Проблеми со водоснабдување и водоводи (општо) |
Post Reply | Page <1234 5> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #21 Posted: 19-Oct-2020 at 17:09 |
Катастрофа невидена пола град го оставаат веќе 5 часа без вода а со тенденција тоа да потрае до утре.Аеродром поготово високава зона е ужас,нонстоп на удар за било каков дефект,рекордот до сега чинам ни беше 24 + часа константно без вода така да навикнати сме но не се фер,не известуваат на време за вакви крупни работи,ги видов утринава на местото на дефектот уште во 09;30 и си велам дека за кратко ќе биде средено но дури во 15;00 им текна да кажат да не очекуваме вода во текот на денот.Ако имаме утре добро ќе биде.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #22 Posted: 19-Oct-2020 at 17:33 |
Браво за распоредов на поставените цистерни Мичурин,Острово и Стар Аеродром нека се снајдат
https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #23 Posted: 20-Oct-2020 at 14:32 |
Вчерашниот дефект во скопскиот водовод доаѓа неколку дена по критиките од ЕУ за загубите на вода во земјава
Вчерашниот дефект на затворачот на водоводна цевка со дијаметар ф500мм на булеварот Кочо Рацин во центарот на Скопје повторно го отвори прашањето за тоа во каква состојба се наоѓа водоводната мрежа во нашите градови. Дотраените цевки стари по неколку децении, дивата потрошувачка на вода од несовесните граѓани, отсуството на прецизно мерење на потрошувачката на вода и користењето на питката вода за полевање на јавни површини и за фонтаните го креваат до плафон нивото на неприходувана вода за пиење, горливо прашање кое стигна како забелешка нотирана дури и во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година од Европската комисија (ЕК). Иако дефектот вчера беше саниран за брзо време, факт е дека истиот ден се случи уште еден помал дефект во северниот дел на Скопје, кој привремено ги остави без вода за пиење дел од граѓаните на општините Чаир и Бутел. Денеска поради дефект на затварач на ф300 мм на улица Ферид Бајрам, со прекинато снабдување на вода се делови од населбата Бутел 2, а со намален приклучок на вода се граѓаните од населбите Чаир и Скопје Север. Оттука, брзото санирање на дефектите не значи дека во иднина тие нема да се повторат, а без поголеми инвестиции не би можело да се намалат загубите на вода во водоводните системи. Процентот на неприходувана вода лани во Скопје изнесувал 62,38 отсто, што е минимално под националниот просек од 64,64 отсто на загуби на вода за пиење во водоводните системи. Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за „Мета.мк“ не прецизираат што е причината за вчерашниот дефект на водоводната цевка со дијаметар ф500мм, за чие санирање пак требаше да се затвори главната цевка со дијаметар 1.400мм што го остави половина Скопје без вода за пиење во период од неколку часа. Дефектите се случуваат од различни причини и не можат да се планираат. Дефект од овој тип, е ретка појава, но сепак може да се случи. За отстранување на дефектот на затворачот на ф500мм, мораше да се затвори дотокот на вода со цел да нема големи загуби на вода и да се создадат услови за работење, бидејќи се работи за голем профил на цевка со вода која е под голем притисок“, велат од ЈП „Водовод и канализација“. Од ова јавно претпријатие се задоволни што екипите работеа непрекинато и дефектот се отстрани за многу кратко време, со оглед на неговите размери. По отстранување на истиот, водата постепено се пушташе во системот сè до нормализирање на водоснабдувањето и стабилизација на притисокот доцна ноќеска. Од друга страна, Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година бара да го намалиме процентот на неприходувана вода кај водоводните системи во земјава. Во поглавјето за животната средина и климатските промени, ЕК упатува критика за ограничен напредок постигнат во однос на квалитетот на водите во земјава. Притоа, од македонските власти се бара да воспостават систем за следење на квантитетот и квалитетот на површинските и подземните води, а повеќе напори се бара да се вложат во намалувањето на количеството на неприходуваната вода. „Земјата треба да вложи значителни напори за спроведување на законодавството на ЕУ во оваа област. Треба да се зајакнат административните капацитети и меѓуинституционалната координација“, се наведува во Извештајот на ЕК за нашата земја во однос на квалитетот на водите. „Мета.мк“ со месеци наназад ја следи темата за високите проценти на загуби на вода за пиење во водоводните системи во земјава. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, во 2019 година, во зависност од тоа кој е давател на водни услуги, процентот на неприходувана вода во земјава се движел помеѓу 13 и огромни 85 отсто од вкупно произведената вода. Според Меѓународната асоцијација на води, прифатлив процент на губење на вода е под 30 отсто, а некои од поразвиените земји-членки на ЕУ имаат и многу понизок процент на неприходувана вода во нивните водоводни системи. Ваквите поразителни бројки за нашата земја, значат дека најголем дел од произведената вода за пиење всушност не стигнува до крајните потрошувачи, туку се губи на патот до нив поради дотраените водоводни цевки, дивите приклучоци за вода, непоставените мерачи за вода за пиење и трошењето на питката вода за полевање на јавните површини и за фонтаните. И покрај големиот интерес за следење на темите од областа на екологијата, само мал број на невладини организации и граѓански иницијативи ја следат темата за огромните загуби на вода во водоводните системи во земјава. Еден од ретките активни проекти во моментов е Water4Changes, којшто се спроведува од група млади ентузијасти- шејпери, кои се дел од организацијата Global Shapers Skopje Hub. Тие веќе три месеци преку нивната Фејсбук страница активно водат кампања за поткревање на свеста кај популацијата за реалните состојби во земјава поврзани со правото на вода и санитација на граѓаните. Во изминатиов период, за проблемите поврзани со немањето на вода за пиење, немањето чиста вода за пиење и рестрикцијата на водата, Water4Changes објавија неколку видеа. Помеѓу другото, во приказните на младите активисти се слушна за проблемот со достапноста на водата за пиење во Тетово, како и за рестрикциите на вода за пиење во Неготино во текот на летните месеци. Сите овие проблеми на граѓаните на поединечни општини се случуваат во идентичен период, во кој најголем дел од водата за пиење произведена во водоводните системи се губи на нејзиниот пат од изворите до крајните потрошувачи. https://meta.mk/vcherashniot-defekt-vo-skopskiot-vodovod-doagja-nekolku-dena-po-kritikite-od-eu-za-zagubite-na-voda-vo-zemjava/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #24 Posted: 23-Oct-2020 at 13:20 |
НАЈВИСОКИТЕ РЕОНИ НА ТЕТОВО 10 ДЕНА СЕ БЕЗ ВОДА, ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРИФИ ЈА ПРЕНАСОЧИЛА ВОДАТА НА ДРУГА СТРАНА
Десетици пластични шишиња и канти и ноќно бдеење за да се дочека некоја капка вода е секојдневието на жителите од улица Солунска во тетовската населба Колтук, која се наоѓа на највисокиот делови од градот веднаш под ридот Балтепе. Овие луѓе велат дека последниве десетина дена намаат ни капка вода преку ден, а кога ќе дојде, тоа е обично околу 3 или 4 часот наутро, тогаш едвај можат да наполнат неколку шишиња и водата повторно ја снемува. Жителите на населбата Колтук со децении имаат проблеми со водоснабдувањето но, како што велат, последниве денови во нивните чешми нема ниту капка вода. Вината ја насочуваат кон градоначалничката Теута Арифи. „Десет дена ние овде немаме вода за пиење. Ги молам надлежните да ни пуштат вода. Со овие канти и шишиња секој ден мораме да одиме долу за да ги наполниме со вода. Јас сум болна, па морам да го чекам син ми да дојде од работа и да донесе вода. Немаме вода за пиење, а не да пуштиме машина за перење алишта. Нели е ова срамота? До неодамна и имаше по малку вода, но последниве десет дена немаме ниту капка. Еднаш се јавивме за водава, а од таму ни рекоа дека градоначалничката Теута ја однела водата на друга страна. Како може да ја даде водата на друга страна? Ние овде не сме луѓе ако живееме на повисоко?“, револтирано вели Јованка Степановска. Од ЈКП Тетово велат дека нема преусмерување на водата туку дека недостатокот е поради намалениот доток во градскиот резервар. „Во горните делови од градот се случува да нема вода преку ден поради намален притисок, како резултат на недостаток во извориштата во овој период и поради зголемената потрошувачка на вода во градот. Ќе гледаме да се изнајде техничка можност за зголемување на дотокот на вода во тој дел од градот. Аплираме до граѓаните рационално да ја користат водата за пиење за жителите од горните населби во градот да имаат вода. Во моментов, издашноста на изворите заедно со бунарите изнасува 330 литри вода во секунда“, велат од ЈКП Тетово. Жителите на оваа улица велат дека до минатата година снабдувањето со вода за пиење било отежнато, но сепак имало по малку вода. Последниве денови нивните чешми целосно пресушија. „Ние овде преку 40 години имаме проблем со недостаток од вода за пиење. Кога дојде Теута Арифи, едно четири – пет години имаше вода. Сега овие три недели вода повторно нема. Се зборува некоја цевка пукнала, па се меша водата, па имало тиња во неа. Но, еве помина време, а ние уште вода немаме. Досега никој не дошол да не извести зошто немаме вода, никој не дошол ниту да праша како ние овде живееме без вода. По телефон се јавивме во ‘Водовод’, а од таму ни велат: ‘Ќе се соберете и ќе одите кај Теута, водата е свртена негде и ја дала на други, така се зборува’“, вели Зоран Ристески. И покрај тоа што со денови, па и со години имаат проблеми со недостаток од вода за пиење, од ЈКП постојано им доаѓаат сметки за потрошена вода, дури и им се закануваат со тужби пред суд за оние кои не ги подмириле сметките. „Во оваа улица живеам скоро 80 години. Ние со водата се мачиме годиништа за ред. Ај што немаме вода, од ЈКП тоа како да не ги интересира, па уште ни се закануваат дека сме имале неплатени сметки. Мене ми бараат 15.000 денари за заостанат долг, а јас ги имам платено сите сметки. Сега ме тераат да го платам долгот. И пари ни земаат и вода не ни даваат. Видете, лавабото ми е полно со шишиња за да фатиме некоја капка вода за пиење. Така е секој ден“, вели Трпе Симјановски. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/najvisokite-reoni-na-tetovo-10-dena-se-bez-voda-zhitelite-velat-deka-gradonachalnichkata-arifi-ja-prenasochila-vodata-na-druga-strana/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #25 Posted: 07-Nov-2020 at 14:20 |
ШТИП ВТОР ДЕН НЕМА ВОДА, ПРОДАВНИЦИТЕ ГИ РАСПРОДАДОА ЗАЛИХИТЕ ФЛАШИРАНА ВОДА
Цели 24 часа Штип е без вода за пиење. Од ЈП „Исар“ соопштуваат дека поради дефект на една од главните турбини морало да се прекине водоснабдувањето, па речиси 80 отсто од градот е без вода за пиење од градскиот водовод. Вода немаат сите населби и делови од градот кои се од десната страна на реката Отиња. ЈП „Исар“ вчера најави дека водата ќе пристигне до крајот на денот, но градот и денеска осамна без вода за пиење. „Ако се утврди дека дефектот на турбината за озонирање не може да се отстрани, тогаш ќе бидеме принудени да набавиме нова, за што службите веќе се ангажирани. Една таква турбина чини 1.200.000 денари“, вели директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев. Граѓаните се револтирани, бидејќи ова се случува во време на пандемија, кога здравствените власти апелираат да се одржува хигиена. Од ваквата ситуација раце тријат само трговците, затоа што граѓаните мора да се снабдуваат со вода за пиење од маркетите, кои веќе ги испразнија залихите, па, како што велат, итно побарале нови пратки од сите производители на вода во земјата. ЈП „Исар“ нема доволно цистерни за да го покрие градот со техничка вода, па граѓаните се принудени да се снабдуваат од природните чешми. Некои со години ја употребуваат оваа вода и за пиење, иако одамна е кажано дека природните чешми содржат нечиста и неисправна вода. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-vtor-den-nema-voda-prodavnitsite-ja-rasprodadoa-flashiranata-voda/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #26 Posted: 08-Nov-2020 at 13:14 |
Жителите на Визбегово: Вода нема, а сметки стигаат - Водовод: Имавте вода, треба да си ги платите
https://mk.tv21.tv/zhitelite-na-vizbegovo-voda-nema-a-smetki-stigaat-vodovod-imavte-voda-treba-da-si-gi-platite-smetkite/ |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #27 Posted: 08-Nov-2020 at 13:55 |
Мене ми се гади од оваа политичка коректност што го зафатила македонското општество. Кобајаги сиромашките граѓани што институциите ги оставиле без вода, а се уствари сами криви што градеа дивоградби на земјоделско земјиште и пркосеа на државата само од инает. Доста се посветува внимание на овакви глупости.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #28 Posted: 15-Nov-2020 at 18:18 |
СТРУЖАНИ СЕ ЖАЛАТ НА НЕКВАЛИТЕТНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
https://24.mk/details/struzhani-se-zhalat-na-nekvalitetna-voda-za-pienje |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #29 Posted: 16-Nov-2020 at 09:35 |
Грушино има водоводна мрежа, но нема вода - резервоарот не е во функција
https://mk.tv21.tv/grushino-ima-vodovodna-mrezha-no-nema-voda-rezervoarot-koj-pred-20-godini-go-izgradil-kfor-ne-e-vo-funktsija/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #30 Posted: 23-Dec-2020 at 17:47 |
Струга: Рестрикции за вода секој ден по 17 часот!
Нема крај на проблемите со водоснабдувањето на Струга. Маките на стружани им почнуваат најчесто по 17 часот, кога се намалува притисокот на вода, а по 22 часоа и воопшто нема. Нивото на езерото во селото Шум е паднато за метар и половина. Изворите кои се наоѓаат во негова непосредна близина, а од каде градот се снабдува со вода за пиење се речиси полу празни. Поради тоа од вкупно шест пумпи за црпење на вода, во моментот работи само една. Жителите на Шум не се сеќаваат кога биле толку празни. „Толкав проблем како годинава немало никогаш.Има проблем и со изворите,каде нема вода, а нема ниту дожд. Тој извор не снабдува со вода.Но не е доволно, друг извор нема, бидејки таму е празно“, вели Севдат Имери-жител на Шум. И угостителите од градот се соочуваат со проблеми. Велат покрај скратеното работно време, проблем им создава и нередовното снабдување со вода. „Мислам дека редно време е да седнат господава од Водовод и да го решат проблемот, бидејки ние неможеме да функционираме.Кога станува збор за уплата и исплата први се,а за услуга последни. Кога нема вода нема ништо, неможеме ниту кафе да направиме.Автоматски сме блокирани“, рече Илкер Гаваз-угостител од Струга. Од јавното препријатие Водовод велат дека се работи на проект за искористување на вода од езерото, по примерот на Охрид. Експертите велат дека треба да се истражат алтернативни решенија кои ги има, затоа што Струга лежи на вода. https://alsat.mk/mk/struga-restriktsii-za-voda-sekoj-den-po-17-chasot/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #31 Posted: 14-Jan-2021 at 15:16 |
од вчера,патем ова ќе биде се почеста појава бидејќи се градат се повеќе и повеќе нови згради а инвестиции во мрежата и друга потребна инфраструктура е еднаква на нула.
------------------------------ Пукната цевка во паркот во населба Мичурин, околните улици во вода/фото Во паркот во населбата Мичурин поради пукната цевка околните улици се поплавени со вода. Засега нема информации за дефектот и кога ќе биде саниран. https://www.vecer.press/пукната-цевка-во-паркот-во-населба-мич/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #32 Posted: 16-Jan-2021 at 15:38 |
ОСУМ ДЕНА ТЕЧЕ МАТНА ВОДА ОД ЧЕШМИТЕ ВО СТРУГА, ОД „ВОДОВОД“ ВЕЛАТ ВИНОВНА Е КОМПАНИЈАТА КОЈА ЈА КОРИСТИ ВОДАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА
Стружани веќе осум дена немаат исправна вода за пиење бидејќи од чешмите им тече матна и нечиста вода. Забрана за користење на водата од градскиот водовод даде и Центарот за јавно здравје кој по направените анализи утврди дека водата од градските чешми не е безбедна за пиење. ,,Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на неа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување“, велат од Центарот за јавно здравје. Од Јавното претпријатие „Водовод Струга“ велат дека проблемот настанал поради неконтролираниот испуст на вода за производство на електрична енергија од мини хидроцентралата кај Горна Белица. „Компанијата која ги води мини електраните користи повеќе вода за да произведуваат повеќе енергија. Имаме барано средба со нив, испративме допис до нив да преземат мерки, има и опомена пред тужба и доколку не одговорат ние ќе им го раскинеме договорот и тие објекти од таму ќе се отстранат“, вели Дашмир Насуфи, директор на ЈП „Водовод и канализација Струга“. Стружани се револтирани бидејќи во време на пандемија се оставени без вода која им е најпотребна за одржување на лична хигиена. Велат дека се изложени на дополнителни трошоци оти се приморани да купуваат флаширана вода. „Ова е недозволиво, најпрво немавме вода поради сушата сега имаме кал наместо вода поради обилните врнежи. Надлежните мора да го решат овој проблем“, велат стружани. Немањето вода или заматена вода е секојдневие во Струга со години наназад. Неодамна стружани преку протести побараа решавање на состојбата, а се заканија и со блокирање на патиштата и граѓанска непослушност за плаќање на сметките. Според нив проблемот се должи и на старата и дотраена водоводна мрежа како и несоодветниот третман на водата. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/osum-dena-teche-matna-voda-od-cheshmite-vo-struga-od-vodovod-velat-vinovna-e-kompanijata-koja-ja-koristi-vodata-za-proizvodstvo-na-struja/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #33 Posted: 27-Jan-2021 at 08:30 |
ВИДЕО: Распука асфалтот кај МНР откако пукна цевка за вода Ф-300 – возете внимателно!
Распука асфалтот во близина на Министерството за надворешни работи, откако попладнево пукнала цевка за вода со димензии Ф-300. На местото каде што е пукната цевката отворена е и голема дупка, а екипи веќе се на терен и го санираат проблемот. https://mk.tv21.tv/video-raspuka-asfaltot-kaj-mnr-otkako-pukna-tsevka-za-voda-f-300-vozete-vnimatelno/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #34 Posted: 30-Jan-2021 at 15:30 |
СЕЛАТА ВО ОПШТИНА КАРБИНЦИ ЌЕ ГО РЕШАТ ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ЗА НАРЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ СО НОВАТА ФИЛТЕР СТАНИЦА
Над 2.200 жители од потплачковичките села во Општина Карбинци ќе го решат проблемот со водоснабдувањето во наредните 100 години со изградбата на новата филтер станица, чија реализација е при крај. Таа ќе ја обработува водата од хидросистемот „Злетовица“. До филтер станицата е инсталиран цевковод, низ кој ќе протекуваат 40 литри вода во секунда. Се предвидуваат и 18 километри посебна цевководна мрежа до десетина села во општината. „Општина Карбинци со вода се снабдува преку бунари, со капацитет од 20 литри во секунда. Од мај, кога се очекува филтер станицата да проработи, ќе се добиваат двојно повеќе, 40 литри“, изјави градоначалникот Јордан Насев. Тој смета дека со ова не само што долготрајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето, туку жителите кои ќе бидат приклучени уште во првата фаза ќе добиваат квалитетна и чиста вода за пиење. Според динамиката на изградбата, филтер станицата ќе се стави во функција четири месеци пред определениот рок. „Станува збор за модерна филтер станица, која ќе располага со современа опрема за ултрафилтрација на водата. Опремата е добиена и чека монтажа. Новата филтер станица е искуство од Словенија и чини 105 милиони денари, што се обезбедени со помош на Управата за водостопанство при Министерството за земјоделство и шумарство“, вели Насев. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/selata-vo-opshtina-karbintsi-ke-go-reshat-vodosnabduvaneto-za-narednite-100-godini-so-novata-filter-stanitsa/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #35 Posted: 08-Feb-2021 at 16:15 |
Љуботен во 21 век нема чиста вода – деца со шишиња од 5 литри носат вода за пиење
https://mk.tv21.tv/luboten-vo-21-vek-nema-chista-voda-detsa-so-shishina-od-5-litri-nosat-voda-za-piene/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #36 Posted: 24-Feb-2021 at 13:53 |
РЕСТРИКЦИИ ЗА ВОДА ВО ТЕТОВО ОТИ ПАК ПУКНА ЦЕВКА ОД НОВИОТ ВОДОВОД
Повторно пукна цевка на новиот водовод со кој Тетово се снабдува со вода за пиење. Од ЈКП Тетово утврдиле дека е скината пластична цевка од новиот водовод од зафатот кај месноста Лешница. Поради тоа драстично е намален дотокот на вода во водоводната мрежа во градот и се воведуваат рестрикции. „Поради сериозен дефект во градските резервоари дотокот на вода се намали за 150 литри во секунда. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови од градот, од денес ќе се почне со рестрикција на водата за пиење од 8 до 11.30 часот, од 15 до 18 и од полноќ до 5 наутро“, велат од ЈКП Тетово. За ублажување на недостигот од вода за пиење претпријатието ги активира и четирите бунари во градот кои служат токму за вакви состојби кога се јавува недостаток од вода за пиење. Стариот водоводен систем и четирите бунари сега обезбедуваат околу 200 литри вода во секунда што е недоволно за нормално снабдување на градот. Ова не е прв пат да се случуваат дефекти на водоводот кој зафаќа вода од Лешница, а кој пред три години беше пуштен во употреба. Минатата година, исто така поради пукната цевка на новиот водовод имаше прекин во снабдувањето со вода за пиење, а во јануари поради заматување на водата, водоводот неколку денови беше надвор од употреба. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/restriktsii-za-voda-vo-tetovo-oti-pak-pukna-tsevka-od-noviot-vodovod/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #37 Posted: 01-Mar-2021 at 08:38 |
Тетово пет дена без вода – кој ќе сноси одговорност?
https://mk.tv21.tv/tetovo-pet-dena-bez-voda-koj-ke-snosi-odgovornost/ |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #38 Posted: 01-Mar-2021 at 10:03 |
ДУИ бе браќа, кој да сноси одговорност? Ама ако, мавтање орли е поважно од чиста вода. Пак да си ги гласате. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #39 Posted: 03-Mar-2021 at 18:35 |
ПОСЛЕ ДЕВЕТ ДЕНА, ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ НА ТЕТОВСКИОТ ВОДОВОД, ВОДАТА ЌЕ СЕ ПУШТА ПОСТЕПЕНО
Цели девет дена им беа потребни на тетовските комуналци да го отстранат големиот дефект кој се случи на водоводот со кој се зафаќа вода за пиење од месноста Лешница на Шар Планина. Тогаш, при лизгање на земјиштето беа однесени водоводни цевки во должина од 60 метри. Непристапниот терен не дозволуваше дефектот веднаш да се отстрани, па Тетово девет дена се соочуваше со повеќечасовни рестрикции на водата за пиење. „Со поставувањето на цевководот во должина од 60 метри и големина од фи-500, пуштени се првите 50 литри вода од новиот водоснабдителен систем. Во наредните 20 часа постепено ќе се пуштаат и дополнителни количини вода, за да не се преоптовари системот. Како што ќе пристигаат и зголемуваат количините вода во резервоарите и мрежата, ќе имаме основа и за намалување на рестрикциите. Овој водоснабдителен систем има и пречистителна станица, водата поминува преку соодветни филтри и безбедна и чиста стигнува до корисниците“, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“. Екологистите и планинарите од Тетово вината за хаваријата ја гледаат во неконтролираното сечење на шумите и во прокопувањето на диви патеки низ цела Шар Планина. Овие патеки служат за пренесување на дрва од страна на дрвокрадците и како пристапни патишта за изградба на малите хидроцентрали на Шар Планина, а со тоа доаѓа до лизгање на земјиштето. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/posle-devet-dena-otstranet-defektot-na-tetovskiot-vodovod-vodata-ke-se-pushta-postepeno/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #40 Posted: 16-Mar-2021 at 14:36 |
ВО ТЕТОВО ПОВТОРНО ИМА РЕСТРИКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ОТКАКО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО МАВРОВО ГО ОШТЕТИЈА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД
Не поминаа ни три недели, Тетово повторно има недостиг на вода за пиење и повторно дефектот е на новиот водовод. Кај месноста Лешница оштетена е цевка со промер фи-500, поради што во Тетово повторно се воведени рестрикции на водата за пиење, кои траат повеќе од 11 часови. Според вработените во ЈКП „Тетово“, и овојпат, причина за оштетувањето на водоводната ценка е лизгање на земјиштето, но сега како резултат на неодамнешните земјотреси во Мавровскиот Регион. „Моментално, водата во градскиот водовод драстично е намалена и падна на средна вредност од само 150 литри во секунда. За ублажување на оваа состојба, ЈКП ‘Тетово‘ ги активираше четирите бунари во градот кои служат како резерва токму за вакви случаи. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите делови од градот, од денеска ќе има рестрикции во три термини: од 8:00 до 11:30, од 15:00 до 18:00 и од полноќ до 05:00 часот. Оваа рестрикција ќе трае до санирање на главната водоводна линија во Лешница“, информираат од ЈКП „Тетово“. Последниот дефект се случи на 23 февруари. Тогаш беа потребни дури 10 работни дена за да се постават 60 метри водоводни цевки. [URL= ]https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-tetovo-povtorno-ima-restriktsii-na-vodata-za-piene-otkako-zemjotresite-vo-mavrovo-go-oshtetija-glavniot-tsevkovod/[/URL |
|
Post Reply | Page <1234 5> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |