Маџир Маало |
Post Reply | Page <1 12131415> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #261 Posted: 04-Nov-2020 at 13:01 |
Маџирмаалска убавица од 1932...
... Куќа на фамилија Камчеви ... ... ... Хостел Кеј ... од 1954г https://www.facebook.com/МаџирМаалци |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #262 Posted: 04-Nov-2020 at 14:07 |
Отсечениот дел од маалото кој сега е во О.Аеродром(од фб)
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #263 Posted: 18-Feb-2021 at 10:08 |
Маџир маало+Ново маало Skopje Makedonija
До 5:14 Маџир маало потоа Ново маало |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #264 Posted: 20-Feb-2021 at 18:21 |
од фб
... на ул.Преспанска ... |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #265 Posted: 11-Apr-2021 at 12:09 |
ДУП Градска четврт И 01 – Маџир Маало 1
Според планот на делот зад НБРМ се предвидени 3 станбени(од кои 1 изградена) и 2 згради со намена Б5 ... во делот поред самиот кеј се предвидени 6 згради А2 и една Б5 сепак во овој детален план голем простор е даден за булеварот Крушевска Република кој изгледа опфаќа голем дел од куќите што се близу НБРМ Иначе каде треба да се спојува овој булевар,неможам да видам убаво од планот? Очигледно добар дел од куќите што се на трасата ќе го нагрдуваат просторот уште долго време...или грешна претстава имам? http://www.centar.gov.mk |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #266 Posted: 11-Apr-2021 at 15:10 |
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #267 Posted: 11-Apr-2021 at 21:08 |
да е само тој план да речеш... вака глава ќе ти пукне ако мислиш за све |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #268 Posted: 29-Jun-2022 at 17:28 |
УО1/МАЏИР МААЛО
Урбанистички проект на дел од планскиот опфат со решение на партерот и со идејни архитектонски проекти на објектите https://www.facebook.com/profile.php?id=100011046849361 |
|
Carpe diem
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #269 Posted: 01-Jul-2022 at 22:49 |
не е лошо, далеку подобро од тоа што се случива во моментов, ама не ми е јасно зошто во секој план се инсистира на стариот грид на средновековни улички (дури и вака проширени) коха овој дел е комплетно остесечен од било каква сообраќајна мрежа (освен Крушевска република) и единствено што му треба е пристапни улици и паркинзи, а просторот може да се ослободи за било каков распоред на објекти/блокови |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #270 Posted: 02-Jul-2022 at 09:01 |
Да,но искрено не верувам дека нешто вакво ќе се реализира и прифати,по последните измени имаше само некои минимални измени некои парцели станаа со намена за хотел Б5 и требаше да се вцрта градинка.Но сепак мислам дека ќе се продолжи со досегашниот концепт на мали зградички односно секоја куќа или две ќе се претворат во зградички.
|
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #271 Posted: 09-Feb-2023 at 14:37 |
48 ХОТЕЛИ И 50 ЗГРАДИ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ГРАДАТ ВО СКОПСКО МАЏИР МААЛО, НОВИОТ ДУП ГОТОВ, СЕ ЧЕКА УСВОЈУВАЊЕ ОД СОВЕТОТ
Во скопско Маџир Маало ќе можат да се градат 48 хотели, 50-тина згради и два деловни објекти, според новиот Детален урбанистички план Градска четврт И 05 – Маџир Маало 2. Во планот сега е зацртана и маркичка за градинка и зелени површини кои ги немаше со претходниот ДУП донесен во 2012. Планот кој почна да се прави уште при мораториумот во општина Центар за време на минатата локална власт, конечно е изработен и беше презентиран на последната седница на Општина Центар одржана пред 10 дена. По барање на советниците не се гласаше за оваа точка и се предложи да се одлучува за неа на некоја од наредните седници. Урбанистите од Општина Центар велат дека ова е максимумот што може да се направи за планско уредување на просторот со оглед на тоа дека мора да се придржуваат до Генералниот урбанистички план кој диктира на овој простор, во близина на Железничката и меѓуградската и меѓународна автобуска станица да се градат хотели. „Овој план е донесен во 2012 година само 6 месеци пред да се донесе Генаралниот урбанистички план и било предвидено 80 отсто намена домување. Не знаеме како можел да добие дозволи од Градот кога се знаело дека се работи на Генералниот урбанистички план во кој се предвидуваат сосема други намени. Со ГУП-от на 35 отсто од просторот треба се предвиди домување, а 43 осто деловен простор. Значи сосема спротивно од стариот ДУП. Намерата кога се планирало Скопје во 2012 било овој дел бидејќи е блиску до Железничката станица, факултетите, па и центарот на градот да биде кварт со хотели или хостели. Затоа ние не можеме на сите парцели на граѓаните да зацртаме згради како што тие бараат“, велат од Секторот за урбанизам и планирање на Општина Центар. Според ДУП-от, максималната висина на објектите е приземје, 5 ката плус поткровје. Придобивките од овој план како што велат од Општина Центар се тие што максимално е заштитено државното земјиште, односно на најголемата парцела каде било предвидено да се гради деловен објект сега е нацртана градинка. На сите сообраќајници се предвидени велосипедски патеки, оставен е простор меѓу зградите, а исто така извршено е поместување на сообраќајниците кои минуваат низ парцелите на граѓаните со што околу 50 имоти на граѓаните се спасени, односно не влегуваат во трасите на новите булевари кои се предвидени со ГУП-от. Граѓаните на јавните презентации имаа најмногу забелешки токму на намената која ја добиле. Не сакаат хотели туку згради. Исто така барале и поголема катност на објектите и бришење на булеварот Крушевска република. „Сите забелешки и петицијата потпишана од жителите ние ја испративме до Град Скопје за кога ќе се прави новиот ГУП да се земат предвид овие барања на граѓаните. Ако со ГУП-от се смени намената, односно се дозволи да има доминантно домување, тогаш ние ќе го смениме планот. Овој план мора да се донесе бидејќи постојниот е спротивен на ГУП-от и нема да може да се издаваат повеќе одобренија за градба на згради бидејќи ќе се надмине бројката од 35 отсто домување како што предвидува Генералниот план“, велат од Општина Центар. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/48-hoteli-i-50-zgradi-ke-mozhat-da-se-gradat-vo-skopsko-madhir-maalo-noviot-dup-gotov-se-cheka-usvojuvane-od-sovetot/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #272 Posted: 09-Feb-2023 at 14:39 |
Маџирмалци не сакаат 50-тина хотели во населбата: Кој сака нека ги гради во Дебар Маало, Капиштец или на Водно!
Жителите на Маџир Маало не отстапуваат од намерата да се изборат на просторот на ова стара скопска населба да не се градат хотели и деловни објекти, како што предвидува и новиот ДУП, којшто е подготвен, но сѐ уште не е донесен од Советот на Општина Центар. Тие велат дека уште во 2019 година поднеле петиција со 388 потписи барајќи од планот да се исфрлат комерцијалните објекти. Маџирмаалци сметаат дека доколку ваков план се усвои, тогаш дел од нив треба да си ги соберат „парталите“, и да остават во централното градско јадро да се градат хотели. Поднесовме петиција со 388 потписи против изградба на комерцијални објекти. Нема да прифатиме комерцијални објекти, не може да се гради еден објект за домување, еден комерцијален. Џабе се прават вакви планови кога не ги сакаме. Нам не ни требаат комерцијални објекти. Кој сака нека ги прави во Дебар Маало, Капиштец или на Водно, ние не даваме – вели жител на населбата. Дел од жителите присуствува на последната седница на Советот на Општина Центар, каде една од точките на дневен ред беше и ДУП Градска четврт И 05, Маџир Маало 2. Тие повторно укажаа на катастрофалната состојба во која се наоѓа Маџир Маало, каде дел од куќите буквално се распаѓаат, нема канализација, не се гради,но и дека очекувале подобар план од претходниот, а повторно им се нуди ист, со деловни објекти, односно со хотели и угостителски објекти поради близината на железничката станица. Најновиот ДУП за Маџир Маало се подготвуваше од 2019 година, помина низ сите институционални чекори, доби позитивен одговор од сите надлежни институции, за него се одржаа две јавни анкети, на кои граѓаните поднесоа мноштво анкетни листови со забелешки. Според планерите, новиот ДУП е многу подобар од претходниот, во него е сочувано државното земјиште, предвидени се повеќе мали парцели со зеленило, но и детска градинка за 60-тина деца. Сочувани се постоечките улици, а некои се проширени и предвидени се и велосипедски патеки. Сепак она што ги вознемирува жителите е тоа што и во овој план, речиси половината од предвидените 100 објекти се со намена за деловни објекти. Од друга страна пак, очигледно никому не му пречи, што во оваа населба, каде сега нема згради туку ниски, главно стари куќи од пред земјотресот, се предвидени 50 – тина згради за домување со приземје, пет ката и поткровје и деловни објекти со слична катност, што би значело дека доколку стапи на сила планот и почне да се гради по него, Маџир Маало ќе се претвори во уште една бетонска населба во какви што се претворија повеќето стари скопски населби. Особено што во предложениот ДУП објектите се блоковски организирани. Планерите, но и градоначалникот Горан Герасимовски објаснија дека намените во планот се утврдени во постоечкиот ГУП и поради тоа не можат да се направат поголеми отстапувања. Градоначалникот рече дека сите петиции од граѓаните се доставени до Град Скопје, за да ги имаат во предвид при изготвувањето на новиот ГУП кое е во тек. И тој се согласува дека толкава количина на објекти со Б намена не е соодветна за таков простор. ДУП Градска четврт И 05 повторно ќе се разгледува на наредната седница на Советот. Во меѓувреме, него треба да го разгледа стручната фела, и да ги разгледа можностите. Но, долку нема промена во намената во новиот ГУП и да се подготви сосема нов Детален урбанистички план, нема отстапување, повторно ќе има деловни објекти. https://www.slobodenpecat.mk/madzharmalci-ne-sakaat-50-tina-hoteli-vo-naselbata-koj-saka-neka-gi-gradi-vo-debar-maalo-kapishtec-ili-na-vodno/ |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #273 Posted: 09-Feb-2023 at 22:24 |
Или се прави место за зграда
Пожар во центарот на Скопје, густ црн чад над градот Пожар избувна во центарот на Скопје. Облак од густ црн чад се гледаше од повеќе точки на градот, на поголема оддалеченост. Според првичните информации, пожарот е во населбата Маџир Маало, а објектот бил еден од последните со автентична скопска архитектура. Неофицијално, куќата била напуштена. https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B3%D1%83%D1%81%D1%82-%D1%86%D1%80%D0%BD-%D1%87%D0%B0/ |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #274 Posted: 17-Feb-2023 at 18:25 |
Маџир Маалци потпишуваат петиција против усвојување на 48 маркици за хотели и се бара истите да се заменат со станбени
https://www.facebook.com/profile.php?id=100063517508827 |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #275 Posted: 17-Feb-2023 at 18:36 |
Веројатно деталниот се однесува за овој нечепнат дел од маалото каде се изградија само 2-3 зградички.
Но планот е дефинитивно лош,пак се оди на варијанта скоро секоја парцела-две биднат зграда и такви 50 + 48 хотели(реално нема интерес за толку хотели можеби ќе се изградат 5-6) Жителите очигледно сакаат 98 станбени згради што исто така е премногу и несоодветно за просторот. Но со оглед на тоа дека од нов ГУП сме доста далеку уште долго време цел град ќе се гради согласно со пропозициите од претходниот. |
|
Carpe diem
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #276 Posted: 17-Feb-2023 at 18:57 |
Ние најдобро да укенеме урбаниситчко планирање и да прогласиме официјално "дива лига", кој што сака сам да си "планира". Така најдобро да си се вратиме во 17ти век кога владеело слобода и организираност на трандиционалната архитектура.
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #277 Posted: 17-Feb-2023 at 20:03 |
Што предвидува ГУП, 50% хотели? Па дури и да е така, што не верувам, идејата била може била да се направат 1-2 големи хотели, со рушење на 100 куќарки. Планериве што нацртале 48 хотели во ДУП-ов треба за деловно неспособни да ги прогласат.
|
|
Vire
Senior Member Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 390 |
Quote Reply #278 Posted: 18-Feb-2023 at 08:03 |
Точно така,оти 48 хотели....бла бла ко можит 5-6 ВИСОКИ хотели плус некој деловен/комерцијален објект. Сегде покрај метроа,железнички имат облакодери,ете само нека одберат да градат во висина место во ширина и решен е проблемо.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #279 Posted: 16-May-2023 at 12:57 |
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #280 Posted: 31-Mar-2024 at 18:45 |
Безидејното Маџир Маало во Скопје
Во центарот на Скопје, веднаш до Транспортниот Центар е позиционирано Маџир Маало. Значајно за домашниот урбанизам ова е првиот простор кој на крајот од XIX век се планира со ортогонална улична мрежа. Сами по себе, овие улици претставуваат урбанистички маркер, кој има споменична вредност. Долгото размислување што со овој простор, резултира со најлошиот концепт што можеше да се замисли, а тоа е да се препушти на урбанистички план без идеја, план кој не размислува подалеку од делење на инвеститори да го реализираат сопствениот бизнис апетит, од кој градот не добива апсолутно ништо. Ваков репрезентативен простор од аспект на неговата локација, да беше во моментот во Тирана, Белград или било кој друг град, ќе беше во најмала рака предмет на некое современо архитектонско остварување, тоа е земјиште со вистински потенцијал, финансиски вредно и исплатливо и како местоположба незаменливо. Тука во планот на Танге беше позиционирана Градската Порта, Георги Константиновски ги замисли своите пирамиди како комплекс на домување, додека современиот македонски урбанизам го остави просторот за безидејно делување и создавање на блокови со неразумна височина поради тесната улична мрежа. Општините никако да станат менаџери на просторот кој има едноставен патоказ – организирање на конкурс за визии, разработка на идејни решенија, бирање на најдоброто, преточување во урбанистички план, обединување на просторот во една парцела на косопственици ( процентуално според површината која ја поседува секој поединец) и заеднички настап пред заинтересиран инвеститор да го реализира одбраното решение. Формула која одамна ја нудиме како решение со кое сите на крајот ќе излеземе како победници. Но немањето желба и визија, не направи бездушни и подпросечни. Скопје заостанува во поглед на главните градови во регионот, небаре тука нема архитекти, визионери, луѓе со идеја и потенцијал. Како оди реализацијата на тековниот план погледнете од денешната фотогалерија >>> https://marh.mk/bezidejnoto-madjir-maalo-vo-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page <1 12131415> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |