Автопат Гостивар - Кичево |
Post Reply | Page <1 2345> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #61 Posted: 27-Jan-2021 at 08:24 |
Груби од денешната владина седница: Одобрена изградбата на три автопати
Првиот вицепремиер Артан груби информира дека на денешната 41 седница на Владата била одобрена годинешната програма за работа на ЈП „Државни патишта“ според која во 2021 започнуваат со изградба три автопати од Коридорот 8. Станува збор за автопатите од Кичево до Гостивар, од Гостивар до тетово кој треба да биде проширен на три ленти и делницата Требениште - Струга - Ќафасан, односно до македонско-албанската граница, со кој ќе треба да биде комплетиранано поврзувањето на коридорот. „КОРИДОРОТ 8 се реализира. Владата ја одобри програмата на претпријатието за патишта, која, меѓу другото ги опфаќа и патните правци (автопати): Ќафасан - Струга - Требениште, Гостивар – Кичево,Тетово - Гостивар. Коридорот 8 се комплетира, ВЕТУВАЊАТА СЕ ИСПОЛНУВААТ“, напиша Груби на Фејсбук. https://faktor.mk/grubi-od-deneshnata-vladina-sednica-odobrena-izgradbata-na-tri-avtopati |
|
T1
Newbiе Joined: 27-Jul-2020 Online Status: Offline Posts: 7 |
Quote Reply #62 Posted: 27-Jan-2021 at 10:58 |
Tolku se razbira ovoj G-din Artan Grubi.
Toa sigurno ne e odobruvanje na izgradba, tuku stanuva zbor za odobruvanje za otpocnuvanje na procedura za proektiranje na istite i izgotvuvanje finansika konstrukcija. Daleku sme nie od otpocnuvanje na izgradba. Spored mene uste edno 5 godini minimum do raspisuvanje na tender za Izvedba. Plus na toa stavete uste 7 godini izvedba posto toa e mnogu slozen teren taka da nie sme minimum 12 godini od izgradba na ovie avtopati. No kako i da e mora da se tresne nesto kolku da ima za sto stampata da pisuva. Pojma nemaat ovie nasive politicari sto se treba za edni vakvi proekti. Nejse. Taka si bilo i taka ke si ostane. Pozdrav |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #63 Posted: 27-Jan-2021 at 17:42 |
Пораката е сосема друга во умот на дотичниот: "Еве државата ќе гради три автопата од интерес на албанците, и уште побитно, ниеден од значење за другите!" Три автопата да може да се снимаат уште многу >200 kmh видеа на ТикТок и да може побрзо и оние останати постојани жители на подјабланичкиот мегалоселис да се иселат у Швајцарија.
И повторно најгорливиот проблем од интерес на неговите гласачи не го споменал. Автопат Тетово-Јажинце со голема клучка на 4 страни на влез во Тетово како единствен пат кој според многу анализи заслужува да прерасне во автопат. Бројките тоа го покажуваат во многу независни анализи една од друга, нализа на ЕУ, анализа на МК (ПГДС), Гоогле трафицк. Ама у тоа не се разбираат, па еве вака политички ќе "изградат" понекој автопат, исто како што до сега го "изградија" Скопје-Блаце. Edited by user8642 - 27-Jan-2021 at 17:45 |
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #64 Posted: 28-Feb-2021 at 18:34 |
Што ќе кажете за рутава? Тетово - Гостивар да биде автопат разделен, слично како Катланово - Велес што е, па после да се спои. Пред Гостивар ќе се спојат двата дела од автопатот во Еден, и би имало една труба клучка. Вака со оваа рута се оди кон најлесниот дел по планината, има и еден голем тунел и после искача према другата страна. Веднаш после Гостивар пред таа планина ќе има доста искачување. Решение може и вакво да се примени: Ова е во Хрватска, и навистина извонредно направено. Од едно 250 метри надморска височина се искачува на 600 - 650. Еве точно каде се наоѓа: https://www.google.com/maps/place/23243,+Jasenice,+Zadar+County,+Croatia/@44.2500724,15.5997109,13z/data=!4m2!3m1!1s0x4761bfc88d224119:0x17e227220bdb809?force=pwa&source=mlapk |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #65 Posted: 16-Mar-2021 at 09:38 |
ЕКСКЛУЗИВНО! Груби: Коридорот 8 ќе го изгради компанијата „Bechtel – ЕNKA“, по принципот „клуч на рака“ до 2024
Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно откри која компанија ќе го изгради коридорот 8, односно патот Гостивар – Кичево, и Струга – Ќафасан (граница со Албанија), со што ќе се комплетира цел коридор. „Очекуваме од автопатот Кичево – Струга да биде завршен до тогаш. Идејата е, според разговорите со компанијата „Bechtel – ЕNKA“, коридорот 8 да биде целосно завршен по принципот „клуч на рака“ до 2024 година. Bechtel – ЕNKA“ е американско-турска компанија која го изгради и автопатот Приштина – Блаце. „Во петок имам состанок со компанијата „Bechtel – ЕNKA“. Ќе ги издефинираме деталите и ќе предложиме закон во Собрание за изградба на коридор 8. Еве ја предизвикувам опозицијата да дебатираме за овој капитален проект“, посочи Груби. https://mk.tv21.tv/ekskluzivno-grubi-koridorot-8-ke-go-izgradi-kompanijata-bechtel-enka-po-printsipot-kluch-na-raka-do-2024/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #66 Posted: 17-Mar-2021 at 09:05 |
Коридорот 8 ќе го гради „Bechtel-ENKA“ – Рустеми: Овој автопат ќе биде готов до 2025 година
https://mk.tv21.tv/koridorot-8-ke-go-gradi-bechtel-enka-rustemi-ovoj-avtopat-ke-bide-gotov-do-2025-godina/ |
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #67 Posted: 17-Mar-2021 at 19:53 |
Цел коридор 8 до 2025 готов?!?!?!
Да видам не верувам. На овие ништо веќе не им се верува. Да не мислеле 3025??? Или пак дека ковид вакцините ќе стигнат во 2025, сигурно на тоа мислеле. Се надевам дека сум грешка. Тука има нешто сумљиво 100%. |
|
Blagh
Groupie Joined: 10-Feb-2013 Online Status: Offline Posts: 41 |
Quote Reply #68 Posted: 17-Mar-2021 at 21:27 |
Интересен текст околу фирмата која се спомнува дека би го градела. Дали и кај нас е избрана со директен договор? Оригиналниот текст е објавен во Foreign Policy
|
|
Realistic88
Newbie Joined: 24-Dec-2019 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 28 |
Quote Reply #69 Posted: 20-Mar-2021 at 02:45 |
Ne sum optimist deka ke bide zavrhsen do 2025. Site ovie politicari se isti. Znaci kako si naddavame godini kako i da e za neveruvajne e.
Gledate vo 2025 nema da bide gotovo i togash nekoj drug ke kaze, 'da potpishan e aneks, ke bide zavrsheno do 2039'' bullshit |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #70 Posted: 30-Mar-2021 at 15:23 |
Груби по владината седница: Американски „Бехтел“ ќе го гради Коридорот 8
Владата ќе потпише Меморандум за соработка за изградбата на Коридорот 8 со американската компанија Бехтел Енка, соопшти денеска првиот вицепремиер Артан Груби кој преседавал денеска на седницата на Влада. Потпишувањето на меморандумот е утре во Скопје а тоа ќе значи дека оваа компанија ќе треба и да го гради автопатот долж овој коридор односно Тетово - Гостивар, Гостивар - Кичево и Требениште - Струга- Ќафасан. Првиот вицепремиер Артан Груби претходно на 19 март годинава објави и дека остварил средба со претседателот на компанијата „Бехтел“ одговорен за глобални политички и надворешни работи, Стујард Џонс, поранешен висок службеник на американскиот Стејт Департмент. „Заедно разговаравме за можноста за вклучување на познатата компанија „Bechtel“ во изградбата на Коридорот 8. Модернизацијата на Коридорот 8 и неговата реконструкција е од особено значење за Северна Македонија поради нејзината регионална поврзаност и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од големо економско значење за земјата“, објави Груби. Медиумите пишуваа дека „Бехтел“ е најголемиот американски контрактор, но зад себе има историја на спорни, односно неисплатливи и недовршени изградби преку директни договори во Косово, Хрватска и Романија. https://faktor.mk/grubi-po-vladinata-sednica-amerikanski-behtel-kje-go-gradi-koridorot-8 |
|
Marxentric
Senior Member Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
Quote Reply #71 Posted: 30-Mar-2021 at 17:26 |
Поголем доказ за провизии од патиштава здравје. УЧК не направија ништо во корист на економијата и инфраструктурата веќе 20 години и одеднаш се заинтересираа за автопати, форсирајќи ја баш криминалната компанија која градеше во другите делови на Републикес е Иљирид.
Нашиве лидери нормално ќутенката, тука отстапуваат ДУИ да лапа пошто нели тоа е нивна територија, ама затоа тие ќе лапаат на другите траси. И така. |
|
WolfLeader
Senior Member Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
Quote Reply #72 Posted: 30-Mar-2021 at 19:50 |
Vmro bile losi ....
|
|
Urbanista
Newbie Joined: 28-Dec-2020 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 36 |
Quote Reply #73 Posted: 30-Mar-2021 at 20:31 |
А до кај е Охрид Кичево или небитно...
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #74 Posted: 31-Mar-2021 at 16:18 |
„Бехтeл Енкa“ без тендер ќе ги поврзува Ќафасан со Блаце и Битола со Прилеп заради побрза изградба на автопатите
Американскиот контрактор „Бехтел Енка“ ќе го гради Коридорот 8, односно автопатите Тетово - Гостивар, Гостивар - Кичево и Требениште-Струга-Ќафасан, како и автопатот Прилеп - Битола без распишување на тендер, туку преку модел кој ќе треба да биде одобрен од пратениците во Собранието. Ова денеска го потврдија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и првиот вицепремиер Артан Груби по потпишувањето на меморандумот за разбирање со веќе избраниот оператор од САД. Вицепремиерот Бочварски вели дека по овој модел, американскиот изведувач сам ќе ги изгради овие важни проекти по најкусо можно време, наместо да има застој со години како што е примерот со автопатот Кичево- Охрид и пругата кон Бугарија. - Ова е модел без тендер, со пристап кон нова постапка. Од утре ќе се креира процес во кој биде вклучена стручната фела, но договорот треба да биде изгласан во Собранието. Нема да се оди со постапки за проектирања, ревизии, и други постапки за градба. Тоа го води самиот изведувач. Така ќе се избегнуваат судските постапки, а од друга страна имаме силен изведувач. На автопатот Кичево - Огрид и пругата кон Бугарија имаме големи проблеми со реализацијата. Овие примери се доказ дека треба да се обидеме со овој модел кој дава брзи и ефикасни резултати., рече Бочварски. Според министерот, ова е модел кој ги дава најбрзите и најоптимални резултати, бидејќи досегашното искуство покажало дека со години проекти се одолговлекуваат поради проектирање и проблемите кои настануваат поради неусогласеност на изведувачите, проектантите и надзорот. Бочварски вели дека со новиот проект нема да има повеќе калкулантски игри. Цената што ќе биде понудена се уште не се знае. - Колку би чинело не се знае, експертите треба тоа да го проценат како пакет кој ќе биде презентиран пред пратениците во Собранието. Тоа ќе го покаже техничката документацијата и анализите. Треба да се знае дека ќе има изградба на мостови, тунели, вијадукти, натпатници, тврди Бочварски. За видепремиерот Груби ова е проект кој ќе биде брз и ефикасен бидејќи е под покровителство на САД, а компанијата веќе се докажала во Косово, Албанија и Србија. - И од политички аспект станува збор за добра можност, тој добива нова геополитичка тежина. Со овој меморандум ќе овозможиме преструктуириање на постоечката инфраструктура и нови градби. Исто така, важен е од енергетски аспект за економијата., кој лесно ќе ги поврзе Ќафасан и Блаце, изјави Груби. https://faktor.mk/behtel-enka-bez-tender-kje-gi-povrzuva-kjafasan-so-blace-i-bitola-so-prilep-zaradi-pobrza-izgradba-na-avtopatite |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #75 Posted: 01-Apr-2021 at 09:38 |
Потпишан договор за изградба на коридорот 8 – „Амин“ ќе чека од Собранието
Потпишан договорот за изградба на коридорот 8 и 10 со американската компанија Бечтел Енка. Работите ќе започнат тогаш кога ќе се изготви законот кој треба да се изгласа во Собрание. Од утре во влада ќе се формира работна група каде ќе се подготви акциски план за целиот проект. Директорот на претпријатието Државни патишта вели дека коридорот 8 ќе биде готов до крајот на мандатот односно до 2025. „Се надеваме дека на брз начин ќе се донесе законот и по донесувањето веднаш ќе почнеме, се надеваме дека годинава ќе почнеме со градежните активности. Според разговорите кои ги водевме, доколку немаме административно доцнење, до крајот на 2025 година ќе ја имаме изградбата на автопатот на коридорот 8“, истакна Ејуп Рустеми. Првиот вицепремиер Артан Груби рече дека изградбата на коридорот ќе го подобри квалитетот на живеење на граѓаните и економијата во земјава. „Коридорот 8 претставува добра можност за РСМ било тоа од политичка гледна точка бидејќи со тој коридор земјата ќе добие нова геополитичка вредност како поврзувачки мост меѓу балканските земји. Проектот ќе поминува низ Тетово, Гостивар, Кичево, Требеништа во Струга до Ќафасан“, посочи Артан Груби. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека со оваа инвестиција се модернизира коридорот 8 и 10. Тој додаде дека нема да дозволат доцнење на изградбата на патиштата како што се случувало до сега. Целиот проект се уште не се знае колку ќе го чини државниот буџет. Инаку коридорот 8 е сообраќајна делница која треба да ги поврзе Северна Македонија, Бугарија и Албанија. Бугарија и Северна Македонија така ќе имаат поголем пристап до Запад а Албанија како и другите земји се надева на економски пораст. https://mk.tv21.tv/potpishan-dogovor-za-izgradba-na-koridorot-8-amin-ke-cheka-od-sobranieto/ Edited by stef4o - 01-Apr-2021 at 09:39 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #76 Posted: 01-Apr-2021 at 10:43 |
По скандалите во Косово, Романија и Хрватска, Бехтел ќе гради автопатишта и во Македонија
Во ноември 2013 година, Косово доби 77 километри долг и модерен автопат со четири ленти „за само" 1,3 милијарди долари, односно за речиси 17 милиони долари за еден километар. Целиот овој проект заврши како голем скандал, а на неисплатливоста предупредуваа и ММФ и Светската банка, пишува угледниот Форин полиси. Изведувач на работите беше американска градежна фирма Бехтел, а вчера македонската влада потпиша меморандум за изградба на коридорите 8 и 10 со американско-турската компанија Бехтел-Енка. Еден од главните промотори на проектот во Косово беше американскиот амбасадор во Приштина кој потоа заврши како претставник на Бехтел во Мозамбик. Еве делови од истражувањето на Форин полиси објавено на 30 јануари 2015 година: ММФ и Светска банка уште пред почетокот на изградбата на автопатпот во Косово велаеа дека таков автопат е економски неисплатлив. Денес тој автопат е практично празен и се користи со само една третина неговиот капацитет, за што зборуваат и локалните сообраќајни податоци и проценките на меѓународни институции. Автопатот минува низ еден од најсиромашните џебови на југоисточна Европа. Еден од тројца Косовари живее во сиромаштија (со помалку од 2,18 долари дневно) и се соочува со сериозни инфраструктурни недостатоци (во 2012 година, 58% од домаќинствата имале „пак снема вода“ на дневна база). Во 2013, дури секој седми Косовар имал кола што е една од најниските стапки на поседување автомобил во Европа. „Црната асфалтна вена денеска штрчи во балканскиот пејсаж, како да ѝ се потсмева на околната сиромаштија во некоја сурова Дикенсовска шала.“ Уште е нејасно кому требаше да му служи толку амбициозен автопат. Јасно е само дека тој проект е само еден од балканските проекти на изведувачкиот гигант Бехтел кој е поврзан со високи цени, слаба транспарентност и сомневања за корупција. Шестмесечен истражувачки проект на новинарската школа на калифорнискиот Беркли вели дека проектите на Бехтел се непотребен луксуз за земјите во кои се градело и дека проблемите биле видливи и пред да бидат удрени првите лопати. Улогата на тогашниот амбасадор на САД во Косово, фамозниот Кристофер Дел, кој по своето влијание и улога во косовските политики имал ранг на монарх е дел од тоа проблематично бришење на линијата меѓу американската надворешна политика и корпоративните интереси. Дел јасно и гласно го брани автопатот за кој договор беше потпишан во 2010 година, иако потребата од него ја доведуваат во прашање многу релевантни меѓународни институции. На пример Светската банка во чиј извештај од истата таа 2010 година се вели дека само две од деветте секции на патот (оние кои се најблиску до Приштина) ќе бидат економски исплатливи. Кристофер Дел ја напушта Приштина во 2012 година, прифаќа една друга дипломатска позиција за веќе следната, 2013, да се пензионира од Стејт Департментот. Само еден месец подоцна, Бехтел го ангажира Дел како свој специјален претставник во Мозамбик. Бехтел е баш гигант; станува збор за најголемиот американски контрактор по приходи додека глобално се трети. Имаат 54.000 вработени во речиси 40 земји и пред десетина години вртеле 40 милијарди долари годишно. Во 1998 корпорацијата постигна договор за градење автопат во Хрватска, во директни преговори и без наддавање. Кога хрватскиот шеф на дипломатијата лобира за втор договор со Бехтел по урнек на првиот, се открива дека тој претходно работел за вашингтонската правна фирма Патон Богс која имала договор за лобирање со - Бехтел. Под притисок на ЕУ, Хрватска се откажа од директно договарање и отиде на јавен тендер. Сличен e случајот и со Романија каде во 2003 година беше постигнат директен договор за модернизирање на речиси непостоечки автопат, за цена од 2,7 милијарди долари. Проектот станува 10 годишна ноќна мора за обете страни; одложувања, спорови, меѓусебни обвинувања за уцени и корупција. Сув остаток: за добиени 64% од парите, Бехтел испорачал 12,5% од договорот. Надвор од вклучените страни, ретко кој го видел договорот за косовскиот автопат; тоа не му успеало ни на специјалниот меѓународен претставник на Косово Питер Феит, кој комплетно бил тргнат настрана. „Беше бизарно еден западен дипломат (мисли на американскиот амбасадор - н.з.), така директно да се спротивстави на препораките од Светската банка и ММФ. Незамисливо е поради бизнис интереси да се дискредитира целата меѓународна мисија на Косово која се темели на борба против корупција, јакнење на институции и промовирање на владеењето на правото“, вели холандскиот дипломат Феит. Полн со самодоверба бидејќи работи под диригентска палка на американскиот амбасадор, тогашниот косовски премиер Хашим Тачи во серија приватни писма ја обвинува претставничката на Светската банка дека погрешно го оценува менаџирањето на големите проекти на неговата влада и дека автопатот е договорен во најдобар интерес за косовскиот народ (подоцна со подигнување на хашко обвининие против него, ќе биде потсетен дека не е само Америка на светов). Фрапантната сума од 1,3 милијарди долари е постигната на веќе виден начин, со договор кој вели дека конечната цена ќе биде утврдена откако сè ќе биде завршено, што остава простор за безброј анекси на договорот. „Никој не беше против пат, ама беше против начинот на кој беше договорен и изграден. Можевме да имаме и убав пат и да ни останат пари за здравство и образование“, вели Љумир Абдиџику, извршен директор на Риинвест институтот за развојни истражувања во Приштина. Според некои протечени делови од договорот, во него има навистина бесрамни ставки: на пример се предвидуваат 53 милиони долари за пренесување на опремата и механизацијата. А таа била на самата граница (со Албанија) бидејќи Бехтел го градел и тој дел од автопатот. Само за преминување на границата - 53 милиони долари. „Правилото гласи: која држава бомбардира, таа држава после ги добива договорите,“ вели за ФП западен консултант со повеќегодишно искуство од Балканот. Бомбите се скапа работа“. https://www.mkd.mk/makedonija/politika/po-skandalite-vo-kosovo-romanija-i-hrvatska-behtel-kje-gradi-avtopatishta-i-vo |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #77 Posted: 05-Apr-2021 at 08:16 |
Придобивките и важноста на Коридорот 8 – Рустеми: Ќе влијае врз зголемувањето на трговската размена
Пред неколку дена се потпиша договор за изградба на Коридорот 8 со американската компанија Бехтел Енка. На потпишувањето на меморандумот учествуваше и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс. Градежните активности ќе почнат кога ќе се подготви законот кој треба да се усвои во Собрание. Но, кои се придобивките од овој проект!? Со изградбата на коридорот 8 отворањето нови економски полиња е неизбежно. Економијата на земјата ќе има директна но и индиректна придобивка, од транзитот на камионите меѓу Албанија и Бугарија, се вели во анализата на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Директорот на ЈП „Државни Патишта“, Ејуп Рустеми, вели дека овој коридор има голема важност бидејќи го поврзува Истокот со Западот, со што, како што вели, ќе влијае на зголемувањето на трговијата меѓу соседните држави. „Коридорот 8 е многу важен бидејќи го поврзува источниот и западниот дел. Кога зборуваме за коридорот 8, зборуваме од Деве Баир на границата со Бугарија до Ќафасан на граница со Албанија. Всушност е врска меѓу Исток и Запад и доколку гледаме, сега имаме активности во целиот коридор 8 и наш приоритет, на Владата и ЈП „Државни патишта“ е целосната изградба на Коридорот 8“, истакна Ејуп Рустеми. Според анализата на СКСЗМ, Коридорот 8 е важен не само за зголемување на трговската размена меѓу РСМ и Албанија, туку и со Бугарија, која за транспортот на стоки ќе треба го користи овој коридор. „Со изградба на Коридорот 8, видно се зголемува трговската размена меѓу нашата земја и Албанија, Бугарија и повеќе од тоа“, се вели во анализата на СКСЗМ. Коридорот 8 треба да се простира од Варна Бугарија до Драч Албанија со целосна должина од 1 350 километри. Рустеми вели дека овој проект ќе биде готов до крајот на 2025. Според СКСЗМ државата може да има значителни приходи од транзитот на возила низ коридорот 8 само од увоз и извоз, неземјаќи го предвид внатрешниот транспорт. https://mk.tv21.tv/pridobivkite-i-vazhnosta-na-koridorot-8-rustemi-ke-vlijae-vrz-zgolemuvaneto-na-trgovskata-razmena/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #78 Posted: 10-Apr-2021 at 17:21 |
Интервју со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми
Владата склучи меморандум со Бехтел-Енка за изградба на автопати за „Коридорот осум“. Но, меморандумот е потпишан без да се објави меѓународен тендер. Непознат е и критериумот, и процедурата, зошто токму оваа фирма, која градеше патишта во албанија и косово, е одбрана на ваков начин. Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, се уште не се завршени сите детали околу овој договор, а не се знае ниту задолжувањето, ни каматната стапка за патот, кој како што вели Рустеми, ќе се гради според така-наречениот жолт фидик – иста фирма да е и проектант, и изведувач. https://telma.com.mk/2021/04/10/интервју-со-директорот-на-јп-за-државн/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #79 Posted: 13-Apr-2021 at 16:27 |
Невладини алармираат за ризик од корупција во директната зделка со „Бехтел&Енка“
https://360stepeni.mk/video-nevladini-alarmiraat-za-rizik-od-koruptsija-vo-direktnata-zdelka-so-behtel-enka-za-izgradba-na-avtopati/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #80 Posted: 05-May-2021 at 18:02 |
Кога ќе биде готов Kоридорот 8? – Бочварски: Се спрема документацијата за автопатот Гостивар – Кичево
https://mk.tv21.tv/koga-ke-bide-gotov-koridorot-8-bochvarski-se-sprema-dokumentatsijata-za-avtopatot-gostivar-kichevo/ |
|
Post Reply | Page <1 2345> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |