Aquaduct Residence - Карпош |
Post Reply | Page 123 4> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply
#1 Topic: Aquaduct Residence - Карпош Posted: 16-Feb-2021 at 14:43 |
Нова населба ќе никне кај касарната „Илинден“ на Зајчев Рид
Како една од повеќето алтернативи за оваа намена е искористување на локацијата кај касарната „Илинден“, каде има 168.000 квадратни метри бруто површина за домување. За овој потег, на 28 ноември 2018 година веќе е донесен еден ДУП – Север, Североисток за Градска четврт 03, блок 4, каде сите советници (од СДСМ и ВМРО со коалицијата) гласаа за овој ДУП. Од Општина Карпош додаваат дека за оваа намена, во тек е изработка и на друг ДУП, а обезбедена е и потребната документација за изградба во тој дел. Овде ќе се изгради и соодветна инфраструктура (сообраќајници, канализација и сл.), а предвидени се и згради, образовни и културни установи, деловни објекти, маркети, аптеки, градинка, училиште, факултет и слично Во делот кај касарната „Илинден“, на Зајчев Рид ќе никне нова населба. Предвидени се: згради, дом на културата, градинка, училиште, факултет, деловни објекти, аптеки, маркети итн. Ова како што велат од Општина Карпош ќе биде дел од нивните заложби да се пренасочат градежните активности кон периферниот дел. Тоа е всушност и визијата на самиот градоначалник Стефан Богоев, но и визијата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, градот Скопје да се развива и шири на север, а како погодна локација за тоа се зема токму Зајчев Рид, поточно просторот кај касарната „Илинден“. – Како една од повеќето алтернативи за оваа намена е искористување на локацијата кај касарната „Илинден“, каде има 168.000 квадратни метри бруто површина за домување. За овој потег, на 28 ноември 2018 година веќе е донесен еден ДУП – Север, Северо-Исток за Градска четврт 03, блок 4 (на 28 ноември 2018 год.) каде што сите советници (од СДСМ и ВМРО со коалицијата) гласаа за овој ДУП – информираат од Општина Карпош. Оттаму додаваат дека за оваа намена, во тек е изработка и на друг ДУП, а според Богоев обезбедена е и потребната документација за изградба во тој дел. – За тука ќе изградиме и соодветна инфраструктура (сообраќајници, канализација и сл.), а предвидени се и згради, образовни и културни установи, деловни објекти, маркети, аптеки, градинка, училиште, факултет и слично – информираат од Општина Карпош. Како што потенцираат оттаму, повеќе инвеститори веќе пројавиле интерес за градба во овој дел. – Основната интенција е да се дисперзира притисокот од градење во централното урбано јадро и рамномерно да се урбанизира и овој реон од Карпош – потенцираат од локалната самоуправа. Според Богоев, секако е невозможно, целосно да запрат градежните активности на територија на општината, но затоа, смета дека е возможно и нужно да се постават нови насоки за развој на општината и да се овозможи хуманизација на јавниот простор. Од општината посочуваат дека пред неколку години, Карпош важел за една од скопските општини која била најпогодена од агресивната и непланска урбанизација. – Доаѓањето на Стефан Богоев на позицијата градоначалник на Општина Карпош, меѓу другото значеше и пресврт во однос на пристапот кон урбанистичкото планирање и запирање на негативниот тренд на т.н. „таргетирана урбанизација“. За тоа говори и фактот дека, голем дел од иницијативите за оспорување на одредени ДУП-ови ги поддржа и Општина Карпош, со приложување на конкретни докази до Уставниот суд. Како резултат на таа соработка, досега имаме пет укинати ДУП-ови во урбаното јадро на Карпош – информираат од Општина Карпош и додаваат дека освен тоа, заштитени се делови од Карпош кои биле под директна закана да прераснат во нови станбени комплекси. Toa e просторот кај спортската сала „Партизан“ за која општината се избори да прејде во владение на општината. Овој простор останува со намена Д3 –(спорт и рекреација) и оваа година ќе започне реконструкција на објектот. – Заедно со карпошани го одбранивме паркот на улица „Букурешка“ во Тафталиџе 1, каде што претходното раководство планираше изградба на станбен комплекс. Исто така, во Тафталиџе избришавме и две маркици за згради од државно земјиште и истите ќе бидат зеленило – набројуваат општинските власти. https://www.vecer.press/нова-населба-ќе-никне-кај-касарната/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #2 Posted: 24-May-2021 at 11:57 |
Today we signed the agreement with Mr. Imer Selman to build the residential building in Skopje 40000 m2 thanks for the trust given to our company D-L investments and Timi investors, may God help us
Незнам каде е ова поточно локациски?(од фб) |
|
Tooold
Groupie Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 84 |
Quote Reply #3 Posted: 24-May-2021 at 14:05 |
Све резиденции
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #4 Posted: 28-Jul-2021 at 11:16 |
Денешна состојба на локацијата покрај Касарната Илинден – четврт ССИ 01
Зони за идни населби во северниот дел на Скопје, локалитет Зајчев Рид и покрај Касарната Илинден. Двата квартови се наоѓаат во северниот дел на Скопје. Првиот е во четвртата ССЗ 02 на Зајчев Рид, а вториот во ССИ 03 покрај Касарната Илинден и Скопскиот Аквадукт. Во двата случаи станува збор за неизградени зони, за коишто Општината Карпош веќе има развиено ДУП-ови и полека го подготвува теренот за градба. Преку овие ДУП-ови ќе можеме да видиме како посебните услови во ГУП-от се материјализираат на дело. Пределот околу Касарната Илинден (дел од четврт ССИ 01) во минатиот ГУП беше планиран како зеленило, но со сегашниот план тој доби мешана намена – комерцијални/деловни намени и домување. Во параметрите на оваа четврт беа планирани 6% парковско и 2% заштитно зеленило. На локалитетот Зајчев Рид (дел од четврт ССЗ 02) се планира населба уште со претходниот ГУП од 2002 година. Во 2008 година Општина Карпош објавува ДУП, кој отвара простор за развој на нова населба. Сегашниот ГУП од 2012 ја продолжува истата намена како и претходно, предвидувајќи и 14% заштитно зеленило. Сепак, тоа подразбира само дрвореди и мали зелени појаси, оставајќи простор како и претходно тие да бидат сегментирани и распоредени по периферијата на опфатот, додека центарот би бил уште еден асфалтиран остров. Опфатот на ДУП-от на Зајчев Рид е дел од четвртта ССЗ 02. Извадоците од ГУП и доделуваат домување, комерцијални, деловни и јавни намени и заштитно зеленило. https://marh.mk/kakov_grad_ni_ostava_skopskot_general |
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #5 Posted: 13-Nov-2021 at 16:51 |
На сателитските слики од Сентинел се гледа активност кај касарна Илинден, координати: 42°1'15.10"N 21°25'33.09"E. На ова место е планиран станбен комплекс и пробиениот пат воглавно се поклопува со планираните улици. Ако има некој повеќе информации нека сподели. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #6 Posted: 05-Dec-2021 at 11:21 |
Станбено - деловниот комплекс Aquaduct Residence како дел од општина Карпош – Скопје, со задоволство го најавува почетокот на продажба на станови во рамки на комплексот.
Aquaduct Residence носи иновации во севкупната организација на концептот за домување нудејќи комфор над очекувањата на клиентите. За сите идни станари секојдневието ќе биде поубаво и побезбедно благодарение на уникатниот концепт на комплексот кој се состои од четири маркантни згради со станови од 32 до 173 м2. Location: Skopje Residential units: 340 Area: 40 000 m2 Investor: BIS OIL DOO Комплексот, лоциран покрај еден од најстарите историски обележја на Скопје, скопскиот Аквадукт, им нуди на идните сопственици не само модерни и висококвалитетни станови со удобен распоред и функционална инфраструктура, туку и здрава, приватна средина, со целосно обезбеден влез и пристап, со цел да гарантира комплетна сигурност и да им овозможи на станарите да се фокусираат на важните работи во животот… Бул. Словенија / Ул.1688 бб. Скопје https://www.facebook.com/aquaductresidence |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #7 Posted: 05-Dec-2021 at 11:33 |
Tooold
Groupie Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 84 |
Quote Reply #8 Posted: 09-Dec-2021 at 15:55 |
Нови згради на Имер Селмани
https://www.facebook.com/aquaductresidence/ Аквадукт Ресиденс Локација нигденоо Edited by Tooold - 09-Dec-2021 at 15:56 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #9 Posted: 09-Dec-2021 at 17:55 |
Локацијата е на Зајчев Рид-Касарна Илинден каде беше донесен нов план во кој се предвидуваа станбени објекти меѓу кои е и овој комплекс. |
|
Tooold
Groupie Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 84 |
Quote Reply #10 Posted: 10-Dec-2021 at 11:30 |
А се планира некој поголема сообраќајница да доаѓа тука ваљда, и од каде?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #11 Posted: 10-Dec-2021 at 11:48 |
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #12 Posted: 10-Dec-2021 at 12:53 |
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #13 Posted: 13-Dec-2021 at 17:52 |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #14 Posted: 20-Dec-2021 at 12:30 |
Градбата е веќе започната
РАЗВОЈ НА ГРАДБА 08.11.2021 РАЗВОЈ НА ГРАДБА 21.11.2021 РАЗВОЈ НА ГРАДБА 08.12.2021 https://aquaductresidence.com/развој-на-градба-08-12-2021/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #15 Posted: 28-Dec-2021 at 10:41 |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #16 Posted: 29-Dec-2021 at 14:41 |
Уште неколку фотки од развојот на градбата во последните две недели од декември
https://aquaductresidence.com/развој-на-градба-22-12-2021/ |
|
Aowek
Groupie Joined: 22-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 53 |
Quote Reply #17 Posted: 29-Dec-2021 at 15:02 |
Купуваш стан и слушаш како пеат џамии 5 пати на ден. Овде се знае кој може да купи стан. Секој останат ќе си земе на друга локација.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #18 Posted: 29-Dec-2021 at 18:20 |
Edited by user8642 - 29-Dec-2021 at 18:20 |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #19 Posted: 29-Dec-2021 at 18:23 |
Не, бе, друже, во џамиите е проблемот. Јас живеам на 2 км од тука, летно време не се седи со отворен прозорец, кога ќе се распеат во пет сабајле, како на увце да ти врескаат. |
|
За сè има вторпат
|
|
JovanOdGjorche
Senior Member Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 516 |
Quote Reply #20 Posted: 29-Dec-2021 at 19:21 |
Проблемот е дека се прегласни и не се синхронизирани една со друга и тоа е сѐ, но ако го започнеш овој муабер во Племенска Република Северна тогаш ќе те линчуваат од сите страни.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
Post Reply | Page 123 4> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |