ни даваат спротивни одговори. Слична ситуација е да речеме во зграда да се става домофон и врата со клуч, а некој од станарите да не сака да плати за тоа? Дали му следува клуч и без да плати, чисто за да може да го оствари правото на пристап? Edited by martin.taleski - 07-Aug-2020 at 21:24 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
За куќен совет важи правилото 51% и може да се тужат тие што не плаќаат. За гаражен совет не знам како е регулативата. Кај нас исто се организираа и функционираат без проблеми.
|
|
![]() |
|
martin.taleski ![]() Newbiе ![]() Joined: 18-May-2016 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
Да може да тужат ако не плаќаат, ама прашањето е дали му следува клуч/даљинско од заедничка врата ако не плати? Проблемот е што инвестицијата кошта ~100 eвра од гаража, и не сакаат од здружението да дадат даљинска за заедничката врата на некој што не платил.
Би требало под истиот закон се и куќен и гаражен совет, така да важи истото што важи и за влезови. Edited by martin.taleski - 07-Aug-2020 at 21:23 |
|
![]() |
|
Lorelei ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 16-Sep-2020 Online Status: Offline Posts: 5 |
![]() ![]() |
Прочитај си Закон за градежно земјиште и Закон за сопственост - мислам дека тоа е над прописите за куќен совет т.е. не може да им спречите пристап и доколку дојде работата до суд, ќе изгубите.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ако им дадете клуч во тој случај неможе да стане збор дека им е ограничено правото на пристап. Така да за да бидете во согласност и со законот за домување и со правото на пристап, дајте им клучеви, можда даљинско и немора зашто само со клуч е запазено правото.
На сила пари неможе да се наплатат туку така одма, тоа мора да биде оптужен долг од фирмата која ќе стопанисува легално избрана со над 51% сопственици, па после тужење да иде на извршување и дури тогаш ќе се наплатат парите. Мајмуни знаат дека ова долго трае и затоа го злоупотребуваат. Крај крајева и не му се дава на секој туку така 100 евра и треба и за тоа да имате разбирање. Да сумирам, мислам дека најпаметно е да пробате да се договорите со нив некој принцип пола-пола, што и да е, само да е вонинституционално и прво со добро. Макар и лошо сељачко решавање со закани, тепачки и расправии може да биде поефикасно од тужакање, колку ова и да звучи глупаво. ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |